251 103 36MB
Macedonian Pages 164 Year 1997
ПЕТАР МАНЏУКОВ
ПРЕДВЕСНИЦИ
НА БУРАТА ТОМ I
ПЕТАР МАНЏУКОВ ПРЕДВЕСНИЦИ НА БУРАТА МЕМОАРИ
ПЕТАР МАНЏУКОВ
ПРЕДВЕСНИЦИ НА БУРАТА МЕМОАРИ
ТОМ I ПРВИТЕ СТАПКИ
Скопје 1997
НЕПОКОЛЕБЛИВ БОРЕЦ ЗА НАЦИОНАЛНА СЛОБОДА Во плејадата истакнати борци за ослободување на македонскиот народ од долговековната османска тиранија од крајот на минатиот и почетокот на овој век, значајно место зазема и Овој непоколеблив борец за национална слобода и социјална правда и истакнат македонски револуционерен деец е роден во село Мирковци, Скопско, во 1879 година, а починал во 1967 година. Спомените што Манџуков ги остави зад себе го зафаќаат периодот од 1895 до 1904 година. Привлечноста на страниците што ги испишува авторот, меѓу другото, се состои во тоа што тој говори, поточно ги опишува настаните што се случиле во еден од најдраматичните периоди во поновата македонска историја. Тоа, како што е познато, е период на силно нараснување на македонското национално-ослободително револуционерно движење. Причина плус за привлечноста на овие спомени е што Петар Манџуков е сведок, но и директен учесник во многу од овие судбински настани за македонскиот народ. Петар Манџуков е анархист по идејна определба и непромирлив противник на владеачкиот османлиски апсолутистички систем. Така цврсто определен, Манџуков ќе ги спрегне сите свои сили во сеопштата борба на македонскиот народ за ослободување од турското ропство. Во таа тешка и нерамноправна борба, Манџуков ќе се најде во нејзините предни редови. Инаку, уште на тригодишна возраст Манџуков по лична заложба на неговиот благороден вујко - истакнатиот борец за слобода на македонскиот народ - владиката Натаил Кучевишки, ќе ја напушти родната земја и ќе замине за Бугарија. Под закрила и сесрдна помош на вујко му, Манџуков ќе го помине своето детство и момчешките години. Со материјална помош од вујко му, Петар Манџуков ќе го заврши основното и средното образование. Поради раното вклучување во револуционерните вриежи, Манџуков за извесно време ќе го прекине школувањето. Но, тоа не трае долго. Така, во 1910 година, овој сега веќе прекален револуционер, се враќа во Бугарија со диплома на шумарски инженер, со која се здобил на Универзитетот во градот Нанси, Франција. Пред тоа, за време на стекнувањето со средно образование, Манџуков многу рано ќе ги прегрне идеите на анархизмот. Тоа подоцна ќе му 5
донесе и многу неприлики во школувањето. Неговите "расколнички" анархистички идеи и поглед на свет и силно изразената слободоумност и правдољубивост, ќе бидат главните причини за честото селење од град во град (најчесто поради исклучувањата од училиштата) за да го заврши започнатото средно образование. Најпрво Манџуков една година ќе помине како кадет во Военото училиште во Софија, потоа учи во гимназијата во Пловдив, а средното образование ќе го доврши во педагошките училишта во градовите Казанл'к, Лим и Русе. Веќе во 1899 година Манџуков речиси цели четири месеци ќе помине заедно со уште двајца други истомисленици - анархисти, во четата на Делчев. Страниците посветени на комитлакот поминат во четата на Гоце Делчев спаѓаат меѓу највозбудливите сведоштва што ги содржат спомените на Манџуков. Особено впечатливи се описите на Пирин Планина, но мошне се интересни и податоците за четничкиот живот, за активностите на четата, за соработката со населението и посебно за карактерните особини и раководниот профил на водачот на првата македонска револуција во овој век, Гоце Делчев. Сепак, се чини, дека највозбудливо четиво нудат страниците од овие мемоарски записи во кои се опишуваат активностите што Манџуков и неговите другари - анархисти ги извршуваат во Цариград и во Солун. Во престолнината на турската империја Манџуков и неговите другари заминуваат со цел да го убијат султанот. Меѓутоа, откако во тоа не успеваат, тие решават да ја кренат во воздух централата на Отоманската банка во Цариград. За таа цел тие ископуваат тунел до темелите на Банката, во што се приклучуваат и нивните солунски другари - идни атентатори. За жал, оваа акција е спречена пред нејзиното финале, а актерите уапсени, кои по кратка постапка се осудени на смрт, но по интервенција лично на министерот во тогашната бугарска влада, Љапчев, се ослободени и протерани од Турција. По пропаста на цариградската акција, Манџуков заедно со "солунчаните" сите сили ги насочува во правец на обезбедување средства за да се набави динамит и други материјали и да се крене во воздух филијалата на Отоманската банка во Солун. Манџуков не учествува директно во солунските атентати, но тој има голем придонес во обезбедувањето експлозивен материјал за атентатите. Иако не од прва рака, страниците што во мемоарите им се посветени на солунските атентати се ретко интересна, потресна и досега малку позната кај нас историско-документарна граѓа. Во вид на возбудлив и крајно динамичен трилер течат и описите на натамошните настани во кои Манџуков учествува, или, пак, е нивни непосреден сведок. Тој не учествува во востанието, зашто за сето време додека тоа се подготвува е еден од неговите најогорчени противници.
6
Меѓутоа, кога тоа е веќе кренато, тој се обидува со атентат на пругата кај градот Кулели Бургас да го спречи префрлувањето на турската војска во разбунтуваните краишта на Македонија. За жал, неговиот атентат само делумно успева. Мемоарите на Петар Манџуков зафаќаат простор од околу илјада страници машинопис (новинарски проред). Замислата на издавачот и на приредувачот е впечатливите и според многу наши интересни, а неретко и ексклузивни спомени на Манџуков да бидат напечатени во три тома. Во првиот дел од спомените на Манџуков се зафатени средношколските години на авторот, неговиот неколкумесечен "излет" во Швајцарија, каде што заминува да студира хемија, активностите во анархистичкиот кружок што бугарските студенти го организираат во Женева, враќањето назад во Бугарија, заминувањето да учителствува во родната Македонија, поточно во Скопје, несреќното апсење, неколкумесечниот затворски живот во тогашниот злогласен скопски затвор Куршумли ан, ослободувањето од тешката пресуда (доживотна робија), протерувањето назад во Бугарија и почетниот период од запознавањето и дружењето со Гоце Делчев, па сѐ до решението да замине во чета со Делчев низ Македонија. Мемоарите на Петар Манџуков, кои што самиот ги озаглавил со зборовите "Предвесници на бурата", се мошне интересни и лесно читливи. Тие на читателот му се наметнуваат првенствено со одмереното и спокојното раскажување на авторот, изобилството од вешто отсликани обични, но и значајни историски личности, вештината во нијансираното сликање на општествените состојби во тогашната тукуречи распадната турска империја и особено неповторливиот и непогрешлив опис на Скопје и неговата околина од крајот на минатиот век. Од објавувањето на спомените на Манџуков ќе имаат повеќестранна полза н духовно задоволство како читателите, така и проучувачите на нашето поблиско минато.
Ванчо МЕАНЏИСКИ
7
ПРВИТЕ СТАПКИ Есента на 1895 година меколкумина ученици од петтиот клас на Пловдивската машка гимназија формираа еден анархистички кружок, на кијшто душата му беше Михаил Герџиков, роден во град Плевен. Во тој кружок влеговме: М. Герџиков, Стефан Михов, од град Пазарџик, Димитар Жечков и Владимир Икономов - и двајцата од град Сливен, Борис Христов од село Граде (Котленско), мојата скромност, Гаврил Мачев, работник - словослагач од Пловдив и др. Ние се собиравме да читаме и да расправаме за руската нихилистичка литература и за оскудната анархистичка литература во домот на М. Герџиков /којшто е сега трговска комора/, и во мојата соба Пловдивската митрополија, која по извесно време се поместуваше во куќата на д-р Констатиниди на Сантциона улица /сега улица “Иван Вазов’/ или во станот на Ст. Михов, кој се наоѓаше некаде во зафрлените тесни улички од северозападните делови на Саат Тепе. Во текот на истата година, јас бев исклучен од гимназијата со право да можам да ја довршам годината во некоја друга гимназија во земјата. Во истото време со моето исклучување од гимназијата се случи и исклучувањето на Ст. Михов, а неколку дена подоцна и на М. Герџиков До моето исклучување дојде поради следново: беше 13 декември 1895 година, петок, кога последниот час ни беше по старогрчки, по којшто професор ни беше еден Грк, по име Димитријадис, по образование богослов. Како што беше редот, по извршувањето на дневните задачи, дневниот дежурен требаше да ја прочита молитвата “Оче наш“ Тој ден дежурен во класот беше некој си Никола Бакалов од Нова Загора, највозрасниот ученик во класот, со мустаки како падар и со брада како поп. Тој дрт ученик беше сосема невешт како за поминатите лекции, така и за тој вид церемонии. Кога дојде ред да се чита молитвата, јас, којшто седев зад него, му дадов знак дека наместо него, јас ќе ја читам молитвата. Ке направам една мала дигресија. Кога живеев во градот Ловеч, за време на распустот во 1887 година, од Москва беа дојдени студентите по медицина: Наум Башев и двајцата братучеди: Христо и Божидар Татарчеви - и тројцата од градот Ресен, Македонија. Подоцна и тројцата станаа лекари: Наум Башев во Провадија, а двајцата братучеди во Македонија - едниот во Солун, а другиот во Скопје. Тие беа дојдени на
9
гости кај Андреј Башев, постариот брат на Наум Башев, кој првин беше секретар на Ловчанската митрополија, а подоцна, кога го положи државниот испит по право, отвори адвокатска канцеларија во Ловеч, потоа во Плевен. Истиот тој А. Башев, кој подоцна во времето на Стамболов беше народен претставник и автор на “Башевиот” закон за личноста, наменет да го зачува авторитетот на кнезот Фердинанд, силно се расколеба по разните политички процеси, извршените егзекуции на мајорот Паница, Светослав Миларов, Карагулев и другите. Токму тие студенти, за време на весело расположение, кога бевме на гроздобер во месноста “Печковица”, ја преведоа - во вид на фарса - молитвата “Оче наш“ на македонски. Јас имав силна памет и го запаметив веднаш тој весел превод без да имам потреба од учење и од повторување. Така - јас наместо Никола Бакалов ја прочитав молитвата на македонски: “Татко наш, што си сеиш горе на небото и си чиниш сеир доле на земјава - да бидит ќефот твој. Таинот, што ни го даваш секој ден, не ни го чини инќар. Мајмунџилаците што ги трпиме секој ден по пазарот, не ни ги клавај во дефтерот, оти ќе се чиниме резил. И не нѐ клавај во катранот, да не нѐ земит ѓаолот”. Резултатот од тоа прочитување на молитвата беше моето исклучување од гимназијата, кое се случи уште следниот ден, зашто вечерта, кога ја читав молитвата, имало учителски совет, кој донел решение веднаш да бидам исклучен поради навреда на религиозното чувство на учениците, со право да ја довршам годината во некоја друга гимназија. Следниот ден, откако ми соопштија дека сум исклучен, отидов кај директорот на гимназијата Берберов /”Лангобардот”, како што на прекар го викаа учениците поради неговата долга брада/, но кога изјавив дека не сум го навредил религиозното чувство на моите соученици, бидејќи тие воопшто немаат религиозно чувство и никој од нив не се поплакал од мене дека сум го навредил тоа чувство; и дека сакам да му докажам дека не сум ја осквернил религијата, откако ќе преведам збор по збор од македонскиот текст на бугарски или славјански. Како одговор на моето красноречие и убедителни докази, директорот Берберов го повика училишниот слуга Пантелеј, и му нареди да ме избрка. Така, јас не само што бев исклучен, но, згора на тоа, бев буквално и исфрлен од зградата на гимназијата. Исклучувањето на Ст. Михов беше за следниот прекршок направен неколку дена пред да ја прочитам молитвата: нашиот класен раководител Василев, ни беше професор по општа историја, за да предаде некоја лекција, тој претходно ја научуваше збор по збор од учебникот на Дерманчев. Во тоа време, на пазарот се продаваа ѕидарски моливи, долги по осумдесет сантиметри. Ст. Михов си беше купил еден таков молив и со него
10
демонстративно го следеше по учебникот на Дерманчев предавањето на Василев. Целиот клас со весело љубопитство ги набљудуваше широките лакови коишто ги опишуваше горниот крај на моливит, тогаш кога Михов го водеше долниот негов крај по редовите на учебникот и го следише предавањето на лекцијата. За време на првите некоку лекции Василев не ја забележи играта, затоа што Михов седеше на една од внатрешните клупи и предавањето врвеше од мазно помазно. Тогаш, меѓутоа, Михов седна на првата клупа, точно наспроти професорот. Требаше да се предава за феудализмот. Василев го почна предавањето, а Михов - да го води долниот крај на својот молив по редовите на учебникот; Целиот клас следеше како се размавнува горниот крај во воздухот. По извесно време Василев се загледа во опишувните во воздухот лаци и престана да предава. - Се сепна од запирката! забележа со висок и рамнодушен глас Ст. Михов. Оваа забелешка придонесе целиот клас да избувне од весел смев и го натера Василева да побесни. Резултат од сето тоа беше исклучувањето на Ст. Михов. Откако не исклучија нас двајцата с Михов, М. Герџиков напишал на црната табла во класот: “Исклучувајте, господа инквизитори”. Било наредено да се спроведе истрага, која установила дека М. Герџиков го напишал горното. Го исклучија и него. По исклучувањето на нас тројцата, кружокот се растури. По две години тој одново се формира, но од други лица и во други околности.
Во текот на последните денови од месец декември истата година, двајцата со М. Герџиков се запознавме со двајца македонствувачки Македонци: Јордан Бошков, роден од град Велес, бифш телеграфист, и Иван Костов, роден од с. Бишани - Костурско, без одредено занимање, ако не се сметаат пијанството и комарџилакот. Се запознавме во кафеаната “Жална Македонија”, која се наоѓаше на југозападниот агол на плоштадот “Џумајата”, под театарот “Луксембург”. Сопственик на оваа кафеана беше Михаил Мерџанов од дебарските села, а клиентелата му се состоеше од работници-надничари, претежно ѕидари од Дебарско, кои во текот на работната сезона од годината, на тој агол на плоштадот очекуваа работодавачи да ги најмат на работа. Ние бевме влезени да се напиеме чај на тоа студено време. На една маса беа наседнати неколку души, со едно полуиспразнето шише вино и неколку полни чаши на масата. Еден од седнатите, облечен во ветво, темнокафеаво зимско палто, со извалкана кадифена јака, со црна шапка, со мала, остра и црна брадичка и прошарена црна коса, нешто расправаше. Друг еден од заседнатите околу масата паѓаше веднаш в очи: тој беше висок, сув, рус, со сини очи, идеално правилен нос, убаво лице, тенки руси
11
мустаќи, со беж шапка со широка периферија. Одвреме - навреме тој го дополнуваше раскажувањето на човекот со црната брадичка, кој ги беше ставил врз горниот крај на бастунот двете раце, а брадичката - врз рацете. Неколку души стоеја околу масата и го слушаа раскажувањето простум. - Тој ден девет часови не пушев. Девет часови! - прозборе тој со новисок глас. Човекот со црната брадичка раскажуваше за битката на Голак, којашто четата ја водеше со аскерот во текот на летото истата година за време на четничкото навлегување во Македонија. Откако го заврши раскажувањето, човекот со црната брадичка, а заедно со него и другите негови собеседници, ги испразнија чашите. Тој започна да пее, првин ниско, а потоа со сё повисок глас, кој наликуваше на пукната тенекија, една руска нихилистичка песна, што се пеела во Русија пред Руско-турската војна. Човекот со русите мустаќи го придружуваше, така што тој дует баш заличе на мачешка серенада. Текстот на таа песна нѐ привлече и ние со М. Герџиков дојдовме до масата и се исправивме за да ја слушаме песната. Човекот со црната брадичка пееше: И опять палачи! Сердце, крик замолчи! Вновь на петлю качаются трупы. На спасенье бойцов, Наших лучших сынов, Смотрит маса безчувственно, тупо. Вот, покончить пора! Ведь не ждать нам добра От царей с их верую до века! И приходится вновь Бится с шайкой врагов Для свободы и прав человека. Я топор наточу И себя приучу Управятся с тажелом оружем. В сердце жалость убью, Чтобы руку свою Сделать страшным, безчувствунным судьем.
Не прощать никого! Не щадить ничего! Кровь за кровь, смерть за смерть, месть для казны И чего ждать теперь? Эсли царь дикий звер Затрвим мы его безбояненно!
Откако ги испеа првите зборови од последната строфа, човекот со црната брадичка ја дигна десната рака од бастунот, ја собра во тупаница и ја растовари врз масата така, што шишето и чашите со шум потскокнаа нагоре. - Ах, бре браќа! Да имам сила, ќе дунам солнцето да го изгаснам, та и ние ако загинеме, да загинат и сите тирани што нѐе ја’ат!. Би изгорил племната, ама и глувците во неа! - со патос го рече човекот со црната брадичка. Ние се заинтересиравме за тој тип, кој многу ни се допадна со своето целосно негирање на постојниот поредок. Се запознавме. Човекот со црната брадичка беше Јордан Бошков, велешанец, учел во гимназијата во градот Николаев, Русија, каде што членувал во еден нихилистички кружок. Откако од гимназијата вил исклучен за слободоумност, наскоро по Руско-турската војна дошол во Румелија, стапил на работа во поштата и станал телеграфист. Зел живо учество во движењето за соединување на Северна и Јужпа Бугарија, т.е. бил еден од клиентите на “Марково колено”1 и еден од заколнатите во Големо Коњаре2. Тој со гордост покажа на таблото, окачено на ѕидот со портретите на дејците на соединувањето, каде што неговиот портрет беше до оној на Захари Стојанов. Другиот, којшто ни го привлече вниманието, беше Иван Костов, од Костурските села, негов неразделен пријател, со кој биле заедно во четата во текот на тоа лето. Воопшто, во тоа време беше на мода да се раскажуваат разни епизоди за четничкото навлегување во Горно-Џумајско, Разлошко и Мелничко, организирано од кнезот Фердинанд, тогаш се уште непризнаен од руската дипломатија. Тоа четничко навлегување, меѓу другото, одговараше на македонската емиграција и на бугарската интелигенција, две десетилетија воспитувана во духот на националните идеали за “обединувањето на бугарското племе”, всушност беше политичка махинација: преку која кнезот Фердинанд, пред да направи пазарлак за крштевањето на престолонаследникот, кнезот Борис, сакаше да и покаже на руската дипломатија, дека претставува сила со која Русите не треба да се шегуваат; бидејќи тој е балкански Зевс, кој по своја волја може да ги врзува и разврзува грмотевиците во вжештената атмосфера на Балканот и - кога посака - ќе може да ги изгори крилата на рускиот двоглав орел - и на тој начин да ја принуди да го признае.
1 “Марково колено” е кафеана во Пловдив за време на соединувањето која се наоѓала наспроти градската градина и кајшто се собирале заколнатите за борба за соединување на Северна и Јужна Бугарија. 2Во село Големо Коњаре, Пловдивско, било донесено решение за прогласување на соединувањето на Северна и Јужна Бугарија во 1885 година.
13
Насетувајќи ја доцна таа мизерна игра на кнезот Фердинанд, претседателот на Врховниот македонски комитет во Софија. Трајко Китанчев од село Подмочани, Ресенско, еден беспрекорен чесен човек, кој за време на диктатурата на Стамболов, обвинет за заговор, долги години лежеше по затворите /во IV и V учесток и во Црната џамија во Софија и во Окружниот затвор во Хасково/ - ја насетил доцна оваа подла игра. Китанчев не можеше да го поднесе тој жесток подбив со неговата родна земја и со идеалите на Македонците и во месец август 1895 година умре од срцев удар. Нека патем биде забележано, дека кога ја курдисувал оваа своја махинација, кнезот Фердинанд не се посомневал воопшто какви ќе бидат последиците од неа. Тој воопшто не се посомневал, дека тоа четничко навлегување во Македонија ќе го разбуди задреманиот ѕвер, ќе го раздвижи опаднатиот вековен слободољубив дух на Македонците и ќе стане појдовна точка за револуционерната дејност на младото поколение во текот на цели две следни десетилетија. Нашето запознавање со Јордан Бошков и Иван Костов беше во “Жална Македонија”, но тоа продолжи уште неколку дена за време на нашите средби на разни други места во Пловдив, или во неговиот стан, којшто се наоѓаше во католичкото маало. Ние разменувавме мисли како за светските социјални проблеми, при што нашите анархистички ставови се совпаѓаа со оние на бившиот член на ученичкиот нихилистички кружок во градот Николаев, така и за принципите и дејноста на Македонскиот комитет во Софија, кој играше таква жална улога на опашка во политиката на кнезот Фердинанд. Само по себе ние дојдовме до идејата, дека е неопходно македонското движење да се постави на други начела, а оттука - еден чекор остануваше до практичната примена на идејата што се зароди: да се формира една организација, која не ќе може да биде вплеткувана во мрежата на официјалната бугарска политика. Така што со имитирање на некогашните бугарски емигранти во Романија и како резултат на вистинската положба на сегашните околности, ние формиравме “Централен револуционерен македонски комитет”, при што именувањето “централен” да биде дадено според имитирањето на она, дадено пред 30 години на Бугарскиот револуционерен комитет во Букурешт. Сите ние што го сочинувавме тој “комитет” бевме големи фукари, а Јордан Бошков и Иван Костов - згора на тоа - беа и пијаници. За да почне да функционира, “комитетот” имаше потреба од пари, а тие ни недостасуваа. Најстариот од нас, опитниот “револуционер” Јордан Бошков, ни раскажа како пред 10-11 години - новоформираниот Комитет за соединување на Северна и Јужна Бугарија се здобил со првите неопходни сред-
ства: украдена е панагијата3 на владиката Гервасиј, тогаш управувач на Пловдивската епархија по смртта на пловдивскиот митрополит Панарет. Камењата од панагијата биле продадени и од добиената сума комитетот за соединување ги решил своите првобитни расходи. На нашиот комитет, како што рековме, му го дадовме името и го формиравме со имитирање, според тоа, нам не ни остануваше ништо друго, освен да тргнеме по умот на Јордан Бошков и на истиот начин да си ги обезбедиме и неопходните средства. Решивме да се украде панагијата на пловдивскиот владика, митрополитот Натанаил, мојот вујко, којшто ме одгледа од тригодишно дете и кој сега - откако ме исклучија од пловдивската гимназија - сакаше да ме испрати во градот Варна, за да ја завршам учебната година во тамошната гимназија. Само по себе се подразбира дека со оваа кражба бев натоварен јас. Излишно е да ги расправаме подробностите за нејзиното извршување. На кратко, на 10 јануари 1896 година, вторник, кога вујко ми беше долу, во салата за состаноци за да разгледува бракоразводни дела, јас ја украдов панагијата; футролата, меѓутоа, ја оставив на местото, за да не се забележи веднаш дека панагијата ја нема. Јас, исто така, сакав да добијам во време и да размислам што треба да се прави потоа. Украдената панагија ја однесов во Бошкови, каде што внимателно почнаа да ја развенчуваат од скапоцените камења со коишто беше засеана сребрената рамка, којашто ја опкружуваше емајлираната плака со ликот на Марија, која го држеше во раце малиот Исус по кошула, насмевнат, со дигната десна рака за благослов. Кога ја развенчавме панагијата од камењата, Марија непрекинато не гледаше со своите тажни очи, а малиот Исус постојано ни се насмевнуваше со својата детска, сепростувачка насмевка и не благословуваше. Тој продолжуваше да ни се насмевнува и да нѐ благословува и откако ја скршивме и ја фрливме во кофата за ѓубре емајлираната плака. Зошто не богословуваше тој нас и нашата работа, во чијшто почеток беше вложена мојата црна неблагодарност? Јас продолжив да живеам во митрополијата како и нормално да се подготвувам да отпатувам за Варна. Поминаа неколку дена. Веднаш - ако не ме лаже умот, в недела на 16 јануари 1896 година, вујко ми слезе на ручек во трапезаријата со јавно и големо душевно нерасположение. Патем ќе спомнам, дека вујко ми беше достапен за нас само три пати на ден: на појадок, на ручек и на вечера. За другото време тој беше зафатен или во канцеларијата или на заседание во митрополијата, или во работ3 Панагијата е украс, којшто православните архиереи го носат окачен на градите во свечени моменти и при извршување на литургијата. Тоа е емајлова плака со ликот на Марија, која го држи во раце своето дете Исус; оваа плака е заобиколена со широка рамка, одозгора со круна - рамката и круната се образувани од разновидни скапоцени камиња.
15
ната соба, каде што преведуваше од руски житија од разни светци, или пак ги пишуваше своите мемоари; во неговата работна соба ние имавме пристап само ако тој повикаше некој од нас преку слугата. Тој ден тој дојде, ја благослови трапезата, седна и почна да јаде, упорно гледаше во чинијата пред себе, само од време - навреме фрлаше брз поглед на кај мене и кон слугата. Јас се трудев да бидам колку што е можно поспокоен и поприроден, зашто веднаш сфатив, дека вујко ми ја открил кражбата и дека се сомнева во мене и во слугата, некој си Никола АнГелов од с. Битуше , Дебарско. Така минаа неколку денови, за кое време јас настојував да заминам за Варна, за да не губам од учебните задачи. Една вечер - во приквечерието на денот, во кој беше решено да заминам за Варна - јас бев повикан од вујко ми горе, во неговата работна соба. Иако силно возбуден, отидов. Се стемнуваше. Вујко ми ме пресретна исправен до работната маса, потпрен со едната рака на столот. Знаеш ли зошто те повикав? Гледај! - и тој ми ја посочи футролата за панагијата, отворена и празна - некој ми ја украл панагијата. Најпрвин се посомневав во тебе. Сум погрешил. Ке те молам да ми простиш! Друг ја извршил оваа кражба и јас мислам дека знам кој е. Кога би било светло, вујко ми би ја забележал мојата вознемиреност и не би бил толку уверен во своите заклучоци. Јас немав храброст да му се исповедам, дека јас сум авторот на тоа безобразие, следниот ден јас требаше да патувам за Варна и беше бесцелно да ги усложнувам работите. Следниот ден вујко ми ми даде пари за пат и за едномесечен трошок; јас го ставив куферот во пајтонот и заминав на железничката станица; на станицата, зедов друг пајтон, го натоварив на него куферот и така отидов во станот на Јордан Бошков, каде што ме чекаа тој и Иван Костов, а нешто потоа дојде и М. Герџиков. Тоа беше она, мое патување за Варна: наместо во гимназијата во Варна, јас останав во станот на Јордан Бошков. Парите што ми ги даде вујко ми за пат и оние за моите едномесечни трошоци отидоа за неколкудневно издржување на “комитетот”, т.е. на Јордан Бошков и неговото семејство и на Иван Костов, бидејќи М. Герџиков живееше кај татко му. Ние заеднички ја разгладувавме положбата и решивме да не ги продаваме камењата уште една-две недели, за да не би - ако уследи пријавување на кражбата во полицијата да не летне целиот “комитет”во келиите на “Таш Капија”. По седум, осум дена констатиравме дека ќе биде паметно јас да заминам некаде, за да не би - ако од митрополијата случајно ме видат и дознаат, дека сум во Пловдив, а не во Варна - вујко ми не го измени патот на своето сомневање - нешто, кое би имало најлоши последици за нашиот “комитет”.
16
Претстоеше крштевањето на кнезот Борис,кое беше определено за Сретение Господово, четврток. 2 февруари 1896 година. По сите лишш во кнежеството Бугарија беа формирани по неколку возови, за да ги превезуваат бесплатно до Софија заинтересираните да присуствуваат на свеченостите по повод крштевањето. Со заедничко решение , двајцата со М. Герџиков заминавме со еден од тие бесплатни возови за Софија, каде што останавме /во станот на Д. Лимончев/ до кај 10 февруари, кога си зедовме билети до Белово, зашто за до Пловдив немаше пари. Сметавме /како што и се случи/ да ноќеваме кај нашиот соученик Тодор Иванов, чиј што татко Ване П. Костандиев калапчија, работеше таму. Вистински маченик на науката, Тодор Иванов редовно беше исклучуван поради неоправдани отсуства - минатата година од Пловдивската гимназија, а оваа година - од Казанлшкото педагошко училиште, каде што беше отиден да учи, бидејќи науките што се изучуваа во гимназијата ептен не беа достапни за неговата глава Следниот ден попладне, од Белово, тројцата - М. Герџиков, Т. Иванов и јас - тргнуваме пешки за Пловдив и преноќуваме во еден од ановите по патот са Сарамбеј. Следниот ден ноќевам во Пазарџик, во станот на Адам Нејчев, наш познат и соученик од Пловдив, тогаш на работа во општинската аптека. Од Пазарџик следниот ден тргнавме рано и вечерта пристигнавне во Пловдив во станот на Јордан Бошков. Од податоците собрани во наше отсуство, никаква пријава не беше стигната во полицијата и ние решивме следниот ден камењата да се дадат на Иван Костов за да ги продаде на златарите и добиените пари да ги внесе во “комитетот” Таа вечер - 14 или 15 февруари 1896 година, Иван Костов се врати многу доцна во ноќта со капела накривена над левата веѓа, пијан. Тој пееше, како да стои зад клиросот во некоја гркоманска селска црква во Костурско: Мије - мије - дио; дио - дио - тесера ќе ена панди!4 Честнејшју херувим и славнејшују, Безсравненаја серафим, безистленнују, Бога слава родшују, сушују Богородицу Тја величаем! На прашањето - ги продал ли кмењата и за колку, Иван Костов нахално одговори: По реката камења колку што сакаш! - и му намигне на Јордан Бошков. Беше јасно, дека парите од украдената панагија отидоа - или наскоро ќе отидат - во чекмеџињата на крчмарите. По една бурна сцена со овие двајца македонски револуционери, следниот ден - еден студен зимски ден, 4 Едно и едно - две; две и две - четири и едно пет!
17
- со дебел снег до коленици, заедно со Тодор Иванов од град Штип, заминавме пешки за Казанлк. А за Казанл'к заминав, бидејќи воопшто не знаев кај да одам. Ние тргнавме околу пладне, откако М. Герџиков, останат и тој како мене во беспаќе, не нѐ снабди со два-три лева за по пат. Тој ден ние стигнавме ди Чонлука /сега с. Гроф Игнатиево, на 15 км од Пловдив по патот за Карлово/ и ноќевавме во анчето. Јас се разболев: ме фати треска, главата ми гореше и јас цела ноќ се превртував на клупата, која ми служеше како легло. Тодор Иванов се покажа добар, услужлив и грижлив другар. Утрината чувствував болки по целото тело, главата ме болеше, ми се повраќаше. Во други услови, би легнал болен на леглото, но положбата во која се наоѓав тоа не ми го дозволуваше - и ние го продолживме патувањето. Иакусо речено: откако ноќевавме и ги собравме вошките по анчињата во с. Каратопрак /сега с. Чернозем/, с. Бање. Малото село и она во месноста Гердеме, во среда, на 22 февруари пристигнавме во Казанл'к. Се сеќавам, дека на два километри пред да пристигнеме во Казанл'к, на лево од патот, полицијата и судски лица вршеа преглед на трупот на еден заклан човек - некој си Дечо, од. с. Салтково, кој вчера, вторник, пазарен ден во Казанл'к, доцна вечерта си тргнал за село, заедно со еден свој соселанец, некој си Соколов - двајцата многу пијани. Тие седнале да се одморат покрај патот и Дечо задремал; другар му го заклал откако тој заспал. На снегот немаше трага од некаква борба; само наоколу беше испрскано со крв и ножот беше оставен под главата на закланиот. Беше очигледно, дека човекот бил заклан на најпријателски начин. Во КазашГк се сместивме во бившиот стан на Тодор Иванов, во куќата на Христо Ахчиев, кој се наоѓаше под стапките на Калпакчиското маало. Христо Ахчиев, младо момче, сирак без татко, беше работникчевлар; мајка му вложи многу труд додека ни ги исчисти вошките, кои што ги бевме собрале од ановите, каде што ноќевавме. Од КазашГк му пишував на вујко ми, митрополитот Натанаил, за да му јавам, дека не сум отишол во Варна, туку дека сум дошол во Казанл’к, за да дадам на крајот на годината испит од прва за втора година во Педагошкото училиште. Исто така му јавив, дека јас ја украдов панагијата, за да не се сомнева во другите: дека длабоко се кајам за таа кражба, чија што цел во секој случај не беше пијанка или распуштеност. Тој веднаш ми одговори, дека имал информации за мене од пловдивскиот свештеник Димитар Чукурлиев, калоферчанец, кој ме видел кога сум пристигнал во Калофер, во анот на Минко Енев и сум отпатувал за КазашГк. Во тоа писмо тој ми пишуваше, дека го очекува моето писмо и покајување и дека не губи надеж дека ќе ме види попаметен. Само по себе се подразбира, дека тој продолжи да ме издржува. Не знам како би
18
постапил друг на негово место, но до крајот на животот, вујко ми не ми направи речиси никаков упрек за украдената панагија. М. Герџиков остана во семејството на татко му во Пловдив, но во текот на месец април, откако во Казанл'к беше завршил ученичкиот “штрајк”, и тој дојде во Казанлк со намера - и тој како мене - кон крајот на годината да даде испит од први за втори клас. Пред неговото доаѓање во Казанл'к, во тој град околу мене се беше формирала една анархистичка група. Со доаѓањето на М. Герџиков групата се зголеми, така што кон крајот на мај 1896 година таа броеше околу 25 души: М. Герџиков, Тодор Иванов, татко му на овој последниот, Ване П. Костандиев од град Штип, по занимање калапчија, кој дојде од железничката станица Белово во текот на мај и се насели во Казанл’к со целото семејство, Димо Николов, Григор П. Дочев, Христо Мирчев, Славе Чешмеџиев, Мању Абаџиев, Димитар Гунев, Христо Ахчиев, Иван Колинкоев и др. Семејството на Ване П. Костандиев се состоеше од него, жена му, ќерка му и двајцата синови Тодор и Григор, М. Герџиков и јас од месец јуни 1896 година живеевме во комуни, издржувана од она, кое што го заработуваше Ване П. Костандиев од продажбата на, изработените од него калапи за чевли и од внесените од М. Герџиков и од мене по 40 лева месечно. Групата се собираше речиси секојдневно било во станот на комуната југозападно од џамијата пред околиската управа/, било во куќата на Григор П. Дочев во Калпакчиското маало, било во месноста “Кајнарџе”. Директорот на училиштето, Кожухаров, и другите учители, озлобени од ученичкиот штрајк, за време на кој министерскиот пратеник Бонев беше удрен со тупаница во лицето од страна на ученикот Златан Палијски, и од тоа што најголемите гласноговорници меѓу учениците постојано се дружеа со нас, никако не сакаа да ни допуштат да даваме испит кон крајот на годината. Затоа решивме да заминеме за Софија и да издејствуваме од Министерството за народна просвета да и наложат на училишната дирекција да нѝ дозволи да го полагаме испитот. Во текот на мај тројцата: М. Герџиков, Т. Иванов и јас отпатувавме пешки од Казанлк преку Калофер, Клисура, Златица, Ташкесен и Новоселци за Софија. Во текот на тие два-три дена, што ги поминавме во Софија ноќевавме на масите на клубот “Освобождение” - кафеана, која се наоѓаше на уличката меѓу улиците “Трговска” и “Сердика”, отворена и финансирана од едно младо момче, Крушевчанче, по име Клисуров. На витрината на оваа кафеана беше поставен натпис: “Влезот за шпиони е забранет” - зборот се однесуваше за агентите на народнашката полиција; тогаш на власт беа народниците. Оваа кафеана беше сврталиште на најамбициозниот и најнеблагонадежниот дел на софиската интелигенција од тоа време, ако се почне од семејството - поетите Стојан и Розе Попови и се заврши со Гоце Такеџиев и Атанас Раздолов.
19
Откако ја добивме наредбата на министерството, ние веднаш по истиот пат се вративме пешки назад во Казанл'к. Јас набрзо се подготвив, се јавив на испит и го положив, истото го направи и Т. Иванов. М. Герџиков не се јави и не даде испит, иако продолжи да живее во Казанлк. Кога - по завршувањето на учебната година сите од кружокот се распрснаа, ние тројцата: М. Герџиков, Григор П. Дочев и јас, со заеднички капитал од пет лева во џебот, заминавме на екскурзија пешки преку МТлиш, Хајнето (сега Ѓурково), Оризари, Бинкос, Сливен, Аладагли, Карнобат и Ајтос за Бургас, каде што ловевме скариди по дрвените столбови на старото пристаниште /сегашното пристаниште тогаш не постоеше/, за да се храниме и на тој начин да заштедиме нешто од она што ни беше останало од петте лева, за да можеме да се вратиме назад во КазашГк. Со М. Герџиков, ние се бевме запознале добро уште во текот на двете години како соученици во Пловдивската гимназија, биле во кружокот, било во разни други околности, во кои бевме поставувани досега по запознавањето на Јордан Бошков. Со Григор П. Дочев, ние се познававме од скоро: ова петување пешки, со по неколку стотинки во џебот, од Казанл'к до Бургас и спротивно и нашиот престој таму, направија подобро да се запознаеме. Григор П. Дочев целосно личеше на татка си, свештеникот на Калпакчиското маало, поп Дочо: лице со јадри дури груби црти, јадра и недоделкана фигура. Под таквата груба надворешност се криеше нежна душа, една забележителна остроумност и неисцрпен хумор. Григор П. Дочев беше верен другар, весел и интересен соговорник, чесен, храбар и решителен карактер. Тој ја негираше власта и насилството под формата под која се иројавуваат. На враќање од Бургас, при пресекот на патот со железничкиот пат меѓу Ајтос и Карнобат, ние застанавме кај кладенецот да ноќеваме. Беше топла, јасна, ѕвездена ноќ. Со рацете ставени под главата, легнат на грб, загледан нагоре, Григор П. Дочев прозбори: - Колку ми се сака да погледнам по тоа длабоко небо и на тие ѕвезди со очите на некој поет! - и со овие зборови, тој без да сака, покажа дека има силно впечатлива, поетска душа.
Кон средината на август јас отидов да го довршам распустот во Пловдив. По завршувањето на распустот, од лични причини и по настојување на вујко ми, заминав за Лом, за да го завршам тамошното Педагошко училиште. Во текот на септември 1896 година, по барање на казашГшките чорбаџии, членови. на тогашната на власт Народничка партија: Слави Славов и Христо Христов, обвинителот при Старозагорскиот окружен суд, Никола Мушанов, наредил да се уапсат и да се стават под истрага
сите членови на Казан’лшката анархистичка група. Бидејќи против нив не можело да се формулира никакво конкретпо обвинение, подоцна тие биле ослободени. По телеграфското барање на истиот тој обвинител тукушто примен како ученик во втори клас на Ломското Педагошко училиште, јас бев исклучен, со право да дадам испит кон крајот на годината. И досега јас не знам зошто биле уапсени членовите на казашГшката анархистичка група и зошто беа исклучени од училиштето. По ослободувањето, бидејќи не биле примени да учат во Казанл'шкото Педагошко училиште, М. Герџиков, Димо Николов и Григор П. Дочев заминале за Женева да студираат право. Таму тие се сретнале и се запознале со Димитар П. Отитински од град Пловдив, познат на М. Герџиков од тој град, со Слави Марџанов од град Карнобат, со Кина Генова и Олга Балинова од град Русе, со Тодора Златева од град Враца и со Јордан Калчев од тутраканските села. Димитар П. Општинаки, син на Петар Општински, еден од дејствувачките борци по преродбата во град Пловдив, не беше завршил гимназија. Тој порано беше приклонет кон социјал-демократскиот кружок околу Д. Благоев, а подоцна, за време на диктатурата на Стамболов беше станал близок и сподвижник на Димтпар Бојкинов, сопственик и редактор на пловдивскиот весник “Борба”. Овој весник водеше жестока кампања против диктатурата на Стамболов и се одликуваше со своите анархистички стремежи - нешто што ја подигаше злобата на Димитар Благоев, кој во своите статии се нафрлаше против весникот и личноста Д. Бојкинов, со не секогаш коректни изрази. Слави Мерџанов, Кина Генова, Олга Балинова, Тодора Златева и Јордан Калчев беа придобиени за анархизмот од кружоците во Русе и Разград, чија што душа бил Врбан Килифарски од град Разград. Анархистичките кружоци во Русе, Разград, Плевен и Габрово постоеја секој одделно, без врска меѓу себе и со кружоците во Пловдив, КазашГк и Лом. Откако се запознаа и зближија, горенаведените лица решија да живеат во комуна: за таа цел изнајмија една вила во околината на Женева ?Villa Eleonore, Route de Drise No 22/ каде што се вселиле и каде што ги затеков кон крајот на мај 1898 година. Под влијание на М. Герџиков и на останатите казанлчани /Димо Николов и Григор П. Дочев/, кои - од своја страна - беа под влијание на бугарскиот печат, којшто го алармираше општеството за Виничката афера, Женевската анархистичка група се конституирала во “Централен Револуционерен македонски комитет” и во текот на 1897 година го отпечатиле својот “Манифест”, во кој беше изложена програмата на комитетот. Како клон на Женевскиот комитет, во Пловдив била формирана македонска анархистичка група, во која влегувале: Димитар 21
Аргиров, Иван В’лкович, Александар Костов, Бојчев, Богомито, Лазар Силјанов, - сите од град Пловдив, Јордан Шурков од град Велес и др. Оваа група го добила и го растурила во Пловдив и околината отпечатениот манифест во Женева. Отпечатувањето и распространувањето на манифестот покажале, дека за идната дејност на комитетот треба да се прават расходи, кои ги надминуваат сите можности на студентските џепови и се наметнало прашањето за изнаоѓање материјални средства. Од таа причина, во текот на февруари 1898 година комитетот решил по нелегален пат да дојде до парични средства, откако со жреб се определи оној, кој ќе ги набави тие средства. Влечеле жреб; жребот се паднал на Григор II. Дочев. Тој заминал за Бугарија, за да ги набави тие средства “по секоја цена”, како што порачале другарите, кога го испраќале на железничката станица Corrnavin. Кон средината на март 1898 година Григор П. Дочев од Софија им телеграфирал на другарите во Женева да дојдат двајца за да му помогнат. Од таа причина, околу 20 март, истата година, М. Герџиков и Слави Мерџанов заминале за Софија за да се сретнат со Григор П. Дочев. Се сретнале во Софија на 25 март во кафеаната “Браќа Миладинови”, на ул. “Марија Луиза”, што ја држеше охриѓанецот Спиро Хололчев, на околу 60 чекори северно од пресечувањето на ул. “Марија Луиза” со ул. “Пиротска”. Што точно се зборувало за време на таа средба - тоа може да го каже само М. Герџиков, кој е уште жив5, зашто Слави Мерџанов, обесен во Одрин во текот на 1901 година, одамна не е веќе меѓу живите. Како што ми расправаше подоцна М. Герџиков, првото прашање на Григор П. Дочев на нивната средба во кафеаната “Браќа Миладинови”, било да му кажат нешто за Олга Златанова, кон која негувал нежни чувства. М. Герџиков го укорил за тоа, бидејќи наместо да мисли за многу поважната задача со која се нагрбил, тој одгледува излишни чувства кон таа своја другарка. Кога го запрашал во што конкретно ќе се состои бараната од него помош, Григор П. Дочев немал установен - или не сакал да го изложи од него установениот план за набавување на паричните средства, за коишто дошол во Бугарија и ги повикал и нив од Женева. М. Герџиков започнал да го укорува за несериозното однесување кон прифатеното задолжение со неговото својствено красноречие. За сето време Григор П. Дочев молчел. Било уште видело кога се разделиле и си одредиле средба за осум часот вечерта, кога ќе биде стемнето, кога Григор П. Дочев сакал да им каже каква помош сака од нив, за да му ја укажат веднаш. Требало 5 Пишувано во текот на јануари 1947 година. М. Герџиков починал на 18 март 1947 година.
22
да се сретнат во Градската градина, кај водоскокот, овенчан со гипсената статуа на Дијана, која во десната рака држи фатена риба. Григор П. Дочев, откако се разделил, отишол право во Градската градина и седнал на една од клупите околу водоскокот и плачел од мака. Во 8 часот М. Герџиков и Сл Мерџанов отишле во градината и слушнале од тој водоскок два последователни револверски истрели. Кога наближиле на местото на средбата, таму веќе била насобрана една група луѓе околу Григор П. Дочев, седнат на клупата целиот облеан во крв, во агонија; тој се самоубил. Софискиот печат го одбележа ова самоубиство. Така весникот “Мир”, бр. 514 од 26 март, во делот во рубриката “Дневни новини” пишуваше: “На еден млад живот овде, во престолнината, е ставен трагичен крај”. Во средата, на 25 овој месец, околу девет часот вечерта, луѓето, кои поминуваа низ Александровската градина, слушнаа еден истрел блиску до кафеаната на г. Петрова. Кога стигнаа на местото каде што се слушна истрелот, тие најдоа еден млад човек, седнат на една од клупите во градината, чие што лице било облеано во крв, а во десната рака стискал револвер. Несреќникот, кој бил во бесознание го однеле во болница, каде што тој се разбудил да си го каже името: Григор П. Дочев од Казанл’к. Лекарите констатираа, дека самоубиениот се убил со куршум од револвер во десното слепо око. Бидејќи куршумот не навлегол во мозокот, туку заминал кон окото, кое истекло; куршумот останал во главата. “Дочев, кој е на 21 година, минатата година студирал право во Женева. Во Софија тој дошол истиот ден, каде што и се самоубил. Денес тој починал во Александровската болница”. Весникот “Бугарија”, бр. 26, година 1 од 27 март 1898 година, во рубриката “Внатрешна хроника”, го беше поместил следното соопштение: Посегнал врз сопствениот живот. Онаа вечер на клупата во градската градина “Александар I” еден студент, којшто се вратил од Женева, Григор П. Дочев, роден во град Казанл’к, посегна на сопствениот живот, така што си пукал во устата со револвер. Самоубиството не успеало: куршумот ја изменил насоката и излегол надвор, така што ја искршил јаболчната коска и го повредил окото. Паднатиот во бесознание веднаш по неопходните активности на власта - бил однесен во Александровската болница. За причините за самоубиството се шират разни гласови; едни велат, дека причината била неговата безнадежна материјална состојба. Денес ранетиот умре во болницата. Една работа ќе и забележиме на судската власт и на полицијата. Не се гледа никаква потреба од претерана грижливост, за да се држи локвата крв среде Градската градина, среде градот, до пладне, каде што и мало
23
и големо се редеше да ја гледа крвта, чувана од еден стражар. Тоа е сосема излишна работа во сегашниот нервозен век”. Тоа што ми го раскажа М. Герџиков, не ги објаснува причините за ова самоубиство; не ги објаснија ни весниците. Некои од нив пишуваа дека Григор П. Дочев се самоубил, зашто немал средства да го доврши своето образование; не се и укорите на М. Герџиков, направени со кресноречивоста на овој последниот при нивната средба во кафеаната “Браќа Миладинови”, два часа пред самоубиството. Едно такво решение не се донесува така брзо - тоа треба долго да зрее во свеста пред да биде исполнето. Лично, сметам дека најверојатната причина е следната: Набавувањето парични средства по нелегален пат не може да биде, освен со употреба на насилство - нешто сосема спротивно на погледот на Грогор П. Дочев. Од друга страна, задолжението да ги набави тие средства, не било плод на негова спонтана желба, туку му било наложено од надвор преку влечење жреб, кој во случајов ги надминал сите негови разбирања за општочовечката солидарност. Како еден таговен приклучок кон неговите духовни немири, треба да се придружат и другарските укори - и конецот се скинал: Григор П. Дочев се самоубил, за да излезе чесен пред своите другари, но истовремено верен на своите идеи како противник на насилството, од каде и да се појавува, во името на што и да биде извршено тоа насилство. Ова самоубиство падна како гром од ведро небо врз родителите на Григор П. Дочев. Татко му, поп Дочо, беше пример за христијанска смиреност, милосрдиост, кроткост и чесност, тој со смиреност и стоицизам ја поднесе таа страшна за него загуба. Мајка му не можеше да се помири со неа, до крајот на животот. Најмногу ја измачуваше тоа што не ги знаеше причините за самоубиството на својот син. Во текот на јули 1898 година во Женева јас читав едно нејзино писмо, адресирано до М. Герџиков, со кое го молеше да ѝ ги разјасни тие причини. Ова писмо завршуваше вака: “... А можеби и да е убиено моето мило чедо!”. И тоа писмо како и поранешните, кои што ги беше пишувала со истата молба, останаа без одговор... Во Лом, есента на 1896 година, околу мене се формира еден анархистички кружок, во кој влегуваа: Мојсеј Ив. Праматаров од село Елешница, Разлошко, Димитар Андреев од Софија, Јован Бошкович од град Пирот, Србија, Димитар Тодоров од град Плевен, Никола Блажев и Андреј Коцов - и двајцата од град Ќустендил, Јордан Каранџулов, учител во село Лабец, Ломско и Никола Каранџулов, братучед на првиот, и двајцата од град Прилеп, Македонија, Јордан Белчев, учител во село Арчар, а подоцна во Ново Село, Ломско и во село Криводол, Врачанско - од град Сливен, Коста Цачев, од град Тетевен и др. Еден од нив, 24
Димитар Тодоров - порано припаѓал на анархистичката група во неговиот роден град Плевен, формирана од Јулиј Цезар Розентал. Јулиј Цезар Розентал, со кого се запознав во текот на летото во 1903 година, непосредно пред неговата смрт, беше многу интересна фигура. Со среден раст, широко откриено чело, свилени руси мустаќи, мала остра руса брадичка - тој имаше фина надворешност, дополнета со широк и сестрано развиен ум. Неговите големи темни сини очи, со еден детински наивен израз, истовремено покажуваа постојаност, тврдост и рашителност. Татко му, доктор Август фон Розентал, полски благородник, се родил во 1830 година во Волинија. За време на полското востание во 1831 година, поголемиот дел од имотите на семејството фон Розентал бил конфискуван и тоа се преселило во другиот неконфискуван дел во киевската губернија. Август Розентал, исклучително надарено дете, завршил гимназија на 16 години, а Медицински факултет во Киев на 21 година. Две години потоа, тој бил еден од организаторите на народното востание против закрепостеноста во Малорусија, за што бил уапсен и осуден на смрт со стрелање. Оваа пресуда била заменета со прогонство во Сибир, каде што преживел 25 години. Во 1880 тој успеал да избега од Русија заедно со семејството. Скитал по цела Европа и најпосле се скрасил како лекар во Бугарија. Тој бил многу талентиран човек, подеднакво силен и како медицинар, и како правник, и како економист, и како писател и поет. Тој соработувал во највидните руски списанија под псевдонимите: А. Ројал. Г Коргије, М. В’лков, Монументов, Август Скалка, Август Мегр и сл. Уште како осумнаесетгодишен тој го напечатил на полски романот “Младоженците” и збирката стихови под наслов “Трнлив венец”. Тој се поставил против секаква неправда и одречувал секаква власт. Од таа причина, за време на Стамболов, паднал во очи и во текот на 1889 овој борец за слобода, 59-годишен старец, една ноќ бил грабнат од Габрово, отргнат од семејството и прогонет надвор од Бугарија. Умрел како прогонет во градот Врање, Србија. Јулиј Цезар Розентал е роден на 14 јуни 1872 година во град Иркутск, Сибир. Своето првостепено и средно образование го стекнал во разни градови во Бугарија, каде што последователно живеел татко му пред конечно да се насели во Габрово. Тој учителствувал во Трновско /во село Килифарево и Летница/, во Долна Ораховица и во Ново-Загорско. Насекаде тој ги собирал околу себе си и вдахновувал младите со идеите на безвластието. За формирањето на неговиот решителен и независен карактер и на неговиот борбен дух, освен наследените од татко му склоности, тој од најрано детство го имал пред очите живиот пример на
25
татка си. Со својата привлечна надворешност и со високата култура, незапирливо ги привлекуваше и влијаеше на оние, кои го познаваа. Во предговорот кон збирката негови стихови “Недопеани песни”, издадени по неговата смрт /1904 година, печатница Таброво”, Софија/, Антон Страшимиров пишува: “Овде /во Разград 1887 година/ јас го слушнав најпрвин неговото име. Семејствто Розентал штотуку се беше преместило во Габрово, кога стапив во Разградското петокласно училиште. Моите соученици не можеа да го заборават пламениот образ на тоа момче, кој го донел во училиштето Ботев, целиот Ботев, рецитиран од Јулиј со таква пламеност, што и целиот град зборуваше за ова огнено момче, тенко, нежно, но со бујна руса коса и сини орлови очи” Лесно е да се претпостави, дека деветгодишното разградско дете, каков што бил во тоа време Врбан Килифарски, дека го примило од Јулиј Цезар Розентал првиот бран на безвласничките идеи, со кои живееше, работеше и умре овој апостол на анархистичкото учење во Бугарија. Влијанието на Јулиј Цезар Розентал врз формирањето на светогледот на младото поколение не се беше ограничило само таму, каде што младите биле во непосреден допир со него. Во текот на 1896 година пред и за време на ученичкиот штрајк во Казанл'к, неговите сѐ уште неиздадени стихови се препишуваат од рака на рака меѓу учениците од КазашГшкото Педагошко училиште. Кога штрајкувачите се собираа во “Орешак” да продискутираат општо како треба да реагираат против настојувањата на училишната власт да го задуши штрајкот, крајот на собирот секогаш завршуваше со весел дел и со рецитирање на стихотворби од Јулиј Цезар Розентал. Јас се уште се сеќавам на една од нив - “Одата на цилиндрите”: “Прати ми, музо, вдахновение И мојата гајда наштимај ја. Зашто јас цилиндри ќе воспевам Од најновиот им крој. О, цилиндри! О, Цилиндри! На прогресот венци! Многу гении ве носат. Уште повеќе - глупаци. Вашата форма е многу проста Едно грне со раб Ама својства нејасни, Својства чудни има во вас: О, цилиндри! О, цилиндри! Гордоста на нашиот век!
26
Од говедо, од магаре Вие правите човек” .. Јулиј Цезар Розентал бил душата на анархистичкиот кружок во Габгово, а подоцна - на оној во Плевен. Кон крајот на август 1903 година јас читав едно негово писмо - неговото последно писмо пишувано пред четата на Никола Дечев да ја премине границата. Ова писмо почнува вака: “Ниту место, ниту дата Така си ги пишувам јас писмата”. Кон крајот на Август 1903 година Ј. Ц. Розентал стапил во четата на својот идеен истомисленик Никола Дечев, родум од Стара Загора. Оваа чета, заедно со четите на Тома Пожарлиев од Ениџе-Вардар и на Григор Манасиев од град Кратово - и трите формирани едновремено во Бугарија - ја минале границата кон крајот на првата декада од септември. На 10 септември четите пристигнале на Султан-Тепе и застанале да денуваат во горичката од југозападната страна на овој врв. Таму се сретнале со разбиените остатоци од четите на Христо Чернопеев, родум од Луковидските села и на Никола Жеков, родум од Стара Загора, роднина на познатите од историјата на Ст. Загорското востание браќа Жекови. Овие остатоци од четите се враќале накај границата. Никола Жеков, сограѓанин и близок познајник со Никола Дечев, му се обратил на овој последниот: Кољо, - прозборил Жеков - не ви треба да навлегувате внатре. Аскерот ги сардисал сите села. Само што ќе дадете жртви. Подобро е да се вратите. Па ние нели однапред знаеме, дека нашите чети нема да ја уништат турската империја? Дека ќе дадеме жртви - тоа е сигурно. Но, ние нели сме тргнале за да даваме жртви. Зашто тоа е патот на слободата. Човечката крв, дадена со доброволна жртва секогаш ќе даде свој резултат. Таква е цената на слободата. - Враќајте се, Кољо! Голема е турската сила! Но не е поголема од нашите идеи за слобода! Тој ден врнел дожд, пороен дожд. Вечерта три чети тргнале напред; и дошле до едни каракачански колиби. Таму запалиле големи огнови, за да се исушат луѓето кои биле наврнати до коски. Откако се поисушиле, истата ноќ четите ги напуштиле каракачанските колиби и ја фатиле југозападната насока, така што навлегле подлабоко во турската територија. Истата ноќ, еден каракачанец, испратен од ќеајата, отишол и му јавил на аскерот за доаѓањето на тие чети и за правецот што го фатиле. Следниот ден, за време на денувањето, четите забележале многу засилено движење на аскерот, кој се всредоточувал срема нив кон село Луково. За време на ноќното придружување напред во ноќта на 11 спроти 12
27
септември, четите се приближиле до тоа село, кое сѐ уште не било заземено од аскерот. Населението ги примило четите, им изнеле храна и млеко, многу млеко, донесено во бакарни садови. За време на придвижувањето зајак го пресекол патот на четата на Дечев. Розентал и Дечев се пошегувале: - Војводо - рекол Розентал - денешниот ден ќе биде тежок ќе имаме пукот. Зошто ? Од каде заклучуваш? Нели виде? Зајак ни го пресече патот. - Арно, де! Земи еден голем бел камен и удри се по десното колено, за да ја растуриш магијата! На 12 септември, уште пред добро да се раздени, четите фатиле позиција кај село Луково. Четата на Никола Дечев, составена во поголем дел од интелигентни луѓе го зазела центарот на “Шипков врв” - највисокиот и најблискиот до с. Луково, четата на Томе Пожарлиев го зазела левото крило на врвот “Петлов чукар”, а онаа на Григор Манасиев десното крило на “Големиот камен”. Утрото аскерот го зазел с. Луково и го запалил. Населението избегало и се распрснало; еден дел од машкото население, вооружено, без да има некаков раководител, командир или војвода се организирало на спротивната страна на с. Луково. Турците го нападнале најпрвин центарот, кој бил најблиску до нивната позиција и исторемено почнале да вршат околно движење со цел да ги опфатат двата дела на четите по старото турско стратешко правило: “Долашмаа ве сармаа” /Опколувај и стегај/. При започнувањето на битката, Дечев, кој имаше силен и убав баритон, запеал - а по него ја потфатила и целата позиција - песната од Некрасов, која во тоа време беше нешто како сегашните шлагери: Кога ги гледам ужасите на војната. При секоја жртва на жестокиот бој, не го жалам ни другарот, ни жената, Не го жалам ни самиот херој. Ќе мине скоро на сопругата жалот, Пријателската тага долго не трае, Но има некаде душа страдна Таа вечно ќе плаче и ќе рида... Наскоро по почнувањето на битката, во центарот биле ранети неколку души. Розентал и Стојан Г. Черногорски од с. Казалач Дере /сега Средногорово/, Казанл'шко, еден од малкумината четници од четата на Дечев, кои го преживеале здрави и прави тој крвав ден и на кои им го должам овој опис /тој е уште жив и до скоро беше на служба во Пловдивското окружно инженерство, како техничар, како техничар земјомерач/ - Розентал и тој отрчале да ги преврзат раните. Одвај што 28
почнале со преврзувањето. Розентал бил ранет, турски куршум. истрелан од машинка, му го разнел десното колено, а другиот му ја скршил писката на истата нога. Немало потреба - според шегата на Дечев - Розентал да бара бел камен, да го удри со него своето десно колено, за да ја растури зајачката магија - турските куршуми ја одиграле улогата на белиот камен, без да ја растурат фаталната магија... Започнале да викаат за лекарска помош и од десното крило, каде што Турците исто така започнале со напад и раниле неколкумина од четниците. Ст. Черногорски отрчал кај десното крило да преврзува, а Розентал - ранет - останал во центарот. Нападите на Турците станувале се пожестоки кон центарот, каде што бомбите, со кои четниците ги одбивале турските напади, се свршиле. Мнозина од четниците лежеле мртви на позицијата. Војводата Н. Дечев бил убиен - со својата смрт тој докажал, дека неговите зборови за тоа дека турската сила не е поголема од идејата за слобода на таа група луѓе - не биле празни зборови. Центарот се поткренал, четниците почнале да прибегнуваат кон десното крило. Двајца од нив влечеле со себе еден ранет човек: Тоа бил Јулиј Цезар Розентал. Во долот, кој го разделува “Шипков врв” од врвот “Големиот камен”, Розентал се искубнал од рацете на своите другари, легнал на земјата и одбил да биде носен понатаму. - Оставете ме! Врвете! Спасете се себе си! Оставете ме да правам како што сметам дека е добро! Ова беа последните зборови, коишто ги слушнале неговите другари. До таму стигнуваат податоците за него. Никој не знае како загинал - се самоубил или умрел од крвавење, бидејќи не можеле да го сопрат истечувањето на крвта од разнесеното колено, и од скршената писка, или најден полумртов во долот, бил довршен од Турците - тоа никој не може да го каже. Во таа битка близу половината од четниците били убиени, а од останатите повеќето биле ранети - кои потешко, кои полесно. Попладне, самоорганизираното машко население на село Луково отворило оган на аскерот и започнало напад во грб на овој последниот нешто, кое предизвикувало паника кај Турците, кои требало да се прегрупираат и да го изменат својот план за напад и опкружување, за да ја пресретнат непредвидената опасност. Ова дејство на населението од Луково ги спасило четите од целосно опкружување и уништување. Приквечер, кордонот на аскерот бил разбиен од жестоките напади на селаните, кои успеале да се соединат со четите. Вечерта, во темницата, сите четници што можеле да одат, се извлекле од позицијата и тргнале кон границата; на позициите останале само убиените и многу тешко ранетите, чие што страдање и офкање продолжило преку цела ноќ. Осамнал 13 септември. Опожареното село 29
Луково се уште чадело. Од рани зори до ужина Турците непрекинато стрелале по четничките позиции, кои упорно молчеле и со молчењето предизвикувале кај Турците разни сомневања. Околу ужина патролите установиле дека позициите се испразнети и Турците ги зазеле, откако ги доубиле тешко ранетите четници, потоа ги прибрале своите мртви - над 400 души - и ги погребале, а убиените вчера и доубиените денес четници биле оставени неприбрани, за да бидат погребани од орлите, гавраните, од волците, лисиците и од напуштените кучиња од село Луково. Се стемнило. На местото на битката настанала мртва тишина. На 14 септември, недела, Крстовден, сонцето го огреало бившото село Луково, кое сѐ уште чадело и труповите на убиените четници - 113 трупа. Целиот број на луѓето од трите чети бил околу 260 души, а четата на Никола Дечев броела 49 луѓе. Бил убиен и војводата Григор Манасиев. Со претчувство, можеби, за таа зора на 14 септември 1903 година, Розентал ја напишал својата песна на стр. 61 од неговата стихозбирка “Недопеани песни”, која завршува вака: Еј се јавува зората веќе И на земјата скоро, скоро Пак ќе настапи весел ден, Но не за мене, но не за мене!” Во Лом, четворицата од кружокот: Мојсеј Ив. Праматаров, Димитар Андреев, Јован Бошковиќ и јас живеевме во комуна во една од крајните куќи на Камараш-маало. Живеевме во клета сиромаштија, со 40 лева месечно, коишто мојот вујко редовно ми ги праќаше секој месец и со други 20 лева, кои татко му на Праматаров му ги испраќашена синот ретко и сосем нередовно. Се храневме само со сув леб и еднаш во месецот - кога се добиваа парите, - вечеравме со лебот и боза. Кога ќе се случеа два празника по ред, или за време на велигденскиот распуст, ние одевме по селата /Ковачица, Лабец, Циб’р, Варош, Акчер и др./ на гости кај учителите, кои ни беа познати за да даваме вечеринки и претстави и да се храниме со подобра и поизобилна храна. Кога одевме по селата, еден по друг по калливите или покриени со снег патишта, со гитара и виолини под мишка, нашата комуна суштински заличуваше на трупа од влашки Цигани - чалгаџии. За да се потпомогне комуната во материјален поглед, бидејќи во текот на 1897 година имав многу слободно време, од руски преведов и ја издадов во одделна брушура биографијата на рускиот поет Надсон, чии стихови беа во мода меѓу ученичката младина. Издадов, исто така, и една друга брушура под наслов “Три популарни статии”, напишани во духот на анархистичкото учење. Овие брушури беа пласирани мегу учениците
30
во разни училишта во Бугарија. Со добиените средства се покриваа расходите за печатењето и експедицијата, делот од секојдневните расходи на комуната, а исто така и расходите за екскурзијата, која беше изведена од училиштето за време на велигденскиот распуст во 1898 година за учениците од трети клас во Унгарија и Хрватска, во која зедоа учество сите членови на комуната. Понекогаш во комуната доаѓаа гости. Таков беше случајот со Мшиа Архангеловиќ, студент во Белград, подоцна еден од уредниците на српскиот весник “Мале новине”, кој беше дошол да се види со Јован Бошковиќ, негов сограѓанин и соученик. Таков беше и случајот со Андре Коцев и Никола Каранџулов, кои беа дојдени од Кустендил и останаа да живеат кај нас, комунарите, пред да се настанат и да живеат во сопствените станови. Иако живеевме во голема сиромаштија, ние успеавме да ги прифатиме и нахраниме гостите на еден задоволителен начин. Веднаш - тоа треба да беше околу 15 април 1898 година, по нашето враќање од екскурзијата во Унгарија и Хрватска - идејќи по Дунав откај Русе, во комуната дојдоа двајца гости: Стефан Михов и Слави Мерџанов. Последниот пат, кога се бев видел со Ст. Михов, беше за време на летниот распуст во 1897 година при следниве околности: М. Праматаров замина за Чепинска Бања да го помине овој распуст кај татко си, а другите тројца од комуната - Димитар Андреев, Јован Бошковиќ и јас заминавме на екскурзија пешки, од Лом преку Кутловица, Берковица, Клисура, Петрохан, Гинци, за Софија. Оттаму, се пешки, во обиколка на Западна и Југозападна Бугарија: Сливница, Драгоман, Цариброд, Невле, Врапче, Трн, Брезник, Патановци, Радомир, Ќустендил, Дупница, Рила, Рилски Манастир; оттаму преку сувото езеро /в. “Попова шапка’7, Србиново, Самоков до Софија. На минување низ Радомир случајно го сретнав Ст. Михов, кој по исклучувањето од Пловдивската гимназија и растурањето на кружокот почнал да работи како ученик - телеграфист без плата. По неколкумесечно гладување беше станал платен поштенски службеник и сега ја минуваше телеграфската служба во Радомир. Ние ноќевавме кај него во телеграфско-поштенската станица пред да заминеме низ Врба за Ќустендил. Пред доаѓањето во Лом, Ст. Михов ми објасни, дека од пред извесно време тој е преместен од Радомир во Софија, како телеграфист во централната телеграфско-поштенска станица, чија што телеграфска служба се наоѓаше спроти Градската градина, на улицата, која што ја ограничува оваа последната од југ, во зградата, која пред неколку години служеше како женска гимназија. Истата, кај која во текот на месец март 1891 година беше извршен неуспешен атентат врз животот на Стамболов, кога беше убиен министерот за финансии Христо Белчев,
31
Ст. Михов ме запозна како мене, така и другите комунари со Славе Мерџанов, којшто беше доста елегантно облечен и имаше однесување и надворешност на многу снаодлив и богат студент. Како што ми објасни Ст. Михов, неговото познанство со Слави Мерџанов не датирало од поодамна: ги запознал М. Герџиков пред околу еден месец, кога случајно го сретнале Сл. Мерџанов во Софија. Откако се запознале, тие двајцата се зближиле. Стефан Михов зел неколку дена одмор и со Славе Мерџанов заминале за Русе и оттаму по Дунав сега пристигнале во Лом. Зошто оделе во Русе и зошто минуваат и заобиколуваат преку Лом за Софија, не ми објасни. Тие гостувале во комуната неколку дена. За тоа време - бидејќи го познавал немирниот дух на М. Герџиков и на Григор П. Дочев - јас сакав да знам што се случува во Женева, а исто така и подробности во самоубиството на Григор П. Дочев, за кое се бев информирал од весниците. Сакав да знам, исто така, зошто дошле тие двајцата /Григор П. Дочев и М. Герџиков/ во ниедно време во Софија и за причината за самоубиството ги распрашував дојдените гости. Ст. Михов ми одговори, дека не го познава самоубиениот и не знае ништо за самоубиството. Претпоставив, дека - бидејќи бил со М. Герџиков во Женева - Слави Марџанов веројатно го познавал Дочев и сигурно ќе знае зошто дошол со М. Герџиков во Софија, кога не е распуст. Во одговорот на моите распрашувања, Сл. Мерџанов или одговараше заобиколено, или ниту в клин ниту в плоча - започнуваше да кажува некој виц. Напросто, јас не можев да дојдам до никакви објаснувања и подробности за причините за ова самоубиство. Само од себе се подразбира, дека за време на гостувањето кај нас Ст. Михов и Сл. Мерџанов земаа учество во собирите и споровите во кружокот, каде што мислењата на Мерџанов имаа особена тежина, кое што најмногу се должеше на неговата елегантна и претставителна надворешност. Од Ст. Михов и Сл. Мерџанов јас дознав, дека М. Герџиков заминал за Женева и дека таму тој живее во комуна со Димо Николов и со други, за мене непознати студенти. Едно утро Ст. Михов и Сл. Мерџанов заминаа пешки за Кутловица и Берковица, на пат за Софија. Вечерта најдов под перницата на своето легло десетина примероци од манифестот на Женевскиот централен револуционерен комитет. Тоа ми даде повод нејасно да нагаѓам зошто Григор П. Дочев и М. Герџиков дошле во невреме во Софија и зошто првиот од нив посегнал по својот живот. Пред средбата со Ст. Михов и Слави Мерџанов во Лом, јас имав намера, откако го завршам Педегошкото училиште да станам учител во Македонија. По средбата со нив, особено откако го најдов манифестот, чија програма се совпаѓаше со моите разбирања за македонското
32
прашање во врска со општочовечките борби за слобода и достојно човечко суштествување, јас го променив својот одреден пат и решив - по завршувањето на учебната година - да го молам вујко ми да ме испрати во Женева, за да студирам хемија - предмет, кон кој секогаш имав наклонетост како ученик. На 11 мај /празникот на св. Кирил и Методиј/ учениците од трети клас беа распуштени за матурата. Јас не бев пуштен да полагам матура, затоа што имав слаба оценка од виолина и пеење. Поради тоа што имав слаба оценка по виолина, и тогаш, и сега немам никакви претензии, зошто две години учев виолина, а на крај не можев свесно да ја исвирам гамата, а под мојот лакт виолината жално виеше како куче пред умирање, а жиците крцкаа како неподмачкана кола. Но, за пеење и тогаш и сега сметам, дека тоа беше неправилно, зашто како по теорија, така и по практика, јас бев подеднакво силен како и другите ученици. За да не биде пуштен еден ученик до матура, требеше по дополнителните предмети /виолина, пеење/ да има две слаби, а бидејќи по сите други предмети бев еден од најдобрите ученици, двојката по пеење ми беше дадена намерно за да не бидам пуштен да полагам матура. Веднаш не ми беше допуштено да полагам матура, немаше смисла да останам повеќе во Лом, јас го зедов свидетелството за завршен трети клас и заминав за Пловдив, каде што вујко ми се согласи да ме испрати да студирам хемија во Женева со месечна издршка од 80 лева. Кон крајот на месец мај 1898 година јас заминав за Женева, и за да можам - според мислењето на вујко ми - во текот на четирите месеци до моето запишување на универзитетот - да научам француски толку, за да се служам со него во аудиториумот и во секојдневниот живот. Јас горев од желба да отидам во Женева, да влезам во комуната со познајниците и истомислениците од Пловдив и Казанл’к и со другите, непознати за мене членови на комуната. Уште истиот ден кога пристигнав во Женева, со Димитар Општински излеговме, за да ме прошета низ градот. На минување низ Каруж6 тој ме однесе на гости кај неговата бивша станодавничка, мадам Henriette Chevallaz, внука на истиот оној женевчанец М-г Chevallaz, кој во 1890 година го создаде Пловдивскиот расадник (сега уништен, на местото на француските машки и женски колеџи и на куќите во соседните на овие колеџи квартови), кој во пролетта 1892 го преобрази Ѓул-Бахченското и Саат-Тепе - во убава и просторна градина, каде што беше Пловдивската изложба во текот на 1892 година и која постои и досега; на која во текот на 1893 година ги пошуми големите пловдивски ридови. Madame CHEVALLAZ, 35-36 годишна жена, беше со среден раст, добро градена со темно руса коса, прав нос, зеленикави очи, весела, зборлива, 6 Предградие на Женева.
вдовица со две деца - Етиен, 14-15 годишно момче и Берта - 10-годишно девојче. По смртта на мажот, за да ги одгледа децата таа беше станала repasseuse - пеглачка на облека, издаваше пансион на 5-6 души, кои ce хранеа кај неа, и даваше под наем една од собите на станот, којшто го беше изнајмила за живеење. Кога со Д. Општински отидовме да ме запознае со неа, ја затекнавме како пегла туѓа облека. Димитар П. Општински, мој познајник од Пловдив, по раст беше малку понизок од среден со суво, подвижно лице и пргав ум. Тој зборуваше грчки како вистински Грк, но ce одликуваше и со својата целосна неспособност да ce концентрира во читање на лекциите по право, кое што беше дошол да го студира во Женева; и да научи да зборува француски. Минута откако и беше претставен M-me Chevallaz ми ce пофали дека “grâce à M-r Dimitri”7 таа веќе знае, дека “pot au lait” на бугарски ce вели “грне за млеко”, дека “avec les jeunes etudiants bulgares j'aime beaucoup parler leur langue”8 на бугарски e ........... co најобичен тон и најневин изглед, таа ме покани за оваа вечер, така што јас целиот ce вцрвив до уши и збунет ce обратив кон мојот водич: Ти ли си ја научил да го кажува ова безобразие? Зошто ми ce лутиш? - одговара Општински. - Гледај си го ќејфот! Таа не го разбира тоа? тоа што го кажав!... Пред две години, откако изнајмил стан кај M-me Chevallaz Општински задоцнил една вечер. Кога дошол во станот, сите биле легнати. Тој чукнал да му отворат. Мајка ѝ на M-me Chrevallaz која живеела кај неа, отишла да отвори и запрашала: Qui est là? - “Ж-ж-ж-ж-ж! - одговорил Општински, зашто сметал, дека тој звук на француски значи Јас!” Изнервирана од тој необјаснив одговор, старицата пак запрашала: Mais qui est là?9 Ж-ж-ж-ж-ж! - повторил нашиот задоцнат станар. Бабичката ce исплашила, ја разбудила ќерка си, која дошла на вратата и - од своја страна - запрашала кој чука. - Ж-ж-ж-ж-ж! - по третпат повторил Општински. M-me Cherallaz ce сетила и ѝ рекла на мајка си: - Mais s’est M-r Dimitri, Maman, c’est lui qui sait autant que cela la français!10 - и ja отвори вратата, за да влезе нашиот ученољубив пловдивски граѓанин... 7 Благодарение на г. Димитар /така го викаше таа Д. Општински/. 8 Со младите Бугари - студенти јас многу сакам да зборувам на бугарски. 9 Но, кој е? 10 Но тоа е Димитар, мамо тоа е тој што смета дека тоа што го изговорил е она што го прашуваш на француски.
34
Во истото тоа време - во 1898 година - во Женева - долги години со ред - право студираше и некој си Диодонов, кој - неколку години подоцна - беше отворил адвокатска канцеларија во Софија, на ул. “Марија Луиза”, на која беше закачил една огромна синозеленикава табела со исто така грамаден натпис: “ДИОДОНО” - доктор по право.. Тој Диодонов раскажуваше: - “Кога најпрвин дојдов овде /т.е. во Женева/, професорот зборува, јас ништо не разбирам - не знам француски. Нејсе! Живеев овде неколку години, научив француски, се јавив на испит - зборувам, зборувам, професорот ништо не разбира... Овој доктор по право, при вршењето на својата професија во Софија, ја беше пројавил целосно својата способност - да ги губи делата на сите оние клиенти, кои се однесуваа на неговите адвокатски услуги... Но, Аман-Дедика? Така на прекар го викаа Петко Златев, студент по право во Женева, син од брат и наследник на Старо-загорскиот голем богаташ Васил Златев, истиот оној скаперник, кој - запрашан зошто патува во трета класа, рекол: Што да правам, кога нема четврта! Висок како стап, сув, со тенка долга брадичка и тенки, надвиснати мустаќи, тој изгледаше како Кинез. “Аман-Дедика студираше..... пиење”. Од рано утро до доцна во ноќта, тој седеше нога врз нога пред кафеаната, со шише коњак, фин-шампањ на масата и со полна чаша во рака, зашто штом ќе ја испразнеше едната веднаш наполнуваше друга. Тој имаше манија да се опкладува и му даваше шанса секому да печали во опкладите. Така набрзо - една вечер, кога улицата беше најжива - тој се опклади, дека ќе го сопре трамвајот. Кога овој последниот се зададе од кај дното на улицата, легна на плеќи на трамвајските шини, ги дигна нагоре нозете и рацете и почна да вика: - Варда-а-а! Возачот на трамвајот со најголема ожесточеност почна да ѕвони со ѕвононецот, но “Аман-Дедика”, без да се вознемирува од тоа, продолжуваше да мафта со рацете и со нозете и да вика колку што го држи гласот. Најпосле трамвајот сопре на неколку чекори од него. Дојдоа, го подигнаа, го казнија и го пуштија. “Аман-Дадика” се врати среќен на масата и ја доби спечелената опклада - едно шише коњак финшампањ!... По 10 години го видов “Аман-Дедика” во Стара Загора. Најпосле тој ги беше завршил науките во Женева и - веќе под името “Доктор Петко” - во Стара Загора го вршеше својот занает... со Загорска мастика... По уште неколку години тој умре од пиење. Уште по самоубиството на Григор П Дочев, во Женевската анархистичка група се случи расцеп. Процесот на нејзиното распаѓање
35
продолжил поради заемните обвиненија за неговото самоубиство и поради недостигот на доволна реШителност на комунарите да си набават средства и да ја продолжат работата. Кога кон крајот на мај 1898 година пристигнав во Женева, за да влезам во групата, распаѓањето беше целосно. ОлГа Балинова, веднаш по самоубиството на Грогор П. Дочев, се беше одделила од групата и кога јас дојдов во Женева, таа беше во Русе кај своите домашни. Димо Николов, кој секогаш пројавуваше диктаторски склоности и наидуваше во тој однос на решителен отпор' на своите другари, заедно со Тодора Златева, со која живееше заеднички живот, се беше одделил од групата и при моето доаѓање живееше во Лозана. Наскоро по моето доаѓање, Димитар П. Општински по едни објасненија од сентиментален карактер со Кина Генова, во кое време тој се направи луд и скокна од балконот на вилата божем “поместен” поради очајот за неискажаната љубов - Димитар Општински и Кина Генова најпосле се разбраа и се одделија од групата. Тие двајцата заминаа за Аnnecy, во Горна Савоја, за да ги соединат - како разумни луѓе - пријатните минути на вљубена двојка со ползата од чистиот високо-планински воздух на Горна Савоја во тоа жешко и загушливо лето. По заминувањето од Лом, Слави Мерџанов потона без вест некаде во Бугарија. Така што, кон средината на јуни 1898 година, од целата група, во комуната останавме само тројцата: М. Герџиков, Јордан Калчев и јас. Пред да замине со Кина Генова за Аnnecy, Општински ни соопшти, дека во текот на денот го сретнал во Женева, Костадин Нунков. Јас за првпат го слушав тоа име, дека тој дошол во Женева - тоа не ми остави никаков впечаток. Тогаш јас не можев да проникнам во иднината, за да знам, дека по три години ќе бидеме во село Текенџе, Бургаско, дека долго ќе живееме во една соба во Софија и дека неговите погледи на животот и на општествените односи се совпаѓаат со моите. Она, што беше интересно во тоа соопштение, беше, дека тој патувал со Лида Маер. Двајцата млади сопатници заборавиле да склучат формален брак, но не заборавиле да ги поделат леглото и своите портмонеа. Лида Маер се измолкнала од домашната контрола во Пазарџик и го повела Нунков со себе. Тие пропатувале низ Австрија и Германија, за да го заокружат своето свадбено патешествие, зашто по истечувањето на нивниот меден месец, сакале да стават крај на таа идила и на своето сопружничко сожителство. Секоја етапа од своето патување тие ја одбележувале со по една телеграма од Лида до татко и со една иста - стереотипна содржина: “Еnvoyer trois cents francs telegrafiqment !”11. Впрочем, тоа беше единствената 11 Испратете триста франци телеграфски.
36
фраза на француски, којашто Нунков ја беше научил и којашто ја изговараше навистина правилно. Лида Маер не беше многу убава, но умна, духовита и практична девојка. Веднаш, откако ја запрашале дали не стравува да оди сама доцна навечер и да биде сретната од некој безобразен маж, таа одговорила: - Мене не ми е страв од мажите. Мене ми е страв од децата. Таа беше ќерка на Јосиф Маер, по народност Чех, по подаништво Бугарин, по местожителство од Пазарџик, по занимање адвокат, по партиска припадност стамболовист. Како пратеник од владеачката партија, кога министер-претседателот внел во комората предлог за зголемување на пратеничките дневници, зашто дотогашната нивна количина не била доволна, Јосиф Маер ce исправил на клупата и кажал со својот чешки акцент: - Господине министер претседателе ! Дневните стигнуваат, ноќните не стасуваат! Истиот тој Јосиф Маер неколку години по авантурата на ќерка му со Нунков, ги фалел нејзините квалитети пред нејзиниот иден законски сопруг со зборовите: - А, па мојата Лида! Ама е бузеста! Ама е цицлеста! Ама е газлеста!!! И како и секој восхитен Чех, тој, при набројувањето на последниот физички квалитет на ќерка си, ги бакнувал собраните на куп краишта на прстите од десната рака. Во Villa Elévnore, кај што живеевме, често доаѓаше на гости Георги П. Стаматов, кој студираше право. Роден во Бесарабија, служел како артилериски офицер во Пловдив, тој сега поминуваше во најцрна мизерија со својата жена и детето - девојченце, - кое во тоа време беше бебе на неколку месеци. Тој не добиваше никаква издршка од никаде, a хонорарите за неговите раскази, кои ce печатеа во списанието “Мисла” на К. К. Крстев и во другите списанија, беа толку ништожни и така ретко ce добиваа, што тој ce беше удрил на пиење, со кое уште повеќе ја зголемуваше својата беда. Јас не ce сеќавам дека сум го видел некогаш во Женева сосема во трезна состојба. Тој секогаш си носеше во внатрешниот горен џеб на палтото едно плосната шишенце, полно со апсент. Кога некој ќе му дадеше и друга чаша од ова пиење, тој почнуваше да тананика една негова пародија на Мефистофеловата арија од “Фауст” Le veau f’on...12 која започнуваше вака: “Les Bulgares ne sont pas betes il ne paient pas leurs fettes” Гласот му беше глас на прч, при што тој ги истеруваше сите звуци низ носот. Тој изглед на прч ce дополнуваше од неговата брадичка - црна, долга, остра, одамна непоткастрена. Тој беше задолжен насекаде: на 12 “Златното теле...”
37
станодавачката, на фурнаџијата, на бакалинот, на месарот, на шивачот, на берберот, без надеж некогаш да си ги исплати долговите, a бидејќи беше живеел во разни квартови на Женева и насекаде ги беше “закрпил” продавачите околу секој негов стан, и не можеше да помине преку улицата, без да има расправија со некој од своите кредитори. Тој го сметаше за голем успех - кога маневрира вешто по улиците - ако успее да отиде некаде без да е сопиран и без да има расправија со некој за своите долгови. Подоцна , во текот на 1900 година, кога минував низ Женева, го видов заслужениот резултат од начинот на кој живееја и плаќаа некои Бугари, мегу кои беше и Г. П. Стаматов: врз сите огласи за издавање соби под наем, закачени по прозорците, ce читаше: Chambre meublée à lover, pas pour les Rousses et les Bougares13 Утешително беше, што Бугарите стојат на второ место. За сожелување, Г. П. Стаматов, како бесарабец, го соединуваше во себе и Русинот и Бугаринот... Тој доаѓаше во villa Eléonore секогаш, кога беше напишал некој нов расказ, за да ни го прочита и често во разговорите со М. Герџиков и другите комунари, нафрлаше проекти за идни раскази. Тој нѝ ги читаше расказите во малиот павилјон пред вилата, така што при читањето од време-навреме застануваше, за да голтне апсент од чашата. Јас мислев, дека во тие разговори и во тоа општење со комунарите пред моето доаѓање во Женева, тој беше го дооформил својот мироглед на целосна и сестрана критика на современиот живот, којашто ја споредува со своите раскази и којашто толку многу го доближуваше до нас. Нека биде спомнато патем, дека во ракописите - неговите раскази, од кои бликаше толку хумор и житејска правда, имаше многу граматички недостатоци и интерпункциски грешки. Откако во комуната останавме само ние тројцата, Јордан Калчев ce зафати сериозно со своите лекции по право, за да го надополни изгубеното време, a ние двајцата со М. Герџиков со составувањето и печатењето на два весника: М. Герџиков со “Глас на Централниот револуционерен македонски комитет”, a јас - со весникот “Одмазда” во кој статијата „Балканската федерација” ја напишав јас, a расказот Г. П. Стаматов. Овие весници беа отпечатени во печатницата на некој си Кузма Сидорацки, Русин-емигрант, во чијашто печатница тој набираше и печатеше разни илегални брушурки, кои на илегален начин ce испраќаа во Русија. Овие два весника излегоа и умреа со својот прв број. Во истото време ние станавме блиски y со еден Русин, познат од порано на М. Герџиков и Г. П. Стаматов, некој си Филатов, родум од град Иркутск, низок, силен човек, со широко лице, кус и дебел врат и со глава на однегуван бик, со зеленикаво-сини очи оддалечени едно од друго 13 Се издава под наем слободна соба - но не на Руси и Бугари.
38
повеќе од колку што е вообичаена, затскриени зад златните рамки, закачени на тенко златно синџирче, и со злобна насмевка, која потсетува на израз на куче, кое почнува да р’жи пред да ce спушти да укаса. Тој беше нихилист, студираше социјални науки и постојано ce дружеше со својата братучетка, како што велеше тој, една малечка, тенкичка, црноока Русинка, Катенка, која студираше медицина. Како секој Русин, Филатов пиеше, при што му даваше предност на зелениот шартрос и на бенедиктинот пред апсентот. Од овој Русин јас бев зел за читање две брошури: едната на француски - “Les crime de Dieu”14 од Seb. Faure, a втората на руски - “Речта на Емил Анри”. Истовремено, со трчаницата и грижите околу отпечатувањето на весникот “Одмазда”, јас ги преведов на бугарски овие две брушури, откако нивните преводи беа подложени на подценување од страна на Г. П. Стаматов, кој еднакво добро ги владееше и трите јазици: бугарски, руски и француски. Ракописите, поправени според прегледот на Г. П. Стаматов, подоцна ги донесов во Бугарија и му ги дадов на прочитување на Гоце Делчев, кого што го сретнавме со Слви Мерџанов во Пловдив во текот на октомври 1898 година, пред да заминам во Македонија. Овие два ракописа беа издадени од Гоце Делчев во две брушури: “Злосторствата на Господ” и “Речта на Емил Анри”. Една вечер во бифето на Les bastions15, Г. П. Стаматов, Филатов и Катенка седеа на масата, отпиваа од своите чаши и ја слушаа музиката, којашто ја свиреше увертирата од “Вилхелм Тел”. Г. П. Стаматов рекол нешто, коешто Филатов го оценил за навредливо, бидејќи било речено пред Катенка, или пак на сметка на Катенка - тоа добро не си го припомнувам - и Филатов скокнал, удрил по масата со тупаница и му објавил на Стаматов двобој, a потоа ја зал под рака својата Катенка и излегол. Следниот ден Стаматов дојде во villa Eléonore и нѐ покани нас двајцата М. Герџиков и мене - да му бидеме секунданти, a такви од страната на Филатов сакале да бидат двајца Руси, на чии што имиња не можам сега да ce присетам. Со оваа глупава историја ние со М. Герџиков изгубивме три дена во напразни убедувања да не ce одржи двобојот. Филатов беше непопустлив - сакаше навредата да ce измие со крв. Бидејќи во женевскиот кантон ранувањето или убиството во двобој ce смета за обичен кривичен престап, секундантите на Филатов настојуваа двобојот да ce одржи на француска територија, каде што двобојот ce сметаше за умна и благородна работа. Ние двајцата со М. Герциков немавме сметка - особено сега, кога претстоеше растурањето на веќе отпечатените весници - да имаме било какви расправии, кои неминовно ќе ја придружуваат оваа глупава истори14 Злосторствата на Господ. 15Тврдините - името на централната Градска градина во Женева.
39
ја, ако двобојот ce одржеше. Притоа, таткото на М. Герџиков никако не беше задоволен од начинот на кој мудрата пчеличка - син му М. Герџиков, го собира медот од цвеќињата на универзитетската градина, та беше разумно тој да замине за Пловдив и со помошта на мајка му, која имаше голема слабост кон својот првороден син да го убеди татка си да му ја продолжи издршката и во текот на идната година.Кон крајот на третиот ден од секундантските преговори, јас му реков на М. Герџиков: - Слушај, ај ти замини си за Пловдив и остави ме јас да ги завршам тие слепечки преговори! И така јас им соопштив на Филатовите Руси, дека сосема непредвидено и неочекувано, М. Герџиков треба веднаш да замине за Бугарија и сега ce подготвува за пат, a јас - останав сам - не можам да водам преговори понатаму. Следователно, преговори ќе можат да ce водат не со мене, тку со оние секунданти, кои Стаматов одново ќе ги посочи. Така заврши нашето секундантство. Два дена по заминувањето на М. Герџиков за Пловдив ние со Јордан Калчев вечерта отидовме да ја слушаме музиката од бифето на Les bas tions. Ја свиреа пак увертирата од “Вилхем Тел“, кон која и двајцата со Калчев имавме голема слабост. На една маса ги видовме како седат Филатов, Г. П. Стаматов и Катенка.Тие живо разговараа, ce смееја и пиеја од чашите: Стаматов од апсентот, Филатов од зелениот шартроз, a Катенка од чашката со кирасо... Подоцна во текот на 1913 година, меѓу двете фази на Балканската војна, случајно наидов на името на Филатов. Во едно руско списание сега не ce сеќавам кое беше - сретнав една статија, потпишана од него. Во таа статија - спротивно на статиите во другите руски списанија и весници - ce штитеше тезата на Бугарија по прашањето за “спорните” зони во Македонија. Кон средината на јули истата година М. Герџиков замина кај домашните во Пловдив, за да ce договори со татко му за неговата издршка, за следната универзитетска година, така што во villa Eléonore останавме да живееме само ние двајцата со Јордан Калчев. Отпечатувањето на весникот “Одмазда” ми ги исцрпе сите средства и јас - за да преживеам до следното добивање на пари од вујко ми, бев принуден да продадам том по том од 18-те тома од енциклопедијата на Дидро, којашто пред една година М. Герџиков ја купил од еден букинист за 20 франка. Една вечер, наскоро по заминувањето на М. Герџиков, со Јордан Калчев ce вративме доцна вечерта. Вратата на вилата ја најдовме заклучена. Тропнавме на зградата во близина на вилата, каде што живееја сопствениците, за да го земеме клучот, да отвориме и да ce прибереме. На балконот ce појави станадавачката, која одби да ни го даде клучот. На
40
прашањето: зошто нема да ни го даде, таа, задишана од злоба, одговори: Parceque... parce que vous n’etes qu’un brigand, Monsieur!16. Треба да го објаснам следново: Јордан Калчев вообичаено стануваше наутро многу рано, пред да изгрее сонцето и правеше мала прошетка покрај рекичката, којашто ја пресекуваше ливадата и градината, коишто ја опкружуваа вилата и по прошетката седеше да го “буба” своето право. Наскоро пред заминувањето на М. Герџиков, при една од тие прошетки, тој ги забележал плодовите на една рана круша во градината. Тој го забол бастунот во земјата, ce качил на дрвото и си ги наполнил џебовите со круши. Неколку дена со ред тој ја правел оваа операција. Едно утро јас ce разбудив од силните викотници од градината и излегов да видам што ce случува. Ја затеков станодавачката со бастунот на Калчев во раце и Јордан Калчев смирено исправен пред неа. Тој - цел Голијат, со голема кадрава, црна коса и лице обраснато со црна, долга брада, a таа ситничка, сува, та уште и подграбавена возрасна жена. Таа мафташе со бастунот и го удираше Калчев каде што ќе стигне и викаше колку што и држи гласот: - Au voleur! Au voleur17. Калчев мирно ги поднесуваше ударите и повторуваше со низок глас: - Mais, ne crier pas! Ne crier pas autant que eele, Madame!18 Ние отрчавме co M. Герџиков и co голема мака одвај успеавме да ја скротиме побеснатата станодавачка, откако ѝ објаснивме, дека кај нас, во Бугарија, тоа што го направил Калчев, не ce смета за кражба и дека тој не ги знаел обичаите на овдешната земја. Vila Eléonore ce наоѓа во средината на една пространа ливада и градина, притоа беше многу рано наутро, така што никој од соседите не слушна и не ce придружи на викотниците на станодавачката, таа, имено, остана многу озлобена кон Јордан Калчев. Веројатно сега таа беше забележала, дека М. Герџиков не ноќева веќе во вилата и затоа вечерта нѝ ја затвори вратата и не прати по ѓаволите. Ние немавме пари за да ноќеваме во хотел и затоа ce вративме назад во градот , седевме до полноќ во чекалната на Железничката станица и завршивме со тоа што преспавме на клупите во паркот Ariane. Следниот ден ние ја најдовме бившата станодавачка на Д. Општински, Madame Chevallaz, која од скоро ce беше преместила и сега живееше близу до реката Arva, на chemin des Minoteries, No 9. Иие двајцата ce сложивме да земеме пансион кај неа. Јас, исто така, останав кај неа на стан, a Калчев си најде стан на друго место. 16 Затоа што... затоа што вие сте разбојник , господине! 17Крадец! Крадец! 18 Ама - не викајте! Не викајте толку, госпоѓо.
41
Кон средината на август 1898 година, околу 10 часот наутро, јас бев изненаден од пристигнувањето на двајца луѓе: Слави Мерџанов и Димитар Коштанов. Со Коштанов ce бевме запознале пред две години во Софија, кога со М. Герџиков и Т. Иванов бевме отишле во Софија и ноќевавме во клубот “Ослободување”, каде навраќаше и тој. Овие двајцата, штом пристигнале во Женева, од железничката станица со трамвај отишле до крајот на Caronge19, најблиската постојка до villa Eléonore, за да ме најдат. Но, бидејќи таму не можеле да им ја дадат мојата адреса, отишле да ја бараат M-me Chevallaz на старата адреса, rue de Carouge. Оттаму тие ја дознале нејзината нова адреса и имале намера од неа да ја дознаат мојата адреса. Тие беа многу пријатно изненадeни кога ме видоа, без да има потреба да крстосуваат веќе низ градот. Тие и двајцата беа многу елегантно облечени - нешто што многу ме зачуди, особено за Д. Коштанов, кој што го бев запаметил многу лошо облечен, “со зимско палто и галоши лете, a со тенко палто и сламена шапка зиме”, како што го карактеризираше тој модниот начин, според кој обично ce облекуваше. Јас почнав да ги прашам поради какви среќни околности ги гледам во Женева и така добро облечени, но Слави Мерџанов ме пресече: - Нема време за губење. Ќе ти објасниме подоцна, кога ce вратиш. Сега - земи ги овие пари и бегај да го фатиш возот за Цирих. Таму, на железничката станица, оваа вечер или утре наутро ќе видиш една позната за тебе личност. A која е таа позната за мене личност? - Да не мислиш, дека е некоја госпоѓица? Ќе беше така, ако ce викаше Стефанка Михова. -Ама таму, значи, ќе го видам Стефан Михов? - Токму така. Договорено е да ce сретнеме денес или утре наутро на железничката станица во Цирих. Парите ќе ви стасаат за патни и други трошоци на вас двајцата до овде. Довидување! Јас ја зедов шапката, отидов кај мостот на Арва на rue de Carouge, ce качив на трамвај, којшто поминува по таа улица за железничката станица Camavin и по нешто помалку од 20 минути бев на станицата, го фатив возот за Цирих и додека ce стемни ги обиколував пероните, но не го видов Стефан Михов. Кога ce стемни, отидов во еден од хотелите на плоштадот пред железничката станица да ноќевам. Не вечерав - од економичност и поради секаква евентуалност - да имам кај себе повеќе пари, ако нешто ce случи, зашто, ако и покрај тоа што не ми беа дадени никакви објасненија, јас сфаќав, дека оваа работа не е сосема чиста. Наутро бев многу изгладнет и слегов во ресторанот на хотелот да појадувам. Појадокот 19 Југозападно предградие на Женева, разделено од градот со р. Арва.
42
чинеше 45 сантими, коишто јас претходно ги платив, за да не се задржувам по појадокот со плаќањето. Ми сервираа во послужавник, на кој беа наредени: едно грне со повеќе од половина литар пресно подварено млеко, едно друго грне со кафе, едно чинивче со неколку лажички шеќер, едно чинивче со пресно масло, едно чинивче со мед, друго - со слатко, трето - со мармалад и една чинија со шест кифли во неа, од оние, кои на француски се викаат рetit pain20 и кои се продават по пет сантима едната. Јас го “смачкав” сето: и млекото, и кафето, и шеќерот, и маслото, и мармаладот и медот и слаткото, и шесте кифли, па дури се засрамив од себе си, кога се избришав со салфетката и си излегов од ресторанот... Отидов на железничката станица. Уште штом влегов и се упатив кон перонот, го видов Стефан Михов во сив летен, излитен костум, со сив каскет, ги ставил рацете во џеповите на панталоните со наведната глава и “обесен” нос кон земјата, како иде длабоко замислен кон мене. Кога го повикав тој се стресе, ја подигна главата и - откако ме виде - така се зарадува, како да се враќа од оној свет. - А ти знаеш ли, дека ако до ручек не дојдеше, јас ќе завршев со себе? Немаше да им дозволам да ме враќаат назад во Бугарија. Ене го - и тој ми покажа во својата рака еден доста голем пакет со хинин, којшто сакал да го проголта, ако не го најдев. - Но кој ќе те враќа? Еве не, Мерџанов ме испрати да те барам веднаш по неговото пристигнување во Женева. Тој не ти објасни ништо? Не. Брзаше да ме испрати. Немаше време. Е, тогаш и јас немам што да ти објаснувам. Имаш ли ти пари за билет? Зашто јас немам ни стотинка. Имам. Ми дадоа за пат и за трошоци на двајцата. Јас отидов на шалтерот, за да проверам кога има воз за Женева. Ми рекоа, јас зедов два билета, едниот го дадов на Ст. Михов, му ги дадов и половината од парите што беа останале, и двајцата отидовме да се прошетаме покрај езерото додека дојде време за патување. Се качивме на возот. Во Бер и во Фрибург имавме по 1-2 часа одмор. Ние го искористивме одморот за да направиме по една мала обоколка низ тие градови. Ст. Мигов стана пак весел, каков што го знаев од порано, а бидејќи не сакаше да ми објаснува ништо, и јас повеќе не настојував. За време на целото патување до Женева си припомнувавме за разни епизоди од нашите ученички денови и се смеевме од сѐ срце. Вечерта пристигнавме во Женева. По вечерата, во мојот стан останавме: тројцата новодојдени, Јордан Калчев и јас. Разговаравме долго, до полноќ, кога Калчев со отиде. Новодојдените ни го раскажуваа следното: 20 Лепче.
43
По самоубиството на Григор П. Дочев и заминувањето на М. Герџиков за Женева, Слави Мерџанов не се откажал од намерата да набави средства за Женевскиот комитет. Претпоставувал, дека такви средства ќе може да набави во Русе, каде што ги познавал условите и имал блиски пријатели. Токму затоа со Ст. Михов отишле во Русе и откако се убедиле дека не ќе можат ништо да направат, решиле да се вратат во Софија, но поминале низ Лом, за да го распостранат во Ломско преку нашата комуна манифестот на Женевскиот комитет и да воспостават врска со таа комуна, за чие што постоење знаеле од моите писма до М. Герџиков во Женева. Како се запознале Слави Мерџанов и Ст. Михов со Димитар Коштанов, не знам, но тие набрзо станале многу блиски и неразделни другари. Не знам, исто така, кај кој прв се зародила идејата да си набават средства од бугарската држава, но тие наскоро пристапиле кон нејзино исполнување. Планот бил едноставен: Ст. Михов, телеграфист во централата во Софија, ќе заведе - божем како навистина од провинцијата да се примени - две телеграми за испратени средства за Виена, телеграфски. Тој ќе ги предаде во апаратната техника “добиените” телеграми, за да бидат протелеграфирани за Виена од апаратната техника, Ст. Михов ќе избега од Бугарија и ќе ги доведе своите другари во Цирих. Колку и да е едноставен овој начин, имало и многу тешкотии во неговото исполнување. Требало да се извадат соодветни пасоши на вистинските имиња на Сл. Мерџанов и Д. Коштанов и други три пасоши со фалсификувани имиња на тројцата. Телеграфските записи ќе треба да бидат адресирани на фалсификуваните имиња на примателите, кои по добивањето на парите, треба да ги уништат фалсификуваните пасоши и да патуваат со вистинските имиња и пасоши. Требало да се визираат петте пасоши. Сето тоа изискувало трчање, снаодливост, време и средства за доста облека и патни трошоци: на Мерџанов и Коштанов до Виена, а на Михов - до Цирих. Како и да е - пречките биле надминати и планот бил целосно реализиран. И покрај сите предвидувања, малку требало сето тоа да пропадне: “добиените” од провинцијата телеграми биле божем испратени од Гебеџе, а во тоа време во Гебеџе - железничка станица меѓу Каспичан и Варна немало телеграфско-поштенска станица. Михов не бил доволно внимателен за тоа како телеграфист, кој што ги предавал во Варна “добиените” телеграми и да се потруди да провери во прирачникот постои ли во провинцијата таква телеграфско-поштенска станица. Како Ст. Михов, така и оние од Виена би влегле во затвор, а трчањето, напрегањето, изгубеното време и потрошените средства би отишле во неврат. Кога Михов ги давал на својот колега “добиените” телеграми и овој послед44
ниот - кога дознал, дека се од Габеџе - погледнал кон прирачникот, Михов кој веќе се сетил за својата грешка си помислил: - Сега ја вапцавме! - но се совладал и го зачувал спокојството. Веројатно, го мрзело колегата да го прелистува прирачникот и тој ги препратил телеграмите во Виена. На Михов му олеснило и веќе следниот ден патувал преку Србија за Цирих. Кога поштенскиот раздавач ги побарал Мерџанов и Коштанов во Виена според нивните фалсификувани имиња, тие биле во хотелот. Ги добиле парите, му дале по една форинта бакшиш, ги ставиле парите во чантичката на Мерџанов - една тумбеста елипсоидна чантичка, носена со ремен преку рамо, како што сега љубителите фотографи ги носат своите фотографски апарати. Потоа тие излегле да се прошетаат по Пратер, отишле кај џамијата, изградена од Кара Мустафа Паша на времето, кога ја опсадувал Виена, заобиколиле околу црквата Св. Стефан и пиеле меланж во кафеаната “Мендел”. Кога се вратиле во хотелот, тие претрпнале: во хотелот, седејќи ги чекал поштенскиот разнесувач којшто им ги броел парите и кој, откако ги видел како влегуваат, станал и се приближил до нив. Како некој да ми ја исече чантата!- расправаше Слави Мерџанов. Работата беше проста: разнесувачот пропуштил да ги одбележи во својата книшка броевите на нивните пасоши. За среќа, далдисани во разгледувањето на Виена, тие не ги уништиле пасошите со фалсификуваните имиња, па ги покажале, разнесувачот си ги зел белешките што му требале - и работата се завршила со уште по една форинта бакшиш за разнесувачот. Целата, протелеграфирана во Виена сума изнесувала 6.700 златни лева, коишто во Виена им биле броени во златни монети. Мерџанов и Коштанов ги извадија и ги преброија парите, кои што ги носеа. Откако го одбија првобитно земениот заем во Софија /којшто остануваше Коштанов да го врати во најскоро време/, остануваше чиста сума нешто повеќе од 6.300 франци - 315 златни наполеони истурени на купче врз масата. Ст. Михов не се стрпе и забележа: - Ако имаше уште двајца, на кои да се телеграфира, ова купче ќе беше двапати поголемо. Иа тоа, Д. Коштанов, кој секогаш беше полн со хумор и остроумност, дофрли: - А ако бевме десет души, ова купче ќе беше стопати поголемо... Ти речи бериќет-версен, што не попаднавме во затвор со твоето глупаво Гебеџе! Во тоа време, оваа сума од 6.300 лева, која сега изгледа ништожна, беше голема сума. Средствата беа набавени, но комитетот веќе не пос-
45
тоеше. Кому треба да му се предаде таа сума? Душа на комитетот, всушност, беа М. Герџиков, Григор П. Дочев и Димо Николов. Првиот беше во Пловдив, за да ја уредува личната издршка за наредната година, вториот не беше меѓу живите, а третиот, озлобен против сите, освен против себе си и Тодора Златева, не знаеме каде е. Од друга страна, положбата на Мерџанов, Коштанов и Михов, откако меѓународната полиција беше ставена на нога за нивно фаќање, беше таква, што тие, не само што не требаше да го претставуваат комитетот, но не можеше ни да останат во Женева, туку да се распрснат на разни страни. Поради тоа што имаше тромав ум и што му недостигаше внимателност. Јордан Калчев не можеше да го олицатворува комитетот, а јас бев многу млад и многу нов меѓу сите и не можев да бидам натоварен со целосно комитетско раководење. Така што - најразумно беше добиената сума да се подели меѓу тројцата, коишто ја беа добиле, а самите тие - да отпатуваат уште утре од Женева. Парите беа поделени, на секој по 105 наполеони. Коштанов и ние двајцата со Калчев настојувавме сите по различни патишта да заминеме за Македонија, таму да се населиме во неколку места и да формираме анархистички групи, чиишто натамошни дејства ќе зависат од тамошните услови. Михов и Мерџанов беа на друго место ако Коштанов замине сега за Македонија, тие двајцата сега да заминат на друга страна - Михов во Белгија, а Марџанов во Франција, така што да се покријат секакви траги. Тоа му даде повод на Коштанов, кој таа вечер на неколку пати се зајаде со Мерџанов, саркастично да забележи: - Така е. Вие сте од оние мајстори во занаетот, кои - откако ќе украдат сто лева, треба да потрошат илјада лева, за да се сокријат. Кој каде што сака, таму нека оди! Јас утре преку Марсеј заминувам за Солун. Ќе ве чекам да ми се јавите по еден, најмногу два месеца и половина, дотогаш ќе држам на располагање на сите што сме овде 1.800 лева. Ако дотогаш не бидете во Македонија, јас ќе се сметам за слободен да правам како што оценам дека е најдобро. Бидејќи можностите зависат од средствата, решението претходно беше донесено: Коштанов уште утре да замине преку Лион-Марсеј за Солун, Михов - за Брисел, а Марџанов, за да не патуваат заедно со Коштанов во еден воз или во еден ист правец, во еден ист ден, по дваесет и четири часа ќе замине за Лион. Договоривме Коштанов да ми се јави по пристигнувањето во Солун мене во Женева и да ја даде својата адреса во Солун. Од претпазливост - ако случајно неговото писмо пропадне, да пишува во шифра. Востановивме шифра, која ќе биде едноставна, за лесно да се памети: ако не ме лаже умот, клучот беше бројот осум вообичаените букви, ќе се пишуваат оние, кои се осми по ред по одредена буква, на пример, “Женева” по шифра ќе биде “онфнка”.
46
Следниот ден, рано наутро, во мојот стан дојде Г. П. Стаматов. Откако бевме избркани од villa Eléonore, тој многу ретко доаѓаше во мојот стан, почесто јас одев во неговиот било поради тоа што често минував покрај него /тој живееше на Plein Palais21/, било во врска со преводот на брошурите, коишто ги спомнав погоре. Ce случи, меѓутоа, тоа утро да дојде дома и таму да сретне еден стар познајник - Сл. Мерџанов. Тој ce запозна со другите двајца, кои ce претставија како студенти: едниот во Лион, a другиот во Брисел, за првпат излегуваа од нашинско, патувале до овде со Мерџанов и денес си заминуваат, за да ce населат пред да ce запишат на попознати универзитети. Мерџанов, кој од порано ја знаеше слабоста на Стаматов, го испрати момчето на станодавачката за апсент. Стаматов остана до моментот, кога требеше да заминеме на железничката станица. Попаднат во такво пријатно друштво, каде што може да пие апсент колку што му ce сака, Стаматов посака и тој да дојде и да ги испрати до железничката станица Comavin. Зедовме трамвај и отидовме на станицата, бевме дојдени точно на време: Коштанов одвај имаше време да си земе билет и да ce качи во вагонот - и возот тргна по линијата за Белград - Лион. Ние го испративме и отидовме во бифето, за да го чекаме поаѓањето на возот за Лозана Базел - Брисел, кога двајца униформирни полициски стражари влегоа во бифето и седнаа на една маса, соседна со нашата. Одвреме-навреме тие погледнуваа кон нас, главно кон Ст. Михов. Треба да наведам, дека во Женева, униформирани полициски стражари влегуваа во локалите или ако ги повикаат, или ако ce сомневаат во некого за некаков престап, или ако треба некого да уапсат. Откако ја испивме и плативме порачката, ние станавме да одиме кон чекалната, за да си земе Михов билет. Михов и јас заедно, непосредно биско зад нас Стаматов, a по него - Марџанов и Калчев. Едниот од стражарите го запраша Михов: - Votre nom, s’il vous plait?22 Наместо Михов, одговори Стаматов - со какво право полицијата ги вознемирува граѓаните? Стаматов ce зајаде со стражарите и ние со Михов, којшто почна да намигнува како глушец во брашно, полека ce извлековме и продолживме бавно да одиме, зашто ce трудивме да го зачуваме спокојството. Околу Стаматов и стражарите ce собраа луѓе, кои со љубопитство ја слушаа расправијата. За тоа време Мерџанов и Калчев не настигнаа. кога требеше да свртиме зад аголот, јас фрлив поглед кон Стаматов - кој си ја клатеше глвата како прч, a брадичката му земаше ту хоризонтална, ту вертикална положба, и до мене допираа неговите нецелосни фрази: 21 Кварт во Женева, во центарот на градот. 22 Вашето име, ве молам? 23 Без сомнение, без сомнение.
47
“Sans dоute. sans dоute”23 “...très bien connu ...“24 “...de près...”25 “...j’en réponds...”26 Ако Стаматов знаеше каков однос има меѓу личноста на Михов и љубопитноста на стражарите, немаше да биде така самоуверен, смел и строг во своите критики спрема полицијата - и Михов не би ce извлекол, зашто само неупатеноста е строга, точна и самоуверена. Откако свртевме и ce изгубивме од пред очите на стражарите, опколени од несообразените и љубопитни луѓе околу нив, јас му реков на Михов: - Сега - брзај да фатиме трамвај за Eauh Vives! - И, откако ce свртев кон Калчев и Мерџанов, проговорив: -А вие одете дома. Јас сам ќе го испратам. A требеше да го испратам, зашто Михов не знаеше ни да бекне француски. По половина час дојдовме на железничката станица ...................последната станица на француските железници од компанијата Пелем /Р. L. М. Paris - Lyon - Mediterranée/. Возот требеше да тргне кон Сент Мориц. јас зедов билет, му го дадов на Михов, кој ce качи во вагонот. Возот тргна, јас врвев покрај шините, паралелно со вагонот и порачував: Пиши! Пиши ми кога ќе заминеш за Македонија! Иа лицето на Михов ce појави една неодредена насмевка, каква што досега на бев видел на него. Тоа беше последната насмевка, којашто ја видов на неговото лице... Три-четири дена по неговото заминување, јас добив од него едно писмо, упатено за Мерџанов. Тој пишуваше, дека нема да заминува за Македонија, бидејќи ропството не постои само таму. Тоа - ропство - постои насекаде и тој ќе ce бори против него каде и да ce наоѓа, и дека тој ќе ја заврши таа борба подостојно, посмислено и похрабро од Вајана... По 19 години, во 1917 година, го видов пак - и за последен пат Ст. Михов. Јас бев војник во 4-ти Македонски полк, бев на отсуство и на враќање застанав во Софија за да земам карбитни лампи за дружината. Случајно разбрав дека Михов е во Софија началник на одделението за социјални грижи во Министерството на трудот.Отидов да го видам; остарел, опаднат, со изгаснат поглед, со долг, остар нос, со долга, остра побелена брадичка, тој имаше изглед на стар француски нотариус. Скитал во Белгија, Англија, Америка, научил неколку јазици, завршил неколку факултети ... и дошол во Бугарија, урнатина готова веднаш да ce урне. Наскоро потоа тој и умрел. Каде и како - не знам. Во секој случај, тој умре, но не подостојно, ниту посмислено, ниту похрабро од Вајана ... Како понекогаш животот со нас ce поигрува! 24 Многу добро познат. 25 Отблиску. 26 Јас одговарам за него.
48
Студентите од Женевската комуна беа многу слични на оние четворица париски студенти за кои раскажуваше една улична француска песна, која беше на мода тоа време и од кои: Le première faisait des lettres Le deuxième du Droit Romain Le troisième faisait des dettes Le quatrième n’faisait rien27. Сл. Мерџанов беше олицетворение на четвртиот од нив; две години тој имаше живеано во Женева, a не знаеше каде е вратата на Универзитетот и не беше научил ниту еден француски збор. Јас ce вратив дома. Славе Мерџанов и Јордан Калчев беа таму и ме чекаа. Случката на станицата нѐ предупреди, дека меѓународната полиција е крената на нозе и дека нема време за губење. Мерџанов треба да замине од Женева уште таа вечер и да ce насели во Лион. Да замине - ами кога не знае да зборува француски? Решивме - да заминеме и тројцата, да го сместиме, по што Калчев и јас ќе ce вратиме во Женева. Штом помине полицискиот аларм, ќе ce собереме одново и ќе заминеме за Македонија. Треба да забележам, дека за минување на границата од Швејцарија до Франција и обратно не ce бараа пасоши, ce вршеше само царинско прегледување на багажот.Вечерта заминавме и наутро пред разденување пристигнавме во Лион, на железничката станица Perrache. Тргнавме да бараме стан на Сл. Мерџанов, кој беше станал многу пробирлив: станот да не е многу на високо, да е светол, да има од прозорците широк и убав поглед, да биде добро опремен со мебел, a и станодавачката да биде млада и убава, за да не го плаши. Од дамнина ce знае, дека две добрини на едно место не ce собираат, a овде ce посакуваше да ce соберат шест убави нешта на едно место - нешто посебно тешко за реализирање во Лион со неговите повеќеспратни куќи и тесни улици. Целиот ден го поминавме во барање стан и никако не можевме да најдеме, затоа што Сл. Мерџанов cè нешто наоѓаше за неубаво. За време на тоа скитање низ градот ние го посетивме плоштадот, каде пред четири години претседателот на Републиката, Сади Карно, бил убиен од Италијанецот - анархист Санто Кезерис. Со трамвај ce качивме на ридот La croix Rousse, целиот во градба, од каде што има убав поглед кон местото, каде што ce сливаа реката Рона со реката Сена и каде што - пред 105 години - откако војските на Конвентот го уништиле седиштето на востанатите лиончани против диктатурата, бил поставен плакат: “Lyon 27 Едниот студираше литература, Другиот - римско право, Третиот правеше долгови, Четвртиот ништо не правеше.
49
s’est révoltée contre la liberté. Lyon n’existe plus28. Глупава бесмислица - како e возможно некој да ce бунтува против слободата, ако таа е навистина слобода? Диктаторите од Конвентот сакале да запусти градот, кој ce беше разбунтувал против нивната тиранија. Меѓутоа, Лион постои, живее, расте, создава богатства, самиот тој ce збогатува, a од оние кои го посакувале неговото запустување и ја пролевале крвта на неговите граѓани - од нив не останал ни помен... И следниот ден продолживме да бараме стан и одвај околу 4-5 часот попладне наидовме на станот на Mme Schilte, која живееше недалеку од железничката станица. Perrache на quai Claufe Bernard, No 1, во првиот антресол. Собата, којашто ce издаваше, беше многу добро опремена со мебел со два прозорци, од кои имаше широка и убава глетка кон реката Рона. Имаше алков29, за чие што отвораање ce поткреваше подвижниот дрвен ѕид, којшто го закриваше. Врз креветот имаше балдахин и завеси од кадифе со темно-вишнова боја. Mme Schilte која беше облечена во пењуар, беше жена на хусарски капетан - доста убава дама, на околу 35-36 години со добро обликувана фигура, среден раст, констенливи очи и коса. Дали погледот од прозорците, или убавиот мебел, или пак самата станодавачка му ce допадна, но Сл. Мерџанов ce насели во овој стан. Ја договоривме цената. Тој требаше да плаќа 75 франци на месец за стан и пансион: наутро појадок со млеко и кафе, за ручек - супа, зеленчук, готвено или печено, десерт и вино. Откако ги договоривме условите, Mme Schilte сакаше да Hè задржи за вечера и да не запознае со мажот, кој наскоро требало да дојде, но ние со Калчев одбивме: возот наскоро заминуваше за Женева, па немавме време. Мерџанов си го остави багажот во станот и дојде да нè испрати на железничката станица Perrache, a потоа ce врати во куќата. Ние ce вративме во Женева. Животот пак влезе.во вообичаениот тек: Калчев продолжи да го “буба” своето право, a јас - да учам француски. Штрајкот на железничарите, којшто беше објавен на пругата Пелем во Франција заврши без придобивки, задушен со воена сила. Кон крајот на месец август во Женева беше убиена од еден работникчевлар, Луиџи Лукени, Италијанец - анархист, австриската императорка Елисавета. Врз старите пластови од доживувања течението на животот напластуваше нови - и интересот на полицијата за аферата Михов Мерџанов - Коштанов заглувна под притисокот на cè поновите напластувања на животот... Помина повеќе од месец откако Мерџанов беше населен во Лион, a во Женева почнаа од Бугарија да пристигнуваат студенти, но М. Герџиков cè уште го немаше. Од Д. Коштанов одамна бевме добиле 28 Лион ce разбунтува против слободата - Лион веќе не постои! 29 Алков - дел од собата, одделен со подвижен двоен ѕид кај што ce наоѓа леглото.
50
писмо. Тој ја даваше својата адреса во Солун и очекуваше да му јавиме кога ќе тргнеме и ние. Но, ние не му бевме одговориле, зашто од Мерцанов немавме никакво известување - тој како да потона во Лион. Една вечер ние со Калчев во мојата соба читавме еден од романите на Емил Зола, ако не ме лаже умот “Жерминал”, на вратата некој чукна: влезе Мерџанов, со бастун на рамо. На нашите прашања зошто досега не ни ce јавил и зошто така ненадејно доаѓа, тој одговори: - Кому му држи крстот, да отиде на моето место во Лион! Јас веќе не можам! Па тоа било страшно животно - таа Mme Schilte! Толку жедно и лакомо за човечка, за машка сила! И тој ce сврте кон Калчев - кај тебе многу ѝ ce допаднало тоа - што си крупен, здрав и силен како бик, a тебе - ce сврте кон мене - тебе многу те бендисала, зашто си многу млад и за неа претставуваш нешто како деликатес. И тој ни го раскажа следното: Откако си отишол од станицата во куќата, тој го затекол мажот на станодавачката, еден типичен француски коњички офицер, какви што среќававме на секој чекор, кога скитавме низ Лион да баравме стан. Тој бил многу љубезен и разговорлив, но Мерџанов ништо не разбирал од она што му го говорел и за цело време на вечерата испуштал ер големи, т.е. молчел како сом. Наутро тој си бил во креветот кога Mme Schilte му го донела појадокот и го запрашала нешто, што тој не го разбрал, но на кое без врска одговорил “Non”30. Потоа таа пак го запрашала, тој пак ништо не разбрал, но одговорил “Oui”31, и така таа прашувала, тој ништо не разбирал и потамина одговарал со “Oui” или “Non” - како што ќе му текне. Прашањата на Mme Schilte зачестиле, зачестил и Мерџанов со одговорите на истиот начин, само што давал разна интонација - кога извично, кога во знак на прашање. Тој разговор со неразбирливи прашања и случајни одговори продолжил неколку минути, додека - како резултат на едно негово “Non”, Mme Schilte не ја подигнале покривката и ce пикнала кај него во креветот. Кога ја видел до себе во креветот, Мерџанов веднаш научил француски, a таа - бугарски, така што натамошниот разговор им станал еднакво разбирлив и на двајцата: со заедничка согласност тие му го ставиле рогот на храбриот хусарски капетан Mr Schilte. И Мерџанов веднаш го изведе заклучокот: - Од кое следува, дека не само Рачо Петров, Матров, Савов и други офицери од храбрата бугарска армија го носат рогот. Сите офицери, од сите армии на земјината топка - сите ce рогоносци! Тој ден тие му ставиле на Мг Schilte неколку чифта рогови. Следниот ден, кога му покажала едно сино петно на градите, Madame Schilte му 30 “Не”! 31 “Да”!
51
раскажала нешто, од кое Мерџанов сфатил, дека за таа дамка станало збор меѓу Monsieur и Madame Schilte, на кое прашање изгледа дека ѝ бил даден задоволителен одговор, така што Mr Schilte ce смирил - и со тоа докажал, дека заслужено ги носи роговите кои му биле ставени. За Мерџанов оваа положба најпрвин била интересна, потоа му станало забавно, a уште подоцна - прифатливо, зашто Mme Schilte, која била голем мајстор во кулинарството, го ставила ова последното во услуга на односите со Мерџанов, за да му ги одржува машките сили. A тие сили требало да ce одржуваат, зашто Mme Schilte ги експлоатирала на најбезумен начин, Таа од ден на ден станувала cè поголема расипница, сакала постојано, непрекинато да му го става рогот на својот маж. Иоќум, кога мажот ѝ заспивал, таа станувала од неговиот кревет и одела во креветот на Мерџанов, a кога видела дека нејзиното кулинарско умеење е недоволно да го поттикнува вечниот оган, таа прибегнала кон специјалната за возбудување литература, фотографии, гравури и лекарства, коишто Мерџанов ни ги покажа пред да ги уништи. Таа не го пуштала да излезе од куќата, или излегувала заедно со него. На тој начин положбата му станала тешка, одвратна, дури неиздржлива. Неколку пати тој одел на железничката станица, за да избега, но таа го пристигнувала, го молела да остане, плачела, припаѓала - и тој попуштал и ce враќал. Најпосле положбата му станала толку неиздржлива, што тој решил по секоја цена да прекине со неа. Тој отишол на станицата - a таа по него, по една бура од плачови, риданија, молби тој си зел билет, ce качил во вагонот и ја оставил на перонот во рацете на двајца железничари, облеана во солзи, падната во безсознание. - Кому му држи крстот - да отиде на моето место во Лион ! - заклучи Мерџанов. Ова беше во втората половина на септември 1898 година. Беше време да заминам за Маледонија и да влезам во контакт со Димитар Коштанов во Солун, a исто така и со сите лица, кои ce интересираат за положбата во Македонија. Не можевме веќе да го чекаме М. Герџиков, кој можеше и да не дојде. Решивме следниот ден да ce подготвиме за пат и наредниот ден да заминеме: Мерџанов за Солун кај Д. Коштанов, a ние двајцата со Калчев - за Скопје. Иа тој начин, во овие два центра на Македонија ќе бидеме по двајца. Нашата прва работа ќе биде да формираме анархистички кружоци меѓу учениците од Солунската бугарска гимназија и од Скопското бугарско педагошко училиште, a потоа - новите услови ќе ни покажат што треба да правиме. Следниот ден јас си го направив куферот, ги ставив примероците од весникот “Одмазда”, поставен во корици, за да изгледа како книга во томови: него јас ќе го прошверцувам во Бугарија, каде што - од Пловдив - ќе го разнесам половината, a другата половина ќе ја пренесам таму -
52
преку учениците - и на други места. Беше договорено да патуваме со различни возови и по различни патишта: Мерџанов и Калчев по железницата преку Виена, Будимпешта, Балград и Софија, а јас преку Виена, Будимпешта, Сегедин, Темишвар, Оршова и оттаму по Дунав преку Лом, Кутловица, Берковица и Софија. Одредивме зборно место да ни биде кафеаната “Жална Македонија” во Пловдив, на плоштадот “Џумајата”, а кој пристигне порано, ќе наминува по неколку пати на ден до средбата со другите. Јас го одбрав патот преку Лом, за да го избегнам прегледот на царинарниците и конфискувањето на весникот “Одмазда”, затоа што оценувачот на царинарницата, В. Мулетаров, од гр. Брацигово, беше мој соученик од Пловдив. Се токмев - по пристигнувањето во Лом - да му бидам гостин и да преноќевам кај него, т.е. во царинарницата.
Следниот ден, рано наутро, заминав прв, зашто мојот пат беше најбавен. По мене заминале Мерџанов и Калчев. Царинскиот преглед на мојот куфер во Салцбург, при стапнувањето во Австро-Унгарија, помина без проблеми, како и сите патници коишто доаѓаа од Женева и јас бев подложен на најдетално испитување. По убиството на императорката Елисавета, австроунгарската полиција беше многу попретпазлива спрема сите, кои доаѓаа од Женева. Во Лом мојот куфер - како што предвидував - не беше прегледуван и јас ноќевав во царинарницата во собата на оценувачот. Мојот вујко беше многу непријатно изненадан од моето пристигнување. Нормално, според него, моето однесување беше необјасниво: одвај пред три месеци толку упорно го молев да ме испрати да студирам во Женева, а сега доаѓам од таму без да му јавам и без да сум се запишал на универзитетот. Тој, штом ме виде, ме запраша: Зошто си дошол? - Ке кажете првин “Добре дојде”, а потоа зошто си дошол? - се обидев да свртам на шега, а вујко ми пак така строго повтори: Пак те прашувам: зошто си дошол? Ќе заминам за Македонија да учителствувам. Собраните надвиснати веги на вујко ми се подигнаа. Дете, врати се во Женева! Врати се и заврши хемија! А зошто сега да не одам во Македонија? - Врати се во Женева! Заврши го универзитетот, стани самостоен човек - и тогаш врви каде што сакаш. Кога завршиш ти ќе станеш самостоен, полезен, баран човек. Ти ќе бидеш сосема слободен, зашто нема да бидеш товар на никого, а така, како што си, ти ќе зависиш за сѐ од другите, ќе станеш нивни роб, и вечно ќе бидеш роб. Врати се во Женева!
53
- Но, ако не отидам јас, ако не отиде друг, ако не отиде трет, ако никој не отиде во Македонија - тогаш кој ќе ја извојува слободата на нашиот народ? - Ти како мислиш - додека студираш неколку години, додека завршиш - ќе задоцниш? Да не сакаш да го мериш животот на народите со должината на својот живот? Ех, дете! Слободата е плод како секој плод, за да узрее, освен светлина, топлина и другите сили, кои дејствуваат врз него, треба и време. Времето е, тоа, кое ги регулира силите, ако тие сили дејствуваат во пократко време од неопходното, плодот “ќе се исуши, затоа што ќе изгори. Времето е најзначајниот од факторите. Ако е дојдено време нашиот народ да се ослободи, тој ќе се ослободи и без тебе, а ако не се созреани условите за неговата слобода, не ти, не триста, и три илјади, ами и триста илјади души како тебе - пак нема да направите многу нешто за ослободувањето на нашиот народ. Врати се во Женева! - Значи, вие сакате да ме убедите, дека лозјето сака молитва, а не мотика? Јас сметам, дека е точно спротивното. - Не. Јас сакам да го кажам тоа, што е речено од Соломон во Еклизијаст: има место, време и рок за секоја работа под сонцето: време за тага и време за радост; време за плач и време за смеа; време за уривање и време за градење; не е добро да се радуваш кога е време за тага, или да плачеш, кога е време за веселба, ниту да уриваш, кога е време за градење. Но, ти си уште многу млад, за да го разбереш тоа што ти го кажувам. Јас многу добро знам, дека искуството и мудроста на старите не се во состојба да го користат младите. И така - секој си остана на своите позиции. Следниот ден јас ги најдов во “Жална Македонија” Јордан Калчев и Сл. Мерџанов, коишто седеа на една маса со еден друг господин 26-27 годишен, со широки плеки, со крупно, црномурно лице, со црни мустаќи и црна, скоро избричена брада. Ме запознаа со него: Гоце Делчев. Јас го бев видел и порано овој господин. Пред четири години, во месец септември 1894 година, истиот ден, кога стапив во Военото училиште како јункер во подготвителниот клас, јас се качував по степениците на северното крило на училишната зграда, за да идам во магацинот и да земам алишта, за да ме облечат. Одозгора по степениците слегуваа тројца, од кои едниот јункер, а двајцата цивили. Тие шумно зборуваа. Оној во јункерската униформа, ми беше блиско познат: Тој беше Борис Дрангов, мој далечен роднина, родум од Скопје. Тие што слегуваа и јас се разминавме - тие слегоа надолу, а јас се искачив горе. Малку потоа Б. Дрангов дојде да ме види како изгледам во јункерската униформа. Од него разбрав, дека тие двајцата, што тој ги испратил до оградата на училишниот реон, биле бившите јункери Гоце Делчев од Кукуш и Мшие РазвиГоров од Штип.
54
Пред две години, тие и тројцата го завршиле трети клас на училиштето и поради некаква демонстрација, што ја направиле на Нова година, кога ги произведуваат младите поручници, тие и тројцата биле испратени во полковите да служат по казна како обични војници. Борис Дрангов ја издржа казната како војник во третиот коњички полк во Пловдив, а другите двајца - во други полкови. Сега тие веќе ја издржале казната и дошле во военото училиште, за да бидат произведени во потпоручници. Дрангов останал, но Делчев и Развигоров одбиле да станат офицери, ги облекле цивилните алишта и го напуштиле училиштето. Јас ги сретнав на степениците, кога си заминуваа. Виничката афера откри пред турската власт, дека населението во Македонија се организира и вооружува, за да востане еден ден против турската власт. По оваа афера под полициска истрага се најдоа, а потоа и беа осудени многу селани и неколкумина учители: ГриГор Манасиев, Голомехов, Тодор Станков и др. Власта стави рака и врз еден од главните организатори: Мшие Развигоров, којшто беше осуден и испратен на заточение во Подрум-Кале, Мала Азија. Но, најглавниот организатор Гоце Делчев, не беше фатен. По демонстрациите во Штип во 1896, година, настанати за време на погребот на едно штипјанче, убиено од еден Турчин, за време на која демонстрација учителот Гоце Делчев одржал една огнена реч против турската власт, неговата положба во тој град му станала невозможна. Тој станал нелегален и се посветил на организирање на населението. Организирањето на Македонците се засилило, но за нивното вооружување недостигале средства. Делчев решил да набави средства на чист разбојнички начин: Во текот на летото 1897 година тој со чета, во која бил и Врбан Килифарски, го фатил во Струмичко богатиот Назимбеј и побарал за неговото ослободување откуп од 3.000 лири. Иепознат автор - какви што се авторите на народните песни, - по ова фаќање напишал песна, која, веќе во 1899 година, - се пееше во Струмичко: Дил ми ти кажаф: седи, не оди Де, море, Селим-аго, де! Де, море, лично куче, де! Седи, не оди горе во планина Де море, Селим-аго, де! Де море, лично куче, де! Горе во планина, зер комити има! Тебе ќе те фатат, лири ќе ти земат. Лири ќе ти земат, мартини ќе купат. Овој негов обид не успеал, но во неговите погледи изградени во Военото училиште под влијанието на споровите, разговорите и 55
дружењето на четата со Врбан Килифарски, настанал значителен прелом. Пред се, тој веќе беше разбрал, дека ако македонското население ги мрази Турците, ги мрази не поради тоа што се Турци, т.е. инородци и иноверци, туку за тоа што ја олицетворуваат власта, којашто ја сочинуваат исклучиво тие. Под влијанието на Врбан Килифарски тој беше осознал и сфатил, дека Турците, земани како одделни личности или како човечка група, кога не се облечени во власт, се не само еднакво добри како Македонците, туку се многу почовечни и со поголема култура од нив. Пак под негово влијание, Делчев не ги мразеше Турците и Србите, иако во Военото училиште, колку и да беа култивирани, кај него се јавуваше омраза кон нив. За тоа, дека врз погледите на Делчев било работено и дека самиот тој работел за нивното менување и оформување, стануваше јасно како од симпатиите кон нас анархистите од Женевската група, со кои тој се запознаваше за првпат, така и од неговиот интерес кон преведените од мене анархистички брушури, особено кон “Речта на Емил Анри”. Тој ми ги побара ракописите, за да ги прочита. Пред разделбата со него, кога тој си замина за Софија, нам со Калчев ни претстоеше да заминеме за Скопје, јас му ги предадов ракописите. Подоцна тој ги отпечатил и издал овие брушури - нешто, кое најкрасноречиво зборува за влијанието, што го извршиле врз него како Врбан Килифарски, така и анархистите од Женевската група, со кои тој помина четири месеци во чета во летото и есента следната. година. Вечерта истиот ден, кога се запознав со Делчев, сосема случајно ми падна в раце едно строго доверливо писмо од Скопската бугарска митрополија, потпишано од скопскиот владика, високопреосвештениот митрополит Синесиј, адресирано до пловдивскиот митрополит. Во тоа писмо високопреосвештениот Синесиј му јавуваше на пловдивскиот митрополит, дека неколкумина селани од село Бродец - Скопска Црна Гора - заминале за Бугарија, во градот Пловдив, за да бараат работа како пекарски работници. Бидејќи тоа село било србоманско, а и покрај сите настојувања на Скопската бугарска митрополија - останувало незаинтересирано за настојувањата и татковските грижи на митрополијата да го приопшти кон духовната благодет на бугарската Егзархија, моли и настојува Пловдивската митрополија да ги направи нужните постапки пред бугарските власти тие работници да бидат изгонети од Бугарија. За горното, Синесиј настојува дотолку повеќе, зашто пловдивскиот митрополит - кој е родум од Кучевиште, соседно со село Бродец - е морално задолжен да ги принуди неговите собраќа да ја осознаат својата бугарска народност. Во истото писмо, кон крајот, беше даден и список на тие работници.
56
Содржината на ова писмо ме вознемири и уште истата вечер по вечерата, кога вујко ми ќе даде согласност за разговори и спорови, јас подготвив за него прашање. - Зошто кога било строго доверливо и не било адресирано до тебе, ти не требало ни да го читаш! - ме укори вујко ми. - Признавам, дека тоа од моја страна е нескромно и јас заслужувам укор, но како да се оквалификува таа постапка на високопреосвештениот Синесиј - да бара протерување на овие луѓе од земјата, каде што тие доаѓаат да го дадат својот корисен труд, за да запечалат леб за своите деца? Морално ли е преку насилство и глад да бидат принудени да се нарекуваат Бугари, ако тие не сакаат, или ако им е сеедно, од каква народност ќе бидат? - Повторувам: кога не било адресирано до тебе, и кога е доверливо, ти не требало да го читаш. Потоа, тоа не се однесува на тебе и не те засега. - Како не ме засега? Прво, тоа се луѓе, безопасни, полезни, работни луѓе. Второ, тоа се луѓе од Скопска Црна Гора, од каде што сме Вие и јас. Трето, меѓу нив има и наши роднини. Како да не ме засега тоа? Како може да не ве засега и вас? Високопреосвештениот Синесиј може неконтролирано да располага со сумата, која Вие секоја година му ја испраќате за издршка на училиштето и учителите во Кучевиште32... Вујко ми строго ме пресече: - Ти забранувам да ѕиркаш во моето ќесе и да правиш сметка кому му давам, колку давам и зашто ги давам! Ти забранувам лошо да зборуваш на адреса на човек, кој отсуствува! Уште повеќе, кога тој човек е архиереј! Јас упорно продолжив: - Тој може да смета, според своите разбирања, дека тоа што го прави е сосема во ред. Но, тој го бара вашето содејство, за да ве симне на тоа морално рамниште, на кое е тој. Вие, кој што бевте жртвувале сѐ за сло32Селото Кучевиште, најголемото од селата во Скопска Црна Гора, беше србоманско село. Земајќи најживо учество во бугарската преродба, мојот вујко си беше ставил задача да го присоедини своето родно село во духовна смисла кон Егзархијата. За таа цел, уште при откривањето на бугарската митрополија во Скопје, тој секоја година испраќаше лично на скопскиот владика Синесиј по 25 ѕвонливи турски лири, за да отвори во село Кучевиште бугарско училоште и да плаќа на двајца учители. Во тоа време годишната плата на селските учители варираше меѓу 4 и 10 лева, така што испраќаните на Синесиј пари беа предоволни за отворање и одржување на училиштето и за плата на двајца учители. Синесиј не направи ништо со така испраќаните од него пари. Дали Синесиј давал сметка за тие пари, не знам, но во Скопје луѓето расправаат, дека ова високопреосвештенство имало за метреса една Ерменка - жената на сопственикот на хотелот “Ориент”, еден добро уреден и добро одржуван хотел, кој соперничел по уредувањето на хотелот „Турати” кај железничката станица. Изгледа, дека парите, што мојот вујко му ги испраќаше на Синесиј за училиште и учители во с. Кучевиште, по посреден пат оделе за уредување и одржување на хотелот “Ориент”...
57
бодата на Македонија33 - а Македонија, тоа се луѓето, кои ја населуваат и кои што продолжувате сѐ уште да ги правите жртви за нас - како ќе постапите Вие спрема неговото барање да содејствува во прогонувањето на овие луѓе? - Ќе постапам така, како што сметам дека е добро! Не сум должен и не сакам на тебе да ти давам сметка! На трпезата настана непријатно молчење. Вујко ми шумно дишаше низ носот. - Не сакам никому да му давам сметка! - дофрли тој. - И, за да не бидат викани пак Догоров и Јанкулов - точка! Тој стана, ја богослови трпезата и - -по востановениот ред - откако ги почека сите што беа на трапезата да му бакнат рака, полека се искачи по степениците на својата соба. Треба да појаснам што значеше последната фраза на вујко ми. Тоа беше пред три години, кога меѓу моите соученици од први клас имаше нешто како натпреварување да читаат брошури и книги со атеистичка тенденција. Јас штотуку ја бев прочитал книгата “Сила и материја” од Лудовик Бихнер. Веднаш по вечерата, кога вујко ми даваше дозвола за разговор и спорови, јас го запрашав: Докажете ми го постоењето на Бога! Вујко ми ме загледа и одговори: - Ти знаеш, дека аксиомите не се докажуваат. Две и две се четири, тоа е толку очигледно, што нема потреба од докажување. 33 Вујко ми како охридски владика, во 1876 година, организира заговор за востание во Битолско. Заговорот бил откриен и востанието - спречено, а тој успеал да избега. Тројца меѓу заговорниците: Златан Ст. Бојкикев од село Кучевиште, Скопско, брат на владиката, Коста Лимончев и Зафир Белев - и двајцата од Охрид, биле осудени на смрт. Таа пресуда била заменета со доживотен крепоснички затвор. (“Кале-Ибен”) и тие биле испратени да го лежат во Пајас-кале - една осмоаголна крепост, блиску до Александрета, Сирија. Двајца од заточените - Коста Лимончев и Зафир Балев - умреле во затворот, третиот од нив, братот на владиката, мојот вујко Златан Бојкикев, во 1893 година беше помилуван, дојде да живее во Пловдив и почина во Софија во 1917 година. По бегствата, во 1878 година вујко ми организирал востание во Кресна со пари земени под лихва од калоферецот Петко Т’пчилештов. Тој набавил оружје и го водел востанието. Била прогласена автономна македонска република, која го опфаќала Горно Џумајско, Петричко, Мелничко, Неврокопско и Разлошко. По тригодишното постоење, автономната македонска република била уништена од еден силен одред војска, испратена од Цариград да ја поврати турската држава во оние европски граници, кои беа установени од Берлинскиот конгрес. Последната - најжестоката - битка меѓу аскерот и востаниците се одиграла кај Горна Џумаја. Арамиите на војводата Иљо Марков од Малешевско, кои ја формирале левата страна на заштитата, под притисокот на аскерот давале отпор, но ја оголиле левата страна и со тоа ја решиле судбината на автономната република. Кога му ја донеле веста дека левата страна на одбраната е разбиена, вујко ми добил удар; тој бил изнесен надвор од местото на битката на носилка, направена од две пушки и една влашка гуња.
58
- Но овде немаме работа со две и две, туку со тоа - има ли Бог или не? За да се убедам, дека има, треба да ми се докаже. - Слушај! Ако ти, кога го гледаш движењето на ѕвездените светови совршено движење, зошто се случува без било каков шум и потрес, кога ги набљудуваш организмите и нивното усовршување во текот на развитокот, причинската врска, последователноста и закономерноста на сите појави, поразителното единство и последователноста на творечки план на вселената - ако го гледаш светот и не можеш да го видиш Бога, значи дека си слепец. Ограничен во впечатоците, добивани од сознанието, мирисот и вкусот, слепиот секогаш ќе заклучува, дека “зелено” значи мазно, топло, миризливо, слатко или грапаво, студено, врело, горчливо, но тој никогаш не ќе има претстава за “зелено”. Како можам јас да му дадам на слепиот идеја за боите на виножитото? - Значи, не можете да ми го докажете постоењето на Бога; и сосема нормално - како ќе можете да го докажете постоењето на нешто, кое не постои? А, штом не можете да докажете, значи, дека и вие самиот не верувате во неговото постоење. А од тоа следува, дека Вие свесно ги заблудувате луѓето да веруваат во една фикција. Вујко ми очигледно се раздразни, не се обиде да се совлада. - Слушај, момче! Во мое време, кога бев на твоите години, немаше такви книшки, како оние, коишто ти сега ги читаш и во кои се негира постоењето на Бога, на вишата разумна, морална, секојдневна и севозможна сила. Јас бев научен да верувам во Бога. Во текот на целиот свој живот сум верувал во Него; остави ме спокојно да си умрам со истата таа верба, со која сум живеел! А ти - живеј и верувај во Бога или не верувај, не ти се мешам. Јас сум ти отворил кредит во книжарницата на Краварев и секој месец му плаќам за книгите, што ги купуваш од него. Не те ограничувам, читај, просветувај се, барај ја вистината, но барај ја искрено, чесно, без пристрасност, без предубедување. И остави ме спокојно да умрам како што сум живеел. Реченото од вујко ми беше толку неумоливо-справедливо, толку логично, што јас не можев ништо да одговорам. Озлобен од својата немоќ, јас ја грабнав со двете раце чинијата пред мене и со сета сила ја фрлив во аголот на собата. Таа беше невидена, недопустлива дрскост од мене. Вујко ми ме изгледа со широко отворени очи, се помачи да стане, избезумен тивко прозборе: - Но ти... Како ти... Наеднаш тој се исправи со целиот раст и се струполи на земјата. Околу него се растрчаа сите, почнаа да му ги раскопчуваат алиштата. Двајца отидоа по лекари, други двајца го фатија под мишките и го положија на миндерот. Мене ми рекоа да бегам од трапезаријата. По неколку минути дојде доктор Дагоров, а по него и доктор Јанкулов. Тие 59
останаа долго кај него и успеаја да го освестат. Пред да си заминат, тие наредија да го качат горе, во неговата спална и да го положат на неговото легло, каде што треба целосно да мирува неколку дена. Уште веднаш откако ја направив оваа моја невозможна постапка, јас се покајав, но веќе беше доцна. Кога видов дека го принесуваат двајца, со неговите раце, свиткани околу нивните вратови, јас најмирно побарав од него прошка. Тој даде знак со едната рака: - После... Утре. Утре... ќе се... помачам... да ти простам! Ете што значеше последната фраза на вујко ми во спорот по барањето на Синесиј.
Следниот ден во “Жална Македонија” се сретнавме ние четворицата: Мерџанов, Делчев, Калчев и јас. Им кажав за строгодоверливото писмо на Синесиј, и сите подеднакво бевме вознемирени од таа негова подлост. - Овој поп треба да се казни! - отсече Мерџанов. И тој веднаш продолжи - за казна - да се ограби скопската митрополија и добиената сума да послужи за вооружување на населението. Ние го разгледавме подетално овој негов предлог. Бидејќи јас лично му бев и многу добро познат на Синесиј, ќе се обидам да направам така, што ќе живеам во Скопската митрополија, за да ги проучувам условите и да го извршам ограбувањето. Со мене во Скопје ќе дојде и Јордан Калчев, за да ми помага, ако се јави потреба. На тој начин, нашиот женевски план за одење во Македонија остануваше во сила. Делчев ќе му напише на раководителот на Скопската организација, учителот Дионисиј Кандиларов, да нѐ препорача Калчев и мене, за да има целосна доверба во нас и да ни пружи помош, ако се јави потреба од тоа. Писмото тој ќе го испрати веднаш, а ние со Калчев ќе заминеме по неколку дена, за да може Делчевото писмо да биде добиено, па уште со пристигнувањето во Скопје ние со Калчев да се најдеме во благопријатно расположена средина. За тоа време јас ќе го молам вујко ми да му пише на Синесиј за моето одење во Скопје и да пројави желба јас да бидам назначен за учител во градот и да живеам во митрополијата, за да можам да бидам секогаш под неговиот татковски надзор и да ги користам неговите пастирски упатства. Освен тоа, јас ќе ги искористам тие неколку дена до нашето поаѓање, за да направам двојно дно на мојот куфер, за да ги пренесам меѓу двете дна останатите примероци од весникот “Одмазда”, бидејќи половината од нив ги бев дал за распространување на претседателот на Пловдивскиот анархистички македонски кружок, Јордан Шурков. По два дена Делчев си замина за Софија, и оттаму го беше испратил писмото на Д. Кандиларов. Истиот ден и Мерџанов замина за Солун по Хиршовата железница до Кулели -Бургас, а оттаму за Солун по линија-
60
та Жонкцион - Салсник. На станицата Кара-Агач, кога го гледал од возот Одрин, куполата и четирите минариња на Султан Селим Џамиси, сигурно Сл Мерџанов не претпоставувал, дека точно по три години, на неколку стотини чекори западно од таа џамија, едно утро рано тој ќе издивне на бесилката пред вратата на покриената чаршија Али-Паша... По неколку дена ние двајцата со Јордан Калчев заминавме за Скопје преку Сарамбеј, Софија, Цариброд, Пирот, Ниш, Врање, Забевче и Куманово. Претходниот ден јас му соопштив на вујко ми , дека утре заминувам за Скопје да интервенира пред високопреосвештениот Синесиј, за да бидам назначен за учител во градот и - ако е возможно - да живеам во митрополијата, за да бидам под негова лична контрола и надзор. Вујко ми долго ме гледаше и потоа рече: - Значи, не за Женева, а за Македонија? Како лекомислено си играш со животот , дете! Како лекомислено се однесуваш кон животот - зашто, сигурно ти не си сам. Такви неколку спротивни решенија за два-три месеци не се плод на една и иста посебна личност... Нека биде така! Кога ќе си ги изгориш крилјата, белким нема да го изгубиш патот кон вистината и доброто! Следниот ден снабден од вујко ми со препорачано писмо за Синесиј, со пари, од кои дел за моите патни трошоци и за едномесечна издршка, а другиот дел - 10 ѕвонливи наполеони - за татко ми. За збогум јас му бакнав рака на вујко ми. Тој ме благослови со раката, која забележливо трепереше од возбуда. - Нека биде така! Кој знае? Можеби јас се лажам. Можеби времето е созреано. Врвете! Бог нека ви помага! И спомнувајте си, како што вели светиот евангелист Јоан во глава дванаесетта: “Ако житното зрно не попадне во земјата, не умре и не се распадне, тоа си останува само едно зрно, но ако умре и се распадне во земјата, тоа дава многу плод”. Врвете! И наплодете се мнозина такви во Македонија! Наредниот ден по тргнувањето од Пловдив, околу пладне, ние двајцата со Јордан Калчев пристигнавме во Скопје. Откако полицискиот пристав на железничката станица го регистрира нашето пристигање, ние отидовме во градот, за да си побараме стан. Таков најдовме блиску до катедралната црква. Следниот ден наутро заминавме пешки за моето родно село Мирковци, кај моите домашни. Калчев сакаше таму да ми биде гостин два-три дена. Татко ми беше многу непријатно изненаден од моето доаѓање, но пред гостинот се воздржа и не го пројави своето незадоволство. Меѓутоа, вечерта, откако Калчев си легна во малата собичка, каде што му беше послано и ние останавме сами во куќата крај огништето, меѓу татко ми и мене почна една долга расправија. Тој ме укори, дека не знам што.правам, дека селските синови со четири очи гладат да најдат
61
некој да ги издржува како би студирале во Европа, дека јас немам ум за пет пари, дека сум го оставил универзитетот и издршката од вујко ми , дека сето тоа покажува како нешто ми фали во главата, дека паметот ми е ексик и дека немам во главата ни четиристотини грама. А кога му реков дека сум ја напуштил Женева, за да учителствувам во Македонија, тој потскокна од триножното столче како да имаше одоздола некаква пружина. Тој веќе сосема се убеди, му станало сосема јасно, дека јас сум дефинитивно изгубен човек,- укорите му немаа крај. За да се скрати тој за мене непријатен разговор и за да не паднам ниско. јас му реков: - Јас не сум знаел што правам! Јас да сум бил без ум - јас, кој што сум променил неколку училишта којшто студира на универзитет /Во доверба речено, јас посебно го нагласив зборот “универзитет”, на кој не се бев запишал, притоа се користев со околноста, што татко ми не знаеше, дека бев исклучуван од сите училишта, коишто ги бев “поминал”/. Јас сум немал памет! И тоа ми го кажуваш ти, којшто никогаш не си одел на училиште и ти кој си неписмен. Татко ми - видливо длабоко навреден - ме гледаше долго, а потоа рече: - А ти што мислиш? Дека училиштето дава ум? Слушај, синко! Убаво запамети го ова, што ти го кажувам! Умот го дава Господ. Човек се раѓа или со ум, или без ум. Училиштето ум не дава, тоа само го преработува умот, го прави потенок, покревок, тоа само го профинува. Тоа е како воденица - каква храна ставиш, такво брашно ќе добиеш. Ако ставиш жито, ќе добиеш житно брашно, ако ставиш јачмен, ќе добиеш јачменово брашно, пченка - пченкарно брашно. Ако си ставил ветар, ќе добиеш пак ветар. Ти синко во твоите воденици си ставил ветар! На третиот ден од нашето доаѓање во селото, двајцата со Калчев пак пешки се вративме во Скопје. Јордан Калчев отиде да се прошета по кејот покрај Вардар, а јас влегов во митрополијата да му се јавам на високопреосвештениот Синесиј и да му го предадам писмото од вујко ми. Долниот спрат од зградата беше зафатен од канцеларијата на митрополијата, која се состоеше од еден широк салон и неколку соби, во кои се влегуваше од салонот, а горниот спрат - од живеалиштето, кабинетот и приемната соба на владиката. Јас му го предадов псмото од вујко ми на слугата, кому му го кажав своето име и тоа - дека сакам да се јавам пред владиката. Слугата се качи по степениците, а јас останав да чекам во салонот. Вратите на канцелариските служби беа отворени. Секретарот на митрополијата Иван Божов од с. Крчево, Демир-Хисарско, кога го слушна моето име, коешто му го бев кажал на слугата, најљубезно ме покани да седнам и да чекам во неговиот кабинет. Тој поведе со мене раз62
говор за Пловдив, Швајцарија, за Франција. Ми направи впечаток беглиот поглед, којшто овој љубезен и љубопитен господин го фрлаше на мене од време на време, кога ќе се случеше јас да погледнам на страна. Ми направи исто така впечаток и љубопитството, коешто го побудив кај писарите, кои доаѓаа со преписки кај секретарот и кои ме изгладуваа од глава до петици. Сето тоа јас си го објаснував со околноста, што Скопје е провинциски град, каде што секој новодојден предизвикуваше љубопитство на сите од градот. По извесно време слугата дојде кај секретарот и со тивок глас му соопшти, дека неговото високопреосвештенство го вика кај себе горе. Божов стана веднаш, излезе во салонот и се качи по степениците горе, а јас останав во неговиот кабинет да се вртам на столот како калајџија. По неколку минути Божов се врати и ми рече дека неговото високопреосвештенство ќе дојде.Јас станав и отидов во салонот, за да го чекам владиката. Беше поминало повеќе од половина час откако го бев дал писмото на слугата, кога Синесиј слезе во салонот. Тој беше во долго, црно расо, со едно покусо темно-сино џубе, облечено над расото, со вишново-кадифена. везена шапка, под која се подаваа перчини од бела коса, со броеница од крупни зрна жолт килибар во едната рака и со писмото од вујко ми во другата. Додека јас му бакнував рака, тој го остави писмото од вујко ми па масата и потоа рече: - Негово високопреосвештенство, ми пишува дека ти доаѓаш во Македонија да учителствуваш. Но, тука, во Скопје, нема слободни места. Сите места се зафатени. Слободни места има во селата - сектерарот ќе ти соопшти во кои села има упразнети места за учители, така - што ти поднеси барање. - Додека добијам назначување, веројатно вашето високопреосвештенство ќе дозволи да живеам во Митрополијата? - А, да! Неговото високопросвештенство ме замоли да ти дадам подслон во митрополијата. Но тоа - за големо сожалување - не може да биде, бидејќи нема место. Така што - ти ќе си најдеш стан на друго место во градот. Ти сам ли си? - Не. Еден мој пријател, студент во Женева, дојде со мене, за да го види нашиот крај. Синесиј, со рацете одзади, како што ги превртуваше нервозно зрната на броеницата, некако посебно ме загледа и прозборе: - Така. Поднеси барање и по неколку дена дојди да си го земеш назначувањето. Значи - удрив на камен. Излегов од митрополијата и отидов кон реката. Калчев се шеташе покрај Вардар со рацете зад грбот, во кои го држеше бастунот. Висок, снажен, плеќест, тој го привлекуваше вни63
манието на минувачите со својот крупен раст, со подстрижаната густа и црна брада и со црната и широка шапка, под која се подаваше долга црна кадрава коса. Иие поминавме наспроти Галиб-беговиот мост, на југозападниот брег на реката за да отидеме во станот и да запрашаме за учителот Кандиларов, за да дознаеме од него дали го добил писмото од Делчев и во каква положба воопшто се наоѓаме, пред да размислуваме што ќе правиме по мојот неуспех во митрополијата. Кандиларов не го најдовме, но порачавме на неколку ученици, кои се шетаа во дворот и кои со љубопитство се натрупаа околу нас, привлечени од впечатливата фигура на Калчев, да му кажат, дека сме го барале и им посочивме каде ни е станот за да не најде. На поаѓање кон станот, јас му раскажав подробно на Калчев како ја завршив работата во митрополијата. Во станот ние фативме хоризонтална положба на креветите, си ги ставивме двете раце под главите и, со очи вперени нагоре започнавме да правиме севозможни планови. По извесно време, некој чукна на патната врата и праша за мене. Во собата влегоа двајца: еден господин, облечен алафранга, со фес скоро ставан на калап, со раст многу поголем од среден, со црвеноруси мустаки, и друг еден - исто така облечен алафранга, со среден раст, со светлокостенлива долга брада, со фес на главата. Си ги кажаа имињата: првиот беше Дионисиј Кандиларов, а вториот Думев, и двајцата учители во Скопското педагошко училишта. Првиот од нив Кандиларов - беше раководител на Организацијата на Скопско. Откако седнаа, Диовисиј Кандиларов, без било какво објаснување, удри директно на целта на нивното доаѓање. - Сте ме барале - рече тој - и ние намерававме да ве бараме. Добро дојде што по нашето взаемно барање, брзо се сретнавме. Господо, добивме едно писмо, со кое се соопштува за вашети доаѓање во Скопје. Вие сте дошле да извршите грабеж... - Зборот “грабеж” беше така нагласен, како да е пишуван со неколку “р”, кои му се тркалаа под јазикот на еден посебен начин, така што по неговото изречување уследи една куса пауза па тој продолжи: - Да ја ограбите митрополијата. Во ова писмо се известува да ви се даде целосно содејство. Откако опстојно го разгледа ова прашање, Организацијата зазеде негативен став по него. Да се изврши овој грабеж, значи да се поткопа авторитетот на митрополијата и Егзархијата, да се парализира нејзиното влијание пред власта, која сигурно ќе го обвини персоналот за антидржавна подмолна работа и со тоа ќе ја лиши и митрополијата од народнополезната дејност, а тоа уште значи да се содејствува со српската пропаганда. Каква е народнополезната дејност на митрополијата? Да организира прогони на населението, кое оди на мирна работа како
64
што е случајот со населението од с. Бродец, за кои Скопската бугарска митрополија настојува пред бугарската власт да ги уапси и да ги протера од земјата. И зошто? - Дека не сакале да влезат во стадото на Скопската бугарска митрополија! - Се разбира. Тоа е сосема природно и правилно! Со какво право овие србомани ќе јадат бугарски леб? - Со какво право ли? Со правото, што им го дава нивниот труд! Кој труд - нај малку е еднаков на она, коешто им се плаќа за него. Та, таква ли е народополезната дејност на митрополијата и Егзархијата? - Да завршиме! Накратко-дојдовме да ве предупредиме не само да не сметате на нашето содејство, но и да имате предвид, дека ќе ве спречиме со сите средства - дозволени и недозволени. Тие станаа и си излегоа. Писмото на Делчев, наместо да ни олесни, како што веруваше тој, ја подигна против нас како Организација, така и Скопската бугарска митрополија со сите нејзини помагачи. Беше сосема јасно, дека Синесиј бил предупреден и дека сите во митрополијата ја знаеја целта на нашето доаѓање, уште пред да дојдеме во Скопје. Тогаш веднаш си го објаснив посебното внимание на секретарот Божов, кој како што разбрав подоцна - влегувал во Организацијата, љубопитството на митрополиските писари, повикувањето на Божов од Синесиј пред мојот прием, категоричното и непријателско откажување на Синесиј и готовноста да ме препорача за учител во некое село, за да ме оддалечи од градот и од себе си. Се уште не стапнати на македонска земја, ние веќе ги имавме против нас сите видови власти: турската власт, официјалната власт на Егзархојата и подмолната власт на Организацијата. Најопасната од сите беше онаа на Егзархијата, респективно на митрополијата. Кога и беше удобно за спроведување на политиката на бугарската официјална власт, таа се служеше со Организацијата, како што беше случајот со посетата на Кандиларов и Думев, скоро ние имавме можност да се убедиме, дека кога ѝ беше удобно и возможно, таа се служеше и со турската власт. Ние ја разгледавме со Калчев нашата положба. Неопходно требаше да се откажеме од намерата да ја ограбиме метрополијата. Нашиот случај не можеше да прави исклучок: обилната светлина спречува секаков потег. Ни преостануваше да ја реализираме задачата којашто си ја бевме поставиле во Женева: да формираме анархистички кружоци меѓу ученичката младина и да го потпомагаме кај неа формирањето на анархистичкиот мироглед. Во еден здив јас ја напишав “Азбуката на анархистичкото учење”. Сега - близу 50 години потоа - се обидов да го востановам тогаш напишаното од мене. Еве приближно што бев напишал: 65
Азбука на анархистичкото учење Човекот е властољубиво животно. Еден најпрост опит може да не убеди во тоа: земете едно мало маче и ставете го на грбот на едно куче, мачето ќе се накостреши, ќе ја надигне опашката, ќе првне, ќе скокне од грбот на кучето и ќе избега. Поставете едно двегодишно бебе на грбот на едно магаре. Тоа ќе се занесе од задоволство, од радост и гордост. Како суштествена психичка црта на човекот, властољубието се темели врз беспомошната состојба, во која се наоѓа тој во текот на првите неколку години од своето постоење и во апсолутната неопходност од сестрана, туѓа помош во тоа време. Сите виши животни, со исклучок на неколку вида, меѓу кои е и човекот, уште веднаш по раѓањето, можат самостојно да се движат и хранат. Кога ќе се роди, човекот е неспособен ниту да стапне на своите нозе, ниту да се храни од мајчините гради. Предавана од колено на колено во продолжение од многу илјади години, таа неопходност од сестрана туѓа помош, се вкоренила во човечката природа преку пројавувањето на властољубието, чија што суштина е: искористување од индивидуата на сили, кои лежат надвор од него. Властољубието претставува за себе нож со две сечила. Кога човекот го застапува во однос на природата што го опкружува, тоа претставува само по себе најсилниот лост за човечкиот напредок и цивилизација. Кога оре, сее и ја жнее својата нива, земједелецот го насочува своето властољубие кон земјата, која по негова волја е поставена да раѓа не трња и бурјан, туку жито или други продукти, полезни и неопходни како за него самиот, така и за нему сродните. Хемичарот, кој по своја волја ја меша материјата и добива од дрвото пиролигнина киселина, а од неа - шпирт, калциум ацетат, ацетон, јодоформ, хлороформ и сл. - хемичарот ја применува својата власт врз материјата и добива корисни производи како за себе, така и за другите луѓе. Каменорезецот, со својот чук му дава посакувана и полезна форма на неоформениот инаку неполезен блок од камен. Рударот, кој ги оттргнува од пазувите на земјата камениот јаглен и минералите, така неопходни за човечкиот живот, машинистот,уметникот, пекарот, чевларот и др. - сите луѓе, кои се занимаваат со личен, произведувачки на корисни предмети труд, го подредуваат своето властољубие на околната природа и тие се корисни луѓе. Сите бивши цивилизации, сите величествени споменици на минатото на човештвото, сите човечки знаења, целата човечка култура е плод на човечкото властољубие, спроведено од човекот врз околната природа. Но, властољубието, спроведувано од човек врз човек, е извонредно злобно. Ропството, војните, убиствата, разурнувањата на цели области и држави, пропаѓањето на древните цивилизации, периодичните дивеења на човечкиот род - сето тоа се должи на властољубието, спроведено од
66
човекот врз нему сродните. Суштествена црта на овој вид властољубие е ропсшвошо, кое е култивирано од оние кои ја спроведувале својата власт врз своите блиски преку разни институти, кога се почне од бракот и се заврши со училиштето и касарната, во продолжение на илјадалетија. Во разни епохи и кај разни народи, ропството имало разни форми и степени, и се простирало врз поголем или помал дел од даден народ. Така, физичкото ропство постоело од почетокот на индиската, асировавилонска, египетска, грчка и римска цивилизација до пред неколку години, - до 1860 година во Соединетите Американски Држави, до 1878 година во Турција, а во некои држави во Африка /Етиопија, Дахомеј/ таа постои и досега. На физичко ропство биле и се подложени не сите индивидуи од даден народ, туку еден дел од него - оној, ангажиран со физички труд во земјоделството и во другите производствени области од националниот стопански живот. Оваа форма на ропство претставувала и претставува таква ненадминлива пречка за сестраниот развиток на човечкиот ум и дух, што многу одамна - пред 5.000 години - ги терала најголемите и најнапредни човечки умови да се замислат за начинот, на кој да се ограничи или да се уништи таа форма на човечкото ропство. Така, Мојсеј го ограничува ропството само врз странците и оние од Евреите, кои доброволно за исплаќање на паричен долг - беа прифатиле да бидат робови. Тој пропишува ред мерки за омекнување и определува како краен рок 7 години за физичкото ропство и за паричните задолжувања. Во разни времиња и кај разни народи, физичкото ропство било заменето со крепосништво, кое на прв поглед изгледа како поподносливо, но тоа било вечно, всушност не е полесно од физичкото ропство. Во Европа тоа постоело до 1862 година, во Русија. во Турција тоа постои и досега и ги дели жителите на Македонија на бегови и слуги, т.е. на робовладетели и чифлигарски робови. Таа надживеана форма на ропството во Македонија, создава услови за бунтарско настроение во населението, како што било пред 100 години во Франција, пред 50 години во Полска и пред 30 години во Русија. Крепосничкото ропство речиси насекаде денес е заменето со ропството на наемниот труд - современото ропство, коешто дава илузија за некаква слобода, но кое, бидејќи не повлекува со себе си никаква друга материјална или морална одговорност за господарот, освен задолжението да ја плаќа целосно и навреме договорената дневница или плата - е не помалку тешко од физичкото или крепосничкото ропство.
Во разни епохи и кај одделни народи, ропството имало разни форми, но неговата суштина и цел секогаш и насекаде била една иста: со насилие да се потчинат индивидуите од одредена човечка група, или дел од нацијата под интересите и волјата во една или неколку личности. Во сите
67
времиња и кај сите народи трите вида на потчинување се така соединети и преплетени помеѓу себе, што тие заеднички ги сочинуваат суштествените црти на ропството. Каков назив и да носи, тоа се јавува истовремено под своите три вида: политичка потчинетост, економска и духовна. Човекот не може да биде слободен економски и духовно, ако е потчинет политички. Тој не може да биде слободен политички и духовно, ако е потчинет економски. Исто така, тој не може да биде слободен политички и економски, ако е потчинет духовно. За да биде суштинска, слободата треба да биде целосна, во спротивен случај - ако е делумна - нема да биде слобода, туку ропство, маскирано со името “слобода”. Кај физичкото ропство, робот е целосно потчинет на својот господар, така што тој не претставува за себе си друго, освен еден искусен, безусловно потчинет на господарот, добиток, чија што вредност зависи од работата или задоволството, што му ги доставува. Тоа е целосно ропство, кое има само една предност - што се наречува со неговото вистинско име. Кај поблиските до нас времиња ропството носи други називи, но суштината му останува една - потчинување преку политичко, економско и духовно наследство. Значи, кога има за цел и резултат ропството, власГпољубиеиш управувано од човек врз човек, е една протшвноопштествена појава насочена протшв сестраниот развиток на човечкшпе дарби и способности. За да го одржи постоењето на животинските видови, природата кај секој животински организам го внела половиот нагон, а за да го осигури нивниот физички, интелектуален и духовен развиток, внела кај секоја од нив - исто и кај секој човек - нагон за слобода. Овој нагон всушност е антитеза на властољубивоста, спроведена од човек врз човека. Нагонот за слобода е така силно втиснат во човечката душа, што не можел да биде задушен во течение на многу илјадалетија човечко ропство, војни крвопролевања, истребувања, опустушувања, инквизиции. Историјата на човештвото, всушност е историја на борбите, кои биле водени за ограничување, премавнување на ропството и за извојување слободи за личноста. Тие борби го имале и имаат како основна, првостепена појдовна точка наГонот за слобода. Во најмрачните години на ропството и насилството, нагонот за слобода бил онаа несовладлива побудувачка причина, кој во народните маси го одржувала духот за слобода и нивниот стремеж кон слободен, осмислен човечки живот, за да ги одгледаат во своите пазуви големите човечки учители, кои ги формирале идеите и стремежите на народните маси за слобода и независност, какви што биле: Мојсеј, Сократ Исус, Манес, Донат, Буда, Богомил, Савонарола, Џордано Бруно, Толстој и др. Сите тие - секој на свој начин - го напаѓале човечкото ропство, било како поли-
68
тичко, било како економско или духовно насилство. Сообразно на тоа доколку целосно, јасно и кратко ги формирале идеите и стремежите на народните маси за суштинската, целосна слобода - овие учители на човештвото имале помалку или повеќе следбеници и остварувале поголемо или помало влијание врз развитокот и напредокот на човештвото. Во ретки случаи насилството може да биде неорганизирано и краткотрајно, тогаш тоа се наречува произволност. Во сите други случаи, тоа е организирано, систематско, долготрајно и тогаш се наречува власт. Државата - тоа е оној општествен институт, кој - произлезен самиот од насилството - концентрира во себе и ги спроведува врз граѓаните сите видови на власт, олицетворени во: политичката власт на државниот главатар /император, цар, султан, шах или претседател на републиката/, во државниот совет или парламентот и во министрите; економската власт во државната и другите банки, во Министерството за финансии и во финансиските картели и магнати; духовната власт во патријархот, далај-ламата, егзархот, главниот рабин, шејх-улисламот и во Министерството на вероисповедта и на просветата. На тој начин државата, т.е. личностите, кои располагаат со власта, се целосни и неограничени господари на граѓаните и на нивното потомство, на нивниот живот, на нивниот труд, на нивната сопственост, на нивниот поминок, на нивниот мироглед, на се. Државата, тоа е робовладетелски институт, каде што управувачите се господари, а сите други граѓани се робови. Преку бракот државата се меша и во најинтимниот живот на граѓаните, го налага и го поддржува ропството во односите меѓу половите. Преку училиштето државата ги распоредува младите поколенија, така што на тој начин ги подготвува идните господари и робови; преку касарната - таа ги култивира во свеста на младите најдолни и дивјачки склоности кон насилства, убиства и разурнувања и на целосно, беспоговорно потчинување на господарите. Црквата, училиштето, судовите, касарната - воопшто сите државни институти - имаат една иста цел: да го зацврстат и поддржат ропството во човечкиот живот. Насекаде, каде што се вметнува државата, сѐ до каде што ќе се допре таа - се добива печат на насилство и ропство. Бидејќи го култивира насилството и го поддржува ропството, државата е противноотитествен институт, кој се стреми да го задуши правилниот и сестран развиток на човечките дарби и способности, за да го задоволи властољубието на една или неколку изопачени личности. Оние, кои од заблуда или од сметка ја сметаат државата за неопходен и полезен институт, тврдат дека - кога располага со концентрираната во неа власт - државата го воведува и запазува редот и спокојството во земјата и им ја гарантира на граѓаните слободата, животот, имотот, честа и спокојното искористување на трудот. Ова тврдење, предодредено да ги
69
заблудува народните маси, би одговорило на вистината, ако логиката и фактите не би биле против него. Пред се, властољубието е страст, која колку што повеќе се задоволува, толку повеќе се распалува и станува поненаситна - нешто како пијанството: пијаниот, колку што е повеќе пијан, толку сака повеќе да пие. При спроведувањето на власта, државата секогаш пројавува стремеж сѐ повеќе да ја зацврстува и да ја зголемува својата власт, а тоа станува само на сметка на слободите, коишто граѓаните ги извојувале по долги борби во минатото. Второ: преку училиштето, печатот, црквата и другите установи, пред да објави војна, државата ги подготувуа психолошки; секогаш, кога треба да го сврти вниманието на народните маси од ропството, во кое се поставени и од созреаната потреба од повеќе слобода, државата објавува војна и на тој начин со военото време ја определува воената диктатура и ограничувањето на постојните слободи. Преку војната, државата го изложува на масовно уништување животот, имотот, честа и материјалните богатства на граѓаните. Со други зборови - државата не им гарантира ништо на граѓаните. Напротив, таа ги изложува на целосен ризик, како нив, така и нивното потомство. Трето: тврдат, дека државата го воведува и одржува редот, спокојството и мирот во земјата. Тоа е точно, но се прашуваме - каков е тој ред, тоа спокојство и тој мир? Ред, спокојство и мир има и во воените гробишта: таму мртвите се наредени еден до друг на идеален начин, но тој ред е резултат на едно дивјачко изразување на најбруталното насилство. Таму царува совршено спокојство, кое е резултат на страдањата, маките и немаштијата на мајките, децата и сопругите на убиените во војната; таму има мир, кој никогаш не се нарушува, зашто мртвите никогаш не се разбудуваат. Воведените и одржувани од државата ред, спокојство и мир не се засновани врз начелата на општочовечката солидарност, врз почитувањето на слободата, животот и личноста на граѓаните, туку врз зачувувањето на правата, атрибутите и интересите на државата, т.е. врз начелата на власта, на организираното насилство, коишто начела ја исклучуваат слободата, правата и интересите на граѓаните.
Власта е најсилното развратно средство. Оној, којшто се стремел да добие власт, се добрал до неа и ја спроведува, тој е морален мртовец. Историјата, па и современиот живот ни даваат безброј примери, кои го потврдуваат тоа. Семирамида, за да стане асирска царица, преку најдолно вероломство го обезглавила својот маж, асирскиот цар Нин. Сите римски императори биле хор без морални квалитети, а меѓу нив имало и вистински морални чудовишта, какви што биле Нерон и КалиГула. Сите византиски императори и сите турски султани, без исклучок, биле вероломни луѓе, жестоки, на најниско морално ниво. Истото може да се
70
каже и за старите бугарски цареви и српските кралеви, за повеќето англиски и француски кралеви и за турските цареви. Ние сме современици на Стамболов, како апостол на слободата и деец во Старозагорското и Трновското востание. Тој бил забележителна, популарна и сакана од сите Бугари личност. Требеше да се зарази од бесот на властољубивоста, за да стане најомразен од сите диктатори. Ние сме современици на Панамската афера во Франција, која ја разголи моралната ништожност на француските управувачи и стана причина са самоубиството на Фердинанд Лесепс, најгенијалниот и најактивниот од инжинерите, извалкан од зделките на француските управувачи во создаденото и раководеното од него претпријатие: прокопувањето на каналот во Панама, за да се добие лесен, ефтин и брз пристап на бродовите од Атлантскиот во Тихиот океан. Драјфусовата афера која сега се шири во Франција, во која министерствата се менуваа на неколку часа, зашто моралната смрдеа на сите овие станала неодржлива за францускиот народ - тоа, всушност, го потврдува горното: дека управувачите се морални трупови. Е, добро. Возможно ли е да даде нешто оној, кој не се придружува на ништо? Може ли да се очекува, според тоа, вистински ред, спокојство и мир, засновани врз почитувањето на човековата личност, од луѓе морално пропаднати, од морални мртовци? Воведувани и одржувани од државата преку насилство и најбрутални средства, тој ред, тоа спокојство и тој мир потсетуваат на гробишта, смрдат на трупови. Кога редот, спокојството и мирот се воспостават некаде спонтано и на траен начин, тоа се должи не на државата, туку на граѓаните. Зашто засеаните ниви, за да дадат плод, имаат потреба од мир и спокојство, а не од коњички напади и од тркалата и гранатите на топовите. Затоа што во работилницата треба да царува ред и спокојство, за да може работата во производството најрационално да се користи, во одредено време за работа и одмори. Зашто пекарите, чевларите и другите занаетчии можат да работат и да произведуваат само кога во земјата има ред, спокојство и мир. Зашто само под таков услов трговецот нема да ја крие својата стока, ќе ја разменува, ќе му служи на општеството и ќе заработи за својот опстанок. Сите овие луѓе - земјоделци, занаетчии, фабриканти, работници и трговци - кои ги сочинуваат народните маси, сите тие се заинтересирани и учествуваат во воспоставувањето на спонтан и траен ред, спокојство и мир во земјата. Државата е лош стопан, зашто - ги стекнала своите имоти преку правото на посилниот - таа не ја знае нивната вистинска цена и не е живо заинтересирана за нивното одржување во исправна состојба. Таа е лош произведител и вистинската цена на тоа, што таа го произведува е многу повисока од пазарната поради големиот број службеници употребувани
71
во производството, поради бирократизмот, а често и поради некомпетентноста. Таа е лош трговец, зашто се користи со правото на монопол, и бидејќи на тој начин ја става во “игра” принудата во трговијата, таа не дава можност за избор на предлаганите стоки и на конкуренцијата во цените и квалитетот. Државата е одличен мајстор само на три нешта: да ја наложува својата волја преку насилство, во практиката да ги ограбува граганите преку даноци и реквизиции, и во безумното зголемување на собраните средства. Така што, државата има интерес од постоење не на праведен и траен ред, на општествено спокојство и на граѓански мир, туку на ред, воспоставен преку насилство и општествена анархија, каде што нејзината воена, полициска и судска сила ќе биде арбитар меѓу граѓаните.
Постоењето на политичките партии во разни земји укажува на тоа дека ропството станало неподносливо за народните маси и дека тие маси се обидуваат преку легални, мирни средства да си извојуваат повеќе права и слободи. Искусните политички шарлатани го користат овој стремеж на народните маси и нивните желби за мир, да плукнат врз површноста на општествениот живот. Всушност, политичките партии претставуваат за себе си наркотичко средство, со кое заинтересираните властољупци ги приспиваат народните маси, залажувајќи ги со надежта за скорешно воспоставување на справедлив ред и на социјална правда. На тој начин, тешкото бреме на одржуваното од државата ропство се префрлува од едно рамо на друго, без да загуби нешто од својата тежина. Примајќи го начелото на власта, т.е. организираното насилство, како метод за утврдување на општествените односи и запазувајќи ги средствата, со кои се спроведува во живот овој метод - војската, полицијата, судовите, затворите, прогонствата, бесилките и сл. - политичките партии не претставуваат нешто повеќе од спроведувачи на современото ропство. Кон спроведувачите на современото ропство, еднакво со приврзаниците на буржоаските партии - или, подобро речено, повеќе од овие последниве - треба да се вбројат и социјалистите. Еве зошто: Социјализмот, како реакција против современото, капиталистичко ропство, започнал да се оформува кон крајот на XVIII век и во почетокот на XIX век. Неговите основни поставки: колективно владеење на земјата, на средствата за производство и капиталот и општествената организација на производството и распределбата: негаторскиот однос спрема власта воопшто и спрема милитаризмот одделно, неговиот интернационален карактер - сето тоа така им се допадна на широките народни маси, што тој набрзо добил многубројни приврзаници во Европа, особено меѓу
72
фабричките работници. Неговото учење го подигнало духот на работниците, им вдахнало верба во сопствените сили, ја разбудило кај нив личната иницијатива и свеста за општочовечката солидарност. Сево ова се пројавило во бунтот против ропството преку револуциите во 1830 и 1848 година, кои ја зафатиле цела Европа и чие што влијание се почувствувало дури во Русија. Кон средината на XIX век во идеологијата на социјалистите настанал прелом: Луј Блан и Ласал станале претставници на овој прелом: тие сметале дека движењето за ослободување од капиталистичкото ропство, започнато одоздола, од работничките друштва, е многу бавно движење и дека тоа не ќе биде во состојба да го собори капиталистичкиот систем. Тие испуштиле од вид, дека токму бавните движења се нераскинливи и резултатни, зашто во течение од само 4-5 десетлетија придонесоа да созреат условите за револуциите во 1830 и 1848 година. Тие ја негирале дејствувачката стојност на личната иницијатива на работниците, кои според нив - треба да очекуваат подобрување на својата положба и свое ослободување од државата по законски пат. За таа цел, тие треба да се сообразуваат со изборниот закон, да избираат и испраќаат во парламентот свои претставници, кои ќе пледираат за работничката кауза и ќе ги извојуваат постепено возможните подобрувања. Кога, пак, работничките претставници ќе станат мнозинство во парламентот, ќе ја земаат власта во своите раце, ќе објават диктатура на пролетаријатот и ќе го уништат капиталистичкото ропство. На тој начин социјализмот бил деградиран и од револуционерното ослободително движење, се преобразил во една проста политичка партија, која се стреми да ја земе власта, откако на нечесен начин ќе ги искористи надежите и довербата на работниците. Дали на тој начин социјализмот побрзо ќе извојува ослободување на работниците од капиталистичкото ропство, ќе добие ли воопшто некакво ослободување, или, откако ќе ја искористи диктатурата на пролетарјатот, на вратот на народните маси ќе ги закачи уште потешките синџири на државата - капиталист - тоа ќе го покаже иднината. Тоа, што засега претставува потврден резултат е фактот , дека идеолозите на овој прелом, воопшто водачите на социјалистичката партија, особено оние во Германија, скоро влегле во парламентот како претставници на работничката класа и почувствувале дека пратеничките фотелји се поудобни од затвореничките ќелии, дека пратеничките дневници се позначајни од горчливиот леб на прогонството и дека е поисплатливо да правиш голема политика од ситни прашања, отколку да будиш револуционерно сознание во народните маси. Планот на Луј Блан - државата да стане единствен стопан на имотите, единствен производител на богатства и единствен распределу-
73
вач на тие богатства - бил применет во Франција по револуцијата во 1848 година и претрпел целосен крах. Со тоа се докажал за излишен патот и на најконкретен начин се покажало, дека државата - како што е речено погоре - е лош стопан, лош производител и лош распределувач. Тој крах му нанел смртен удар на социјализмот во Франција, каде што социјалистичкото движење замрело. Французите со својот јасен ум веднаш сфатиле дека општествената зграда - како секоја зграда - за да биде трајна, треба да се гради од основата нагоре, а не од керамидите надолу. Зашто новиот ред, за да биде стабилен и траен, треба да се организира како доброволна согласност во свеста и дејствувањето на одделните личности, да формира - пак преку доброволна согласност - групи личности, оттаму да помине во општини, па тогаш да помине во целата нација како федерација од општини и во општочовечка федерација на нациите, а не да тргне од парламентите, за да се наложува преку власта на општините, групите личности и на одделните личности. Социјализмот замрел во Франција и преку својот несреќен опит во свеста на работниците му отворил широко место на анархизмот. Во земјите, каде што масите останале назад во своите политички сфаќања /како во Германија и Русија/ и каде што ропската психологија на народните маси, култивирана преку изминатите феудални времиња, проникнувале најдлабоко и се зачувал најдолго таму државниот социјализам, по револуцијата во 1848 година, добил нов поттик и во сегашноста претставува - како политичка партија - значаен факт. Неговото значење, веројатно ќе продолжи да се зголемува во оние земји политички останати назад, зашто се користи од ропската психологија на масите и зашто ќе ја култивира и во иднина оваа психологија во нив. Отстапувајќи по прашањето за власта и државата, допуштил тие да бидат арбитри меѓу граѓаните, ги облекол во власт своите сегашни и идни водачи, државниот социјализам ќе ги заблуди масите, дека е револуционерно движење и по неопходност ќе врви по истиот пат на отстапки и падови, ќе ги изневери народните маси и ќе убие во личностите секаква иницијатива за извојување на слободата. Тоа изневерување на масите и ова застранување на личностите, кои што ги составуваат - - тоа се најлошите придобивки на државниот социјализам, и поради нив тој треба да се вброи меѓу најопасните спроведувачи на современото ропство.
Најблизок до природниот начин, на човечкиот начин е оној, кој се сообразува со нагонот за слободата; нагон втиснат во човечката душа, преку кој природата се стреми да го осигури сестраниот развиток на индивидуата - физичкиот, интелектуалниот и духовниот. Анархизмот е современо револуционерно ослободително движење, кое одговара на она природно тежнеење за сестран развој на личноста. 74
Тој ја негира власта, спроведувана од човек, како основа на човечкиот живот. Тој ја негира државата, затоа што е институт, кој го култивира насилството и го поддржува ропството.. Тој ја негира војската, полицијата, судството и сите институти, преку кои државата ги држи во ропска потчинетост народните маси. Тој не ги ограничува умот и волјата на луѓето преку барањето за партиска дисциплина, толку често користена од искусни партиски водачи за задоволување на нивните лични сметки и ситни амбиции, туку претставува за сите широко поле за иницијатива и самодејство. Како основа на човечкиот живот анархизмот ја поставува љубовта кон човекот, општочовечката солидарност, меѓусебната помош и почитувањето на животот, слободата, идеите и личноста на граѓаните. Неговиот начин за распространување е пропагандата преку дело /propagande par le fait/, изразена - сообразно на значењата, можностите и темпераментот на секој еден - во: распространувањето на идеите за слобода усно и преку анархистичка литература, во пасивно спротивставување на власта, во активни дејства против неа и со секојдневни постапки, пројавени со кроткост, човечко достоинство, доблест, себеоткажување, љубов и подготвеност за помош на луѓето. Анархизмот има за цел да ги соедини индивидуите во заедништвото - групно, општинско, национално и општочовечко - не преку насилство и потчинување, не преку односи меѓу господари и робови, туку преку доброволно, слободно согласување меѓу слободни и рамни по достоинство. Но - ќе запраша некој - каде постоело и може ли да постои човечко заедништво без власт, без принуда, без потчинетост? За да постои таква човечка заедница, неговите членови треба многу да се издигнат интелектуално и морално, треба да се многу начитани и многу воспитани;а бидејќи овие услови, не се среќаваат кај мнозинството од луѓето, следува, дека целта што ја поставува анархизмот, стои надвор од реалните можности и не претставува- ништо повеќе од химера, од една убава, но неостварлива желба. На прво место треба да се одбележи, дека во тек на многу илјади години, човештвото било постојано, систематски заблудувано од власта дотаму, што дошло до една таква положба насилството и ропството да се сметаат за природен ред на нештата, а природниот ред, редот на слободното живеење, да се чини за неприроден и невозможен. Впрочем, Лав Николаевич Толстој не го избегнал влијанието на ова многувековно, постојано и систематско заблудување, кога во последната глава на својот роман “Војна и мир” смета за нормално - при заедничко живеење само на двајца - едниот да издава наредби, а другиот тие наредби да ги исполнува.
75
При сето тоа, во сегашно време, просто под нос, животот даде еден блескав пример на човечко заедништво, каде што неколку илјади души најобични луѓе, поставени да живеат во најобични услови, живееја без каква и да било власт, без какви и да било управувачи. Овие луѓе немаа - и сега немаат - идеја за учењето на Годвин, Бакуњин, Прудон, Малатестaи др. Тоа е примерот на Ате-Кале. Во должина од 130 километри реката Дунав се провира низ тесното грло, формирано од југозападната падина на Трансилванските Алпи и од североисточните падини на Голубина планина, западно продолжение на Стара планина. Тоа се тие Дунавски железни врати, место познато од римската историја под името Рons Avgusti, а по завојувањето на Балканскиот полуостров од Турците, од нив е наречено Демир Капија. Од брод, кој влегува во железните врати меѓу еден насип и јужниот брег на реката Дунав, може да се види прочуената Tabula Trayana. На ова место - некогаш, Римјаните протегале од едниот до другиот брег на Дунав дебела железна брана, за да ги спречат Варварите од Балканскиот полуостров да навлезат по реката и да ги опустушуваат римските провинции. На истото место железна брана поставиле и Турците, откако во 1442 година војската на турскиот главен командант Шахаб-Ед-Дин била разбиена од Унгарците. Веднаш, откако ќе излезе од Железните врати, Дунав се разлева широко на исток. На околу 3 километри источно од Железните врати, на околу два километри југоисточно од гр. Оршова и точно на југ од романското погранично гратче Варчиорова, се наоѓа еден доста голем остров, кој го дели течението на реката Дунав на две, речиси еднакви полноводни ракави, кои се соединуваат на околу три километри подолу, на исток од островот. На западниот крак на овој остров е расположено едно гратче, заобиколено од три појаси утврдувано со високи ѕидишта. Тоа е гратчето Аде-Кале, некогашна првокласна турска тврдина. За да ги осигури северозападните граници на Отоманската империја и грбот на своите војски, за да може спокојно да го изврши завршното освојување на Балканскиот полуостров, султанот Мухамед втори фатих34 уште пред своето устоличување во 1451 година го населил островот АдаКале со најфанатизирани турски војници, на кои им дал големи превилегии наспроти нивното задолжение да ги бранат границите на империјата. Островот - за тогашно време - бил најмодерно укрепен. Три појаси од широки и длабоки ровови, полни со вода ја опкружуваат и сега тврдииата. Висечки мостови, коишто се дигале и спуштале со помош на дебели синџири - сега со р’ѓосани чекр’ци - овозможувале да се поминува над рововите. Многубројната артилерија на тврдината била поставена покрај ѕидиштата со задача да стрела по непријателските бродови, кои би се 34 Фатих - значи завојувач.
76
појавиле од кај Железните врати и да го брани островот ако непријателот го нападнел од кај бреговите. И досега во градот се влегува преку оставените во ѕидините врати, додека пред секоја од нив има мост, кој се подига и спушта со дебели, веќе р’ѓосани синџири. Според Берлинскиот договор во 1878 година, границата меѓу Унгарија и Романија од една страна и Србија и Бугарија од друга, минува по речната матица на Дунав, т.е. по неговото течение, кое служи за пловидба на бродовите. Но, бидејќи бродовите пловат подеднакво и по двата ракава, кои го заградуваат островот Ада-Кале, според договорот, тој останал надвор од границите на соседните држави Унгарија, Србија, Романија. Според истиот договор, сите тврдини по бреговите и во Дунав, од Железните врати надолу до устието на Дунав, требало да се разурнат. Еден прекрасен ден на 1878 година, откако Турците ја повлекле својата артилерија, својот гарнизон и полицијата од островот, останувајќи надвор од границите на соседните држави, Ада-Кале осамнал без каква и да било власт. Јас го посетив овој остров во текот на месец април 1898 година. Островот има околу три километри должина од запад кон исток и околу еден километар широчина од север кон југ. Целата негова површина надвор од тврдината е обработлива земја - ниви и овошни градини, одлично обработени и одржувани. Жителите на гратчето Ада-Кале се Турци, на број 3.500-4.000 души. Поминокот им е: кафеџии и прислужници по дунавските бродови, лаѓари во пристаништето на градот Оршова, а другите - приватни земјоделци и трговци; сите, без исклучок, се шверцери. Гратчето е типично старо турско гратче, со тесни и криви улици, покриени со калдрма. Чаршијата е турска чаршија со ниски дуќани, кои се затвораат со ќепенци. Дуќаните се преполни со стоки, кои се продаваат по сосема ниски цени, бидејќи не се оптоварени од царини и даноци. Улиците на гратчето и оние на чаршијата се изметени, извонредно чисти. Освен училиштето и џамијата, во гратчето немаше никаква друга установа. Нема градоначалник, нема управник, нема службеници, нема војска, нема полиција, нема цариници, нема затвор,нема суд, не се плаќаат никакви даноци. Општото заедничко собрание им одредува плати на учителите и на оџата, а одредените средства се собираат од присутните на собранието. Ова последново ги помирува скараните страни, доколку се појавил некаков спор меѓу жителите - нешто, што се случува многу ретко. Како што би се случило насекаде при слични околности, за време на првите неколку дена по ненадејното повлекување на турските воени и граѓански власти од островот, некои од жителите се оддале на грабеж. Населението, меѓутоа, се собирало, ги довеле крадците пред заедничкото 77
собрание, кое ги принудило да ги вратат назад украдените предмети. Тоа на крадците им се сторило толку срамно, што оттогаш до сега на островот немало случај на кражба, грабеж или палеж. Жителите на Ада-Кале се многу услужливи, гостопримни, љубезни и простосрдечни. Приватната сопственост таму постои, како што си постоела и порано, без да пречи на слободните и полни со почитување односи меѓу жителите. Од времето на султанот Мехмед втори, кога прадедовците на сегашните ада-каленски жители биле населени на островот, до 1878 година, кога турските воени и граѓански власти го напуштиле Ада-Кале, беа поминале 427 години. Од колено на колено населециците на Ада-Кале живееле и умирале, сраснати со идејата за неопходноста од власт и држава, готови во секој момент да се жртвуваат за нив. Повеќето од сегашните жители на островот живееле под турска власт како превилегирани. Но, откако поживеаја само дваесет години навистина слободен живот, тие не беа во состојба да сфатат зошто се потребни власта и државата. Во текот на јули истата година на островот дошла унгарската војска и го зазела. Сега во Ада-Кале има општинска управа, има службеници, офицери, градоначалник, командант, полициска управа, суд, затвор. Сега жителите за се бараат одобрение, за се плаќаат такси и даноци, власта собира од нив за се казни. Жителите на Ада-Кале сега веќе не се слободни луѓе, туку австро-унгарски поданици... Така беше задушена слободата на Ада-Кале. Таа беше задушена тивко, бесшумно, со молчаливо одобрување на соседните држави, зашто Ада-Кале - тоа мало гратче, претставуваше за сите држави и за сите власти голема опасност. Таму не се подготвуваа теории за безвластието, не се пишуваа книги и брушури кои ќе објаснат како во иднина ќе се организира животот на слободното општество. Таму се покажуваше на дело слободата во сегашни услови на најприроден начин и од најобични луѓе. Слободата на Ада-Кале беше задушена со молчалива согласност на соседните држави, зашто управувачите на сите држави, воените, полициските, царинските, даночните, судските, сите служители на власта од целиот свет, земени заедно, претставуваат едно мегународно друштво за спроведување и одржување на ропството; тие се непријатели на човештвото и на народите. На оние, коишто запрашаа дали е возможно да постои човечко живеење без власт, може да се посочи примерот на Ада-Кале. Овој пример е јасен: премавнете ја власта и ослободените од ропство луѓе ќе си подредат да живеат слободно, многу подобро отколку што може да се замисли. Но, слободата не паѓа како подарок од небото. Таа треба да се 78
извојува. А ќе се извојува најдобро и со најмалку жртви само ако секој од нас постојано, систематски и упорно одбива да ги извршува наредбите на власта, ако не содејствува со неа, ако при потреба и можност - ѝ противдејствува и ако не се обраѓа до неа за услуги. Кога добро запамти, дека власта токму кога се јавува како услуга тоа го прави за да ги закове уште посилно ропските окови околу вратот на граѓаните, За власта и за државата можат да се повторат зборовите на Лаокоон од Енеидата на ВирГилие\ “Danaos et dona perentes” - “вардете се од власта и од државата кога се тие во ваша услуга!” Во една од собите на истата куќа, каде што живеевме јас и Калчев, беше станот на Петар Завоев од Кратово /подоцна новинар во Софија со псевдоним Прохор Пчински/ и на Атанас Колев од село Павликени, Севлиевско. Тие и двајцата беа исклучени ученици, кои живееја во Скопје и се подготвуваа на крајот на учебната година да го полагаат завршниот испит од трети клас во Скопското педагошко училиште. Преку нив двајцата ние ги запознавме сите ученици од третиот /последен/ клас на училиштето. Многу брзо околу нас се формира анархистички кружок, првенствено од велешани, од кои си спомнувам на Иљо Поп Јорданов /братучед на Орце/, Александар Мартулков и некој си Андреј. Имињата на другите сум ги заборавил. Ракописот на напишаната од мене “Азбука” го предадов во кружокот и тој тргна да кружи меѓу учениците од Педагошкото училиште. Честото собирање на учениците во нашиот стан не можеше да не го забележи будното око на Скопската митрополија. Неколку дена по формијањето на кружокот, во станот ни дојде еден мој сват - Ѓорги Ацев Раев од село Љубанци - Скопска Црна Гора. Тој служеше во бугарската митрополија без одредена должност. Кога беше пазарен ден тој во Скопје се среќаваше со влијателни селани од србоманските села, за да ги убедува на разни начини /при што паричните средства не беа на последно место/, да формираат бугарска партија во своете села. Во други денови од неделата тој ги обиколуваше селата со истата мисија, но главната работа му беше да го известува Синесиј за се што се длучува во Скопје и во околните села. Посебен интерес тој пројави за Јордан Калчев. Како резултат на тој интерес, наредниот ден Калчев беше повикан во уќуматот /општинска зграда/. Таму началникот на вилаетската полиција Дервиш ефенди, му предложи на категоричен начин веднаш да го напушти Скопје и територијата на Турција, а ако не го стори тоа доброволно, ќе биде истеран на сила. Сфативме. Синесиј беше во офанзива и се служеше со сите средства. Натамошното останување на Калчев во Скопје беше неумесно и тој наредниот ден преку Куманово - Зибевче - Ниш си замина за Софија.
79
Јас останав сам. Состаноците на кружокот во мојот стан станаа поретки, спротивно на посетите на Горѓи Ацев, кои станаа сѐ почести. Синесиј лесно го издејствува протерувањето на Калчев, зашто тој беше родум од Бугарија, немаше врски со Македонија. Причината за неговото доаѓање и престој во Скопје - да го види и да се запознае со тој крај - не предизвикуваше достатно почит во очите на турската администрација. Освен тоа, неговата огромна бушава фигура будеше сомненија и завист кај Турците. Со мене работите стоеја малку поинаку: јас бев родум од Скопје, имав родители, татков дом и имот. Турската административна власт, навикната да се сообразува со законите немаше конкретна подлога за некој од мене извршен престап, за да може да ме уапси. Освен тоа, немаше ни некоја серијозна причина, која ќе го оправда моето истерување од земјата. Требаше нешто да се најде, и затоа Ѓорѓи Ацев беше започнал да ме следи одблиску. Најпосле, и мене ми омрзна да ги разлајувам кучињата во бугарската митрополија и затоа во кружокот решивме јас да го напуштам градот за извесно време, да одам како учител во некое село. Треба да кажам, дека неколку дена по мојата прва посета во митрополијата, беше издадена наредба да бидам назначен за учител во селото Глуново, соседно на моето родно село - Мирковци - со годишна плата од четири златни турски лири. јас не се брзав веднаш да го заземам местото по назначувањето. За мене многу поважно беше да се формира кружокот и да се шират идеите на анархизмот преку “Азбуката”, отколку да бидам обичен селски даскал. Во еден од последните денови на ноември 1898 година јас заминав за селото Мирковци. Уште истата вечер испратив абер до кметот во селото Глумово за да разгласи со протоѓерот, дека утре ќе се отвори училиштето, а децата да дојдат рано наутро во училиштето за да ги запишам. Наредниот ден, рано наутро заминав за Глумово. Го најдов кметот, кој го испрати протоѓерот за да го отвори училиштето. Пред училиштето затекнавме околу триесетина деца на различна возраст - од 7 до 12 години, кои играа. Меѓу децата имаше и две девојчиња. Кога поминувавме меѓу децата, тие ги симнуваа капите и поздравуваа: “Добре дошол, учителе”! Училиштето имаше две училници: во една јас ги собрав учениците и, откако наседнаа на клупите, сакав да ги распоредам по возраст и по знаење. Ги одделив на една страна помалите, кои уште не беа оделе на училиште и почнав да им ги проверувам знаењата на повозрасните. Запрашав едно отворено, будно 12-годишно момче, да ми каже што учеле минатата година, и што знае од наученото.
80
- Све сме училе. Ја све знам! Јас зачудено го погледнав тоа дечиште, кое сѐ учело и сѐ знаело. - Е, кажи да видимо што знаеш? Знам и наустницу, и псалтир и часослов - све знам! Еве - и тоа почна да цитира “Бодородице дево, радуйся, Господ с тобою”. Се гледа - тоа забележа некакво незадоволство на моето лице и затоа рече: - Ако сакаш, учителе, да ти прочиту друго, да речемо: Царю Небесни, утешителю...” -Све овој су молитве. Друго што сте учеле? - И друго да ти прочиту: “Блаженъ мужъ, иже не ходях по путям грешним, на утешителю. Јас добро разбрав какви знаења предавал мојот претходник и какви мето ди применувал. Токму што му кажав на овој ученик - сезнајко да седне, кога вратата на училницата се отвори широко и внатре влезе еден височок селанец, сув, околу педесетгодишен човек, добро облечен, со бела чалма на главата. - Добре дошол, даскале! Ти откуде си? - Добре нашал! Ја сам од Мирковце. - Ајде пушти деца да играв и оди с мене да се поприкажемо. Јас сам чорбаџи Симо. Оди у нас. Ќе пиемо по едну ракију и ќе зборимо. Јас ги пуштив децата и заедно со чорбаџи Симо отидовме кај него дома. Јас живеев блиску до училиштето. Влеговме во куќата, а ќерка му стави пред нас едно шише ракија и мезе. Чорбаџи Симо пристани веднаш на прашањето, кое, изгледа, многу го интересираше Колку ти е ајл’к? - Четири лире за годину. Арно. Да знаеш: две лири су за тебе, а две лири за мене. - Како може тако? - Тако. Ако сакаш да бидеш овде даскал, тако ќе биде. - Демек - ја ќе учу децу и ќе узимам две лире, а ти ништо не ќе правиш и ти ќе узимаш две лире? Да не си се помешал нешто, чорбаџи Симо? - Ако сакаш, Без две лире за мене, нема да улегнеш у училиште. Е, па - да ти се помочам у училиштето, чорбаџи Симо! И јас станав и си излегов, без да се напијам од ракијата на чорбаџи Симо, што ми ја нудеше ќерка му, со една рака ставена смирено на појасот. Така заврши мојата учителска кариера во Македонија. Јас си отидов во селото и веќе не се вратив во Глумово. Неколку дена поминав дома. Спроти св. Никола отидов во Скопје: Наближуваше Коледе. Скоро учениците ќе бидат распуштени, а од мене се бараше да го соберам кружокот еднаш-два пати, пред учениците да се разотидат по домовите. Самиот празник Коледе и Василица ги поминав дома на село. 81
Неработењето ме убиваше. Со Мерџанов не можевме да стапиме во врска, која - како што се договоривме - требеше да ја воспоставим преку Димитар Кандиларов. Но, да барам содејство на овој последниот при односите создадени меѓу нас, значеше да го поставам и Мерцанов во истата положба, во која јас се наоѓам во Скопје. Решив да ја воспоставам оваа врска преку Софија, откако ќе отидам таму лично и се ориентирам за положбата во која се наоѓаме. Му соопштив на татко ми, дака сум решил да се вратам во Бугарија. Тој многу се израдува за тоа дека меракот да бидам учител во Македонија ми испарил и дека - откако се вратам кај вујко ми, веројатно пак ќе заминам за Женева за да студирам хемија. Со него заедно отидовме во Скопје и одевме од врата на врата во уќуматот за да го заверам документот за престој, кој ми беше издаден од турскиот конзулат наместо пасош во мај 1898 година во Пловдив врз основа на нуфузот, со кој татко ми ме беше снабдил уште во 1894 година, кога доаѓав во селото. Според востановената практика, побараа од татко ми лична гаранција - па ако власта ме побара, тој е должен да ме пријави. Татко ми го стави отисокот од десниот палец во дефрерот на полицијата, и јас најпосле го добив бараниот документ визиран за излегување од територијата на турската држава. Уште кога со татко ми трчкавме од врата до врата во уќуматот, за да го визираме мојот “пасош“, за нас се залепи Димитар Петрушев Шагманов од скопската Чаир-маала, мој далечен роднина по мајка. Како управник на Ловчанската епархија на местото на егзархот Јосиф I, по пропаѓањето на Кресненското востание, физички растроен од добиениот во последната битка апоплектички удар, вујко ми си беше поставил како последна цел во животот: со својата плата да одгледа и да им даде корисна насока во животот на што е можно повеќе Македончиња и така да ја зголеми шансата за постигнување на главната цел на неговиот живот - политичка слобода на Македонија. Уште како охридски владика, вујко ми прибрал кај себеси во митрополијата, ги одгледал и потоа материјално ги помагал за да стекнат високо или специјално образование неколку Македончиња, од нив се сеќавам на: браќата Андреј и Наум Григорови Башеви и К. Мангов /подоцна преименуван Богданов/ од Ресен, браќата Трајко и Ефтим Китанчеви од село Подмочани, Ресенско, братучедите Иван Златанов и Никола Петров Бојкикеви од село Кучевиште, Скопско и др. Околу себе во Ловеч вујко ми беше собрал цела чета дечурлија. Меѓу тие деца беше и гореспоменатиот Димитар П. Шагманов. Летно време, приквечер, кога заоѓаше, сонцето ги фрлаше последните зраци врз рускиот споменик на Стратеж, вујко ми излегуваше на чардакот во митрополијата, која во тоа време се наоѓаше во еден стар
82
беговски конак до реката Ос’м, над Колевата воденица, и молчешкум ги набљудуваше нашите игри. Што имаше толку интересно во тие игри, та тој ги следеше со таков жив интерес, особено кога меѓу себе ќе се скаравме или степавме? Всушност, преку набљудувањето на нивните игри, тој го проучуваше карактерот, склоноста и способностите на децата, преку чие одгледување тој сакаше по можност да биде најполезен на општеството. Така, Трајко Китанчев бил испратен во Москва за да се здобие со високо образование и потоа да стане несебичен борец против диктатурата на Ст. Стамболов. Никола П. Бојкикев бил испратен да студира право во Лозана, за подоцна да стане еден од најпочитуваните правници во Бугарија. Ефтим К. Лимончев бил сместен во Железничкото училиште во Књажево, за потоа да биде еден од најценетите машинисти на Бугарската државна железница итн. Овој, пак, Димче П. Шагманов, физички најсилниот од меѓу нас, како ученик одвај мрдаше. Жесток и одмаздувачки настроен, за време на игрите тој издемнуваше да се фрли одзади, ненадејно врз жртвата на неговата одмазда, го заапуваше и стискаше до крв показалецот на својата лева рака, а со десната собрана во тупаница со палецот надвор, нанесуваше брзи и силни удари под ребрата, додека жртвата не падне во безсознание. За тоа време , со левиот показалец во устата, тој испушташе звуци на задишан како силно изморено куче. Едно рано утро во текот на септември 1887 година, коњарот Стефан Халачев од Охридско го изведе од дворот на митрополијата пајтонот, запрегнат со четири коњи: вујко ми заминуваше преку Микре, Турски извор, Јабланица, Орхане и Араба-конак за Софија. Со него отпатуваа: Ефтим Костов Лимончев, за да биде сместен во Железничарското училиште во село Књажево и Димче Петрушев Шагманов - за да биде вратен назад на татко му во Скопје. Колку што знам, тоа беше првиот и единствен случај вујко ми да се ослободи од грижите за некое дете пред да го осигурил неговиот натамошен развој и положба во животот. Ете тој Димче Шагманов се залепи за татко ми и за мене како сенка и непрекинато ми повторуваше в уши: - По лицијата ме следи. Ме е страв дека наскоро ќе ме уапсат. - Зашто ќе те уапсат? Што си направил? - Ништо не сум направил, но ме следат. Те молам, дај ми го твојот пасош да избегам! - Демек - дај си ја мажу жената, а ти легни во трњето. - Те молам, Петре! Во името на нашето пријателство од детството те молам - дај ми можност да избегам! -Штом сакаш да избегаш, тогаш избегај преку границата без пасош!
83
-За мене тоа е тешко: сите полицајци во Скопје ме познаваат и штом забележат дека ме нема во градот, веднаш ќе им наредат на пограничните власти да ме фатат. -А за мене нели е исто? -Не. Тебе сите во полицијата не те познаваат, па ќе можеш незабележано да стигнеш до границата. -А на железничката станица, кога се качуваш на возот, полицаецот кој ги регистрира пасошите пред качувањето - кога те познава - да не е слеп и да не види дека пасошот ти е на туѓо име? И што ќе се случи? Тебе веќе со право ќе те уапсат, но ќе ме уапсат и мене со уште поголемо право. -Тоа нема да се случи. Ќе се качам од Куманово. Таму не ме познаваат. До Куманово ќе отидам со пајтон. Овие негови молби се повторија толку многу пати во тие три дена, кога со татко ми ги обиколувавме капиите на уќуматот, што ме доведуваа да лудило. Меѓутоа, настојувањата на Димче Шагманов достигнаа кулминација. Ми прелета во умот: всушност, зошто да не ја поминам границата без пасош, и да го искористам случајот за да воспоставам врски со учителите и населението во пограничните села во случај на идни евентуалности? Кон крајот на третиот ден јас се согласив да му го дадам на Д. Шагманов мојот “визиран” пасош. До Куманово ќе заминеме заедно со пајтон, а оттаму тој ќе замине со возот преку Зибевче за Софија и ќе го однесе мојот куфер, а јас на кај Крива Паланка ќе патувам пешки, без багаж. - Слушај! - му реков јас едно рано утро пред да заминеме со пајтон за Куманово - еве, ќе го однесеш во Софија и мојот куфер. Ќе го однесеш во хотелот “Батемберг” и ќе му го предадеш на Гоце Делчев. Ќе му кажеш да ги причува алиштата до моето доаѓање. Куферот е со двојно дно. Таму сум ставил едно писмо без адреса и без потпис. Ставив и половина ока дребен тутун од моравча. Писмото и тутунот се за Делчев. Се разбравме, нели? -Се разбравме. -Имаш ли пари? -Имам колку за билет до Софија. -Земи ги овие два наполеона. По пат сѐ може да се случи. Да не бидеш без пари. Јас му го дадов куферот, му ги дадов и парите. Ако не ме лаже умот, во вторник, на 19 јануари 1899 се качивме на пајтонот, каде што имаше само двајца патници. Беше студен зимски ден. Сув студ, засилуван од северниот ветар, кој дуваше наспроти нас и кој уште повеќе се засили кога почнавме да се движиме по ридот кај селото Арачиново. Димче Шагманов се покажа сосема неиздржлив на студот, така што требаше да легне на подот на пајтонот и да се завитка во една черга, во
84
која пајтонџијата го беше покрил распосланото во пајтонот сено, подготвено за храна на коњот во Куманово и по враќањето назад во Скопје. Во Куманово пристигнавме попладне и слеговме до кафеаната на Јашар-беговиот хотел, каде околу накладената печка почнавме да си ги грееме измрзнатите раце и нозе. Откако се постопли Димче Шагманов со пајтонот отиде на железничката станица и оттаму со мојот куфер замина за Софија. Не можам точно да се присетам за содржината на моето писмо до Делчев, коешто го бев ставил во двојното дно на куферот. Си спомнувам, сепак, дека содржаше укор за тоа што не упати на луѓе, што не ги познава добро и кои не ја заслужуваат неговата доверба, зашто воопшто не се срамуваа да постапат најподло. Преноќевав во хотелот на Јашар-бег. Следниот ден, рано наутро, тргнав пешки по патот за Крива Паланка. Беше јасно, студено и тивко утро, во браздите водата беше покриена со мраз. По патот настигнав еден таксилдар35, јавнат на коњ. Тој одеше по селата да ги собира државните даноци. Изгледа дека се беше смрзнал на коњот, зашто слезе, го поведе и се израмни со мене. Јас донекаде зборував турски, а тој сосема слабо македонски и додека одевме заедно разговорот ни беше една невозможна мешавина од турско-македонски зборови. Но тој изгледаше добар, љубезен и разговорлив човек. Наскоро ние се разделивме - јас продолжив по патот, а тој сврте лево од патот за некое од селата. Околу десет часот наутро пристигнав во селото Младо Нагоричане. Студот беше омекнал. На мегданот на средсело една убава чешма, а на исток од неа, на крајот од мегданот, висока, убава црква, цела изградена со делкан камен. Според верувањето на околното население, во оваа црква бил погребан последниот бугарски цар Иван Шишман. Отидов на чешмата да се напијам вода и да прашам за училиштето. Ми го посочија дворот на црквата. Во училиштето го најдов и се запознав со учителот Атанас Кралев од Куманово, еден многу љубезен, услужлив и симпатичен млад човек. Ручавме заедно во кафеаната. За време на ручекот јас изразив желба да се запознам со учителите од соседните села. Атанас Кралев веднаш пројави готовност да ме придружи до Старо Нагоричане и да ме запознае со тамошниот учител Ангел Голомехов, одличен човек, како што велеше Кралев, замешан во Виничката афера и потоа ослободен. Истиот ден вечерта, двајцата со Атанас Кралев бевме гости на АнГел Голомехов во Старо Нагоричане. Вечерта ја поминавме во пријатен разговор и весели шеги, при што користев погоден момент да ги проповедам идеите на анархистичкото учење. Јас им кажав дека целта на моето патување беше нелегално да ја поминам границата. Тие и двајцата ме посоветуваа да не патувам по патот, каде што - кај Страцин има стражарница, 35 Даночник.
85
т.е. полициска стражарница од 10-15 заптии, кои ги проверуваат документите, распрашуваат и во случај на сомневање - ги задржуваат патниците. Тие ме посоветуваа да ја заобиколувам стражарницата и да излезам на патот откако ќе го поминам Страцин; да го заобиколам, откако ќе го поминам селото Орá и низ манастирот Карпино. Бидејќи не го знаев патот, Ангел Голомехов пројави готовност да ме придружува до Крапино, каде што бил учител некој си Ефтимов, штипјанец, син на штипскиот архиерејски намесник поп Ефтим. Наредниот ден се разделивме: Атанас Кралев се врати назад за Мало Нагоричане, а ние двајцата со Ангел Голомехов заминавме за Карпино. Околу ужина поминавме низ селото Ора и појдовме по нискиот рид, обраснат со ретка и млада дабова шума, зад кој - на североисток, во рамницата се наоѓа манастирот Карпино. Во шумата сретнавме еден човек, на средна возраст, околу 40-годишен, тенок, висок, облечен во црно расо, подвиткано однапред, па му се гледаа нозете до колената, облечени во шајачни панталони, лицето му беше зараснато во куса, кадрава, костенлива брада. Тој носеше ловџиско чифге, окачено со ремен на неговото десно рамо. Овој човек беше поп Бојко, игумен и единствен калуѓер во манастирот Карпино, познајник на Голомехов. Тој беше излезен на лов, но не беше отепал ништо. Откако се поздрави со Голомехов и се запозна со мене, тој тргна заедно со нас на кај манастирот. По патот поп Бојко ме распрашуваше од каде сум, кој сум, поради што доаѓам во манастирот. Одвреме-навреме тој фрлаше кон мене крадешкум поглед, во кој, иако млад, лесно можев да го прочитам неговото непријателско настроение, недоверба и сомневање. Впрочем, не беше многу одамна кога Виничката афера го засегна населението по овие места и поп Бојко беше во право да се сомнева во секој млад човек, кој без некоја подлабока причина ги обиколуваа овие места во ова доба од годината. Во манастирот го најдовме и учителот Ефтим. Во дворот на манастирот го видовме Агуш-ага, арнаутин, чувар на манастирот, околу 50годишен човек, плеќест, со широко, избричено, црвеникаво лице, со надвиснати веѓи и дебели, прошарени мустаќи. Ние се прибравме во една од одаите на манастирот, каде што Ефтимов не пресретна најљубезно. Останавме до доцна во ноќта. Јас ги користев околностите пред двајцата учители и пред попот Бојко да зборувам за принципите на анархизмот во духот на “Азбуката”. Вечерата заврши доцна во ноќта со бунтовни песни, какви што се пееле пред 25 години, кога се подготвувало Априлското востание, како: “Ветрот ечи, Балканот стенка”, “Стани, стани, јунак балкански” и други. Попаднат во екстаза од разговорот и од песните, Ефтимов го отвори прозорецот, го грабна чифтето на поп Бојко и грмна со двете цевки надвор
86
во темницата. Поп Бојко за целото време молчеше, или многу ретко се јавуваше, за сето време, тој не гледаше долго сите по ред. Наутро многу рано, уште пред да се раздени, Голомехов стана и си замина за Старо Нагоричане. Ефтимов уште спиеше. Јас се подготвив да си заминам, кога поп Бојко влезе во одајата, придружен од Агуш-ага, кој во рацете ја држеше својата мартинка. -Ајде, даскале, да одиш со Агуш-ага до Страцин! -Зошто до Страцин? Јас ќе одам директно за Крива Паланка. -Не може. Ќе одиш во Страцин, на стражарницата. Да видиме што човек си. Ајде, Агуш-ага, терај го за Страцин! На овој начин поп Бојко го заврши своето гостопримство кон мене и за извесно време го измени курсот на мојот живот. Во Страцин стигнавме рано. Агуш-ага ме предаде во полициската стражарница и, откако се одмори, се врати назад во Карпино. Во стражарницата имаше уште еден задржан: Кочо Молеров од село Банско, Разлошко. И тој како мене, тргнал со намера да ја помине границата без пасош и се нашол овде. Чаушот на стражарницата ми побара документ: јас го извадив нуфузот и му го подадов. Тој почна. да ме распрашува: од каде сум, кога сум дошол во Карпино, за каква работа сум дошол во Крапино, за каква работа одам за Крива Паланка, зошто не сум одел по патот, туку сум отишол во Карпино. моите одговори не го задоволија чаушот и тој ме задржа. Откако напиша некаква белешка, тој им нареди на двајцата заптии да нѐ спроведат мене и Молеров во полициската станица во Куманово. И така, околу десет часот наутро, ние двајцата со К. Молеров тргнавме назад по патот за Куманово, следени од двајца заптии, со мартинки во рацете. Во Куманово пристигнавме кога се беше веќе стемнило. Не одведоа право во полициската управа, во касарната на заптиите, каде што гореше печка, зашто надвор беше студено. ние ја поминавме ноќта таму. Спиевме на креветите на заптиите што беа служебно отсутни. Наутро, пак од двајцата заптии и еден пакет, адресиран до началникот на вилаетската полиција, ние бевме одведени на железничката станица, а оттаму со возот за Скопје. Во Скопје возот пристигна околу пладне. Беше неделен ден - ако не се лажам 24 јануари. Од станицата до полициската управа не спроведоа преку мостот на Вардар и низ главната улица “Уќумата марифетлен”, т.т. според сите правила на државното искуство. Не доведоа во полициската управа, која се наоѓаше неколку чекори подолу од дворот на уќуматот. Таму нѐ оставија да го чекаме доаѓањето на началникот на вилаетската полиција, кој во тоа време отсуствуваше од управата. По извесно време - по еден час - Дервиш ефенди дојде. Го одведоа кај него Молеров, а по неговото излегување ме повикаа и мене.
87
Во тоа време во Скопје и во целиот вилает немаше попопуларна личност од Дервиш-ефенди. Својата популарност тој и ја должеше на Виничката афера, која турската полиција, раководена од него, откри дека населението во Кочанско се вооружува со цел да востане против турската власт. Храбар, кога треба, секогаш итар, многупати остроумен, никогаш жесток, понекогаш великодушен - Дервиш-ефенди си беше стекнал име на неуморен, секаде присутен и севозможен полицаец, кој добиваше инструкции директно од императорската канцеларија и ги даваше своите рапорти, исто така, директно во Илд’з Ќошк. За него се раскажуваа разни епизоди, од кои некои беа многу интересни и забавни. Во Виничката афера бил уапсен учителот Мише Развигоров, родум од Штип, соученик во Софиското воено училиште и другар на Гоце Делчев. Меѓу мноштвото уапсени, под сомнение бил и еден селанец од Виница, кој од Развигоров добил една пушка. Во истрагата, по жестокото тепање и измачување, Мише Развигоров, покрај другите подробности, ги кажал и имињата на селаните, на кои им поделил пушки, го кажал и името на тој селанец. Го уапсиле селанецот, ја претресле куќата, плевната, кошарата, но не ја нашле пушката. Го прашале селанецот дали добил пушка од Развигоров. Тој не само што одречувал дека добил пушка, туку и категорично изјавил дека не познава никаков човек по име Мише Развигоров. На неколку пати селанецот бил подложуван на жесток ќотек, но тој секогаш останувал на своето: не добил никаква пушка и не го познава Развигоров. Но, мачителите не се откажале од “нежното” испитување. Тие го врзале селанецот со мокро јаже, чиишто два краја биле врзани во средината на еден стап, којшто почнале да го вртат, черепот на селанецот бил стегнат до пукање, очите му излегле од длапките, тој паднал во несвест. Меѓутоа, кога го освестиле и го запрашале има ли оружје, тој пак не признал, исто така, и дека го познава Развигоров. Тогаш го одвеле селанецот во една соба, на средината од која имало завеса. Од другата страна на завесата го испитувале Развигоров, кој не знаел, дека од другата страна на завесата селанецот слуша сѐ - како прашањата на полицаецот, така и одговорите на Развигоров. Овој последниов го кажувал тоа што го кажувал и порано и, меѓу имињата на оние, на кои што им дал пушки, тој го спомнал и името на тој селанец. - Лаже! Овој човек лаже, ефенди! Јас не признавам такво нешто. Тој лаже од почеток до крај! - извикал селанецот. Направиле соочување меѓу него и Развигоров во присуство на Дервиш-ефенди. Развигоров му се обратил на селанецот, откако му го кажал името и почнал да му ги објаснува околностите во кои му е дадена пушката.
88
-Овој човек лаже, ефенди! Јас не го познавам, сега го гледам за првпат. Изгледа дека е учен човек, ама лаже бетер од циган. Дервиш-ефенди се свртел на кај Развигоров: Е, Мише - ефенди го гледаш ли овој човек? Ете такви како него се вистински луѓе. Такви како него се достојни да бидат комити и заслужуваат почит. А од такви како тебе лајна - од нив ништо не бидува. И тој се свртел кон селанецот: - Ајде, врви си в село и друг пат на такви како Мише-ефенди да немаш верба! И тој го ослободил селанецот. Кога, пак, во Виничката афера - Дервиш-ефенди го испитувал Григор Манасиев, бидејќи бил пријатно расположен, му рекол: - А, бе, Григор-ефенди! Не биди будала! Со пиши-пиши36 царство не се урива! Биз ону кал’ч-лен алд’к, кал’ч-лен вереџеис.
*
Како што одбележав на друго место погоре, во Скопје и Скопско се беа пресретнале српската и бугарската пропаганда, кои ги спроведуваа аспирациите и официјалната империјалистичка политика на српската и бугарската држава. И на двете овие пропаганди им недостигаше морална чистота како во поставените цели, така и во средствата за придобивање приврзаници и за постигнување на целите. Турската власт успешно меандрираше меѓу овие две пропаганди и секогаш се јавуваше во устата на онаа од нив, која - според местото и времето - беше послаба и на тој начин ги разделуваше сѐ повеќе и ги правеше сѐ побезопасни за неа. Главниот проповедник на таа турска политика во Скопско беше Дервиш-ефенди. Еднаш го запрашале него - кога го познава целиот Косовски вилает, со оглед на народноста на населението, кој има повеќе право - Србите или Бугарите? Дервиш-ефенди одговорил: - Ако разделиш едно лајно на две - која од двете половини ќе биде почиста? Бу-бок, о-да бок! ак ѓот, кара ѓот - гене ѓот /И едната е лајно и другата е лајно! Бел задник, црн задник - се е задник!/ Кога по застапувањето на конзулите - поголемиот дел од уапсените учители биле ослободени, во знак на нивното ослободување, Дервишефенди им дал вечера во ресторанот на хотелот “Ориент”. За време на вечерата, кога расположението пораснало, Дервиш-ефенди им се обратил со еден духовит предлог на довчерашните обвинети во врска со Виничката афера: - Ајде, бир кумита-турќусу сојлеин, бакалм! Меселлах, дир “Сатани, сатани, јунак балкан-сики!”37 Среќни дека по неколкумесечниот затвор се виделе слободни, ослободените учители не забележале, или се направиле дека не ја 36 Со проповеди и писанија.
89
забележуваат жестоката иронија и понижувачкиот за нив каламбур, па заеднички запеале: Стани, стани, јунак балкански, Од сон длабок разбуди се! Против тиранинот отомански Ти Бугарите поведи ги! Дервиш-ефенди, кој не зборуваше збор бугарски, многу добро го разбираше овој јазик. По испејувањето на првата строфа од оваа песна, тој го покажал своето иронично однесување спрема ослободените, и кон целата нивна дејност, кога силно се провикнал: - Ајда-а! Јашас’н Македонијан’н хуриети!37 38 Со среден раст, тенок, пргав, со умно и итро лице, со темнокафеави мустачиња, со сиво кафеави очи, стегнато облечен во полицискиот мундир, целата фигура на Дервиш-ефенди беше упадлива и фина. Кога влегов, тој ја читаше доставката од Куманово. Седнат така, зад масата до прозорецот, па телото му беше напоредно со масата, затоа што ги беше испружил двете нозе исправени една врз друга на еден стол. По извесно време тој престана да чита, се потпре со лактот на масата и ме запраша на турски: - Ти од каде си? - Од Мирковци. - Што работиш? - Учител сум. - Каде си учител? - Во Глумово. Една фина насмевка му се појави на лицето и тој ме запраша со иронија и сарказам: - Сен Мирковцали, Глумова даскал олаикен, не сикимѐ ариорсун Карпинова кадар? /Кога си од Мирковци и си учител во Глумово, што мајчинати бараш дури во Карпино?/ И без да го дочека мојот одговор, тој плесна со рацете. Веднаш зад завесата се покажа еден заптија. - Терајте го во Старата апсаана! Со него ќе си имаме повеќе работа. Нѐ поведоа - Молеров и мене - низ дворот на полициската управа и оттаму по степениците надолу во дворот на Старата апсаана. Дежурниот стражар ја отклучи вратата и ние се пикнавме внатре. Ова патување од
37 Ајде испејте една вистинска песна! На пример, една: “Стани, стани, јунак балкански” /Турците не можат последователно да изговараат две согласки, затоа, наместо “стани”, изговараат ‘‘сатани”. Последниот збор “балкански”, искажан на турски начин е циничен каламбур/. 38 Ајде-е! Да живее македонската слобода!
90
Карпино до Страцин, од Страцин до Куманово, оттаму до Скопје и ова слегување по степениците на уќуматот до полициската управа и оттаму до Старата апсаана, и симболично и практично, беше слегување се подолу, се повеќе кон дното, каде што се слеваат отпадоците на човечкото општество...
Ние влеговме и махинално застанавме до вратата, зашто по обилната сончева светлина надвор - ништо не можевме да разликуваме во темницата пред себеси. По извесно време очите ни се навикнаа на мракот и ние почнавме да разгледуваме. Долниот кат на Старата апсаана, каде што не втераа, беше една соба, долга околу десет го дванаесет метри, околу пет метри широка и три метри висока. Вратата се наоѓаше на северниот ѕид од собата, не на средината, туку на два метра од западниот ѕид. Таа беше направена од дабови талпи, на средината и беше пробиена една полутркалезна дупка, преку која дежурниот стражар одвреме-навреме погледнуваше, за да провери што станува внатре со апсааната. Преку истата дупка се подаваше лебот или испратените од надвор продукти за затворениците. Точно на средината на северниот и јужниот ѕид, високо , под самиот таван, имаше по едно мало прозорче со димензии 60 на 70 см. - вкупно две прозорчиња, премрежени со дебели железни шипки. Северното прозорче гледаше кон дворот на апсааната и речиси не пропушташе никаква светлина, засолнувана од соседните згради и широките стреи. Од јужното прозорче се гледаше едно четвртесто парче небо, оковано во железна мрежа. Прозорчињата немаа стакла и беа постојано отворени, така што имаше непрекинато воздушно струење. Меѓутоа, кога имаше снежна виулица или дождовна бура, повлекувани од воздушното струење, снегот и дождот изобилно го навлажнуваа подот на просторијата. Таванот се потпираше на дебели дабови греди, наредени врз северниот и јужниот ѕид на затворот; на средината на гредите, напреку, имаше една долга греда, која опираше на источниот и западниот ѕид. Врз таванските греди беше поставен подот од штици на вториот спрат, кој служеше за затвор на виновни државни службеници. Меѓу штиците на овој под имаше пукнатини, широки по еден до два сантиметри. Кога горе метеа или кога некој од горните затвореници не погодеше право во кантата при одењето по мала нужда, сметеното ѓубре и мочката ги поросуваа главите на затворениците од долниот кат. На средината на просторијата имаше еден многу дебел дабов дирек, кој, преку напречната таванска греда, ја држеше целата таванска конструкција. На овој дирек, високо, беше закована една хоризонтална штичка, врз која се ставаше газиеничето, со кое затворот се осветлуваше
91
ноќум. Како таванските и напречните греди, така и централниот дирек, беа многу нечисти, исчадени и поцрнети. Подот беше од раскалена глина, нерамен, нечист. Во североисточниот дел на просторијата беше поставена кантата за мала нужда. Целата просторија беше исполнета со неподнослива реа на мочка, влажна глина и чад од дрвен јаглен. Јас влегов првпат во затвор. Треба да кажам дека почетокот беше многу добар и отвораше одлични перспективи за во иднина... -О! Ош-гелдинис! Добре дошле! Повелете! Бујрунус! Поздравите со кои не пресретнаа затворениците и кои не беа лишени од иронична нотка, се слеваа од сите страни на турски и на македонски. По групи, затворениците беа зазеле разни места во просторијата. Југозападниот агол, спроти вратата, најоддалечениот од кантата, беше зафатен од една група Турци, кои полулегнати на рогозината, потпрени на перниците, всредоточено пушеа од долгите цигарлаци и чибуци. Блиску до нив, покрај јужниот ѕид, една група Арнаути ги префрлуваа броениците в раце и тивко зборуваа, со сериозен израз на лицето. Меѓу нив имаше еден затвореник - Арнаутин со нееднакво долги нозе, кој поради тоа го наречуваа “Топал”. Весел тип, кој, кога одеше оставаше впечаток како да потскокнува, за да се фрли врз некого и го фати за гушата. Тој беше кафеџија на апсааната и со чудно искуство, при послужувањето внимаваше на рамнотежата на послужалникот без да истури од кафето. По на исток, блиску до источниот агол, пак до јужниот ѕид, имаше една група Турци-дезертери од војската- едни седнати по турски, други полулегнати на рогозината. Покрај северниот ѕид, меѓу вратата и аголот на кантата, местото беше зафатено од една шарена група: еден еснафскопјанец - Папукчи Никола, еден Циган-џепчија Мехмет Али, кого просто го наречуваа “Али-џепчијата” и две добро облечени со градски алишта момчиња од Митровица, кои зборуваа српски. Ние се присоединивме кон оваа група и на тој начин го зголемивме нивното шаренило. Ни направија место на рогозината под северното прозорче, до мангалот во кој тлееше жар од дрвен јаглен. Независно од вошките, кои не полазија веднаш по седнувањето на рогозината, првите две ноќи, коишто ги поминавме во Старата апсаана без друга постилка освен рогозината, без друга покривка освен горното палто јануарскиот студ, без друго затоплување освен изгаснатиот мангал и со воздушното струење, кое доаѓаше од двата наспроти нас поставени, вечно отворени прозорчиња, ни беа сосема пријатни. Во вторник пазарниот ден на Скопје, ако не ме лаже умот, на 26 јануари, дежурниот стражар ме извика на вратата: беше дошол татко ми да ме види. Тој се научил дека во недела ме терале уапсен од железничката станица до
92
уќуматот. Кутриот мој татко! Неговата радост дека сум заминал за Бугарија и дека оттаму ќе заминам за Женева да студирам хемија - беше краткотрајна и изгубена веднаш и засекогаш. Тој го соблече својот кожув - долг кожув од овчи кожи - и ми го остави за покривка. Со тој кожув со Молеров се покривавме за сето време додека бевме заедно во Старата апсаана. И почнаа да течат бавните, измачувачки и здодевни денови на затвореничкиот живот, кога човек не е господар на себеси, кога сите негови желби и мечтаења се насочени кон слободниот живот надвор од затворот, а очите му се насочени кон една точка - кон заклучената врата. Со најголема нестрпливост очекував да ме повикаат кај мустентикот /иследникот/. Едноличноста се нарушуваше кога некој од затворениците ќе беше повикан на испитување. Во зависност од заклучокот на мустентикот, затвореникот беше ослободуван или испраќан во Куршумли-ан, кој пред двеста години бил гранично складиште на дубровничките трговци и кој, за времето за кое раскажувам служеше за централен вилаетски затвор.
Веднаш - во првите денови на февруари - доведоа синџир затвореници-Арнаути од Ѓаковица. Во тоа време Арнаутите не беа мирни: Љума се бунтуваше, Ипек негодуваше, Ѓаковица вриеше. Скопскиот валија Хафуз-паша, Ќурд по народност, посегнуваше врз несигурната слобода, што ја имаа Арнаутите. Во текот на јануари тој беше презел една обиколка на арнаутските центри во Скопскиот вилает, каде што ги собираше арнаутските првенци, за да ги убедува да ги прифатат доброволно мерките на централната власт за целосно потчинување на Арнаутите, како не би дошло до тоа да бидат насилно воведени. Насекаде Хафузпаша бил пречекан со воздржана учтивост, која значеше дека Арнаутите немаат доверба во неговите зборови. Во Ѓаковица, воздржаната учтивост на арнаутските првенци се претворила во најотворена непријателска манифестација: еден од арнаутските првенци, Сали Би Исла, го извадил својот црногорски пиштол, го вперил во градите на Хафуз-паша и му ракол да послуша: - Ние не те признаваме ни тебе, ни твојата централна власт. Оди си од каде што си дошол, курдско куче! Со молчањето кое уследило по зборовите на Сали Би-Исла, собраните арнаутски првенци покажале, дека тие се солидализираат со него. Хафуз-паша го напуштил состанокот и си заминал од Ѓаковица, но не ја заборавил нанесената неправда. Тој веднаш испратил во Ѓаковица војска и жандармерија. Доведените - еден синџир Арнаути беа првите жртви на одмаздата на Хафуз-паша. За првпат во животот гладав една таква слика: на растојание од 70 см. на еден долг синџир терани со железни алки, кои 93
можат да се отвораат и заклучуваат со катанец, алките се ставаат околу вратовите на затворениците заврзани еден со друг за вратовите. Кога одат, тие треба да одат еден по друг како жерави. Еден таков синџир остава впечаток на некаква гигантска гасеница со толку чифтови нозе, колкав што е бројот на окованите затвореници. Ваквиот начин на спроведување затвореници, каде на овие последниве им причинува неописливи маки, за административната власт претставува голема удобност и економичност. Власта не се грижи за превозни средства, зашто затворениците патуваат пешки. Таа е апсолутно сигурна, дека, бидејќи се оковани, никој од нив не ќе може да избега по патот, а за спроведување на неколку десетици така оковани затвореници се достатни само двајца стражари, кои можат да не бидат вооружени. Ние се натрупавме да гледаме преку дупката на вратата. Синџирот сопре во дворот на апсааната. По неколку секунди десетина вооружени стражари со вперени мартинки ги опколија надојдените. Еден стражар почна да ги отклучува алките и да ги ослободува вратовите на затворениците, кои се собраа пред вратата на апсоаната. Дежурниот стражар нѐ избрка од вратата, ја отклучи и почна да ги пушта внатре новодојдените, а нив ги броеше како што се брои добиток. При броењето, за да не се збрка, тој ги удираше оние што влегуваа по грбот. Дале, бир!, Ики! Јуч! Дорт!39... Тие влегуваа еден по еден и за малку - како нас, кога влеговме првпат - застануваа до вратата, а потоа одеа кон празното место до јужниот ѕид. Тоа беа крупни, здрави пленици на различни возрасти - од млади момчиња со одвај појавени мустаќи, до 60-годишни старци со неизбричени прошарени бради. Тие влегуваа со мирна рамнодушност, како да сметаа, дека сѐ што се случува со нив е во вообичајниот ред на нештата, една нормална фаза во нивната борба со централната власт. Преку јужното прозорче се гледаше едно четвртесто парче од зимското, темно оловно небо, студен ветар, засилуван од струењето меѓу двете прозорчиња, ги смрзнуваше коските; изгледаше дека наскоро ќе почне снежна виулица. Се стемнуваше, го запалија газиеничето. Доведените Арнаути легнаа на голата земја, зашто не им дадоа рогозини. Тие беа обуени со чевли и носеа бели беневреци, пристегнати околу колковите. Беа облечени со кошули и џамадани гајтанлии, коишто им достасуваа одвај до половината, така што меѓу беневреците и џамаданот се откриваше еден појас од околу пет сантиметри гола кожа; одозгора на рамениците носеа куси, црни гунчиња со качулка одазди. никој од нив немаше долга зимска облека, од што произлегуваше да се заклучи, дека тие биле грабнати ненадејно и така се донесени овде. 39 Броењето почнува. Еден! Два! Три! Четири!...
94
Почна снежната виулица, којашто сипеше изобилен ситен, силен снег врз полегнатите затвореници. Снегот ce натрупуваше врз голите Арнаути, полегнати врз калливата гола земја, без каква и да било покривка, цврсто притиснати еден до друг. Следниот ден тие ce разбудија без ни најмалку кашлица или некакво друго нерасположение. Здрав народ ce тие Арнаутите! Откако ce раздени добро, нив одново ги изведоа, повторно им ги наметнаа железните алки, пак ги заклучија во синџирот и ги одведоа. Каде ги одведоа тие луѓе? - Само Хафуз-паша знаеше.
Еден ден ме извикаа. Со еден невооружен полициски чауш напред и со еден вооружен стражар зад мене, јас го поминав дворот на апсааната, ce искачив по степениците до дворот на уќуматот и најпосле бев воведен во кабинетот на мустентикот. Почна истиндакот /испитувањето/. Мустентикот, човек на околу педесет години, ситен, сув, болникав, ми кажа нешто на турски што не можев да го чујам и да го разберам и одговорив, дека не знам турски. Тој го промрмори на истиот начин пак истото и јас пак му одговорив, дека не знам турски. Мустентикот ce изнервира од мојата упорност и налутено рече на турски - веќе со висок глас, отсечно и јасно: - Ќе научиш турски, ќе научиш. Откако останеш во затвор уште некој месец, многу добро ќе го научиш ! Одведете го на неговото место во затворот! Според истата церемонија, како и при доаѓањето, мене ме одведоа назад во апсааната. Пак започнаа да течат со убиствена едноличност ден по ден... Уште при моето влегување во Старата апсаана, посебен впечаток ми остави начинот на кој групата Турци, чии што легла беа во југозападниот агол, спроти вратата, ги пушеа своите лули и свитканите со рака цигари. Бев забележал, дека секој ден попладне тие cè така всредоточено пушеа полулегнати на рогозината потпрени на перниците. Миризбата на нивниот тутун притоа беше некако особено силна, остра и непријатна. Пушачите паѓаа во некаква вкочанетост, со широко отворени очи, насочени во една точка, a лицето им добиваше израз на зачуденост, восхитеност и блаженство. Еден ден - тоа беше 2 или 3 март - јас пак ги посматрав пушачите Турци, кои веќе беа паднале во вкочанета состојба. - Ах! Ах! Ах! Ах, јеребим40 - изговараа тие погласно одвреме навреме со израз на восхит и блаженство. - Што ги прифаќа секој ден во исто време овие? - го запрашав џепчиАли. 40 Непреводлив израз на чудење и восхит.
95
Тие влечеле нефез. Секој ден влечат нефез. Што е тоа - нефез? - Нефез - тоа му е името. Нешто како коноп, лист од коноп. Го наречуваат уште хасрал: има и трето име: хашиш. Ние двајцата со Молеров се заинтересиравме; и тој, и јас го бевме читале романот на Александар Дима ‘Трофот Монте Кристо” и бевме запаметиле, дека херојот на овој роман, за да дојде во добро расположение, земал по една лажичка хашиш во вид на слатко. Ние решивме да си направиме слатко од хашиш. Го запрашавме џепчи-Али како ќе можеме да си набавиме хашиш. - Тоа е најлесна работа. Се продава насекаде. Едно топче хашиш чини еден металик (ситна монета, пет златни стотинки). Откако му дадеш еден металик бакшиш на стражарот, кој ќе го купи и донесе - мастрафот е два металика. Ние му дадовме на џепчи-Али два металика за хашиш, му дадовме уште три други за шеќер и лимонтус. Џепчи-Али отиде на дупката на вратата, му ги даде на дежурниот стражар парите и порачката и по десет минути тој ни го донесе хашишот, шеќерот и лимонтусот. Хашишот беше едно топче со пречник 21/2 см. и според бојата и надворешниот изглед прилегаше на мала коњска лепешка. Ние зедовме на заем од Топалот едно џезве, го сваривме слаткото и си зедовме од него. Спасо, селанецот од с. Раштак, лаком како и сите селани, кога најде келепур, загреба и си зеде две кафени лажички. Молеров зеде една лажичка, и јас - околу половина лажичка. Папукчи Никола и џепчи-Али не зедоа. Минаа повеќе од два часа. Хашишот не пројави никакво дејство. - Ама како убаво лаже тој Дима! Ветер и магла е неговиот хашиш во ‘Грофот Монте-Кристо” - заклучи Молеров. Целата група се храневме заедно: секој го порачуваше своето јадење, стававме сѐ на заедничката трапеза на земјата и, седнати по турски, се храневме. Сега беа првите денови од првата недела на великите пости: бидејќи ги почитувавме религиозните чувства на Папукчи Никола, и на Спасо, ние си порачувавме посно јадење - таан алва. Вечеравме, муабетевме и се шегувавме. Ненадејно Спасо се подигна и брзо замавна со рака пред себе, како да сака да улови нешто: Чекај - чекај - чекај! Што е? Што е, бре Спасо? Помина зајак! - Но, прибери се, бре човече! Каков зајак ќе помине ноќум среде Скопје, внатре во Старата апсаана, и тоа преку нас? Море, ја ти кажују: зајак пројде! Ние сите почнавме да му се потсмеваме на фантазирањето на Спасо. Од природно, смеењето на Молеров се засили; тој се кикотеше така, што се задавуваше од смеење, од едно лудо смеење. 96
- Гледај! Гледај! .и тој ме фати за лактот и покажа наспроти, кон групата Арнаути - погледни го Топалот! Јас го погледнав Топалот. Топалот си беше истиот. Топалот на кого никој од нас во текот на денот не му обраќаше внимание. - Што има? Топалот е истиот како секогаш! И тој продолжуваше да се кикоти и да се задавува од смеење. По извесно време потскокна, како да го беше потфрлила некаква пружина одоздола, се наведна настрана од половината надолу, како да се мачеше да биде грациозен - доколку што неговата мечешка конструкција тоа го дозволуваше - и тој почна да танцува брзо и лесно еден божествено - убав танц, и притоа пееше: - Еј, Димитро ле, русокосо девојче!... Така тој танцуваше долго време - повеќе од половина час - сѐ така грациозно, при што правеше такви грациозни фигури, какви што тој во никој случај обично не би можел да ги направи. За тоа време Спасо, истркалан кон крајот на рогозината, молчеше, загледан во таванот, со раце под главата. Ненадејно Молеров се закова на едно место, се загледа во прозорчето над нашите глави, пргаво потскокна, се фати за железната решетка и се издигна до нејзината средина. - Тирани-и! Диви, жестоки тирани-и! Зашто ме држите овде? Мене, слободниот човек - зашто ме држите? - тој викаше кон дворот на апсааната колку што го држи гласот. - Ами томрукот? Сакаш утре сите да бидеме во томрукот41. Слегувај! Слегувај, ти велам! Јас се симнав, го фатив за нозете, го свлеков долу и го положив на рогозината. Чувствував како ми расте физичката сила, а Молеров се противеше, се опираше, ме буткаше. Според растот и градбата на телото, во однос на мене тој беше вистински гигант; и покрај тоа јас го положив и му ги парализирав сите движења. Принуден да се потчини на моите мускули, тој почна да вика и да рика, како божем ќе го колат. Јас му ја затнав устата, но тој си ја мрдаше главата, ја ослободуваше устата и рикаше. Тогаш јас го фатив за гушата. Почувствував како ми поминуваат трпки по целиот рбетен столб и како целата моја физичка сила ми дојде во прстите на десната рака, со која го бев стиснал за грлото. Ми помина низ умот:
41 Томрукот е дрвена клада, расечена вдолж; по должината на цепеницата се пробиени две дупки со широчина колку што е дебелината на писките на ногата. Откако ја стават ногата во дупките, кладата се затвара и заклучува. Казнетиот на тој начин не може да се помрдне, не може да седне или да легне, туку треба да стои неподвижно исправен. Со томрук беа казнувани во турските затвори бунтовните затвореници и оние од нив, кои се обидуваа да се самоубијат.
97
- Ајде - и јас полудев! До овде сознанието ми работеше правилно. Си спомнувам како во сон како Папукчи Никола и џепчи-Али се мачеа да ми ги ослободат прстите на десната рака. Кога ги ослободиле, јас не се сеќавам. Кога се разбудив, јас веќе на бев во Старата апсаана, иако бев со сознание, дека се наоѓам таму. Наместо грубиот централен дабов дирек, јас пред себе гледав една бескрајна колонада од елегантни мермерни столбови во јонски стил, коишто се губеа во далечната синевина. Оваа колонада потпираше еден бескраен просторен и висок свод од една величествена, бескрајно голема сала. Пајажините по таванот на Старата апсаана беа станале прекрасни венци од цвеќиња и зеленило, коишто висеа меѓу столбовите. Чадот од недогорениот дрвен јаглен во мангалите се беше претворил во нежна синевина, каква што летно време, за време на убавите топли денови, трепери над планините во хоризонтот. Газиеничето, кое одвај мижуркаше и чадеше, се беше претворило во бескрајно голем број на блеснати во заслепувачка светлина полилеи обесени по венците разнобојни лампиони. Одвратната реа на воздухот во апсааната се беше претворила во нежна, опојна, пријатна миризба. Божествена, тивка музика и далечни звуци од чудна мелодија, исполнувана од невидлив хор, го галеше увото. Господи! Колку е убаво сево ова! Каква неопислива убавина, каква велелепност! Во споредба со тоа, што реално го гледам пред себе си, каква жална дрварска колиба ми се стори палатата на Франц-Јосиф во Будимпешта, каде што - како екскурзијанти од Ломското Педагошко училиште - бевме појдени минатата пролет! Колку време траеше ова дејство? - не знам. Јас пак ја изгубив свеста, а заедно со неа исчезна и чудото. И почнаа да се редат - доаѓањето во сознание со сликите од една непостоечка реалност со загубувањето на свеста. Колку време траеше едното и другото, не знам. Впрочем, времето, како идеја, не постоеше. Сликите се менуваа, која од која поубава, која од која почудесна... Јас знам, сигурно знам, дека се наоѓам во Старата апсаана и дека до мене, до мојата лева страна лежи Молеров. Сакам да му кажам нешто, ја вртам главата и гледам кон него. Го гледам, но далеку, многу далеку, неколку километри оддалечен. Тој легнал под едно брестово дрво, до еден кладенец, ги ставил двете раце под глава; тој е толку далеку, што изгледа како една точка. И - чудно нешто! Поради големото растојание, тој изгледа сосема мал, а носот му е голем, поголем од него, поголем од мене, - еден нос, кој го исполнува целото пространство што се гледа. Тој нос! Ќе можам ли да го дофатам? Јас го пружам показалецот на десната рака, за да го дофатам. Показалецот ми расте, расте, се издолжува, станува долг цели километри. Чудна работа! Колку повеќе расте, показалецот
98
ми станува на крајот подебел! - во основата си е тенок, а на крајот е толку дебел, што заличува на пиралка, на бескрајно долга пиралка, која се издолжува и расте, расте, расте и станува се подебела на крајот... Најпосле, колку и да е далеку, јас со крајот на показалецот го достигнувам носот на Молеров... Грмеж од ракоплескања го следи овој мој успех. Јас се свртувам. Бескрајната сала е исполнета со луѓе. Тука се сите: Папукчи Никола, џепчи-Али, до него и високата ковчеста млечнобледа фигура на Хафуз-паша, со кратко потстрижена прошарена брада; тука е високопреосвештеникот Синесиј со својата лисичја физиономија, бела брада и ќелава глава. Тука е чорбаџи Симо од село Глумово, тука е Стојан Дрангов со ќуркот и долгата цигара во уста; тука е Георги Ацев, тука се сите луѓе од Скопје, од Пловдив, од Лом, од Женева, кои ракоплескаат и шумно се восхитуваат од мојот успех. Јас се поклонувам, благодарам за овациите, и завесата се спушта, јас губам свест... Следниот ден се разбудив целосно растроен: главата ме болеше до прснување, свеста ми се вртеше, ми се повраќаше. Спасо беше блед како мртовец, Молеров - исто; и тие се жалеа на болки во главата, од вртење на свеста и од повраќање. Кога нѐ пуштија на редовната утринска прошетка во дворот на апсааната, јас го зедов останатото слатко од хашиш, заедно со чашата за чај, во која се наоѓаше и го фрлив. Хашишот се добива од цветните лушпи на едно конопено растение (Cannabis Indica), кое се одгледува за таа цел во Мала Азија. Меѓу двете големи војни тоа растение било одгледувано на недозволен начин од некои Ерменци-бегалци и во Бугарија, конкретно во Пазарџиско. Ова растение надворешно по ништо не се разликува од обичниот коноп (СаппаНѕ ѕаtiva), освен по тоа што не расте толку високо. Кога се пуши измешан со тутун, хашишот испушта специфична, силна, остра и непријатна миризба. При пушењето неговото дејство е побрзо, помеко и пократкотрајно, а употребен во вид на слатко, тој дејствува побавно, но многу посилно и долготрајно, а и последиците за организмот во тој случај се многу поголеми. Оцетот, лимонтусот, и сокот од лимон го намалуваат неговото дејство, без да можат целосно да го уништат. Еден ден - тоа чинам беше на 7 март 1899 година, недела, јас бев повикан и одведен пак кај мустентикот на истиот начин како и порано. На истиот начин тој почна да си мрмори на носот, на истиот начин јас ништо не разбрав од реченото и му реков, дека не знам турски и не разбирам што ми се зборува. И покрај тоа што многу се изнервира, мустентикот го испрати чаушот да доведе преведувач. По извесно време чаушот се врати со еден стражар, кој зборуваше подносливо македонски. По вообичаените прашања што мустентикот ги поставуваше, а стражарот ги преведуваше, за името, презимето, возраста, занимањеето, тој веднаш преку преведувачот ме праша: 99
- Писмото... да каже какво е тоа писмо? - И тој ми го турна пред очите писмото, кое што го бев напишал на Делчев, што го бев ставил во двојното дно на куферот и за кое ја имав среќната идеја да го напишам со преправен ракопис, без адреса и без потпис. Јас бев сосема изненаден. Нека биде благословена околноста, што го поткрепив тоа дека не знам турски! Додека преведувачот му ги преведуваше зборовите на мустентикот, јас се осоколив и решив да одречувам. Инќар42, бабам! Само во непризнавањето е спасот! ' Какво е тоа писмо? - не знам! Како да не знае? Од каде тогаш тоа писмо дошло овде? Не знам. Такво писмо секој може да напише, за да обвини некого. А! Така ли! Значи, ти не си го пишувал? Не. - Тогаш, нека пише - се сврте мустентикот кон преведувачот и помина со прсти по последните редови на писмото - еве ова! јас прочитав “... луѓе што не ги познавате добро и кои не ја заслужуваат вашата доверба, затоа што не се срамат од најподлите постапки”, го зедов калемот, го натопив во мастилото и го препишав подвлеченото. И без да биде пишувано со преправен ракопис, калемот потсечен за пишување на турски, даде ракопис сосема различен од оној во писмото. Значи, одречуваш дека си го пишувал ова писмо? - Одречувам. Ги признавам за мои само оние предмети, кои беа најдени кај мене, кога ме претресоа во Страцин. - Добро. Пишман ќе бидеш! Одведете го назад на неговото место во апсааната! Ме вратија во Старата апсаана. Таму не го затеков Молеров. Веднаш по мене го извикале и него, го одвеле во полициската управа, од каде што го ослободиле. Јас останав сам во друштво со Папукчи Никола и џепчиАли и со впечатоците од испитувањето. Што станало со Димче Шагманов, та ова писмо дошло во рацете на иследникот? Како ѓаволски се сврте оваа работа, па се повеќе се вплеткувам во пајажината на турското правосудство, без да можам да видам каде ќе му излезе крајот? Јас не бев во состојба да си направам точна сметка за положбата во којашто се наоѓав, но едно ми беше јасно - сѐ додека нема посуштински докази треба да продолжам со својата одбрана, одречувајки дека сум автор на тоа писмо. Инќар, бабам! Наредниот ден пак ме извикаа и ми кажаа да си ги земам со себе своите предмети. Јас си го зедов големото палто, го зедов кожувот на татко ми и излегов во дворот. Оттаму, со чаушот напред и со двајца 42 Одречување.
100
вооружени стражари одзади, јас бев изведен од дворот на Старата апсаана и одведен во Куршумли-ан.
Куршумли-ан, изграден во средните векови од дубровничките трговци за гранично складиште на нивните стоки, беше двокатна квадратна зграда. Собите, околу 60 на број, по околу 30 на секој спрат, имаа средно по околу четири метри широчина и околу пет метри длабочина. Тие беа наредени една до друга покрај надворешниот ѕид на зградата, со врата и по еден прозорец кон заедничкиот внатрешен ходник, широк околу пет метри. Од внатрешната страна ходникот се потпираше на камени столбови горе соединети со полукружни агли. Покривот на секоја соба од горниот кат претставуваше свод, облечен со олово. Ходникот на горниот кат, исто така, беше покриен со еден ред сводови, облечени со олово - од каде што произлегува и името на зградата на Куршумли-ан (Оловна зграда). Внатрешната страна на зградата ја опкружуваше еден квадратен двор со пречник околу 30 метри, послан со калдрма. Во средината на дворот имаше еден водоскок од бел мермер со осмоаголен воден резервоар, чиишто сидови се високи околу 70 см. На надворешниот ѕид на зградата немаше ниту еден прозорец. Собите се осветлуваа преку распрснатата светлина од прозорците свртени кон ходникот. Во нив сонце не влегуваше никогаш, зашто - како што реков погоре - пет метри широкиот ходник беше покриен со облечени со олово сводови. Од горниот кат во долниот се слегуваше со четири степеници - по една на секој внатрешен агол на зградата - кои водеа од горниот ходник во долниот. Во целата зграда се влегуваше само низ една врата, широка околу четири метри. На вратата се образуваше еден влез со длабочина од околу пет метри - колку што беше длабочината на собите наредени покрај внатрешниот ѕид на зградата. Двете соседни на вратата соби - по една од двете нејзини страни - служеа: една за канцеларија на затворот, а друга за складиште на оружјето на стражарите, на оковите, белезиците, томруците и другите затворенички убавини. Самиот влез претставуваше за себе просторија, каде што секогаш дежураа по десетина стражари. Од двете страни на влезот имаше дрвени решетки, направени од дабови диреци. Низ тие решетки се одвиваа средбите на затворениците и нивните познати, кои ги посетуваа. Во решетките беше оставено место за врати, исто така направени од дебели диреци, димензиите на овие врати беа толкави за преку нив да може слободно да помине еден човек. Овие врати се заклучуваа со големи, тешки катанци. Однадвор Куршумли-ан го чуваа четворица војници - стражари - по еден на секој од надворешните ѕидови: секој од нив непрекинато обиколуваше од едниот до другиот крај на зградата.
101
За да се избегнат караниците и тепачките чиишто причини се од религиозен фанатизам, затворениците беа разделени. Исклучок беа само двете мустентик ќелии (истражни одделенија), каде што и муслиманите и христијаните заедно го очекуваа излегувањето пред судот. Хигиенските услови и режимот во Куршумли-ан беа поподносливи од оние во Старата апсаана. Наутро, од 6 до 9 часот ќелиите на муслиманите се отвораа за прошетка на затворениците. Во 9 часот овие затвореници ги враќаа и заклучуваа во ќелиите, истовремено ги пуштаа христијаните за прошетка до 12 часот. Во 12 часот христијаните беа затворени и истовремено ги пуштаа муслиманите до 3 часот попладне. Од три до шест часот ги пуштаа пак христијаните. Следниот ден редот се менуваше - прво ги пуштаа христијаните, а потоа муслиманите. На тој начин затворениците имаа по 6 часа дневно за прошетка низ дворот и во ходниците. Од 6 часот навечер до 6 часот наутро сите ќелии беа затворени. Од 6 часот вечерта, од собата, која служеше за складиште за оружје и за затворенички средства, каде што ги држеа врзани и во полутемница, ги пуштаа кучињата - чувари - крупни, силни и крвожедни животни. Секое од кучињата чуваше определен дел од дворот или од ходникот на затворот. Во истото време на служба стапува две двојки - по еден чувар и по еден стражар во секоја двојка, кои се сменуваа на секои два часа. Овие двојки ги обиколуваа ходниците и одвреме навреме со свирки заемно се проверуваа дали се будни. На свирнувањето на едната двојка следуваше одговорот на другата двојка. Секое утро, при пуштањето на затворениците, се правеше детален претрес на испразнетите ќелии. Се проверуваше дали некоја штица од подот не е раскована, дали меѓу предметите на затворениците или под рогозините нема скриени јажиња, оружје, ножови или железни предмети, кои би можеле да им послужат како оружје. Со долги, остри стапови се проверуваше дали ѕидовите не се пробиени. И покрај сите тие мерки, неколку месеци пред моето влегување во Куршумли-ан, еден затвореник, родум од село Бањани (Скопска Црна Гора) една ноќ успел да избега без да биде забележан од некого. Никој не можеше да си објасни како не бил забележан од стражарите и од кучињата во ходниците, како можел да се искачи на покривот и како можел да скокне надвор од зградата без да биде забележан од стражарите. Ние извивавме неколку пати по тесната, крива улица и се сопревме пред вратата на Куршумли-ан. Чаушот на дежурните стражари Хаџичауш, ја отклучи вратата. Чаушот што ме доведе, влезе во канцеларијата, а јас останав на влезот, каде што ме претресоа. Потоа ја отклучија внатрешната врата, јас влегов во дворот и се најдов лице в лице со стражарот Куртиш-бег, висок, ковчест, рус човек со сиви очи, со висок 102
смачкан фес на главата, обуен во потури, облечен во војничка блуза, со стап во едната рака и со сноп клучеви во другата. Тој ме поведе на лево, кон една од ќелиите на долниот кат. Ќелиите од долниот кат, особено оние чиишто прозорци се свртени кон север, се убиствено влажни и многу потемни од оние на горниот кат. Ченгене-ќелија, каде што ме поведе Куртиш-бег, одговараше точно на тие услови. Јас.имав слушано во старата апсаана за исклучителната нечистотија и за вошките во таа ќелија. Исто така, бев слушнал и за тоа каков златен рудник била таа ќелија за чуварот Куртиш-бег, кој најнесовесно го користел стравот на новодојдените од влагата, нечистотијата и вошките на таа ќелија. Куртиш-бег ја отклучи вратата на ќелијата и ја отвори. Колку што можев јас ѕирнав внатре и му се обратив на Куртиш-бег: - Бегу, нема ли никаква можност да ме одведеш во другата мустентик-ќелија на горниот кат? Има можност, ама за тоа требаат пари. Колку пари? Две бели.43 Немам две бели. Нели е доволно една бела? Кој нема пари, неговото место е тука, а не горе. И пред отворената врата на Ченгене-ќелија почнавме да се пазариме. Куртиш-бег имаше предност во пазарлакот: глетката на нечистотија и мирисот на влагата и на неподносливата реа од отворената ќелија беа многу убедливи аргументи во корист на чуварот, кој беше многу непопустлив. најпосле се спогодивме. Јас извадив една бела миџидија и три черека44, му ги дадов на Куртиш-бег и на тој начин си го платив - така да се рече - правото да ноќевам во затворот, каде што дојдов не по моја волја. Куртиш-бег ги зеде парите, ме поведе по степениците и ме одведе на горниот кат, на северната страна на зградата, пред мустентик-келијата, чиишто врата и прозорец беа свртени на југ, точно спроти излезот на затворот. Еден стражар облечен во шинел со дигната јака нагоре, седеше по турски, со скрстени нозе, до прозорецот на мустентик-ќелијата. Овој стражар - Љатиф-онабши - беше стар, подгрбавен, сув и мртовечки блед човек, кој постојано трепереше од студ и ги грееше своите суви, бледи, збрчкани и растреперени раце над огинот во мангалот. За сето време што го поминав во Куршумли-ан - празник и делник, и дење, и ноќе, и кога е времето студено и кога е жега - јас го гледав Љатф-онбаши како седи на истото место, во истата поза и како си ги грее рацете на мангалот, целиот 43 Две бели меџидии - околу 9,40 златни лева. 44 Ситни турски ковани пари.
103
растреперен од студ. Каква служба вршеше тој? Сигурно и тој самиот не знаеше. Куртиш-бег ја отклучи вратата на ќелијата и јас пречекорив да влезам, кога затворениците почнаа да протестираат: тие не сакаа да го внесам внатре долгиот овчи кожув на татко ми, за кој претпоставуваа - и со право - дека е полн со вошки од Старата апсаана. Јас се вратив, го префрлив кожувот на преградата која го оградуваше ходникот и се вратив да влезам во ќелијата, каде што ме пречакаа со вообичаените “Ош-ѓелдин!” и “Добре дошол!”, а потоа се заклучи вратата зад мене.
Јас влегов во ќелијата, одговорив на поздравите и со очите побарав место да седнам. Двајца од затворениците - некој си Серафим од село Железна-Река, Гостиварско и Стојче од село Долно Лисиче, Скопско, се разместија и ми направија место да седнам меѓу нив. Серафим беше човек во полна сила, 35-40-годишен, среден раст, здрава, набиена телесна градба, со црна коса како смола, црни веѓи, црни, итри очи и со дебели мустаќи. Тој беше облечен во бели беневреци опшиени со црн гајтан, со бел гајтанлија џамдан. Облеката му беше нова, изгледаше дека е имашлив, отракан планински селанец. Вториот мој сосед - Стојче од с. Долно Лисиче - беше на истата возраст како Серафим, со светлокостенлива коса, сиви очи, ретка брада и никогаш несучени мустаќи. Градите му беа пропаднати, облеката му беше ветва и на места искината, носот му беше сплескан и придонесуваше целата негова физономија да изгледа некако смачкана. Од целата негова фигура се добиваше впечаток, дека овој е прост, попрост од грав. Моите соседи почнаа да ме прашуваат од каде сум, што работам, каде и зошто ме уапсиле, за што ме обвинуваат и слично. Јас најпростосрдечно одговарав на нивните распрашувања и така тие разбраа, дека сум бил задржан во Карпино и дека мустептикот настојува да докаже дека сум автор на некакво писмо, за кое јас немам абер. Тие се однесуваа многу сочувствено кон мене, така и јас се најдов - еден вид - задолжен да им возвратам иста таква наклонетост и го запрашав најпрвин Серафим од село Железна-Река: - А тебе - зашто те затворија? - Што да ти кажам - одговори Серафим - срамота е да се каже. - Зошто? Ајде да чуеме што кабает си сторил? - Море, тоа ич не е за кажување, ама дилми толку сакаш, ќе ти кажам. У вторник - тој вторник, што пројде, дојдов на пазар у Скопје. Кандисав во Угринова меана, под пазариште. Гледам - наврзани коњи и магариња, а меѓу нив едно младо женско магариче. Му имрендисав. Никој немаше и јас му се залепив. Токму во најслаткото, дојде стопанинот. “Машалла! - велит - ама арен зет су нашол! Е, зету, ајде да 104
ѝ купиш нов самар на невестата, да се промени како што е редот за млада невеста!” Му велам: “Не сакам да и купувам нов самар!” - “Ќе купиш велит - Ќе купиш, сине! Без пари свадба не се праи!” Се скаравме: тој сака, јас не давам. Бре ќе биде, бре не ќе биде! Се собра народ околу нас, дојде еден полицаец - и се најдов овде! Сега сум каил и два самара да купам, ама не ме пуштаат! Во ќелијата сите весело се смееја на Серафимовата авантура, а тој очигледно длабоко жалеше што не го купил бараниот самар. Јас го погледнав. Бев читал некаде дека има луѓе силно полово изопачени. Кој знае? Веројатно, Серафим е таков... А, па мојава работа - ептен е за никаде! - рече Стојче од Долно Лисиче. Ајде тебе те фатиле у Карпино - ти има зошто да лежиш. Кој те тераше да идеш чак у Карпино? И Серафиму - ако му е, нека лежи, што му треба да ги задева туѓите магарици у Угринова меана! А ја! Мојава е дибидус за ветер! - Е, ти зошто лежиш? - Да ти кажам! Од тогаш има осум месеци. По сумрак се враќам од пазар, проаѓам покрај бостаните. Гледам у еден бостан лубеници, лубеници - едни убави, едни големи. Си велам: “Чекај да откинам една!” Влегов у бостанот да откинам една лубеница. Арно ама, наместо лубеница, сум откинал една краставица, една голема крива краставица - еве оволкава! и со левата рака тој покажа до рамото на десната рака, којашто ја беше поставил под прав агол. - Та, санким, ме пратија овдека да ја исправам! Целата ќелија загрме од весела смеа. Беше очигледно дека овие ѓаволи - Серафим и Стојче - се мајтапеа со мене и со нивниот начин на кој им ја опишав историјата на моето затворање. Оди, па очекувај од овој смачкан Стојче од Долно Лисиче да биде толку духовит! Покрај двајцата мои соседи, во ќелијата имаше уште неколку души. Еден од нив беше некој си Мијаиле од една блиска до Скопје паланка. Тој беше околу 30-годишен, со бледо лице на разгален од животот млад човек, со слаба телесна градба, облечен алафранга со панталони и палто со темносина боја, со волнена фанела наместо елече под палтото. Неговото легло беше најоддалечено од вратата и од кантата за одење по мала нужда. Тој беше полулегнат на едно чергиче со црна боја, за да ги забележува вошките кога настапуваат кон неговата чорбаџиска територија. Одвреме-навреме чорбаџи Мијаило посегнуваше кон белата издолжена точка која се движеше по чергата, го земаше со палецот и показалецот фатениот лов и го пушташе во мангалот, ставен во средината на ќелијата. По извесно време едно пукнување и распраснување на пепелта не известуваше сите во ќелијата за маченичката смрт на нашиот шестокрак сопатник. 105
Еден друг од моите состанари беше Ахја-ага. - налбат, човек околу 50 години, висок, сув, тенок со тенки, црни надвиснати мустаќи и постојано насмевнато лице. Тој беше кроток, љубезен, прикажлив и не беше религиозен фанатик, какви што беа повеќето Турци во времето, за кое зборувам. Друг еден од жителите на мустентик-ќелијата беше Зеки-ага, млад Турчин на околу 25 години, со среден раст и со тукушто никнати мустаќи. Муслиман-фанатик, тој ја имаше свеста. дека припаѓа на владеачката раса и се однесуваше горделиво и подбивно спрема затворениците - христијани, готов во секој момент со физичка сила да им го наметене својот авторитет. Избувлив, груб и предизвикувачки настроен, тој бараше најмал повод, за да скокне да се тепа. Младен Филипов од село Побожје, Скопска Црна Гора, овчар, беше на околу 30 години, со среден раст, рус, со сини очи, со силно развиени мускули. Тој беше човек со спокоен, урамнотежен карактер: слаба страна му беа овците. Во ќелијата ја знаеја оваа негова слабост и кога сакаа да го натераат да стане сентиментален - беше доволно да се слушне зборот “овци”, за да се стопи Младен како восок на оган. - Сега овци ми се јагнив, а ја лежу без работу у Куршумли-ан! велеше тој со тешка воздишка. Рифат-ага беше млад човек, речиси момче, на 19-20 години, рус, со сини очи, со уште неникнати мустаќи, тенок, пргав, весел. Тој беше Арнаутин од село Света Петка, во басенот на Треска. Освен арнаутски, тој не знаеше ниту збор турски, или македонски. Секогаш во добро душевно расположение, тој постојано пееше, но не арнаутски, туку македонски песни, без да разбира нешто од зборовите на тие песни. Кога ќе го запрашаа па арнаутски какви се тпе песни, тој одговаратпе, дека се такви песните на неговото село. Бидејќи не ја знаеше смислата на зборовите, тој ги мешаше родовите, броевите, падежите и нивните завршетоци. Така, на пример, негова омилена песна беше: “Не плачи, стара бабо, не жали Пуно ти е трло' говеда!...”, којашто тој ја пееше вака: “Не плачи , стари бабо, не жалиш Пусно ти е трло говедо!...” Како се случило овие чистокрвни Арнаути од село Света Петка да го зачуваат македонското име на нивното село и тие песни на кои им недостигаат арнаутските зборови, па и арнаутската мелодија? Каква трагедија преживеало исчезнатото македонско население на тоа село? Истиот ден, приквечер, дојде до некаква расправија меѓу Младен и Зеки-ага. Легнат на грб, со двете раце под главата, Младен зборуваше бавно и одмерено, со што го збеснуваше избувливиот и невоздржлив
106
Зеки-ага. Неочекувано Зеки-ага скокна и се спушти врз Младена со дигнати тупаници. Младен воопшто не мрдна. - Слушај, Зеки-ага! - проговори тој спокојно и тврдо - слушај! Мие не сме деца, да се шлакнеме и да се остаимо. Мие сме мужи. Ако удриш, удри мушки, да ме остаиш на место, да ме убиеш! Зашто - ако ме удриш и не ме убиеш, ја ќе те убију! По тие зборови тој се исправи седнат на рогозината. Неговите сини очи почнаа да испуштат искри. Како што се беше наведнал, Зеки-ага застана и си ги прибра рацете, откако зар’жа: - Хммм! Анз’р-ериф! - и се врати, па седна на своето легло. Како што реков погоре, живеачката и режимот во Куршумли-ан беа многу поподносливи од онаа во Старата апсаана. Пред се, подот на ќелијата не беше гола земја, туку беше покриен со штици. Преку високиот и широк прозорец, иако премрежен со железна решетка, влегуваше повеќе светлина. Самиот прозорец имаше стакло, така што зимно време, за време на бура или снежна виулица, затворениците беа заштитени од студот, дождот и виулиците. Затворениците беа пуштани двапати дневно по три часа да се шетаат слободно по ходниците и по дворот. Во аглите на двата ходника имаше неколку кафеани, што ги држеа затворениците, каде што се послужуваше кафе - чисто кафе, не мелено, туку толчено во ќуп од камен. Јас не се сеќавам да сум пиел некаде на друго место поубаво и поароматично кафе од она, со кое ги послужуваа клиентите кафеџиите во Куршумли-ан по цена од половина металик (2 1/2 златни стотинки). Според некоја многу стара традиција, играњето табла беше дозволено во кафеаните на Куршумли-ан и кога беа пуштени на прошетка, затворениците можеа да го убиваат времето во играње табла. Па според некоја традиција, на еден од затворениците - Турци - “Ашикот” (поетот), како што.го наречуваа - му беше дозволено да има саз45 и да свири со него. Наредниот ден први беа пуштени христијаните и затворениците од горната мустентик-ќелија. Куртиш-бег ја отклучи вратата и ние сите се изнанижавме по ходникот. Јас излегов и, како нов, застанав да погледам на сите страни. Јахја-ага, кој врвеше по мене, ме запраша: - Даскале, имаш ли ти обичај да пиеш утринско кафе? - Зошто? - Да отидеме да се напиеме по едно сабах-кафеси. И тој ме поведе кон степениците кои водеа кон југозападниот агол на долниот ходник, во кафеаната на Хаџи-Али, Арнаутин од Приштина, човек на околу 50-55 години, со широки плеќи, широко благодушно лице, 45 Саз - жичен музички инструмент.
107
со долги надвиснати костенливи мустаќи. Тој ги беше запрегнал ракавите на антеријата и брзо - заедно со синот - ги послужуваше клиентите. Тој ја одлежуваше казната за убиство заедно со синот - рус, убав, пргав и весел 26-27 годишен маж. Тие двајцата - таткото и синот - беа излежале 56 месеци, како што тие го броеја времето на својата казна, a им остануваше да лежат уште двапати по толку. Ден по ден тие ги одбележуваа изминатите со цртички на креда врз црната мушама, прикована на ѕидот во ходникот, врз која Хаџи-Али го бележеше вересиите на своите клиенти. Кога ќе завршеше месецот, тој на едно место одбележуваше едно крвче и ги бришеше цртичките на изминатите денови од месецот што поминал. Поминатите десет месеци тој ги одбележуваше со едно триаголниче, a потоа бришеше десет крвчиња. Така, ден по ден, тој беше одбележал пет триаголничиња, шест крвчиња и седум цртички.
По блиску десет години, во текот на јуни 1908 година, заедно со другите студенти од Шумарското училиште во градот Нанси, Франција, јас бев на научна екскурзија низ францускиот дел на граничната планина Јура во околината на гратчето Pontalier. Ние ce бевме вратиле од обиколката на Mont d’or и на околните иглолисни шуми и по ручекот во ресторанот, отидовме во просторијата резервирана за таа цел, да пиеме по една чашка жансиана46 за дижестив47. На големата маса во.средината на аперитив-барот расфрлани најновите броеви од разни француски илустрирани списанија. Еден од моите другари - студент - Charles Watier - ме повлече за лактот: - Tiens! En voila une surprise pour toi, c’est ton pays, n’est pas?48 И тој ми подаде едно од списанијата. Во него имаше глетка на Скопје и на Куршумли-ан. На една од фотографиите беа сликани група затвореници од Куршумли-аи, во преден план беше Хаџи-Али со својата широка, добродушна насмевка и со запрчените ракави. Јас долго време ја гледав оваа фотографија и пред мене, како на кино-преглед, ce нижеа сликите од животот во Куршумли-ан. Ете, го гледам Поштата (така го викаа) - еден млад, 27-28-годишен Арнаутин, со избричена глава и ќосаво црвеникаво лице - еден жизнерадосен атлет, кој го метка во своите раце долгото тешко железо, со кое го чука кафето во камениот ќуп. Тој го толчи кафето на сите кафеџии во 46 Ракија, која ce подготвува од корените на линцурата, откако претходно биле оставени да ферментираат. Гратчето Pontalier е познато по производството на овој пијалак. 47 Дижестив - пијалок, кој ce зема по јадење за полесно мелење на храната. 48 Види, какво изненадување за тебе, нели е тоа твојата земја? 49 Јаскачија - телохранител.
108
Куршумли-ан со плаќање на четири металици за една ока толчено кафе. Понекогаш затворениците си правеа забави и во такви случаи Поштата е најсоодветната персона. За само неколку металици тој го зема одреденото лице како мало дете и го потопува во резервоарот за вода на водоскокот на општо задоволство и веселба на затворениците, кои се натрупале да гледаат во дворот, по оградите на горниот ходник и на прозорците на ќелиите. Го гледам како го носи на раце амиџа-Рустем, како овој последниов напразно клоца и се спротивставува, како Поштата го става во резервоарот, а бидејќи амиџа-Рустем ја криви главата, неговата долга бела брада стрчи нагоре. Гладам како Поштата со едната рака ја притиска во водата брадата што стрчи и како амиџа-Рустем се пентери по ѕидот на резервоарот, за да излезе од водата целиот измокрен со алиштата и брадата, од кои водата се стечува во млазеви... Го гладам малешевецот Иван од Берово со двајцата синови, и тој ми ја раскажува историјата за нивното осудување. Двајца аскери од граничната турска караула на Црна скала една вечер насилно му го зеле неговиот коњ од ливадата, каде што тој и неговите синови се наоѓале за да го приберат сеното. Едниот од аскерите го јавнал коњот, а другиот тргнал пешки по него по патот за Црната скала. Наредниот ден ги нашле труповите на двајцата аскери. Блиску да граничната линија нашле и еден коњ без стопан, чијшто самар целиот бил испрскан со крв. Иследникот го поврзал убиството со двајцата заклани аскери со крвавиот самар на коњот без стопан. Го побарал стопанот на коњот: се покажало дека тој бил Иван од Берово. Од иследувањето се установило дека Иван и неговите синови во текот на таа ноќ не биле во селото. Се установило и тоа - според кажувањата на самиот Иван и неговите синови - дека двајцата аскери на заминување кон границата, скршнале во ливадата и го зеле коњот, за да се послужат со него за одење до караулата, редејќи се да го јаваат и на тој начин да се одморуваат без да го губат времето во одморање по патот. Кога го запрашале од каде е таа крв по самарот, потресен од ова ненадејно сомневање, Иван одговорил дека крвта е од џумката која се наоѓала на градите на коњот, а е расечена кога го лечеле од неа. Судот наредил да се испита крвта по самарот и така се установило дека таа е човечка, а не коњска крв. Поради оваа јавна противречност со вистината, судот останал со убедување, дека Иван и неговите синови се убијци на двајцата аскери и ги осудиле на иддам (на смрт), заменета со доживотен темничен затвор. Кој го извршил ова двојно убиство? Од тоа што Иван и неговите синови одречуваа дека се автори на ова убиство, особено откако пресудата беше стапена во сила, се знаеше, дека овие тројца лежат во затвор без да го извршиле делото за кое се казнети...
109
Го гледам Мухарем Гуто, Арнаутин од блиските села до Скопје, околу 40-годишен, со среден раст, набиен и цврст, со секогаш избричено лице, а белината на неговата кожа се должи сигурно на долгиот темничен затвор. Со силно развиеното естетско чувство тој внесува една своевидна елегантност, како во својата арнаутска облека и во ќостекот на часовникот, така. и во прангата со која е окован. Неговата пранга исто е - така да се каже - елегантна - долгнавестите алки не се така груби, а и целата пранга сјае како да е сребрена. Кога спие и кога не е пуштен на прошетка, тој со најголемо внимание ја чисти со песок и партали својата пранга. Та нели била досега, па и за однапред ќе биде неговиот верен другар и вечен сопатник до гроб? Тој е осуден на доживотен затвор во окови за неколку убиства, коишто ги извршил кога бил разбојник... Го гледам Тоде драчевчанецот, син на селски чорбаџија од селото Драчево, Скопско. Тој бил младо и бујно момче, кога татко му се скарал за нешто со својот јаскачија49, Арнаутин од Дебарско. Телохранителот не можел да ги поднесе молчешкум навредите што му ги нанеле и му возвратил на чорбаџијата. Навикнат сите да му се потчинуваат беспоговорно и молкум, чорбаџијата побеснел од јад и му наредил на синот да го убие телохранителот. Тоде отишол во куќата, ја откачил мартинката, излегол во дворот и го убил телохранителот. Тоде бил фатен и одведен во затвор во Скопје. Татко му повторувал постојано и пред сите, кои се интересирале за ова убиство: Што било? Што чудо станало? Еден вошлив Арнаутин убиен. Голема работа станало! А не ќе оставу мој Тоде да лежи у апсаану за еден вошлив Арнаутин! Колку тежи Тоде, толку оке златне лире ќе дам рушвет, и па ќе го откупу! Така мислел драчевскиот чорбаџија, ама турските судии мислеле поинаку. Тие докажале дека чорбаџиското злато не е толку чудотворно, колку што му се чинело на чорбаџијата. Фактот дека убиениот бил застрелан во грбот, јасно докажал, дека во моментот на убиството, убиениот со ништо не го предизвикал убиецот и дека бил на пат да излезе од дворот и да си замине. Напразно Тодевиот татко го растурал своето злато за рушвети: син му бил осуден на доживотен затвор. Иапразно тој одел во Цариград да ги поткупува високите турски судови: пресудата била потврдена од сите инстанци. Еден прекрасен ден Тоде бил изведен од Куршумли-ан, разведен по чаршијата и покажуван со тазлик5051 на градите, со пранги на нозете, меѓу група заптии, придружуван од еден барабанџија, кој го биел барабанот за да ги собира луѓето околу осудениот, да ја читаат пресудата и да дават милостина на оној, којшто се одделува за вечни времиња од другите луѓе... 50 Тазлик - пресуда. 51 Брзо марширање.
110
Тоде беше лежал во Куршумли-ан повеќе од десет години пред јас да влезам таму. Еве, го гледам сега, по други десет години, во паметот таков, како што го паметам: околу 35-годишен човек, со црни очи, црна коса, црно, тенки и долги мустаќи, засукани на горе. Тој е облечен во чиста кошула, со црн гајтанлија џамадан и црни потури, со бели чорапи и во пануци. Наместо цела пранга, на едната нога носи само една железна алка: златото на драчевскиот чорбаџија сѐ туку му го олеснило животот на син му - да не влече на ногата цела пранга. Тоа злато прави и други мали чуда: во ќелијата на Тоде драчевчанецот вечерно време Куртиш-бег донесува ракија и седнува до прозорецот однадвор, за да учествува во веселото друштво, земајќи ги преку прозорецот подаваните чашки и испразнувајќи ги. Го забележувам Мико Кралев од Куманово, брат на учителот во Нагоричане Атшнас Кралев. Тие никако не си личат ниту по физичката градба на телото, ниту по бојата на очите и на косата, ниту по карактер, ниту по начинот на мислење. Висок, силен, со црвено лице и црвени мустаќи, тој нервозно и непрекинато пуши цигари со долг цигарлак со голем килибарски чибук, така што го вдишува чадот од цигарите дирек-. тно во градите, а не преку шмукање со устата. Кога е на прошетка тој постојано се движи со брз чекор, сличен на француското раѕ gymnastique51 по горниот ходник и нервозно мавта со левата рака. При спроведувањето на реформите на Хилми-паша, тој бил поставен за заптија во Куманово. Нервозен човек, тој бил наведен да се посомнева во неверство на својата жена, која била бремена. Во еден напад на бесна љубомора тој и го распрал стомакот на жена си и го извадил со нож плодот. Жена му умрела, а тој бил подведен под кривична одговорност. - Што? Ќе ме судат? Мене? Ајде-де! Мене Вели-паша ми е татко, а Алај-бег ми е вујко. Ништо нема да ми направат! - така им велел на другите и се утешувал себе Мико Кралев. Судот, меѓутоа, го осудил - и тоа на крајно олеснителни за вината околности, како обземен од нескротлива љубомора - на 15 години темничен затвор. И сега - го гледам - како се шета по горниот ходник по Куршумлиан - затворениците го задеваат: - Али е вистина, Мико, зарем Вели-паша ти бил татко, а Алај-бег вујко? - Остави ги, мајката нивна! - одговара Мико Кралев и одмавнува со десната рака, во која го држи цигарлакот. Го гледам и амиџа-Крист, Арнаутин-мирдит. Сув, висок, црвеникав, со нос подгрбен на средината, облечен во шајачен џамадан и панталони52 52 Еј, момче.
111
со винова боја. Тој во рацете држи броеници, кои постојано ги превртува и чита молитви. Тој ја знае напамет целата Библија, сите Давидови псалми, преведени во стихови, со стапки и ритми на арнаутски, којшто јазик, составен повеќето од едносложни и двосложни зборови, многу и се препушта на поетската литература. Тој е фанатик католик. Веднаш стана збор за римските папи и јас се изразив многу непочитувачки за нив. Амиџа-Крист отсече: - Ор, н’гале!52 Папата, тој е праведен и свет човек, кој е без пороци и без грев - единствен по Господ! Кога ќе го изречеш зборот “папа”, треба пред тоа убаво да си ја измиеш устата! Во истата ќелија, во којашто ја одлежуваше својата казна амиџаКрист, беше затворен и еден малешевец, Јован, кој беше сосед по легло со амиџа-Крист. Тој Јован беше болен од сува гангрена, тој беше висок, сув, слаб, со напред издадена сува глава, која потсетуваше на моштите на св. Прохор Пчински. Го викаа Куру-кефалија Јован (Јован сувата глава). И дојде ден куру-кефелијата Јован да умре. Во текот на целиот свој живот тој работел, печалел и до последниот час тој го стискаше во ракате материјалниот резултат од целиот свој труд - осум металици, т.т. едно копче од два гроша сребрени. Пред очите сега ја гледам следната слика: ние христијаните сме пуштени на прошетка. Јас гледам во ќелијата во која е затворен куру-кефалијата Јован. Тој лежи спрострен на рогозината, бере душа. До него седнал амиџа-Крист, кој се мачи да му ја отвори десната рака на Јована, за да му го заме сребреното копче. Сиот остаток од физичката сила на куру-кефалијата се собрала во неговата десна рака: тој се спротивставува, пишка, стенка, се грчи - не го дава копчето. Набожниот и свет маж амиџа-Крист, разјарен од спротивставувањето, ги удвојува усилбите за да ја отвори раката, која ги стиска парите. Тоа продолжува неколку минути. Најпосле амиџа-Крист успева да ја отвори раката и да го земе копчето. Куру-кефалијата испушта последна воздишка и умира со отворена празна рака... Го изнесуваат трупот на умрениот. Кога го пренесуваа низ вратата на затворот со нозете напред, Хаџи-чауш, одговорниот на стражарите, откако се обрна кон затворениците, кои присуствуваа на изнесувањето на трупот, се провикна весело: Иш-аллах! Хеписиниз ојле ѓореим!5354 Го гледам и Тодор Станков, бивш учител во Прилеп. Топло мартовско утро, ние сме пуштени на прошетка и сме седнати кај оградата на источната страна на ходникот. Под нас, целосно во сенка е делот од дворот, со водоскокот на средината; отспротива е внатрешниот заден дал од Куршумли-ан со двата ходника, од кои долниот со својата сенка ја пот53 Дај боже, сите така да ве видам. 54 Не, немој!
112
цртува основата на зградата, а горниот ја расечува на половина. Спроти нас, оловните садови врз ќелиите и врз ходникот на горниот спрат, заслепувачки блескаат на сонцето, а зад нив, во јасното сино небо се извишило нагоре минарето од џамијата на Пазариштето. Ние се припечуваме на сонце. Јас му расправам за Женевскиот македонски анархистички комитет, за самоубиството на Григор П. Дочев, за ученичкиот анархистички кружок во Скопје, а Тодор Станков ми раскажува за своите патила. Одвреме-навреме тој ја подигнува својата десна долна и мека рака кон темето, каде што се гледа петно без коса од тенка кожа - наскоро зарасната рана. За време на Виничката афера тој бил на агитација во Штипско. Го фатиле во Свети Николе и го затвориле. За да не биде подложен на измачување како многумина од уапсените, тој сакал да се самоубие, но немал со што. Тој забележал дека во ѕидот стои забиен еден цигански клинец; а забележал и еден камен на подот, кој не бил послан со штици. Тој камен, всушност, служел за перница на уапсените. Му прелетало низ умот да го искористи клинецот и каменот, за да изврши самоубиство. Тој опрел со главата на клинецот и со каменот почнал да се удира по главаата. Со каменот тој си го искршил черепот, а од другата страна клинецот ја пробил коската и навлегол во мозокот. Паднал во несвест, Тодор Станков се обесил на клинецот. Го нашле окачен на ѕидот, но уште жив. Го однеле во Воената болница, каде што оздравел. Потоа го суделе, го осудиле - и сега ја одлежува казната во Куршумли-ан. Тој си набавил француски учебници и книги и сега учи француски. Тоа ме чуди, сосема извесно, зашто меѓу Македонците, прилепчани се сосема неспособни за учење странски јазици и јас гласно го искажувам своето чудење. Тодор Станков се сврте кон мене со целото тело, ме погледна за момент и вели: - Интересно! Пред да си ја заковам главата, имав памет - така да се рече - од среден квалитет. Откако си го искршив черепот на две места и си го размешав мозокот со клинецот, сега паметот ми е многу силен, а желбата да учам странски јазици е ненаситна. Најбитно е што ми поаѓа од рака, и тоа многу лесно... Го гледам и ГриГор Манасиев од Кратово, учител, затворен и осуден во врска со Виничката афера. Го гледам со неговите мали, костенливи мустачиња и мала, кадрава, уште небричена брадичка, кои му даваат изглед на штотуку ракоположен млад ѓакон. Тој ги преметнува своите седефлии броеници и со спокоен, рамномерен бд води тивок разговор со своите познати затвореници... Кој би помислил тогаш, дека тој тивок, спокоен и скромен даскал, неколку тодини подоцна, во текот на септември 1903 година, ќе биде истиот оној војвода на чета со челична волја, кој воопшто не се плаши од опасностите и од смртта и кој со својата смрт дава блескав пример за саможртва и храброст?
113
Го гледам и третиот од учителите, коишто лежат во Куршумли-ан во врска со Виничката афера, некој си Тодорче од Кочани. Црнооко, црнокосо, суво и бледо момче, со уште неникнати мустаќи и брада. кога е пуштен на прошетка, тој веднаш се зафаќа да игра табла. Тој игра страсно, целиот внесен во играта, така што не обрнува внимание на ништо друго. Бидејќи немало случај тој да бил победен на табла, тој не ги подслизнува заровите, за да се смета дека ги “курдисува”, туку ги фрла силно, со отсечени, брзи движења, така што тие отскокнуваат и се вртаат по цела минута. Но, и покрај тоа секогаш, кога се наоѓа во тешка положба, тој ги фрла заровите така што му паѓа точно тоа што му треба, за да излезе од таа положба. Го среќавам и во кафеаната на Расим-ага, Арнаутин некаде од кај Митровица, каде игра со кафеџијата. Раздразнет од неуспесите во играта и од среќниот зар на даскалот, Расим-ага со тресок ја затвори таблата, ја крева со двете раце нагоре со движење да ја растовари врз главата на даскалот: - Моо, море-е!54 се вмешуваат наседнатите неколку гледачи-Арнаути и еден од нив му ја фаќа раката на Расим-ага - немој, ако го убиеш човекот со таблата, ќе забранат да се игра табла во Куршумли-ан. А гледај колку души со неа си ја убиваат маката и времето! Гледам како Расим-ага ја спушта тивко дигнатата табла, како ја фрла во аголот и како го пцуе на арнаутски среќниот зар на Тодорчо. Си спомнувам на една вечер, десет дена откако бев доведен во Куршумли-ан. Сите бевме затворени во ќелиите Настана некакво раздвижување и голема врева на влезот на затворот. Чуварите набрзо отидоа натаму. По десет минути вревата се стиши, чуварите се вратија во ходниците и - како и обично - нивните свирки одново почнаа да се јавуваат одвреме-навреме. Куртиш-бег помина покрај нашиот прозорец и од нашата ќелија го запрашаа што има. Го доведоа Сали Би Исла\ - одговори тој. Подоцна дознавме подробности за фаќањето и доведувањето на овој немирен Арнаутен од Ѓаковица. По првите репресалии и спроведените со нив апсења и одведувањата во синџир на Арнаутите од околината на Ѓаковица, војската и жандармеријата биле повлечени од тој крај. Така, месец и половина откако поминала административната бура, луѓето пак си заживеале мирно и тивко. Една вечер, еден силен одред коњичка жандармерија, предводен од вилаетскиот жандармериски началник Алајбег, со најбрз бд заминал од Скопје во правец на Ѓаковица. Во мугрите жандармеријата ја опколила кулата на Сали Би Исла и по кратка, жестока битка навлегла во неа и го фатила овој последниот. Го врзале Сали Би Исла, го качиле на коњ и одредот со засилен марш тргнал назад за Скопје. Вревата, раздвижувањето на влезот на Куршумли-ан и втеру-55 55 Гледаш ли кој е валијата?
114
вањето на Сали Би Исла во ќелијата беа резултатите од неочекуваната жандармериска експедиција во Ѓаковичко. Наредниот ден не пуштија затворениците на прошетка, а сите тие беа задржани во ќелиите. Претпладне, околу 10 часот, пак настана некакво невообичаено раздвижување кај влезот на затворот. По степениците кби водеа кон источниот дел на горниот ходник, се качуваше една многубројна група предводена од началникот на затворот, Бекташ ефенди, и од двајца чувари. Зад вив одеше еден висок, тенок, сув човек, со бледо, млечнобледо лице, со кусо потстрижена црна, прошарена брада, со долг прав нос. Тој беше облечен во црн, долг мантил, со штотуку поминат на калап фес на главата. Одеше бавно, потпирајќи се на бастунот. Тоа беше Хафуз-паша, валијата на Косовскиот вилает. Началникот на затворот се запре пред една од ќелиите на источната страна на затворот, се врати назад и застана претпазливо, со двајца чувари од двете страни зад него. Од прозорецот на мустентик-ќелијата се гледаше убаво се што се случуваше. Еве, гледам како Хафуз-паша, придружуван од своите аѓутанти се доближува до вратата, пред која беа застанале, се наведнува и му кажува нешто на Бектеш-ефенди. Куртиш-бег веднаш ја отклучува вратата на ќелијата, извикува некого и на вратата се покажува Сали-Би-Исла човек со среден раст, со набиена телесна градба, со широка долна челуст, сиви очи и светлокостенлива прошарена брада, облечен во црни панталони, со бел гајтанлија џамадан, одозгора со црно гунче. Тој остава впечаток на тешко подвижен човек, а за него расправаат дека бил многу брз, подвижен, јуначиште и одличен стрелец: со својата мартинка тој го погаѓал потфрлениот од него нагоре мартински патрон. - Е, Сали-Би-Исла! Танар-ми-сен ким вали?55 - го прашува со висок, јасен и остар глас Хафуз-паша. Сали-Би-Исла помолчува малку, при што неговите сиви очи светкаат од студен, метален блесок. Потоа, ја наведнува главата, воздивнува и одговара со јавна, голема мака во душата: Шинди... таниорум56... Хафуз-паша, со поглед вперен во Сали-Би-Исла, застанува за момент, а потоа бавно се свртува, тргнува назад кон степениците придружуван од целата група, оди на кај влезот и излегува од Куршумлиан. Чуварите ја пуштат на прошетка првата смена. Сали-Би-Исла остана неподвижен пред вратата на ќелијата, потпрен на бастунот. Орел со пресечено крило... Хафуз-паша наплаќаше со лихва за навредата што му беше нанесена. 56 Сега ... гледам ...
115
Вечер. Пролетна априлска вечер се спушта над Скопје. Врз пустиот двор лека-полека легнува вечерниот самрак. Водата во водоскокот непрекинато шурка и напомнува за животот надвор од затворот, за животот во тивкото домашно катче, за одамна невидените мили суштества. Сите се затворени во ќелиите, на сите очите им се устремени во пространството зад железните решетки на прозорците, зад ѕидовите на затворот, зад оловните сводови на покривот. Одненадеш, од една ќелија на горниот кат, од кај јужната страна, се разнесуваат звуци од една турска бунтовна песна: Ашикот пее и ја придружува песната со сазот: Истамбулдан орта-сенде искелѐ; Не таин вар, не руба вар аскере... Вааде долду, вермејорлар тескере... Аллаа исмарлад’м бен сени! Апар-са, гел з’ндарланда бул-бени! Јазлер-са, гел рујаларда сар-бени!...57 Тивко е. Затворот цел се претворил во слух. Само водата од водоскокот без прекин шурка, навева бескрајна тага и ги буди заспаните желби за мирен слободен живот меѓу мили луѓе... Ашикот ја продолжува својата песна: Истамбулдан орта-сенде метериз Метеризден телли куршум атарес Јуч кишиис, биз онлара етерес...58 Алла исмарлад’м бен сени! Арар-са, гел з’нданл’рда бул-бени Јузлер-са рујаларда цар-бени!... - А-ха, анаџ им! - се слуша однекаде восклик, полн со страсна желба за слободен живот и со бескраен очај поради вечното ропство меѓу дебелите ѕидови на Куршумли-ан... Наскоро по моето доаѓање во Куршумли-ан, мустентик-ќелиите им стануваат засолниште на уште двајца станари: на Папукчи Нилола, мојот познајник од старата апсана, и на Христо Бабамов, младо 19-годишно момче од Штип. Тој бил фатен на границата, кога минувал без пасош за Бугарија и од затвор во затвор, е дотеран во Куршумли-ан. Во ќелијата 57 Среде Цариград пристаниште За војската нема ниту леб, ниту облека, Времето на воена служба истече, а билети за отсуство не ни даваат... Тебе мила на Господ те оставам! Ако ме бараш, дојди во затворите да ме најдеш! А за да те помилувам, јави ми се на сон и прегрни ме! 58 Среде Цариград барикада. Од барикадата ние стреламе со врзани со тел куршуми, Ние сме тројца, ние сме доволно против сите непријатели.
116
—
тие се сместија кај мене - Папукчи Никола од лево, а Христо Бабамов од десно. Си спомнувам беше утро еден мартовски ден. На прошетка се пуштени христијаните и затворениците од горната мустентик-ќелија. Тодор Станков, јас и другите затвореници сме го опколиле дедо Стоилко од село Ора - Кривопаланечко, којшто претходниот ден беше изведен од Куршумли-ан и разведуван низ чаршијата со тазлик на градите и пранги на нозете. Тој е осуден на 15 години затвор, затоа што ја убил својата жена во состојба кога бил многу изнервиран. Дедо Стоилко - околу 70годишен старец, сув, висок, малку подгрбавен, облечен во износени сиви селски алишта, кривопаланечка носија, ретко беше излегувал од селото до Крива Паланка, а уште поретко одел во Куманово. Неговото прво доаѓање во Скопје било тоа кога го дотерале во затворот по убиството на жена му. Тој беше примитивна натура, која реагира силно и на свој особен начин на сите нови впечатоци. Претходниот ден, кога се одржа тазликот, заедно со други затвореници, и јас присуствував на ставањето пранга на ногата од дедо Стоилко. Тоа беше вистинска церемонија, тажна, плачевна церемонија. Дедо Стоилко беше легнат на земјата, десната нога му беше оптегната, потпрена на една наковална. Хаџи-чауш ја стави долната алка од прангата околу глуждот на ногата и ја постави во неа железната чивија, чијшто поширок крај го стави врз наковалната. Со тежок чук Поштата со целата сила удри врз горниот крај на чивијата, го сплеска, така што не можеше веќе да се протне обратно низ дупката, којашто ја беа втерале. Му рекоа на дедо Стоилко да стане, зашто заковувањето беше завршено. Дедо Стоилко стана и тргна со десната нога, која ја повлече прангата. По навика, како што правиме сите, кога одиме, дедо Стоилко за да пристапи со левата нога - го направи истиот напор како и за десната нога, оптоварен со тежината на прангата. Направениот напор за слободната лева нога беше многу голем, оваа последната се дигна високо, дедо Стоилко ја загуби рамнотежата и се стркала на земјата со смешно потскокнување, како што беше сопнат петел. - Ајде! Машалла! Аирлиси олсун! - ракоплескаа, викаа и се смееја присутните затвореници во тоа време, кога дедо Стоилко се расплака гласно. И сега, дедо Стоилко низ солзи, со липање ги опишува своите впечатоци од првата ноќ помината со пранга на ногата: - Ја речем на с’н да се повратим, а она проклетата - ме пеца како змија... Јас сум се замислил длабоко над тажната, нерадосна, неутешна старост, којашто ќе ја помине дедо Стоилко во Куршумли-ан и не го
117
слушам гласот на Куртиш-бег, кој носи некаква книга, ме бара и вика силно: - Мирковцали даскал Петре! Мирковцали даскал Петре! Мирковцали даскал Петре!!! И бидејќи јас не се јавувам, тој го повишува за една октава тонот: Одунџи даскал Петре!59 Тодор Станков ме поттурна и јас се јавувам. Куртиш-бег ми врачува некакви официјални хартии - “еврекалар” - обвинителниот акт и судската покана “Илми-абер” за моето дело, кое е определено. Во обвинителниот акт моето име и обвинението за антидржавна дејност се впишани со црвено мастило. Ќе дадам едно мало појаснување. Според турското правосудство, престапите се делат на три категории: 1) Кабаат; 2) Џуна; 3) Џинает (нарушување, престап и злосторство). Во обвинителниот акт за првата категорија /кабаат/ се е запишано со црно мастило - и обвинението и околностите и името на престапникот. За втората категорија /џуна, околностите и обвинението се запишуваат со црно мастило, а името на престапникот со црвено мастило. За третата категорија /џинает/ околностите се впишуваат со црно мастило, а обвинението и името на престапникот со црвено мастило. Значи мене ме ставиле во третата категорија, за престапи за кои се предвидуваат најтешките казни. Се сеќавам на тој ден од втората половина на март 1899 година. Јасно, топло утро. Ме повикуваат кај началникот на затворот, Бекташефенди, во чие присуство на рацете ми ставаат белегзии. Откако ги заклучуваат, јас го добивам смирениот изглед на богомолец, со рацете покорно ставени една врз друга на градите. Ме водат на суд. Хаџи-чауш оди напред со некакви книги во рацете и четворица вооружени стражари - по еден од двете страни и двајца по мене, со кренати мартинки, кои ги носаат во десните раце. Ние се качивме на горниот кат од јужната страна на една од зградите околу уќуматот, каде што е сместен судот и се запираме во салонот. Хаџи-чауш ми ги ослободува рацете. Додека чекаме да ме повикаат, јас гледам преку прозорецот и не можам да се нагледам. Стебленцата на врбите веќе добиле сочна, жолтозеленикава боја, а од пупките им се подаваат мали зелени листенца; гугутки прелетуваат по покривите на зградата и гукаат. Отспротива, на југ, зад Вардар, Каршијака е лесно забулена со синкава оморина, а во нејзиното подножје селото Драчево е завиткано во синкавобела пелена. Долу, во дворот, еден служител ја мие плочата на циклостилот... 59 Дрварот даскал Петре.
118
Ме повикуваат. Влегувам и се исправувам пред судот, кој се состоеше од претседателот, двајца судии, двајца судски заседавачи, обвинителот и секретарот. Зад мене има една клупа од публиката, бидејќи во Турција судењето е јавно. Набрзо, откако ме повикаа, татко ми дошол од село, седнува на клупата. До мене е мојот бранител, официјално назначен од судот. Кај мене е и преведувачот, бидејќи јас изјавувам пред судот дека не знам турски. Делото започна со вообичаени прашања за името, презимето, местото на раѓање, возраста, занимањето и слично. Ми го прочитуваат обвинителниот акт, во кој сум обвинет за антидржавна дејност врз основа на писмото. Претседателот на судот тивко им кажува нешто на судиите и на судските заседавачи, откако им покажува некакви хартии. Јас не признавам дека сум автор на писмото и тврдам дека секој може да напише такво писмо без потпис, за да обвини некого за антидржавна дејност. Како и во полицијата, така и овде, куферот со двојното дно недостига и не може да послужи како предметен доказ. Каде е тој куфер? Што станало со Димче Шагманов? Како тоа писмо поставено под двојното дно на куферот излетало оттаму и попаднало во рацете на власта. Сево ова ми е необјасниво. Но едно е сигурно - куферот го нема и јас можам неказниво се да одречувам. Му кажувам тивко на адвокатот да го запраша судот - кога ме обвинуваат за антидржавна дејност врз основа на тоа писмо, кое не е мое - како тоа писмо дошло во полицијата и во судот. Адвокатот ме загледува зачудено: Ти си овде за да одговараш, а не за да прашуваш! Мудеимумот (обвинителот) станува прв и ја почнува својата обвинителна реч. Тој е човек со сугестивна фигура, со црни, дебели мустаќи, со црна потстрижена брада; облечен е со европејски алишта, со јака и вратоврска. Изнесена на висок литературен турски јазик, неговата реч како спој на звуци, е нешто прекрасно. Јас не разбирам ниту збор од таа реч, но со задоволство и восхитеност сум се загледал во устата на обвинителот, од каде што излегува тоа чудесно созвучие, на места тивко, на места громко, одвреме-навреме прекинувано со паузи и одново почнуваше да го гали слухот со уште поголема магичност. Дотогаш јас никогаш не претпоставував дека турскиот јазик бил нешто така убаво. На неколку пати ме погледнува и ме опфаќа со поглед полн со злоба, која е во целосна дисхармонија со убавината на неговата реч. По извесно време, тој ја прекина речта и се сврте кон судиите, откако ме посочува со десната рака. Бак’н’с! Ем ѓулуор, кèрата!60 60Види, види! Дури и се смее.
119
Обвинителот, очигледно, мојата насмевка на восхит од прекрасната звучна реч ја зел за подбив спрема наведуваните од него докази и за провоцирање на неговата личност. Откако обвинителот ја заврши својата реч, реизот (претседателот) го запраша мојот адвокат што има да каже како последен збор во моја одбрана. Целото пледоаје на овој мој адвокат во текот на процесот, се овие два збора: - Бак’ш истиорус!61 Судот се повлече на советување. По петнаесет минути тој се врати и претседателот ја прочита пресудата. Јас не разбирам ништо од прочитаното, пишувано на литературен турски јазик; го чув зборот “иддам”, искажан по една многу кратка пауза за време на читањето. Татко ми зад мене почнува да липа и да ги брише очите со крајот на чалмата. Јас не разбрам точно што станало и се препуштам на чуварите. Ме изведуваат, ми ги ставаат белегзиите и ме поведуваат кон Куршумли-ан. Јас одам како сомнамбул. Една единствена мисла ми се закова во главата и ми го клука мозокот: - “На смрт, заменета со доживотен затвор! Нема смисла да се живее...” Ме потераа кон Куршумли-ан. Татко ми оди заедно со стражарите и одвреме-навреме си ги брише очите со чалмата. Ме втеруваат и ми ги ослободуваат рацете. Јас се свртувам назад: татко ми ги фатил со двете раце, дрвените пречки од внатрешната решетка и си го залепил лицето до решетката. Јас брзо се свртувам со грб кон него и одам горе во мустентик-ќелијата. По извесно време ме викаат: дошла мајка ми да ме види. Таа не плаче. Ми зборува за нешта кои немаат никаква врска со денешната пресуда, а во тонот со кој ми зборува, се доловува шеговита нота. Кутрата мајка! Таа го чува својот очај и своите риданија за времето кога ќе се оддалечи од затворот и кога јас нема да ја забележам... Сите во ќелијата се однесуваат сочувствително, дури со почит кон мене. Пресудата - тоа е берзанската цена на животот на затвореникот, мерилото за вредноста на човекот. Тоа сочувство и почитување, меѓутоа, не ме стоплува. Како да се помирам со мислата дека меѓу овие дебели ѕидови бавно, со десетици години, ќе се топи мојата младост, моите сили, мојата зрела возраст, целиот мој живот? Нели е подобро да завршам со него наеднаш и да не чекам тој да гасне со десетици години ден по ден, час по час? Со еден конец од иглата со која плетам ќостеци, јас ја измерувам околувратната дебелина на мојот врат и ја одмерувам на каишот со кој си ги стегам панталоните, откај токата; ја намалувам таа должина за околу три сантиметри и го одбележувам местото. Со иглата со која плетам ќостеци, започнувам да пробивам дупка во каишот. Оваа работа е мачна 61 Сакаме соочување.
120
и бавна, бидејќи каишот е дебел и здрав, а и јазикот на токата е дебел, на дупката на токата треба да биде доволно широка. Со пробивањето на таа дупка се занимавам целото попладне, но приквечер таа е готова и јазикот на токата влегува слободно во неа. Се стемнува. Јас трпеливо чекам да завршат разговорите во ќелијата, сите да си легнат и да заспијат... Ете, сите се заспани; некој дише рамномерно, некој р’чи како заклан, некој на еднакви паузи пувка со устата. Надвор, до прозорецот, Љатиф-онбаши се наведнал и дреме со раце растворени врз загасената жар на мангалот. Јас си го откопчувам каишот, се исправам седнат на рогозината, го префрлувам каишот на вратот и стегам, се мачам да го втерам жалото на токата во денес пробиената дупка; по големи усилби на десната рака, жалото најпосле влезе во дупката. Во ушите почнува нешто да ми тупка: “вам-вуп” - пауза “вам-вуп” пауза... Паузите стануваат сѐ пократки, а тој звук “вам-вуп” се повторува сѐ почесто и станува сѐ посилен. По извесно време вратните жили ми се издувуваат, јас се мачам да примам воздух, но каишот го стегнал силно грлото и не го пушта. Дијафрагмата се превива болно, градите се мачат да се надујат, но воздух нема. Јас го фаќам каишот и се мачам да го ослободам вратот, но тој се надул, а чувствувам дека и десната рака ми ослабнува и не е во состојба да го откопчи жалото на дупката. Јас останувам така, со каишот во десната рака, кој престанува да прави усилби за да ме ослободи. - “Вам-вуп!” - “Вам-вуп!”... Ја чувствувам најпрвин главата, а потоа и целото тело како олеснуваат, како се подигнуваат и креваат во воздухот сѐ понагоре и понагоре... - “Вам-вуп!” - “Вам-вуп!” - јас се дигам се понагоре и понагоре и летам, летам, летам... При секое ново “Вам-вум!” моето издигнување и летање добива нов поттик... Нема веќе потреба од воздух, нема болки, нема страдање. Едно пријатно чувство на слободна птица, која лета по своја волја и каде сака. Тоа “Вам-вуп!” почнува да станува потивко и да се повторува поретко... Силен грмеж ги растресува ушите и мозокот. Јас ја губам свеста... Кога доаѓам при свест, го гледам Христо Бабамов наведнат над мене. Тој ми ги масира грлото и вратните жили. Во агонијата јас сум го клоцнал со ногата. Тој се разбудил и ми го ослободил вратот. - Што направи, бре? Што направи - прашува тој тивко за да не осети задреманиот Љатиф-онбаши или некој од затворениците во ќелијата, зошто обидот за самоубиство се казнува со ставање на нозете неколку дена во томрук. Сте имале ли случај, кога ја префрлите едната нога вра другата, ногата силно да ви отрпне? Сте го почувствувале ли она непријатно чувство,
121
кое се покажува при допирањето на така отрпнатата нога? Ете, тоа. непријатно чувство го сеќавам по целото тело, кога Бабамов ми ги масира вратот, рацете и нозете. Враќањето во живот е многу понепријатно за оној што умира од маките кои не приближуваат до смртта. Понижен морално и физички истоштен, следниот ден јас седам замислен до прозорецот на ќелијата. Седнат до прозорецот од надвор Љатиф-онбаши си ги грее рацете на мангалот и трепери од студ. На прошетка се пуштени Турците. Пред прозорецот однадвор се исправени амиџа-Рустем, Арнаутин од Призренско, белобрад старец, малку подгрбавен, со пранга на нога. Повеќе од 26 години тој лежи во Куршумли-ан. Разбрал дека сум осуден на доживотен затвор и дошол да ме утешува. Тој приседна однадвор до прозорецот, спроти Љатиф-онбаши, опира со брадата на стапот со кој се потпира и ме прашува на арнаутски: - По марзиташ, ор даскал?62 - Нема зошто да ми е весело, амиџа-Рустем. Осуден сум доживотно. Амиџа-Рустем се насмевнува кротко. - Ти си убивал ли човек? - Не. Зошто прашуваш? - Си јадел ли човечко месо? - Ајде амиџа-Рустем, може ли такво нешто и да се помисли? - Значи, човек не си убил, не си јадел човечко месо. Тоа е убаво, зошто само убиството на човек е вистински престап. Каков и да е тој Турчин или христијан, Арнаутин или Србин, Евреин или Ерменец, богат или сиромав, добар или лош - тој е човек, не треба да се убива, тоа е злостор. Сѐ друго што не ја засега човечката личност и се смета за злосторство, е ветер! За да се смета за злосторство, зависи од местото, од времето, од начинот на мислење. Е, момче! Твојата работа е ситна работа. Ти ќе излезеш од овде. Бидејќи затворот е како река: ситниот песок минува-заминува, само крупните камења како мене, само тие остануваат на дното. Јас го слушам амиџа-Рустем со сѐ поголем интерес. И тој ми ја раскажа својата историја. Тој бил телохранител на еден трговец од Митровица, кој имал син, еден лекомислен младинец. Во една караница тој му ја опсул мајката на Рустем. - Мајката - тоа е света работа, вели амиџа-Рустем. Може да се случи жената да е ороспија, но мајката е секогаш светица. Преку маките при раѓањето и преку одгледувањето на децата, мајката ги отплаќа сите гревови како жена. Мајката не смее да се пцуе. Кај нас таквото пцуење се плаќа со крв... Тој кренал рака да го убие навредувачот, но наишол таткото; верен на својата клетва да се потчинува на господарот, амиџа-Рустем ја про62 Мачно ли ти е даскале?
122
голтал навредата. Поминало година-две, таткото и синот ја заборавиле навредата што ја нанеле, но не ја заборавил и амиџа-Рустем. Еднаш господарот го испратил сина си по селата да собира вересии и за придружник му го дал амиџа-Рустем. Некаде по патот, блиску до едно анче, амиџа-Рустем слегол од коњот и го фатил за уздата коњот на синот од господарот. - Слегувај од коњот! Брани се! Ти имаш да ми плаќаш едно пцуење мајка! Слегувај! Јас не сум ти дал беса!63 Синот слегол од коњот, коленичил пред амиџа-Рустем и почнал да се моли за прошка. - Ти си бил плашлив гад! Можеш да ги пцуеш мајките на луѓето, а ти е страв да се браниш! Јас нема да си го трошам куршумот за таков подлец! Ги извадил јатаганот и го убил синот на господарот. Оѕверен од крвта при убиството, тој отсекол парче месо од бутот на убиениот, отишол во анчето, пекол и јадел од месото. Бил осуден на смрт, заменета со доживотен затвор. Оттогаш поминале повеќе од 26 години. Тој тешкиот, големиот камен - оттогаш лежи на дното на реката, каде што покрај него многу вода протекло и многу ситен песок поминал-заминал... А можев и да не го убијам! Можев, но кај нас секој би ме покажувал со прст: Тледајте го! Еве овој човек може да трпи да му ја пцујат мајката неказнето!” Амиџа-Рустем се загледа напред, ја наведна главата и проговори како за себе: Дали можев? Сигурно не сум можел и затоа го убив... Тој се поткрева да си оди, се потпира на стапот и ми вели: - Гајрет, чоџум!64 Ти си ситно песокче, брзо ќе протечеш покрај нас, големите камења! Не очајувај! Аллах буук д’р!65 Мудар и благ човек е амиџа-Рустем! По неговото заминување јас не се чувствував така понижен и се помирив со привремениот живот во Куршумли-ан, откако почнав да верувам. Кутриот амиџа-Рустем! За него во Цариград дошол бак’м66, според обичајот на Турција, кога за осуден поради убиство се добие помилување, прашуваат во неговото родно место дали жителите ќе го примат во својата средина. Прашале за амиџаРустем - општината одговорила дека жителите немаат ништо против, ако тој дојде и се насели меѓу нив. Неколку дена по неговото доаѓање кај мене, го повикуваат амиџа-Рустем долу во канцеларијата, кај началникот на затворот, Бекташ-ефенди. Началникот му соопштува на амиџа-Рустем 63 Беса - чесен збор. 64 Кураж, момче! 65 Голем е Господ! 66 Помилување.
123
дека е помилуван, дека жителите на неговото родно место се согласни тој да се врати во селото и дека од тој момент е слободен и треба да излезе од затворот. Нерде гидием, ефенд’м?67 - прашува амиџа-Рустем. Дома, во родното село, кај роднините, кај пријателите. - Во родното село моите врсници изумреле. Роднините не си ги познавам, таму немам пријатели, немам нигде никого. Каде да одам? Каде сакаш, таму ќе одиш! - Јас сакам овде да останам, во Куршумли-ан, тука е мојата куќа. Тука се моите пријатели, со нив сум навикнал да делам радости и таги. Нели сум слободен? Овде сакам да останам! Не може. Наредбата е да те ослободиме, да излезеш од затворот! Амиџа-Рустем излегува од канцеларијата. Хаџи-чауш ја отвора надворешната врата, го изведува старецот надвор на улицата. Штом го пречекорил прагот, амиџа-Рустем се свртува и ги моли стражарите да му дадат стол. Тој го поставува столот на улицата, во аголот до решетката, седнува на него и му вели на Хаџи-чауш: Риџа едер’м - чарн’м Хаџи-Али!68 Хаџи-Али оди кај решетката на видување. Тие го пијат кафето што го порачал амиџа-Рустем, се допрашуваат, разговараат, си кажуваат шеги, си припомнуваат на шеги од затвореничкиот живот, како да не се видувале со години. Потоа, сѐ така седнат на столот од другата страна на решетките, амиџа-Рустем порачува: Повикајте го да дојде Мухарем Жуто и порачајте две кафиња! И со него ослободениот пие кафе, и со него си прикажуваат, разговараат и се шегуваат како со Хаџи-Али. Еден по еден тој ги извикува сите познати, почнувајќи од оние со кои лежел во затворот подолго време. Од сабајле до вечер, кога во ќелијата ја втеруваат и последната смена, амиџа-Рустем седи на столот од другата страна на решетките и ги повикува на видување сите познати. Следниот ден уште пред да ја пуштат првата смена, амиџа-Рустем ги повикува на видување своите познати или еден по еден, или по неколку души одеднаш, тоа продолжува до затворањето на последната смена вечерта. Така тој доаѓа и следниот, вториот, третиот ден. На четвртиот ден наутро амиџа-Рустем не доаѓа ни преку денот до вечерта, не доаѓа и на петтиот ден. - Што се случи та амиџа-Рустем веќе не доаѓа? - го прашувам еден од стражарите. Јулду, завалла! Дајанмада!69 - ми одговори стражарот. 67 Каде да одам, господине? 68 Ви се молам, повикајте го Хаџи-Али! 69 Умре. кутриот! Не можеше да издржи!
124
Кутриот амиџа-Рустем! Не можеше да ја издржи слободата од која се беше одвикнал, разделбата со Куршумли-ан и со другарите затвореници на кои беше навикнал... Во Куршумли-ан Турците го празнуваа Бајрам - го празнуваа три дена. Во текот на тие дни, кога Турците се во ќелиите, христијаните им одат на гости. Кога се јават некои заинтересирани да одат на гости во некоја ќелија, чуварите ја отклучуваат вратата на ќелијата. Таква е тредицијата. Турците се гостопримлив народ; секој се подготвил во тие три дена да прими гости. Оние од нив кои имаат блиски или познати во Скопје добиле тепсии со баклава, кадаиф и разни други слатки работи, а оние, кои немаат блиски во градот, неопходните лакомства ги набавуваат со купување од пазарот. Ќелиите се исчистени подобро отколку што е вообичаено, послани се со чергичиња, килимчиња. Дојдените гости бидуваат поканети да седнат на почесно место, нарачуваат кафе, а еден од домакините непрекинато витка цигари и им ги подава на гостите. Доаѓа Велигден. Празнуваат христијаните - исто така три дена. Сега тие ги пречекуваат на истиот начин своите гости - Турци. И тие се како нив гостопримливи и љубезни. И во двата случаја разговорите меѓу домаќините и гостите се водат со најљубезен тон, просто човек да не поверува дека истите тие луѓе така љубезни и претпазливи едни спрема други, се вдахновени уште од детството со незгаслива нетрпеливост и омраза. Нема никакво сомнение дека ако тие не биле систематски поттикнувани од власта, би живееле мирно, како добри соседи и сограѓани. Еден затвор - кој и да е тој - претставува сам по себе соодветно заедничко живеалиште во концентрирана состојба. Тука сите пројави на човековото општество добиваат посилна боја, како негативностите, така и добрите страни на општеството тука се појасно и појарко отцртани, затоа што затворениците се непосредни луѓе, за кои нема разлики во сфаќањата и делата. Сите тие се луѓе кои не можеле да се снајдат во рамките на општеството, ограничувачко за развојот на индивидуите. Ова се случи на Велика среда, веднаш откако ќе се отпразнува Велигден. Тој ден е определен од затворениците на Куршумли-ан одамна, уште од минатата година. Кој е тој ден? Чуварите и управата на затворот знаат, дека во текот на годината ќе има еден “ѓурешѓуну” (ден за борба, за одмазда), но кој е - тоа е општа затвореничка тајна. Секој ден се случува затворениците да се навредуваат, да се лутат, да бидат од нешто незадоволни еден од друг. Но во текот на целата година никој не прави проблем за навредите, лутењата и незадоволствата. Одговорот на сите нив - според една промолчена спогодба и традиција - се одлага за денот на одмаздата, ден определен, нестрпливо очекуван од сите затвореници.
125
Еве доаѓа тој ден. Чуварите отвораат едно по друго, за да пуштат на прошетка едни и да ги вратат во ќелиите другите. Се случува нешто невообичаено: пуштените на прошетка веднаш излегуваат, а оние кои подлежат на затворање не влегуваат во ќелиите. Почнува одмаздата. Секој во раздвиженото мноштво го бара оној, на кого ќе му се одмаздува. Секој чијашто совест го гризе поради нанесени навреди и неправди, гледа да ја одбегне средбата со оној кого што го навредувал и спрема кој бил несправедлив. Пранги, стомни, разни садови, ножови, направени од бакарот на внесените тепсии со слатки, кои за таа цел се превиткани неколку пати - се ставаат во дејство. Настанува еден невообичаен хаос. Чуварите се провлекуваат и избегуваат кон влезот на затворот, кај дежурното одделение стражари. Го гледам Тоде драчевчанецот, земал полна стомна со вода и трча по еден и не прави шум при трчањето, зашто е обуен во папучи. Пред него еден бега. Тој слегува по степениците, Тоде го настигнува на долните степеници, ја дигнува стомната и ја стоварува врз главата на оној што бегаше. Стомната се скршува, се скршува и главата на бегалецот. Локва од вода и крв околу испружениот на плочите бегалец... Го забележувам Муарем Жуто како трча зад еден затвореник Арнаутин. На горниот крај на степениците тој го настигнува. Сребрената пранга блеснува, се навива, се исправа и се стоварува како бич по главата на оној што бегаше, кој заорува со главата во камените степеници... Го гледам Мико Кралев, со бакарен нож во рацете, гуша за гуша со еден Арнаутин, исто така со бакарен нож во рака; тие замавнуваат и се бодат со ножевите... На влезот на затворот настанува големо раздвижување, а од надвор во дворот влегуваат војници и се постројуваат. Целото обезбедување на затворот - целата чета - е веќе построена. Се слуша куса и отсечна команда. Јузбашијата70 командува: -.Сунѓуј-лен иллери арш-марш!71 Војниците, со ножовите напред, се разделуваат на два дела и тргнуваат во две спротивни насоки. Кога доаѓаат кај степениците, тие се разделуваат уште на по два дела: едниот дел тргнува по долниот ходник, а другиот се качува по степениците и го расчистува горниот ходник. Пред остриците на ножовите затворениците се прибираат во ќелиите. Во ходниците остануваат само војниците, доаѓаат чуварите и ги заклучуваат ќелиите. Денот на одмаздата е завршен. Во затворот доаѓаат судските власти, за да ги установат резултатите од пресметката: двајца убиени и шестмина ранети. Почнува испитувањето: ги испитуваат сите затвореници, еден по еден, за да се установи кои се убијците и ранувачите. Никој 70 Јузбашија - заповедник на сто души војници. 71 Со ножовите напред - марш!
126
од затворениците не видел како се случиле убиствата и не знае кои се убијците. Сите ранети тврдат едно и исто - никој не видал кој го ранил и не знае кој е ранувачот. Истрагата не доаѓа до никакви докази и завршува без каков и да било резултат. Уште наредниот ден, од затвореник до затвореник се соопштва датумот на денот, кога ќе биде одмаздата идната година... Правосудството на Турците е брзо. Јас влегов во Куршумли-ан во првите денови на месец март, а во втората половина на истиот месец моето дело беше разгледано во прва инстанца, по што јас добив пресуда. На таа пресуда уследи жалба и делото беше поставено на ново разгледување на 29 април - точно три месеци и една недела откако поп Бојко ме стави под “заштита” на манастирскиот чувар Агуш-ага. Колку држави би можеле да се пофалат со такво брзо правосудство? Во судот ме доведуваат со истата церемонија и со истите салтанати, како при првото разгледување на делото. Додека го чекаме доаѓањето на судиите и почетокот на заседавањето, кај мене се приближи еден стар Турчин, со бела чалма на главата, чијашто големина придонесува лицето да му изгледа мало. Тој е облечен во црно џубе, со бела како снег, кратко потстрижана брада, а тој оди со ситни брзи чекори, па остава впечаток дека не оди, туку дека се лизга по подот. Лицето му е без брчки, а живите сини очи претставуваат туѓ контраст со неговата длабока старост. Тој е Илјаз-ефенди, едниот од дваицата судски заседавачи. Тој ме прашува на турски: - Како се викаш? Јас му го кажувам сопственото и фамилјарното име. - Ти да не си од Мирковци? - Да. Од Мирковци. - Познавав едно време од вашиот сој еден човек - Стојко. Ти да не си Стојково момче? - Не. Татко ми е син на Стојко. Стојко ми е дедо - тој одамна почина. - Така, значи. Го познавав дедо ти. Беше избувлив, но не беше лош човек. Тој влезе во судската сала. Ме воведуваат таму и мене. За целото време на судскиот процес Илјаз-ефенди ме гледаше со пријателски и со наклонетост исполнет поглед. Ги распрашуваше сведоците: чуварот Агуш-ага и учителите Атанас Кралев и Ангел Голомехов и Ефгимов. Ме испитуваат и мене. Пак е на сцената тоа фатално писмо. Јас пак одречувам дека сум негов автор. Обвинителот држи обвинителна реч, но јас веќе не се восхитуваам од созвучјата на турскиот литературен јазик. Мојот офицјално одреден бранител пак со изговарањето на двата стереотипни збора “Бакш истиорус” го искажува своето красноречие.
127
Судот се повлекува на советување, кое трае долго - повеќе од час и половина и одново влегува во салата. Претседателот на судот ја прочитува пресудата. Јас пак ништо не разбирам од тоа што се чита. По прочитувањето претседателот слегува од местото, минува преку ниската ограда, доаѓа кај мене, се ракува и прв ми ја честита ослободителната пресуда. Јас не им верувам на ушите. Ми честита и мојот службен бранител со ракување, и Хаџи-чауш со темане... Подоцна дознав подробности за ова судско одлучување. Илјаз-ефенди прв искажал сомнение во тоа дека полициската доставка со која писмото му било препратено на мустентикот, ја содржи правата вистина. Ако тоа писмо било навистина најдено меѓу двете дна на куферот, каде е тој куфер да го видам, да ги видам и двете негови дна? Оној што го носел куферот, зошто не го предал целосно, кога му бил даден и зошто го предал само тоа писмо, а ги задржал за себе куферот и сите предмети што биле во него? Може ли полицијата и судот да имаат таква слепа доверба во таков човек? Па и тој можел да го напише тоа писмо и, откако го втера момчето во затвор, да ја покрие извршената од него злоупотреба! Потоа, ако обвинителот не посочи оправдана причина за одењето во Карпино, ништо не докажува дека тој извршил некаков престап. Не е докажано дека тој сакал да ја помине границата без пасош, а и да се докаже - малку ли се оние што ја минуваат границата без пасош? За таков ситен престап бидува ли луѓето да се осудуваат на иддам? Во тој дух се искажал Илјаз-ефенди во расправата и го расколебал како другиот судски заседавач, така и судиите. Како резултат на неговите искази, а уште повеќе на почитувањето кое овој старец го имал меѓу населението, дошло до штотуку прочитаната ослободителна пресуда. Ме изведуваат од салата. Надвор го чекаме Хаџи-чауш да ја добие наредбата од судот до началникот на затворот, дека сум слободен. На враќање не ми ги ставаат белегзиите на рацете. Поаѓаме за Куршумлиан. Хаџи-чауш врви напред и во рака ја држи добиената наредба. Заптиите, меѓу кои одам, не ги држат мартинките на готовс, туку ги носат на ремен, откако пред тоа ги извадиле од нив патроните. Мајка ми и татко ми, дојдени во судот поради делото, врват по нас. Дојдовме во Куршумли-ан. Хаџи-чауш влегува кај началникот на затворот, а јас се качив во мустентик-ќелијата да си ги приберам алиштата. Откако ги прибирам, се збогувам со другарите од ќелијата и им пожелувам скорешно излегување на слобода. Набрзо се збогувам и со оние од пуштените затвореници, кои случајно ги среќавам, потоа ѕирнувам во заклучените ќелии, за да се збогувам со познатите затвореници од смената, која е во ќелиите и слегувам долу кон влезот. Куртиш-бег ми отвора врата на внатрешната решетка, за да излезам.
128
- Збогум Куртиш-бег! Ти добро ме избричи кога за првпат влегов во Куршумли-ан, ама нејсе - нека ти е просто! - А, што да правам? Јас хранам жена и деца, a ајлакот ce плаќа нередовно и за ништо не стигнува. Таков е занаетот... Пред да излезам на улицата, кога ce уште сум на влезот меѓу двете решетки, јас фрлам поглед назад кон дворот и мисловно ce збогувам со Куршумли-ан, зад чиишто дебели ѕидови гасне толку човечки живот, толку надежи, толку енергија. Хаџи-чауш ја отвора вратата на надворешната решетка и јас излегувам на улицата. На излегување ce збогувам со него. Тргнувам по улицата меѓу мајка ми и татко ми, кои на влезот чекаат да излезам од затворот. Тргнувам по улицата, но ce чувствувам некако неудобно без заптиско обезбедување по мене, непријатно ми е, и што можам слободно да одам каде што сакам, без да има некој кој ќе ми ја одредува мојата маршрута. Кога ce свртев назад кон непостоечкиот зад мене стражар, го забележувам Хаџи-чауш како ce наведнува да земе камен, да го стркала по мене и весело да ce провикне: Иш-аллах! Болаики ич гери гермасин!72 *
Watier ме поттурна по рамото: Dis donc! Assez badaudè, tout le monde est parti, déjà, pour la gare. Allons-y. On s’en va à Besançan?73 Jac ce сепнав, сликите од Куршумли-ан исчезнаа. Ние ce упативме набрзо кон железничката станица, за да отпатуваме за Безансон, римскиот Visanio, кој ја зачувал - во урнатини арената од римското време, прочуениот часовник на катедралата, кој ги покажува морските приливи и одливи во секое време на денот во разните точки на земјината топка, родната куќа на Виктор Иго на еден од аглите на плоштадот на арената и централниот дел од којшто градот и сега има изглед на средновековен град со покриви со остри врвови и со тесни и криви улици, родното место на теоретичарот на анархистичкото учење, Прудон.
Скршнавме во Павлевата меана под Пазариштето. И покрај тоа што сакав да останам во Скопје и да ce сретнам со другарите од кружокот, требеше на родителите да им пружам извесна сатисфакција за преживеаните нивни страдања. Токму затоа, по одмор од околу еден час, за кое време јас привикнав со мислата дека навистина сум ослободен од затворот, ние заминавме пешки за селото. Со големо нетрпение дочекав до вторник - пазарниот ден во Скопје кога ќе одам во градот и ќе ce видам со другарите. Наближуваше крајот 72 Дај боже, назад ич да не ce вратиш! 73 Слушај. Доста зјапаше! Сите веќе заминаа за железничката станица. Ајде да одиме и ние! Заминуваме за Безансон.
129
на учебната година, добро ќе биде пред да се разотидат, членовите на кружокот да се соберат неколку пати. Наредниот вторник - на четврти мај - отидов во Скопје и се вселив во стариот стан, каде што одново почна да се собира кружокот. Тоа не можеше да не биде забележано од митрополијата: Георги Ацев одново почна да ме посетува; неговите визити зачестија. Возобновувајќи ги состаноците на кружокот, јас сакав да воспоставам врска со Мерџанов. Каде е тој? Уште ли е во Солун? Јас не ја знаев неговата адреса во тој град и се чудев како да стапам во врска со него. Од друга страна, бидејќи велешани беа најприемчиви во поглед на принципите на анархистичкото учење, сакав да одам во Велес, да ги проучам условите во тој град, па ако има можност и таму да формирам еден анархистички кружок. Ако, пак, случајот ми помогне, ќе дознам нешто за Мерџанов од братот на Јордан Шурков, мој и на Мерџанов близок познајник и член на Пловдивскиот клон на Женевската анархистичка група. Како видлив предлог за оправдување на тоа мое одење во Велес пред полицијата и пред празното човечко љубопитство, беше тоа - дека имам намера да отворам фотографско ателје во Велес, каде што сум дошол да проучам ќе имам или ќе немам сметка за тоа. Ако не ме лаже умот, на 8-ми мај 1899 година заминав со возот за Велес, за да се запознам со Диме Шурков, помалиот брат на Јордан Шурков и да ја сондирам почвата за формирање и таму анархистички кружок. По неколкумесечниот затвор, патувањето со воз ми остави длабок впечаток. Тоа е производ на човековата мисла, непобедлива во својот стремеж да оди напред и само напред, која ги кине оковите и ги урива затвореничките дебели ѕидови, за да воспостави општочовечко братство и солидарност. Тоа е цивилизацијата, која во своите нескршливи можности, ги крши сите прегради кои ги разделуваат народите, племињата, половите и личностите; тоа е општочовечката солидарност, која го поврзува човештвото во една неделива целина... Околу ужина пристигнав во Велес, поминав преку мостот на Вардар и отидов во чаршијата да го најдам - со распрашување - дуќанот на Диме Шурков. На едно место во чаршијата видов натрупани многу луѓе, кои со весело љубопитство нешто набљудуваа. Се доближив. Преку улицата, меѓу два еден спроти друг поставени дуќани, на височина малку повисока од човечки раст, беше оптегнат канап, а по канапот беше пуштена да оди една крупна мува, чии крилја претходно биле откинати. Целата ова толпа луѓе весело ја набљудуваше мувата, која врвеше по канапот, се сопираше, се свртуваше назад и пак тргнуваше напред... - Што е ова - го прашав тој занаетчија што стоеше пред мене. - Од многу ал’ш-вериш, играме “орган-пеливан” - одговори запрашаниот.
130
Го запрашав каде е дуќанот на Димитар Шурков. Тој ми покажа еден од собраните луѓе околу “Орган-пеливанот” - тој бил Диме Шурков. Се запознавме. Отидовме до неговиот дуќан. Диме ги спушти ќепениците и го затвори дуќанот. Му направив забелешка дека е многу рано да затвора - може да го побараат муштерии. - Муштерии? Ајде де! Од што многу муштерии има - гледај целата чаршија прави, сеир на мувата, на “орган-пеливанот”. Подобро е да се прошетаме до Ада-кавеси! Од Диме Шурков ништо не можев да дознам. Дома одамна не добиле писмо од Јордана. Јас не сакав да му поставувам прашање на Диме за Солун и за Мерџанов, бидејќи тој не беше посветен на нашата работа. Ако се суди по него, изгледаше дека во Велес ќе може да се формира анархистички кружок. Се договоривме по неколку дена да дојдам пак во Велес, а за тоа време Диме Шурков ќе ги подготви своите другари, од кои ќе се формира идниот анархистички кружок во Велес. Од Ада-кавеси, омиленото место за прошетка на велешани , отидовме во анот, каде што сакав да ноќевам. Во гостилницата на анот јас си порачав вечера. Со анџијата и со други двајца, кои влегоа по нас да се почестат поведов разговор за моето идно фотографско ателје и за можностите да има добра работа. Откако почнав да вечерам, Диме со отиде дома. Јас си ја платив вечерата, го ставив портмонето во џепот на палтото и по завршувањето на разговорот со анџијата и неговите двајца гости, јас отидов во собата. Наредниот ден - недела - кога го облекував палтото, го извадив од него портмонето за да го ставам во панталоните, и тогаш забележав дека е празно. Некој ги извадил од џепот на палтото, ги “дигнал” парите и пак го пуштил во џепот. Во портмонето имав два златни наполеона, половина турска лира и други сребрани пари. За среќа, во џепот на елечето имав неколку черека, со кои се раздолжив. Му кажав на анџијата дека ме ограбиле - веројатно оние двајцата негови клиенти, со кои бев во друштво. Анџијата не дозволуваше ни еден лош збор да се каже за нив - тие биле чесни луѓе, коишто тој добро ги познавал и во кои не може да се има било какво сомневање. Според него, парите ми ги украле на друго место, и покрај тоа што сношти платив со пари од истото ова портмоне. Како и да е, било поради тоа што бев во принцип против вмешувањето на полицијата, било поради тоа што немав сметка да го свртувам вниманието на полицијата врз себе си, јас го примив фактот на ограбувањето без да му сеам на дното дупка и си излегов од анот. Го најдов Диме: го запрашав кои биле синоќешните клиенти во анот. Од него разбрав дека тие припаѓале на Организацијата и дека ме ограбиле со цел да ја зголемат содржината на Велешката организациона каса - ако ја внесат ограбената сума во таа каса - се разбира.
131
Има доста податоци да се смета дека Внатрешната македонска револуционерна организација го беше прифатила тој систем - преку ситни и нечесни кражби да се зголемува содржината на месните организациони каси и преку нивното извршување да ги “валка” членовите на организацијата. Во својата книга “Во Македонија под ропство” на стр. 40-41, Павел П. Шатев посочува исто така еден случај, во кој биле украдени часовниците на десетина ученици во пансионот на Солунската бугарска гимназија. Оваа кражба била извршена по наредба на началникот на ученичкиот кружок, потчинет на Внатрешната организација. Во повеќето случаи сумите од тие кражби не биле внесувани во организационите каси. На тој начин, Внатрешната македонска организација се претворила во институт, кој ги инспирира, закрилува и покровителствува кражбите и злоупотребите. Понатаму, во моите спомени јас ќе имам случај да посочам на жалните резултати од овој вид “револуционерна” дејност. Како и да е, јас зедов на заем од Диме Шурков половина турска лира за билет за железница и за трошоците до Скопје, со намера да му го вратам заемот по десетина дена, кога ќе се вратам во Велес за формирање на анархистички кружок. Тркалото на мојот живот, меѓутоа, се сврте не така, како што претпоставував. Јас не можев да се вратам во Велес по неколку дена; не можев да се вратам и по година, две, три - и по близу 50 години. И досега јас уште не сум му го вратил на Диме Шурков заемот од половина турска лира... Одвај помина една ипол година по нашата разделба на 9-ти мај 1899 година, Диме Шурков бил убиен со кама од еден Турчин, седејќи си во дуќанот. За неговото убиство весникот “Реформи”, број 38 од 2-ри ноември 1900 година, во рубриката “Хроника”, откако одбележува дека за верната служба султанот Абдул Хамид Хан II ги наградил со високи ордени кајмакамите на Мустафа-паша и на Велес, ги опишува заслугите на овие наградени административни службеници и пишува: “... Велешкиот кајмакам се обиде најпрвин да ги уништи Бугарите во Велес преку српската пропаганда. Вгнездениот таму српски доктор... беше станал еден вид штитеник во Велес. Тој јавно го ужива покровителството на власта. Најпосле, овој српски агитатор разочаран од патриотизмот и упорноста на Велешани, прибегна на убиства на оние младинци, кои не допуштаа успешно да ја изврши својата великосрпска мисија. Младинецот Диме Шурков беше убиен среде чаршијата од луѓе поткупени од српскиот доктор и препорачани од самата велешка општинска управа. Целиот град се крена поради ова убиство, се затворија дуќаните и се сакаше јасно казнување на убиецот и на неговите поттикнувачи. ...
132
Војската се стече од Солун и Скопје и испретепа и големо и мало поради тоа што поданиците на султанот сакале убијците да бидат казнети...” Во Скопје секогаш има голем пазар, но во вторникот на 11 мај - денот на св. Кирил и Методиј - пазарот беше многу голем и оживеан; за тоа многу помогна и јасниот и убав ден. Јас излегов на пазарот да го барам татко ми. Како што скитав низ пазарот, го сретнав Дервиш-ефенди, кој ,штом ме виде, ме повика со прст, а потоа се сврте кон заптијата, кој беше во тој реон и му рече: - Терај го овој во полицијата! Таму нека ме чека! Без да ми даде можност од Дервиш-ефенди да дознам зошто ме апси, заптијата ме поведе во полициската управа и ме предаде на дежурниот стражар. Помина одвај половина час, и Дервиш-ефенди дојде, ме повика во неговиот кабинет и ме праша: - Ти што бараш во градот? - Јас тука живеам. - Зошто не живееш дома, на село? - Што да правам в село? - А овде што правиш? Владиката ми се жали дека овде мешаш некакви лајна. Тој плесна со раце, зад завесата се покажа дежурниот заптија. - Пренеси таму: двајца веднаш да го одведат овој во неговото село! - Ефенд’м! - му се обратив јас на дервиш-ефенди - каков престап сум направил, па заптии да ме спроведуваат в село. Дали убив, ограбив, или намамив некого, па да ме тераат како престапник в село? Ако е проблемот тоа да одам в село, јас можам да си одам и без да ме тераат заптии. - Даваш ли чесен збор дека денес ќе си заминеш в село? - Давам чесен збор. - Добро. Ќе ти поверувам и ќе те оставам сам да си одиш в село. Јас бев слободен. Заминав в село, па таму една недела седев како на трње. Што станува со кружокот? Еве распустот ќе почне, а јас не ќе можам да се видам со другарите. Следниот вторник -18 мај - јас отидов во Скопје. Внимавав да не ме види Дервиш-ефенди, но тој како за проклетилак, излезе пред мене. - А, даскале, ти уште ли си овде? - За пазарот, сега дојдов од село. - А-ха! Добро! - и тој му се обрна на приставот, кој одеше по него води го во полицијата! Придружуван од приставот јас се најдов пак во полицијата, пред завесата на кабинетот на Дервиш-ефенди. По извесно време дојде Дервиш-ефенди и му даде некаква наредба на приставот. не помина и половина час, приставот се врати со некаква папка во рацете и влезе во кабинетот на Дервиш-ефенди. Ме повикаа.
133
- Бегај одовде - слушна ли? Доста ми создаваш главоболки! - рече Дервиш-ефенди. Еве ти го пасошот. Полицаец ќе те придружува до Зибевче, а оттаму - оди кај што сакаш! И тој ми ја даде папката, што ја беше донел приставот. Јас немав време да. се чудам на брзината со која го беа извадиле тој пасош и со која го беа нашаркале со разни заверки' и печати. Во вообичаените околности, за да извади човек пасош, требаше да трчка по разни уќуматски врати не помалку од една недела. - Кај да одам, прашав јас. - Џендемее истерс гит, шу, бурда калма!74 - Но каде да одам без пари? - До Зибавче ќе патуваш уќумат марифет-лен75. - Ами оттаму? -Тоа не ме интересира. Ајде, води го! - се сврте тој кон приставот. Приставот ме потера на кај железничката станица. Имаше доста време до поаѓањето на возот Куманово - Зибевче - Ниш, но приставот не ми дозволи да го побарам татко ми. Кога минувавме по улицата за на кај мостот, јас одвај успев да му кажам на еден селанец од моето село, дека ме истеруваат од Турција преку Зибевче, па ако може да го извести татко ми. Ме потераа на кај железничката станица. Приставот ми го зеде пасошот и му го даде на приставот на станицата, за да го регистрира моето заминување и потоа ме втера во возот. Јас го отворив прозорецот за да се нагледам на родниот крај и да го запечатам во умот последниот изглед на Скопје, на Каршијака и на Скопска Црна Гора - мојата татковина, каде што било пишано да поминам толкав мал дел од мојот живот. По дваесетина минути удри второто ѕвонче. На перонот се појави татко ми, кој изгледа многу брзал за да дојде на станицата. Тој ме забележа и брзо дојде кај мене во вагонот: - IIIто е? Што се случи? - Не знам. Дервиш-ефенди ме виде, ме уапси и сега ме чинив сургун. Ме бркаат од турско. Полицаецот има заповед да ме дотера до Зибевче. - Али имаш пари? - Немам. Татко ми го извади ќесето и ми ја истресе во рацете целата содржина: две златни лири, една бела миџидија, три черека и други ситни пари. Наближуваше времето за поаѓање. јас се збогував со татко ми и му бакнав рака. Тој ме бакна в чело и по образите и ми го измокри лицето, зашто молчешкум плачеше. Удри и третото ѕвонче, Татко ми слезе од 74 Во пеколот оди, ако сакаш, само овде не останувај! 75 Буквално значи “на државен трошок” Подбивен израз како бугарското "да ти дува коњ во вратот”, значи "под стража”.
134
вагонот; возот тргна и - додека се задскри зад свијокот - јас ја гледав таа висока фигура, со белата чалма, белото волнено џубе и белата кошула, како стрчи закована на перонот, свртена кон возот, кој брзо грабаше кон северозапад. Тоа беше нашата последна средба; јас веќе не го видов татко. На станицата Зибевче приставот слезе од возот, српскиот граничен службеник ги собра пасошите, за да ни ги врати назад при пристигнувањето на српската погранична станица Ристовац. Оттаму јас си зедов билет до Ниш, каде што требаше да преноќевам во традиционалниот хотел “Македонија”. Наредниот ден, рано наутро, отидов на железничката станица, зедов билет за Софија, седнав во вагонот и отпатував за Бугарија.
Истиот ден - 19 мај 1899 година - пристигнав во Софија и од железничката станица директно отидов во локалот на хотелот “Батемберг”, каде што сметав дека ќе го најдам Гоце Делчев, или, пак, да му ја дознам адресата, ако не живее во хотелот. Јас брзав да разберам што станало со Мерџанов, со кого не бев стапил во контакт од нашето заминување од Пловдив; и со Коштанов, од кого последната вест беше писмото од септември минатата година, кое што ми го беше испратил од Солун во Женева. Во локалот на хотелот “Батемберг” го најдов Слави Мерџанов во друштво со неколку души: Петар Соколов, Врбан Килифарски, Антон Бозуков и други. Во моментот Гоце Делчев не беше во локалот. Мерџанов ме запозна со друштвото. Некои од нив, како А. Бозуков, ми беа познати од војувањето во 1895 година. По првите поздрави и распрашувања, Мерџанов и Соколов ме подбраа да ручаме во “Албанската гостилница” - една мала гостилничка, која се наоѓаше на аголот на улиците “Марија Луиза” и “Егзарх Јосиф”. Таму на брзина му раскажав на Мерџанов за својата одисеја од нашата разделба во Пловдив до нашата сегашна средба во Софија. Исто на брзина, без подробности Мерџанов ми го раскажа следното: Пристигајќи во Солун, Мерџанов наскоро се запознал со неколкумина кукушани и велешани. Тој формирал еден ученички анархистички кружок, во кој влегувале ученици од горните класови на Солунската бугарска гимназија, претежно велешани: Јордан поп Јорданов, наречен скратено “Орце”, браќата Тоде и Георги Богданови, Илија Трчков - сите од Велес и други. Во овој кружок освен ученици влегувале и други лица - занаетчии, како Владимир Пингов, којшто на галено го викаа “Ладо”, кој бил чевларски работник, исто велешанец. Во Солун Мерџанов не го затекол Димитар Коштанов. Овој последниот, откако месец и половина го чекал нашето пристигнување во Солун, 135
и откако видел дека не доаѓаме, му ги предал на Централниот комитет на Внатрешната Македонска Организација, ако не ме лаже умот, на Пере Тошев, 90-те златни наполеони од сумата што ја беше добил при делбата во Женева и за која сума тој беше рекол, дека ќе ја држи на наше располагање - и заминал за својот роден град Горна Џумаја. На тој начин, вкупниот капитал на Женевската анархистичка група од 315 златни наполеони, по заминувањето на Стефан Михов за Брисел и со писмо одби да дојде со нас во Македонија и откако Коштанов не го дочекал Мерџанов во Солун, беше намалена за 195 златни наполеони. Останала на располагање само честа на Мерџанов, намалена со направените од него досега трошоци - сума од околу 75 златни наполеони, или вкупно околу 1500 златни левови. Ученичкиот анархистички кружок во Солун, насочен против власта на човекот врз нему сличните, подеднакво ја негирал како турската политика и бугарската духовна власт, така и власта на тајната Внатрешна Македонска Организација, подиктаторска, побескруполозна, побезобѕирна од погоренаведените официјални власти. На тој начин, Солунскиот ученички анархистички кружок се нашол лице в лице со непријатели од сите страии, на сите фронтови. Претстоело да се води борба за ширење на анархистичките идеи преку усна и писмена пропаганда и преку дела. Расположлива сума од 1500 златни лева, која секојдневно станувала сѐ помала - била сосема незначителна за реализирање на поставената цел. Ете зошто, по долго и сестрано опсудување, кружокот прифатил да прибегне кон следниот сигурен начин за набавување материјални средства, предложен од Сл. Мерџанов: Меѓу членовите на кружокот, Коспш Кирков и Тоде Богданов биле синови на материјално добро стоечки родители. Кружокот ќе изнајми еден стан, во кој Коста Кирков и Тоде Богданов ќе отидат да живеат, без да излегуваат во градот. На нивните родители ќе им се напише писмо, дека децата им се киднапирани од банда разбојници, кои ќе ги ослободат со откуп: 400 златни турски лири за Коста Кирков и 200 лири за Тоде Богданов. Решено-сторено. “”Киднапираните” се самоуапсуваат во изнајмениот стан, а татковците ги добиле писмата и почнале да се тегават - не сакале туку така да се простат со нивните сакани пари, кои за тоа време биле навистина големи суми. Солун одамна се слави по тоа што тој е административен град во светот, каде што има една цела класа професионални апаши Евреи, многу храбри и брзи во своите походи по туѓите портмонеа. Меѓутоа, оваа класа својата индустрија ја прави на ситно. Солунските Евреи - џепчии обично напаѓаат ноќум, кога е веќе стемнето и - тогаш и со ками ги бодат своите жртви, а потоа самите викаат за помош и со плачење им се обраќаат на ограбените и избодените жртви: 136
- Не вурурсун! Не вурурсун!76 Откако им станало јасно дека Евреите се индустријалци на ситно и дека Внатрешната Организација не се одвраќа од тој вид манипулации, како што е грабнувањето, кога се однесува до обезбедувањето паричпи средства, за двајцата татковци не било тешко да сфатат дека “разбојниците” не треба да се бараат меѓу солунските апаши - Евреи, туку околу централното управно тело на Внатрешната Македонска Организација. Раководните лица на ова тело се сомневаа во Мерџанов, тој женевски студент, кој, наместо да си ги гледа студиите во Женева, дошол во Солун во зимската сезона; и кој, освен со другите ученици, се дружел и со “грабнатите” Коста Кирков и Тоде Богданов. Но за да не го изгубат својот авторитет на сезнаечки и севозможни распоредувачи на тајните пројави во Македонија, лицата, кои го сочинуваа раководното тело на Организацијата, пред татковците си дале важност и ветиле дека ќе ги ослободат “грабнатите” момчиња, ако бараниот откуп им се даде ним. Во меѓувреме, на необјаснив начин, Мерџанов ненадејно паднал во очи на Солунската турска полиција, која го уапсила и го подложила на испитување, за да објасни - кога е студент во Женева, што бара во учебно време во Солун, а не студира во Женева? Тој бил обвинет за воена шпионажа, во затворот бил задржан околу една недела и потоа - како бугарски поданик екстерниран од Турција. По екстернирањето на Мерџанов, во Солун останал работата во врска со “грабнатите” момчиња да ја продолжи Орце. Но, да влезе во преговори со татковците - тој, велешанец, врсник и другар на нивните синови - би значело да се компромитира целата работа., бидејќи тие веднаш би сфатиле дека сето тоа е блеф. Од таа причина, Орце се јавил во централното тело на Организацијата и му предложил нему да ги земе бараните од татковците пари. На тој начин, овој убав начин на набавување парични средства на крупно и паднал на Внатрешната Организација од небото. За да не резикуваат ништо во случај татковците по пронаоѓањето на синовите - се обратат до полицијата од една страна и од друга - за да се осигурат од претензиите на анархистичкиот кружок врз парите при преземањето, луѓето од раководното тело на Организацијата ги препратиле “грабнатите” момчиња по канален пат до Бугарија, во село Рила. На татковците, пак, им соопштиле дека за ослободувањето на нивните синови парите да се однесат во Задграничното претставништво на Организацијата, кое се наоѓа во Софија. Еден од татковците - Иван Кирков - заминал за Софија, се сретнал со Гоце Делчев и на крајот на краиштата му ја изброил саканата сума од 76 Зошто удираш! Зошто удираш!
137
600 турски златни лири и на Горче Петров. “Грабнатите” момчиња биле “ослободени” и наскоро потоа си заминале за Велес. Сумата, којашто му останала на Мерџанов по делбата во Женева, речиси целосно била потрошена за подмирување на расходите за “грабнувањето”. - Значи, ти и кружокот сте били тапанот, а Внатрешната Организација преку Делчев и Ѓорче Петров го собрала бакшишот заклучи Соколов. Или, со други зборови - дополни Мерџанов, од силниот секогаш има посилен, од итриот - поитар, од мудриот - помудар. Жално е што ги потрошив сите пари. Што треба да почнеме пак од а. - А ти не им постави ли прашање на Делчев и на Ѓорче Петров барем за половината од добиената сума - го запрашав Мерџанов. Нели иницијативата, направените трошоци, дел од извршувањето и самите откупени лица се наши, ни следува и најмалку половина од добиената сума. - Ни следува, но прашај ги ти нив? Тие велат дека дејствувале како претставници ополномоштени од Организацијата и без решението на нејзоното централно раководство не можат да влегуваат во никакви спогодби со нас, вклучително и на отстапувањето на каков и да е дел од добиената сума. А централното раководство на Организацијата може да отстапи средства на секој друг, освен на нас анархистите - одговори Мерџанов. Па и во право се луѓето: тие треба да се луди, па да им олеснат на оние што ја негираат нивната власт! - Е, ами сега, кога сме без средства - што ќе правиме? - Ќе почнеме од почеток. Досега дејствувавме сообразно на условите, кои беа очигледни: со телеграфски депеши, кога Михов беше телеграфист во Софија; со “грабнувањето” во Солун, кога имаше кој сам да се грабнува. Сега ќе треба да се прилагодиме кон новите, постоечки услови, кои ние сме должни претходно да ги проучиме и да ги подготвиме. За сето време додека ручавме и со Мерџанов си ги раскажувавме одисеите, Соколов молчеше или ретко се јавуваше со куси, отсечни забелешки. Тој беше со раст малку поголем од среден, со пропорционално развиено тело и со силни мускули; имаше изгорено од сонцето млечно бело лице, со црна коса, густа, црна потстрижена брада, црни надвиснати веѓи и црни очи, чело кое поради контрастите со очите и веѓите - изгледаше многу големо. Беше облечен во шајачни панталони со жолтеникава боја, сина платнена рубашка со права јака, која се закопчува однапред со копчиња од тел. Врз блузата носеше палто од док, а долгите нозе му беа обуени во груби обувки, со излижани ѓонови. Тој во гостилницата не си го беше симнал калпакот - кожен калпак со жолтеникава боја. Ако не се дружеше со Мерџанов, јас би го сметал за шајкаџија. Тогаш на власт
138
беше Радославов, кој ги спречуваше митинзите на опозицијата, откако во истиот ден ќе одредеше час и место на владини митинзи, посетувани од шајкаџии и од полициски стражари преоблечени во градски алишта и селски носии, за овие владини митинзи да изгледаат како спонтано народно барање како да се води владината внатрешна политика. Откако го завршивме ручекот и своите одисеи, Мерџанов продолжи: - Сакаш ли да те запознам со двајца луѓе: со еден салонски анархист и еден велелепен je m'en fontiste? - Зошто да не? Фала му на Бога - време има колку што сакам. Исто така и желба. А, кои се тие господа? - Едниот се вика Симон Трајчев, а другиот - Димитар Љапов. И двајцата живеат во хотел “Кобург” и токму во ова време тие се во хотелот. Отидовме во хотелот. Лицата кај кои одевме беа таму, во собата на Д. Љапов. Се запознавме. Симон Трајчев - преименуван по неколку години во Симеон Радев - од село Јанкоец (Ресенско, Македонија), син на селскиот чорбаџија Трајче, во 1899 година го завршил цариградскиот турски лицеј Галата-сарај. Истата година заминал да студира право во Женева, каде што пристигнал веднаш по нашето заминување од тој град, изнајмил стан и земал пансион на улица Chemin de Minoteries No 9, кај нашата бивша станодавачка М-me Henriette Chevallaz. Од неа и од нејзините деца слушал како зборуваат за сите нас: за М. Герџиков, Општински, Мерџанов и другите и бил љубопитен да не види и да се запознае поблиску со нас. Од времето што го опишувам, до денес поминаа близу 50 години, дебел слој на житејска прав го затрупал во мојот ум споменот за разговорот што го водевме со Симона при првата наша средба. Уште повеќе, што оваа средба не беше поврзана, ниту пак следуваше по некој настан. И покрај сето тоа, си спомнувам, дека како Симон, така и Љапов, користеа секоја прилика да го подметнат на еден не многу ласкав начин името на Горче Петров, кон кое прикачуваа разни епитети, како “велзевул”, “интригант” и други. Од начинот на кој Симон судеше за нештата, околностите и луѓето, јас добив впечаток, дека тој по убедување е анархист - еден анархист со среден раст, тенка, деликатна градба на телото, бледникаво лице, русокостенлива, заострено потстрижена брада, елегантно облечен, со златен часовник, окачен на златно синџирче на реверот од палтото. Во разговорот имаше обичај да цитира и да се потпира на разни автори, од што заклучив дека е многу начитан и длабокомислечки човек. Но, истовремено заклучив дека тој цитира и се потпира на разни автори со единствена цел - да се добие впечаток дека е многу начитан и длабокомислечки човек.
139
Имаше нешто во Симона што ме одвраќаше од него, и покрај тоа што сакам да го надвладеам тоа одвраќање. Од каде се јави тоа чувство кај мене? - Можеби од преземениот начин, на кој Симон се трудеше да избира проста форма на изразите, за да води разговор со нас, простосмртните луѓе, тој, синот на чорбаџи Трајче, кој во тек на неколку години живеел во Галата-сарај со елитата на турската нација. Можеби и поради неговиот поглед, со кој не гледаше некако од високо! Можеби и поради неговиот одвај прикриван стремеж да ни се наметне преку елегантната надворешност и парадната начитаност! После оваа. моја прва средба со Симон Трајчев, за мене остана нејасно следното: кога бил отиден да студира право зошто се беше вратил веднаш во Софија? Од облеката, од начинот на кој живееше, од средствата со кои располагаше - од се, личеше дека Женева не ја напуштил поради недостигот на средства. Јас се прашував - поради што? И не можев да си одговорам. Во тоа време Симон беше почнал да се занимава со журналистика - почетната стапка за неговата идна писателска и дипломатска кариера. Сосема поинаков впечаток оставаше Д. Љапов, родум од Костурско, Македонија, под пазувите на планината Вич. Тој беше човек со среден раст, кафеава коса и мустаки и тркалезно лице. Порано тој бил службеник на Егзархијата во Цариград, а сега беше уредник на весникот “Реформи”, орган на Софискиот Врховен Македонски Комитет. Тој беше елегантно облечен, секогаш галантен спрема жените, особено спрема младите, уште повеќе спрема полумакедонките, а најмногу спрема ноќните пеперутки, кои секоја вечер ги посетуваше. Тој беше весел човек, полн со хумор и остроумности, подеднакво едноставен и природен во однесувањето и еднакво фамилијарен како со луѓето од кремот на Софија, така и со оние од подолните, па дури и со оние од најдолните слоеви на софиското општество - нешто како Јупитер: со едната нога над облаците, а со другата во тињата на блатата. И покрај различните кариери, овие двајца беа насекаде заедно: во хотелот, на улица, во ресторан, во веселите локали - насекаде; каде да го побараш едниот, таму ќе го најдеш и другиот. Нешто како Сијамските близнаци Родека и Додека. Наредниот ден го најдовме Гоце Делчев во кафеаната “Македонија”, на аголот на улицата “Марија Луиза” и плоштадот пред бањата. По првите поздрави и распрашувања, јас го запрашав Делчев: - Каде ми е куферот? Ме фатија - јака-пача - на улица, оттаму во полицијата, а оттаму право на возот и зад граница. Немав никаков багаж. Треба да се преоблечам - каде ми е куферот? Каков куфер? - Мојот куфер што ти го испратив во јануари од Скопје по еден мој другар од детството - Шагманов.
140
- Разбрав. Тој Шагманов, учител од Скопје, ми пренесе поздрав од тебе, но никаков куфер не ми даде. - Тој не е никаков учител. Но, тоа не е важно. Ти даде ли некакво писмо и тутун? Никакво писмо, никаков тутун. - Чудна работа! Јас ти бев напишал - кога не ги познаваш доволно луѓето, не требаше да им се доверуваш и да нѐ упатуваш кај нив. - Повторувам: не сум добил ни куфер, ни писмо, ни тутун!' А ти рече Делчев, кога на си го познавал добро човекот, не требаше да му се доверуваш, за да не се изложуваш на опасност и себе и другите! Ти знаеш ли? Тој Шагманов се залепи како лепка околу нас во кафеаната “Бетемберг”, примен од нас како твој блиску познат. Во последно време е забележано дека оди во турскиот конзулат и тоа вечерно време. Не е чист овој твој Шагманов. Сигурно е турски шпион. Ќе треба да се очисти. - Според мене, не треба да се вршат избрзани работи - одговорив јас. Ќе треба со сигурност да се установи, дека навистина е тој шпион. Првин да се сретнам јас со него, а потоа да се реши што ќе се прави со него. И така прашањето за Шагманов остана да виси. Тој ден - 20 мај 1899 година - прва работа ми беше да си најдам стан, затоа што ќесето не ми беше толку длабоко за да можам да си дозволам луксуз да живеам во хотел, па макар тој хотел бил и “Бетемберг”, каде што за легло се плаќаше еден лев и педесет стотинки. Еден лев и педесет стотинки тоа време беа пари со кои човек можеше да си ја плати храната за три дена. Од истата причина Мерџанов живееше во станот на својот близок пријател од Русе, Александар Кличијан, тогаш студент на Физичкоматематичкиот факултет во Софија. Тоа е истиот оној Ал. Кличијан, кој подоцна беше директор на Осигурителното друштво “Балкан”. Минатата вечер, по моето пристигнување од Ниш, и по запознавањето со Симон Трајчев и Д. Љапов, Мерџанов ме одведе да ноќевам во станот на Кличијан, но тоа не можеше така да продолжи и јас требаше да си најдам место за ноќевање. Можев, се разбира, да ноќевам во хотелот “Батемберг” кај Делчев, но тогаш требаше тој да плаќа за мене, а јас токму тоа сакав да го избегнам, како што го беше избегнал Мерџанов, исто така и Соколов, кој ноќеваше кај свои роднини. Јас појдов да го барам Тодор Иванов, од бившата Казанл’шка комуна. Тој најпосле го беше завршил Казанл’шкото педагошко училиште и беше се запишал да студира на Историско-филолошкиот факултет, и татко му поради тоа се беше преселил со целото семејство во Софија, за да прави чевларски калапи и да ги издржува. Неговиот помал брат, Григор, беше почнал да работи како келнер во пивницата “Батемберг”, за да придонесува со својот труд во издршката на семејството, кое живееше во Јуч-
141
бунар, на улица “Софрониј” во куќата на книжарот П. Григорчев. Јас останав таму на стан. Се разбира, бесплатно. Откако си најдов стан, тргнав да го барам Д. Шагманов, за да се сретпам со него. Средба со него имав на 23 мај, приквечер на плоштадот “Св. Крал“ кога ненадејно го запрев. Тој воопшто не се надеваше дека ќе ме види и се стресе кога ме виде. Ние разговорот го водевме одејќи, со насока кон Војсовата воденица. Првото прашање ми беше: Ти го предаде ли мојот куфер на Делчев? - Не. На границата, на станицата Зибевче, дојдоа од турската царинарница и со остри железни шишови, на краиштата како јадица, го дупеа куферот и открија дека е со двојно дно, го отворија, го најдоа писмото и тутунот и ги зедоа. Шагманов се плеткаше, говореше неуверливо. А куферот? Куферот не го зедоа. Ми го дадоа. Ами тебе - нели те уапсија? Шагманов се сплетка уште повеќе. - Значи, не го зедоа куферот и не те уапсија. Просто неверојатно! Дај ми го тогаш куферот! Не е во мене. Каде е? Тој малку се колебаше, па одговори: Го продадов. А алиштата во него? И нив ги продадов. Зошто ги продаде? Гладував, затоа ги продадов. - На поаѓање од Скопје јас ти дадов два наполеона. Два наполеона плус парите што ти ги имаше за билет. Како така си гладувал? Откако ги потрошив парите, гладував и тогаш ги продадов. Каде ги продаде? Овде, во Софија, на Битпазар. - А како така се случи истото тоа писмо, скриено под двојното дно на куферот, да се најде во рацете на мустентикот во Скопје. Писмото, заедно со други некакви хартии? Шагманов не одговори. - Како така - да го откријат двојното дно, да го конфискуваат писмото и тутунот, а да не го конфискуваат куферот и да не те уапсат? Одговори да видам како може тоа да биде? Шагманов продолжуваше да молчи. - Значи, ти сакаш луѓето да ги направиш наивни - или турски службеници, кои не го конфискувале куферот и не те уапсиле, или мене, се разбира, ако поверувам во тоа што ми го кажуваш. 142
И бидејки Шагманов и натаму упорно продолжуваше да молчи, јас му реков: - Слушај! Ти преку мене влезе меѓу луѓето околу Делчев. За тоа го вршиш кон нив, може да се смета дека сум одговорен и јас. Те забележале дека често, речиси секој ден, по темница, одиш во турскиот конзулат. Што бараш таму? - Ти реков дека гладувам. Сакам да се вратам во Скопје, затоа одам во конзулатот, да си го земам пасошот. - Но, за заверување на пасошот по цели месеци ли ќе одиш во конзулатот, и тоа кога е стемнето, кога службениците не работат? Шагманов замолче. - Одговори! Зошто молчиш? Или таму одиш секоја вечер за да реферираш? Што си ти? Да не си турски шпион? Колку што зборува дрвената пењушка, толку проговори и Шагманов: Јас продолжив: - Јас врз сопствената глава испитав зошто одиш во конзулатот. И само на твојата алчност треба да ѝ благодарам што куферот не можеше да послужи како предметен доказ, па ме ослободија. Но, минатото поминало! Внимавај добро на тоа што ти го кажувам! Ако уште еднаш отидеш во турскиот конзулат, ќе те заколам - добро да знаеш! Преку мене ти влезе меѓу оние што ти ги шпионираш, од мојата рака ќе загинеш, ако и натаму продолжиш да го остваруваш твојот гнасен занает! - Но, ти немаш право да ми ја ограничуваш слободата - одговори Шагманов. - Бидејќи твојата слобода ќе значи ограничување на слободата на еден цел народ, и штом и мене можат да ме сметаат како одговорен за тоа - имам правб да ја ограничам! И ќе ја ограничам! Ти или ќе престанеш да одиш на реферирање во конзулатот, или - ножот! Еве, јас те предупредувам чесно и чесно ќе те заколам како куче, ако уште еднаш ти стапне ногата во конзулатот! Со овие зборови се разделивме. Се најдовме со Мерџанов, Соколов и Делчев. Им го пренесов детално целиот разговор. Сите го одобрија начинот на кој сум постапил и решија - ако Шагманов биде забележан пак да оди во конзулатот, веднаш да биде убиен. Наредниот ден - 24 мај вечерта - поставените набљудувачи соопштија дека го виделе Шагманов пак како влегува по стемнувањето во конзулатот. Решено. Шагманов треба да биде убиен, и тоа во најскоро време за да им послужи како поука на оние кои вршат турска шпионажа во македонските средини. Уште вечерта на 24 мај ние се распоредивме на три заседи. Прва заседа - Гоне Бегин и Андон Ќосето - треба да го извршат убиството меѓу станот на Шагманов и Јучбунар и Шарен мост. Втората заседа Слави Мерџанов и Крсто Б’лгаријата - да го убијат меѓу Шарен мост и 143
железничката станица, ако првата заседа не успее тоа да го направи. Третата заседа - Петар Соколов и јас - да го убиеме во станицата или во возот, ако првата и втората заседа го пропуштат. Од станодавачите на Шагманов на 24 мај бевме дошле до податоци, дека тој наредниот ден вечерта имал намера да си замине со возот, но во која насока, не знаевме. Ние се вооружавме со по една кама и со по еден револвер од типот Лебел, наполнет со по шест куршуми. За да не избега преку денот, бевме поставиле двајца наблудувачи да внимаваат на станот. Во близина на станот ќе чека еден пајтон, со кој ако Шагманов направи обид да избега преку ден - еден од набљудувачите ќе дојде со најголема брзина да не извести во кафеаната на хотелот “Батемберг”, каде што ќе бидеме собрани четворицата од втората и третата заседа. Првата заседа ќе биде блиску до станот и ќе биде известена од вториот наблудувач. Утрото на 25 мај Гоне Бегин и Андон Ќосето беа на заесда кај станот на Шагманов, во една кафеана на аголот на улицата “Пиротска”, а двајцата набљудувачи - во една крчма точно спроти станот. Таму, до тротоарот, беше пајтонот. За да го убијат времето додека чекаат, Гоне Бегон и Андон Ќосето зеле поза како божем читаат весници, но, бидејќи неписмени, ги отвориле весниците наопаку. Ние четворицата од втората и третата заседа, уште сабајле се најдовме во кафеаната на хотелот “Батемберг”, каде - откако го испивме кафето и ги прочитавме весниците - се фативме да играме карти. По извесно време дојде Делчев, дојдоа и други познати. Некои ја наблудуваа играта, некои од нас излегуваа од играта и беа заменувани со некои од наблудувачите. Сѐ се одвиваше на еден вообичаен начин. Ништо не навестуваше дека неколкумина меѓу овие безгрижни, разговорливи и весели гости на кафеаната, во секој момент се готови да извршат една смртна пресуда. Веќе добро се смрачуваше, кога пристигна пајтонот со еден од наблудувачите. Оние од нас што уште играа, ги фрлија картите, ја растурија играта и еден по еден излегуваа. Шагманов излегол од станот. Секој на заседа! Ние двајцата со Соколов се качивме на пајтонот и брзо заминавме за железничката станица, во исто време кога Мерџанов и Крсто Б’лгаријата брзаа пешки да стигнат до Шарен мост. Најпрвин ние со Соколов проверивме дали Шагманов веќе не пристигнал на железничката станица и дали не е во големата сала или во некоја од чекалните, а потоа застанавме пред влезот на станицата за да провериме дали го нема меѓу патниците што пристигаат. Кога установивме дека го нема таму, отидовме да провериме низ вагоните. Имаше готови за поаѓање два воза: еден за Цариброд, друг за Варна. Ние највнимателно ги проверивме вагоните и на двата воза двапати. Во еден
144
од вагоните на возот за Варна го најдовме скулпторот Андреј Николов, кој во тоа време штотуку беше почнал да се пројавува. Тој беше мој познајник, но уште поблизок на Соколов, кој - пред да се запознае со Мерџанов и со мене - се врткал меѓу сликарите и скулпторите почетници. Андреј патуваше со една дама - госпоѓа М’рквичка, како што ми објасни Соколов. Ние го очекувавме тргнувањето и на двата воза, наблудувајќи дали меѓу последните патници, коишто се качуваа во вагоните, нема да го видиме Шагманов. По заминувањето на овие возови - последните за оваа вечер - ние се упативме назад кон кафеаната на хотелот “Батемберг”. Кога стигнавме таму, ги најдовме на една маса како играат карти Делчев и Мерџанов. Седнавме и ние да ја наблудуваме играта откако на играчите им дадовме знак дека не го најдовме бараниот. По извесно време кај нас дојде келнерот и соопшти: - Се случило некакво убиство на “Пиротска”. - Делчев спокојно рече: “Дваесет” и го фрли попот... Ниту еден мускул не се помрдна на неговото лице. - А, така значи? - рамнодушно запраша тој и продолжи да игра. Исто ледено спокојство пројави и Мерџанов. Фамата за убиството - веќе со подробности - ги обиколуваше масите... По улицата “Марија Луиза” одекнуваше тропот од коњски копита. Еден одред од коњската жандармерија на чело со градоначалникот Христо Басмаџиев, се сопре пред кафеаната на спротивната страна на улицата, го опколи влезот и го зазеде тротоарот. Еден глас - гласот на градоначалникот - издаде команда: Сабјите надвор! Ние се погледнавме. Делчев и Мерџанов ја прекинаа играта; ги собраа картите, ги оставија на масата, платија и станаа да си излезат. Во тоа време полицијата беше влегла во соседната кафеана, ги истеруваше и апсаше луѓето што се наоѓаа во кафеаната. Сите ние излеговме од кафеаната на хотелот “Батемберг” без да си прозбориме и секој се упати кон својот стан. Делчев се качи во својата соба во хотелот “Батемберг”. Не бев поминал ни 50 чекори по “Марија Луиза” на кај “Св. Крал”, кога свртувајќи се назад - видов како коњичката жандармерија прави волтфас, кога ја опколува кафеаната и пансионците на хотелот. Немаше зошто да се влечкам - требаше побрзо да си одам во станот. Стигнав до улица “Пиротска” и тргнав по неа кон “Јучбунар”; на растојание околу 30 чекори од “Марија Луиза”, на тротоарот се беа собрале еден куп луѓе, кои живо, во поединости расправаа за убиството. Кога забележал дека двајца одат по него, убиениот ги забавил чекорите. Тој бил висок, долгоног и оние што врвеле по него го следеле речиси трчешкум. Најпосле го стигнале. Едниот поминал пред него, ја
145
извадил камата и замавнал да го удри; убиениот - силен како бик - ја фатил дршката на убиецот, но во тоа време оној, кој бил одзади, го пробол со камата во грб. Убиениот ја пуштил раката на првиот и се свртел назад, од кајшто го добил ударот и во тоа време првиот од убијците му нанел удар со камата во вратот. Убиецот, напаѓан од напред и од назад, почнал да се брани со неконтролирани движења, сѐ додека не бил соборен на земјата. Минувачите кои мислеле дека се работи за некаква тепачка на пијаници, се спуштале да ги раздвојат овие тројца, кои се тркалале по земјата. Тогаш двајцата убијци престанале да удираат со камите и избегале - едниот на исток по “Марија Луиза”, а другиот на запад по “Пиротска”. Кога дошла полицијата, убиениот бил уште жив, во целосно сознание и наведувал тројца поименично, кои велел дека се убијци. Можел да го каже и местото каде ќе може да се најдат - кафеаната на хотелот “Батемберг”. Такви беа коментарите на толпата луѓе. Како што обично бидува, полицијата не разбрала добро и, наместо да ја блокира кафеаната, кај што бевме ние, ја блокира соседната кафеана. И на тој начин, оваа ноќ, наместо нас, други луѓе отидоа да преноќеваат во втората софиска полициска станица. Јас го продолжив патот на запад по улица “Пиротска” и се прибрав во станот. Цела ноќ полициските коњаници ги крстосуваа улиците на “Јучбунар”. Одвреме-навреме минуваа стражари на коњи во трк по улицата. Стражарски свирки се јавуваа од разни страни. Таа ноќ Јучбунар беше како во опсадна состојба. Во текот на учебната 1894/95 година јас бев јункер. Во тоа време, една група младинци-Македонци: Војдан поп Георгиев (подоцна познат под името Чернодрински), Димипар К. Диманчев (преку летото на 1903 година парчосан од експлозијата на бомба при нејзиното полнење во Ќустендил), Иван Сребренов, мојата милост, и други во Софија, бевме формирале еден патриотски македонски кружок, во кој влегуваше и Васил Главинов веќе по убедување беше социјалист. Неговиот дограмаџиски дуќан се наоѓаше на улица “Пиротска”, а бидејќи ми беше на пат, секое утро, на минување, одев во неговиот дуќан било на кафе, било за коментирање на тековните новости, било за да водиме спорови за принципите на социјализмот и анархизмот. Наутро на 26 мај 1899 година, на минување пак отидов во дуќанот на Главинов. Тој не беше во дуќанот, а работниците ми рекоа: - Утринава рано дојде еден виш стражар со уште двајца стражари. Прашуваа за тебе - бараа од него да им ја каже твојата адреса. Тој ќе биде задржан додека не те најдат тебе и те уапсат. Сфатив дека ми се наложува да постапам така, како што секој на мое место би постапил. Јас се упатив кон втората полициска станица, која во тоа време се наоѓаше на улица “Нишка”, до црквата “Св. Спас”. На вле-
146
зот, стражарот ме запраша кого барам. Му одговорив дека го барам приставот. Ме пуштија кај него. Тој ме запраша: - Што барате? - Вие сте наредиле до моето апсење во вашата станица да биде задржан Васил Главинов. Јас сум лицето што сте го барале преку него. Јас си го кажав името и додадов: - Ви се претставив и ве молам да го ослободите Главинов. - Приставот заѕвони на ѕвончето и му рече на влезениот стражар: - Да се ослободи Васил Главинов, а овој - тој ме посочи мене - да се задржи во касарната! Стражарот ме одведе во една просторија, широка соба, која служеше како касарна на стражарите на участокот и си замина. По извесно време, преку полуотворената врата за миг ми се покажа ќелавиот череп на апостолската долга, костенлива глава на Васил Главинов, кој ослободен излегуваше од участакот. Во касарната беа задржани уште двајца - Гоце Делчев, кој беше легнал на еден од стражарските кревети на грб, со двете раце под главата и со очи загледани во таванот, и Ѓорче Петров, кој беше седнал на соседниот кревет - насмевнат зад својата светлокостенлива брада - елегантно ја допушуваше својата цигара. Јас отидов и седнав на еден од блиските кревети. Од стражарите дознав, дека на убиениот Шагманов му биле нанесени со кама 26 рани и дека уште додека бил при целосна свест за убијци не посочил мене, Делчев и Ѓорче Петров, но на прво место мене. Делчев бил уапсан уште синоќа, најден во неговата соба во хотелот “Батемберг”. Рано наутро во неговиот стан бил најден и уапсен и Ѓорче Петров, а последен бев уапсан јас при погоре раскажаните околности. Околу десет часот дојдоа да не видаат Мерџанов и Соколов, а околу единаесет - Симон Трајчев и Димитар Љапов. Се разбира, во присуство на стражарите ние ништо не зборувавме за убиството. Се сеќавам, дека по некој повод стана збор за бугарското востание и за идеите за слобода, кои ја воодушевиле претходната генерација. Симон Трајчев забележи: - Интересно е да се констатира едно општо правило, нешто како психолошки закон на развитокот на тие борби: луѓето, кои на младини биле борци за слобода, на стари години се пројавуваат како диктатори и тирани. Примери во историјата колку што сакаш: - Кромвел, Робеспиер, Стамболов... - Од тоа следува да се заклучи, дека таканаречените од тебе “борци за слобода” не се бореле за слобода, туку да се доберат до власта, одговори Соколов. - Но, англиската и француската револуција, унгарското востание тоа биле борби за слобода!
147
- Сосема точно. Сигурно, тоа биле борби на масите за слобода, во кои принципите на слобода од вештите моќници биле искористени за да се доберат до власта. - Но, Кромвел, Робеспиер, Стамболов и други биле будители, апостоли и водачи на тие борби, на тие масовни движења - упорно ја бранеше својата теза Симон Трајчев. - Колку што гранчето што плови врз гребенот на морскиот бран ја извлекло на таа височина водата врз која плови, толку и твојот Кромвел, твојот Робеспиер и Стамболов биле будители, апостоли и водачи на тие борби за слобода - спореше и натаму Соколов - овие твои водачи просто биле поставени на нивното место не затоа што имаат нешто заедничко со започнувањето и водењето на борбите, туку поради наклонетоста на неговото величество Случајот. Вистинските будители, апостоли и водачи на борбите за слобода - тоа се насилствата на власта, кои ги раѓаат идеите и борбите за слобода... Стражарите кои заминуваа на стража, си ги стегаа ремените, ги запашува кубурите. Другите, пак, сменувани од стража, доаѓаа, се распрашуваа, се собуваа и седнуваа или легнуваа на креветите. Тие го слушаа спорот меѓу учениот млад човек со златните очила и оној шајкаџија, но не разбираа и не обраќаа внимание на тоа што се зборува. Тоа за нив не значи нешто важно, за нив беше важно дали ние “убијците” сме таму и дали некој од нас нема да избега... Истиот ден попладне ме повикаа и со двајца стражари ме поведоа во Александровската болница на соочување со Шагманов, кој бил уште жив. Ме воведоа во собата кај него. Целиот завиткан во завои како египетска мумија, тој лежеше во креветот покриен до половината. Вратот и главата му беа завиткани со завои: од целото лице само устата, носот и очите не беа завиткани. Завиткани му беа и рацете до дланките. Ме доведоа кај него. - Петре! Заедно пораснавме во детството, Петре! Гледај што ми направи! Зошто ме уби? - Тој го движеше показалецот на десната рака долг, восочнопрозрачен, со посинет нокт. - Жал ми е што не сум те убил јас! Ако бев јас, немаше сега да се гледаме и да разговараме. Не знам како сум го гледал; не се сеќавам да сум направил некакво движење, но тој се стресе, се помачи да се повлече назад, почна да се штити со раце-те, колку што му дозволуваа рацете и завоите - и почна да вришти: - Тргни го! Водете го! Тој ќе ме доврши! Ќе ме доубие! Чесните сестри се стрчаа кон него за да го смируваат. Стражарите ме фатија под мишки и ме изведоа од собата. Тргнавме да се враќаме назад, но не по истиот пат. Преку крајните улици на градот ме одведоа во 148
Џрната џамија, која во тоа време служеше за централен затвор. Широк двор ја опкружуваше зградата на затворот. Ѕид од камен, висок околу два и половина метри, полуурната во горниот дел, го оградуваше дворот. Главниот влез беше на улицата, покрај која се протегаше западниот ѕид на дворот. на околу десет метри до влезот, на лево, беше постојана бесилка, направена од три дебели дабови греди, од кои две покуси, со должина по околу три метри - вертикални и по една подолга, околу шест метри хоризонтална, која ги соединува горните краишта на вертикалните греди. Вертикалните греди беа заковани со две пајанти - по една на секој крај на хоризонталната греда. Ние влегуваме во една од доградбите во главната зграда, каде што се наоѓаше канцеларијата на затворот, за да ме запишаат во регистарот. Откако ме регистрираа, стражарите ме поведоа преку дворот за да излезем на улицата. Минувајќи покрај бесилката, едниот од стражарите ми рече: - Момче, ако ранетиот умре, еве на една од оние алки ќе издивнеш! и тој посочи со рака и со очи кон бесилката. Јас ја погледнав бесилката и алките - петте алки кои висеа под горната греда и помислив: - Истите алки, кои ги изедоа Јанко, Качимачко, Миларов, Караѓулов77. Една од нив ќе ме изеде и мене... Проклет ѕвер!... Ме потераа по улицата “Кан’л-дере”, во петтиот участок. По тесните степеници се искачивме на горниот кат, влеговме во канцеларијата на участокот, каде што ме запишаа во списокот на затворениците. Стражарите што ме дотераа, си отидоа. Еден од стражарите на петтиот участок - клучарот - ме подбра и ме доведе кај една врата со триаголна дупка на средината, отклучи и ме втера внатре во ќелијата. И така - не беше поминало ни еден месец, а јас пак се најдов во затвор. Убаво ми тргна оваа година! Во почетокот овој настан се коментираше различно - зависно од гледиштето на партијата чијшто експонент беше дадениот весник. Притоа, во овие коментари не секогаш се следеше и соопштуваше објективната вистина. Така, официјалниот “Народни права” во број 55 од 30 мај 1899 година, недела, на страница 6 - внатрешна рубрика - беше напишал: “На 25 овој месец, вечерта, непознати лица го нападнале бившиот учител од Скопје Димитар Шагманов, кому му нанеле смртоносни рани, од кои тој веќе почнал. Различно се зборува за ова убиство, рано е да се сметаат за позитивни некои од споменуваните причини. Имало веќе уапсени некои сомнителни лица, да се надеваме дека престолничката 77 Миларов, Караѓулев и другите борци против диктатурата на Стамболов биле обесени на истата бесилка.
149
полиција ќе ги фати вистинските убијци, кои, како што кажуваат, се криеле во градот”. Весникот “Нов век”, број 39 од 26 мај 1899 година на стр. 3 - хроника - беше напишал: “Синоќа околу девет и половина часот на улица “Ломска” нападнато едно младо интелигентно момче од тројца луѓе, кои му нанеле четири тешки рани по телото со ками и потоа се разбегале во разни правци. Ранетиот бил родум од Македонија и ги кажал имињата на тројца свои земјаци, кои го нападнале и го раниле. Жртвата била пренесена во болницата, каде што подлегнала од нанесените рани. Причините за овој напад и убиството не се познати. Полицијата презела строги мерки за фаќање на виновниците. Весникот “Автономија” број 40, година прва, од 5 јуни 1899 година, стр. 4 - хроника - пишуваше: “Едно невидено убиство. На 25 мај во 9 часот и 45 минути вечерта блиску до мртовечницата од две непознати лица бил нападнат учителот Димитар Шагманов, родум од Скопје, и успеале да му нанесат 23 смртоносни удари со кама. Причината за да го убијат Димитар Шагманов се крепела во тоа што тој бил шпион. Колку овие околности се точни, ние засега не можеме ништо да кажеме. Димитар П. Шагманов бил веднаш однесен во болница. Пред тоа, кога тој бил при целосна свест - кажуваат - дека и рекол на полицијата оти убијци му биле Ѓорче Петров, Гоце Делчев и двајца други, но колку е тоа навистина точно, ние не знаеме. Полицијата под мудрото раководство на градоначалникот г. Басмаџиев следниот ден ги фатила горните лица и ги уапсила. Кажуваат дека горните лица биле одведени на соочување кај Димитар П. Шагманов. Последниот во присуство на полицијата и судскиот иследник ги покажал убијците и поради тоа биле уапсани, но по три дена биле ослободени под потпис“. Весникот “Нов одзив”, година прва, број 198 од 9 јуни 1899 година, стр. 4 - внатрешна рубрика - беше напишал: “Шпионскиот орган “Автономија” не може да најде зборови, со кои доволно ќе ги осуди авторите на убиството на улица “Пиротска”.Во бесната злоба поради загубата на тој добар патриот, во кој се најдени три различни пасоши со сосема различно државјанство - тие одат до таму што жалат што Македонија не родила сѐ такви чеда како нив, туку наплодила и такви што ќе ги шпионираат. Навистина, загубата на луѓе како Петрушев не може да се надомести со ништо друго, освен со самоубиство на неговите пријатели и соборци во срамниот занает и ние, врз основа на овој психолошки закон, очекуваме што побрзо и уредниците на “Автономија” да се обесат на некоја врба како Јуда искариотски”.
150
Весникот “Автономија”, број 42 од јуни 1899 година, на страница 5, пишува: “Ѓорче Петров, кој е префинет шпион и предавник, Ѓорче Петров, кој е арамија и разбојник, Ѓорче Петров, кој е професионален убиец, Ѓорче Петров, кој божем е за ослободување на Македонија собрал досега повеќе од 15.000 турски лири, Ѓорче Петров, кој под превезот на патриотизмот украде 75.000 златни лева од Бугарија, Ѓорче Петров... денес седнал да фрла кал врз лицата на луѓе, кои секогаш се готови да го положат својот живот пред олтарот на слободата и ги наречува шпиони. Но, кој може тоа да го направи? Само Ѓорче Петров, кој има лик на подивен ѕвер. За сега толку”. А на 6 страница на истиот весник, во истиот број пишува: - “Според податоците што ги црпиме од сигурни извори, Ѓорче Петров сакал да се обеси. Тој му кажувал на еден наш пријател дека по убиството на Шагманов, луѓето на него гледале како на див ѕвер. Ова многу го вознемирувало, затоа тој решил да се обеси, но сѐ уште не решил каде да го изврши тоа - во Солун или во Софија. Тој видел дека ова убиство ќе го одведе на гилотина и токму поради тоа побрзал сам да го стори тоа”. Убиството на Шагманов беше одлична прилика весниците да си ги чешат јазиците. И како што обично бидува во весникарскиот свет - тие си ги чешаат јазиците без да се грижат за вистината. Весниците беа едногласни во едно: Шагманов умрел од нанесените рани, а практично тој не умре, туку чесно и постепено оздраве. По 19 години - во 1918 година пролетта, јас бев испратен во градот Серес; таму го сретнав Шагманов, тој беше полициски пристав и ги ограбуваше Грците. Бугарската влада - за да ги задоволи амбициите и ќефот на германскиот кајзер и на царот Фердинанд, го беше ставила на коцка постоењето на државата. Но, тоа им ги чуваше животите и крвта на подлеците како Шагманов и така ги згрижуваше, така што не само што беа сигурни за својот живот, туку таа - бугарска влада - им беше создала услови да го ограбуваат населението во областите заземени од бугарските војски... Овој истиот Димитар Шагманов е уште жив. Тој, под името Димитар Петрушев и досега е жив и здрав и работи како писар во канцеларијата на адвокатот Икономов во градот Пазарџик78. Три недели по 25 мај 1899 година, кога беше извршено убиството на улица “Пиротска”, Шагманов целосно оздравел од раните и бил испуштен од болницата. Наместо да се заинтересира да дознае од каде му се на Шагманов двата пасоша покрај мојот, којшто му го дадов во јануари во Скопје, за да дојде со него во Бугарија, полицијата му ги врати сите документи, кои по убиството ги нашле кај него. По излегувањето од болни78 Пишувано во 1947 година. Шагманов умре во Пазарџик во 1948 година.
151
цата, Шагманов преку Цариброд - Ниш - Зибевче веднаш заминал за Скопје. Ние не го спречивме, бидејќи му бевме простиле, или пак немавме желба да го убиеме, а и поради тоа што не бевме во Софија, не бевме ни во Бугарија - ние бевме заминале со чета во Македонија... Во секој случај, лекцијата беше добро одржана. За тоа сведочеше нервозниот тон на весникот “Автономија”, подгреван од блиските односи со турскиот конзулат. Се разбира, како што ќе се види од тоа што ќе го изложам подолу - не ја уништи турската шпионажа меѓу македонските средини во Софија, но ја направи попретпазлива и повешта. Јас влегов во ќелијата, која се осветлуваше од дупката на вратата и од едно прозорче над неа коешто беше високо под таванот. Внатре имаше четворица: еден возрасен човек на околу 40 години и три млади момчиња од 22 до 24 години. Првиот - Иван Попето - беше со среден раст, дебел, со набиена телесна градба и силни мускули, со широко, бледо лице и небричена темнокостенлива брада. Неговото легло беше на средината на ѕидот спроти вратата. По занимање тој беше пајтонџија. Тој беше обвинет за убиство, бидејќи било докажано дека со еден пајтон кој го носел бројот на неговиот пајтон, во текот на месец април таа година бил пренесен и фрлен во реката Искар трупот на еден човек, чиј идентитет не можело да се одреди. Попето го негираше целото обвинение и тврдеше дека убиецот или убијците, за да ја заблудат полицијата, го смениле бројот на својот пантон и напишале друг број и случајно се погодило да е бројот на неговиот пајтон. Две од младите момчиња беа: едното од село Пресека, Ловечко, а другото од село Орешак, Тројанско. Тие беа џепчии - крадци на пари по пазарите и панаѓурите. Во ќелијата тие беа на лево од Попето - меѓу него и аголот на ќелијата. Третото момче беше од Орханиско. Тој беше крадец-провалник, кој ограбувал разни дуќани во Софија, служејќи се со калаузи и клучеви. Неговото легло во ќелијата беше десно од Попето. Имињата на овие три момчиња не ги паметам. Јас влегов во ќелијата и ги поздравив моите идни сожители со “Добар ден”. Откако ме поздравија и тие од своја страна со “Добре дошол”, Попето се сврте кон мене и ми рече: - Слушај, момче! Ајде да ни кажеш зошто си уапсен? Јас веќе имав искуство од Куршумли-ан и одговорив: - Ме уапсија за да не стои ќелијата празна. Затворот не е за кротките или за магарињата, туку за луѓето! - Гледај го ти него! Тоа така не може! Овде ќе формираме суд. Пред тој суд ти ќе си кажеш каква ти е вината и тој ќе ти ја определи казната. Тогаш ќе ти дадеме место меѓу нас!
152
И тој додаде: - Јас ќе бидам судија. Ти - се сврте тој на лево кон едниот од џепчиите - ти ќе бидеш обвинителот. Ти - се сврте на десно кон крадецот-провалник - ти ќе си адвокатот, а ти - се сврте кон другиот џепчија - ти ќе бидеш публиката, ќе стоиш зад обвинителот и ќе ги слушаш пледоајеата. Дајте го ќебето! Тој седна со скрстени нозе и со ќебето си ги покри колената. - Држи го ти казнениот закон! - и тој му го подаде на “обвинителот” едниот крај на ќебето. Држи го ти делото на обвинетиот! Тој му го подаде другиот крај на ќебето на “адвокатот”. Ти, обвинет, стапни на ќебето! Не со едната, туку со двете нозе! Така! Публиката нека оди на своето место! Мирно! Разгледувањето на делото започнува! Јас ја сфатив играта: “судот” ќе ја донесе пресудата: “да се обеси!”, оној зад мене ќе ме турне кон “судијата”, а во исто време “обвинителот” и “адвокатот” ќе го повлечат ќебето, така што јас ќе се најдам паднат на земјата. Ја сфатив играта, но не дадов никаков знак, дека сум се досетил. “Судијата” се сврте кон мене: Обвинет! Кажи каков престап си направил! Со сосема наивен тон јас ја разкажав таа приказна за бостанот, дињата и краставицата, која пред три месеци ја слушав како ми ја расправаше Стојче од Долно Лисиче при моето влегување во мустентик-ќелијата во Куршумли-ан и завршив: Наместо да каснам диња, каснав една крива краставица - еве толкава! - и имитирајќи го Стојче од Долно Лисиче - го посочив со левата рака рамото на десната рака, којашто ја бев свиткал под прав агол. - Па сега ме испратија овде да ја исправам - додадов јас и истовремено со тоа брзо отстапив од ќебето. - А-а! - прозборе Попето - значи, ти наеднаш не влегуваш во стапица! Ти и друг пат си одел на воденица! Тогаш, кажи бе адаш! Тебе ти се паѓа да седнеш до мене од десно! Ајде направи му место на гостинот, му се обрати тој на крадецот-провалник. - Дојди! Повели, седни! Седни да позборуваме како што е редот! Јас се најдов во својата средина. Моите другари од ќелијата беа славни момчиња. Имав можност да се уверам, дека и покрај тоа што тие беа паднале на дното на општеството, во своите сфаќања на нештата во животот и во практичната примена на овие свои сфаќања, тие стоеја повисоко од многу луѓе со висока општествена положба. Тоа беше на 28 мај, петок, третиот ден од моето влегување во петтиот участок. Од стражарот, кој беше на стража во ходникот на горниот кат и шеташе пред вратите на ќелиите, кога од време-навреме се запираше да зборува со нас преку дупките, разбравме дека пред малку во
153
канцеларијата на участокот го довеле Евреинот-банкар Лијачо. Бил осуден на неколкумесечен затвор за следново: Некој си господин му должел на Лијачо по меница 10.000 лева. На денот, кој бил краен рок за исплаќање на меницата должникот, придружен од еден свој познат, дошол во канцеларијата на банкарот, го оддолжил долгот и ја побарал меницата назад. При броењето на парите, Лијачо ја стуткал со рака меницата и ја фрлил во аголот. Кога должникот ја побарал раздолжената меница, Лијачо се наведнал божем да ја бара, буричкал по корпата за отпадоци и откако се направил дека не може да ја најде, рекол: - Јас ја стуткав и фрлив. Таа и така не може да служи за ништо! Смирен, должникот и неговиот познајник си излегле. По неговото излегување Лијачо ја нашол меницата, ја испеглал со пегла и, бидејќи ѝ поминал рокот, ја протестирал. Работата дошла до судот, каде се докажало дека под таа меница не се должи ништо и дека Лијачо на измамнички начин сака да го ограби должникот. Судот го осудил Лијачо на затвор, за чиешто излежување е доведен во петтиот участок. Клучарот го повел Лијачо кон нашата ќелија и додека тој ја отклучуваше вратата, ние го слушавме Лијачо како протестира: - Каде ме водиш, господин стражар? Кај овие кратци? Кај овие измамници? Кај овие вагабонти! Кај овие убијци! Јас сум чесен човек! Попето и неговите другари се погледнаа, си намигнаа и се разбраа. Клучарот го втера Лијачот во ќелијата. - Добре дошол! Добре дошол, господин Лијачо! Повели, седни! - се јави Попето. Стани ти, бре! Направи му место во ќошот на господин Лијачо! - се обрати тој кон оној од џепчиите, чиешто легло беше во аголот на ќелијата. Попето продолжи: Какви беа тие судии, каков беше тој суд, тоа чудо? Ич, бидува ли во затвор да лежи толку стар, толку богат, чесен и почитуван човек како тебе? Повели, седни! А ти - се обрати тој пак кон оној што лежеше во ќошето - ајде, помрдни се, де! Колку пати ќе треба да ти кажувам! Поканетиот му се обрати на другиот џепчија: - Ајде оди од другата страна на ќошето, кон вратата! Стани да седнам! - Како така - “стани ти да седнам јас”? Зошто пак јас да одам? Тебе ти рече Попето да одиш! - Демек, јас да одам до кантата, а? Го нема мајсторот! Нејќам! Оди ти! Додека Лијачо се готвеше да отиде да седне во ќошот, спорот меѓу двајцата џепчии - кој да се премести до вратата, т.е. до кантата за вршење мала нужда - се заостри и се претвори во тепачка. Двајцата скарани почнаа да се борат и го прибраа Лијачо меѓу себе. Почнаа да се туркаат 154
и да се удираат со тупаници колку што можат да издржат; Тупаниците почнаа да паѓаат по средината, т.е. по грбот, по главата, по градите на Лијачо, кој почна да вика за помош. Попето и крадецот-провалник притрчаа божем да ги раздвојат - всушност, да ги присоединат и своите тупаници кон оние двајца џепчии. Сите удираа, газеа и скокаа врз Лијачо, чијшто глас засипна. На крајот на сеансата, Лијачо не беше во состојба ниту да се заштитува, ниту да се исправи на нозете. Стражарот кој на почетокот беше ѕирнал низ дупката на вратата да види што се случува, се насмевна и се врати назад. Тој не се брзаше да притрчи на помош, да воспостави ред и тишина, за да се спасува почитуваниот и чесен човек Лијачо. Кога тој свирна за да го повика клучарот, Попето и крадецот-провалник го беа фатиле Лијачо под мишките, го беа исправиле на нозе и го влечеа кон вратата. Клучарот дојде да ја отклучи вратата. Попето и неговите другари го изведоа Лијачо, кој беше затворен во соседната ќелија; тие објаснија дека двајцата џепчии се скарале и се степале, дека Лијачо се обидел да ги раздвои и го испрал пешкирот. За тоа време двајцата џепчии ја доигруваа започнатата комедија - тие продолжуваа да се караат и да се закануваат еден на друг... На таков чувствителен начин моите сожители од ќелијата му одржаа една практична лекција по savoir vivre на прочуениот софиски богаташ, лихваротбанкар Лијачо. Јас ги оставив Делчев и Горче Петров во касарната на вториот участок. Дали се водени на соочување со Шагманов - не знам. Во секој случај тие не беа доведени во петтиот участок, туку беа задржани каде што ги оставив. На 29 мај наутро ме повикаа во канцеларијата на участокот и оттаму со двајца стражари ме потераа во вториот участок. Оттаму не забраа тројцата - Ѓорче Петров, Делчев и мене и опколени од неколку стражари, вооружени со наполнети берданки, не потераа кај иследникот, чијшто кабинет се наоѓаше во истата зграда, каде што беше сместен и Окружниот суд - на улица “Марија Луиза”, блиску до хотелот “Батемберг”. Од вториот участок, по улица “Нишка”, излеговме на улица “Марија Луиза”, а оттаму, по оваа последната улица, до иследникот. Кога поминувавме по улица “Марија Луиза”, ја привлековме љубопитноста на луѓето, така што наскоро околу нас се формира цела толпа љубопитни софијанци. Кога стигнавме во Окружниот суд, зад нас се беше собрала голема толпа, која остана да чека пред вратата на судот. Први кај иследникот беа повикани Ѓорче Петров и Делчев, а по нив бев повикан и јас. Уште веднаш по испитувањето, Ѓорче Петров и Гоце Делчев беа ослободени под потпис. Иследникот ме испраша. Јас дадов доказен материјал дека на 23 мај сум го сретнал Шагманов, дека сум го прашал зошто по темница одел во турскиот конзулат, дека сум му рекол - ако уште еднаш ногата му се најде во конзулатот, ќе го заколам. Но, јас
155
немам никаква врска со извршеното убиство, кое најверојатно е извршено од некој, на кого тој му ја изгорел душата, а дека јас немам никаква врска со извршеното убиство, може да се докаже со фактот, што во времето кога тоа се извршувало, јас, со Петар Соколов на железничката станица го испраќав скулптурот Андреј Николов, кој заминуваше со возот за Варна. Откако ги напишав своите докази, иследникот нареди да ме вратат назад во петтиот участок. Пак затекоа едноличните денови на затвореничкиот живот; наутро лрошетка по ходникот и по дворот, потоа во ќелијата, а потоа ручекот, пак ќелијата, вечера, спиење и така натаму во бескарај. Едноличноста понекогаш се нарушува од некој затворски настан, кој за неколку часа ќе ја разбрануваше мирната површина на затвореничкото блато - и потоа пак убиствена едноличност... Денес, на пример, на ручек ќе има дополнителна порција, таа се дава на некој начин како за душа во врска со вчерашното бесење на еден затвореник. Последен пат јас обесениот го видов на една прошетка: молчалив, замислен, тој се шеташе сам по дворот со израз на целосна рамнодушност спрема сѐ што се случува околу него. Неколку дена пред моето влегување во петтиот участок тој бил осуден на смрт затоа што ја силувал својата балд’за - младо девојче, кое се бранело и викало за помош - тој го стиснал за гушата за да не вика и со својот самозабрав го удавил. Тој се жалел на пресудата, но жалбата му останала без резултат, пресудата била потврдена и тој вчера наутро бил одведен и обесен во дворот на Црната џамија. Приемен ден во петтиот участок беше среда. Во вторник вечерта еден од џепчиите ни расправаше како мајсторски извршил некаква кражба и како ја измамил полицијата. Стражарот, незабележан од нас, кај дупката на вратата слушаше и по извесно време се јави: - Си ја измамил полицијата зашто си наишол на стражари - будали! Да сум бил јас, па да видиме дали ќе ме измамиш? - Па, немој да мислиш дека не можам и тебе да те оставам бел во очите? Ајде на бас! Се фаќаш ли? Еве утре ќе доаѓаат луѓе на видување. Пред тебе ќе му го украдам часовникот на некој од посетителите и ти нема да ме забележиш. Се фаќаш ли на бас? - Добро. Се фаќам! На што? - На една кутија цигари од втора класа. Еве - нека се сведоци сите што се овде: ако ме забележиш ти ќе имаш кутија од мене, а ако не ме забележиш ќе пушам една кутија цигари од тебе! Следниот ден ние сме на утринска прошетка. Во участакот пуштаат посетители; тие се качуваат по тесните кривулести скали и влегуваат во канцеларијата на участокот, каде што го повикуваат затвореникот што го посетуваат. Стражарот стои на скалите и не го испушта од вид џепчијата,
156
со кој се беше фатил на бас синоќа. Двајцата џепчии стојат на другиот крај на ходникот и се караат за нешто. Веднаш едниот со дигнатата тупаница се спушти врз другиот, којшто избегува, доаѓа на скалите и трчешкум слегува по нив. Бидејќи еден посетител се качува на скалите, оној што бегаше се запира на свијокот; посетителот се искачува до свијокот, а во тоа време оној што го гони бегалецот, слегува по скалите, така што посетителот се најдува меѓу нив двајцата, кои почнуваат да се борат. Најпосле, со помош на стражарот, кој ги следи џепчиите, посетителот успева да се качи по скалите и да влезе во канцеларијата, во која го повикуваат бараниот од него затвореник. По четврт час посетителот излезе од канцеларијата и тргнува да слезе по скалите. За целото тоа време двајцата џепчии продолжуваат да се борат и расправаат, набљудувани од стражарот. Кога посетителот излегува од канцеларијата, кај стражарот се приближува џепчијата, со кој се беа фатиле на бас. - Господине стражар! Предај му го часовникот на господинот, признај дека го изгуби басот и донеси ми ги цигарите! По овие зборови тој го вади од пазувите и му го подава на вџашениот од чудење стражар украдениот часовник, заедно со синџирчето. Дури тогаш посетителот пипнува по џебот на својот елек од каде што исчезнал часовникот; преку стражарот часовиикот се враќа на местото. Таа вечер низ ќелиите на петтиот участок имаше убави теми за разговор, шеги и префрлања. По 9 јуни - среда - попладне пак бев повикан од иследникот. Ме поведе еден стражар, вооружен со берданка со исправен штик, којашто ја носеше на рамо. Јас одев напред, а стражарот стапка по стапка по мене, така што претставувавме една интересна група. Во ходникот кај иследникот го затеков П. Соколов, кој штотуку беше испитуван. По првото мое јавување кај иследникот, преписката била испратена во Варна, каде што од делегација бил испитан скулпторот Андреј Николов. Неговите искази, а исто така и исказите на Соколов укажале на неспорен начин на моето алиби и јас бев ослободен под потпис. Стражарот ја нарами својата берданка и си отиде сам во петтиот участок. Соколов чекаше во ходникот, така што двајцата излеговме од зградата на Окружниот суд и се упативме кон “Батемберг”, за да се сретнеме со Мерџанов, Делчев и другите. Уште по пат Соколов ми кажа дека Делчев ќе заминува со чета за Македонија и дека тие - Мерџанов и Соколов - имаат намера да одат со Делчев. Сакале да заминат порано, но тие двајцата го наговориле Делчев да го причека завршувањето на моето иследување, па и тројцата да заминеме со него. Забавувањето се наложило и од друга, многу позначајна причина. За да стигне незабележано на југ, четата треба да пресече директно преку Пирин, каде што - по високите места во
157
почетокот на јуни уште нема стада со овци, поради тоа за четата ќе биде многу тешко, дури невозможно да се прехрани. Ние стигнавме во кафеаната на хотелот “Батемберг”, каде што ги пајдовме Делчев и Мерџанов. Четворицата се качивме горе во хотелот, во собата на Делчев, за да разјасниме многу прашања со проектираното заминување. Веројатно кога увидел дека присуството на четата на нас „студентите” ќе ѝ придаде поголема тежина, или пак за тоа што сакал да има со кој да размени мислење во долгите дни на принудно бездејствие, како што често им се случува на четите - Делчев не скри од нас дека многу држи до тоа и ние да заминеме со него. До пред половина час јас бев затвореник и не бев во тек со разговорите, кои што се беа воделе по тоа прашање меѓу Делчев, Мерџанов и Соколов и затоа штом влегов во собата, запрашав: Да разговараме како што е редот - колку души ќе бидат во четата? Со мене и вас тројцата - осум души. - Ама голема сила ќе бидеме! Ако влеземе во битка со аскерот, одеднаш ќе ја уништиме целата армија на неговото величество султанот Абдул Хамид-Хан втори! - Не се потсмевај! Ние нема да влеземе во Македонија за да водиме борба со аскерот! Ами зошто тогаш ќе влеземе? Каква цел ќе ја води четата? - Ќе се тераат неколку цели: прво да се стегне организацијата таму каде што населението е организирано и да се организира таму, каде што не е организирано. Второ... - Проштевај! - го прекина Мерџанов. Принципот на власта, притоа на апсолутната власт - врз која почива организацијата е од таква прирота, што никако не нѐ восхитува... - За принципите и нивната примена ќе зборуваме потоа, има време за тоа - одговори Делчев. Второ - да свикаме заедничко собрание на сите чети во Македонија - организациони и арамиски - и да ги убедиме или да ги принудиме овие последните да се потчинат на Организацијата, за да ја формираат нејзината жива, физичка, вооружена сила. - Демек - се вмеша Соколов - ти сакаш од арамиите со зорт да направиш Хаџи-Димитровци, или пак да ги убедуваш - нив - дртите арамии... со “Тој, којшто падне во бој за слобода, тој не умира”... Интересно е човек сега да отиде во Дупница, во Бешиково, и да ги праша арамиите што мислат тие за ова прашање... - За нас, и ова цел на четата не претставува интерес, рече Мерџанов, или, пак, ако претставува некаков интерес, тој е со знак минус... Да поминеме на третата точка од дневниот ред - се обиде тој да го имитира иронично јазикот на пратениците.
158
- Трето - под поволни околности, да набавиме материјални средства за Организацијата на разбојнички начин. - То ест, да ја повториме твојата ланска историја со Струмичкото бекче! - забележа Соколов. Ти наликуваш на волкот, кој три години го обиколувал местото каде што го удавил магарето! - За оваа, третата цел, треба да бидеме на јасно, зашто последниот пат ние го удривме тапанот, а Организацијата го прибра пленот. И сега - за тоа ли ќе заминеме, за да го удриме тапанот за она, кајшто дува? - Драги Гоце - рече Мерџанов - по Солунското “грабнување” ние ги поднесовме сите ризици, сите жртви и расходи, а вие ги дрпнавте парите, без да мрднете со прст. Ние не сакаме ништо подарено. Ако учествуваме, ние ќе учествуваме рамноправно и рамноправно ќе го делиме она што ќе го добиеме. Половина на Организацијата, половина на нашата анархистичка група! Како што реков и порано, само под тие услови ние ќе дојдеме со тебе во четата! Ги прифаќаш ли овие услови? - Ги прифаќам! - Добро. Кога ќе заминеме? - Јас ќе тргнам за Дупница утре, а вие ќе тргнете во недела, на 13, со возот до Радомир: во неделата навечер ќе ве чекам во Дупница. Ќе влезете во хотелот “Џумаја”. Јас ќе ве чекам долу во кафеаната. Откако го договоривме горното, ние слеговме долу во кафеаната. Во сабота, на 12 јуни, едно весело друштво бевме излегле на прошетка во Борисовата градина, горе крај езерото. Бевме Мерџанов, Соколов, јас, Кличијан, Васката (Васил Стојанов, помалиот брат на Захари Стојанов). Ние веќе бевме договорени за заминувањето и го користевме случајот последните часови пред поаѓањето да ги помииеме во весело друштво. Се задевавме, ги пеевме во хор тогашните шлагери: “Глядя на луч...” и “Не искушай меня без нуждьі”. Мерџанов седна на тревата и се собу, за да си ги измие нозете во езерото. Соколов покажа на еден гсподин, кој идеше по алејата кон нас. - Еве го Иван Вазов доаѓа наваму! Висок, коскест, во сив костум, со посребрени бујни мустаќи и коса, тој ја беше ставил левата рака зад грб и одеше бавно, сопирајќи се одвреме-навреме и погледнувајќи на запад кон Љулин, каде што сонцето веќе беше на заоѓање. - Чекај да ги покажам нозете, за да ги види, па белким ќе ги воспее! - рече Мерџанов и ги извади една по една нозете од водата и ги стави на тревата. Ќе се рече, сакаш да напише една ода на твоите нозе, нели? - запраша Кличијан. - Зошто да не? - рече Мерџанов. Штом може да напише “Ода за царот”, зошто да не може да напише и една ода за моите нозе? По што се тие подолу од главата или паметот на царот Александар Втори?
159
Соколов почна да цитира стихови од “Одата за царот”. Вазов беше доста блиску и можеше да го чуе рецитирањето: ‘Ти веѓи намрштиш - бледнее Цариград; Ти нешто потшепнеш - трепери Елбрус; Ти збор прозбориш - оковите паѓаат; Ти со нозе тропнеш - насекаде земјотрес!” - А одата на моите нозе тој би можел да ја напише вака: “О, нозе кирливи, Потни и смрдливи! Нозе суви, голи, Покриени со мозоли! Каде не сте биле? Каде не сте оделе? Кај не сте следеле? Жени млади, мили!... Вазов одмина натаму, а потоа се сврте неколку пати кон оваа група од млади, весели луѓе, кои се подбиваа со неговите поетски стихоклепства... Пловдив, 1946 година
160
Издавач:
МЕНОРА Порта Буњаковец, А-2, Дијадема, Ламела I бр. 12-1 91000 Скопје е-mail: [email protected] Петар Манџуков ПРЕДВЕСНИЦИ НА БУРАТА МЕМОАРИ ТОМ I ПРВИТЕ СТАПКИ
Превод на македонски: Ванчо Меанџиски
Рецензенти: Д-р Нада Јурукова Д-р Ѓорги Малковски
Подготовка и печат: МЕНОРА-Скопје
Изданието е потпомогнато од Министерството за наука на Република Македонија CIP - Каталогизација во публикација Народна и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје МАНЏУКОВ, Петар Предвесници на бурата: мемоари. Т.1, Првите стапки / Петар Манџуков. - Скопје: Менора, 1997. - 160 стр.; 24 см
Фусноти кон текстот. - Петар Манџуков: Предвесници на бурата: непоколеблив борец за национална слобода / Ванчо Меанџиски: стр. 5-7. ISBN 9989-632-23-5