257 67 63MB
Macedonian Pages 378 Year 1999
ПЕТАР МАНЏУКОВ
ПРЕДВЕСНИЦИ НА БУРАТА МЕМОАРИ
ПЕТАР МАНЏУКОВ
ПРЕДВЕСНИЦИ НА БУРАТА МЕМОАРИ
том III
Скопје 1999
Историскиот придонес на Петар Манџуков
ДЛАБОКО ВО МАКЕДОНСКАТА НОЌ Животната нишалка на борецот, патриот, човекољубец, верен следбеник на анархистичките идеи, но над сѐ македонољубец, Петар Манџуков, продолжува да се ниша и натаму, ту побавно, ту позабрзано, а на моменти трескавично и со зашеметувачка драматичност. Но, освен како непоколеблив поборник на безвластието. Манџуков ќе се пројави и како непомирлив борец против турскиот автократизам. Средишта со кои е сврзана животната врвица на Петар Манџуков во третиот и четвртиот том од мемоарските записи што ја сочинуваат оваа книга се: Цариград, Солун, Софија и Пловдив, но и повеќе градови и населени места во внатрешноста на Бугарија, а најнакрај го среќаваме и како комита или водач на чети во пограничните реони до бугарскотурската граница. Временскиот период на кој се однесуваат спомените што Манџуков ни ги оставил во наследство во овие два тома е многу краток, но тој е исполнет со бројни драматични настани и доживувања, кои придонесуваат овој наш врвен мемоарист речиси перманентно да преживува пренапрегната лична драма. Истовремено се случуваат и неколку бурни настани, кои добро ја растресуваат и онака разнишаната и однатре силно разјадена турска империја. Времето во кое се зафатени и опишани настаните и случувањата и мајсторски портретирани личностите во овој дел од спомените на Манџуков, фактички е периодот од 1900 до 1904 година. Двата клучни настана, пак, околу кои се вртат во најголем обем мемоарските записи на Манџуков, се зафатите што тој и неговите другари анархисти ги преземаат за да се кренат во воздух главното седиште на Отоманската банка во Цариград и седиштето на нејзината филијала во Солун. Овие потфати не се ништо друго, туку копање тунели до темелите на двете згради, потоа поставување динамит, негово активирање и најпосле нивно уривање, односно срамнување со земјата. Целата приказна што Манџуков ја “плете” во овие два дела од неговите мемоарски записи, всушност се однесува на копањето на тунелите под банките (особено на оној во Цариград), како и на деталниот приказ на бројните непредвидени проблеми што ќе се јават при обезбедувањето средства, но и при самата набавка и пренесување на динамитот до
5
местата каде што треба да биде употребен. За сето време авторот го следи и прикриениот и отворениот судир што перманентно трае меѓу нив и Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) и не секогаш плодотворните и мазни контакти и соработка што двете анархистички групи (во Цариград и Солун) ги одржуваат со Врховниот македонски комитет во Софија, на чие чело тогаш се наоѓа непредвидливиот Борис Сарафов. Врз фонот, но и во меѓупросторот на магистралните настани, исклучителниот мемоарист и надарен литерат Манџуков пропушта да тече една друга бујна река од интересни настани, кои му даваат посебен шарм и привлечност на ова ретко мемоарско четиво. Во тој своевиден паралелен тек на настаните читателот е не само жив сведок, туку и исклучително заинтересиран проследувач на многу интересни доживувања на главните актери во “драмата”, но и на сите оние што се нивни постојани придружници, покровители, стари или нови познајници. Се работи за една цела плејада од тогаш помалку или повеќе познати личности, што наскоро или подоцна ќе одиграат крупна улога во политичкиот живот на Бугарија и на Македонија. Особено живописно е предаден, поточно насликан животот во Цариград. Просто фасцинира и восхитува деталното опишување што го практицира Манџуков во прикажувањето на знаменитостите на Цариград, но и на неговиот севкупен буен живот (трговскиот уличниот, пристанишниот). Цариградските мемоарски записи на Манџуков токму затоа претставуваат не само веродостојно сведоштво за еден досега во нашата историја речиси непознат потфат на македонските анархисти, кој бил добро осмислен, но во последен момент случајно спречен од турската полиција, туку истовремено тие се прекрасен документаристички приказ на сите раскошни природни убавини, монументални градби наследени од милениумското богато и бурно историско минато, ама и на оние од поново време, како и на онаа приземната, темната страна од животот во главниот град на Империјата, која некогаш беше меѓу најмоќните во светот, а тогаш беше пред умирање. Манџуков во своите мемоарски записи во Цариград, меѓу другото, дава детален непогрешлив опис на безмалку сите најзначајни културно-историски споменици, меѓу кои и на монументалната црква Света Софија, Историскиот музеј, Музејот на јаничарите и на бројни други историски знаменитости. Во записите на Манџуков исто така ќе го сретнете и податокот дека во Историскиот музеј на Цариград го видел и скелетот на Александар Македопски, најголемиот војсководец во историјата на човечката цивилизација. Се разбира, авторот притоа дава и детален опис на скелетот на овој наш историски гигант. Белетристичката дарба на Манџуков доаѓа до целосен израз посебно при описот на уникатните природни знамепитости со кои изо-
6
билува “царскиот град”. Особено импресивен е описот на заливот Златен рог, но со истото внимание се читаат и описите на другите природни волшепства со кои располага Цариград. Драгоцени за читателот се и егзактните податоци што исклучителниот мемоарист Манџуков ги дава за водечките државни институции во кои е сместена највисоката администрација на Турската империја, како што се Високата Порта, Илд’з ќошк, Долма бахче, од кои се управувало со турското царство. Највозбудливите страници од мемоарските записи на Манџуков кои се однесуваат на неколкуте месеци поминати за време на копањето на тунелот до темелите на Отоманската банка во Цариград во 1900 година, сепак се сврзани за настаните со откривањето на динамитот од страна на турската пристанишна полиција, подоцнежното апсење на набавувачот - Ерменецот Казаков, потоа апсењето на четворицата “изведувачи на работите” под Банката - Шатев, Манџуков, Мерџанов и Соколов, нивниот кус престој во затворот и спектакуларното ослободување и прогонување во Бугарија.Драматични настани се тоа “со сите нишани”, што се вели, ама таа динамика е исклучиво заслуга на Манџуков, поточно на неговата осведочена раскажувачка дарба и мемоаристички усет и допира до нас и до нашето време речиси конзервирана, што ќе рече, неначната, свежа, провокативна. Како фактографија, сепак сметаме дека е неопходно да се каже (тоа, впрочем, го соопштува ефектно самиот Манџуков), дека спектакуларното ослободување на Шатев, Манџуков, Мерџанов и Соколов следи по директната интервенција на тогашниот претседател на бугарската Влада, Радославов, лично кај турскиот султан Абдул Хамид. Значи, некогашните заговорници и несудени убијци на султанот Абдул Хамид (Манџуков и Мерџанов), како и другите нивни двајца истомисленици Соколов и Шатев, се принудени да го напуштат Цариград, откако турската полиција открива дека се вмешани во набавката на поголемо количество динамит. За нивна голема среќа, турската власт не успева да дознае за каква намена ќе биде употребен динамитот, а уште побитно за нив е тоа што цариградската полиција не го открила веќе ископаниот тунел до темелите на Отоманската банка. Така четворицата соидејници - анархисти и непоколебливи борци за ослободување на Македонија од турската тиранија поминуваат само два месеца во турскиот затвор, додека до откривањето на тунелот што го ископале до темелите на зградата каде што се наоѓа главното седиште на Отоманската банка, ќе дојде по неколку месеци, кога тие веќе се наоѓаат на сигурно во Софија. Ова, меѓутоа, кажува дека она што требаше да биде лебедова песна во цариградските активности на Манџуков и другите членови од неговата анархистичка група (кога веќе не успеа атентатот што го подготвуваа врз султанот Абдул Хамид), на крајот се претвори во жестоко поразителен дебакл за нив. Интересно е да се напомене дека зад овој
7
тежок неуспех на Мапџуков и неговите другари, стои Борис Сарафов тогашниот претседател на Македонскиот врховен комитет во Софија, кој речиси цело време материјално го помагаше копањето на тунелот до темелите на Отоманската банка во Цариград, па и набавувањето на динамитот за нејзиното кревање во воздух, на крајот со еден само навидум небрежен, а во суштина длабоко интригаитски и непријателски потег, дозволи да биде уништено едно потенцијално големо дело на непоколебливите борци за ослободување на Македонија од турското ропство анархистите. Кога не им успева акцијата во Цариград, која фактички кулминираше со нивното протерување од овој град, Манџуков, Мерџанов и Соколов одново се најдоа во Софија, додека Шатев од турските власти беше директно спроведен во неговиот роден град Кратово. Иако разочарани од неуспехот во Цариград, тие не се повлекоа туку веднаш цврсто решија да и се посветат целосно на една слична акција што требаше да се реализира во Солун. Оваа акција, всушност беше започната уште летото на 1900-та година, но таа беше прекината поради материјалната исцрпеност. Сега требаше да се изнајдат нови извори на средства со кои ќе се обнови копањето на тунелот до темелите на филијалата на Отомаиската банка во Солун, а подоцна кога ќе се обезбеди потребниот динамит, тој да се постави, запали, а потоа да се крене Банката во воздух. Работите можеа да се обноват, но за да се тргне со конкретни активности за тоа беа потребни пари, а нив ги немаше. Маиџуков и неговите компањони барајќи излез од речиси безизлезната ситуација, решија одново за помош да му се обратат на Борис Сарафов. Како единствено делотворен пат за обезбедување на толку неопходните средства со кои ќе се доврши веќе започнатата акција во Солун, што Сарафов им го предлага на тројцата “ортаци” е продавањето облигации низ цела Бугарија од таканаречениот Македонски патриотски заем. Манџуков, Мерџанов и Соколов добиваат задолженија секој од нив поединечно да продаде облигации во вредност од 20.000 лева. Времето ќе покаже дека сите тројца далеку ја натфрлиле нормата, односно висината на квотата што однапред ја поставил Сарафов. Продавањето на облигациите во градовите од внатрешноста на Бугарија, но истовремено и во Софија, ќе се покаже многу успешно. Собирачите за релативно кратко време ќе соберат значителни суми пари, кои потоа му ги предаваат на благајникот на Македонскиот врховен комитет. И да сакале луѓето од ВМК, не можеле тоа да го сокријат, меѓутоа Сарафов одбил да му даде пари на Манџуков, кој потоа требало да им ги испрати на членовите на анархистичката група во Солун за да можат да ја продолжат, поточно обноват работата и конечно да го довршат ископувањето тунел до темелите на Отоманската банка.
8
Сарафов уште еднаш ќе го покаже своето вистинско превртливо лице, што ќе повлече натамошно пролонгирање на веќе започнатите, па прекинати активности во Солун. Апсењето на Сарафов и на другите членови на Врховниот македонски комитет уште повеќе ќе ги комплицира работите околу обезбедувањето средства за солунската акција. Состојбите нема да се променат ниту по неговото ослободување, бидејќи тој со фалсификуван пасош веднаш инкогнито заминува во некоја од западноевропските земји. Најнакрај, тој сепак ќе обезбеди средства, со кои ќе се набави и динамит за минирање на Отоманската бапка во Солун. Набргу, меѓутоа, ќе дојде до сериозни недоразбирања меѓу Мерџанов и Орце Поп Јорданов - клучната фигура во солунската анархистичка група, што ќе значи и целосно негово раскинување со овие бестрашни млади македонски борци за ослободување на Македонија идните бесмртни солунски атентатори, кои со своите невидени херојски потфати силно ја потресоа гнилата Турска империја. Тие по разделбата сами ќе ги продолжат активностите за успешното изведување на сите дејства предвидени во рамките на солунските атентати, а Манџуков ќе продолжи да комитува во пограничните реони на границата меѓу Бугарија и Турција. За сето тоа време, кое трае некаде речиси до средината на 1904 година, Манџуков на разпи начини се обидува да ѝ нанесе штети на апсолутистичка Турција. Но, пред овие нови и во повеќе наврати сурови потресни комитски искуства и лични драми, Манџуков ќе помине неколку месеци во театарската трупа на зачетникот на македонската битова драма, Војдан Чернодрински. Со трупата на Чернодрински, Манџуков ќе помине на турнеја во петнаесетина бугарски градови, каде што е прикажувана пиесата “Македонска крвава свадба”. Како што веќе рековме, во третиот и четвртиот дел на по многу нешта ексклузивните и атрактивни мемоарски записи на Петар Манџуков е зафатен периодот од почетокот на 1900-та до половината на 1904-та година. Период е тоа, како што знаеме, на силни конвулзии и драматични бранувања меѓу македонското население во Македонија и на она што се наоѓа во Бугарија. Истовремено тоа е и период кога во Македонија трескавично се подготвува Илинденското востание. Манџуков добро ги знае состојбите што владеат меѓу македонскиот народ и за сето време тој жестоко се спротивставува на едно такво востание, бидејќи смета дека народот не е подготвен за таков вооружен судир со Турците. Напротив, тој ги преферира атентатите како начин на борба со кои може да и се нанесат огромни штети на Турската империја, но и сериозно да се загрозат економските интереси на најразвиените европски држави. Огорчениот противник пак, на кревањето на Илинденското востание, Петар Манџуков, не само што го подигнува гласот против
9
неговото организирање и изведување, туку тоа кога сепак ќе биде кренато, тој ќе организира и ќе спроведе во дело два делумно успешни атентата: едниот на пругата Жонксион-Салоник, а вториот на еден брод што пловел во Црно море. И бродот и возот биле натоварени со турски војници кои биле испратени и насочени да стигнат во востанатите реони на Македонија, со цел да „му ја земат мерката” на разбунтуваното македонско население. Целта на Манџуков со атентатите била да го спречи пристигнувањето на овие турски војници во востанатите македонски реони. Тоа се глобално посматрано клучните насоки или настани во кои се движи дејствието или ги опишува Манџуков во третиот и четвртиот дел од неговите мемоарски записи. Меѓу нив секако спаѓаат и описите на застрашувачките солунски атентати, на кои Манџуков им посветува должно внимание и простор. Со посебен пиетет во нив се пишува за нивните главни актери - бесмртните и бестрашни велешки гемиџии, кои ја потресоа добро не само Турската империја, туку и тогашната (исто како и сега) бесчувствителна за македонското прашање - Европа. Но, тоа не му пречеше на еден француски новинар во еден од тогаш водечките париски весници, да ги нарече Солунските атентатори - Рицари на динамитот. Кога најнакрај би се направил еден рекапитулар, или би се изнела една генерална оценка за третиот том од спомените на Петар Манџуков, кои претставуваат блескава мемоарска граѓа, добро упатениот познавач на овој период од македонската историја, а верувам и идните читатели, не ќе можат да се ослободат од силниот впечаток дека се работи, всушност за едно бурно патување во длабоката македонска историска ноќ.
Ванчо МЕАНЏИСКИ
10
ТРЕТ ДЕЛ
ВО ЦАРИГРАД И СОЛУН
ПОДГОТОВКИ ЗА ЗАМИНУВАЊЕТО Како што споменувам и на друго место, кон крајот на месец октомври 1899 година, Мерџанов и Ѓорче Петров дојдоа во Пловдив; и тројцата заминавме од Пловдив за Чепеларе, каде што Ѓорче одеше по некаква проверка на организациониот пограничен пункт. Уште штом останавме двајцата на само, Мерџанов ми соопшти дека се среќавал со тогашниот претседател на Врховниот Македонски Комитет во Софија, Борис Сарафов. Мерџанов му ја изложи на Сарафов нашата желба да отидеме двајцата во Цариград, каде би ѝ направиле некоја - по можност најголема - штета на турската империја. - Aqvila non capit muscas!1 - заклучи Мерџанов. - Демек ако е кошула, да биде до петиците, ако не е - подобро ич да не е. - Токму така. Што ќе ги боли турските управувачи, ако како четници, во битка со аскерот - убиеме и некој од аскерите? Што ќе ги боли европските управувачи, ако Турците исколат неколку илјади Македонци? Ако сакаме да ја отепаме змијата, треба да удираме по главата, а не по опашката... Со тебе и другпат сме зборувале, дека главата на турската империја е во Цариград, а не во Пирин, Али Ботуш или Боз даг... - Е, до каде стигнавте со Сарафов? - Во принцип тој е согласен со нас. Засега сме на тоа. Тој остана да размисли неколку дена за мојот предлог. Главно за финансирањето на нашето здружение. - А, со Ѓорче за наваму тргнав од две причини: прво да се сретнам со тебе и заедно да ги уточниме нашите односи со Сарафов, и второ - со ова неколкудневно другарување со Ѓорче да го залажам него и задграничното претставништво на Организацијата, за да не ни се мешаат во блиските односи со Сарафов. - Па, ако сакаш да ти кажам - продолжи Мерџанов - така ние на ризик ја изложуваме сопствената кожа, а не и кожата на другите. Што и да направиме во Цариград, ќе плаќаме лично ние со нашите кожи, а не со изложувањето на населението на Македонија на смрт и на уништување. По враќањето од Чепеларе, Мерџанов и Ѓорче Петров си заминаа за Софија. Кога ги испраќав на железничката станица, Мерџанов најде погоден момент да ми каже дека по втората средба со Сарафов ќе ми 1 Орелот просо не клука.
13
телеграфира да отидам таму и да се сретнеме тројцата, за да ги договориме условите на нашето зедничко дејствување. Наредниот ден, очекувајќи ја телеграмата на Мерџанов и чудејќи се кому да му се обратам за да се снабдам со пасош на туѓо име, сосема случајно се сретнав со мојот соученик од четврти клас на Пловдивската гимназија Илија Дуров. Поради немањето материјални средства, тој ја беше напуштил гимназијата и сега служеше во комисионата канцеларија на А. Илиев. Моето заминување за Цариград наложуваше да се снабдам со пасош. Јас лесно и брзо би можел да си извадам пасош на свое лично име доволно беше да се послужам со нуфузот, за да ми се издаде од турскиот конзулат во Пловдив еден пасош - како што направив пред моето заминување за Женева во 1896 година. Но, јас еднаш веќе бев прогонет од територијата на Турција и моето повторно враќање таму би побудило разни - и оправдани сомненија. Освен тоа, како турски државјанин јас не би можел да ја користам дипломатската заштита во случај да бидам уапсен. Според тоа, ми се наложуваше да се снабдам не со турски, туку со бугарски пасош, и тоа на туѓо име, зашто моето и беше станало достатно познато на турската административна власт, особено по вревата што се крена по обидот за убиство на Д. Шагманов, каде што моето име беше сврзано со имињата на Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Од друга страна не сакав да се послужам со некој од старите познати во Пловдив - членови на кружокот - клон на Женевската анархистичка македонска група, за да не им стане позната на мнозина тајната на моето заминување за Цариград. Така - оваа случајна средба ја решаваше задачата на најзадоволителен начин. Илија Дуров беше сираче, родум од градот Пловдив и живееше некаде околу џамијата “Бег маџид”, источно од црквата “Света Недела”. Неговиот раст, возраста, бојата на косата и очите беа приближно како моите. Тој не беше многу контактибилен, а поради бедата во која живееше како ученик, беше станал многу затворен во себе. Како другар, тој беше одличен човек. Кога го замолив да ми извади на свое име пасош и да ми го даде, тој со драго срце се согласи, без да пројавува никакво љубопитство за што ќе ми треба тој пасош, истовремено давајќи ми збор дека за тоа нема да каже апсолутно никому. На вториот ден од заминувањето Мерџанов ми телеграфира да отпатувам веднаш за Софија. Јас го оставив Дуров да се расправа со формалностите околу вадењето на пасошот и заминав на средбата со Сарафов во Софија. Следниот ден по моето пристигнување во Софија, двајцата со Мерџанов имавме средба со Борис Сарафов во седиштето на Врховниот Македонски Комитет, кој се наоѓаше блиску до црквата “Св. Спас” на првата уличка паралелна со улицата “Марија Луиза”, меѓу плоштадот “Св.
14
Крал” и улицата “Нишка”. Со Сарафов ги воспоставивме нашите односи со него, кои се изразуваа во следното: 1. Ние со него склучувавме лична согласност, која не не обврзува со никакви задолженија спрема Врховниот Македонски Комитет или каква и да било друга македонска организација. Ние не се обврзуваме на никој да даваме отчет за нашите дејствија или да добиваме било какви инструкции било од него - од Борис Сарафов - било од Комитетот, на којшто тој е претседател, било од каква и да е друга македонска организација. 3. Ние можеме - ако оцениме дека е умесно или згодно - да влеземе во слободна согласност, за даден момент или прашање, било со Врховниот Македонски Комитет, било со Внатрешната Македонска Организација, било со некоја друга организација, која дејствува против турската власт. 4. Во прво време - додека се здобиеме со сопствени средства - Борис Сарафов ќе нѐ финансира, без да бара од нас отчет за потрошените средства. 5. Ако ние се здобиеме со средства и ги внесеме во касата на Комитетот, или ако такви бидат внесени од истиот Комитет од трети лица по наша наредба, Борис Сарафов се задолжува да ни ги врати тие средства на начин одреден од нас. 6. За да не се изложуваат на ризик нашите претстојни сојузништва, да не се чуваат никакви писмени документи кои се однесуваат на нас и на нашите ортаклуци, потребно е да ја избегнуваме писмената кореспонденција или да ја ограничуваме до минимум, а при неизбежни случаи, писмата да се испраќаат преку Австриската пошта. Во општи црти тоа беа условите за нашето заедничко дејствување со Борис Сарафов. Само по себе се подразбира дека тие беа договорени усно, а не писмено. Сарафов му нареди на благајникот на Комитетот, Георги Петров, да ни изброи по четири турски лири на потврда што тој ќе ни ја издаде. Ние излеговме од седиштето на Комитетот и отидовме во хотелот “Кобург” да се сретнеме со Симеон Трајчев, за да добиеме претходни податоци за градот каде што сакаме да заминеме. Тие и двајцата живееле во Цариград: првиот како ученик во турскиот лицеј “Галатасарај”, а вториот како секретар на бугарската Егзархија. Кога по нашата разделба на железничката станица “Татар” Пазарџик Мерџанов се врати во Софија, тој почнал да живее на стан кај Васил Стојанов - “Васката”, како што го викавме... Тој - Васката - беше помлад брат на Захари Стојанов и за неговото време работеше како службеник во Статистиката. По втората средба со Борис Сарафов, пред моето доаѓање во Софија, Мерџанов побарал од Васката да извади и да го снабди со пасош на свое име, така што при средбата со Сарафов, тој во џебот на своето палто веќе го носеше пасошот на Васката.
15
Пред да заминеме за хотелот “Кобург”, решивме да не патуваме заедно со Мерџанов по ист пат; ако тој замине преку Пловдив-Одрин-Кулели-Бургас за Цариград, јас да заминам преку Пловдив за Бургас и оттаму по море да одам за Цариград. За време на средбата со Симеон Трајчев и Д. Љапов во хотелот “Кобург”, го договоривме и зборното место во Цариград - млекарницата на Кузма Д. Чобанов, која се наоѓаше на западниот крај на кусата улица Rue Venitic - Венедик-сокак - на лево, кога се оди од Јуксек-калд’р’м по Венедик сокак. На таа куса улица имало само една млекарница - онаа на Кузма. Венедик сокак била паралелна на главната улица Јуксек калдрм, која започнувала од Галата и продолжувала до Таксим. Откако се поминат степениците на Јуксек калд’р’м и се помине рускиот конзулат, на околу стотина метри од него на север, една од паралелните улици е Венедик сокак. Штом најдеме стан во Цариград, ќе ја најдеме бугарската печатница, која била сместена во Кавафијан ан број 14. Таа зграда се наоѓала на една од уличките меѓу Домус сокак и Rue Voïvoda; по оваа последната улица поминувал шинскиот коњски трамвај, преку кој се оди од Галата за Таксим и Панкалди. Во бугарската печатница се печати егзархискиот орган - весникот “Новини. Оваа печатница била сопственост на Калчо Стојанов, родум од Ресенско. Во печатницата ние ќе го побараме и ќе се запознаеме со синот на сопственикот - Нанчо Калчев, кој бил член на некаков цариградски македонски кружок, кој немал врска со Солунската Внатрешна Македонска Организација. Имало и еден ученик од горните класови на лицејот Галата-сарај, Никола Милев, родум од Костурско, чијшто татко бил млекар во Александрија; тој бил стипендист на султанската цивилна листа, кое не пречело да биде одличен човек. Во овие двајца - Нанчо Калчев и Никола Милев - ние можеме да имаме целосна доверба. Истата доверба можеме да ја имаме и во оние, кои ќе ни бидат посочени од овие двајца. Не можам да се сетам дали Мерџанов фаќаше писмени белешки за имињата на луѓето, улиците и квартовите и за нивната местоположба. Меѓутоа, јас не водев никакви белешки, зашто сите податоци што ни ги дадоа се заковаа како со клин во мојата глава. Нашето заминување за Цариград освен на нас двајцата, кои сакавме да заминеме - им беше познато уште на тројца; на Борис Сарафов, Симеон Трајчев и на Димитар Љапов. Мерџанов не му беше кажал дури ни на Васката за што ќе му треба неговиот пасош и каде ќе оди со него. Освен Васката и јас, никој друг не знаеше под какво име ќе патува и ќе живее Мерџанов во иднина. Кога тој ден заминав од Пловдив за Софија, Дуров се уште не го беше извадил пасошот, така што и да сакав да му кажам на некој од Софија под чие име ќе патувам и ќе живеам во иднина, тоа не можев да го сторам, зашто јас самиот бев во целосна неизвесност.
16
Истиот ден вечерта Сарафов, Симеон Трајчев, Димитар Љапов и ние двајцата со Мерџанов отидовме во “Сан Стефано” - ноќен локал, кој се наоѓаше во близина до седиштето на Комитетот. Една патувачка италијанска пејачко-музичка трупа исполнуваше разни оперски точки. Паметам една арија од операта La grande vie, која таа вечер ми се запечати во паметот. Дали името на операта или самата арија ми подејствуваа така во моментот кога се впуштавме во широкиот пат на неизвесното - не знам. Меѓутоа, и сега кога ќе ја слушнам или ќе ја тананикам оваа арија, јас ги преживувам истите тие моменти. Наредниот ден заминавме: јас за да скокнам до Пловдив, а Мерџанов - за да го продолжи патувањето преку Одрин за Цариград. Штом пристигнав во Пловдив, првата работа ми беше да отидам до комисионерската канцеларија на А. Илиев, која се наоѓаше меѓу кафеаната “Акрополис” и манифактурната продавница на Орозди Бак (каде што е сега Стоковната куќа), за да го најдам Илија Дуров и да дознам што направил со вадењето на пасошот. Дуров, кој во канцеларијата работеше зад една маса, стана, излезе со мене на улицата и ми го предаде пасошот. Ние се поздравивме, тој се врати назад во канцеларијата, а јас продолжив нагоре кон Бугарската митрополија. Со Дуров се разделивме за навек, зашто веќе не го видов. Тој умрел - кога, како и каде - не знам. Неколку месеци пред оваа наша разделба, јас имав прилика да констатирам дека тој си останал на зборот што ми го беше дал - да не кажува никому, дека ме снабдил со пасош на свое име. Кога на 17 октомври 1899 година, недела, пристигнав во Пловдив, облечен како селанец од Демирхисарско, за да се облечам во граѓански алишта зедов од Иван А. Јосифчев еден негов стар костум и еден стар мантил од црн габардин. Овие алишта ми стоеја многу добро - како да ми беа шиени по мерка. Воопшто, туѓите стари алишта ми стоеја - а и досега ми стојат - многу добро. Сигурно си правен на ветво! - забележуваше на шега по тој повод Мерџанов. Без да се поздравам било со вујко ми и било со кој друг во Митрополијата или во градот, на четврти ноември 1899 година, неиспратен од никого, јас се качив на возот и заминав за Бургас. Беше студен, мрачен, дождлив ноемвриски ден. Студените дождливи капки ми ја боцкаа кожата како со игли, а во мојот неизветвен мантил јас се тресев од студ. Уште во Нова Загора дождот беше пресечен од снег, кој кога возот пристигаше во Бургас - беше ја покрил земјата со 20 сантиметри дебела снежна покривка. Морските бранови со бес се разбиваа од браноломот и ревеа во ноќта како разјарени диви ѕверови. Дуваше силен северозападен ветар, кој ги навејуваше во лицето снегот и снежната вејавица. Јас ноќевав во хотелот “Петербург” и утрината излегов покрај пристаништето и по морските агенции да се информирам кога ќе има брод за
17
Цариград. Во тоа време Бургас не беше никако комунално изграден и јас газев до над глуждовите во снежна “чорба” по улиците и покрај пристаништето. Брод ќе имало наредниот ден - товарен брод на Австралискиот Лојд, кој ќе дошол од Констанца и преку Варна и Бургас ќе заминел за Цариград. Времето продолжуваше да биде лошо, со силен северозападен ветер и со снег, кој врнеше преку целиот ден и целата ноќ. Наутро снегот достигна до коленици. Морето беше многу бурно поради што бродот задоцни. Јас немав никаков багаж, ако не се сметаат двете пакетчиња завиткани во стари весници, кои што ги носев во рацете и кои содржеа: едното - неколку банички што ги купив патем доаѓајќи кон пристаништето, зашто бев многу гладен. Во текот на тој ден јас не бев ставил ништо во уста, за да не трошам пари за никакви излишнин работи, како што мислев тогаш; а другото - неколку лимони, коишто сметав да ги употребам како средство против морската болест, зашто никогаш не бев патувал по море, особено по такво бурно море како што беше во тој момент. Се беше стемнило кога се качив на кајчето, стигнав до бродот и се качив горе по скала од јажиња. Еден од морнарите се приближи до мене и ми побара два лева за патни трошоци до Цариград, под услов да стојам на палубата. Јас му ги дадов парите и отидов да седнам врз завитканите јажиња на задниот дел од бродот. Се беше веќе стемнило кога бродот со силно трескање на синџирот, кој се намотуваше на железната макара пред мене, на неговиот заден дел, подигна котва, писна неколку пати продолжително со сирената, се заврте околу себе и - кревајќи пена со елисата одзади, бавно почна да се лизга напред, за да излезе надвор од пристаништето. Alea jacta est! До пред неколку минути јас бев господар на решенијата и на своите постапки: ако сакав, ќе заминам за Цариград, ако не сакав, можев да не заминам. А сега коцката е фрлена, јас веќе немав слободен избор, а требаше да одем по патот на својата судбина - каде и да ме изведе тој пат! Оваа мисла ми прелета за миг во свеста, за миг, зашто бродот излегувајќи надвор од броноломот започна да се ниша. Наеднаш ми се слоши, ми се згади. Се наведнав над оградата - и вардејќи да не ги извалкам алиштата, за при пристигнувањето во Цариград да влезам во пристојна состојба и да не предизвикувам сомнвање - почнав да повраќам. Баничките, делот кој штотуку го бев изел, отидоа да се капат во морето. Откако ја повратив целата содржина во стомакот, од која последното беа некакви горчливи лиги, почувствував силен, волчји глад со настрвеност се нафрлив на другите банички и ги зајадов. Одвај проголтав неколку залаци, пак ми се крена јадењето и јас пак се наведнав над оградата и му ја подарив на морето новата содржина од стомакот заедно со една голема количина на горчливи лиги. Тоа се повтори неколку пати. Јас зајадов
18
еден од лимоните и ги затворив очите. Киселината на лимонот подејствува донекаде смирувачки на стомакот, но штом ги отворив очите, спазмите одново се појавуваа и празниот стомак одново почна да ми исфрла надвор разни горчини. Бродот беше излегол од заливот и на отворено море се нишаше како стебленце по брановите, кои со бесен рев се издигаа нагоре, ја преливаа палубата и ме облеваа целосно со ледено-студена вода. При повлекувањето, водата ме повлекуваше кон отворите, оставени на оградата заради нејзиното истечување. Со голем напор јас се довлечкав до отворите на машинското одделение, оставени за вентилација. Околу тие отвори за воздух имаше една маса и до неа еден стол. Јас седнав на столот, ги скрстив рацете на масата и го покрив лицето со рацете, зашто бев забележал дека стомачните спазми се зголемуваат кога очите ми се отворени. Така, по неколку минути, јас донекаде се бев смирил, кога една рака ме повлече за рамо и нечиј груб глас загрме во моите уши. - Устан’те господине! То место је моје! Тоа беше водникот на бродот, Далматинец, кој веднаш штом станав го зеде столот и седна на него. При станувањето јас се бев фатил за масата, таа, меѓутоа, не била закована. Во тој момент површината на палубата беше наведната зад мене, така што во настојувањето да останам исправен, јас ја повлеков масата со себе, а бидејќи бродот силно се нишаше ту на една, ту на друга страна, јас почнав незадржливо да танцувам со масата по палубата, во времето кога водникот, со раце на слабините, премираше од груба, грлеста смеа. Во еден момент масата си го најде старото место до столот, на кој беше седнат боцманот, кому успеав да му кажам: - Можете ли да ми дадете легло некаде во кабините? - Могу, али ќете ми платити четири лева! Јас бев така истоштен од морската болест и од повраќањето, што немав време за пазарлаци и веднаш се согласив да му избројам четири лева. Водникот ме фати под мишките, ми помогна да слезам надолу по тесните скалила и ме внесе во една тесна собичка со едно легло, со прибор за повраќање кај главата и со еден тркалезен прозорец со дебело стакло над креветот. Кабината се осветлуваше со една електрична светилка. Јас се качив на креветот, се спрострев на него и ги покрив очите со лактот. Надвор брановите рикаа, го облеваа тркалезниот прозорец на кабината и удираа во бродот, чиишто ѕидови се тресеа. Легнат, смирен, јас најпосле сум заспал. Се разбудив рано наутро. Брановите не рикаа и не удираа по ѕидовите на бродот, кои не се тресеа. Самиот брод не се нишаше како сношти, туку рамномерно се движеше напред - ако се суди според слабите водни брчки на морската површина, која се гледаше речиси како да е на исто ниво со тркалезното прозорче над мојот кревет.
19
Излегов на палубата. Морето се беше смирило. Беше чудно јасно пролетио утро. Сонцето штотуку се појавуваше на хоризонтот: оставаше впечаток како да излегува чисто и свежо од морската бања, каде што се беше бањало во текот на ноќта. Ние патувавме на исток, покрај брегот еден несмасен брег, со ниски заоблени ридови, покриени со сочно-зелена трева. Овде немаше ни помен од бугарскиот длабок снег и влажен студ. Пред нас, на десно, се отвораше широк кањон, каде што морето се вливаше на југ. Малите островчиња, покриени со свежо зеленило, наредени покрај брегот на морето на устието на кањонот ѝ даваа особена убавина на панорамата, која се пружаше пред нас. Набрзо ние ќе навлеземе во Босфорот. На палубата не бев сам; имаше неколку патници од разни народности, кои исто како мене беа восхитени од глетката пред нас и гласно, секој на своја страна, го искажуваше своето восхитување. Веројатно сум проговорил нешто на бугарски, бидејќи еден од патниците ми се обрати и на чист бугарски јазик ме запраша: - Вие сигурно сте Бугарин? - Да. А Вие? - Јас сум Романец. Од Браила. Сте биле ли друг пат во Цариград? - Не. - За каква работа одите во Цариград, ако може да знам? - Ќе учам во лицејот, турскиот лицеј “Галата-сарај”. - Малку доцна одите. Тие веќе почнале со наставата... Јас пак одам кај мои роднини - за некакво наследство... - Вие сте оделе ли друг пат во Цариград? - Повеќепати. Јас го познавам градот многу добро. - Ќе ми послужите ли како водич во прво време? - Со најголемо задоволство. Мене ме викаат Попеску - Марко Попеску... Вас како ве викаат? - Дуров. Илија Дуров. Но, Вие од каде знаете така добро да зборувате бугарски? - Во Браила мнозина знаат и зборуваат многу добро бугарски. Ние стигнавме до устието на Босфорот и влегуваме во него. Звук од војничка труба се разнесе откај азијатскиот брег и го расцепи утринскиот воздух. Бродот писна со својата сирена, го намали движењето и по две минути запре. Отспротива, од азијатскиот брег, каде што имаше некакво утврдување, од чиишто ѕидини зјаеја - свртени кон нас отворите на неколку големокалибарски оружја, се оддели еден чун, во кој беа седнати двајца турски артилериски офицери и брзо се приближи кон нас. По помалку од две минути чунот беше прилепен до корпусот на бродот, од кој ја спуштија скалата од јажиња. Седнатите во чунот турски офицери се качија во бродот и ја започнаа основната проверка на стоките со кои беше натоварен. Тие слегоа во тремот, прошетаа насекаде во
20
должина и во ширина по бродот и најпосле дојдоа до скалата од јажиња. Командирот од офицерите - еден турски артилериски мајор - со шамивчето за нос дигнато над глава - мавна два пати. Трубачот од утврдувањето, од каде што беше дошол чунот, исвире со трубата некаков сигнал. Од сите набори на ридовите, кои го образуваат грлото на морскиот теснец - од тврдината на Анадол-кавак до Бејлер-бег и од Румели-кавак до Долма-бахче - од утврдување на утврдување, едноподруго се разнесе истиот сигнал: утврдувањата соопштуваа едно на друго дека е даден слободен пропуст на нашиот брод, кој - откако писна продолжително со својата сирена - бавно и свечено тргна меѓу утврдувањата, чиишто оружја зјаеа спроти нас од сите набори на теренот и од разните височини на околните ридови. На некои места бродот поминуваше сосема блиску до вперените оружја - на 20-30 метри растојание. Овие утврдувања беа така приспособени кон месноста, што речиси не се забележуваа, но оружјата беа така поставени, што бродот можеа да го гаѓаат од сите точки на брегот, кога би се дрзнал да влезе во Босфорот без одобрение. Колку што повеќе навлегуваме во теснецот, толку сликите пред нас се сменуваа и стануваа од убави, поубави. Кон средината на октомври е, а времето овде е вистински пролетно, топло, јасно, пријатно. Од двете страни на Босфорот, по насмеаните ридови покриени со свежо зеленило, се наредени дворци од различни епохи и стилови, така кокетни и убави, што човек има впечаток дека се направени од шеќер - такви, какви што можат да се вицат во минијатура по витрините во слаткарниците спроти Коледе и Велигден. Попеску стои на мојата десна страна и појаснува: - Ене таму, на десно пред нас - тоа е Бебек, а тие ѕидишта над него - тоа се остатоци од внатрешен ѕид на тврдина на Византија. Тоа големо здание во Бебек - тоа е американскиот Роберт-колеџ, а таму, на височината, тоа наспроти, на лево, тој елегантен дворец, како да е направен од шеќер и чоколада, со зелената шума околу него, таа што ја покрива целата падина тоа е Бејлер-бег, а пред нас, на десно - тоа е Тарапија, со тој луксузен, огромен хотел до брегот и со таа раскошна градина околу него... Јас погледнав кон ова земно овоплотување на небесниот рај. Неизбришлив спомен ми оставија во текот на целиот мој живот тија грамадни дрвја на чадоровиден бор (pinus pinea) во градината на хотелот, до самиот брег, кои на таа волшебна глетка и даваа посебна убавина. - Еве ја Орта-ќој, каде што се наоѓа вашата, бугарската Егзархија. Погледнете ја на десно од нас оваа елегантна џамија, каде што се врежува во морето и тој ѕид, тој бел ѕид, покриен со црвени ќерамиди, којшто се искачува по ридот, го заградува тоа големо пространство и се спушта пак кон Босфорот - тоа е Илд’з-ќошк, а џамијата, која се врежува во морето, тоа е дворската џамија, каде што султанот секој петок оди да се моли.
21
Голем настан е тоа катанеделно молење на султанот... Го погледнав, тој оградуваше една шума од крупни зелени дрвја. Никаков дворец не гледаше во заградепата со белиот ѕид шума. Дворците биле горе, на рамништето. Конфигурацијата на теренот и густата, висока шума ги криеја од погледот. Ми помина низ главата: - Овде е значи - пештерата на тигарот, кој во 1895 година, ја испи крвта на 300 илјади Ерменци, заклани по улиците во Цариград, Бан, Сасун и Муш... На тигарот, кој и сега секојдневно ја пие крвта и потта на народите, кои се под власта на турската империја... Ние се изедначивме со еден елегантен дворец од бел мермер, поставен на една височинка од десно, опкружен со една чудесно убава градина. - Тоа е Долма-бахче - вели Попеску - дворец, кој наликува на дворците на Луи XIV во Версај, само што е пограциозен од нив. Убавината на овој дворец крие многу темни и одвратни истории од современиот живот на турската империја... Бродот ги сече водите на Босфорот и не изедначува со една четвртеста мермерна градба до самиот брег, десно од нас, кој се огледува во водата и чијашто белина е во резок контраст со темно-сината боја на морската вода. - Тоа е Чераган-сарај - ме информира Попеску - дворецот на фараклите. Овој дворец ги памети пирувањата на султанот Абдул-Азис, неговата смешна страст за борбата на петли, за кои трошел многу пари; ја памети посетата што султанот ја направил на Виена во 1868 година, која била многу непријатна за муслиманите фанатици: Тој исто така ја памети и мистериозната смрт на султанот Абдул-Азис, најден задушен со една свилена исполнета со пердуви перница и со исечени вени на рацето... Една тажна турска песна, која за тема ја има оваа загадочна смрт и која може да се случи да ја слушнете некогаш, почнува вака: - Ујан, ујан, султан Азис! Ујан, ујан, сабах олду! Ѓул јастаклар дајан сана Ујан, ујан, ујан, султан!...2 Пред нас се отвора панорамата на Цариград, кој, огреан од утринското сонце, обвиен со еден теиок, прозрачен синкав превез, се отцртува пред нашите очи како волшебен сон, изникнат од морските води. На лево од нас е Јусќудар, а зад него, во дното на панорамата се гледаат дворците и куќите на Кад’к-ќој, кои ѕиркаат од шумата, која го покрива ридот на азијатскиот брег и се огледуваат во морето. На десно е европскиот дел од 2 Разбуди се, разбуди се, султан Азис! Разбуди се, самна веќе! Нели ти омрзнаа розовите перници? Разбуди се, разбуди се. цару!
22
градот, разделен од устието на Златниот рог, кој се вовлекува во Босфорот, го разделува градот на два дела и се губи некаде на северозапад. Врежан напред спроти Кад’к-ќој, меѓу Босфорот и Мраморното море, носот Сарај-бурну е крајната точка на ридот, врз кој е изградена старата Византија - сегашниот Истанбул, со црквата Аја Софија, која го овенчува врвот на ридот. Попеску од мојата десна страна, продолжува да ме просветува: - Еве го Стамбол! Оној дел од Византија, којшто Грците го наречувале “Ис тик полин” (Градот), од каде што произлегува турското “Истамбул”... Онаа купола, која што се гледа на врвот на височината, опкружена наоколу со четири минариња - тоа е Аја Софија. По изградувањето на оваа црква, кога ја видел веќе завршена Јустинијан Велики извикал: “Јас те надминав, Соломоне!”... Онаа големата џамија наспроти Аја Софија, тоа е Шах-зааде, со нејзините четири тенки минариња, а еј онаа, на врвот, отаде Аја Софија - тоа е џамијата на Султан Мехмед... Попеску посочи разни точки од панорамата, ги именуваше и месностите и спомениците, кои - со движењето на бродот - се приближуваа кон нас... Меѓу групата патници, излезени на палубата да ѝ се восхитуваат на прекрасната глетка, се и двајца Италијанци, кои гласно меѓу себе ги разменуваа своите впечатоци. - Dio mio3 - воскликнува едниот од нив. - Che bellezza!4 - Un vera paradis5 - дополнува другиот. - Camo Napoli!6 - прави своја споредба првиот. Еден Италијанец да ја споредува панорамата што ја гледаме пред нас со изгледот на Неапол - природно, оваа панорама на Цариград - треба да е нешто многу убаво. - Го гледаш во пресрет, во устието на Босфорот, на средината меѓу Кад’к-ќој и Сарај-бурну, каде што се открива врз блескавиот фон на Мраморното море - она островче со островрвата, тенка кула? Тоа е К’зкулеси - Момината кула... Постои една легенда за оваа кула... И Попеску ми ја раскажа легендата: “Во Цариград некогаш царувал еден силен и прочуен цар - Византиски император или турски султан - не знам. Тој имал сѐ што сакала душата - богатство, моќ, слава, само едно му недостигало - немал деца... Тоа немање било толку чувствително за него, што тој се чувствувал најнесреќен меѓу луѓето. Ете зошто неговата радост била неопислива кога царицата забременела и му родила едно девојче. Но, неговата радост била 3 Боже мој! 4 Каква убавина! 5 Вистински рај! 6 Како Неапол!
23
помрачена: гатачките повикувани поодделно крај лулката на новороденчето, за да ја претскажат неговата иднина, сите до една претскажувале едно и исто, дека кога ќе порасне тоа дете ќе биде најубавата мома на земјата и во цутот на својата младост и убавина ќе биде укасана од отровна змија. Царот - таткото решил да се бори со судбината и да ја победи. - Во тоа време оваа кула не постоела. Таму, среде морето се покажувала една карпа. Царот наредил врз таа карпа да ја изградат ене онаа кула, до која не може да доползи отровна змија. Кога градбата била завршена, тој го испратил детето таму заедно со доилката и бајачката, а кога девојчето пораснало, испратил таму учителки и другарки. Силна и строга стража во кулата ги пуштала само оние луѓе што ги испраќал царот. Сите што влегувале во кулата биле најдетално претресувани. Девојчето растело, пораснало и станало чудесна убавица. Кога навршила 18 години, сам царот отишол да ја види ќерка си и да и донесе подарок една кошница грозје - најубавото од царските лозја, зашто ќерка му многу го сакала грозјето. Царот дошол во кулата, ја видел и ја бакнал ќерка си и своерачно и ја подал кошницата. Ќерка му посегнала да земе едно зрно од грозјето, кое се жолтеело како ќилибар, но истовремено почнала да вришти - свиткана меѓу гроздовите, една осојница ја укасала за раката. По неколку часа царската ќерка умрела во страшни маки... - Никој не може да си ја избегне судбината - заклучи Попеску. - Согласен! - додадов јас, гледајќи како нашиот брод го намали движењето и се запре пред пристаништето Галата Искелеси. - Никој не може да избега од својата судбина... За помалку од една минута неколку десетици кајчиња се приближија до бродот и се собраа околу скалата од јажиња, која беше брзо спуштена. Патниците се натрупаа околу скалата и почнаа еден по еден да слегуваат. Ние двајцата со Попеску се присоединивме до оние кои чекаа ред за слегување. Јас го погледнав мојот мантил и шапката, тие беа извалкани и испрскани од синоќешното повраќање. Разнобојни, полуисушени лиги со големи дамки се беа залепиле на реверите и на предниот дел на мантилот. Мојата филцана црна шапка беше извалкана и испрскана, исто така, со такви дамки, мојот надворешен изглед не ми беше воопшто пристоен, јас личев на некаков пијаница, којшто се тркалал во нечистотиите од повраќањето. - Гледај на што заличев - му реков на Попеску - целиот сум исцапан. Којзнае за каков ќе ме сметаат кога ќе ме видат откако слезам од бродот? - Нема ништо да ти се случи. Таков му е алот на секој патник, кој друг пат не патувал по море и слегува од бродот после таква морска бура, каква што беше синоќешната - ме окуражи Попеску. Со неколку други патници ние се качивме во едно кајче и по извесно време излеговме на суво, пред зградата на царинарницата. Мојата валка-
24
на надворешност не остави впечаток на никој од полициските и царинските службеници. Како јас, така и Попеску немавме багаж и поради тоа воопшто не не задржаа во царинарницата. Ние отидовме пред масата на полицискиот службеник, кој го регистрира нашето пристигнување и ни ги визира пасошите. - Каде ќе се сместиш? - ме запраша полицаецот. Јас прашално го погледнав Попеску, кој одговори наместо мене: - Во хотелот “Романија”. И двајцата за сега таму ќе се сместиме, во хотелот “Романија”. Полицискиот службеник ни ги врати пасошите и ние двајцата со Попеску излеговме надвор. Преокупиран целосно од формалностите во царинарницата и кај полицискиот службеник, јас не му бев обрнал воопшто внимание на кејот и на пристаништето. По должината на целиот кеј беа наредени кафеани полни со луѓе од разни сталежи, народности и раси, кои разговараа, се смееја и се провикнуваа, па ја заглушуваа вревата од работата по пристаништето. Стотици папагали со разновидни бои и различни големини, поставени во кафези, висеа околу вратите и по прозорците на кафеаните и со своите врескања, повеќекратно повторувани научени зборови и фрази на разни јазици, со имитирањето на разните гласови од пристаништето и кафеаните, соперничеа, дури ја заглушуваа вревата од овие последните. Ние го пресековме кејот и тргнавме по една од улиците на Галата тесни, криви улици, покриени со нерамна и раскопана калдрма, кални, нечисти, слични на пловдивските улици во Тахта-кале, меѓу Џумајата и Ерменската црква, какви што беа во времето што го опишувам. Откако кривулевме неколку минути низ тие улици, ние дојдовме до хотелот “Романија”. Таму ни дадоа една соба со два кревета и ни ги зедоа пасошите да ги однесат во полициската станица за регистрирање. Ние отидовме во собата, за да се одмориме врз здрава, неподвижна земја. јас ги дадов горните алишта и шапката да ги очистат, за при излегувањето да имам пристоен изглед. Се разбудивме околу пладне. Откако се облековме, излеговме од хотелот и отидовме во една гостилничка, какви што во Галата има во изобилство и каде што човек може добро да се најаде само за неколку металици. По ручекот, Попеску ми рече дека по својата работа треба да отиде кај некои свои роднини, кои живееле далеку - отаде Златниот рог, во Фенер. - Фенер. Што ќе рече, некаде кај грчката Патријаршија - забележав јас. - Да. Патријаршијата е во соседството. Ке дојдеш ли со мене - ме праша Попеску. - Јас сакав да Ве замолам да дојдам со Вас - се разбира, ако тоа нема да ви донесе некакви непријатности. Тоа ќе ми биде првото запознавање со градот. 25
И така ние тргнавме по главната улица на Галата, која врви паралелно со брегот на Босфорот и излеговме кај мостот Кара-ќој. На почетокот од мостот, облечени во бели мантили, со по два длабоки џепа однапред, четворица стоеја попреку на мостот, тие ги беа рашириле хоризонтално рацете така, што целосно го преградуваа влезот на мостот. Со брзи, артистички движења тие од минувачите го собираа правото за преминување преку Златниот рог: по еден металик (5 зматни стотинки) од секој пешак, по 4 металици (еден сребрен грош) за амал кој носи товар на својот и по еден черек бела меџидија (5 гроша и 3 металици) за кола-пајтон или товарна кола. Попеску извади два металика и ги стави во раката на еден од собирачите на правото за поминување, кој со едно брзо движење нѐ пропушти да поминеме. Кога ја поминавме редицата на собирачите, јас се сопрев и се свртев да ја погледнам сликата. Речиси секоја половина минута, откако ќе ги наполнеа рацета со металици, грошови и череци, собирачите ги туркаа луѓето и ги спуштаа сребрените пари во џеповите на мантилите и веднаш одново ги ширеа рацете, за да го приберат дождот од бакарни и сребарни монети, кој се излеваше во нивните дланки. Ние го поминавме мостот. На другиот крај, исто така редица од четворица го собираше од минувачите правото за поминување на мостот во спротивна насока. Како што ми расправаше Попеску, приходот од двата моста врз Златниот рог - Кара-кој ќупрусу и Зајтун ќупрусу - изнесувал просечно 10.000 златни ѕвонливи турски лири (230.000 златни франци или по сегашниот курс на бугарскиот лев - околу 230.000.000 левови) дневно; или годишно околу 84.000.000 златни франци, т.е. за десет милиони златни франци повеќе од годишниот буџет на Бугарија, кој во тоа време изнесуваше 75.000.000 златни левови. Приходот од овие два моста врз Златниот рог бил апанажа на Валиде-султан, мајката на султанот Абдул Хамид Хан II. Во себе си заклучив: - Значи, даноците, земани така безмилосно од населението на мојата родна земја, не се доволни да ги покријат расходите на оваа крвожедна старица... Паралелно со четворицата собирачи, на тротоарот, имаше две бараки - по една од двете страни на влезот, со по една маса на секоја барака, на кои беа седнати тројца. Штом некој од собирачите ќе ги наполнеше џеповите на мантилот со пари, ја напушташе редицата одеше брзо кон најблиската од бараките и набрзина ја празнеше содржината на џеповите од мантилот, превртувајќи го нивното дно. Наседнатите околу масата веднаш се зафаќаа да ги сортираат и да ги бројат истурените пари на масата, да ги завиткуваат во фишеци и да ја забележуваат во некакви тефтери добиената сума. Ние со Попеску го поминавме мостот и ја пресековме редицата од четворица собирачи на другиот крај на мостот, за да стапиеме надвор од
26
него. Ние дојдовме во Стамбол и тргнавме на запад по крајбрежната улица, која врви паралелно со јужниот брег на Златниот рог. Оваа улица беше послана со искршена калдрма, кална и нечиста, какви што беа речиси сите цариградски улици. Така ние одевме долго, околу два километра, поминавме околу западниот влез на Зајтунскиот мост (Зајтун ќупрусу), се израмнивме со Терсхането (Адмиралитетот), кое се наоѓаше на спротивниот брег на Златниот рог и се најдовме до една елегантна црквичка, чијашто цокла од бел камен беше во силен контраст со црната боја на црквата. - Тоа е вашата, бугарската црква “Света Софија” - ме информира Попеску. Јас се сопрев да ја изгледам подобро оваа минијатурна црква со нејзините прави и строги контури. Ми падна на памет едно антрфиле од весникот “Свобода”, пишувано на времето, кога беше завршена изградбата на оваа црква, направена од железни делови, изградени и зглобени врз белите камени цокли. Имало некаква мрачна афера при порачката на железните делови и воопшто во целата изградба во црквата. Големата камбана, со дебел, важен и бавен глас ѕвонела и со очај ридала: - Пари!... Пари!... Пари!... - Од каде? Од каде? Од каде? - пееле и прашувале со својот алт средните камбани. - Шундан-бундан! Шундан-бундан! Шундан-бундан!7 се натпреварувале да ѕвонат со своите тенки гласчиња малите камбани... - Тоа е тој Фенер - продолжуваше да ме информира Попеску. Еве ја Патријаршијата, а во нејзино соседство бугарскиот метох... Јас ги изгледав двете стари, оветвени згради, полни со спомени за борбите во минатото меѓу надживеаниот средновековен мрак на Патријаршијата и штотуку зачнатото сознание на Бугарите и со сенките на оние, кои ги оставија своите имиња во историјата на бугарската преродба, кога се почне со браќата Миладиновци и се заврши со Антим I... Не поминале ни 50 години оттогаш, а за нас младите, тие борби изгледаат детински и наивни, какви што биле и песните, кои ги воодушевувале во тоа време: ...Да живее Алија, Што ни даде Егзархија! Да живее султанот, што го потпиша ферманот!... Ние ја одминавме Патријаршијата. Во пресрет ни доаѓаше една чудна поворка и ние се залепивме до ѕидот, за да и отвориме пат. Напред одеше еден амал со сандак што свири на гробот, а по него сопственикот на сандакот, кој ја вртеше дршката и свиреше со неа некаков валцер. По него одеа двајца облечени во црни европски алишта, со фесови накривени на 7 Одовде - одонде.
27
една страиа, со по една восочна китка на реверите; тие одеа по сандакот, истовремено танцувајќи и одвреме-навреме занесувајќи се — беше очигледно дека беа многу пијани. По нив едеи по друг одеа двајца амали, кои носеа едно носило, на чијашто средина имаше едно затворено купе, каде што беше седнала една млада жена облечена во бела промена, со венец на главата и со копрена врз лицето. По носилото гордо одеше еден млад господин, облечен во црни европски алишта, со бела восочна китка на реверот, со фес наскоро поминат на калап на главата, со бели ракавици и со букет во рацете. Неколку души ја завршуваа поворката. Денес беше недела. Тоа беше грчка свадбена поворка. Одеа на венчавка во грчката патријаршиска црква. Двајцата што одеа и танцуваа по сандакот, беа девери, седнатата во носилото - невеста, оној со букетот, кој одеше по носилото младоженецот, а другите 5-6 души - кумот, кумата и свадбарите. Ние свртевме на лево и тргнавме нагоре. По неколку извивања во тие тесни улички, стиснати меѓу високите згради, со широки стреи, со издадени и надвиснати балкони, ние затропавме на една порта и влеговме во една куќа, каде што нѐ причека домакинката - млада, полничка госпоѓа, со правилно и убаво лице, костенливи коси и веѓи, зеленикави очи и сразмерно развиено торзо. Таа радосно го поздрави Попеску и почна брзо со него да зборува на романски, уфрлувајќи грчки и турски изрази. Таа не воведе во една од собите на станот, затоплувана са еден голем и висок месингов мангал, чијашто надворешност блескаше од чистота. Истовремено, како што разговараше со Попеску, таа нѐ послужи со по едно чинивче полно со парчиња од портокали посипани со шеќер. По два часа ние ја напуштивме куќата на љубезната госпоѓа и по истиот пат се вративме назад во Галата. Кај хотелот “Романија” Попеску ме остави - имал некаква средба со некој. Тој го извади часовникот, погледна во него и набрзо се оддалечи. Јас влегов во хотелот, се поврткав наваму-натаму низ собата и излегов. Немаше што да правам и затоа решив сам постепено да се запознаам со околината, раководејќи се од старото педагошко правило - да одам од познатото кон непознатото и од прочуеното кон непознатото. Бидејќи, јас тргнав кон мостот Караќој, стигнав до него и се вратив назад до хотелот “Романија”. Потоа отидов пак до истиот мост и свртев по улицата на север, откако изодив стотина чекори по таа улица, од чиишто две страни имаше дуќани, каде што продаваа заклани и искубени птици, јас се вратив назад кон мостот. Така, постепеио, систематски, го проучував овој дел од градот. За да го запаметам патот за враќање назад, ги забележував особеностите на улиците: агли, остри свијоци, натписи. Јас се уште си припомнувам на натписот на една табела, која висеше попреку над улицата, со црни дебели букви врз бело поле: “Caracahe frere photographes, по кој се ориентирав, кога свртев по темната улица на север.
28
Северозападно од хотелот “Романија” води една широка , права улица, подоцна го научив нејзиното име - Ени-чарши сокак. Таа започнува од Галата и се слива со главната улица на Пера, откако поминува покрај главната полициска станица Галата-сарај. Од таа улица, на лево и на десно се двоја многу тесни улички, кои вријат од луѓе, најмногу морнари, пристанишни амали и аскери. Таму наидов на глетки неописливи по својот цинизам и по својата гнасотија. Од двете страни на Ени-чарши и на уличките, кои се разгрануваат од неа, имаше продавници со широки витрини, во кои наместо стока, беа изложени жени од најразлични возрасти и раси - од 14-15 годишни девојчиња, речиси деца, до 40-50-годишни жени со брчки по челото и околу очите. Имаше руси Германки и Славјанки, со розово-бела кожа на лицето, црнооки Гркинки со бела, алабастерска кожа, Унгарки со широки колкови, Романки, составени само од тело, Арапки, со млечно-бела кожа, Црнкињи, со темно-чоколадна кожа, сплескан нос, испупчени напред усни и бели заби, Монголки, со тесни очи и топчест нос, Малајки, со бронзена кожа, Јапонки, Кинезинки. Овие жени, разголени и расчекорени, седеа на показ во витрините, во разни пози и со цинични гестови се трудеа да ги привлечат во локалите љубителите на женското тело и на животинските задоволства. Во еден ист ден јас го видов најубавиот населен кат на Земјата, каде што човечкиот гениј и човечкиот труд се надополнуваат и потцртуваат природните убавини и најодвратното и гнасно подбивање со човечката личност. Беше почнало да се смрачува кога тргнав да се враќам назад во хотелот, за да не ги гледам овие гнасотилаци. Се запрев на свиокот на уличката, таму каде што таа се соединува со Ени-чарши сокак. Пред една од јавните куќи, една голема толпа луѓе се беше собрала и го затворила влезот на уличката. Вратата на јавната куќа беше затворена и од внатре се слушаа женски писоци и викот од некаква борба, од жестоки пцости и од кршење на стакло, садови и други предмети. Неколку руски морнари влегле во оваа јавна куќа, во која пред нив се наоѓале неколку француски и италијански морнари. Меѓу влезените и затечените во јавната куќа дошло до некаква расправија, која набрзо се претворила во тепачка при затворени врати. Кога јас се опрев да гледам, вратата насилно ја отворија и еден руски морнар излезе низ врата без шапка, блед како мртовец, целиот облеан во крв, која шуркаше од вратот. Тој почна да бега кон Еничарши сокак со раширени раце, занесувајќи се. Полицајци не се забележуваа - тие избегале уште на почетокот на тепачката. Во насобраната толпа имаше морнари од разни трговски и други бродови, укотвени пред Галата Искелеси, кои ги бранеа позициите на своите сонародници. Уследи тепачка и меѓу морнарите кои се беа собрале на улицата. Настана општа тепачка, Ќепенците почнаа да се спуштаат под витрините полни со жива човечка стока. Гледачите, кои не земаа учество во тепачката, заедно со една група која се извлече кон Ени-
29
чарши сокак, така јас се најдов на спротивната страна на оваа улица и застанав да видам што ќе стане понатаму. Тепачката продолжуваше со растечка ожесточеност. Се тепаа со тупаници, се бореа со морнарски пшаги и се пцуеа на сите јазици. Во најголемиот разгор на борбата, откај Галата се зададоа три одделенија морнари, вооружени со карабини, командувани од морнарски офицери. Тоа беа морнари од рускиот, францускиот и италијанскиот станционар, кои - повикани од турската полиција - дојдоа да ѝ стават крај на тепачката. Тие ги избркаа гледачите, ги опколија оние што се тепаа на улицата и во јавната куќа, во која борбата продолжуваше и - откако удрија со кундаците на пушките - ги сопреа оние што се тепаа на улицата и им наредија да се тргнат настрана и да мируваат покрај морнарската стража. На сличен начин тие влегоа во јавната куќа, од која ги истераа уапсени воинствените морнари. Откако ги разделија по народност, одделенијата ги опколија и ги потераа уапсените морнари кон Галата. Веќе се беше стемнило кога се прибрав во хотелот. Попеску се беше вратил и ме чекаше. Ние отидовме да вечераме и потоа се вративме на спиење. Следниот ден, понеделник, 1899 година, откако се облековме и појадувавме, Попеску предложи да појдеме да пиеме кафе. Тој знаел една грчка кафеана “Елпис” на улица Јуксек-калд’р’м, спроти романската аптека, каде што правеле многу убаво кафе. Јас си помислив: - Јуксек калд’р’м! - гласно реков: - Се разбира - да одиме. Ние почнавме бавно да се качуваме по степениците на оваа улица. Откако поминавме стотина чекори по Јуксек калд’р’м, ние влеговме во кафеаната, која се наоѓаше на десно, со широк главен влез спроти нас и со еден второстепен влез во нејзиниот лев ѕид, дел кој се шири кон кафеаната и намерно одбрав една маса до главниот влез. Ние седнавме до масата и порачавме: - Дио кафедес вари глики!8 - Вие играте ли табла? - ме запраша Попеску. - Играм. Сакате ли да одиграме две тројки? - Да играме! Порачавме табла и почнавме да играме. Откако го испивме кафето, јас му реков на Попеску: - Опростете. Почекајте ме за момент да отидам до тоалет. Јас станав, отидов до вратата на лево, излегов на улицата и брзо тргнав нагоре по скалилата. Како што ми беа опишале во Софија, кога се искачив по скалилата на Јуксек калдар’м, го забележав полициското стражарско место пред руската амбасада. Продолжив да одам по истата улица нагоре, внимавајќи на натписите на паралелните улици. Откако бев направил 100 до 150 чекори, од еден од тие натписи - на темно-сино поле
8 Две многу слатки кафиња. 30
со бели букви на турски и француски - прочитав: “Rue Venedic”. Јас ја напуштив улицата по која одев и свртев на запад по Венедик сокак. Попеску остана да ме чека за да ја завршиме започнатата игра на табла. И сега, кога ти читателу, отидеш во Цариград и се искачиш по степениците на Јуксек калдар’м и влезеш во кафенион “Елпис”9 ќе го видиш домну Попеску седнат до масата кај главниот влез на кафеаната, со отворена табла пред него на масата, со зарови во десната рака, како погледнува кон вратата од која излегов и го чека моето враќање... Венедик сокак е кратка улица - околу 150 чекори. На стотина чекори од нејзиниот почеток, на лево ја забележав млекарницата, кај којашто врата, надвор, беше седнал на стол еден висок, сув човек на околу 40-50 години, гологлав, со светлокостенлива коса и со иста боја долги тенки мустаќи. Јас влегов во млекарницата, каде што шеташе едно младо, 14-15 годишно момче со руса коса и живи сини очи. Си порачав чаша студено пресно млеко и две кифли. Заинтригиран од бугарскиот јазик, на којшто го порачав јадењето и од непознатата физиономија, човекот, кој седеше на столот пред млекарницата, стана и влезе во дуќанот. Јас го запрашав: - Тебе како те викаат? - Кузма. Кузма Чобанов. - А тоа дете чирак ли е кај тебе? - Детето ли? Тоа е мое момче. Се вика Митре. Крстено е на татко ми. Ваша милост да не сте Бугарин? - Да. Бугарин. Од Пловдив. Доаѓал ли овде некој човек 26-27 годишен, со црна брадичка, да праша за некое момче? Доаѓаше. Веќе 3-4 дена секој ден доаѓа овде. И сабајлево дојде, праша за тебе, испи едно млеко и излезе. Рече дека пак ќе дојде. Ако сакаш, почекај го. Јас оценив дека наместо да отегнувам со долго чекање и да водам долги разговори со Кузма - ќе биде подобро да поскитам и се запознааам со околните улици и затоа одговорив: - Нема да чекам. Имам малку брза работа. Ако дојде, кажи му дека за кратко време ќе бидам овде... Нека ме почека. Јас излегов од млекарницата, тргнав на запад, отидов до паралелната улица, со која завршуваше Венедик сокак и тргнав по неа на север. На околу 150-200 чекори од местото, каде што бев тргнал по оваа улица, таа се рашируваше и оттаму се отвораше чудесно убава глетка кон Златен рог. Подоцна дознав дека ова место се викало “Ајнол-чешме”10. Долу под улицата, на запад, високи и дебели кипариси ја фрлаа својата сенка и ја чуваа тишината на едни турски гробишта, со бели, позеленети и поцр9Кафеана “Надеж“ 10 Чешмата со огледало.
31
нети од времето надгробни плочи, полузакриени од израснатата околу нив трева. На десно, висок ѕид опкружуваше едно просторно масивно здание со жолтоцрвени ѕидови и со прозорци со спуштени ролетни. Тоа беше некаква тврдина среде градот. Подоцна дознав дека тоа е Британската амбасада, направена непристапна со високиот ѕид и утврдувањата, кои истовремено ја играа и улогата на градина на амбасадата.
СРЕДБАТА СО МЕРЏАНОВ Откако се науживав на глетката кон Златниот рог и на панорамата на Стамбол, која за рамка ги имаше стеблата и кипарисите од “ЌучукМезаристан”11 (така се викале гробиштата под улицата по која одев), јас се вратив назад и отидов во млекарницата. Беше поминало еден час откако бев излегол. Мерџанов седеше на една маса спроти вратата и го дојадуваше киселото млеко со шеќер, кое си го порачал додека ме очекувал. Штом ме виде, тој стана, ја плати порачката и ме пресретна пред јас да успеам да влезам во дуќанот. Ние тргнавме на исток и излеговме на Јуксек калд’р’м, а потоа свртевме по таа улица и тргнавме на север, кон Таксим. Веднаш по пристигнувањето во Цариград, Мерџанов си нашол стан на улица “Сак’з агач”, каде што се бевме упатиле. Откако влеговме во неговата соба и си ги соблековме мантилите, ние седнавме во две меки фотелји, со кои беше опремен неговиот стан и тој ми го раскажа следното: Тој пристигнал на железничката станица Сиркеџи во Цариград вечерта во вторник, на 2 ноември 1899 година и преноќевал во еден од хотелите, кои се наоѓаат во близина на оваа железничка станица. Следниот ден тој поминал по мостот Кара-кој и заскитал по Пера, од една страна за да го проучува градот, а од друга за да си најде стан, којшто го претплатил за еден месец. Откако го нашол станот, прва работа му била да ја најде млекарницата на Кузма, а потоа да поскита низ градот за да го проучува. - Знаеш ли? Станот ми е точно спроти ене онаа куќа. Во неа живее Неџиб Мелхаме. Секое утро го гледам од прозорецот како излегува и по Сак’з агач оди кон Тарла Баши... Впрочем - ене го - и тој покажа на еден висок господин, со црна потстрижена брада и куси црни мустаки, со бледо, млечно-бело лице, многу елегантно облечен, со црн фрак, со минат на калап фес и со бастун во рака. Тој ја беше отворил влезната 11 Малите гробишта.
32
врата на куќата од спротива и излегуваше од неа. Потоа излезе од вратата, запре за момент и бавно и со достоинство тргна на исток во правец кон Таксим. Неџиб Мелхаме беше во тоа време турски конзул во Софија. Симон Трајчев и Димитар Љапов во весниот “Реформи” и во други софиски весници беа изнеле за него една скандалозна афера за силување на едно девојче во просториите на турскиот конзулат, која положбата во Софија му ја беше направила многу непријатна. Тој во 'Цариград беше дошол додека не стивне скандалот, или за да дејствува да го преместат на некое друго место. Откако Неџиб Мелхаме се изгуби од нашиот поглед, Мерџанов продолжи: Откако го платив билетот за железницата од Софија до тука и го платив станот, ми останаа нешто помалку од две лири... Колку пари ти останаа на тебе? - ме праша тој. Јас ја истресов целата содржина на портмонето и ги пребарав џеповите на елекот - ми беа останале три лири и неколку ситни монети. - Гледаш ли? Вкупно немаме ни пет лири. Тоа е нашиот капитал со кој ќе ја соборуваме турската империја. Така ќе биде ако чекаме да не издржуваат луѓето... - Дека не е ќелепур оваа положба не е ќелепур. Меѓутоа, сакаленејќеле треба да очекуваме од нив. - А јас направив така, да не зависиме од никого. - Што си направил? - Што ли? Еве што! Тој извади од џепот едно купче мали клучеви, окачени на едно синџирче закопчано за панталоните, избра едно од нив и отвори едно од чекмеџињата на бирото. Во дното на чекмеџето, под неколку листови хартија за писма, тој ми покажа едно купче златни монети - наполеони и лири. - Еве што направив - рескирав. Заложив се на една карта - и добив! - Јас не знаев дека си бил комарџија... А каде си играл комар? -Каде? Во Егзархијата, со бившиот калоферчанец Лазар Јовчев, иже нарицаем Јосиф I, бугарски егзарх, славословен како бугарско Блаженство... Јас фатив да го гледам со четирите. За да го разбие моето недоумение, Мерџанов продолжи: - Откако платив за станот и установив дека ми останале само една лира и 3 бели меџидии, требаше да му пишам на Сарафов да ми испрати пари. Со други зборови, уште од почетокот требаше да станам целосно и во се зависен од него и да водам честа кореспонденција - нешта, спротивни на нашата согласност за содејство. Ми се наложуваше да најдам некаков излез...
33
- Ја гледаш ли оваа картичка? - нанадејно запраша тој и ми подаде една визит картичка, на која беше напишано: Васил Стојанов студент Русе Јас ги напечатив овие картички во Софија, веднаш по земањето на пасошот од Васката. Картичката е ситно нешто и чини скапо - за 100 картички платив еден лев и половина, но таа има магична сила - ги отвора вратите и овозможува пристап насекаде кај големците. Од друга страна, нели го паметиш тоа што го расправаше за владиките, кои ги сакаат парите - дека тие не ги вложуваат во банките, туку ги чуваа во себе. Како го викаа оној владика - Кирил Видински, кој кога одел низ одаите со рацета оздади - наместо броеница од едната во другата рака префрлувал ќесе полно со златни монети, кои испуштаат метален звук, којшто го радувал стариот брадест прч? Па, ми падна на памет да отидам кај егзархот. Уште вториот ден, околу 9 часот наутро, отидов во Орта ќој во Егзархијата и му ја дадов на егзархискиот гаваз картичката за да му ја предаде на Блаженството со молба да ме прими. Гавазот брзо се врати, ми рече да повелам кај Неговото Блаженство и со почит ми направи пат да поминам низ вратата. Јас се качив веќе по скалите горе кај егзархот, кој ме прими во својот кабинет. Се разбира, по поклонението што го направив - за време на кое Блаженството ме благослови со десната рака, која потоа ми ја подаде - јас ја прифатив и му ја бакнав. Тој ме покани да седнам до него и ме праша што има ново во Русе и воопшто во Бугарија. По неколку банални прашања од него и уште побанални одговори од моја страна, јас пристапив директно кон целта, која ме беше довела кај него: - Ваше Блаженство - реков - познато ли Ви едека Македонците се подготвуваат за борба против турското ропство? - Да. Познато ми е. За жалење е што енергијата на нашиот народ зема погрешна насока во една борба, на која крајот не може да ѝ биде друг, освен катастрофа. - А според Вас - кој би бил вистинскиот пат? - Според мене, вистинскиот пат е оној на бавната еволуција, на постепеното подигнување значењето на нашиот народ преку образованието и неговата благосостојба - патот кон училиштето, кон трговијата и кон усовршувањето на занаетите. - Но, тој пат е бавен и главно несигурен при една таква власт, која поставува севозможни пречки штом кај нас ќе забележи засилување или некаква самостојност. - Дека тој пат е бавен - тоа е вистина. Но, тоа е патот на еволуцијата...
34
- Ова, меѓутоа, не Ви пречи да го благословувате оружјето на власта и да молите од Севишниот: “Победи царю нашему на сопротивния твоя даруяй...”, иако оружјето не претставува елемент на еволуцијата и на бавниот и сигурен развиток. - Црквата не може да се декларира и да дејствува против државата, како што и државата не може да постои без црквата... - И сега, кога низ Македонија, во најзафрлените села, свештениците се подготвуваат со една рака да го кренат крстот, а со друга - оружјето - Ваше Блаженство не мислите ли, дека е сосема на место да ја измените малку Вашата молитва и да молите од Бога: “Победи царю нашему на сопротивния твоя даруяй...” ? Не мислите ли дека е дојдено време, ако не го поведете свештенството, барем да го следите, откако ќе го благословите Вашето паство и со тоа му вдахнете храброст и вера во претстојната борба? - Но, Вие што сакате да кажете? - Сакам да речам, дека Вие, за да бидете глава на Вашето паство, не треба нему да му се чудите. Сакам да кажам, дека Вие сте должен да одите во чекор со своето паство и не само да ја благословите неговата борба, туку и да ја потпомогнете на еден реален начин! Со овие зборови јас станав, ја извадив камата и му наредив: - Вие преку мене ќе ја помогнете таа борба. Разбравте ли? Егзархот ме погледна избезумено, се поколеба за момент и потоа стана покорно, отиде заедно со мене во соседната соба, отвори една фиока, зеде неколку фишеци и ми ги подаде. - Вие сфаќате дека е излишно да кревате врева за ова што се случи - реков јас. Излишната врева ќе ве погоди повеќе Вас, отколку било кој друг... Јас ги ставив фишеците во џебот, му направив.поклопение и излегов. Потоа ја изброив сумата: 200 наполеони и 100 турски лири, што заеднички изнесуваше 6.300 франци. - Мене повеќе ми оди на 6.000 - додаде Мерџанов. Износот според записот на Михов беше 6.700 франци, а сегашната е 6.300. За мене воопшто бројот 6.000 е среќен број... - Ами ако егзархот ја извести власта - не сметаш ли дека е тоа опасно? - запрашав јас. - Јас сметам дека Блаженството е доволно умен, за да не ја направи таа глупост. Ако тој крене врева за она што се случи меѓу нас, тој знае: прво - дека неговата официјална положба на бугарски егзарх ќе стане невозможна, зашто во Илд’з ќошк ќе се посомневаат дека во таа врева тој сака да ја прикрие својата доброволна помош на македонското движење; второ - тој не знае кои сме и колку души сме, а тоа извршило, врши и ќе врши хипнотично влијание врз него по убиството на Македонски пред околу две години. Така што, ние можеме да бидеме спокојни. - Демек, ти си ја дотерал до крај - забележав јас.
35
- Точно до крај - потврди Мерџанов. И тој продолжи: - Ова се наречува индустрија, современо фабричко производство: брзо, лесно и сигурно. А на што личи тоа - да се накитиш со пушка, собја и патрондаш; да се натовариш со ранецот како магаре; да тргнеш од Дупница ноќум пешки; да скиташ цело лето по планините и да си ги изедеш џигерите од умот; да гладуваш; да бидеш жеден; да го гониш ветрот по Драмско поле; да го нападнеш на сред бел ден Шилинос; да го фатиш кир Димитро; да го врзеш и да го тераш како добиток - и на крајот на краиштата да не си сигурен дека ќе го земеш откупот од некакви си бедни 300 лири. Сеедно како да тргнеш од Русчук за Цариград со биволска кола и да патуваш пешки два месеца, кога можеш да се качиш на железница или на брод и без каков и да е умор истото растојание да го поминеш за два дена... - Сега ние сме со одврзани раце, зашто имаме пари - продолжуваше Мерџанов. Ние си бевме поставиле цел да водиме ефикасна борба, служејќи се со современи средства, а не на првобитен начин, и ако загинеме, главите да си ги продадеме по највисока можна цена. Да ја отепаме змијата удирајќи ја по главата, а не по опашката. Опашката на турската империја се нејзините службеници и аскерите. Кој е главата. Одговорот е јасен - султанот, кој ја претставува државата и се смета за апсолутен господар на нејзините материјални ресурси, на нејзините духовни сили и на нејзината судбина. Ние треба да ја удриме змијата по главата. Ergo, да го убиеме лично султанот! Но, да бидиме сукцесивни! Пред се, ти треба да си најдеш стан, а потоа мирно ќе размислиме што ни претстои да правиме. Ние излеговме од станот на Мерџанов и се разделивме откако се договоривме вечерта да се сретнеме во млекарницата на Кузма. Јас веднаш почнав да си барам стан. На север од Кара ќој купрусу, од главната улица на Галата се одделуваат две улици - “Војвода сокак” и “Јуксек калд’р’м”. Првата најпрвин води на запад и минува покрај Банк Отоман, а потоа свртува на север, поминува покрај луксузните хотели “Петербург” и “Пера-Палас” од едната страна и “Ќучук Мезаристан” од другата страна. Откако минува покрај луксузните хотели “Крокер”, оваа улица свртува на исток и излегува кај полициската станица “Галата сарај”. Втората улица “Јуксек калдар’м” - тргнува веднаш по стрмнината на север и се искачува на неа откако минува покрај руската амбасада, покрај луксузниот хотел “Хедивал-Палас” и покрај големата стоковна куќа “Бон марше” и кај полициската станица “Галата сарај” се соединува со “Војвода сокак”. Образувана од двете соединети улици, главната улица од “Галата сарај” врви на север за Таксим. Од Галата тргнува коњскиот трамвај, по Војвода сокак стигнува до “Галата сарај” и продолжува на север за Таксим-Шишли и Панкалди.
36
По оваа улица на околу 200 чекори северно од „Галата сарај”, на исток се одделува една слепа улица. Уште истиот ден јас си најдов стан во една куќа, која се наоѓаше на дното на оваа слепа улица, од десната страна. Сопственичката беше Гркинка, некоја си Фанко, околу 50годишна жена, со среден раст, дебела, со прошарана костенлива коса. Таа живееше во заедница со еден 50-55 годишен маж, сув, црномурен, со црна како катран коса, со исто таква брада и мустаќи. Едниот од мустаќите левиот - беше наполу опасен од сипаници. Впрочем, лицето на овој господин беше целосно издупчено од големата сипаница, поради што тој беше многу грд. Пред нив јас се претставив како ученик дојден од Бугарија идната година да се запишам во лицејот „Галата сарај”, за коешто запишување ќе се подготвувам земајќи приватни часови по турски јазик. Во оваа куќа јас не бев единствениот станар. Имаше една Италијанка, чијашто соба беше соседна на мојата. Таа беше трудна и ретко се покажуваше надвор од собата. Имаше, исто така, и две госпоѓици, сестри: Ефросина и Пепина. Поголемата, Ефросина, беше шапкарка и заедно со сестра и изработуваше дамски шапки за некоја продавница за шапки. Откако си најдов стан, отидов во млекарницата на Кузма од каде што заедно со Мерџанов отидовме во ресторанот “Хаџопуло”, кој се наоѓаше во пасажот со истото име, близу до „Галата сарај”. Во тоа време се живееше евтино во Цариград! “Хаџопуло” беше првокласен ресторан, во кој се сервираше обилна, вкусна и хранлива храна, со најпрефинет мебел и по цена од еден черек (четвртина бела миџидија - еден лев и 15 стотинки). Кога влеговме во ресторанот, сите маси беа зафатени. Посетителите непрекинато доаѓаа и ги зафаќаа празните маси. Околу една од масите беа седнати тројца, кои живо разговараа и спореа на бугарски. Ние седнавме на соседната маса и си порачавме ручек. Во очекување на порачаното јадење, Мерџанов се сврте кон најблискиот до него од соседната маса и го запраша: - Вие веројатно сте Бугарин? - Да, Бугарин. Од Стара Загора. Се запознавме со него и со неговите сотрпезници. Првиот беше Иван Коев од градот Стара Загора. Тој имаше среден раст, беше тенок, рус, со сини очи, тенок нос со широки ноздри и црвени нервозни усни. Коев завршил инженерство во Петербург и набрзо потоа бил назначен за инженер за одржување на Хиршовата железничка линија Сарамбеј Цариград. Тој јадеше гологлав, а неговата мека филцана шапка, беж боја, беше закачена на закачалката. Вториот новозапознат беше тенок, на раст повисок од среден, со костенливи очи, коса и мустаќи. Тој беше скоро бричен и убаво облечен. Носеше фес скоро ставен на калап и јадеше со него. Тој бил адвокат,
37
завршил право овде, во Цариград, бил родум од селото Крчово, Демирхисарско. При запознавањето тој го кажа името тивко, поради што Мерџанов го запраша: - Опростете, не можев добро да ви го слушнам името! - Тилков! - рече со повисок и јасен глас новозапознатиот. Ние со Мерџанов се погледнавме. Една иста мисла ни помина низ главите и на двајцата: “Тоа е оној Тилков, со кој Илија Крчовалијата се гордееше кога зборуваше за Крчово и Крчовци таму во колибата, пред да стигнеме во “Харкомата”... Третиот беше млад човек, со одвај појавени мустачиња, студент по право во Хукук. Тој штотуку ги беше положил последните испити и моментално немаше работа. Тој си го кажа името: Панче Дорев родум од Битола. Мерџанов се запозна под лажното име - Васил Стојанов, родум од градот Русе, студент на право во Женева. Во Цариград е дојден по инсистирање на лекарите, за да ја помине зимата во мека клима, зашто белите дробови не му се во ред. Јас се запознав под името Илија Дуров од градот Пловдив, ученик во Пловдивската гимназија. Во Цариград сум дојден за да можам идната година да се запишам во лицејот ‘„Галата сарај”, сум нашол стан и сега барам некој приватен учител по турски јазик, како би можел потоа со успех да ги следам предавањата во лицејот. - Одамна ли сте овде? - ме запраша Дорев. - Вчера пристигнав и денес си најдов стан. - Каде ви е станот? - Блиску до лицејот. На 200-300 чекори, откако се оди нагоре по трамвајската пруга, во една странична уличка на десно. - Откако ручаме ќе отидеме да ми го покажете. Ќе доаѓам секој ден меѓу 9 и 10 часот наутро. Утре ќе ви донесам и учебници. - Колку ќе треба да ви плаќам за лекциите? - Првин да почнеме, па тогаш ќе ви кажам. Иван Тилков и Коев го продолжија започнатиот спор. Оттогаш поминаа многу години и споменот за предметот на тој спор останал длабоко покриен под пепелта на тоа што сум го преживеал за тоа време. Во сеќавањето ми остана само една фраза, искажана од Иван Коев: - Да умреш, разбирам. Но, да умреш како Петефи - под копитата на коњите, пуштени во напад спрема непријателот... По завршувањето на ручекот Тилков стана и излезе сам. Ние четворицата - Мерџанов, Коев, Дорев и јас, тргнавме заедно да го пиеме кафето после ручек во кафеаната-гостилница “Македонија”, која се наоѓаше покрај трамвајската пруга спроти полициската станица “Галата сарај”, низ 3-4 дуќани од аголот, каде што се соединуваат “Јуксак калд’р’м” со “Војвода сокак”, на јужната страна, на оваа, последната улица. Сопственик на кафеаната-гостилница “Македонија” беше некој си Георги
38
Христозов од костурските села - еден пргав и работлив здрав човек со среден раст, црна коса, црни очи и црни дебели мустаќи. Тој секогаш одеше гологлав, без палто и со преврзана однапред бела престилка. Откако си го испивме кафето, Мерџанов стана и си отиде во станот “да се одмори”, како што рече тој, а ние со Панче Дорев и Иван Коев се упативме кон мојот стан. Се покажа дека мојата станодавачка го познавала “месје Епифанија”, како што го наречуваше таа Панче Дорев, кога во разговорот се обраќаше кон него. Таа беше разговорлива, дури весела жена, но гласот ѝ беше засипнат - знак, дека таа пиеше. Разговорот се водеше на француски, којшто јазик овде се зборува речиси од сите цариграѓани, се разбира со грчки и турски. Јас најмалку земав учество во разговорот, зашто, и покрај тоа што се разбирав, не можев на него слободно да зборувам. Мојата станодавачка - според нејзините зборови била восхитена од тоа што ја посетиле млади, убави луѓе, особено многу пријатно и било да разговара со руски, синооки младинци... - Сака да каже - се сврте на кај нас зборувајќи бугарски Иван Коев - сака да каже дека уште не ги фрлила патроните... Јас си останав во станот, а Иван Коев и Панче Дорев си отидоа. Од утре ги почнуваме лекциите по турски. Дорев ќе доаѓа секое утро во 9 часот, ќе ми предава или ќе ме испрашува до 10 часот. Неколку минути по нивното заминување, јас си ја ставив шапката и отидов кај Мерџанов. Тој се подготвуваше да излезе. - Му напишав на Сарафов да ни испрати револвери, куршуми за револверите, експлозив и капсули за него - ми рече тој. Писмото ќе го испратам преку австриската пошта. А бидејќи таа е натаму, ќе отидеме во Бугарската печатница да се запознаеме со Нанчо Калчев. ќе видиме дали за нас нема пост-рестант писмо во поштата. Слеговме пешки покрај трамвајската пруга и влеговме во поштата. Откако Мерџанов го пушти писмото препорачано и откако се уверивме дека за нас нема писмо, ние продолживме за Галата. Кога стигнавме до местото каде што се соединуваат “Војвода сокак” и “Јуксек калд’р’м”, се распрашавме каде се наоѓа Кавафијан ан. Нѐ упатија. Се искачивме по скалите на зградата и на вториот кат влеговме во печатницата. Тројца словослагачи, со компас во левата рака, стоеја пред таблите и со десната рака брзо набираа, со очи впиени во ракописите, поставени пред нив, врз таблите. Два прозореца ја осветлуваа работната просторија. Во аголот, до левиот прозорец, беше печатарската машина, која во тој момент не работеше, со неподвижно големо тркало. Пак во ќошот, третиот, најдесниот од прозорците, беше покриен со една мала собичка со ѕид и врата од штици. Прашавме за Нанчо Калчев, ни покажаа на собичката. Ние влеговме и се најдовме лице в лице со бараниот од нас човек.
39
НА РАБОТА ВО ПЕЧАТНИЦАТА НА КАЛЧЕВ Нанчо Калчев, син на сопствениот на печатиицата, Калчо Стојанов, беше родум од Ресенските села. Тој беше околу 30-35 годишен човек, на раст повисок од среден, сув, со сиви очи, со коса, веѓи и мустаќи светлокостенливи. Брадата му беше мала и ретка, која придонесуваше лицето да му заличи на новопотстрижен млад ѓакон. Лицето му беше бело, суво, аглесто, зацрвенето околу бакенбардите, кои беа испакнати - предзнак, дека тој беше подложен на заболување од туберкулоза. Усните му беа црвени и секогаш влажни. Тој носеше очила, бидејќи беше многу кусоглед. Градите и стомачниот дел му беа пропаднале; плешките му беа испакнати, поради што горниот дел на грбот му беше наведнат напред и го правеше малку подгрбавен. Кога влеговме во неговата канцеларија, тој беше седнал на еден стол пред масата и разгледуваше некаков ракопис, така што ние најпрвин ја видовме неговата темна силуета како се отсликува врз светлиот фон на прозорецот од дното на канцеларијата. По нашето влегување тој стана и ни предложи да седнеме на столот, кој се наоѓаше до прозорецот. По нашето запознавање, во кое ние се претставивме со нашите лажни имиња и по вообичаените неколку фрази на такви средби, Мерџанов рече: - Имате поздрав од Димитар Љапов и од Симон Трајчев. Со нив се видовме во Софија пред нашето поаѓање наваму. Тие Ве препорачаа Вас како човек во кој можеме да имаме целосна доверба... Усните на Нанчо Калчев нервозно затреперија. За што да имате целосна доверба во мене? - Нема потреба да нѐ прашувате, штом сте ни препорачани од Димитар Љапов и Симон Трајчев. Тие исто така ни го препорачаа и некој си Никола Милев, ученик во лицејот “Галата сарај” како човек, во кого можеме да имаме целосна доверба, како и двајцата градинари - Цветко Наумов и Аџијата. Недовербата, што се читаше во погледот на Нанчо Калчев и нервозното потреперување на неговите усни исчезна. Како резултат на оваа наша средба, беше договорено следното: Јас постојано да навраќам во печатницата и на тој начин во Галата ќе ме знаат како работник-словослагач. на тој начин - всушност - сакав да имам тројно постоење: вистинска личност, скриена под лажното име Илија Дуров, во Пера ќе ме сметаат како ученик-кандидат за запишување во лицејот “Галата сарај”, а во Галата - работник-словослагач. Мерџанов ќе остане да живее во Пера, ќе води живот на богат студент, дојдеи во Цариград да си го подобри здравјето. Тој ќе се запознае и
40
ќе влезе во блиски односи со службениците во бугарскиот конзулат (“со дипломатските средини”, како што со иронија се изразивме тогаш) и ќе следи што се зборува и прави во тие средини. Тој нема веќе да доаѓа во печатницата и од меие ќе дознава што станува во “низините”. Во Цариград градинарите-работници го продаваат по улиците во разни квартови зеленчукот, којшто го носат во кошови на грбот, бидејќи овој град е изграден на стрмни ридови, така што насекаде не може да се помине со кола. Многу често можат да се видат такви градинари-работници кога се одмораат седнати на тротоарите, потпрени на кошовите, закачени на нивните грбови. Цветко Наумов и Аџијата, како работнициградинари ќе навраќаат на влезот на Кавафијан ан, седнати на починка со кошовите - за да бидат при рака во секој случај. Нанчо Калчев со татка си Калчо Стојанов и со помалиот брат, живееше во Ејуб - предградие на Цариград во дното на Златниот рог, таму каде што се влива во морето рекичката Булбул Сују. Татко му на Нанчо Калчев, кој својата кариера ја започнал како обичен работникградинар и долги години по цариградските улици разнесувал зеленчук, со кош на грбот, запечалпл некоја пара и купил се што е неопходно за една печатница - единствената бугарска печатница во пределите па турската империја во времето за кое раскажувам, и го оставил поголемиот син да управува и работи со неа. Одвреме-навреме, но многу ретко, тој доаѓал да ја посети печатницата, за да види дали таму е се во ред, но никогаш не се мешал во работата на печатницата. Тој беше 55-60-годишен човек, со црна коса без бело влакно, со црни како катран мустаќи, пргав, убаво облечен во својата ресенска носија. Тој беше во Ејуб ааза, т.е. советник во Градскиот совет. Нанчо Калчев во физички поглед не беше така здрав како татко му. Освен тоа, тој беше многу плашлив. Секогаш, кога обичииот тек на животот ќе се променеше во нешто, тој почнуваше да се тресе - најирвин со усните, а потоа и со целото тело. И покрај тоа несовладливо чувство на страв, кое тој не можеше да го совлада и сокрие од туѓиот поглед, тој се вмешуваше и учествуваше и во најопасните работи, без да се плаши за личниот мир и спокојство. Токму тоа беше и е причината кон него и кон неговата памет да одгледувам најголемо почитување. Наредниот ден откако бев навлегол во првата лекција по турски од Панче Дорев, отидов во Бугарската печатница, зедов еден компас, застанав пред една од таблите и почнав да го учам занаетот, мачејќи се да наредам една статија во весникот “Новини”, од ситниот и нечитлив ракопис на Христо Бразицов, родум од градот Дојран, во тоа време уредник на егзархискиот весник “Новини”. Три или четири дена откако бев почнал да работам во печатницата, Нанчо ме повика во преградената со штици собичка, која му служеше за канцеларија и - откако го спушти гласот, ми рече:
41
- Градскиот совет на Ејуб сношти имаше седница, на која беше повикан и татко ми. Реизот соопштил на аазите дека добил од полицијата тајно известување, во кое се соопштува дека двајца многу опасни политички слосторници - некој си Мерџанов и Манџуков - пред неколку дена заминале од Софија за Цариград и сега се овде. Како претставници на бугарското население во Ејуб, реизот апелирал до аазите-Бугари да испитат и да дознаат каде навраќаат овие неранимајковци и - ако дознаат веднаш да му соопштат и на тој начин да помогнаат на власта, за да ги фати или убие. Министерството на полицијата ветило награда од 10.000 лири на оној што ќе посочи или ќе помогне да бидат фатени живи или мртви. Ова ти го кажувам за да бидете запознаени - додаде Нанчо Калчев. Пред другите словослагачи јас веднаш побарав и - се разбира - од Нанчо добив дозвола да отсуствувам од работата во текот на преостанатото време од денот поради неодложна лична работа. Од печатницата отидов во Пера, го најдов Мерџанов во станот и му го соопштив она што ми го кажа Нанчо. - Многу високо ии ги оценила главите полицијата на неговото Величество султанот Абдул Хамид Хан Втори - рече Мерџанов. Ако ние самите си ги оценуваме главите не би ги оцениле толку високо и не би му ја направиле таа чест - да ја посетуваме неговата престолнина инкогнито... И, откако малку помисли, додаде: - Но, се поставува едно прашање - откаде Цариградската полиција дошла до податокот за нашето заминување од Софија? Покрај нас двајцата, само тројца знаеја за тоа - Сарафов, Љапов и Трајчев. Од друга страна - исклучено е, кој и да е од овие тројца да е предавник. Тогаш од каде дознала Цариградската полиција дека сме заминале за наваму? Притоа, треба да се забележи, дека таа нѐ бара под нашите сопствени имиња, а не под лажните. Нашите лажни имиња Сарафов, Љапов и Трајчев не ги знаеја... Ајде да ја составиме равенката: овие тројцата ни ги знаат вистинските имиња, ги знае и турската полиција; единствено тие тројца знаат дека ние сме заминале за Цариград - тоа го знае и турската полиција. Еrgo, од нив тројцата произлегле информациите на турската полиција за нашите имиња и за нашето заминување. - Но, тој заклучок е чудовишен! - забележав јас. Како може да се допушти предавство за кој и да било од нив тројцата? - Па, токму тоа се прашувам и јас. Јас барам објаснение на тој факт, зашто во секакви времиња и кај сите народи еден факт чини повеќе од еден кмет... Дека овде има шпионажа - тоа е вистина. А има уште една вистина - дека турската шпионажа во македонските средини сега пипа полесно и поумно, отколку пред обидот за убиство на Шагманов.
42
Тој почна да шета по собата со рацете одзади, подигајќи ги вегите и брчкајќи го челото; тој нешто споредуваше; ненадејно запре и продолжи да споредува гласно: - Тие локали за ноќна забава во Софија! Пропорционално на населението, ниту во еден друг град на светот не се така многубројни како во Софија. Тргни по Витошка улица, од касарните на шести полк, па сѐ до Железничката станица - на секој агол или бордел или тунел, или нешто слично... И тој порок на овие тројцата - да ги посетуваат секоја вечер! Што ќе го чини турскиот конзулат да организира во своја служба неколку од ноќните пеперутки на овие локали, за да го дознае она што неволно би се испуштил да го каже некој од “дејците”? Или да биде известен подобро за случајно слушнат разговор? Се разбира, тоа не би го чинело воопшто многу, но тоа сега ги става нашите глави во постојана закана од секирата, која виси над нив... Кон крајот на ноември 1899 година, преку Нанчо Клачев дојде до нас една пратка од Софија. Тоа беше еден кожен куфер врзан со шнур, запечатен со црвен восок, врз кој беше ставен еден голем печат. Го донел некој Спиро, гаваз во рускиот конзулат во Софија, Македонец од Прилеп или од прилепските села - не се сеќавам добро. Му бил предаден во Софија од некој негов познајник од Софискиот Македоиски Комитет да го пренесе заедно со некој друг дипломатски багаж, кој - се знае - не се прегледува од царинските власти. Спиро го врзал со шнур куферот и со црвен восок го запечатил со печатот на конзулатот. Тој носел документ дека служи во конзулатот и дека носи дипломатски багаж. Јас го однесов куферот во станот на Мерџанов, каде што го отпечативме и отворивме. Во него имаше: два револвера од типот “Булдог”, неколку кутии со куршуми за револверите - вкупно 300 куршуми; неколку железни кабловидни стапчиња со пречник 10-12 сантиметри, неколку кутии со капсули за бикфордов фитил, едно топче бикфордов фитил; еден пакет со околу два килограми бертолетова сол; еден пакет околу еден килограм пикринска киселина и еден калап од гипс, кој се состоеше од две половини за излевање на бомбени фишеци. Револверите “Булдог” беа старомодна работа. Тие беа долги околу 15 сантиметри, а магацинот им беше со пречник од околу 10 сантиметри, се полнеше одзади, патрон по патрон. патроните им беа куси и дебели, со оловни куршуми. Ние го познававме овој систем на револвери. Нивного гаѓање не беше прецизно. Освен тоа, тие ги испукуваа куршумите на далечипа од 15-20 чекори, така што за да имаме успех, треба да бидеме сосема блиску до објектот на нашиот напад. Железните фишеци, фабрикацијата на Киркор во Саблерските колиби (Информација: “Ослободителните борби во Македонија” од Хр. Силјанов, том први. Илинденското востание, Софија, Државна печатница, 1933 година, страница 83-84), наполнети со експлозив, тие ќе бидат
43
бомбите. Тие се отвораа со развртување на еден винт со пречник 21/2-3 см, а за фитилот беше резервирана една дупка со пречник на бикфордовиот фитил, врз кој се надаваше капсулата. Бертолетовата сол, сарата и пикринската киселина беа во прав. Со нив требеше да ги наполниме фишеците пред да ги употребиме, откако бертолетовата сол ја измешаме претходно со сарата и кога кон таа смеса додадеме шеќер во прав. Беше необјасниво присуството во куферот на калапот од гипс за изливање на бомбени фитили. Воопшто, целата оваа пратка - изгледа беше направена набрзина, колку да се рече дека порачката на Мерџанов е исполнета. Според сѐ личеше - особено според револверот, со кои сметавме најмногу да се служиме и според бесмисленото присуство на калапот од гипс за бомбени фишеци, дека оној што ја беше предал пратката на Спиро или којшто го беше наполнил куферот, се беше однел крајно несериозно кон порачката на Мерџанов. - Не очекував такво внимание од “Циганчето” - рече Мерџанов - ова е подолу од нула! - “Циганчето” - тоа беше прекарот на еден од членовите на Сарафовиот Македонски Врховен Комитет, Саракинов, родум од Воденско, бивш офицер на бугарската армија, од инженерските единици. Така го наречуваше поради темно-црната боја на лицето, нискиот раст и целосниот смачкан изглед. Саракинов на пожелните македонствујошти во Софија им држеше практични и нагледни лекции за дејствување со експлозивни направи. Тој го чуваше комитетското оружје и експлозивниот материјал и ги доставуваше по лична наредба на Сарафов. Како и да е, ќе се служиме со тоа што го имаме. Штом револверите дејствуваа само одблиску, ние ќе се приближиме за да бијат подобро. Како во старо време - му одговорил Спартанецот на Атињанинот, кој се оплакувал дека мечот му е кус: - Направи чекор напред! Ни претстои добро да го проучиме градот, особено во оној негов дел, кој е заклучен меѓу Илд’з ќошк и мостот Кара ќој. Затоа што секоја година - еднаш во годината - султанот излегува од дворецот Илд’з ќошк и оди во Стамбол, за да и се поклони на Мухамедовата мантија, која се чува во една од џамиите во Стамбол. Таа оваа година Харк’х-и-шериф (Поклонението на мантијата) ќе биде во петок, на 14 јануари 1900 година. Од оваа дата не делеше околу месец и половина - време повеќе од доволно за тоа проучување. Нашата главна претстојна работа беше да скитаме низ градот. Пред другите работници во печатницата ми се наложуваше да кажам, дека сум нашол работа на друго место и дека кога ќе имам слободно време, ќе доаѓам пак кај нив да работам како словослагач. За време додека скитаме низ градот, ќе се обидеме да најдеме стан на главната улица на Галата, по која претпоставуваме дека ќе помине султанската поворка, за да го извршиме оттаму атентатот.
44
На главната улица на Галата имаше многу станови, кои се издаваа под кирија, но условите за нивното изнајмување беа такви, што ние се откажувавме од таа намера. Пред се, полицијата од сопствениците бараше да дадат писмена гаранција за подобноста на изнајмувачите. Од своја страна, за да бидат сигурни, сопствениците бараа од изнајмувачите секој од нив да им претстави двајца од нив познати гаранти, кои писмено ќе гарантираат дека изнајмувачите се подобни. За оние потстанари, кои на таа улица живеат од порано, имаше ограничувања: тие не можеа да водат свои блиски или познати во изнајмените од нив станови во текот на денот Харк’х-и шериф; во текот на тој ден тие не можеа да се доближуваат до прозорците и да гледаат од таму на улицата; истиот тој ден тие не смееја да ги отворат или да ги држат отворени прозорците кон главната улица. Ние не можевме на станодавачите да им ги покажеме бараните од нив гаранти, што значи, не можевме да се здобиеме со нивната гаранција пред полицијата. Ни преостануваше атентатот да го извршиме од улицата, откако ќе се доближиме што е можно поблиску до местото, каде што ќе помине султанската поворка. Ние се зафативме сериозно со проучувањето на градот и го проучивме не само оној дел што нѐ интересираше и низ кој - по претпоставка ќе поминеше султанската свита, но и сите околни улици и квартови. Не одевме заедно, туку одделно. Кој каде вршел обиколка - тоа го дознававме еден од друг вечерта, кога се среќававме или во ресторанот “Хаџопуло”, или во локалот на хотелот “Македонија”. Ние се запознавме со Никола Милев, но во сеќавањето ми се избришал споменот за нашето прво запознавање. Во тоа време тој беше во последниот клас на лицејот “Галата сарај” и беше еhterne т.е. не живееше во пансионот на лицејот, туку во приватен стан. Секогаш кога тој беше слободен, ние двајцата со него скитавме низ градот. На тој начин јас добро ги проучив местата околу Илд’з ќошк, окол.у Долма бахче и квартовите од Орта ќој до мостот “Кара ќој. Несовладлив ѕид, висок околу два метра, ги оградуваше касарните, разните згради и дворецот Илдз ќошк. Тоа беше надворешниот ѕид, но имало и друг, кој ги одделувал касарните од другите заради; имало и трет ѕид, кој го одделувал дворецот од другите згради. Широк, добро одржуван пат поминуваше покрај надворешниот ѕид. Патроли, во групи од по 3-4 луѓе - гардисти во арнаутска носија - кружеа непрекинато - на растојание од 100 до 150 чекори една од друга. На едно место - таму каде што од ѕидот е префрлен мост врз патот, за да оди од местото, заградено од ѕидот, т.е. од Илд’з ќошк директно до Долма бахче, без да се излегува надвор од него - ние со Никола Милев се бевме сопреле, загледани нагоре во мостот над нашите глави. Во тој момент по патот кон нас доаѓаше и одминуваше нагоре покрај ѕодот патрола од тројца гардисти Арнаути со еден чауш, овој последниот строго се обрати кон нас:
45
- Ајде, геч! Геч! Геч! Бир ере дурмаин!12 Ние заминавме надолу покрај ѕидот и престанавме да се загледуваме во мостот, по кој понекогаш султан Хамид оди во дворецот Долма бахче, за да види до каква душевна состојба е доведен брат му, којшто тој го соборил од престолот и го затворил во дворецот Долма бахче. Убава е градината пред влезот на овој дворец, уште поубава е онаа околу дворецот зад оградата. Убава е неговата влезна врата, целата извајана со бројни убави орнаменти, од бел мермер со црвени и синкави жилички по него. Извонредно убав е и самиот дворец - засега затвор на краткотрајниот султан Мехмед... Да. Затворот може да биде и од мермер, но, сепак е затвор, решетките можат да бидат златни, но, сепак се затворски решетки... Подробностите не се битни, битна е суштината немањето слобода... Стамбол. Плоштадот кај мостот Кара ќој, пред џамијата на султанот Мехмед. Народ - врвулица. Подвижни сергии, слични на големи болнички носилки, претрупани со секакви стоки. Четворица Евреи, секој од нив фатил по една од дршките на една сергија, ја носат меѓу раздвижената толпа и пеат во хор на четири гласа: - Не ал’рс’н - ерми-шѐр пàраја! Не ал’рс’н - ерми-шѐр пàраја! Не ал’рс’н - ерми-шѐр пàраја!13 И сергијата, со својата стока и со овој хор на четири гласа, се движи низ врвулицата-народ.
ГРАД НА ГОЛЕМИ ПРОТИВРЕЧНОСТИ Табли, поставени хоризонтално врз триножни дрвени подметки, претрупани со чинивчиња полни со ашуре, сутлијаш, малеби, кад’н-ѓубе и друго. Продавачите, колку што им држи гласот викаат, фрлаат и ги нудат своите лакомства. Во општата необјаснива врева јас го доловувам гласот на еден од продавачите, кој со песна го нуди продаваното од него ашуре: Хѐле бак, хѐле бак! Он пàраја бир табàк! Инàнмаса - ѓељ да бак! Хеле бак, хеле бак!14 ... итн. 12 Ајде поминувај! Поминувај! Поминувај! Не стој на едно место. 13 Што и да земеш, сѐ е по 20 пари! Што и да земеш, сѐ е по 20 пари! Што и да земеш, сѐ е по 20 пари! 14 Ајде погледај, ајде погледај Чинивчето чини 10 пари! Ако не веруваш, дојди и види! Дојди погледај. дојди погледај!... итн.
46
Пак таму, околу џамијата на султанот Мехмед. Редица дуќанчиња каде што се продава шиш-ќебап и каде што воздухот е презаситен од соблазнителната миризба на печено месо. Ах тој цариградски шишќебап! Таму го подготвуваат на посебен начин: парчињата месо, во слој со пречник од 20 сантиметри, наденати на железен шиш долг околу 60 сантиметри, поставен вертикално пред мангалот. Мангалот е отворен само од една страна, така што жарта, натрупана колку што е должината на шишот, го загрејува силно и го пече наденатото на него месо. Пред секој мангал се вртат неколку шишови. Нивното движење им е бавно и рамномерно, така што месото се испечува добро без да изгори. Кога некој ќе побара, ќебапчијата ја исечува испечената површина на месото и им ја сервира на клиентите, а за тоа време шишовите продолжуваат да се вртат и да ја печат исечената површина. Стенкаат од народ улиците на Пера, Галата и Стамбол. Сите народи на земјата таму имаат свои претставници. Човек слуша разни фрази од јазиците на сите народи. Најинтересни и оригинални се Англичаните. Двајцата со Милев ги набљудуваме следните интересни слики: Англиски војници од штотуку пристигнат воен брод 15-20 души излегуваат од една продавница за фесови. Тие ги симнале морнарските баретки и на главите ставиле фесови, кои не поминати на калап и истуткани - стрчат нагоре со пискулите спуштени надолу. Морнарите одат во строј и се забавуваат вртејќи ги главите со брзи, отсечни движења, за да направат пискулите да им се мавтаат над главите. Еден праматар, Евреин, излегол пред вратата на дуќанот и кани еден англиски морнар, кој со лула во устата и со раце во џеповите на панталоните, скита бесцелно, сам во толпата. Тој го фаќа за ракавот и го воведува во дуќанот: - К’м, Џон, к’м!15 Морнарот допушта да го воведат внатре и продолжува да смука од лулата, држејќи ја во една рака. Евреинот ги распостила пред него на тезгата сите примероци од неговата стока. Клиентот заробеник, при секое ново покажување клати хоризонтално со главата и флегматично изговара по едно развлечено: -Но!16 Изнервиран од ова флегматично, настојчиво одбивање, Евреинот ја собира распосланата стока, ја поставува на рафтовите, приоѓа кон морнарот и го избуткува надвор од дуќанот. Англичанецот допушта да биде избуткан надвор и - како ништо да не се случило - се вмешува во толпата на улицата, за да го продолжи скитањето. Уморени од скитањето низ градот, ние со Милев отидовме во пивницата на Паулик, во Бјујук Мезаристан, за да одмориме и да се напиеме по 15 Дојди, Џон, дојди! 16 Не-е.
47
едно пиво. По нас влезе и седна на соседната маса еден англиски морнар. Во рацете тој носеше една гуска; со едната рака тој ја држеше за нозете, коишто се врзани, а другата рака ја ставил под нејзиното тело, за да не се измачува животното кога би го носел за нозете, со главата надолу. Тој помина покрај нас, и гуската со исправена нагоре глава, гордо не изгледува. Морнарот внимателно ја става на масата гуската и седнува спроти неа, откако истовремено порачува две пива. Келнерот ги донесе пивата и ги стави на масата пред него. Морнарот ја стави едната чаша пред гуската, ја зеде другата, ја чукна со првата и отпи од пивото. Бидејќи гуската не го направи истото, тој ја фати за вратот и и го пикна клунот во нејзината чаша. Глупаво животно е гуската - не пие пиво, а и во воспитувањето нешто и недостасува - таа прави најголеми напори за да се ослободи од благородните грижи на сер Џон и штом тој и го ослободи вратот, таа си ја извади главата од чашата и си го истресе клунот. Тоа се повтори неколку пати - додека морнарот си го испи пивото. Како резултат на последното истресување на клунот, Англичанецот ја зеде гуската, отиде со неа до вратата, ѝ ја откина со раката главата и го фрли обезглавеното животно на земјата, надвор од локалот. Потоа се врати, го плати пијалакот и си замина, без да го погледне убиеното од него животно, кое прета и се мачи во смртна агонија... Цариград е град на противречности, кои суштествуваат едно до друго во најблиско соседство. Раскошните дворци и првокласните хотели како Пера-Палас и Хедивал Палас, опкружени се со пусти места и улици со кал до гуша и со купишта одвратни ѓубришта. Со Милев ние ја набљудувавме следната сцена: некаков туѓинец пристигнал со возот на железничката станица Сикерџи и изнајмил пајтон да го однесе него и багажот - во хотелот Пера-Палас. Пајтонот загазил длабоко во калта на 20 чекори од влезот на хотелот. Пајтонџијата напразно ги шиба коњите, тие се напрегаат, но не можат по угорнината да го извлечат пајтонот од калта - густа, мазна, леплива кал. Странецот треба да слезе и пешки да отиде до хотелот. Тој станува од седиштето, стапнува на стапалото, со ужас гледа ту во своите нозе обуени во лакирани чевли, ту во калта под него и со висок глас повторува: - Mon Dieu de mon dieu! Quelle horreur! Quel malheur!17 По преполнетите со луѓе улици се тркалаат трупови на умрени мачки, кои се распаѓаат и шират наоколу одвратна смрдеа, заедно со најфините мириси од околните парфимериски дуќани. Цигани-мечкари карнобатско производство, ги разигруваат своите мечки по улиците на најгусто населените квартови, на пример, во Тарла Баши. Од околните куќи на прозорците се покажуваат лицата на жените и децата што таму живеат, кои живо разговараат и покажуваат кон животните. - Аркуда! Аркуда! Дес ти мегали ине!18 17 Ах, Боже мој! Каков ужас! Каква несреќа! 18 Мечка! Мечка! Гледај колку е голема!
48
Тешките животни, тргани од синџирите, врзани со алките, протнати низ нивните ноздри, исправени на задните нозе, потскокнуваат во такт со звуците на дајрињата и на засипнатите гласови на мечкарите, кои думкаат и пеат на бугарски: - Ај, Димитро ле, Русокосо девојче!... И кучиња, кучиња, кучиња! Бескрајно многу кучиња, кои налегнати по тротоарите како аги, или клекнати на своите задни нозе, се чешат со муцките по стомакот и по задниот дел на грбот. Нечисти, кални, покриени со рани од краста по кожата, тие се господари на цариградските улици. Минувачите внимателно ги заобиколуваат, за да не предизвикаат огорченост на Турците со расипување на нивното спокојство заштитено од полициската власт. Кучињата од разни делови на улиците - од свијок до свијок - формираат нешто како задруги. Секоја од овие кучешки задруги го има за претседател најкрупното и силно куче, во кое е концентрирана целата кучешка власт - судска и извршна. Приквечер сите кучиња од задругата одат да ги растураат купиштата ѓубре, за да се хранат, при што се запазува постојано следниот ред: претседателот допушта да се најадат малите кучиња; по нив - бремените кучки; и најпосле - сите други кучиња, кои со р’жење и касање си ги оспоруваат едно на друго подобрите парчиња храна. Се случува некое многу изгладнето куче да го наруши редот во време кога е ред на малите кучиња или на бремените кучки. Претседателот веднаш се спушта, го фаќа нарушителот за вратот, го соборува на земја и безмилосно ги зарива своите заби во неговото тело. Цариградските кучиња се големи патриоти, поголеми од бугарските офицери: тие ревносно ја чуваат својата родна територија од туѓо посегање. Во време на нашите скитања низ градот, еднаш со Милев по Војвода сокак го набљудувавме следното: Седната во еден раскошен пајтон, некаква дама од високото општество одеше нагоре кон Пера. Таа во прегратките држеше едно мало кадраво кученце, закитено со син ѓердан околу вратот. Уличните кучиња сите заедно, со силен лаеж, се спуштија да ги касаат коњите по нозете или потскокнуваат да ги касаат по ноздрите, за да го сопрат пајтонот и да му го растргнат кожувот на тој минијатурен и зол благородник, кој се осмелуваше да помине преку нивната територија. На тој начин тие го следеа пајтонот до свијокот којшто беше граница на нивната татковина. Откако пајтонот го помина свијокот, тој го покрена силниот протест на кучињата, на чијашто територија беше навлегол. Гладните цариградски кучиња му обезбедуваат опстанок на еден посебен цариградски сталеж - собирачи на кучешки кожи. Со едно мало кошче на грбот и со едно стапче, расцепено на долниот крај, тие ги обиколуваат улиците. Со расцепениот крај на стапчето тие ја фаќаат
49
мршата, ја помирисуваат за да се уверат дали е кучешка и ја пуштаат зад грбот во кошчето. Со своите кожи цариградските кучиња - така да се рече - ѝ даваат храна на кожарската индустрија во Јужна Франција, која го произведува прочуениот француски ѓон. Подоцна - во текот на 1908 година - кога ја зеле власта во Турската империја, Младотурците го очистиле Цариград од кучињата, а кожарската индустрија во Франција доживеала голема криза поради недостигот на кучешки кожи. Таа од оваа криза се созеде дури откако ги замени со танин добиван од Кебреко (Quebracho Colorato) - едно дрво кое расте во Централна Америка; и со катекју (Catechu) екстракт од разни индиски растенија. Секоја вечер, на смрачување, во целиот Цариград - од Бјујук дере до Сан Стефано, од Едерне капу до Сиркеџи и од Ејуб до Галата во европскиот дел на градот, како и по Азијатскиот брег од Кад’х ќој до Бејлер беј - започнуваше општо кучешко лаење, виење и р’жење, кое јасно се издигнуваше и се разликуваше од општиот вриеж на големиот град. Со кошови на грбот и во раката со дрвен стап, чијшто крај завршува со железна остра кука, собирачите на ветви работи излегуваа да ги растурат натрупаните купишта на ѓубре. И овде, по овие купишта со смет, започнуваше војната меѓу цариградските кучиња, кои во животинскиот род Canis familiaris го заземаат рангот на беспримерни пролетери во човечкото општество , и меѓу собирачите на ветви работи, кои својот леб го печелат од сето тоа што станало непотребно за другите луѓе. Уште пред ветошарот да наближи до купиштето смет, кучињата со силен лаеж го заобиколуваат и му се нафрлаат да го касаат. Железната кука се врти околу него во круг и кога ќе закачи некој од четириножните напаѓачи, тие со квичење отстапуваат и одново се нафрлаат. Вртејќи го својот стап и бранејќи се од кучињата, ветошарот полека буричка по купиштето смет и со кука го прибира во кошот што го носи на грбот, сѐ што може да има што и да е - макар и ништожна вредност: памучни, волнени или свилени партали, парчиња книги или картон, железни или дрвени парчиња, тапи, скршени стакла, остатоци од храна и слично. Откако пробере што ќе најде во еден куп смет, ветошарот го остава другото на кучињата и оди на друг куп. По првиот доаѓа друг ветошар, за да го прибере она што првиот го оставил како неискористено. По вториот доаѓа третиот ветошар - и така натаму, додека во купиштето не остане ништо што би можело да се искористи на било каков начин. Тоа разривање на купиштата смет трае 1-2 часа. За сето време кучешкиот лаеж и вриеж продолжува. Најпосле ветошарот се прибира и кучешките протести стивнуваат. Во ниеден друг град во светот не се случуваат толку многу пожри како во Цариград. Куќите во повеќето од густо населените квартови, како Татавла, Фондуклу, Вланга, Хаској, Ејуб и други се изградени целос-
50
но од дрво. Ѕидовите им се направени од дабови талпи, исушени, испукани и поцрнети од времето и чекаат само една искра, па да пламнат и да изгорат. Тие се високи - повеќето на четири ката, залепени една до друга и една над друга, поради стрмниот терен на кој се изградени. Многу често се среќаваат дрвени куќи, чиишто кратови се состојат само од една соба и степениште, такашто тие повеќе личат на гулабарници, отколку на човечки живеалишта. Улиците се тесни, криви, стрмни, поради што по нив не може да се движи кола. Кога - поретко - се случи да има пожар дење, тој обично не зазема големи размери, затоа што луѓето се будни и успеваат - по изгорувањето на неколку десетици куќи - да го ограничат пожарот.
ОПАСНИ НОЌНИ ПОЖАРИ Ноќните пожари се многу почести. Тие се случуваат речиси сеќоја ноќ, но некогаш и по неколку во една иста ноќ. Обично тие заземаат големи, чудовишни размери, бидејќи ги изненадуваат заспаните жители, кои истрчуваат во паника. Така, на пример, пожарот во цариградскиот кварт Хаској, на Златниот рог, којшто го набљудував во текот на една мајска ноќ 1900 година од Ќучук Мезаристан, проголта 5.000 куќи. Вревата од пискотниците и викотниците околу тој чудовишен пожар достигнуваше до мене на растојание од 8 километри, колку што ме делеа од местото на пожарот. Во тоа време, кога во Цариград немаше телефони и електрично осветление, цариградските граѓани беа предупредувани за појавените ноќни пожари на еден специфичен, чисто средновековен начин, многу брзо за тоа време. Вие си легнувате во креветот, ве разбудува силниот вик на ноќниот чувар, кој трча со сите сили по улиците и вика: - Тарлà-Баш'нда, Сак’з-Агач’нда јанг’н в-а-ар!19 Вие скокате од креветот, го отворате набрзина прозорецот и прашувате: - Бегчѝ! Јанг’н нѐрде?20 - Тарлà-Баш'нда, Сак’з-Агач’нда јанг’н в-а-ар - анад’нму? Тарлà-Баш'нда, Сак’з-Агач’нда - анад’нму?21 19 Во Тарла Баши (кварт) на сак’з агол има пожар! 20 Чувару каде е пожарот? 21 Во Тарла Баши, на Сак’з агол има пожар - разбра ли?
51
И ноќниот уличен чувар, продолжувајќи да трча со сите сили натаму, сѐ со така силен глас кажува каде има пожар. Тој така трча до границата на својата полициска станица. Чуварот на соседната полициска станица, кој уште со првиот вик на својот колега дознал за местото каде е пожарот, на истиот начин го предава поиатаму. Така, пренесуван од чувар на чувар, за неколку минути сите цариградски граѓани од Ејуб до Сирекџи и од Сан Стефано до Бјујук дере - дознаваат во кој кварт и во која улица има пожар. Освен централната, општинската градска пожарна команда, снабдена со модерни противпожарни апарати, која се појавува само на овие улици, кои поради малиот наклон и својата ширина се достапни за кола и добиток, во Цариград постоеја и таканаречените маалски пожарни команди, формирани по иницијатива на граѓаните и во кои дежураа по ред сите граѓани на одреден кварт. Во случај на пожар тие доаѓаа боси, лесно облечени - само со кошули и бели гаќи. Еден од овие доброволципожарникари го носеше на рамо металниот крај на пожарното црево, друг - по него - го префрлил преку рамо цревото; четворица - со поставени на нивните рамиња четирите краеви на носилката, врз која беше поставена пожарната помпа. По помпата, во две редици следуваа 15-20 пожарникари-пешаци. Оваа поворка се движеше брзо, со засилено трчање кон местото на пожарот и се завршуваше со еден полициски старешина, јавнат на коњ и од суријата улични кучиња, кои со лаеж и виеж ја придружуваа пожарната поворка до границата на нивната кучешка татковина. Во тоа време, освеи старите византиски водоводи, во Цариград недостигаше модерна градска водоинсталација. Во градот -општо земено не достигаше вода и таа се продаваше во големи 50-литарски балони или по куќите се разнесуваше со саки. Во такви услови, не може со сигурност да се зборува за некаква полза од овие маалски пожарни команди, ако не се смета за полза ограбувањето на испразнуваните и уривани живеалишта, на кои им се закануваше огнената стихија која наближуваше. Едно, меѓутоа, е сигурно - овие пожарни трчечки поворки внесуваа една своевидна разновидност на животот на улиците и претставува весел настан за уличните кучиња, чијшто лаеж не беше злобен, а р’жењето им беше р’жење на задоволни и весели бездомници. Цариградските ноќни чувари се прилично многуброен сталеж, со свој особен начин на живот, со свој начин на однесување и со свои вековни традиции. Тие се суштински елемент за материјалната безбедност на цариградските жители, особено на оние од нив, чиишто дуќани се наоѓаат во трговските делови на градот. Според старата традиција, после 12 часот по турски (по залезот на сонцето), забрането е да се оди низ улиците на Стамбулчаршиси. Расправаат за следната случка:
52
Пред околу 200 години, султанот Сулејман, со една мала свита, посакал да се прошета низ улиците на оваа чаршија по заоѓањето на сонцето, но бил сопрен и вратен назад од ноќниот чувар. Наредниот ден чуварот бил доведен во дворецот кај султанот. - Како се осмели ти да ме вратиш мене, владетелот на целата империја? - строго запрашал султанот Сулејман. - Падишах’м! - одговорил чуварот - ти владееш со целата империја за целото време на денот и јас не ги оспорувам твоите права на владетел. Меѓутоа, ноќум - според законот и обичајот - јас владеам со Стамбул чаршиси. Како можеш ти да ги оспориш моите права на владетел и извршител на законите, коишто ти си ги создал? Чуварот бил ослободен да си ја извршува својата работа, како што правел и дотогаш. Доцна е. Поминало 4 часот по турски. Вие се враќате од “Конкордија” или од “Одеон” по операта. Пред вас излегува ноќниот чувар облечен во својот јамурлук22, со долгиот стап, чијшто долни крај е опкован со железо. Тој со целата сила удира четири пати со стапот по калдрмата и потоа го остава долниот крај да се повлече по него: -Так! Так! Так! Так! Др-р-р! - Господине! Доцна е веќе! Минува четири часот! Прибирајте се дома! Ами цариградскиот “Чапк’н бејгири”23 - каде го има на друго место под сонцето? Тоа е чисто цариградски специјалитет - за еден-два часа во неделата да Ви посее илузија дека сте од високото општество - на Вас, скромниот продавач од некоја продавница, Вие којшто сте добро облечен, млад, здрав, убав, но имате голем недостаток што сте фукара и што Вашите вкусови и предности немаат ништо заедничко со содржината на Вашето ќесе и со Вашата општествена положба, која е повеќе од скромна. При крстосувањето на големите улици во Пера (на пример, кај Галата сарај, при пресечувањето на улицата “Сакз агач” со улицата “Кордела”, или таму каде што улицата “Тарла баши” излегува на плоштадот кај Таксим) чекаат оседлани и зауздени коњи, држани за поводилата од коњари - за секој коњ и коњар. Вие го вадите портмонето, вадите два черека (околу 2,30 златни лева) и му ги давате на коњарот. На тој начин Вие добивате право да го јавате коњот еден час. Коњарот ги зема парите, го префрлува и врзува поводилото околу вратот на коњот. Ви помага да се качите и Ви ги наместува нозете во узенгиите. Потоа, ако го терате во одење - поаѓа со Вас, одејќи стапка по стапка од левата страна на коњот, ставајќи ја дланката на десната рака врз коњската задница. 22 Горна долга, дебела облека. 23 Кенкарски коњ.
53
Седнат на седлото, со нозете во узенгиите, Вие сте си го исправиле телото, одите по средината на улицата и гордо ја гледате онаа толпа од презрени пешаци, кои во густата навалица се движат по западниот тротоар на главната улица, која води од Галата сарај до скалите на Јуксек калд’р’м. Зашто кога ја прават својата вечерна прошетка по оваа улица, цариграѓани се движат само по западниот тротоар, каде што човек тешко може да се размине, тогаш, кога источниот тротоар е сосема пуст, без жива душа по него. Вие сте се исправиле гордо на седлото, но тоа блиско присуство на коњарот и неговата рака положена на коњската задница, Ве притеснува. Вие сакате да се ослободите од таа блискост, која така да се рече - го нарушува вашето достоинство на благородник - јавач и го подгонувате коњот во кас. Коњарот се сопира за момент, се наведнува, ги собува чевлите, ги зема, ги става под левата мишка и почнува пак да трчи, го настигнува коњот и пак ја поставува својата десна рака на неговата задница. Доаѓате до Таксим, каде што навалицата не е толку голема и каде што - од Таксим до Шишли - улицата е широка и права. Вие пак се обидувате да се ослободите од блискоста на коњарот и го пуштате коњот во галоп. Попусти обиди! Коњарот си плукнува здраво на нозете, се втурнува со сета сила истовремено со коњот, ставајќи ја - како и досега - својата десна рака на колкот на коњот. Вие и потоа можета да галопирате, можете да го изморите коњот, дури и целиот да се запени, но не ќе успеете да се ослободите од коњарот. Вие сакате да се претставите на Вашата симпатија или на нејзините родители таков, каков што не сте во секојдневието, а всушност, тие добиваат точна претстава за Вашата материјална и духовна беда. Често се случува цела група од млади луѓе да изнајмат коњи за јавање и да галопираат од Таксим кон Шишли. Коњарите - секој до својот коњ - трчаат со сета сила до нив, па се добива впечаток, дека јавачите ги украле коњите и бегаат следени од сопствениците. Во такво едно галопирање, привлечени од движењето, цариградските улични кучиња се затрчуваат по “тајфата” со лаеж и виеж - слика, каква што може да се види само во Цариград. Во текот на времето што го поминав во Цариград, едно утро на аголот каде што се соединуваат улиците “Јуксек калдар’м” и “Војвода сокак”, пред полициската станица „Галата сарај”, го набљудував следново: Еден стар Турчин, облечен во темносино џубе24, со бела како снег, кратко потстрижана брада, со многу чесна физиономија, под левата мишка носеше десетина топли рамазански пити. Со десната рака тој кинеше залаци од питите, кои сѐ уште чадеа и ги фрлаше на уличните 24 Горна облека. слична на мантил.
54
кучиња, кои го беа опколиле од сите страни и со жеден поглед ги следеа сите негови движење. Религиозно настроен, со израз на големо милосрдие во погледот, тој бавно врвеше надолу по улицата и ги хранеше уличните кучиња. Тој правеше “себап”25 за спасение на својата душа. Мојата повредена нога почна пак да ме вознемирува, особено откако требаше да скитам по цели денови низ Цариград. Над Горенци јас ја бев очистил од црвите и оттогаш наваму редовно ја промивав и ја налагав раната со добро измиени лисја од ела (Аlnus glutinosa). Раната, меѓутоа не зарасна целосно, иако не ме болеше. По околу два месеца погоре се појави нова рана, која, исто така, не ме болеше и покрај тоа што се зголемуваше. Пред моето заминување за Цариград, се појави трета рана што не ме болеше уште погоре, на писката, која исто така почна да се зголемува. Овде, во Цариград, се појави четврта рана уште погоре. Целата десна нога, меѓу коленото и глуждот, се покри со рани, кои не ме болеа; од нив не течеше крв; тие не зараснуваа, туку се покриваа со темножолта кора, по чиешто лупење стануваа поголеми. За да не ми пречат на одењето и за да не ги дразнам, јас ги мачкав раните со вазелин, ставав одозгора памук и ја завиткував ногата со завој од петицата до коленото. Тоа зголемување на бројот на раните и нивните димензии почна силно да ме вознемирува. Моето неспокојство се засили кога едно утро констатирав дека една слична рана се појавила над глуждот на левата нога. Решив да се советувам со некој лекар. Вазелинот, памукот и завојот ги бев купил од романската аптека, која се наоѓаше на “Јуксек калдар’м”, спроти кафеаната “Елпис” каде што при доаѓањето во Цариград го бев оставил Марко Попеску да ме чека со отворена табла пред него. Аптекарот, Романец од Тулча, зборуваше бугарски подобро и од мене. Еден ден отидов во аптеката и го замолив аптекарот да ми препорача некој лекар. - Лекар? Не би можел да препорачам подобар лекар од доктор Федер - и тој ме претстави на еден господин, кој беше седнал до бирото на аптекарот и прелистуваше некакво илустрирано списание. Д-р Федер беше, исто така, Романец, од романска Добруџа и зборуваше многу добро бугарски. Тој беше 30-35-годишен човек, висок, тенок, елегантно облечен, избричен, со сиви, костенливи очи и мустаќи со иста боја. Јас ја запрегнав едната ногавица од панталоните, го одвиткав завојот и му ги покажав раните. Тој ги прегледа и опипа внимателно и ме запраша: Ве болат ли? Не ме болат. Каде сте биле годинава преку летото? 25 Добрина.
55
Овој човек на најприроден начин како да бркна во најскриените мои мозочни вијуги. За да го обмислам одговорот, јас го запрашав: Зошто прашувате? - Затоа што преку летото сте се храиеле исклучиво со месо. Не сте употребувале никаква растителна храна. Јас го потврдив она што го рече тој, откако му раскажав една измислена приказна, дека за време на распустот, неколкумина ученици од Пловдивската гимназија летово сме го поминале под шатори во Котленската планина и дека таму сме се хранеле со месото од овците, кои сме ги купувале од овчарите, чиишто стада таму пасеа по пасиштата... - Така, значи. Вие сериозно сте заболеле. Ќе Ви препишам една маст, за да ги намачкате раните, коишто ќе ги промивате и преврзувате како што сте правеле и досега. Но, најбитно е да се храните исклучиво со растителна, по можност сурова храна. Овде, во Цариград, во текот на зимата постојано има пресен зеленчук во изобилство: спанаќ, репички, салата. Ќе се храните со зеленчук, по можност во сурова состојба. Во тоа време не постоеше и не беше формулирана теоријата за витамините. Од тој момент, до конечното оздравување на раните, јас се претворив во тревопасно животно и се клукав со разни зеленчуци во сурова состојба. Во секој случај, едно е вистина - нови рани престанаа да се јавуваат, а оние, кои дотогаш постоеја, почнаа бавно да заздравуваат и по два-три месеци целосно оздравеа. Ова веројатно беше во текот на еден од првите денови на јануари 1900-та година, околу пладне. Јас работев во печатницата и занесен во набирањето - не бев забележал дека некој влегол во печатницата и отишол кај Нанчо во собичката. По извесно време Нанчо ја отвори вратичката, покажа со главата и ме повика: - Илија, дојди за малку! Јас го оставив компасот врз масата и отидов во собичката. Освен Нанчо, кој стоеше исправен до вратата и чиишто усни потреперуваа, таму затекнав уште еден господин, околу 40-годишен човек, со среден раст, сиви очи, црвеникаво лице, дебел врат и костенлива коса. Тој не носеше колосана јака и беше облечен во алишта од сив шајак, сошиени без вкус, поради што целата фигура му изгледаше дебелка. Тој, исто така, беше исправен и во моментот кога влегов, во внатрешниот џеб на палтото ставаше некаква книга.
56
ОБИД ЗА УБИСТВО - Илија, слушај што ќе ти каже господинов! - рече Нанчо и фати да прелистува некакви ракописи, откако не остави да се расправаме со новодојдениот. Ракописите почнаа да потскокнуваат во неговите раце. - Што сакате , ве молам? - Јас се викам Стоил Миров, член сум на Одринската Организација. На господин Калчев му ги дадов да ги прегледа моите книги. Добив наредба од раководителот на Организацијата, Лазар Димитров: преку господин Калчев и неговите луѓе, да го организирам убиството на двајца, кои се наоѓаат во Цариград, а кои биле многу опасни за Организацијата. - Кои се тие луѓе, ако може да знам? - Некој си Мерџанов и Манџуков. Јас одвај успеав да го сокријам веселото расположение, кое ме обзеде при помислата, дека Неговото Величество Случајот сакаше да ме направи соучесник во проектот за убиството на мојата сопствена персона и дека пак по негова желба требаше да го разурнам овој проект. Цветко и Аџијата беа долу на стража, на влезот во Кавафијан ан. Јас му реков на Миров: - Ве молам дојдете за малку со мене! Јас ја отворив широко вратата на канцеларијата, најучтиво му отстапив место да помине прв, а потоа, исто така учтиво, му ја покажав излезната врата на печатницата и, следејќи го стапка по стапка, му ги покажав скалите по коишто слеговме до излезот на зградата. Кога, следен од мене, Миров излезе на улицата, јас им го посочив на седнатите пред вратата градинари и реков: - Аџи! Али го видиш овој човек? Ако вечерва, до 3 часот алатрурка, не се стори деф од Цариград, ќе го ликвидирате! Стоил Миров, зачуден и изненаден, се сврте кон мене, но цветко и Аџијата веќе беа станале и, со кошовите на грбот, се беа исперчиле меѓу нас. Миров се загледа, за миг се поколеба и потоа тргна нагоре кон Јуксек калдарм. Двајцата градинари, со кошовите на грбот, тргнаа сосема блиску по него, нудејќи му го на двете уши својот зарзават: -Таазе марула! Таазе сован! Таазе сармусак!26 Ова следење толку од близу му се видело многу непријатно на одринскиот работник во Организацијата и тој правел безуспешни обиди да се ослободи од него. На неколку наврати тој влегувал во разни дуќани божем нешто да купува. Градинарите седнувале пред дуќаните “да одморат” и по неговото излегување продолжувале да му го нудат во ушите својот зарзават. Така тие го следеле до гостилницата, каде што влегол за да вечера. Најпосле, откако видел дека пред одреденото време 26 Пресна салата! Пресен кромид! Пресен лук!
57
нс ќе може да им се измолкне, тој поминал преку мостот Кара ќој, отишол на железничката станица Сирекџи, си купил билет и со вечерниот воз си заминал за Одрин. Веднаш штом оваа тројка се затскри зад аголот на улицата, јас се качив кај Нанчо и му раскажав што се случило долу кај вратата на Кавафијан ан. Тој се смири и усните престанаа да му треперат. Потоа излегов од печатницата и набргу се упатив кон ресторанот “Хаџопуло”, бидејќи беше пладне и јас сакав да го затечам таму Мерџанов. По ручекот ние се упативме кон неговиот стан на Сак’з агач и по патот му кажав што се случи во печатницата. - Најинтересното, така да се рече, клинот - во целата оваа приказна за нашите личности, е тоа - и турската Влада и Македонската организација применуваат исти методи и вложуваат исти напори за да се отарасат од нашите физички личности... Мерџанов шеташе низ собата и гласно размислуваше: - ... А од тоа произлегува, дека не нашите личности, туку нашите идеи на анархисти претставуваат голема, иста опасност како за Отоманската империја, така и за Македопската организација... И двете имаат една и иста цел - власта, и еден и ист непријател - идеите за вистинска, дејствувачка слобода... Сосема природно е што вложуваат исти напори и применуваат исти методи, за да ја задушат идејата за вистинската слобода... Ако се расудува логички и ако се има предвид, дека освен идентичните цели на султанот Хамид и на Солунскиот Македонски синедрион, алчноста на Организацијата за парични средства е незаситна - и зошто да не може да се допушти, дека - откако ќе не убие - што ќе ја чини да направи да се утврди нашиот идентитет и со посредство на пекое подметнато лице, да ја добие од турската влада ветената награда од 10.000 лири за пашите глави?... Практична последица од благонаклонетоста на Неговото Величество Случајот, којшто не предупреди од новата опасност, е - да и парираме на ВМРО... Одненадеж тој се запре на средината на собата... - Еурека!27 - рече тој - веднаш ќе му напишам на Орце во Солун и ќе му го раскажам ова што се случи денес, па тие да преземат соодветни мерки. Треба да забележам, дека уште во почетокот на септември 1899 година, Мерџанов се беше јавил преку Орце (Јордан Поп Јорданов) до формираниот од него анархистички кружок во Солун. Писмото беше испратено по австриската пошта преку Гоце Чангов, родум од градот Кукуш, по занимање мајстор за правење на цигари и чибуци, кој бил член на Солунскиот анархистички кружок што го формирал Мерџанов. Од своја страна, Орце беше одговорил на ова писмо. Својот одговор тој го 27 Еурека' - Открив! (восхитот на Архимед, кога во бањата го открил законот за специфичната тежина на телата).
58
беше испратил пост-рестант, исто така преку австриската пошта. На тој начин кон средината на декември 1899 година беше воспоставена врска меѓу нас. Мерџанов писмото до Орце го испрати уште истиот ден. По 3-4 депа од одговорот на Орце го дознаваме следното: Следниот ден откако го добил писмото од Мерџанов, Орце отишол кај еден од членовите на Централниот Комитет на Внатрешната Македонска Организација - ако не ме лаже умот, кај Христо Матов. Откако му кажал дека му е познато за тоа дека Организацијата во Цариград испратила некаков емисар да го организира нашето убивање, Орце му рекол: - Ние ве знаеме и ве познаваме сите вас, кои го сочинувате Централниот Комитет на Организацијата. Вие нѐ не знаете кои сме и колку сме. Ако по втор пат се обидете да организирате убиство на било кој од нашите истомисленици во Цариград, ќе ве испотепаме сите до еден! По оваа декларација Орце си излегол. Организацијата потоа не се осмелила да го повтори обидот со Стоил Миров и нѐ остави на мира. Двата моста врз Златниот рог - Караќој ќупрусу и Зајтун ќупрусу се потпираат не врз ѕидани столбови, туку врз грамадни шупливи метални цилиндри, чијашто горна површина е плосната; тие пливаат по водата и - соединети со горната конструкција на мостовите - ја играат улогата на столбови. За одредено време, околу полноќ, и двата моста се креваат, за да се пуштат гемиите, коишто сакаат да влезат во Босфорот и Златниот рог или кои сакаат да излезат од него. Секој од шупливите цилиндри е подолг за околу 5 метри од широчината на мостот, така што краиштата му се подаваат со по околу 2 метра настрана од него. Две недели пред денот Харк’х-и-шериф власта почна да презема безбедносни мерки, за да спречи евентуален атентат врз личноста на султанот. Од први јануари 1900 година, до вечерта по празникот, мостот Караќој не се отвораше ноќум за да ги пропушта гемиите. Од двете страни на овој мост, врз подадените краишта на металните цилиндри, беше поставен по еден војник - стражар, чијашто задача беше да набљудува и да следи под мостот да не биде поставена некоја пеколна машина. Како што реков и порано, од сопствениците на куќи и дуќани, кои се наоѓаа по главната улица на Галата и на плоштадот пред мостот Караќој, а исто така и на оној остаток на мостот во Стамбол, каде што се претпоставуваше, дека ќе помине султанската поворка, полицијата земаше писмена, надлежно заверена гаранција, дека изнајмувачите на нивните живеалишта и дуќани се мирни и политички исправни граѓани, одани на падишахот и власта и дека тие - споствениците - прифаќаат да бидат земени за лично одговорни за дејствата на своите потстанари.
59
Во текот на ноќта на 13 и 14 јаиуари, илјадници натоварени коњи, со по две кошчиња на самарите, носеа ситен морски песок, со кој го постилаа со слој дебел околу 40 сантиметри целата должина на главната крајбрежна улица од Илд’з ќошк до мостот Караќој, самиот мост и во Стамбол - улицата од мостот до вратата на џамијата во која се одвиваше поклонението на Мухамедовата мантија. Подгонувани од коњарите со викања и камшици, коњите одеа во кас, натоварени со песок. Со камшици и пцости полициските старешини, кои ја надгледуваа работата, го распостилаа песокот. Откако - на одредено место - улицата бидуваше послана со определепа дебелина со песок, доаѓаа коњи, натоварени со саки, полни со вода, за да се полее направената песочпа постилка. Сѐ беше во движење, брзо, лудо движење, во текот на кое камшиците непрекинато се извиваа, фијукаа и се стовараа по задниците на коњите, по главите, вратовите, рамењата и грбовите на работниците. Кога се раздени, движењето престана - целото место, по кое се претпоставуваше дека ќе помине султанската поворка беше послано со дебел слој мокар ситен песок. Власта беше спокојна - кога би била фрлена бомба, која експлоадира на удар (какви што биле употребувани од нихилистите во 1881 година при убиството на рускиот цар Александар II), таа не би можела да експлоадира. Дваесет и четири часа пред Харк’х-и-шериф секакво движење на бродови, гемии и кајчиња по Златниот рог и по Босфорот беше забрането. Укотвените бродови и гемии дремеа како да беа напуштени од своите екипажи, а кајчињата беа извлечени по бреговите. Делови од војската и цивилната полиција почнаа да си ги заземаат местата уште пред разденувањето на 14 јануари 1900 година, петок. Војниците одеа во строј, со музика на чело, се раздвојува и потоа образува густ троен шпалир од двете страни на улиците, по кои се предвидуваше дека ќе помине султанската поворка. Најнапред, на по едеп лакт растојание меѓу нив беа наредени пешадинците. Зад нив, во шах-мат ред, така што да се образува жив човечки ѕид, исто така на по еден лакт растојание меѓу нив, беа морнарите. Зад нив, јавнати на коњи, со копја држани вертикално, беа коњаниците - копјеносци со развеани црвени мали знамиња на врвот на копјата. Цивилната полиција, која во тоа време во Цариград броеше 120.000 души, беше целата собрана околу улиците, по кои се предвидуваше да помине султанот и се тискаше зад тројниот шпалир од војници. Таа - ова толпа од детективи - беше “народот”, на кого - еднаш во годината падишахот се смилуваше да ја покаже својата светла личност. Вооружени со по еден “Булдог” наполнет со 5 патрони, по стрмната улица јужно од Ени чарши сокак, ние со Мерџанов се упативме кон Галата за да излеземе на главната улица и да ја пресретнеме султаиската
60
поворка. На стотина чекори зад толпата детективи, двајца полициски старешини ја заградуваа улицата по која слегувавме и ги враќаа назад љубопитните граѓани, откако посомнителните од нив ги предаваа на деврието28 да ги одведе до полициската станица. Тие не му дозволија на Мерџанов да продолжи кон толпата хафиети29, која се наоѓаше на крајот на улицата зад шпалирот на коњаниците. Јас, меѓутоа, бев пропуштен. Веројатно мојот изглед на 14-15 годишно момче (јас бев многу младолик) не побудуваше кај нив никакво сомнение. Ние со Мерџанов се разделивме: јас продолжив да слегувам по главната улица на Галата, а Мерџанов остана таму, каде што го беа запреле. Уште кога зачекоривме по улицата, за да одиме на Галата, далеку откај североисток се слушна врева од музика, биење на барабани и извици на илјаден народ, заглушувани од чести топовски грмежи. Оваа врева се приближуваше и засилуваше сѐ повеќе. Кога се приближив до хафиетите, наблизу грмна воена музика, која го свиреше “Џезирет маршот”. Војниците, кои ги беа ставиле пушките “за почест”, стоеја како вкопани. - Падишахз’м чок јаша-а-а!30 Овој извик, пренесуван од војската и толпата на лево, се разлеваше од грлата на војниците и толпата, која беше пред мене и кон која брзо се приближував.
КАКО ДА СЕ ЛИКВИДИРА СУЛТАНОТ Од височинката каде што бев, далеку околу стотина метри од главната улица на Галата, јас ја ѕирнав затворената кочија, впрегната од два чифта чистокрвни бели арапски коњи, кои трчаа во бесен галоп и со задните нозе фрлаа назад облаци од мокар песок. Покрај кочијашот, напред на кочијата беа седнале двајца јавери31, облечени во потури, елеци и чепкени32 од сина чоја, целата извезена со златна срма. И јаверите и кочијашот целите однапред беа покриени со исфрланиот од под копитата на коњите влажен песок. Одзади на кочијата, исто така, беа седнале двајца јавери во исто таква облека од златеста сина чоја. Прозорците на кочијата беа отворени. Внатре во кочијата ја видов седната - фигурата на еден сув, висок човек, облечен во црно џубе 28 29 30 31 32
Патрола од неколку војници под команда на полициски старешина. Цивилен полициски детектпв. Нашиот цар да живее многу години! Телохранител, слуга. Ракав што виси на горна турска куса облека.
61
многу скромна облека во споредба со раскошните облеки на јаверите и кочијашот. Лицето на оној што седеше во кочијата беше бледозеленикаво, долгнавесто, со кратко потстрижена прошарана црна брада и исто такви мустаки, чиишто краишта се сливаа со брадата. Носот врз тоа лице беше голем, грбав и потсетуваше на клунот на граблива птица. Тоа беше султанот Абдул Хамид Хан Втори, заменикот на Прокоророт, Божјата сенка на земјата. Султанот Хамид ја наведпуваше со благонаклоност главата надесно и налево и на овациите одговараше со темане33, откако при секое наведнување ја поднесуваше десната рака од устата кон челото. Кочијата како стрела го пресече напречно видикот пред мене. Во исто таков бесен галоп на чистокрвните арапски ждрепци, следуваше и одделувањето на султапската коњичка гвардија. Поворката беше толку далеку од мене и така брзо помина, што беше незамисливо да го ставам во дејство мојот несреќен “Булдог”. Воден од надежта дека можеби на враќање ќе ми се пружи можност да го извршам атентатот, но и од љубопитство, јас продолжив да слегувам кон Галата. Откако помина султанската кочија, во лесен кас се заредија покриените кочии на султанскиот харем, со затворени прозорци и спуштени завеси. Кочиите беа впрегнати со по еден чифт црвени арапски жрепци. На предното седиште, покрај кочијашот, седеа по двајца црни евнуси34 во раскошни со злато опшиени чоени алишта. Повремено, некои од завесите на прозорците се подотвораа и тогаш, преку тенкиот како пајажина јашмак35, се мернуваше - како волшебна глетка - љубопитното лиценце на некоја од оние што седеа во кочијата. Тогаш можеше да се забележи, дека во секоја кочија седеа по четири млади и убави жени. Јас почнав да ги бројам кочиите и кога сите кочии поминаа, бев изброил 120 кочии, во кои султанот Хамид го носеше своето семејство на поклонение пред мантијата на Пророкот. Воените музики продолжуваа да свират турски маршеви, а топовските грмежи продолжија да го растресуваат воздухот и по поминувањето на султанскиот харем, кога овациите стивнаа. Надзорот почна да слабее и јас, провирајќи се зад шпалирот од коњаници, успеав по главната улица да стигнам да плоштадот пред мостот Караќој. Штотуку стигнав до мостот, слушнав продолжително свирење на бродска сирена: откако го извршил поклонението пред мантијата, султанот Хамид излегол од џамијата, дошол со кочијата до брегот на Златниот рог, а оттаму се качил во својата сопствена јахта, која го чекала на брегот и која, по качувањето на султанот, во полна брзина и со непрекинато свирење на сирената, го враќаше назад во Илд’з ќошк. 33 Турски начин на поздравување. 34 Кастриран прислужник или надзорник на храм. 35 Коприна со која турскпте жени си го покриваат лпцето.
62
Во времето кога јас бев во Цариград, за оваа јахта се раскажуваше следново: Министер на морнарицата во тоа време во Турција беше некој Хасан паша. Син на робинка во дворецот, малиот Хасан му бил даден како сопственост на Хамид, кој бил на иста возраст со Хасана. Овие две деца господарот и робот - го поминале детството во најблиско дружење. Подоцна, кога Абдул Хамид станал султан и владетел на Отомаиската империја, се сетил на својот другар од детството, го зел Хасана кај себе, му ја дал титулата “паша” и го направил министер на морнарицата. Хасан паша, меѓутоа, бил неписмен. Како министер на морнарицата тој требало да потпишува разни официјални документи и затоа, по наредба на султанот Хамид, почнале да го описменуваат новиот министер, а бидејќи тогашниот турски јазик беше тежок и недостапен за тврдиот мозок на Хасана, го научиле само да се потпишува, откако ќе направи: ... бир ќуше ќустенде, бир ќуше алтанда, бир-да чези орта-ерде Хасан олур!...36 Во буџетот на Турција предвидувале огромни кредити за купување на воени бродови и за издржување на морнарицата. Меѓутоа, освен крстосувачот “Хамидие” никаков друг брод не бил набавен. Едиаш Хамид го прашал својот министер на морнарицата: - А каде се предвидените во буџетот бродови? Хасан паша не се збунил и одговорил: - Падишах’м! Мали се пукнатините, не се поголеми од два прста, но ги проголтаа бродовите. Просто човек да се чуди и исчудува! Ако така врви, тие ќе ме проголтаат и мене и тебе и целата империја! Султанот Хамид се насмевал на овој ѓаволски одговор и престанал да го распрашува својот министер на морнарицата за воено-флотските прашања. Султанот Хамид посакал да поседува своја сопствена јахта и му наредил на Хасан да набави една. Како што е според законот и редот, објавиле лицитација и побарале од разни бродоградилишта во Европа да достават свои предлози. Добиле неколку такви: еден за 5.000, друг за 10.000, трет за 25.000, четврт за 50.000 турски лири. Хасан Паша му го доставил на неговото Височество за одобрение предлогот со највисоката цена и - запрашан од султанот зошто препорачува да се прифати тој предлог, кога има такви со многу пониска цена - одговорил: - Падишах’м! Ти си цар на царевите, Божјата сенка, наследникот на Пророкот. За тебе доликува да имаш нешто најубаво и удобно. За нешто убаво треба и добро да се плати. Еве, на оној фукара, кој предлага да направи јахта за 5.000 лири: тој ниту ќе направи нешто што личи како за тебе, ниту сам ќе види некаков аир од изработката. А оној, кој сака 50.000 лири за изработката - тој ем на тебе ќе ти достави јахта, која доликува за 36 ... еден агол нагоре. еден агол надолу и една црта меѓу нив - ете така се ппшува Хасан'... (по стариот турски ппсмен јазпк Хасан се пишува вака:
63
мојот падишах, ем нешто ќе заработи за својот труд, ем ќе остане нешто и за мене... Султанот Хамид се насмевнал со благонаклонетост на својот роб и го прифатил изборот што го направил Хасан паша... Така кроток, незлобен и добродушен султанот Хамид бил само спрема Хасан паша, неговиот роб и другар од детството. Сомничав и жесток, во секој друг од својата најблиска околина тој гледал како на свој евентуален убиец. Со едната рака ставена во задниот џеб на суртукот, тој постојано го стискал револверот, готов да застрела секого, кој во негово присуство ќе направи и најмало движење непредвидено со дворското однесување. Треба да се каже дека султанот Хамид бил многу добар стрелец со револвер. Секој ден тој тренирал со ова оружје. За неговото прецизно стрелање расправаа чуда - на пример, дека од 50 чекори растојание, тој си го потпишувал името со куршумите од својот револвер. Ако се остават масовните колежи на Ерменците во Цариград и во Азијатските владенија на Турција, извршени пред неколку години по негова наредба или со негово знаење и одобрение, султанот Хамид вршел крвав терор и врз својата околина. Кога бев во Цариград расправаа, дека една од жените во султанскиот харем ја убил тој лично. Пак лично од него, исто така, без било каква вина бил убиен еден од слугите во султанскиот дворец. Секој крвав терор ги зафаќаше не само луѓето од неговата непосредна околина, туку се простираше врз еден многу поширок круг. Така, во весникот “Сервет” - диевен весник, кој излегуваше на француски во рубриката “Faits divers”, речиси секој ден можеше да се прочита едно стереотипно соопштение: “Вчера, кај Сарај бурну, рибари во својата мрежа извлекле од морето труп на човек, на возраст околу..... годишен, на чијшто врат имало траги од јаже. Кај трупот не се најдени никакви документи според кои може да се установи неговиот идентитет. Полицијата е на трагите на убијците”. Речиси секој ден - според пишувањето во весникот “Сервет” - полицијата одново влегуваше во “трагите на извршителите на убиството”, без да може да ги фати, зашто ... зашто “трагите” водеа кон недостижните за полицијата височини... Јахтата го однесе под полна пареа султанот Хамид и ги погреба сите наши планови за неговото убиство. Во најлошо душевно расположение јас продолжив понатаму, поминав по мостот и се загледав натаму, каде што се изгуби јахтата. Заличував на волк, кој го души месото, каде што пред извесно време лежеле овците и го одредувале правецот што го фатиле. Се вратив полека за да го најдам Мерџанов. Го сретнав на почетокот од мостот Караќој. Тргнавме молчаливо назад кон Јуксек
64
калдар’м и почнавме да се искачуваме - сѐ така молчаливо - по скалите на оваа улица. Наближуваше пладне, без да прозбориме, како да бевме занемеле, ние се упативме кон ресторанот “Хаџопуло” и влеговме во него да ручаме. Се уште се слушаа далечните звуци од музиките на воените оркестри, кои по Војвода сокак одеа кон Таксим, за да се приберат во своите касарни. Во ресторанот, на масата каде што обично седевме, го затековме инженерот Иван Коев, кој штотуку беше дошол и беше почнал да јаде. Откако се поздравивме со него, ние седнавме на истата маса и си порачавме јадење. По кратко време заедно дојдоа: адвокатот Тилков и Панче Дорев, кои седнаа на нашата маса. На Иван Коев, кој беше весел, духовит и разговорлив соговорник, по извесно време - изгледа - му здодеа сам да зборува и да си одговара. Тој го беше забележал нашето душевно нерасположение и го запраша Мерџанов: - Бевте ли да ја гледате свеченоста? - Да - лаконски одговори Мерџанов. - Ги бидува за салтанати Турците, нели? - Но, што сте скиснале такви? - запраша тој, откако виде дека Мерџанов не му одговара. - Изгледа дека им потонале гемиите - забележа Тилков. - Или пак ги изневериле љубовниците - дополни Дорев. Со своите забелешки сѐ во тој зајадлив тон, нашите соговорници се обидуваа, но без било каков успех, да го разбијат нашето лошо душевно расположение. Здодеани од друштвото, двајцата со Мерџанов станавме од масата, го напуштивме ресторанот и отидовме во станот на Мерџанов. Кога останавме сами, ние се загледавме еден на друг во очите: - Е, ами сеѓа? Мерџанов почна да шета по собата со рацете одзади. Тој правеше така секогаш, кога споредуваше или обмислуваше нешто и ги искажуваше своите мисли гласно: -Ќарот и зијанот се браќа, исто такви какви што се успехот и неуспехот... Месото има и коски, но тие не пречат месото да го употребуваме за храна; розата има и трње, но ние поради нив не се откажуваме да го мирисаме цветот и да се насладуваме од него. Не успееш ли еднаш, обиди се пак! Ако не успееш два пати обиди се и трет пат - и така натаму, додека успееш!... Беспаќе. Магла. Треба да бараме излез од оваа положба, која нѐ осудува на мирување... Затоа што ние овде сме дојдени за да и направиме штета на турската империја, а не така да го минуваме времето... Беше незамисливо да повторуваме, бидејќи требаше да помине цела една година за да се изврши нов обид за атентат врз султанот. Една година! Како ќе чекаме толку време? И освен тоа - колку непредвидени нешта може да се случат во текот на една година!
65
Како и да е - бидејќи не зависеше од нас да го намалиме времето до следниот Хрк’х-и-шериф, ние требаше да се помириме со таа наопходност, откако се погрижиме уште сега да изнајмиме стан во некоја од улиците, каде што постои најголема веројатност идната година да помине султанската поворка. Станот требаше да биде самостоен, кој за да не побудува сомпенија кај полицијата и кај соседите - треба да биде изнајмен од семеен човек. Семеен човек! - Еве една тешка задача! Прво, сите оние што ги познаваме и кои би презеле еден таков ризик, не се семејни луѓе и - во очите на полицијата не беа баш најподобни. Второ, одвај дали еден човек ќе се согласи да ги изложи на сигурна смрт жената и децата. Ние долго си ги “тепавме” главите со Мерџанов, без да најдеме задоволително решение и на крајот на краиштата оставивме времето да работи за нас и да ни го поткаже решението. Поминаа десетина дена. Јас продолжив да земам часови по турски од Панче Дорев, кој секој ден, околу 9 часот наутро доаѓаше во мојот стан. По завршувањето на часовите, слегував во Галата и работев како словослагач во Бугарската печатница. Се хранев каде што ќе најдев: поиекогаш, заедно со Нанчо ручавме во печатницата леб и кашкавал; поиекогаш јадев само во некоја мала гостилничка во Галата, каде што за 5-6 металици човек можеше добро да се најаде со пржена риба или со шиш-ќебап. Вечерав задолжително во Пера, во една мала гостилничка, која се наоѓаше на аголот, образуван од улиците Сак’з агач и Кордела сокак. По вечерата одев во млекарницата на Кузма во Венедик сокак, за да го довршам јадењето со сутлијаш или кад’нѓубе и да се ииформирам има ли нешто што би можело да не интересира. Мерџанов редовно се хранеше во “Хаџопуло” во друштво со инженерот Иван Коев, со адвокатите Тилков и Панче Дорев и со првиот секретар на бугарскиот конзулат Живко Добрев. Една вечер, во тоа друштво стапало збор за македонското движење и за одзивот за него во странскиот печат. Панче Дорев многу непристојно зборувал како за самото движење, така и за личностите, кои го спроведуваат. Кога тој ги спомпал имињата на некои од раководителите на Солунската Внатрешна Македонска Организација, Мерџанов станал од столот на којшто седел и му рекол: - Кога сакаш да станеш предавник, оди во полицијата да ги кажеш нивните имиња, а не овде, во наше присуство да ги посочуваш на сет глас, па да ги дознае и глувиот цар! Подлец! - тој со сета сила замавнал и му залепил една шлаканица. Панче се фатил за удрената буза, ги прибрал очилата, кои испаднале од ударот, се наведнал молчаливо над чинијата и го довршил консумирањето на десертот. Наредниот ден Панче не дојде кај мене да ми предаде лекција по турски јазик. Го чекав до 10 часот, па бидејќи не дојде, пред да отидам во
66
печатницата, отидов во Сак’з агач кај Мерџанов. Го најдов облечен, пред излегување. Тој ми раскажа за синоќешната случка и потоа ми рече: - Гиди керата! Нека ја има таа доблест да ги предаде директно, а не ем да ги предаде, ем да не биде обвинет за предавство! Подол гад! Бидејќи Панче Дорев секогаш не гледаше заедно со Мерџанов јас сметав дека е паметно да го напуштам станот, каде што неговото познанство со коконата Фанко и нејзиниот сипаничав сожител почнаа да ми личат на сомнителни. Беше умно Панче Дорев да не знае каде живеам. Уште истиот ден почнав да барам друг стан - и тоа не во истиот кварт. По два-три дена најдов стан во Еминеџи сокак број 24, близу до бугарскиот конзулат. Така, во последните денови на јануари 1900 година јас се преселив во нов стан.
ПРИСТИГНУВАВЕТО НА СОКОЛОВ Мерџанов, исто така, беше на штрек и - во очекување на претпоставувани непријатности од власта - неколку дена не отиде да се храни во “Хоџопуло”, оваа претпазливост од наша страна излезе одвишна Панче Дорев не излезе толку подол, колку што ние претпоставувавме. По неколку дена го видов во ресторанот “Македонија”, односите спрема нас, иако студени, беа коректни, како ништо да не се беше случило. Тој ми се пожали дека пред два дена, во текот на вечерта добил удар, од кој едната половина на лицето му се беше парализирала. Тој со тешкотии зборуваше, а кога се насмевнуваше, насмевката му се претвораше во гримаса. Кон крајот на јануари 1900 година, во млекарницата на Кузма, една вечер јас бев многу пријатно изненаден: во изветвен, долг темносив капут, со перелина врз плеќите, со црна износена шапка на главата, спроти влезот на дуќанот, на масата седеше Патар Соколов и весело ме гледаше со своите големи црни очи, чијашто белка блескаше врз црната кожа, под црните дебели веги. Кога - пред повеќе од три месеци - се разделивме во “Харкомата” под селото Крчово, тој имаше долга, црна брада, израсната до под самите очи, па личеше на див горски цар, со патрондаш на половината, со каскет на главата и со црна влашка гуња. Сега Соколов беше вчовечен - избричен и облечен христијански. Имаше што да си кажеме по онаа разделба и при сегашните нови услови. По првите восклици и фрази, ние излеговме од млекарницата и се упативме кон станот на Мерџанов во Сак’з агач. Нема да ја опишувам оваа средба на нас тројцата. Секој може да си ја претстави нашата радост, што одново се собравме живи и здрави заед-
67
но, потоа восклиците, шегите, подметнувањата и сеќавањата на животот поминат во четата на Делчев. Каде се моите цртежи? - го запраша Соколов Мерџанова. - Твоите цртежи? Тие изгореа во огништето на Васил Арнаудов во Либјахово. И тој му објасни зошто ги беше изгорел. - Ѓавол да го носи татарскиот јазик, на којшто зборуваа двајцата браќа - заклучи Мерџанов. - Помислив дека ни кројат некаква капа со нивното ѓаволско “опеле”... Доцна во ноќта - околу полноќ - ние се разделивме: јас отидов да спијам во мојот нов стан на Еминеџи сокак, а Соколов остана да преноќи во станот на Мерџанов. Наредниот ден и тројцата отидовме во еден дуќан на Тиринг, кај Караќој, каде што Соколов си одбра елегантен костум беж боја, а потоа во еден дуќан за шапки отидовме да си избере шапка. И покрај тоа што имаше богат избор на шапки, Соколов не бендиса ниедна. Отидовме и во друг дуќан и си излеговме без да купиме шапка. Бившиот Соволјански даскал и див горски цар почна да се пројавува и како исклучителен естет. - Ами ако тие што ги прават шапките, пе успеале да го погодат твојот вкус? - забележа Мерџанов. Тогаш нема да купам шапка! - отсече Соколов. Откако ги претумбавме рафтовите на уште десетина шапкарски дуќани, најпосле Соколов избра една - единствената во целиот Цариград: лесна и фина шапка од фалц со светлобежова боја, со широка периферија и иаместо кардела од коприна, со широка лента од телешка кожа; козината на ова лента беше ниско истрижана, со жолти широки дамки врз бел фон. Се разбира, ова шапка му одговараше многу добро и беше во чудеспа хармонија со костумот. Еден чифт елегантни чевли од шевро и еден жолт бастун со извиткана дршка, на крајот со коскена гускина глава, ја дополнија елегантната и истовремено сугестивна фигура на новиот цариградски жител. Освен бугарски, Соколов не знаеше никаков друг јазик и затоа тргнавме и тројцата да му бараме стан. Стан му најдовме во една од улиците, паралелни на главната улица Галата сарај - Таксим, која доста стрмно се спушташе кон Тарла баш - Златен рог, кај едно грчко семејство - Костари - кое се состоеше од мајка, син и четири ќерки. Таткото бил доста богат човек, но тој беше умрел пред неколку месеци. Синот работеше како продавач во некаков дуќан, излегуваше рано наутро, а се прибираше во куќата по затворањето на дуќанот вечерта. Мајката и четирите ќерки седеа во куќата, каде што одржуваа примерна чистота. Соколов изнајми една од собите во станот - доста голема и удобна соба, наместена, со прозорец и со еркер, од кој можеше да се гледа целата должина на улицата - нагоре до главната улица, а надолу до каде што стрмнината се зголемуваше и поради острата кривина, понатаму не
68
можеше да се гледа. Мебелот се состоеше од еден кревет, еден плакар со големо огледало, една тркалезна маса со покривка од коприна и тантелен тишјафер, еден миндер во еркерот, два-три стола и еден диван. Соколов плати за еден месец, ги остави пакетите што ги носеше и во кои се наоѓаа штотуку сменетите костум, шапка и чевли, па потоа излеговме заедно. И во станот, и надвор, тој се претставуваше како уметниксликар, дојден во Цариград да слика ориенталски типови и ликови. Од неговиот стан слеговме во Галата, каде што купивме, а потоа ги однесовме во станот: неколку слики, платно, една рамка за оптегнување на платното, триножно столче, палета, четки и една кутија маслени бои во туби. Кога го наредивме сето тоа во неговата соба, таа доби изглед на просторија, која истовремено служи и за живеалиште и за ателје на нашиот сликар. Вечерта до доцна ние останавме во станот на Соколов. Сопственичката - мајката - ни го претстави својот син Јорго Костари, еден многу коректен и прилично добро облечен во црн редингот млад, околу 35-годишен човек и ќерките: Клементина, Евхариста, Марија и Минерва. Откако поседе малку, сопственичката се прибра во својата соба и ни ги остави во друштво своите деца. Разговорот меѓу нив и нас се водеше предимно на турски, при што Мерџанов служеше како преведувач меѓу нив и Соколов. Кога ќе забележеа дека тоа што ми го кажуваат јас не го разбирам, тие ми се обраќаа на француски. Ние времето го поминавме пријатно и, околу полноќ со Мерџанов си отидовме. По населувањето на Соколов, нашите средби почнавме да ги држиме во неговиот стан. Во текот на февруари 1900 година овие средби беа чести - секоја вечер или преку вечер. Од почетокот на месец март тие почнаа да стануваат се поретки, а кога нашиот број се зголеми на четворица - многу ретки. Станот на Соколов заземаше - така да се рече - централно место меѓу нашите станови. Собата му беше голема, со достатно' мебел за седење, следователно и поудобна за средбите. Надвор од овие соображенија, четирите ќерки на станодавачката и карневалот, кој таа година се совпаѓаше со првите денови по населувањето на Соколов, имаа голем удел во тоа нашите средби да се одржуваат во овој стан. И тие и ние бевме млади луѓе, а Цариградскиот карневал, чиишто лудории можеа да се споредуваат само со оние на карневалот во Ница, брзо ја премавна ледената преграда од условноста на секојдневието. По помалку од 20 дена, нашите посети на станот на Соколов се очекуваа со нетрпение. Откако ние тројцата си кажавме насамо што имавме да си кажеме, а подоцна и четворицата, госпоѓиците доаѓаа кај нас во собата на разговор и забави со разни игри. Во очите на старата кира Костари ние бевме млади, безгрижни луѓе од добростоечки семејства, така што таа ја претчувствуваше среќната иднина, кога ќе стане почитувана мајка на четири ќерки и четворица зетови.
69
Мерџанов стана близок, потоа многу близок, а кон крајот на нашиот престој во Цариград - интимно близок со најстарата од ќерките - Клементина Костари, околу 30-годишна, со среден раст, полничка, со правилно млечнобело лице, темнокостенлива коса и веѓи, со црни очи и со добро развиено торзо и карлица. Откако не прогонија од Цариград, Мерџанов продолжи да ги негува кон неа своите чувства. До неговото влегување во Одринскиот затвор во летото 1901 година, т.е. два-три месеци пред да биде обесен пред вратата на чаршијата Али-паша во Одрин, тој со Клементина Костари одржуваше искрена сантиментална кореспонденција. Во исто таква блискост беше и Соколов со најмладата од ќерките Костари - Минерва - околу 20-годишна, пргава бринета. Таа имаше живо, весело лице, чијашто кожа беше глатка и бела како алабастер. Црните перчини на нејзината коса го откриваа - низ контраст белото и глатко чело, а под нејзините црни тенки веѓи, ѓаволесто и играа и одвреме-навреме светкаа нејзините големи и црни очи. Таа имаше среден раст, тенка половина и многу мала нога. И во овој случај Соколов се пројави со својот тенок естетски вкус. Нашето прогонување од Цариград стави крст врз оваа негова иднина. До крајот на неговиот живот јас не го слушнав никогаш да го спомне името на Минерва Костари... Таа зборуваше добро грчки, турски и француски, а бидејќи Соколов не знаеше друг јазик освен бугарски, разговорот меѓу нив двајцата беше многу интересен и го наложуваше или моето, или вмешувањето на Мерџанов. Меѓутоа, кога тие почнаа да се разбираат без да разговараат, секакво вмешување беше излишно... Во прво време мене ми се падна да ги забавувам другите две сестри: Евхарист и Марија. Првата од нив - Евхарист - беше околу 27-годишна, висока, стројна, крупна, за цела глава повисока од мене. Таа единствена од четирите сестри се облекуваше во фустани со светла боја, додека сите други носеа црни фустани. Во нејзиното однесување кон мене имаше нешто мајчинско, кое ми наликуваше на односот на квачката кон пилињата и на мачката кон мачињата. Марија беше помлада од Евхарист и постара од Минерва, на возраст од 23-24 години, со раст понизок од среден, со црни коси и веѓи, црномурно лице, ниско чело со сплескан нос. Таа беше грда но извонредно карактерно добра. Кога игравме мижитатара, таа се пикаше под рацете на оној од нас, кој беше со врзани очи, и со блажена насмевка го оставаше “врзаниот” да и го пипа лицето, рамињата, за да погоди кој е под неговите раце. Јас бев поситен, понизок и помлад од Евхарист, а освен тоа, нејзиниот мајчински карактер не дозволуваше кај мене да се пробудат телесните желби, така што односите меѓу нас останаа докрај такви какви што беа на почетокот. Кога - подоцна - Павел П. Шатев дојде кај нас во
70
Цариград и почна да доаѓа во станот на Соколов, надворешноста на Марија не му допушти да стане близок со неа. Во продолжение на неколку денови нашето внимание беше свртено кон друштвото на четирите ќерки на кира Костари и на карневалот. Но тој помина, Цариград престана да лудува. Латерните - таа чисто цариградска улична музика во тоа време - замолкна во тек на една цела недела. Нашите компањонки, набожни Гркинки, во првата недела од Великите пости престана да доаѓаат во собата на Соколов и се беа зафатиле со основно чистење на станот. Во текот на таа недела ние секој ден се собиравме во неговиот стан, но не за забави, туку да ја разгледаме нашата положба на мирување и да видиме што ќе правиме во иднина. Соколов, кому му кажавме за нашата неуспешна намера да го убиеме султанот Хамид, со својата вечна лула меѓу забите се подбиваше со нас: - Кога не сте можеле да ја фатите попадијата за таквото, држете го сега попот за онаквото! - Не се шегувај со нас! - му возврати Мерџанов - со мојата ѓаконска брадичка и со воочливиот редингот, мене ме вратија уште пред да наближам до улицата на Галата. А тебе, со твојата арамиска метла, уште веднаш ќе те предадеа на деврието за да те одведе во затворот! И откако малку помолче, додаде: - Што било, поминало. Што ќе правиме од сега натаму? Ние со Илија уште од сега бевме решиле да се подготвиме за следниот Харк’х-и-шериф. Уште отсега ќе изнајмиме стан на една од улиците, каде што веројатно ќе помине идната година кочијата на Абдул Хамид. Тој треба да се изнајми од семеен човек, за да не предизвикува сомневање. Ние многу размислувавме, но не можевме да смислиме кој да биде изнајмувачот. Соколов ја притисна пепелта во својата лула, повлече од неа и рече: - Требаше да дојдам дури од Али Ботуш, да поминам преку Софија, да дојдам овде, за да ви кажам дека тоа е попросто од грав. Па ти го познаваш - се обрати тој кон Мерџанов - Матју Икономов. Како не си се сетил за него? Тој е женет, има жена, две деца и еден малолетен шура. Да го повикаме! Мања одвај тоа го чека! А колку за Матју - тој е славен човек! Како не си се сетил за него? Решивме Соколов да му напише на Матеј Икономов да дојде со целото семејство во Цариград; ќе ни одговори преку австриската пошта пост-рестант за Васил Стојанов. Во случај да се согласи да дојде, ќе му испратиме пари за патните трошоци. Поминаа уште неколку дена. Соколов го беше испратил своето писмо до Матеј Икономов. Ние го чекавме одговорот и - бидејќи немавме друга работа - се собиравме во станот на Соколов, било за да се забавуваме со госпоѓиците Костари, било за да размениме мисли за нашите идни работи во Цариград. За време на еден од тие разговори јас запрашав:
71
- Да претпоставиме дека Матеј Икономов ќе дојде, ќе изнајми апартман на место погодно за нашата цел. Да претпоствиме, исто така, дека откако сме изгубиле цела година време и сме направиле огромни трошоци за нашето издржување и за семејството Икономови - ако на идниот Хар’х-и-шериф султанот Хамид не помине по таа улица! Во таков случај како ние ггред нас самите ќе ја оправдаме оваа загуба на време и тие расходи на средства: За што сме овде дојдени? - Да си поставиш едно прашање, значи да му најдеш и одговор! одврати Соколов - за што бевте овде дојдени? - За што? - Да реагираме против турската власт, правејќи ѝ најголема возможна штета, без да го изложуваме на опасност населението, туку само нашите сопствени кожи - ете зошто бевме дојдени! - Тогаш - зошто само султанот Хамид да биде предмет на нашите напади? Ајде да бидеме логични - кој го поддржува овој ред на нештата во Турција? Султан Хамид ли? Па тој не го создал, тој не го крепи, тој само го користи. Султанот Хамид е резултат, а не причина. Според мене, беззаконието не може да се премавне само преку убиството на државниот главатар. Напротив! Треба да се напаѓаат и поткрепувачите на овој поредок! - Сега, пак, ќе ги бараме поткрепувачите! Демек, ќе му сееме на дното репа! - Ако сакаме кожите да си ги продадеме скапо без да му наштетиме на населението, ќе ги бараме и ќе ги најдеме! Кој има интерес во Турција да постои овој поредок на беззаконие, без чија поткрепа тој не би можел да постои? - Го штитат европските држави - ние ли да ги напаѓаме, колку души сме ние, која од нив прва ќе ја нападнеме? Ти како смислено да ни поставуваш неостварливи задачи! - налутено додаде Мерџанов. - Зошто да поставувам неостварливи задачи? - се зајаде Соколов. Дали европските држави немаат некакви свои институции, преку кои тие извлекуваат полза од турското државно безредие? Да ги најдеме тие институции - и преку нападот врз нив да ѝ кажеме на Европа дека со тоа што го поддржува тој ред на нештата, кој го сопира развитокот на народите во турската империја, таа се изложува на целосна несигурност, пред сѐ, своите интереси... Соколов ја извади од џепот кутијата со папироси, зеде една, ја запали и посегна да ја затвори. Меѓутоа, тој не ја затвори кутијата, туку се загледа во капакот и гласно прочита: - Режи ко-ентересе де таба з отоман... Ај преведи ми го ова! - се сврте тој кон мене. - Буквално: “Заинтересирана режија, или поточно, еднакво заинтересирана за отоманските тутуни”, а по смисла “Еднакво заинтересирана Режија на отоманските тутуни”.
72
- Еве една од тие установи! - рече Соколов - една од оние, кои се плод на безредието во Турција и која еднакво со неа е заинтересирана за мирното трајно ограбување на работното население. Еден удар, на пример, во централата на Режијата, ќе се почувствува многу болно како од турската Влада, така и од поддржувачите на турските хартии од вредност во Европа... Каде се наоѓа Режијата - не запраша тој и двајцата. - Во време на скитањето низ градот го забележав натписот - одговорив јас. - Режија се наоѓа во истата зграда, во која е сместена Отоманската банка, на Војвода сокак. - Отоманската банка... Ете уште една од тие институции. И при тоа во иста зграда... Нема зошто да бараме други и да си го губиме времето во умување... Нашето советување запре до овде. Решивме секој од нас одделно да ја проучи положбата околу овие две институции, со кои капиталистичка Европа ја поддржува турската држава и ропството на народите што ја населуваат. Следниот ден вечерта пак се собравме за да донесеме заклучоци од нашето проучување. Тутунската режија и Отоманската банка беа сместени во едно од најмодерните големи зданија во Цариград. Тоа има форма на правоаголна призма, чие лице, долго околу 75 метри, се наоѓа на Војвода сокак, свртено кон североисток. Две улици, широки по 9 метри, попречни на Војвода сокак и паралелни меѓу себе, го ограничуваат ова здание од југоисток и северозапад. Југозападната страна на зданието е свртена кон дворот - еден простран двор, заграден со вид од камен, висок околу 2 метра. Во дворот има касарна за една чета аскер во борбен состав и други згради за живеење на персоналот на банката. Зградата е, на два ката, со визба и складиште за скапоцености. Во северозападната половина е сместена Режијата, а во југоисточната Банката. Во визбата постојано работи мотор за електрично осветление, затоа што Банката е една од многу ретките цариградски згради, која се осветлува со електрична струја. Главниот влез на зградата е на Војвода сокак. Откај дворот има исто така влез, има уште еден второстепен влез откај улицата, кој ја ограничува зградата откај северозапад и со кој се служи исклучиво Режијата. Од дворот на зградата кон улиците, кои го заградуваат од северозапад и југоисток, се излегува преку две врати, отворени во дворната ограда: едната на југоисточниот, а другата на југозападниот агол на зградата. На главниот влез се поставени на стража двајца војници-стражари. На влезот откај северозападната страна, а исто така и на двата влеза на дворот, стојат на стража војници-стражари, по еден на секој влез. Стражарите се менуваат на секои два часа. На главниот влез има една стражарска куќичка, пред која на стол седи еден полициски старешина. Порано, пред 1895 година, т.е. пред колежот на Ерменците во Цари73
град, околу оваа зграда и внатре во неа немало никаква заштита и за нејзиното чување не биле преземени никакви безбедносни мерки. За да ги принудат европските држави да се вмешат и сопрат колежите на Ерменците, во 1895 година околу 60 ерменски револуционери влегле во банката како да се клиенти, ја зазеле и отпочнале борба со аскерот, кој ја опколил зградата, служејќи се со бомби. На упатената покана да се предадат, тие одбиле да го сторат тоа сѐ додека не дојдат дипломатските претставници на европските држави да преговарат со нив. Дипломатите дошле, стапиле во преговори со нив, им ветиле дека ќе се застапат најенергично за сопирање на колежите на Ерменците во Цариград и во провинцијата. Со овие формални уверувања, под покровителство на конзулатите, Ерменците ја напуштиле банката, биле качени на бродови и одведени во Марсеј, каде што биле ослободени. Ова беа конкретните и историските факти околу зградата каде што беа сместени Режијата и Отоманската банка. Довербата што ја пројавиле Ерменците спрема формалните ветувања на конзулите за запирање на колежите, не била оправдана, затоа што тие продолжиле уште долго време по пристигнувањето на револуционерите во Мерсај. - Да направиме како нив! Да ја заземеме банката, но не за да ја оставиме целосно негибната, туку да ја кренеме во воздух! - рече Мерџанов, секогаш готов за отворена борба гради во гради. - Е, да! - одврати Соколов - Ерменците ја зазеле банката и направиле вооружен пресрет, ама биле 60 души. Притоа, таа не била чувана. А сега ние се наоѓаме при два многу неблагопријатни услови - прво, нашиот број е мал, дури смешно мал во споредба со бројот на службениците на банката, кои ние тројцата нема да бидеме во состојба да ги совладаме; второ, заштитата, една чета во борбена состојба, т.е. околу 300 души војници, веднаш ќе нѐ среди нас. Тука јунаштвото пет пари нема да вреди! Треба да се направи нешто друго! - Треба да се заобиколат тешкотиите! Но, да ги заобиколувам тоа не ми е работа! - рече Мерџанов - јас претпочитам да напаѓаме отворено!
ПЛАН ДА СЕ УРНЕ ОТОМАНСКАТА БАНКА - Ние пари имаме, а со нив може многу да се направи - се вмешав јас. Како би било, ако изнајмиме најблизу некој дуќан и оттаму да ископаме тунел до основите на банката! Како што прават затворениците за да избегаат од затворот? - Идејата не е лоша! - рече Соколов. И бидејќи ти ја даваш, обиколи да видиш ќе се најде ли таков дуќан за изнајмување. За резултатот ќе се
74
собереме утревечер. Денес сите таму се врткавме и не е добро да ме гледаат со оваа моја брада како се врткам често наоколу. Твојата детинска муцка нема да побуди сомневање кај никого. Следниот ден, рано наутро, отидов во станот на Никола Милев, кој живееше наблизу. Го затеков уште во кревет. Останав да го чекам додека се измие и облече за излегување. Кај него, пак, отидов за да ги обиколуваме заедно улиците околу банката. Во случај да најдеме некоја просторија за издавање под кирија, а фирмата да биде напишана на турски, да можеме веднаш да ја протолкуваме: Милев турскиот го владееше подеднакво и усно и писмено, речиси подобро од бугарскиот. Јас, пак, и покрај сите лекции по турски што ми ги предаваше Панче Дорев - не бев во состојба да ги прочитам ни натписите на дуќаните. Патем му објаснив на Милев зошто се интересираме да знаеме дали во близина на Банката има некој дуќан за издавање под кирија. Ние заобиколивме околу Банката, почнувајќи од улицата што ја ограничуваше откај северозапад, потоа свртевме налево по улицата, која го ограничуваше дворот од југозапад, а потоа тргнавме по улицата нагоре покрај југоисточниот ѕид на дворот. Искачувајќи се кон Војвода сокак и разгледувајќи ја југоисточната страна на истата улица, нашето внимание беше привлечено од еден бел лист хартија залепен на вратата на една зграда, која се наоѓаше на аголот меѓу улицата по која влегувавме и онаа, која слегуваше кон влезот на запчестата подземна линија во Галата, спроти југоисточниот агол на банката, на 5-6 метри подолу. Залепениот лист беше прикачен со копче од два металика и на него беше напишано погоре на турски, а под турскиот текст - на француски: “Magasin a luver s’adreser a monsieur Joussouf Daltatdji han No 26“ - Ева ова се вели касмет! - му реков на Милев. Само треба да побрзаме да го изнајмиме, за да не не претекне некој! Со Никола Милев се договоривме тој да отиде и да му каже на Мерџанов, дека сме нашле таков дуќан и дека јас сум отишол кај Нанчо Калчев да отидеме со него на посочената во огласот адреса, да се сретнеме со човекот што го издава и да го изнајмиме дуќанот, за да не бидеме претекнати од некого. Јас го информирав Нанчо зошто бараме да изнајмиме некој дуќан околу Отоманската банка; дека со Милев веќе најдовме; дека треба да го изнајмиме што побрзо, за да не не претекнат и дека најсоодветен изнајмувач ќе биде тој, зашто без да побуди било какви сомненија, ќе помине како складиште на бугарската печатница. Усните и рацете на Нанчо затреперија, но по неколку минути тој се смири. Ние двајцата излеговме од Кавафијан ан, отидовме во дуќанот, го разгледавме и заедно отидовме да го побараме сопственикот, кој живееше во Балтаџи ан. Со сопственикот го договоривме следново: магацинот, камена ѕидарија на три ката, се состои од три простории - по една на секој кат - со
75
скала, која ги сврзува. Тој ќе служи за складиште на бугарската печатница, која беше сместена во Кавафијан ан број 14. Изнајмувачот Нанчо Калчев нема право да го изнајмува магацинот. Месечниот наем е 2 златни турски лири, кои се плаќаат во почетокот на секој следен месец. Договорот ќе биде подготвен уште денес на турски јазик, а Нанчо и сопственикот ќе го потпишаат наредниот ден, кога и ќе биде заверен. За време на потпишувањето ќе се плати за првиот месец. Ние со Нанчо го оставивме сопственикот да го подготви договорот согласно договорените услови и се вративме во печатницата, од каде што јас отидов во станот на Мерџанов да го известам за она што го направивме. Наредниот ден, рано наутро, јас му донесов на Нанчо 2 лири за киријата, и потоа останав во печатницата, каде што набирав некаков допис од провинцијата за весникот “Новини”. Попладне Нанчо се врати во печатницата, ме повика во канцеларијата и ми го покажа договорот потпишан и заверен. Од први март 1900 година, кога почна да тече киријата, ние влеговме како изнајмувачи на дуќанот, чијшто клуч Нанчо го беше добил од сопственикот. Уште кога за првпат влегов во најдолната просторија и со очи барав од каде ќе биде најпогодно и најнезабележливо да се почне со копање на тунелот, погледот ми беше привлечен од темниот агол во дното на просторијата, под скалите. Овој ќош ја имаше таа непогодност што е најоддалечен од банката, но поради темнината беше најпогоден за започнување на работата. Последните два дена од февруари 1900 година јас ги поминав во претурање и чистење на дуќанот, почнувајќи од горната просторија. Изгледа, дека и во минатото овој дуќан служел како складиште за книги, ако се суди според парчињата книги за завиткување и други книги, коишто јас ги сметов и ги фрлив надолу по скалите. Кога го дотерав сметот во најдолната просторија и отидов да исчистам по скали ми остави впечаток еден капак, направен од чамови штици, долги околу метар, соединет со попречно заковување на две талпи. Јас го подигнав капакот и воскликнав од пријатното изненадување: капакот ја затвораше дупката на еден бунар со отвор во пречник од околу 80 сантиметри. Колкава беше неговата длабочина - тогаш не можев да одредам. Од тешката миризба заклучив дека тоа бил нужник во заградата. Како и да е, погодностите за започнување со работа одовде беа големи: тие ни го заштедуваа трудот да копаме кладенец. Колкава беше неговата длабочина? Не знаев, но колкава и да беше неговата длабочина, сѐ туку таа ни го заштедуваше трудот. “Складиште на бугарската печатница” - но требаше да има што да се складира во тоа складиште. Во времето кога јас го чистев магацинот, Нанчо одел да набави печатарска хартија за печатницата, која требаше да се складира во магацинот. на први март - среда - отидовме со Нанчо да
76
купуваме хартија. Тој ме одведе во еден огромен дуќан за продавање на хартија и други книжни производи, сопственост на некој Турчин. Јас не бев видел нешто пограндиозно: дуќанот беше грамадно здание со лице кон четирите улици, кои го оградуваа. Самото здание беше па четири ката. Сето тоа беше пренатрупано од книжни материјали, првенствено англиска стока. Ни дадоа разни видови печатарска хартија, којашто Нанчо ја пипкаше со раката. Се сопревме на еден од нив, чијашто тежина на еден топ беше 13 оки. Ни ја кажаа цената, која на Нанчо му се стори висока. Тој запраша дали не може да се направи некакво отстапување. - Не! Цената е одредена - одговори службеникот. - Дури и ако направиме некоја голема порачка? - се вмешав јас. - Така може! Ако порачката биде толку голема како би можела да ја понесе направената отстапка... До колкава сума ќе излезе вашата порачка? - Околу 10.000 франци. Службеникот ни се исмеа в лице: - И вие тоа го наречувате многу голема порачка? Ние смушепо промрморивме, дека ќе се помислиме и излеговме од складиштето. Кога отидовме во печатницата, таму го затековме Никола Милев. Тој дошол да се информира дали сме го изнајмиле магацинот и кога доби потврден одговор, посака да го види. Јас го зедов клучот од Нанчо и двајцата со Милев отидовме во магацинот. Откако ја затворив вратата и ја потпрев, јас го поведов Милев по скалите, го отворив капакот и пред нас зина устата на бунарот, од каде што нѐ заплисна тешка миризба. - Ако не си ги читал “Цариградските тајни”, сега ќе ги започнеш: “Прв дел, прва 'глава “Бунарот” - се обидов да го имитирам романот под горниот наслов, којшто го бев читал во Пловдив пред неколку години... За да може дуќанот да добие колку-толку изглед на печатарско складиште, требаше барем најдолната просторија да се наполни со стока, а за стоката треба пари. Парите што ги имавме и кои од нашето доаѓање во Цариград досега - осетно се намалија, не беа доволни за ништо. Така што - уште штом го изнајмивме дуќанот, Мерџанов му напиша на Борис Сарафов да ни испрати десетина илјади левови. Но, штом веќе го бевме изнајмиле и склучиле договор, ние не можевме да го држиме празен и без какво и да е оправдување - да влегуваме и да излегуваме од него. Тоа би ни го навлекло сомневањето на соседните дуќани и на власта. До добивањето на парите, требаше да почнеме да го полниме складиштето. Ние ги дадовме речиси сите расположливи средства, за да купиме топови хартија и да ја складираме во дуќанот. Пренесените топови хартија беа натрупани и правеа еден тажен куп блиску до скалата, покрај југозападниот ѕид на дуќанот. Оваа состојба не можеше да продолжи неказнето. Требаше нешто да се измисли.
77
Во еден агол на печатницата, каде што работеа словослагачите, беа натрупани разни веќе отпечатени книги, кои очекуваа да бидат подигнати од нивните сопственици. Таму беа натрупани 5.000 примероци од “Учебник руского языка” од некој си мајор Садик - турски учебник по руски јазик, наменет за воените училишта и за офицерите од турската армија, еден том од околу 10-12 табаци, со црвени корици. Таму се наоѓаа илјада или две илјади примероци од “Турско кривично право” од Георги Далчев, еден том од неколку табаци, со сиви корици. И една брошура “Духовно огледало” - едно архаично по своите глупости книже, од околу еден табак, на чијшто автор не можам да се сетам. Ние почнавме да ги пренесуваме овие отпечатени книги и ги складиравме во најдолната просторија, на подот, послан со керамички плочки, сврзани со цемент. Книгите ги пренесуваше амал. Нанчо ќе го натовареше во печатницата, а јас го пречекував во складиштето и му помагав да се растовари, а потоа ги редев донесените книги. Уште по првите 1-2 пратки јас видов дека е добро книгите да се редат и остават на самиот под и му го реков тоа на Нанчо. Тој целосно се согласи со мене - наместо книги - следните две пратки беа два големи сандака, во кои се испраќа обемна стока. Весникот “Новини” почна да се печати на хартијата што ја купивме, која за таа цел се изнесуваше од складиштето и се носеше во печатницата. Ова донесување и складирање на отпечатените книги и ова пренесување на печатарската хартија за весникот - така да се рече - ја легитимираа положбата на складиштето пред власта и пред соседите. За време на првите денови па март 1900 година од Борис Сарафов ги добивме парите за кои му беше пишал Мерџанов. Добивме - пак на истиот начин - втора пратка: еден куфер, во кој, меѓу другото, имаше три револвера од типот “Лебел” и неколку кутии патрони за нив. Магацините на овие револвери се полнеа со шест патрони, а самото полнење се вршеше многу лесно и брзо со прекршување на револверот. Во тоа време овие револвери се сметаа за солидни оружја. Тоа се вели “после свадба тапани” - велеше Мерџанов. Во право се Турците кога за нас велат: “Ѓаурун ак’л’л’х гелиот ја качаркен, ја сичаркен”37. - Како и да е - велеше Соколов - подобро доцна, отколку никогаш! Па нели оттука натаму ќе ни требаат револвери! Заедно со таа пратка во куферот имаше и едно писмо од Михаил Герџиков, коешто тој му го предал на Сарафов, за да ни го препрати. Во тоа писмо Герџиков пишуваше дека сака да дојде кај нас, изразувајќи готовност да се приспособи на нашите услови. Тој во писмото го беше употребил точно тој израз: “да се приспособам”. Тоа беше израз кој кај 7 Умот на Бугаринот му доаѓа или кога бега од страв, или кога ќе се посере од страв.
78
нас многу лошо котираше и приспособувањето го сметавме за јавно признавање на бескарактерност. - Сега се сетил да се приспособува - рече Мерџанов и подвлече со нагласување на последниот збор - сега, кога татко му престанал да го поддржува неговото безделничење во Женева... Ти што ќе речеш? - се обрати тој кон Соколов. - Што ќе речам? Ништо нема да речам. Јас не го познавам, за да давам мнение - одговори Соколов. - А ти? - ме запраша Мерџанов мене. - Јас мислам дека штом Герџиков е готов да се приспособува, ние не сме за него единствената можност. Кога ќе се приспособува, зошто кон нас да се приспособува? Нека се приспособи кон друг. - Да. До нас се доаѓа со јасни анархистички принципи и сфаќања, преку разумни поводи и докази и преку тврда волја да ги реализираме своите принципи и сфаќања, а не преку приспособување, демек, преку присламчување. Надвор од тоа јас го сметам Герџиков за човек, кој може многу убаво да зборува, но тој не е подобен за деловна, практична работа - заклучи Мерџанов. Еднаш - на 8 март 1900 година, среда - јас бев во складиштето и ги редев сандаците со пренесена стока. На вратата се покажа фигурата на еден човек во униформа, со среден раст, набиена телесна градба, на возраст од околу 40 години, облечен во син мундир и црни панталони, бимбашија38 по чин. Тој влезе внатре, ја разгледа просторијата и запраша: - Бу не олаџак?39 - Булгар муатбесие дебој-д’р, ефенд’м!40 - Каде е бугарската печатница? - Овде, во Галата. Во Кавафијан ан број 14. Тој се приближи до еден од сандаците, зеде еден примерок од “Учебник руского языка”, го сврте и на задната страна на корицата го прочита насловот на турски. Потоа на две-три места ја отвори книгата, го прочита таму турскиот текст и ми ја врати назад. - Чалашн’с, чоџум, чалаш‘н’с!41 - проговори тој благонаклоно. - Биз-да чалашиорус, ефенд’м!42 - му одговорив гласно и си реков во умот: - Работиме, господине, работиме! Само кога би знаел што работиме! Како што дознав подоцна, тој бил командир на четата, којашто ја чуваше банката и секоја среда ја правел својата секојдневна ревизија на 38 39 40 41 42
Мајор. Ова што ќе биде? Тоа е складиште на бугарската печатница, господине! Работете момче. работете! Па, ние и работиме. господине!
79
дуќаните соседни со Отоманската банка. Тој излезе од складиштето и влезе во соседниот дуќан - книговезница - чијшто корисник беше еден Ерменец. По извесно време излезе оттаму и ја продолжи својата ревизија нагоре до Војвода сокак, посетувајќи ги по ред сите дуќани. Најпосле сврте надесно и отиде надолу кон Кавафијан ан. Така. Значи - секоја среда складиштето треба да биде отворено и во него треба да има некој, кој ќе ја пречека ревизијата. Ние се договоривме секоја среда јас да бидам во складиштето за време на ревизијата, освен ако не бидам во Цариград. Во тој случај, таму ќе беше Нанчо и ќе ја очекуваше визитата. на командирот на војската. Овој ред го почитувавме сѐ до нашето апсење.
КОПАЊЕ ТУНЕЛ ДО ТЕМЕЛИТЕ НА БАНКАТА Откако помина ревизијата, ние имавме пред нас цела недела за да се организираме и да ја почпеме работата со прокопувањето тунел до темелите на Отоманската банка. Истиот ден решивме да почнеме веднаш. Работата ќе ја започнам јас уште следниот ден. Другиот дел од денот го поминав во купување на инструменти, работни алишта и храна за неколку дена. Во Галата има дуќани каде што се може да се набави. Јас купив еден компас за 6 металици, неколку железарски шила и дрводелски длета, еден чук, иеколку дузини свеќи, едно пакување шведски ќибрит, леб, салами, швајцарско сирење, лук и кромид, салата, краставици, една блуза и едни паиталони од син док - напросто сѐ што можев да предвидам дека ќе ми биде неопходно за работа и за преживување. Едно, меѓутоа, не предвидив - водата. Јас набавив сѐ што е неопходно, освен најнеопходното - и жестоко се изнапатив поради тоа. Уште истата вечер, па 9 март 1900 година, четврток, околу 11.30 часот по турски (5.30 часот по европски), со пакетите во раце, јас го отклучив складиштето, влегов внатре, ги оставив пакетите на скалите и почекав, оставајќи ја вратата на складиштето отворена. Го чекав Нанчо да дојде по смепата на караулата, да ме заклучи и да го земе клучот со себе. По неговото доаѓање, пред да си замине, се договоривме да дојде во понеделник, на 13 март и да ми донесе храна. Нанчо ја заклучи вратата и си отиде. јас ја потпрев вратата, се искачив по скалите на вториот кат, распослав на подот книги за завиткување на легло, вечерав и си легнав, откако претходно за перница си ставив неколку примероци од “Учебник руского языка”. За да почнам со работа, чекав да самне, затоа што во општата врева во текот на денот, шумот од нашата работа во складиштето немаше да биде забележан.
80
Се раздени. Јас ги соблеков своите обични алишта и ги облеков работните. Слегов по скалите, го кренав капакот на бунарот, запалив една свеќа, ја зацврстив на горниот негов крај, влегов во отворот и почнав да слегувам надолу, откако стапнував и се фаќав за меѓупросторот на сувата ѕидарија со која беше обложен внатрешниот ѕид на бунарот. Во меѓупросторот имаше сталагмити и сталактити од човечки измет, посивени и претворени во земја, поради тоа што никој долго време бунарот не го беше употребувал како нужник. Меѓутоа, и да немаше остра, специфична за такви места смрдеа, воздухот во бунарот беше заситен со непријатна влажна миризба и тежок за дишење. Слегов, стапнав на дното и погледнав нагоре кон свеќата: бунарот беше длабик 3,50 метри. Немаше потреба да се оди подлабоко. Тунелот, којшто претстои да го копаме, треба да врви хоризонтално. Треба да се одреди точно неговиот правец. Јас пак се искачив горе, го ставив капакот на неговото место, стапнав врз него, го извадив компасот од џепот, ја насочив нулата кон аголот на складиштето, правецот кон кој совпаѓаше со правецот кон јужниот агол на банката, почекав да се смири стрелката и го прочитав отклонувањето: стрелката отсечуваше еден агол од 9 степени и половина, при делење на кругот од 360 степени. Готово. Правецот беше одреден. Од надвор, од улицата, се слушна некаква голема врева. Стапки и извикувања на многу луѓе, кои трчеа од кај Војвода сокак надолу кон нашето складиште. Се слушнаа два револверски истрела, јас помислив дека го напаѓаат складиштето, истрчав нагоре по скалите на вториот кат, го грабнав револверот и ѕирнав од прозорецот. Видов еден човек како трча надолу, тој посочуваше со рака некаде пред себе и викаше на сет глас. -Пјастос, бре! Пјастос, бре! По него трчаа неколку души, покажуваа кон него и викаа исто така, на сет глас: -Тутунус, бре! Пјастос! Пјастос, бре! По оваа група трчаа двајца полициски старешини, од кои едниот го ставаше во футролата својот револвер - веројатно тој пред малку пукаше. Оној што бегаше напред, продолжуваше да покажува со прст во воздухот пред себе и викаше: “Пјастос, нре!” Тој сврте покрај нашето складиште по улицата, којашто водеше кон влезот на подземната запчеста железница во Галата. Оној, што го гонеа и толпата љубопитни удрија по него и навлегоа во погоренаведената улица. Јас целосно се смирив. Тоа беше некој крадец фатен на местото на кражбата, кој бегаше и за да ги заведе луѓето што ги среќаваше по патот, за да не го фатат покажуваше нагоре пред себе во воздухот и викаше: “Пјастос, бре!” (Држете го, бре!)
81
Јас одново слегов на приземниот кат, зедов свеќа, железните шила и чукот и влегов во бунарот. Почнав да ги вадам камењата на ѕидот, кои се наоѓаа на дното на бунарот, по правецот покажан од компасот, откако ја бев зацврстил свеќата на дното, од мојата лева страна. Со железните шила јас ги извадив камењата од најдолниот дел на ѕидаријата и престанав да ги вадам дури тогаш кога отворот, којшто го направив во ѕидот, доби размери, при кои - ако оди ползејќи - еден човек може да се провре. Поради тесниот простор каде што работев, вадењето на камењата, кое во нормални услови би било лесно, овде претставуваше голема тешкотија. Уште потешко беше извадените камења да се наредат така да не би пречеле во работата. Како и да е, со големи напори, успеав сосема да го ослободам направениот отвор и да ги наредам камењата на таков начин што ќе се добие нешто како скала за полесно искачување и слегување во буиарот. Бев многу изморен. Згора на тоа, свеќата почна одвај да мижурка и најпосле сосема изгасна. Се обидов да ја запалам, но ќибритот не фаќаше, по штракнувањето главичките шиштеа без пламен и не можеа да ги запалат шкорчињата. Дишењето ми стана многу тешко, ноздрите на носот почнаа да ми се затвораат при вдишувањето - ми недостасуваше воздух. Наоколу воздух имаше, но заситен со јаглеродна киселина. Ми се заврте свест и јас побрзав - додека не сум паднал во безсознание - да се искачам, да излезам од бунарот и да седнам на скалите да се одморам. По извесно време ме замелуши, сум заспал. Кога се разбудив денот беше поминал. Дупката на клучалката која блескаше, кога утринава го ставив потпирачот на вратата, сега не се забележуваше. Јас се искачив на вториот кат, отидов до прозорците и подѕирнав: беше самрак. Бев изгладнет, посакав да се најадам додека упгге беше примрачно и се уште можеше да се гледа. Требаше да си ги измијам рацете, зошто при работата со нечистотиите во бунарот тие беа многу извалкани - и дури тогаш се сетив дека не сум се снабдил со вода! Ами сега! Откако се колебав неколку секунди, јас ги испружив рацете под “чешмата” и си ги замив рацете со сопствената урина... Нема потреба да ме убедувате дека не се бев измил како што треба - и тогаш знаев, а и сега знам дека луѓето не се мијат со урина, но од двете зла, јас го одбрав помалото, ги измив рацете, ги избришав со крпата за нос и се најадов... Од здравствени причини, лекарите предупредуваат да не се пие вода пред или за време на јадење, затоа што стомачниот сок се разредувал, а тоа го попречувало мелењето на храната. Без да сум се сообразувал некогаш со овие лекарски препораки, јас, по навика од детството, пиев и пијам вода половина час по јадењето. Се најадов и според востановената стара навика - посакав да пијам вода, но се ограничив само на желбата: цела ноќ жедта ме измачуваше. Во сонот гледав слики од Пирин Плани-
82
на, со потоци бистри студена вода. Јас се наведнував да пијам, но се разбудував со засушена уста и залепен за непцето јазик. Наредниот ден, кога добро се развидели, јас слегов долу во бунарот и се обидов да работам, за да заборавам на жедта, која ме измачуваше во текот на ноќта. Свеќата, меѓутоа, не можеше да гори, а за да ја запалам требаше да се качувам горе, но штом ќе ја симнам долу, на дното на бунарот, таа почнуваше да мижурка и набрзо изгаснуваше. Не беше возможно да се работи без светлина, во бунарот тешко се дишеше, а по неколку минути главата почнуваше да ми се замелушува. За несреќа, требаше да се помирам со мислата, дека до понеделник, што ќе рече, уште околу 50 часови - не ќе можам со работа да го оттргнам своето внимание од жедта, која ме измачуваше сѐ повеќе и повеќе. По скалите јас се качив на првиот кат, зедов една од краставиците и ја зајадов, за да си ја освежам устата. Требаше да ја штедам резервата од салата, краставици и репички, за да можам кога чувството на жед стане многу силно - да се залажувам со сокот што се содржи во нив. За сето време додека чекав да дојде Нанчо, јас не вкусив друга храна освен салата, краставици и репички, за да не си ги зголемам маките од жедта. А таа -колку повеќе минуваше времето -стануваше сѐ понеподнослива. Главата ми беше постојано замелушена, пулсот - забавен - биеше како чекан во слепоочниците. Ме обзеде несоница, способноста за расудување ми потемне. Јас осознав дека сум дошол до состојба на избезумено животно, со еден единствен јасен поим - вода - и со една единствена желба - да пијам, да пијам! Долго, вечно да пијам вода!... Во понеделник, уште пред добро да се раздени, јас станав со задоцнување како пијан, се облеков во обичните алишта и - седнат на скалите - почнав да го чекам доаѓањето на Нанчо да го отклучи складилиштето. Јас можев, откако ги извадам двата потпирачи, да го отклучам складилиштето, но тоа значеше да го натерам стражарот и луѓето од соседните дуќани да се запрашаат: што сум барал од заклученото од надвор складиште и зошто го отклучувам одвнатре не со клуч, туку со отворање на двете крила на вратата? Колку и да ми беше поматено расудувањето поради жедта, јас се одбранив од искушението, извадив само еден од потпирачите и продолжив да го чекам доаѓањето на Ненчо. Но секои пет секунди јас го вадев и го гледав мојот часовник, Времето одвај се влечеше како пребиено и стрелките на часовникот си стоеја како заковани на едно место, така што јас постојано го ставав на уво, за да се уверам дека не запрел. Кога одев да го вадам потпирачот ми остави впечаток следново: разлеаната содржина која се провираше низ дупката на клучалката ја отфрлаше врз белиот североисточен ѕид на складиштето како врз екран, улицата меѓу него и банката, како и собраќајот по неа, во природни должини и величини, само што луѓето и животните беа со нозете нагоре,
83
а движењето им беше во спротивна насока. Во моментот кога го забележав ова, кон Галата одеше еден офицер на коњ. На ѕидот го видов коњот како чекори со нозете нагоре кон Јуксек калдар’м, а јавачот со главата надолу, ги држеше нозете на узенгиите, кои стрчеа нагоре покрај свртениот труп на коњот. Стражарот на аголот на банката, кој - со главата надолу - застана мирно при поминувањето на офицерот, по неговото заминување ја пушти пушката, која падна “нагоре”, а кундакот и тресна на калдрмата, која се озаби “над” него. Фигурите на двајцата градинари, кои со полни кошови одеа кон Галата, на ѕидот се отсликуваа како чекорат по калдрмата со нозете нагоре, свиткани како запирки, носејќи ги на своите грбови полните кошови отворени надолу, при што зеленчукот не паѓаше, туку притискаше нагоре кон дното на кошовите. Во тоа време кинематографијата штотуку беше откриена. Во “Конкордија” понекогаш се прикажуваа сцени од Босфорот со кајчиња и бродови кои пловат или исто такви на морскиот брег на Мраморното Море кај Кад’х ќој со брановите, кои се разбиваа од карпите. Овие филмови ја доведуваа публиката до силно восхитување. Во моето “кино” јас сега го набљудував бесплатно животот на улицата меѓу складиштето и Отоманската бапка, кој пред моите очи - така да се рече - протечуваше наопаку. Ова набљудување за иеколку минути ми го оттргна вниманието од жедта, која жестоко ме измачуваше, особено сега, кон крајот на жедувањето. Најпосле наближи 10 часот претпладне, кога требаше да се смени стражарот. Според договорот го слушнав ударот на клучот по вратата, над клучалката, бучното провлекување надолу по вратата и барањето на клучалката со него. Така се бевме договориле, за оној којшто е во складиштето да има време да се качи по скалите на првиот кат. По околу една минута од првиот удар со клучот по вратата, таа најпосле се отвори. Јас имав време да се искачам по скалите горе и - наведнат - да видам кој влегува. Со паќет прехранбени продукти под мишка Нанчо влезе, ја притвори вратата зад себе и се качи по скалите кај мене. - Вода! Ти се молам дај ми да се напијам вода! Изгорев за вода! Нанчо се запре, се удри по главата и рече: - Ајде да излеземе да се напиеш вода! Не ми падна на памет да ти донесам еден балон! Излези до печатницата, па после пак ќе дојдеш! - Сам не ќе можам да работам. Нема воздух. Свеќата гасне. Неопходно е да купиме цевка и дувало за втерување воздух. Треба да бидеме двајца - еден да втерува воздух, а другиот да работи. По сменувањето на стражарот, излегов од складилиштето и отидов во печатницата. Таму јас ја наполнив стомната и се залепив за неа: пиев, пиев вода додека не почнав да се задишувам. Откако си го повратив здивот, јас пак се залепив за стомната и пиев, пиев, се додека не се наситив.
84
Вечерта се собравме тројцата во станот на Соколов. Јас ги изложив состојбите на нештата во складиштето - дека нема воздух и дека тој треба да се втерува на некаков начин. А тоа наложува да работат двајца на смени - за втерување на воздух и за работење на тунелот. Ами како ќе работиме по двајца, кога сме вкупно тројца - прокоментира Мерџанов. Нема ли да има одмор за оние, кои ќе работат под земјата? Соколов за миг се замисли. - Еве како: секој од нас ќе работи по две недели. Илија веќе работел една недела. Сега ќе влеземе тој и јас, ќе работиме заедно една недела, потоа тој ќе излезе, па ќе влезеш ти да работиш со мене. По една недела ќе излезам јас и ќе ме замени Илија, со кого ќе работиш ти една недела, а по една недела ќе излезеш ти и ќе те заменам јас - и така натаму. Секој ќе работи две недели, а една недела ќе се одмора. - Но, оваа работа станува многу комплицирана. Треба да се води цела статистика кој кога работел и колку има уште да работи. Јас мислам нешто друго, многу попросто - рече Мерцанов. Јас ќе испратам писмо во Солун да дојде некој од Орцелер. Кога ќе бидеме четворица, ќе работиме двајца по двајца, ќе работиме и ќе се одмораме по една недела на ред. Го прифативме овој предлог на Мерџанов. Уште утре, среда, 15 март 1900 година, по ревизијата на командантот на воената заштита на банката, ќе влеземе да работиме двајцата со Соколов. Утре ќе имаме големо движење во складиштето: јас ќе купам и ќе го внесам во него една каучукова цевка, долга 25 метри, едно тркалезно дувало за втерување воздух и храна за неколку дена. Нанчо со амал ќе донесе еден голем балон - околу 50 литри вода т.е. “мастило” за складиштето. Тој, исто така, ќе донесе уште еден-два големи сандака за стока, какви што ќе ни требат за да ја истураме таму земјата што ќе ја ископуваме. Од складиштето тој ќе изнесе печатарска хартија за печатницата. Изутрината јас го отворив складиштето, ја донесов цевката и дувалото и два чивта работнички алишта, едно јаже и храната и останав да ја чекам ревизијата на командантот. Нанчо со еден амал донесе еден балон “мастило”, а со истиот амал изнесе два топа хартија. Потоа донесе еден празен сандак за стока, донесе уште еден сандак, го заклучи складилиштето и си отиде. Ние со Соколов останавме сами на вториот кат. Штом слушнавме дека Нанчо ја затвори вратата, јас слегов долу и го ставив потпирачот, а потоа се качив горе. Соколов го беше соблекол својот елегантен костум и се облекуваше во работни алишта - сина блуза и панталони од дебел непропустлив штоф. Јас го направив истото и за помалку од пет минути двајцата слеговме долу, носејќи ги цевката, дувалото, потоа свеќи, ќибрит, чеканот, шилата и длетата. Ние ја ставивме устата на дувалото на цевката, којашто цврсто ја врзавме. Другиот крај на цевката - откако
85
го отворивме капакот - го спуштивме во бунарот. Соколов седна на една од степениците на скалата и почна да работи со дувалото, а јас се спуштив и слегов во бунарот. Од крајот на цевката, во дното на бунарот дувкаше свежа струја од чист воздух. Јас го чкрапнав кибритот и без тешкотија ја запалив свеќата, која ја осветли како целата внатрешност, така и отворот што го бев направил од ѕидаријата. Почнав да копам. На 15-20 сантиметри околу ѕидаријата земјата беше мека - веројатно од насип, којашто јас лесно ја ископав и ја отфрлив зад себе. Понатаму се појави карпа, која требаше да се длаби со железно шило и чекан. Работата тргна бавно. Кога но цевката Соколов ми кажа дека поминало еден час и треба да излезам за да ме смени, јас одвај го бев оформил попречниот отвор на идниот тунел. Соколов беше многу уморен. Тој непрекинато еден час работеше со дувалото, за да втерува чист воздух во бунарот! Работата со дувалото не беше лесна; тоа беше тркалезно со пречник од околу 60 сантиметри и се собираше и отпушташе, а се работеше и со двете раце, како што прават и музикантите со армониката. Многу изморен бев и ја.с, бидејќи требаше да работам превиткан на две, во една многу неудобна положба. Освен тоа, ископаните материјали, натрупани на дното на бунарот, го правеа многу тесен просторот каде што се работеше. За време на десетина минути кога одморавме по првиот работен час, ние смисливме што треба да се направи, за да стане работата попродуктивна по копањето. Прво што требаше да направиме, беше да изнајдеме начин на брзо и лесно исфрлање на земјата од бунарот. - Смислив! - рече Соколов. Тој се искачи по скалите горе и по малку време слезе долу, носејќи го во раце резервниот работен костум којшто ова утро го беа донеле во складиштето. - Еве, ова блуза може да собере цела вреќа земја! И Соколов ја фрли пред мене сината блуза од дебел док. - Сега, кога ќе слезам долу, ќе ја наполнам и ти ќе ја извлечеш нагоре. Ајде дај ми го јажето, Повлечи го едниот негов крај. Соколов ми го подаде едниот крај од јажето, а потоа, држејќи го в рака другиот крај на блузата - слезе од бунарот. Јас почнав да го втерувам воздухот во дувалото по цевката. По кусо време слушнав во дувалото по цевката како Соколов вика: Извлекувај го јажето! Јас го оставив дувалото и почнав да го влечам јажето на чијшто друг крај Соколов ја беше врзал блузата наполнета со земја, којашто тој ја подигаше нагоре во времето кога јас ја извлекував нагоре. Извлечената земја јас ја извлеков и ја испразнив во еден од празните сандаци, по што ја спуштив блузата пак во бунарот и веднаш фатив да втерувам воздух со дувалото. Тоа се повтори неколку пати, додека дното на бунарот не се исчисти добро. Така што оној кој копа, да работи во хоризонтална насо-
86
ка, а не како што беше досега, да биде принуден да се наведнува надолу. По еден час Соколов се качи горе. Откако одморивме десетина минути, тој го зеде дувалото, а јас слегов долу да работам на ископувањето на тунелот. И така на смени од еден час, ние работевме со дувалото, го копавме тунелот, ја изнесувавме земјата надвор и ги полневме сандаците со неа. За да не се забележува земјата низ пукнатините, од внатрешната страна на сандаците стававме хартија за завиткување, а одозгора врз истурената земја - пак хартија, над која го редевме “Учебник руского языка”, Далчевото “Турско право” или “Духовното огледало” и на тој начин ја замаскиравме од страните и одозгора, Нанчо донесуваше друг сандак, кого што го поставувавме до првиот - и така натаму, додека целиот приземен кат не се наполни со сандаци полни со “печатени книги”. Кога меѓу така наполнетите и замаскирани сандаци остана само една патека, а ископаните материјали требаше да се исфрлаат, почнавме да ги поставуваме празните сандаци врз оние коишто веќе ги бевме наполниле, вадејќи ги од нив отпечатените книги за да ги наредиме во празните сандаци од вториот ред, при што горната страна на сандаците од долниот ред ги маскиравме со хартија за завиткување. Смената на работниците во складиштето беше во среда, по ревизијата на командантот, којшто вообичаено јас го пречекував. Подоцна, кон крајот на мај и кон средината на јули 1900 година, кога јас за по неколку денови отсуствував од Цариград, ревизијата ја пречекувал Нанчо. За време на работата, уште при почнувањето со Соколов забележавме дека остриот звук, кој се испушта кога со чеканот се удира по железните шила, се слуша многу јасно надалеку и можеше да го привлече вниманието било на соседите, било на стражарот и затоа решивме да работиме со дрводелските длета, по чијашто дршка удиравме со чеканот. Така испуштаниот звук одвај достигаше до устата на бунарот. Дрвените дршки, меѓутоа, од ударите брзо се расцепуваа. Тоа нѐ принуди да направиме поголема резерва од дрвени шила, за да ги заменуваме веднаш, штом употребуваните станеа непогодни за работа. Изострениот дел на длетата, исто така, брзо затапуваше во тврдата карпа и ние бевме принудени да си направиме резервни длета. На тој начин работата не престануваше цели 10 часа во текот на деноноќието. Работата на копањето на тунелот започнуваше наутро веднаш по отворањето на соседните дуќани и раздвижувањето на улицата, а навечер продолжуваше до затворањето на околните дуќани и прекинувањето на сообраќајот по улицата. По прекинувањето на работата ние се качувавме на вториот кат, вечеравме или разговаравме шепотејќи, или - уморни легнувавме да спиеме. Уште првиот ден, кога останавме сами двајцата со Соколов во складиштето, ние качивме на вториот кат еден од празните сандаци и го поставивме легнат на една од неговите долги страии така,
87
што дното да му биде свртено кон прозорецот, а отворената страна - кон внатрешноста на просторијата. Направивме така, за да можеме во сандакот да палиме свеќа, да вечераме, дури и да читаме, без да може светлината и нашето присуство да се забележат однадвор. Околу 20 март 1900 година, кога ние со Соколов сме работеле во складиштето, во одговор на писмото што Мерџанов го беше испратил пред неколку дена, од Солун во Цариград беше пристигнал Коста Кирков, велешанец, член на Солунската анархистичка група, којашто Мерџанов ја беше формирал пред две години. Тие двајцата - Мерџанов и Кирков - нѐ сменија по ревизијата на командантот. Тие дојдоа пред смената на стражарот, го отклучија складиштето, влегоа внатре и се поврткаа во приземниот кат додека отспротива, на аголот на банката, не биде сменет стражарот. Потоа се качија кај нас на вториот кат, каде што облечени во обични алишта - заедно со Соколов ги чекавме. Тогаш за прв пат го видов Кирков, со кого почнавме да разговараме како да сме се познавале со векови. Впрочем, немаше многу време за разговор, зашто тие требаше да се соблечат, да ги облечат работните алишта и да добијат претходни податоци за работата во тунелот. - При копањето да се ориептирате од компасот - му реков на Мерџанов. Да запомните добро: отстапување налево од магнетниот меридијан девет степени и половина! Да не го погрешите правецот. - Потоа, ќе ја штедите водата - продолжуваше Соколов. Зарем, како што ве гледам какви сте префинети да не почнете требало не требало да ја трошите за миење. Овде водата е скапа! Ке правите како нас: ќе си ги измиете рацете и лицето со урина, а потоа, со две “шепи” вода ќе се исплакнете... Тоа е малку солено по вкус миење, но ќе се навикнете - та мечката од гората ја земаат, па пак се научува да игра оро, а камо ли вие!... Соколов продолжуваше со своите објаснувања: - Понадвор ќе одите на сандаците, врз земјата. При мала нужда работата е проста - ќе ја поливате земјата без посебен труд. Меѓутоа, работата со големата нужда е покомплицирана: претходно ќе ископате дупка во земјата, а откако ќе си ја свршите работата ќе си го затрупате производството да не смрди. Сеедно како да погребувате мал покојник... Се разбира, никој не ви забранува - ако сакате - да му отчитате заупокојна молитва, па вечно нека почива в месте злачне, упокоине, идеже нест болезн, ни печал, ни воздихание, но жизн безконечна... Ние излеговме, откако го заклучивме складиштето, тргнавме со Соколов нагоре, кон Војвода сокак, од каде што се разделивме: тој си отиде дома, а јас -во печатницата, за да му го предадам клучот на Нанчо, по што си отидов право дома на Еминеџи сокак. Како Соколов, така и јас брзавме да стигмеме до дома и да се преоблечеме во чисти долни алишта и да се избањаме како луѓе.
88
Тешко сега можам да се сетам како го поминавме одморот во текот на таа недела. Си припомнувам дека секој ден одев во печатницата да се информирам од Нанчо за оние што работат во тунелот. Таму сѐ било во ред: Нанчо секој ден им носеше храиа, а кога балоиот се испразнил, со еден амал го зел, го наполнил со вода и им го однел. Им однел и книги за читање. Следната среда јас отидов рано, го отворив складиштето и ја почеков ревизијата на командантот. Тој веќе добро ме познаваше. Кога му дадов селам, тој се насмевна со благонаклоност и ми одговори како божем да ми дава селам. Тој дојде до вратата и јас го поканив да влезе внатре, но тој одби, фрли само еден поглед во складиштето, мавна со рака, ме поодмина и влезе во книговезницата - беше уверен дека таму нема што да гледа! Кога наближи смената на стражарот, дојде и Соколов. Двајцата со него почнавме да разговараме блиску до вратата, за да може стражарот да забележи двајца, а потоа отидовме на крајот од складиштето и отаму посматравме кога ќе се изврши смената. Штом се смени стражарот, ние со Соколов се качивме горе, а Мерџанов и Кирков слегоа долу, излегоа низ вратата, го заклучија складиштето и си отидоа. Веднаш по нивното излегување ние набрзо ги облековме работничките алишта и се фативме за работа - Соколов го зеде дувалото, а јас - ќибритот, свеќата, чеканот и длетата и слегов во бунарот. Кога излеговме минатата среда, тунелот го бевме оставиле ископан околу еден и половина метар во карпата. Сега тој се беше издолжил беше долг околу два метра. Меѓутоа, блузата, со која, ја изнесувавме земјата, се беше искинала на неколки места. Ние ја заменивме блузата со едиата од ногавицте на панталоните, од непропустлив штоф, којшто ги бев донел за време на моето прво влегување во бунарот. Овие ногавици, направени од груб, дебел, конопен штоф, напоен со смола и восок, ни послужија многу добро и долго време за извлекување и изнесување на ископните материјали. На овој начин бавно и со голем труд, ние напредувавме во тврдата карпа, птиближувајќи се секој ден до аголот на банката просечно со по околу 20 сантиметри. Во еден од последните денови на март, во едно многу студено утро, двајцата со Соколов бевме станале многу раио. Зората одвај пукаше. Чекајќи да се разбуди сообраќајот по улицата, за да почнеме со работа, ние гледавме низ прозоревот на вториот кат. Гледаме кон аголот на банката. Стражар на нејзиниот агол беше еден млад војник - едно мало Турче од Анадолија. Тоа ја држеше пушката до нозете и целото се тресеше од студ. Веројатно тоа беше од некое топло место и не беше навикнато на утринскиот цариградски студ. Тоа потскокнуваше на едно место - веројатно да се стопли и тивко пееше.
89
- Карамфѝлим беàза Б’тме-бана буназа,43 Ш’ма-д’м, ш’ма-д’м, ш’ма-д’м-д’м-д’м-вај! Ајде - дà, оп-лà, да ѓѐл! Шалварѝм топлà-да, ѓел! Џебимѐ јоклà-да ѓел!44 При рефрепот „Ш’м-д’м...” тоа потскокнуваше, вртеше со задникот и фрлаше ѓубек, уверено дека никој не го набљудува. Тоа продолжуваше: - Карамфѝлил ујду-бени Опоспу сојду-бени Б’тме-бана буназа,45 Ш’ма-д’м, ш’ма-д’м, ш’ма-д’м-д’м-д’м-вај! Ајде - дà, оп-лà, да ѓѐл! Шалварѝм топлà-да, ѓел! Џебимѐ јоклà-да ѓел! Соколов не знаеше турски. Јас му ги преведував зборовите на песната. Тој замислено прозбори, како да зборуваше сам за себе: - Танцувај, робе, танцувај! Да знаеш само врз каков вулкан танцуваш! И обраќајќи се коп мене додаде: - Што е виновно ова момче, за да плаќа со живот за безобразиијата на Абдул Хамид и на оние што го штитат? Ќе бидеме ли ние виновни, ако од неопходност станеме причина да гинат невини луѓе? Како ќе може да го подготвиме омлетот на слободата без да скршиме јајца? Велигден таа година беше на 9 април. Од вечерта на Великата среда (5 април) до светлиот вторник (11 април) печатницата немаше да работи. Поради тоа, Нанчо, кој живееше во Ејуб, на околу 10-12 километри од Кавафијан ан, не ќе можеше да донесува храна : не можеше без да предизвика сомнение - да ја држи печатницата затворена и да има работа во нејзиното складиште. Од друга страна, ќерките на станодавачката на Соколов - побожни Гркинки - држеа многу до тоа со некој да одат в црква во текот на страсната недела и настојуваа ние во овој случај да им бидеме кавалери. За да се спасиме од нивните излишни прашања за нашето евентуално отсуство за време на празниците, ние решивме од 5 до 15 април да не работиме во тунелот. Ќе ми тежи грев на душата ако речам дека поминавме лошо тоа време. Овој одмор - најдолгиот одмор од сите наши одмори - помина многу брзо во пријатното друштво со госпоѓиците Костари. Тие одеа на 4ј Невин сум! (Каранфилот ми е бел!). 44 Ах не го прави тоа со мене! 45 Невин сум! (Каранфилот ми е бел!).
90
црква во една грчка црква, која се наоѓаше спроти големата стоковна куќа “Бон марше”, на главната улица, на лево кога се оди од Пера кон Галата. Вечерта на Велики петок црквата беше преполна со народ. Поворката со крстот обиколи низ тесниот црковен двор околу црквата и влезе внатре. Во целосна тишина започна опелото. Илјадниците свеќи на богомолците ја осветлуваа внатрешноста на храмот како ден. Ненадејно еден силно исплашен глас со очај ја пресече тишината. - Вај, аннаџи-и-м! Јанд’м!46 Сте фрлале ли запалено чкорче ќибрит во купче барут? Сте виделе ли како барутот избувнува за миг и се распространува врз се наоколу? Нешто слично се случи сега во црквата. Паника ги фати сите моментално. Сите се затрчаа безглаво да бегаат кон вратата. - Што стана? Што се случи? - Јанг’н!47 Бегајте да се спасуваме! Настана неопислива бркотница. Сите се натискаа кон вратата и ја запречија; викаа, се туркаа, пцуеја, се удираа еден со друг со песници, се изместуваа еден со друг со лакти. Оние што успеваа да излезат преку вратата, бегаа како луди по улицата. Мерџанов успеа да ја изведе Клементина, на која само шапката и беше извалкана. Соколов ја изнесе Минерва на раце, како младо дете. Крупната фигура на Евхарист се “истовари” како пивтија врз мојата лева рака и само што не ја откина со својата тежина. Марија, фатена цврсто за палтото на Коста Кирков, со сите сили го влечеше назад. Како и да е, ние - целото друштво - среќно се извлековме од црквата. Резултатот од оваа паника беше: две жени умреле од изгазување и задушување, а многу од нив се онесвестиле, изгазени и повредени. Но, никаков пожар не се случи. Наредниот ден се разјасни поради што дојде до паника: Соблазнет од накитите на една богата Гркинка, еден крадец посегнал и го скинал тешкиот златен синџир од нејзиниот врат. Тој бил забележан, фатен и цврсто држан од мажот на ограбената дама. Исплашен и очаен, крадецот почнал да вика: “Олеле мајко! Изгорев!” Оние, што не го виделе фатениот крадец и го слушнале неговото викање им се присторило “Јанг’н” наместо “Јанд’м” (“Пожар” наместо “изгорев!”). Тие помислиле дека во црквата избувнал пожар, а секој цариграѓанин знае што значи пожар во Цариград, при тоа во преполна со народ црква. Така дојде до паниката, која однесе и жртви. Крадецот, меѓутоа, успеал да избега и да се спаси... Деновите минуваа. Нашите смени следуваа една по друга. Тунелот секој ден растеше во должина. Растеше бавно, но, сепак растеше. Првовремено често проверувавме со компасот, правецот беше правилно одреден. Поради тоа што ни беше омрзнато постојано да го проверуваме 46 Олеле, мајко! Изгорев! 47 Пожар.
91
правецот, ние почнавме сѐ поретко да се служиме со компасот и теравме напред, спокојни дека се приближувавме сѐ поблиску и поблиску до аголот на банката.
НАБАВУВАЊЕТО НА ДИНАМИТОТ Работата на тунелот продолжи веднаш по Томина недела, од кога почнавме да се сменуваме во понеделник, наместо во среда, како што беше дотогаш. И покрај тоа што редот на влегување на работа им беше на Мерџанов и на Кирков, во понеделникот на Томина недела влеговме ние двајцата со Соколов, зашто Мерџанов сакаше да стапи во контакт со некој претставник на Ерменската отганизација, бидејќи имаше потреба од позначително количество на динамит за кревање на банката во воздух. Оваа средба беше организирана од Борис Сарафов и сега Мерџанов сакаше да си оди на средбата некаде воТарла Баши. Освен тоа, Коста Кирков сакаше да си оди за Солун, за да ги извести другарите за целта што си ја бевме поставиле во Цариград. Сепак, решивме Коста да поработи уште една недела и потоа да оди за Солун, од каде што ќе дојде друг да го замени. Ние со Соколов влеговме во складиштето и ја продолживме работата, која продолжи вообичаено по смени: еден час копање, еден час втерување воздух во дувалото. За тоа време Мерџапов отишол во Тарла Баши и ја нашол куќата каде што живеел претставникот ма Ерменската организација под лажното име Кавказ. Тој заѕвонил на вратата. Му отворила една стара жена која запрашана дали таму живее кафказ, одговорила потврдно. - Ве молам, дајте му ја картичката и кажете му дека сакам да го видам и да разговарам со него! - и Мерџанов и ја дал својата визит картичка - една од оние истите, со кои се беше послужил за да биде примен од егзархот Јосиф. По извесно време жената се вратила и го одвела Мерџанов кај претставникот на Ерменската организација. Кога влегол кај Казаков, Мерџанов ја видел својата визит картичка на масата. И двајцата, натпреварувачки да се претстават еден на друг за многу важни, но не обрнале внимание на овој факт. Тие не можеле - и не вложиле напор - да помислат дека оваа картичка можеби ќе изигра голема и фатална улога за сите нас во Цариград и за работата што ја бевме почнале во тој град. За да го организира доставувањето на неопходниот за нас динамит, Казаков сакал да се увери дека ние навистииа сме на пат да го реали-
92
зираме кревањето во воздух на Отоманската банка. Мерџанов со резерва ги примил овој предлог на Казаков и му рекол дека треба да помисли и да се посоветува со своите пријатели, т.е. со нас. Во секој случај, по десетина дена ќе му даде одреден одговор. При сменувањето на складиштето, Мерџанов нѐ стави во тек со разговорите со Казаков. Овој, пак, имал под команда неколкумина Ерменци - шверцери, кои постојано шверцувале меѓу Цариград и руското азијатско крајбрежје на Црното Море. Тие не можеле да прошверцуваат од Батум толку динамит, колку што ние ќе сметаме дека е неопходен за кревање во воздух на Отоманската банка. Ние сестрано ја обмисливме положбата. За кревање на банката во воздух ни требат 50-60 килограми динамит. Толкаво количество тешко ќе може да се набави во Софија, зашто таков има само војската, а тие (воените старешини) нема да ни дадат, ќе сакаат да знаат за што го даваат. Ние немаме никаков интерес нашата работа да стане општа сопственост. Но, и да се најде, пренесувањето од Софија во Цариград ќе биде многу тешко, затоа што гавазот во софискиот руски конзулат, прилепчанецот Спиро, до овде патува само по наредба на конзулот. Тоа што, откако сме ние во Цариград, тој доаѓал двапати, тоа не значи дека додека стасаме до темелите на банката ќе биде испратен уште неколку пати со официјални документи, за да го искористи случајот и да ни го донесе куферот полн со динамит. При тоа треба да се има предвид, дека во својот куфер тој не може да носи големи количини динамит. Така што предлогот на Казаков беше добродојден, а неговото барање да се увери, дека ние навистина ќе го искористиме динамитот како што треба е целосно оправдано. Поради сиве овие причини, решивме, кога Мерџанов се смени од работа, да го најде Казаков и да му соопшти, дека кон крајот на следната смена тој може да дојде во складиштето и да го види тунелот. Таа смена ние бевме двајцата со Соколов. Во последниот ден на смената, Казаков ќе дојде во складиштето пред сменувањето на стражата. Јас ќе го чекам облечен во обичните алишта, ќе излезам по смената на стражарот и ќе го заклучам складиштето. Казаков ќе остане заедно со Соколов и ќе излезе кога дојде времето за смена на работниците во тунелот. Ние - Соколов и јас, ги сменивме Мерџанов и Кирков. Ми беше мене редот да копам. Јас влегов во бунарот, запалив свеќа и почнав да ползам во тунелот со свеќа во рака. Ми се стори дека на едно место тунелот како да не ја следи правата линија на првобитно одредениот правец, туку извива на десно. Тоа беше нејасен впечаток, зашто тесниот и низок тунел, осветлуван одвај на два чекори од свеќата, изменувањето на правецот беше речиси незабележливо. Јас тогаш не знаев дека без помошни средства, при најслабото движење по површината на земјата, човекот го губи правецот најмалку за 10 степени при делење на кругот од 360 степени.
93
Јас дојдов до крајот на тунелот, ја прицврстив свеќата и бев на пат да почнам со работа, кога точно над мојата глава слушнав некакви брзи нервозни удари со чекан. Се присетив дека во соседниот дуќан - книгивезницата - бев слушнал такви брзи и иервозни удари. Јас ја оставив свеќата во тунелот, каде што крајот на каучуковата цевка со шуштење испушташе чист воздух, отползив назад и излегов од бунарот. - Зошто излегуваш? - ме запраша Соколов. - Доаѓам по компасот. Сакам да го проверам правецот. - Ама, ајде терај! Зошто си го губиш времето? Јас се качив горе, го најдов компасот, слегов во бунарот и почнав да ползам во тунелот, ја зедов свеќата, се вратив назадгазум до бунарот и почнав да ползам во тунелот, откако на секои 70-80 сантиметри го проверував правецот. На околу 6 метри од бунарот, правецот на тунелот од девет и половина степени на лево од магнетниот мередијан помина во девет и половина степени на десно од овој меридијан. Со компасот в рака јас го поминав тунелот докрај. Значи ние сме ја измениле насоката и сме пробиле цели два метра карпа во погрешен правец, т.е. ние сме се измачувале и работеле попусто. Наместо кон аголот на складиштето, ние сме дошле под штандот на книговезницата. Јас се качив горе и му кажав на Соколов за состојбата со работата, откако со молив врз книгата на брзина направив една скица. - Еве уште еден доказ, дека земјата, или поточно, нашиот памет - се врти! - рече шеговито Соколов. И додаде: - Значи, треба да ја исправиме грешката и да оставиме овој шутрак да нѐ води! - и тој покажа на компасот, чијашто стрелка се нишаше на лево и надесно како пијана. - Оттаму, каде што туиелот забележливо свртуваше на десно, јас почнав да длабам во карпата по првобитниот правец, како што покажуваше компасот. По еден час јас се качив горе, го фатив дувалото, а Соколов влезе во бунарот. И работата, како и порано, продолжи и следните денови од неделата. Но, како што се случува обично во животот, погрешниот правец во една насока, го следи таков во спротивната насока. За среќа, ние на време ја забележавме направената грешка и веднаш се корегиравме. Во сабота, на 6 мај 1900 година, Мерџанов го зел клучот од складиштето од Нанчо и му го дал на Казаков, за да дојде наредниот ден и ја посети нашата работа. Така било договорено. На 7 мај 1900 година јас уште наутро се облеков во своите обични алишта и - во очекување на доаѓањето на Казаков - втерував воздух во дувалото, додека за тоа време Соколов беше во тупелот и работеше. Пред смената на стражарот Соколов излезе од бунарот и се качи горе, а јас останав долу да го чекам доаѓањето на Казаков. Неколку минути пред смената на стражарот Казаков ја отклучи вратата, влезе во складиштето
94
и се качи горе кај Соколов. При влегувањето, неговата висока фигура, во светлиот фон на отворената врата, се мерна пред мене како црна силуета. Застанат на средината на просторијата, јас му го видов само грбот, кога се искачуваше по скалите нагоре. Јас се поврткав неколку минути долу, додека се смени стражарот, а потоа се качив горе, за да се видам и запознам со Казаков. Казаков беше околу 30-35-годишен ковчест човек, со висок раст, со малку пропаднати гради и со грб наведнат кај плеките. Лицето му беше крупно, ковчесто, со прав нос, со големи, надвиснати веѓи, костенливи очи, со долги, темнокостенливи, малку прошарани мустаќи, глатко избричена брада, темнокостенлива, малку прошарана коса, проретчена во врвот на главата. Адамовото јаболко на грлото му беше остро, силно испакнато. Тој беше доста добро, дури елегантно облечен, со горна кошула од зефир и со бела колосана јака, со темносин костум и со сина шапка од фалц, со широка периферија на главата. Соколов ги фрли пред него моите работни алишта и рече: - Треба да се преоблечете. Еве едни панталони и една блуза. - Значит, нада переодется! Очен хорошо! А как Вас зовут?48 Гласот на Казаков беше грлест, а изговорот - чисто руски. По надворешниот изглед, по темброт на гласот и по изговорот, никој не би се посомневал дека тој не е Русин. - Моето име? - праша Соколов - јас немам име. Викајте ме “Сликар” - тоа ми е името. Јас ги оставив да се расправаат и да се запознаваат, слегов по скалите, ја заклучив вратата зад себе и си заминав. Соколов го подигнал капакот, му го покажал бунарот, му го дал во рацете дувалото и му покажал како се втерува воздух во тунелот. Потоа влегол и се спуштил во бунарот, за да му го покаже начинот на кој влегуваме во подземниот свет, ја запалил свеќата и ја оставил во почетокот на тунелот, за да се осветлува патот на незапознаениот со работата. Потоа излегол, го зел дувалото и го поканил Казаков да влезе во бунарот. По кусо време Соколов слушнал во дувалото како Казаков вика: - Художник! Художник! Чъорт возми, Художник! Свет потух!49 - Бабина ти! - му се потсмеал Соколов во дувалото. - Кога не те бидува за ништо, зошто си ја пикаш муцката каде што не ти е работата? Излегувај! Откако се извлекол назадгазум, Казаков дошол до бунарот, се искачил по него и дошол кај Соколов. Кога - при влегувањето ја носел во рака свеќата пред себе, тој дошол до крајот на галеријата и од невнимание ја поставил на крајот на цевката, каде што воздушната струја ја угаснала. 48 Значи. треба да се пресоблечам. Многу добро! Вас како ве викаат? 49 Уметниче! Уметниче! Ѓавол да го земе. Уметнпче! Светлпната изгасна!
95
- Да ничево! - рекол Казаков. Ета мне достатъчно. Видно, что вам скоро взрив будет нужен!50 Следниот ден - понеделник - Мерџанов и Кирков ги смениле Соколов и Казаков. Овој последниот ветил дека веднаш ќе нареди да се прошверцуваат 100 килограми динамит, којшто веднаш ќе ни бил предаден. Насекаде во Македонија и во Бугарија празникот на св. Кирил и Методиј е голем празник на населението, но никаде тој не се празнува така свечено како во Цариград. Уште при изгревањето на сонцето, од четирите краишта на големиот град, Македонците и Бугарите се стечуваат кон бугарската црква во Фенер. Илјадници кајчиња преполни со луѓе, се упатуваат во разни страни на Златниот рог кон малата, црна, висока и стројна бугарска црква. Обично, во секојдневниот живот на Цариград, присуството на Македонците и Бугарите речиси не се чувствува. Само млекарските дуќани, распроснати низ целиот град; градинарите, кои со кошови на грб го продаваат со провикнување својот зеленчук; и абаџиските дуќани во Бал Капан напомнуваат за постоењето на нашето племе и за неговиот упорен труд за поддржување на секојдневното постоење на цариградското население. Само на свети Кирил и Методиј, кога човек го погледне собрано во црквата, црковниот двор и околните улици ова раздвижено густо мноштво, може да пресмета дека во Цариград живеат 60.000 души Македонци и Бугари, кои - кога би биле на едно место - би формирале еден град поголем од Софија, каква што беше за времето за кое се однесуваат моите спомени. Со Соколов ние изнајмивме едно кајче кај Кара ќој купрусу и со него тргнавме за Фенер. Ние сакавме - по цела недела робијашка работа под земјата - да се насладуваме подолго на тивкото, јасно утро, од задреманите темносини, тивки води на Златниот рог и од велелепната глетка, затоа му рековме на сопственикот да тера бавно. Постојано нас нѐ настигнуваа и заминуваа кајчиња преполни со луѓе, кои, исто така, одеа кон Фенер. - Ги гледаш ли? - прозбори Соколов и покажа кон кајчињата, кои во тој момент нѐ настигнуваа - ги гледаш ли? Тоа е стадото, кое оди да ги оплакува и прославува “светите браќа”, “Солунските измамници Кирил и Методиј”... - Ова утро ми се чини ти како да си станал наопачки, па така терсене расудуваш... Кирил и Методиј измамници! Ти мора да си полудел! - Но, добро! За да изгледам свесно според тебе, треба да оглупавам, за да не ги анализирам историските факти и да го прифатам како 50 Ништо. Тоа ми е доволно. Се гледа дека на вас наскоро ќе ви биде потребен динамит!
96
несоборлива вистина тврдењето - со ништо недокажаното тврдење - дека овие господа - Солунските браќа - се навистина словенски просветители... Да станам приврзаник на општата заблуда, смислено поддржувана од заинтересираните средини и луѓе... - Јас сум љубопитен да ги слушам твоите искази и факти, кои сметам дека ќе ти дадат право да ги сметаш словенските просветители за најдолни измамници... - Да ти кажам ли! Иемам обичај да штракам идеи и да те убедувам да мислиш за луѓето и за нештата како мене. Во секој случај, еве ги моите искази и факти - и со десна рака потопена во водата на Златниот рог, која плиска одвреме-навреме, тој ги наведува своите искази и факти: “Преку славењето на блиски по крв, јазик, карактери, обичаи и начин на живеење племиња, во осмиот век се формирала славјано-македонската држава Брзитија, според името на Брзаците - едно од дванаесетте словенски македоиски племиња, кое било јатката на новоформираната држава, чијашто престолнина бил градот Скопје. Таа ги опфаќала Битола, Охрид, Струга, Ресен, Прилеп, Кичево, Скопје, Велес и други, сѐ до градот Солун. Таа била земја на религиозни слободи, каде како јазичарството и наложеното со насилство од Константина, Теодосија и Јустинијана искривено христијанство, така и најслободољубивите ереси имале еднакво право на постоење. Скопје бил средиште на висока словенска култура и писменост со глаголицата, азбука, многу постара од кирилицата.
СОКОЛОВ ГИ РАЗОБЛИЧУВА КИРИЛ И МЕТОДИЈ Кој ја составил глаголицата? Некои историчари претпоставуваат дека оној што ја составил глаголицата, веројатно бил добро запознаен со источните јазици - арапскиот, еврејскиот, хазарскиот и слично. Поради тоа што Кирил ги знаел тие јазици - и го изведуваат заклучокот дека составувачот на глаголицата бил токму тој, Кирил. Не треба многу памет за да се дознае дека тој заклучок е погрешен, зашто: 1) Познавањето на источните јазици не било монопол само на Кирила, бидејќи сите македонски Словени, коишто имале трговски и други врски со Грција, Азија и Африка - а такви постоеле долго време пред раѓањето на двајцата Солунски браќа - знаеле грчки, арапски, еврејски и други источни јазици; 2) Глаголицата постоела најмалку половина век пред 855 година, кога била составена кирилицата, така што Кирил не можел да ја состави; 3) Ако допуштиме дека тој ја составил глаголицата - каква потреба имал да составува нова азбука? 4) Ако Кирил ја составил
97
глаголицата, Црноризец Храбар би го спомнал тој факт и не би пишувал дека Словените “чертами и резами чертахон и гадахон погани сонште”; Храбровите црти и решки сигурно биле знаците на глаголицата - проклетото писмо на омразеиите еретици, кои за него биле вистински “пагани”, т.е. безбожници, јазичници. Фактот, што знаците на специфичните словенски звуци: б, ж, ч, ш, и други се едни и исти како во кирилицата, така и во глаголицата, јасно укажува дека целата работа на Кирил се состоела во едно вулгарно плагијатство - за специфичните словенски звуци тој ја ограбил глаголицата, а за сите други - грчкиот алфа-вит. Па, според тоа, во однос на писменоста, заслугата на Кирил е плагијатството. За дејноста на Солунските браќа, на располагање ги имаме следните сигурни историски факти: 1) Таткото на Кирил и Методиј бил висок византиски чиновник и најдоверливото лице на византиската императорка Теодора. Тој бил толку близок со оваа императорка, што таа дозволила неговиот помал син Кирил да се дружи и воспитува заедно со нејзиниот син, идниот византиски император Михаил III Метизменос. Императорката Теодора со беспримерна жестокост ги казнувала ересите, особено павликанскиот ерес и погромно ги уништувала појавените во Грција Словени. 2) Постариот од двајцата Солунски браќа - Методиј - бил назначен за византиски управител на Струмичката област. Тој бил, исто така, едно од најдоверливите лица како на императорката Теодора, така и на нејзиниот син Михаило III Метизменос (Пијаницата). 3) Помладиот од браќата - Кирил - во своето детство и младештво, кога човек воспоствува најблиски и најтесии пријателски врски, се дружел и се воспитувал заедно со синот на императорката Теодора, идниот византиски император Михаил III Метизменос. Овие врски меѓу нив двајцата се зачувале долго. Тие и двајцата биле учесници за време на покрстувањето на бугарскиот хан Борис: Кирил бил свештеникот, а Михаил бил крстителот на новопокрстениот. 4) По наредба на византиската Влада, двајцата браќа почнале да ги покрстуваат словенските народи и да го шират христијанството, но не во неговиот чист вид на социјално-религиозно учење, туку изопаченото од Константин Велики државно христијанство. 5) Тие ја превеле од грчки на македонско-словенски јазик онаа црковна литература, која била прифатена од седумте вселенски собори, т.е. литературата на завитканото и замаглено христијанство, која служи за потпора на ропството и насилството, а не за ослободување на народите. 6) Пред да го почнат своето “апостолство”, порачано од византиската државна власт, двајцата браќа биле испратени во Хазарија за јазичен двобој со Евреите и еретиците. По пат тие го повториле во намален вид измамништвото на Константииовата мајка света Елена: во Херсон тие ги
98
“откриле” моштите на римскиот папа Климент I, другар на апостолот Павле, кој околу 100-та година бил заточен од императорот Трајан во Херсон и по негова наредба удавен во морето во 1020 година. Моштите на папата Климент 1 трпеливо чекале 760 години, за да дојдат двајцата Солунски браќа да ги откријат - освен со списите на вселенските собори и со сликата на власта - да се послужат со нив како со аргумент во претстојниот јазичен двобој. Овие историски факти - анализирани - ги претставуваат двајцата браќа во поинаква светлина, а нивното дело не како просветување на Словените, туку како зрело смислен византиски план за затапување и држење во ропска потчинетост на словенските народни маси. - И, по една иронија на судбината - заклучи Соколов - со кирилицата, предодредена да ја измести слободољубивата словенска литература, пишувана со глаголица и да го убие стремежот на Словените за слобода и за достојно човечко постоење - со таа иста кирилица - после илјада години - Михаил Бакуњин се послужил да ја напише својата кпига “Поим за државата” и го означил почетокот на анархистичкото движење за слобода... Светите браќа Кирил и Методиј треба да му простат на Бакуљин, затоа што - без самиот тој да го осознае - ги рехабилитирал пред поколенијата...” Ние пристигнавме во Фенер, излеговме од кајчето и по кусата, тесна и крива улица отидовме кон црквата. Од секаде - со кајчиња по Златниот рог и пешки по улиците, приоѓаа луѓе одделно или во групи. На архиерејскиот трон во црквата беше седнал бугарскиот егзарх Јосиф 1. Имаше зошто да бидеме љубопитни со Соколов, за да сакаме да го видиме и разгледаме егзархот одблизу. Ние можевме да се доближиме и да го разгледуваме главатарот на бугарската црква, човекот, кој себеси се сметаше и којшто мнозина исто така го сметаа - за духовен водач на бугарскиот народ. Пред нас, на тронот, беше седнал еден 55-60-годишен дебеличок човек, со црна слабо прошарана долга брада, која на краиштата беше побелена. Портретот на егзархот Јосиф I претставува фигура на еден елегантен духовник, лице со глатка, бледа кожа и фини црти. Ништо слично во реалноста. Лицето на Блаженството, гледано од близу, оставаше сосема друг впечаток. Кожата на лицето му беше груба - така да се рече селска, со крупни пори, црвеникава, со тенки црвени капиларни жилички по површината. Еден надуен израз на тапо самозадоволство ја дополнуваше простачката физиономија на Блаженството. Сосема друг впечаток оставаше егзархискиот протосингел попот Наум, родум од градот Ресен, којшто беше застанал до тронот на егзархот. Сув, висок, со долга коса, сосема бела брада и живи сини очи, попот Наум имаше многу претставителна, подвижна, итра и умна физиономија, Тој беше душата на Бугарската егзархија, човекот којшто
99
ги движеше нивните дружини - нешто како што беше до пред неколку години Ванистрат, скромниот службеник во англиското министерство за надворешни работи, кој ја кроеше англиската надворешна политика, чиишто официјални претставници беа нешто како бугарскиот Јосиф I надуени и шупливи сламени кикиришки. Како што споменувам порано, хотелот-кафеана-гостилница “Македонија”, што ја држеше костурчанецот Георги Христозов, се наоѓаше во центарот на Пера, до аголот, каде што се пресечуваат Војвода сокак и Јуксек калдар’м, спроти полициската станица „Галата сарај”. Кога не работевме во тунелот под Отоманската банка, ние доаѓавме овде било на утрински појадок, било за да се напиеме кафе по ручекот, било приквечер само на кафе или да вечераме. Уште првиот пат, кога влегов во кафеаната на хотелот, забележав едно лице, чијашто физиономија ми се стори позната. Се присетив дека овој господин сум го видувал како младо момче во градот Казанл'к, за време на ученичкиот штрајк во пролетта 1896 година. Тоа беше едно Турче,ако не ме лаже умот, некаде од Севлиевско, по име Осман Нури Алиев. Го бев запаметил поради тоа што тој беше единствениот ученик од третиот (последниот) клас на училиштето, кој беше добил шестица по бугарски јазик, тогаш, кога најсилните негови соученици - Бугари, по овој предмет имаа одвај петки. Сега тој беше пораснал; имаше среден раст, полна градба на телото, црни очи, коса и мустаќи, избричена црна брада, дебел нос, црвеникаво лице. На главата носеше фес, скоро поминат на калап. Тој сега службувал како началник на бугарскиот оддел при цариградската тајна полиција, секогаш зборуваше турски и никој не се сомневаше, дека разбира и зборува бугарски подобро и од Бугарите, кои го посетуваат локалот на Георги Христозов. За среќа кога тој беше ученик во последниот клас на Казанл’шкото Педагошко училиште, јас бев штотуку дошол во Казанл’к, не го посетував училиштето, туку се подготвував за испитите дома, така што тој не ме беше запаметил и не ми го знаеше вистинското име. Друг еден постојан гостин на кафеаната-гостилница “Македонија” беше некој си Крум Ганчев, родум од градот Свиштов. Висок и строен, елегантно и модерно облечен, тој имаше убаво лице на 30-35-годишен човек, со идеално правилен нос, светли сини очи, тенки, руси , свилени мустаќи и лице со аристократска глатка, бела кожа. Ние скоро установивме дека тој е на служба во Цариградската тајна полиција, натоварен да ја следи бугарската интелигенција во Пера и за сѐ да го информира неговиот шеф Осман Нури Алиев. Многу брзо ние забележавме дека сме предмет на неговото внимание и набљудување. Како сенка, тој се појавуваше секогаш околу нас во време на нашите скитања низ градот. Тоа нѐ принуди и ние да бидеме внимателни и да
100
набљудуваме дали тој или некој друг не нѐ следи, особено кога влегуваме на работа во тунелот под банката. Ние така умешно лавиравме и се измолкнувавме од набљудувањето на тајната полиција, што ниту Крум Ганчев, ниту кој и да било друг од Цариградската тајна полиција не успеа да дојде до каква и да било претпоставка за нашата подземна работа. Еднаш - во месец јули 1900 година - во хотелот “Македонија” пристигна и се настани да ноќева неколку дена еден млад човек, околу 22-23-годишен, со среден раст, сини очи, руса коса и одвај појавени руси мустачиња. Тој беше облечен во туристички костум со светло кафеава боја, со гети на нозете, а на главата колонијален шлем, завиткан со тенок. бел штоф. Се викал Петар Шопов, родум од градот Панаѓуриште, братучед на бугарскиот трговски агент во Солун, Шопов, член на некаква англиска археолошка мисија, која останала неколку дена во Софија и која ќе поминела низ Цариград на пат за Багдад, каде што ќе почнела некакви ископувања. Тој ја оставил мисијата во Софија и побрзал за да може до нејзиното доаѓање да ги разгледа знаменитостите на Цариград, кои многу го интересирале. Овој Петар Шопов се присламчи кон нас и на најбезобразен начин сакаше да ни го утрапи своето присуство насекаде, каде што одевме. Првовремено ние поверувавме дека тој навистина ја очекува англиската мисија и на разни начини се обидувавме да го отстраниме од нас. Но, деновите минуваа, а англиската археолошка мисија никако да пристигне, додека Петар Шопов сѐ повеќе се присламчуваше кон нас. Најпосле нашето трпение дојде до крајот. Еден ден Соколов му рече: - Слушај, момче! Да станеш веднаш од масата и да те нема! И ако уште еднаш те видам да седиш на наша маса, ќе ти ја скинам главата! Разбра ли? И тој стана, го фати за вратот, го дигна од столот и го одвлече кон вратата. Два или три дена потоа, колонијалниот шлем исчезна од хотелот “Македонија” и воопшто од Цариград... Поминаа две години. Истиот овој Шопов го видов во Софија. Тој беше во тесни врски со мојот соученик од Софиското Воено училиште од 1894/95 година, Иван Јуруков, родум од градот Панаѓуриште. Нешто многу непријатно се беше случило меѓу нив. Јас го знаев Јуруков како многу тивок, мирен и разумен човек. Меѓутоа, кога го запрашав каква работа има тој со Шопов, Јуруков избувна: - Ќе го убијам овој развратник! Ќе му ја отсечам главата како на пиле! Во 1904 година пак го видов Јуруков. Тој лежеше во Пловдивскиот затвор обвинет за некакво убиство. Во 1908 година, во градот Нанси, Франција, добив едно писмо од Јуруков, заедно со една фотографија. Тој ми се јавуваше од Адис Абеба, Етиопија. Се беше фотографирал во етиопска носија, со штит во едната рака и со копје во другата. Оттогаш им ги загубив трагите и на Шопов и на Јуруков.
101
Во тоа време меѓу Бугарите во Цариград живееше еден лекар, д-р Александар Малинов, родум од Бесарабија. Меѓутоа, тој не е идниот лидер на Демократската партија, адвокатот д-р Александар Малинов, со кого немаше ништо заедничко, освен името и местото на раѓање. Д-р Малинов доаѓаше често да јаде било во гостилницата на хотелот “Македонија”, било во ресторанот “Хаџопуло”, каде што дојде и до нашето запознавање со него. Тој беше возрасен човек - околу 50-годишен, со среден раст, голема четвртеста глава, покриена со проретчена, прошарана костенлива коса, која што на темето воопшто ја немаше. Тој имаше долга брада, со костенлива боја, исто така прошарана. Во лицето многу наликуваше на прочуеииот руски писател Фјодор Достоевски. Овде тој беше дошол пред неколку месеци од Москва, каде што живеел долго време и каде што беше студирал и завршил медицина. Во Москва тој членувал во некој илегален нихилистички кружок. Што работеше во Цариград? И тогаш, и сега не знам. Она што со сигурност знам е дека тој не се занимаваше со својата лекарска професија. Од каде добиваше средства за егзистирање? И тоа не го знам, но тој во секој случај не живееше во беда. Според своите погледи во однос на редот на пештата во светот тој многу се приближуваше до нашите погледи, поради што беше во многу блиско пријателство со Мерџанов. Но - треба тоа да го потцртам - во нашите односи со него ние се бевме ограничиле само на своите симпатии, без да го приклучуваме кон нашата работа. Друго лице, со кое понекогаш другарувавме и спрема кое бевме добро расположени, беше Баласчев, родум од градот Охрид, археолог дојден во Цариград со рускиот професор по археологија Успенски, за истражување на византиските споменици, старини и ракописи. Тој беше весел, духовит и разговорлив човек. Неговите приказни и шеги се вртеа околу учкурот, така што неговото присуство во друштвата, каде што ќе се најдевме во тоа време, кога не работевме во тунелот, ја играа улогата на лесни јадења за време на ручек. Истите односи со него ние ги зачувавме, кога се среќававме во Софија, каде што тој работеше пак во доменот на археологијата, ако не се лажам, како професор на Софискиот универзитет. Како што е кажано на друго место, уште во првите денови по нашето пристигнување во Цариград, Мерџанов се запозна со некои лица од персоналот на бугарскиот Цариградски конзулат. Особено близок тој стана со првиот секретар на конзулатот, Живко Добрев - истиот Живко Добрев, кој - десетина години подоцна - беше назначен за бугарски конзул во Атина. Кога не беше на работа во тунелот, Мерџанов често се среќаваше и постојано се дружеше со Живко Добрев. Бидејќи Добрев речиси секој петок - заедно со дипломатскиот кор - присуствуваше на катанеделното молепствие на султанот Хамид во џамијата во дворецот кај Босфорот, беше во тек со сѐ што сѐ зборуваше за она што се
102
случуваше во Илд’з Кошк. Од него тој беше дознал за убиството на еден дворски слуга, убиен од султанот Хамид. Изненаден од султанот за време на работата, слугата немал време да ги прекрсти рацете на градите, да ја наведне главата и да стои во оваа покорна поза до помииувањето на падишахот. Со многу брзо движење, султанот Хамид, кој во секој го гледал својот убиец, го извадил револверот и го убил несреќниот слуга. И покрај сите безбедносни мерки што ги бевме презеле и кои ги преземавме секој ден, сепак, еден човек насети дека нешто се случива под земјата околу складиштето на бугарската печатница. Еднаш - една среда, по ревизијата на командантот јас наминав во складиштето и очекував да дојде Ахмед ага, ноќниот чувар, за да му го дадам “афталакот” катанеделната награда, што ја добиваше од сите околни дуќани. Некои ми даваа повеќе од редовниот афталак за кафе, а други ми даваа и леб - рече тој, откако ја доби од мене својата награда од еден черек (четвртина бела меџидија =1,15 златни лева). - Опрости! - му одговорив јас. Опрости, што не се сетив! И јас му дадов една сребрена монета од 8 металици (едно големо копче = два сребрени гроша, околу 50 стотинки). Ахмед ага денес беше во добро душевно расположение и продолжи: - Пријателе, не знам што се случува, но од пред извесно време наваму, оваа улица оддава некаков посебен звук! - Каков звук? - Некаков посебен звук. Ми звучи некако како шупливо. Јас побрзав да го успокојам со некакво објаснение и му реков: - Веројатно тоа е од тунелот на подземната железница. - А не, не! Не оттаму! Овде, ене таму - и тој ја покажа улицата меѓу складиштето и банката. - Еве овде звучи како шупливо кога удирам со стапот! За да ја сокријам својата исплашеност, јас рамнодушно ги собрав рамењата. Од тој ден наваму, секогаш, кога Ахмед ага доаѓаше за афталакот, јас му давав по еден-два гроша повеќе од редовната награда, за кафе. Се се заврши само со неговата забелешка. Ако А.хмет ага беше со повисока општествена функција, или ако тој самиот пројавеше поголема настојчивост за да ја дознае причината зошто улицата беше почнала шупливо да звучи - ние веднаш ќе се најдевме во затвор и ќе го намачкавме јажето... Кон крајот на мај 1900 година Коста Кирков замина за Солун и покрај тоа што Мерџанов го убедуваше да остане во Цариград. За цело време додека беше во Цариград - за време на работата во тунелот и во текот на еднонеделните одмори надвор од складиштето - меѓу Мерџанов и него се водел спор: Мерџанов настојувал сите да дојдат од Солун во Цариград, каде што - по кревањето на банката во воздух - ќе направиме една вооружена демонстрација, слична на онаа на Ерменците во 1895 год-
103
ина. Кирков го отфрлил проектот на Мерџанов и иоддржал дека многу поумесно е, покрај централата на Отоманската банка во Цариград, да се крене во воздух и нејзината филијала во Солун. Во случајов Кирков постапуваше и зборуваше во духот на решението што го донеле членовите на Солунскиот анархистички кружок пред заминувањето на Кирков од Солун за Цариград. Кога дознале дека ние копаме тунел за да ја кренеме во воздух Отоманската банка во Цариград, нашите солунски другари го пречекале тоа со ентусијазам и решиле истото да го направат и Солунската филијала на оваа банка. На тој начин, штетата што ќе ја нанесеме на Турската империја ќе биде многу поголема, отколку ако до тоа дојде само во Цариград. Нашата вооружена акција и без тоа ќе ни се наложи по фрлањето на банката во воздух, независно од бројот на учесниците во овој атентат, а ако се крене во воздух и банката во Солун, ќе се добијат и две вооружени акции, така што ефектот ќе биде двојно посилен.
СПОРОТ СО СОЛУНЧАНИТЕ Спорот, дотогаш воден само меѓу Мерџанов и Кирков сега го поставивме за разрешување сите четворица. Соколов не се приклучи ниту кон една страна. - За меие нема значење дали штетата ќе биде поголема или помала. Важно е - да се направи штета, која ќе се почувствува не толку материјално, колку психички, не толку како материјална загуба, колку како недостиг на сигурност во Турција. Така што - штракајте си ги идеите и без моето учество! - изјави Соколов и престана да се интересира за спорот. - По кревањето на банката во воздух, значењето на една сугестивна вооружена акција, извршена од поголем број на луѓе, овде во Цариград, во срцето на Турската империја, ќе биде огромно и јас настојувам да ги концентрираме сите сили само во Цариград - велеше Мерџанов. - Ами ако - поради некој непредвиден случај - покренатата акција во Цариград пропадне? Тогаш, што предлагаш ти - возвраќаше Кирков значи да се изложиме на целосен ризик, заложувајќи сѐ на една карта. Ние во Солун претпочитаме да заложиме сѐ не на една, туку на две карти, бидејќи немаме можност да заложиме на повеќе. Јас застанав на страната на Кирков. Според тоа како размислував, ако се почне со работа и во Солун, веројатноста за успех двојно се зголемуваше. Бевме двајца спрема еден. Мерџанов се налути. - А откаде ќе најдеш средства? Со што ќе го извршите поткопувањето на Солунската банка? - праша Мерџанов.
104
-Со парите што ќе ги добиваме од Сарафов! - одговорив јас. -Тој ги испраќа тие пари за овде, за Цариград, а не за Солун! А бидејќи ми ги испраќа мене и јас не сум согласен да се работи и во Солун, нема да ви давам од нив! -Ти како да сакаш да станеш диктатор? -Како сакаш, така мисли! Кимдѐ кал’ч, ò Сулејман!51 - Ќе видиме дали е така правилно! Ние - значи - ја негираме власта, за да воспоставиме диктатура, нели? Тоа беше прва, судбоносна расправија меѓу мене и Мерџанов. Ние продолживме да работиме заедно во Цариград, заедно влеговме во затворот, заедно ја делевме веројатноста дека ќе нѐ обесат, но меѓу нас веќе го немаше претходното целосно разбирање, немаше целосна истомисленост и целосна доверба. Демонот на властољубивоста веќе беше влегол во срцето на Мерџанов. Кирков замина за Солун. По него сакал да дојде Орце, прво за да не се прекинува работата во Цариград и второ - за да поработи и стекне искуство во работата, која - како што велеше Кирков - ќе биде преземена и во Солун, штом нивниот кружок обезбеди средства. Кирков замина. По една недела, штом се сменив од работата во тунелот, јас заминав за Пловдив. До 1898 година во Пловдивската митрополија како прислужник служеше еден возрасен, околу 60-65-годишен човек, родум од Пловдив, по име Коста Видолов, “чаушот”, како што го викаа. Тој во оваа митрополија служеше уште од нејзиното создавање во 1870 година, кога за Пловдивски митрополит бил назначен Панарет. По колежите во Пловдивско во 1876 година, митрополитот Панарет испратил во Бугарската егзархија во Цариград допис, во кој ги опишувал извршените колежи и ги наведувал имињата на настраданите села. Тој допис во Цариград Панарет го испратил по доверливо лице, конкретно по Коста Видолов, чијашто прислужничка униформа наликуваше на униформата на турски полициски старешина. Под заштитата на својата униформа, тој успешно стигнал во Цариград и го предал дописот во Егзархијата. Од Егзархијата се разнела веста за извршените колежи. Егзархот Антим I Видински поради тоа што извршил антидржавно дело со својот протест пред Високата Порта за извршените ѕверства во Пловдивско, бил одведен на заточение во Анкара. Како краен резултат од дописот на митрополитот Панарет се јавува голема огорченост на европската општествена свест поради извршените колежи и испраќањето на меѓународната анкетна комисија за констатирање на ѕверствата во селото Батак и другите Пловдивски села. Сегашната пловдивска улица “Митрополит Панарет” порано се викаше “Чаушоолу сокак” - по името на Коста Видолов, кој живееше во 51 Во кој е сабјата. тој е Сулејман!
105
својата куќа, која се наоѓаше на оваа улица. Оваа куќа, сосема пропадна, постоеше до иеодамна под уличен број 15. Овој Коста Видолов имаше син, кој се викаше Александар. По смртта на татко му тој служеше во Бугарската митрополија како прислужник и писар. Кога во месец октомври 1899 година, се вратив од четата на Гоце Делчев, во тие неколку денови што ги поминав во Пловдив Александар Костов ме запозна со еден свој познат, кој живееше во Пловдив, во Синапската маала. Новозапознатиот се викаше Лазар Силјанов, по народност Арнаутин, чијшто татко - Јаков Силјанов - беше трговец со добиток, сега материјално опаднат. Јаков имаше двајца синови Лазар и Михаил. Пред доаѓањето на Ѓорче Петров и Мерџанов во Пловдив кон крајот на октомври 1899 година, со тој Лазар Силјанов, кој пред две години заедно со Александар Костов, Иван В’лкович, Димптар Аргиров и други - бил член на Пловдивскиот анархистички кружок - смисливме на кој начин да дојдеме до средства. Тој имаше неколку такви проекти, но тие останаа нереализирани, зашто по нашата средба со Мерџанов со Борис Сарафов во првите денови на ноември 1899 година - јас заминав за Цариград. Сега по расправијата со Мерџанов и неговото одбивање да даде дел од средствата што ги добиваше од Борис Сарафов, за да се почне копањето на тунел за кревање во воздух на Солунската филијала на Отоманската банка, јас се сетив на тој Лазар Силјанов и за неговите проекти. Така што, во првите денови на месец јуни 1900 година, откако излегов од работа во тунелот, јас набрзо преку Кулели Бургас и Одрин заминав за Пловдив. Од Цариград заминав со вечерииот воз. Во Пловдив стигнав следниот ден околу пладне и отидов во Митрополијата, каде што ручав. На крајот на ручекот, кога вујко ми даде одобрение за разговори и спорови, Иван А. Јосифчев, кој ручаше на истата маса раскажа една пикантна, вистинска случка, која се случила овие денови во Пловдив и која наликуваше - дури во своите детали - на “Ревизор” од Гогољ. Пред неколку дена во Пловдив пристигнал некаков господин, кој обиколил неколку установи, барал разни преписки, земал белешки од нив, ги распрашувал началниците и персоналот. Воопшто, тој се однесувал така важно, што насекаде сметале дека е ревизор. Началниците и персоналот на установите се натпреварувале меѓу себе кој повеќе да му угоди, го канеле дома, приквечер излегувале со семејствата на прошетка со него и се гордееле со неговото блиско познанство. Особено љубезен кон “ревизорот” бил градоначалникот на Пловдив Никола Дуров од градот Пештера, кој штотуку завршил право и - во својата униформа на висок полицаец - беше преполи со многу високо мислење за себе.
106
Оној ден “ревизорот” ненадејно си замина. По неговото заминување во полицијата пристигнала телеграма, во која се барало некој измамник. Дадениот опис во телеграмата се совпаѓал со оној на “ревизорот”. Кога го побарале, тој веќе бил исчезнат, без никому да каже каде ќе оди. Тоа беше повод за разни весели коментари во градот, во кои како најкомично се претставуваше однесувањето на градоначалникот. По ручекот го најдов Лазар Силјанов, со кого се договоривме - заедно со неговиот помал брат Михаил - да реализираме еден од неговите проекти, а добиените пари ќе ги земам јас за една работа преземена во Турција. Бидејќи знаеше дека од мене нема да разбере ништо повеќе, Лазар не пројави љубопитство, за да дознае за каква работа ќе бидат употребени добиените пари. Во него и во брат му дремеше огнениот арнаутски инстинкт кон грабеж, кој, разбуден од мене, сега наоѓаше шанса да се пројави. Накратко - јас бев станал главатар на една тричлена разбојничка банда. Лазар Силјанов, на околу 30-35 години, беше со среден раст, сплескана одзади глава, покриена со светлокостенлива коса. Црвеникавото лице му беше покриено со ситни дамки и со ретки белези од голема сипаница. Брадата му беше избричена, а мустаќите му имаа руса, дури црвеникава боја. Рацете му беа подолги, а нозете покуси од обично. Тоа му го правеше трупот поголем и на целото тело му даваше тром изглед. Очите му беа синкавосиви, со челичен блесок. Михаил Силјанов беше младо 22-23-годишно момче, повисок од брат му, тенок, брз, со црни очи и коса и со одвај појавени мустачиња. Тој беше многу молчелив и на изглед многу срамежлив. На 10 километри северно од градот Пловдив, покрај патот за градот Карлово, се наоѓа селото Черпели (подоцна преименувано во Клементиново), а по 9 септември 1944 година прекрстено во “Труд”, расположено источно од патот. Старото име “Черпели” ова село го носи од обичајот на оние што доаѓале на пазар во Пловдив, да се честат за направените зделки на пазарот во неколкуте анчиња, кои се наоѓале на самиот пат. Едно од тие анчиња, најблиското до Пловдив, на околу 30-40 чекори северно од деветтиот километарски камен, што го држеше еден черпелиец, некој си Иван, стана цел на “операцијата” на нашата разбојничка банда. Следниот ден по средбата со Лазар Силјанов, како што бевме договориле, тројцата се собравме на ритчето, кое се наоѓа на северниот крај на пловдивското предградие Каршијака (сега преименувано “Филипово”), источно од патот за Карлово. Секој од нас носеше по една бовчичка, во која бевме ставиле ветви горни алишта, палта и панталони - различни по боја од оние што ги носивме. Моите горни алишта беа оние што минатата есен ги бев зел од Иван А. Јосифчев, од црн габардин. Во бовчата, пак, ставив едеи мој изветвен костум со светлосива боја, кој пред четири годи-
107
ни, уште сосема нов, беше разјаден од азотна киселина, со која беше напрскан кога пукна садот, во кој ја загревав со спиртник. Тогаш, во една од одаите на Молдавскиот манастир “Света Петка” се обидував да добијам динамит. За оружје имавме по една кама и револвер. Ние брзо и молчаливо тргнавме по патот, носејќи ги под мишка своите бовчички. На околу еден километар од анчињата ние застанавме, влеговме во една нива и - скривани од житото, кое беше искласало - врз алиштата што ги носевме, ги облековме оние што ги носевме во бовчите и потоа тргнавме полека кон анчето. Така, околу 11 часот, стигнавме до анчето и седнавме на клупата кај вратата да се одмориме. Бај Иван - анџијата - еден дебеличок, полн, височко човек, со црвендалесто, полно лице и со црвен појас, излезе од анчето, си ја избриша со капата потта од лицето и рече: - Ама жега, а! Тоа е тоа - леб се пече! Ние молчевме. По патот бавно се влечеа неколку биволски коли, кои одеа кон Пловдив. Коларите, седнати на предницата, со остени в раце, се прозеваа и дремеа. Во правецот кон Пловдив, на 20-30 чекори од аичето, покрај патот, имаше еден голем бунар. Биволските коли се сопреа кај бунарот. Коларите извадија неколку кофи вода од него, ги истурија во коритото и со копанките прицврстени на стап, почнаа да го плискаат изморениот од жега добиток. По 10-20 минути колите тргнаа одново и се изгубија зад житото кај свијокот на патот. Јас станав и погледнав по патот и во двата правца. Не се гледаше ништо по него - ни кола, ни јавач, ни пешаци. Беше време да дејствуваме. Се вратив назад кон анчето и реков незаинтересирано: - Многу е жега. Да влеземе на ладовина внатре! Ние влеговме во анчето и наседнавме на клупата покрај ѕидот. - Дај ни половина литар вино! - му рече Лазар на анџијата и - откако овој последниот ја зеде половинката од шанкот и се сврте да влегува во визбата, со очите му даде знак на братот.
ГРАБЕЖОТ ВО ПЛОВДИВСКО Двајцата браќа скокнаа и со тивки стапки трчешкум се упатија по него. Со сета сила Лазар го удри во грбот. Со штотуку дигната нога да го пречекори прагот, изненаден од силниот удар, бај Иван се струполи во визбата, која беше за едно или две стапала пониска од подот на дуќанот. Додека тие се расправаа со анџијата, јас ја заклучив влезната врата, откако го завртев клучот и го ставив потпирачот. Веднаш по удирањето 108
двајцата браќа се нафрлија врз паднатиот анџија, кој со сета сила се мачеше да се ослободи од нивните раце и викаше за помош. - Затни му ја устата со крпа! - му реков на Лазар, подавајќи му ја крпата за нос. - Што ќе се мачам да му ја затнувам устата? Еве сега откако му го пресечам гркланот, ќе молкне веднаш! - и Лазар со едната рака ја извади камата од футролата, која му висеше закачена на појасот одзади и ја опре во гушата на анџијата. - А, не! Само тоа не! Или ќе ти прсне черепот! - му реков и му го притиснав револверот во темето. - напикај му ја крпата во уста. Под цевката на револверот, р’жејќи, Лазар ја стави камата во футролата, ја зеде крпата и почна да ја пика во устата на бај Иван. Неговиот глас почна да се слуша сѐ послабо. Најпосле тој престана да се напиња за викање и се отпушти - тој беше се онесвестил. Ние му ги врзавме рацете и нозете, му ја одзатнавме устата и - додека Михаил остана кај анџијата во секој случај - двајцата со Лазар го претресовме, му го зедовме ќесето од појасот и некакви клучеви од џебот на панталоните, влеговме во дуќанот и го отворивме чекмеџето на шанкот. Потоа ги зедовме сите пари што ги најдовме во ќесето, во отвореното чекмеџе, како и во тоа што беше заклучено на шанкот. Јас го пречекорив онесвестениот анџија на патот и погледнав - никој немаше да се движи и на двата правца. Ги соблековме ветвите алишта, коишто ги бевме навлекле врз оние што ги носевме секојдневио. Лазар и Михаил напикаа во џебовите на палтото и на панталоните колку што можеа да соберат кутии цигари и книшки за цигари. Носејќи ги во раце соблечените ветви алишта, ние преку дворната врата излеговме на патот и отидовме кај големиот бунар. Таму завиткавме по еден камен во алиштата што ги носевме во рацете и ги нафрлавме во бунарот. Одозгора врз паднатите на дното алишта, ние нафрлавме колку што можевме да најдеме камења наоколу. Откако се ослободивме од ветвите алишта, ние го фативме коларскиот пат, кој свртува налево и низ нивите оди кон реката Марица. Одевме брзо, многу брзо. Беше пладне. Никој немаше по патот што го бевме фатиле. Растојанието од анчето до реката Марица го поминавме за не повеќе од 45 минути. Кога наближувавме до Марица, на лево од патот во една нива со јачмен видовме еден селанец. Тој беше дошол да види дали нивата е стасана за жетва. Кога дојдовме до реката Марица, седнавме под една врба да се одмориме и да го видиме резултатот од нашето разбрјништво. Ги изброивме парите што ги бевме зеле: целата сума беше 24 златни наполеони, неколку сребрени петолевки, дволевки, левови и половина левчиња, а исто така и неколку лева ситни никелови монети. Ние си поделивме по два златни наполеона и по еднакво од сребрените и никеловите монети. Остатокот од 18 златни наполеони ги зедов јас, за да ги однесам во Цариград.
109
Откако на овој начин го поделивме грабежот, ние се разделивме: Лазар и Михаил тргнаа надолу по течението на реката Марица, за да стигнат спроти Синапската маала, каде што сакале да ја прегазат реката, а јас се соблеков, ги зедов во рака соблечените алишта, ја прегазив реката Марица, излегов на нејзипиот друг брег, ги оставив алиштата на брегот и се искапав. По заморниот пат на оваа жега, ладното капење ми ги поврати силите, спокојството, бодроста и ладнокрвноста. По капењето јас се облеков, отидов во митрополијата и остатокот од денот го поминав во целосен одмор. Приквечер излегов да се прошетам на кај “Изложбата”, како што се наречуваше градината, каде што беше првата бугарска изложба во 1892 година и којашто градина подоцна беше преименувана во “Цар Симеон”. Кај Алаџа џами (спроти сегашното кино “Балкан”, таму, каде што сега се цвеќарските дуќанчиња) го сретнав градоначалникот Никола Дуров. Низ умот ми падна комичната сторија за “ревизорот”, што вчера ми ја раскажа Иван А. Јосифчев. Ме обзеде една неодолива желба на овој висок полицаец да му изиграм една игра кога полицијата, известена за разбојништвото во анчето кај селото Чепеларе, веројатно се беше зафатила со откривањето на неговите автори. Јас се запрев точно пред него, се свртев со лице кон ѕидот на џамијата и се преправив божем како да мочам. - Што правиш? - ме запраша тој, пелтечејќи. Тој зборуваше со пелтечење. - Што правам? Ете тоа - мочам! - му одговорив со насмевка. Тој збесна и свирна со свирчето. По неговото свирнување веднаш дотрча еден стражар, кој откако го поздрави, застана пред него мирно. - Одведете го овој во полициската станица! Состави му веднаш акт? Стражарот го поздрави војнички и ме потера кон полициската станица, која беше сместена во една зграда на Бал’к пазар, пред скршнувањето на стрмната тесна улица, која води за горниот влез на дворот на црквата “Света Богородица”. Во станицата ми направија пријава, ме казнија 5 лева и по неколку часа ме ослободија. Наредниот ден преку Бургас заминав за Цариград. Пред да се качам на бродот од Бургас во поштенското сандаче пуштив една отворена картичка, адресирана до пловдивскиот градоначалник Никола Дуров. Во картичката му ја напишав истата онаа фраза што ја бев чул пред два месеца од Петар Соколов, при проектирањето на работата за минирање на Отоманската банка: “Кој не може да ја фати попадијата за таквото, нека го држи попот за онаквото!...” Два или три дена по таа случка во анчето, Јаков Силјанов, таткото на Лазар, ја впрегнал кочијата да оди во Чонлук (сега “Гроф-Игнатиево”) по добиток и го зел Михаил со себе, за да го дотера по купувањето во градот. На минување покрај селото Черпели, Јаков ја сопрел кочијата пред анчето на бај Иван, за да се одмори коњот и да касне малку сено.
110
- Слези! Иди да му ја смениш храната на коњот! - му рекол Јаков на синот. - Не можам. Ме фати треска! - одговорил Михаил, кој уште пред да наближат до анчето се завиткал преку главата со гуњата на татко му. Анџијата донел сено, го ставил на подвижните јасли пред коњот и го запрашал Јаков, со кого биле пријатели одамна: - Што му е на момчето? - Болно е. Го фатила треска. - Еј беља, мајката - продолжил да зборува анџијата - да знаеш како настрадав оној ден! - и тој му раскажал за нашиот напад. - Сакаа да ме заколат. Но, нели господ им даде друг памет, та ме оставија жив! Само ме ограбија. Сѐ ми зедоа, сѐ до грош! Јас не сум бил на себе кога си отишле, ме оставиле врзан. Та викај, викај, ама кој ќе те чуе? Дури после ужина влегле луѓе во дворот и ме слушнале, па дојдоа да ме одврзат... - Кои биле тие што те ограбиле? - Не ги знам. Млади момчиња беа. Да ги видам, ќе ги препознам... Во тој дух разговорот меѓу анџијата и Јаков се водел за сето време додека коњот не се одморил и не го изел сеното. Михаил се завиткувал сѐ повеќе, зашто сосема природно, тој бил тресен од силна треска... Наредниот ден заминав за Бургас, каде што пристигнав доцна вечерта. Пак ноќевав во хотелот “Петербург”. Следниот ден, рано наутро, се распрашав во агенциите. Околу 10 часот ќе имало брод за Цариград. Кога одев по агенциите да се информираам, го сретнав Павел Генадиев, кој ќе одел за истиот град под туѓо име. Павел Генадиев го познавав одамна, бидејќи повеќето од членовите на семејството Генадиеви му ја должеа на мојот вујко издршката за стекнатото високо образование. Зошто Павел Генадиев одеше во Цариград? Јас не го распрашував, како што и тој не ме прашуваше. Поради отсуството на љубопитство, секој од нас двајцата заклучуваше, дека претпочита да помине во молчење тоа поради што секој од нас патуваше. Морето беше тивко како огледало. Ниту една брчка немаше по неговата површина. Како јас, така и Павел Генадиев, целото време до слегувањето од бродот го поминавме на палубата. Со љубопитство јас ги набљудував делфините, кои си играа околу бродот. Тие ту го следеа одзади, ту го поминуваа, ту пливаа спроти него, ту минуваа под него: тие се фрлаа нагоре, ги подаваа муцките над водата, а потоа, откако ќе ги нурнеа главите, над површината на морето го покажуваа целиот свој грб. Павел Генадиев, кој зборуваше грчки како вистински Грк, почна некакви расправии со еден од патниците, по народност Грк, во однос на историјата и етнографијата на Македонија. Оваа нивна расправија, во која и двајцата се беа запалиле продолжи и по влегувањето на бродот во Босфорот. Таа одвај беше прекината кога почнавме да слегуваме од бродот на Галата-искелеси.
111
Јас дојдов во Цариград точно на време. Следниот ден наутро беше ред на нас двајцата со Соколов да влеземе на работа во тунелот. Вечерта по пристигнувањето, со Соколов отидовме на опера: една патувачка италијанска трупа беше дојдена во Цариград и во “Конкордија” ги даваше своите опери. Таа вечер се даваше “Аида” од Верди. Во една од ложите го видов Павел Генадиев. Штом ме забележа, тој ми даде знак да се најдеме по првиот чин во фоајето. Се најдовме. Тој ме одведе настрана и ме праша: - Познаваш ли одблизу некој од персоналот на бугарскиот конзулат? - Зошто? - Многу ми е неопходно. Се работи за еден пасош. - За оваа работа сретни се со Васката. - Кој е тој Васката. - Васката. Кога ќе се сретнеш, ќе видиш кој е. - Каде ќе можам да го најдам? - Утре, во 10 часот наутро, во кафеаната на хотелот “Македонија”. - Прашај го сопственикот, бај Георги. Тој ќе ти го покаже. Ѕвонецот заѕвони. Почнуваше вториот чин. Ние се разделивме: Павел Генадиев се прибра во својата ложа, а јас си отидов на местото во партерот. Следниот ден со Соколов отидовме во складиштето, за да ги замениме Мерџанов и Орце; ги затековме облечени, готови за излегување. Додека да се смени стражарот, ние имавме време да размениме по некој збор. Јас му реков на Мерџанов: - Вчера патував со Павел Генадиев од Бургас за Цариград. Мерџанов ме пресече: - Вчера си патувал од Бургас? За Цариград? Но, што си барал во Бургас? - Ќе дознаеш брзо. Но, сега за ова што ти реков: - сношти го видов Генадиев во “Конкордија”. Сака да се сретне со тебе. Закажавме средба со тебе денес во кафеаната на хотелот “Македонија”, во 10 часот. Тој ќе го праша бај Георги за тебе. Да знаеш. - Зошто ме бара? - Не знам. Се работи за некаков пасош. Да не заборавиш: денес во 10 часот, во кафеаната на хотелот “Македонија”. Потоа се свртев кон Орце. При сменувањето минатиот пат ние одвај имавме време да се видиме само неколку секуиди. Сега го изгледав подобро. Висок, строен, прилично добро облечен, со мантил во беж боја, кој му стоеше многу добро, тој го беше закачил бастунот на левата рака, свиткана под прав агол. Лицето му беше млечно-бело, сосема голобрадо, со правилен долг нос и темнокафеави очи. Тој беше многу молчалив и јас досега гласот не му го бев слушнал. Го запрашав: - Ви кажа Коста за еден наш спор овде, кој се однесува на вас, солунчаните?
112
- Да - одговори лаконски Орце. - Вие таму што мислите за тоа прашање? - Ништо не мислиме. Нашето решение е донесено пред еден месец. - Значи, ќе почнете и во Солун? - Штом ќе обезбедиме средства. Јас ги извадив 18-те наполеони и му ги дадов. Орце ги зеде, ги подржа во дланката и ги стави во џепот на елекот. Мерџанов ме изгледа под око, со свиени усни. - Биди спокоен! - му реков. - Сега ти стана јасно зошто сум патувал преку Бургас за Цариград. Двајцата мои другари - пловдивски разбојници - го отстапија своето право на тие пари и застанаа на едно стапало повисоко од тебе... Како што гледаш, и без твојата согласност ќе почне работата во Солун. И без петли ќе се раздени... Бездната меѓу мене и Мерџанов продолжуваше да се шири и да расте... Орце си замина за Солун. На разделбата во складиштето, тој вети дека за постојана помош ќе ни го испрати Павле Шатев, “Чорбаџи Павлета”, како што на шега го викаше тој поради неговото чорбаџиско потекло и поради неговите допотопски поѓледи кон животот спрема општествените односи... Во текот на денот Мерџанов се сретна со Павел Генадиев. Со помош на првиот секретар на бугарскиот конзулат, Живко Добрев, тој го снабди Генадиев со бараниот од него пасош. Потоа Павел Генадиев исчезна од Цариград. Многу подоцна дознав дека П. Генадиев дошол во Цариград, за да го прими откупот на фатениот од чета Лозенградски лекар - Грк Керемиџиоглу. Откупот го примил П. Генадиев, но не отишол во касата на Одринската организација. По 3-4 години, Павел Генадиев, кој дотогаш не располагаше со никакви средства, се впушти нашироко во киигоиздателството и стана сопственик на две списанија... Во секој случај, ако останеа затворени во касата на доктор Керемиџиоглу, дадените за откуп четири илјади лири не би биле пополезно употребени и не би послужиле на општочовечката култура така, како што се случи, кога - од рацете на разбојниците - овие пари дојдоа во облечените во фини кожени ракавици раце на Павел Генадиев... Откако времето се стопли, речиси секој ден околу 10 часот, пред затворената врата на складиштето доаѓаше еден питач - слепиот Јани. Изгледа дека тој многу години порано секогаш доаѓал овде, зашто - иако целосно слеп и со двете очи - без водач, пипајќи со стапот напред, со ококорени, пбелени очи, со исправена нагоре глава во една и иста положба, одеше самоуверено, свртуваше во Војвода сокак и слегуваше надолу по улицата, доаѓаше до складиштето, седнуваше на сенка до ѕидот, вадеше од појасот една куса црвена флејта и почнуваше да пее една тажна песна. Толку пати сум ја слушал таа песна, што и ги запаметив зборовите, а нејзината тажна мелодија досега звучи во моите уши. Со
113
исправена глава, со ледено, вечно еден ист, рамнодушен израз на лицето, слепиот Јани пееше: Стан пален еа герисо Ан 'та ксѐна макријà! Сто ниси еа катекиоо, Стин патрида, ти глики! Фис аери! Кила кима! Фиса еаласа платиа! На нас пас ис стин патрѝда Еваринеин коенитја! Тој ја преклопуваше флејтата до усните и ја отсвируваше испеаната строфа. Огромна тага и болка имаше во неговата песна и во мелодијата на флејтата! Последниот звук, кој ги завршуваше тивките, тажни звуци на флејтата беше така плачен и срцетрогателен, што човек го чувствуваше безутешниот плач и очајот на слепиот. Зошто тој така плачеше со својата флејта? Дали за родниот крај, каде што повеќе нема да се врати? Дали по загубената светлина, која никогаш веќе нема да ја види? Или ја оплакуваше својата осаменичка судбина на питач, отсекаде гонет со презир, секогаш подложен на беда, на навреди и сожалувања? Оваа тажна мелодија враќаше назад кон минатото и - во тоа време, кога втерувавме воздух во дувалото - будеше кај нас тага по нашите родни места, по нашите блиски, кои ни ги беа загубиле трагите и не знаеја каде сме и како сме, тага по сѐ што ни беше мило... Седнат до вратата на складиштето, загледан во средишниот ѕид, врз кој како на екран - свртен со главата надолу, се проектира животот на улицата меѓу складиштето и банката, јас втерувам воздух со дувалото во тунелот, каде што работи Соколов. Надвор на улицата, веднаш до вратата на складиштето, со кошови на грбот, седнале двајца градинари, кои со висок глас се расправаат помеѓу себе. - Кажи бре копук! Зошто ти велат “Копук”? - Ајде бре шеќер! Стори се деф одовде! Остај ме на раат! - Ама кажи, де! - се зајадува Шеќерот. - Зошто не ти велат “Зенгин”, туку “Копук”? А? - Море, Шеќер! Море, Шеќер! - се фали “Копукот” - Отуз години како сум у Стамбол, а по бин грошови - отуз-бин грошови! Кога ќе те мавнам со ќесево, ќе ти ја скршам главата!... Во тоа време ме беше фатил литературен бес. Јас не сум виновен за тоа. Ако весникот “Реформи” не го печатеше она што му го испраќав за печатење, мојот мерак да ја измачувам книгата со моливот би испарил и јас не би станал Тургењев во дива состојба... Го пишував расказот “Царот сака право”. Еднаш, кога Соколов работеше во тунелот, а јас втерував воздух во дувалото, ме фати бес да го продолжам започнатиот расказ. Со потпрена книга на горниот дел на
114
дувалото, јас престанав да втерувам воздух, го зедов моливот и почнав да пишувам Гласот на Соколов кој доаѓаше од дувалото ме прекина: - Воздух! - викаше Соколов. Воздух! Свеќата угасна! Воздух! - Еве сега! уште малку - да си ја довршам мислата! - Воздух! Мајката твоја! Давај воздух! - Е нема да пукнеш за една минута, де! Почекај малку! Јас набрзина ја завршив започнатата мисла и извикав во цевката: - Сокол! Дувалото продолжуваше да молчи. Исплашен многу, јас извикав уште посилно: - Сокол! Сокол! Соколов не одговори. Јас го врлив дувалото, слегов во бунарот и со пипање во темнината отползив во тунелот. На 2-3 метри навнатре најпрвин го напипав каскетот, а потоа и брадата на Соколов. Јас го поттурнав - тој не мрдна. Тогаш го фатив под мишките и го повлеков кон бунарот. Тој беше покрупен и потежок од мене. Со многу големи напори јас го довлеков до бунарот и го положив врз камењата натрупани на десно. Потоа се искачив горе, зедов вода и свеќа, се вратив назад во бунарот, ја запалив свеќата и му го испрскав лицето со вода. Соколов воздивна и ги отвори очите. - Да ти се мочам во литературата! За малку ќе ме задушеше - проговори тој.
Во врска со празнувањето на празникот св. Кирил и Методиј во градот Кукуш, до весникот “Новиии” беше испратен еден допис. Како што реков погоре, овој весник се печатеше во бугарската печатница. Весникот “Новини” излегуваше еднаш во неделата. Статиите што се објавуваа во весникот се цензурираа. Цензорот, некој си Хасан ефенди, доаѓаше во печатницата и го цензурираше набраниот материјал за весиикот. Седнат на столот пред масата во канцеларијата на печатницата, Хасан ефенди ги читаше со висок глас извадените коректури. Уредникот на весникот, Христо Бразицов, седеше на другиот стол пред масата во канцеларијата, готов да дава објаснувања или да ги оспорува неповолните заклучоци на цензорот за смислата што тој ја даваше на некои изрази. Јас работев пред една од рамките, најблиската до канцеларијата и набирав некаква статија за идниот број на весникот. За тој допис - при цензурирањето - сѐ одеше од глатко поглатко, но кон крајот Хасан ефенди се сопна: - Кукуш, 12 мај 1900 година - прочита тој и се обрати кон Бразицов. - Тоа е името на градот и датата на дописот - одговори Бразицов.
115
- Каков град? Каква дата? - Градот - градот Кукуш, демек, Калк’ш. - Ама кому му објаснуваш ти? - Зошто? Калк’ш е турскиот, а Кукуш - бугарскиот назив на истиот град. - Ами тоа - “12 мај 1900 година”? - Тоа е датата на дописката. Хасан ефенди се разлути од мирниот тон на Бразицов и збесна: - Почитуван господиие Бразицов! Сето тоа е со бели конци крпено. Од далеку се гледа. И не треба многу памет да се разбере шифрата: Кукуш, демек, “кукавица - горско пиле”, а датата - “дојде пролет”. А двете заедно: “Дојде пролет, фаќајте ја планината, каде што кукавицата кука на зелена бука”... Олмаз! Тоа не може да се пишува! - и Хасан ефенди со силно притискање на црвениот молив, го ишкрта името на градот и датата. Така осакатен, дописот остана обична бесмислица: при нејзиното прочитување, човек не можеше да разбере каде и која година така свечено се одбележува празникот на св. Кирил и Методиј. Гледајќи го како лесно се налутува, веднаш ме фати неодолива желба да го истерам Хасан ефенди надвор од кожата. Набирав едно соопштение, во кое се велеше дека на иницијатива на италијанската кралица во текот на 1900 година во Рим ќе се организирал меѓународен конгрес против туберкулозата. Наместо “на иницијатива на италијанската кралица” јас набрав: “на иницијатива на офтикалавата италијанска кралица...” - и си гледав сеир: чекав да го видам ефектот од набраниот текст. Кога го прочита Хасан ефенди потскокна од столот. - Како смеете да се однесувате така непочитувачки спрема една императорка? - гневно го запраша тој Бразицов. - Никој не се однесува непочитувачки! - одговори Бразицов. - А што е тоа? - запраша Хасан ефенди и му ја стави под нос коректурата. - Нанчо! - му се обрати Бразицов на Нанчо, кој стоеше исправен зад столот на цензорот. - Дај ми го ракописот! И откако го зеде ливчето, му го покажа на Хасан ефенди. - Еве го ракописот! Направете споредба дали има нешто непочитувачко во него! Хасаи ефенди брзо го прочита ракописот и рече: - Тогаш - кој го набрал ова безобразие? Нанчо излезе надвор кај словослагачите. Јас му кажав дека тоа е моја работа и тој ми даде знак со рака да одам по него во канцеларијата. Јас се исправив пред вратата на канцеларијата. - Ти ли си го набрал овој ракопис? - ме запраша Хасан ефенди. - Јас.
116
- Од каде си прочитал да набереш “офтикалавата италијанска кралица”? Јас се направив на три и половина и посакав да го видам ракописот, а потоа одговорив: - Направена е грешка. Сигурно сум мислел: што е “туберкулоза” и, кога сум го преведувал напамет “офтика”, сум набрал “офтикалавата”. - Слушај, момче! - рече Хасан ефенди. - Да си го береш добро умот и да не правиш такви грешки, зашто ќе најдеш каде се наоѓа Бујук заптие!52 Слушна ли?
Кога двајцата со Соколов сме биле на работа во тунелот, од Солун пристигнал Павел Поцев Шатев, како што се бевме договориле со Орце при неговото поаѓање од Цариград. Шатев од скоро станал член на Солунската анархистичка група. Додека ние со Соколов излеземе од работа, тој отседнал во хотелот “Македонија”, каде што требаше да се сретнеме по нашето излегување од работа.
ПАВЕЛ ШАТЕВ ВО ЦАРИГРАД Нашето излегување од работа се совпадна со заминувањето на Нанчо од Цариград. Тој заминуваше за Солун да се жени. Неговото заминување го наруши сиабдувањето на оние што копаа во тунелот, така што ние по потреба - требаше да не работиме до неговото враќање. До враќањето на Нанчо, со Павел Шатев цела недела поминавме заедно. За сите нас тој беше сосема непознат. Кога пред две години во Солун Мерџанов го основал ученичкиот анархистички кружок, Павел Шатев не влегол во него, тој не учествувал на состаноците на кружокот во тоа време и не бил во тек со “киднапирањето” на Коста Кирков и Томе Богданов. Кога бевме во четата на Гоце Делчев, Мерџанов ништо не ни зборуваше за него. Така што, во текот на оваа недела, кога поминавме заедно, јас направив неколку сондажи за да установам до каков степен тој ги споделува нашите идеи за безвластието. Син на чорбаџи Поце Шатев, Павел Шатев до својата момчешка возраст бил целиот обземен од бугарските националистички идеи на чифлигарската и ситно-буржоаската средина на неговиот роден град Кратово. Во училиштето во Скопје, кое во тоа време беше арена на жестоки и безочни борби меѓу бугарската и српската пропаганда, 52 Затвор во Стамбол.
117
бугарските националистички идеи донесени од Кратово, се вкорениле уште подлабоко во него. Кога дошол во Солун, под влијание на прочитаните книги од нихилистичката и социјалистичката литература, неговите бугарски националистички сфаќања се измениле со оние на Чернишевски и Плеханов. Кога се запознал и почнал да се дружи со Орце, Коста Кирков и другите, кон таа смеша од бугарски национализам се приклучиле и некои анархистички проблесоци - така што во неговиот мозок се образувал цел хаос од противречни идеи и сфаќања. Од овие сондажи јас го извлеков заклучокот дека Павел Шатев во Солунската анархистичка група влегол поради лични врски и симпатии кон некои од членовите на таа група. Инаку, тој беше далеку од нашите размислувања и сфаќања. Неговите погледи на општествените односи воопшто и на оние во Турција одделно, како и врз средствата за нивно менување, беа - така да се рече - во небулозна состојба, без логички ред и систематска поврзаност. Овој хаос во сфаќањата го објаснува и неговиот опортунизам во животот и приклонувањето кон оние кои се моментално силни. За негово целосно окарактеризирање треба да се додадат уште две црти: недостиг на практична умешност и неговиот чисто кратовски инает да ги поддржува слепо, без основа, своите нелогички расудувања. Па нашата средба во хотелот “Македонија”, во текот на таа недела на принудно неработење, прва работа ми беше да го рашетам и запознаам Павел Шатев со градот. Кај мостот Кара ќој, токму кога се готвевме да поминеме во Стамбол, сосема случајно, сретнавме еден млад човек, околу 20-годишен, тенок, висок, црноок, познат на Шатев од Солун, некој си Јосиф Феникови, Унгарец, кој минатата година учел во Солунската бугарска гимназија и зборуваше бугарски без било каков акцент. Сега беше ситен службеник во Цариградската филијала на Credit Lyonnais и живеел заедно со помалиот брат во семејството на татко му во Стамбол. Татко му бил во турска служба како воен лекар во Ак-Хисар, Мала Азија и сега бил на отсуство, кое го поминувал овде со семејството. Ние поминавме во Стамбол и по настојчивите покани на Феникови, отидовме кај него дома. Домашните на нашиот новозапознат пријател беа извонредно љубезни кон нас, особено мајка му, која кон нас се однесуваше како кон сопствени деца. Најпосле ние успеавме да се извлечеме оттаму и со Шатев продолживме да скитаме низ Стамбол. Блиску до станот на Феникови беше плоштадот Ат мегдан, стариот византиски Хиподром. Ние го крстосавме во сите негови правци, за да ги разгледаме знаменитостите. А таму имаше што да се види. На средината на плоштадот, заобиколен со железна ограда, се издигаше еден обелиск - тесна и висока призма со остар врв, направен од еден бел камен, претставувајќи сцени од животот на древниот Египет. Овој обелиск, висок околу 25-30 метри, со страни 50-60 сантиметри, овде бил
118
донесен од Египет во времето на Константин Велики. Овде тој беше поставен на мермерен пиедестал, врз кој - со фигури на четирите негови страни - беше опишан начинот на кој бил земен од Египет, донесен по море во Цариград, довлечкан до Хиподромот и исправен на неговото сегашно место. На 30-40 метри од него се издигаше еден друг обелиск, имитација на првиот, исто така ограден со железна ограда. Еден од византиските императори за да покаже дека византиската култура ја надминува онаа на древниот Египет, го презел издигнувањето на вториот обелиск, кој е речиси двојно повисок од оној, донесен од Египет, со страни, исто така двојно пошироки. Тоа е обелиск, но не е направен од еден камен, туку чисто и просто изграден како обична малтерисана ѕидарија. Оној што го градел не можел докрај да ја зачува целосно вертикалната линија - и изградил обелиск, кој од средината нагоре се отклонува од вертикалата, па има изглед како да е прекршен на средината. Двата обелиска сега стрчат еден до друг и секој посетител може да ги споредува. Со испопаѓан малтер, прекршен на средината, со овде-онде испопаѓани камења од ѕидаријата, новиот обелиск има тажен изглед и само ја покажува бедата на византиската надуеност, поставена еднододруго до строгата естетика на древните Египќани. На источната страна на плоштадот се наоѓаше еден нов споменик од црн мермер - една штотуку завршена монументална чешма, изградена со средства што ги одобрила германската држава, во знак на сеќавање на посетата на германскиот кајзер Вилхлем II, кој пред 1-2 години беше дошол во Цариград и се беше побратимил со султанот Хамид. Малку по на југ, до самиот плоштад, се наоѓаше прочуената црква Аја Софија, претворена во џамија, со својата величествена купола. Подоцна во Цариград се изградени поголеми и повеличествени џамии од Аја Софија, но за времето кога била изградена (кон средината на шестиот век), споредена со околните градби, таа навистина била нешто многу величествено и сугестивно, и со право предизвикала восхит кај Јустинијан Велики. Северниот крај на Ат мегдан граничи со една огромна подземна градба, наречена “Бин-бир-дирек” (Илјада и еден степеник. Тоа е некогашниот Лавиринт, каде што во претхристјанската епоха, па и подоцна, владетелите на Византија организирале веселби, изненадувања и оргии на тогашната елита или на своите гости. Сега Бин-бир-дирек служи како скривалиште и сврталиште на цариградските крадци и разбојници, кои - гонети - штом ќе се доберат до некој од влезовите на Бин-бир-дирек - стануваат недофатливи за цариградската полиција, која не смее да влегува во Лавиринтот. Пак околу Ат мегдан се наоѓаат два музеја - Јаничарскиот и Математичкиот.
119
п Јаничарскиот музеј цретставува една посебна зграда со неколку пространи сали, во кои многубројни групи на манекени во природна човечка величина, облечени како што им била тогашната носија, прикажуваат сцени од животот на онаа свирепа и непобедлива турска армија, која пред пет века го распрострела вледеењето на Турција на три континенти - во Азија: од Дарданелите и Азовското море до Хиндустан; во Европа: од Јадранското море, градот Виена и Пиринеите до Азовското море; во Африка: врз целиот северен дел на континентот до Јужен Судан. Чувствувајќи ја својата сила во создавањето на империјата, јаничарите станале опасни за султанската власт. Султаните биле качувани и симнувани од престолот според волјата на главатарите на јаничарите. Султанот Мехмед II се ослободил од нив, откако со лукавство ги собрал во Ат мегдан, каде што биле испотепани во 1826 година. Нивниот музеј, каде што се гледаат сцени од нивниот личен и заеднички живот, се наоѓа на плоштадот, каде што му било ставено крај на нивното лично и заедничко постоење. Математичкиот музеј се состои, исто така, од неколку пространи сали, каде - на послани со кадифе подметки - се поставени бакарни плочи со размер приближно од 70/70 сантиметри. Врз тие плочи на најсликовит начин се нацртани доказите и решенијата на разни теореми и задачи. Тие што ги изработиле овие бакарни плочи, биле подеднакво одлични и како занетчии и како математичари и како сликари, при што пројавиле восхитувачки долго трпение и дух за постојаност и доследност. Цртите на цртежите се вдлабнати така во бакарот, што условните дебелини и длабочини на разните видови црти се неверојатно коректни. Правите линии и таквите криви - кругови, елипси, параболи и деловите од нив - се беспрекорно изведени. Воопшто, оној што се занимава со математика, овде ќе најде како храна за својот ум, така и целосно задоволство за своето естетско чувство. Меѓу Ат мегдан и џамијата на султанот Мехмед II се наоѓа Стамбол чаршиси. Оваа чаршија зафаќа приближно толкаво пространство, колку што зафаќаше градот Казанл’к во тоа време. Целата чаршија е крстосана со мноштво улици и улички и таа целата е покриена. Со исклучок на дрвен градежен материјал, тули, вар и ќерамиди, во оваа чаршија може да се најде сѐ од што современиот човек би почувствувал потреба за своето истенчено постоење. Во Стамбол чаршиси се влегува од неколку влезови со врати, направени од дабови талпи, опковани со железни плочи. Во 12 часот по турски, вечерта, кога работниот ден завршува, чаршијата се испразнува од продавачите и од купувачите, влезовите за чаршијата се затвораат, вратите се заклучуваат и никој - дури ни султанот - нема право да влезе ноќум во чаршијата. Наредниот ден, во 12 часот по турски наутро, чаршијата се отвора и во неа започнува засилено движење и живи купопродажби.
120
Во блиско соседство со Стамбол чаршиси се наоѓа Мисир чаршиси (Египетската чаршија), која зафаќа многу помала површина од Стамбол чаршиси. И оваа, како и претходната, е покриена и крстосана со многу улици и улички. Во дуќаните, претрупани со стоки произведени во Африка, се продава сѐ што може да произведе Црниот континент. Трговците, со долги антерии и бели бради, се многу учтиви, внимателни и пресретливи спрема клиентелата. Уште при влегувањето во оваа чаршија, човек чувствува една пријатна миризба од разни стоки што овде се продаваат и со чијашто миризба е заситен воздухот во чаршијата. Со Шатев продолживме да скитаме низ градот, за да се запознаеме со него. Горе, на плоштадот кај Сераскерот (Военото министерство), најнаселеното место во Стамбол, ние се запревме пред еден висок столб, изграден од крупни камени блокови, делкани четвртесто, со страни од 1,20 метри. Височината на столбот е околу 20 метри. На горниот дел столбот се раширува, така што неговиот раширен дел претставува пиедестал. Некогаш - пред 2300 години - полководецот од војската на Александар Македонски - Византиос, кој прв почнал да го гради градот, овде го издигнал овој столб и одозгора на него ја поставил статуата на Зевс. Подоцна, по 725 години, кога Константин Велики го примил христијанството, наредил да ја симнат од столбот статуата на Зевс и на нејзино место да ја постават статуата на Дева Марија. По дури 1030 години, кога Турците го освоиле Цариград, тие ја симнале од тој столб статуата на Богородица, но не поставиле ништо на нејзино место. Тоа е таканаречената “Изгорена колона” (La colonne brulé), којашто ја памети целата историја на Византија и онаа на Турската империја. Поради долгогодишните промени на темперетурата, црвениот песочник од којшто е направен столбот, започнал да се разјадува. Не е сосема безопасно - по некој силен студ - во топло време да стоите под Изгорената колона: крупни парчиња од песочникот се откорнуваат од столбот и паѓаат наоколу. Јас го поведов Шатев кон Сикерџи да види каде се наоѓа Високата Порта - централната управа на Отоманската империја. Надворешниот скромен изглед на влезот, не чуван од никого, и на самото здание сосема не одговараат на звучното име на установата и на улогата, што таа ја игра во официјалниот живот на империјата. Ние го посетивме Цариградскиот музеј, кој се наоѓа во соседство со Високата Порта и каде што - кога бев слободен од работа и не бев во печатницата - одев често, за да не се меткам постојаио пред очите на Крум Ганчев и на другите агенти, кои го посетуваа кафе-ресторанот на хотелот “Македонија” и ги следеа неговите посетители.
121
ГО ВИДОВ СКЕЛЕТОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ Цариградскиот музеј се состои од неколку одделенија по Египтологијата и по старини од грчката, македонската и римската историска епоха. Никаде на светот, освен - како што кажуваат - во Лондонскиот музеј нема покомплетна колекција од египетски мумии и гробници. Овде има мумии од разни староегипетски општествени слоеви - од мумии, поставени во дрвени сандаци, испишани однадвор со мрсни бои, до такви, кои почиваат во гробници од црн, полиран гранит. Мрсните бои со кои се испишани дрвените ковчези пред неколку илјади години, се така свежи, како да се поминати вчера. Човек не знае на што повеќе да се чуди - на трајноста на самите мумии, на боите или на ленениот штоф, тенок како воал, со кој се завиткани мумиите. Врз гробницата на Мемфис III, направена од црн, полиран гранит, со хиероглифи е издлабен натпис. Овој натпис е преведен на турски и на француски гласи: “Жеден за злато и скапоцености патпиче! Ако бараш злато и скапоцености под овој камен, остави ме да спијам спокојно!” На средината на една сала, во една витрина, на подметка потплатена со црвено кадифе, изложен е еден скелет. По сѐ личи дека телото било балсамирано, но не на неуспешен начин, така што повеќето од коските се оголени. Убедливо најдобро се зачувал черепот, покриен со коса, но со полураспаднато лице. Тоа е скелетот на Александар Македонски, најден во неговата гробница во околината на Багдад. До витрината е изложена една рељефна карта на местото, каде што е и гробницата, со димензии околу 2/1/1 метар, изработеи од едно цело парче мермер. Четирите ѕидови на гробницата се покриени со барељефи, кои сликаат четири главни епизоди од животот на овој освојувач: трите ги претставуваат церемониите на потчинувањето на тројцата од владетелите на Азија, а едниот - еден лов на лавови. Овие барељефи се една префинета, високоуметничка изработка. Исклучок прави само фигурата на лавот; веројатно уметникот немал видено такво животно и ја направил фигурата на лавот - особено главата - многу несмасно. Мермерот на гробницата има црвени и сини жилички. Уметникот така ги распоредил фигурите во барељефите и им дал такви пози, што црвените жилички ги претставувале раните, нанесени со копје во телото на лавот, јазиците и устите на лавот и на кучињата, а сините - наметките на Александар Македонски и на потчинетите од него азиски монарси. Неколку статии се резервирани за грчки и римски статуи од голема археолошка и уметничка вредност. Во моето сеќавање останал споменот за статуата на Адријан со неговата мирна и величествена фигура и на Нерон со неговата сиага на атлет и валчеста глава како на мачка.
122
Јас го завршив запознавањето на Шатев со градот, откако го одведов кај Топ-капу-бреш, пробиен во дебелиот ѕид на тврдината на Византија со гранитите на тогашните турски месингови оружја, наречувани “хаиантоплара; и кај “Балакли” - ајазмо во западниот дел од византиската тврдина, раскажувајќи му ја и легендата за таа тврдина. Тоа било во времето кога Турците го опсадувале Цариград. Не еднаш овој град бил опсадуван од Варварите, но ѕидовите на тврдините били јаки, високи и дебели, одбраната им била добро организирана и на крајот секогаш Варварите биле принудувани да ја повлечат опсадата. Цариград бил опсаден и сега, но тоа не ги вознемирувало многу неговите жители, убедени, дека и сега опсадата ќе заврши со повлекување, како и во минатото. Еден калуѓер од блискиот манастир, голем гастроном, пржел риба кај планината. Кај него дотрчал еден војник од одбраната на тврдината и извикал: - Спасувај се! Турците го пробија ѕидот на тврдината и навлегоа во градот! - Ти пријателе, ми изгледаш многу исплашен! Турците да го пробијат ѕидот на тврдината? - Тоа е невозможно! Тоа е исто како да поверувам, дека еве оваа пржена риба ќе скокне од тавата во водата и ќе почне да плива! И се случило чудо: испржените од едната страна риби, скокнале од тавата во водата и почнале да пливат во неа. Калуѓерот поверувал дека Цариград паднал. А полуиспржените риби се намножиле во ајазмото. Од таа причина, рибите во ајазмото од една страна се црни, а од другата светли. Откако се врати со младата невеста во Солун, Нанчо престана да живее со татко му во Ејуб и си изнајми стан во Пера, на Саркис сокак број 8. Веднаш по неговото враќање, ние со Павел Шатев влеговме на работа во тунелот. Таму продолжвме да работиме на истиот начин, како и порано: едниот од нас влегуваше во тунелот да длаби во карпата, а другиот остануваше кај устата на бунарот да втерува воздух со дувалото. По еден час си ги сменивме улогите - и тоа од сабајле, кога почнуваше сообраќајот по улицата, до вечерта, кога тој сообраќај се стишуваше. Вечерта, кога сообраќајот по улиците се стишуваше, ние ја прекинувавме работата и се качувавме горе, на третиот кат, каде што се прибиравме во еден голем сандак за амбалажа, свртен со дното кон прозорците, за да не се забележува светлината од свеќата, со која си светевме. Таму ние вечеравме и - пред да легнеме да спиеме - или читавме, или разговаравме шепотејќи. Еднаш, една вечер, откако бевме вечерале во сапдакот, послан со еден број од весникот “Новини”, Павел Шатев, којшто се беше загледал во насловот на весникот, рече:
123
- Многу голема заслуга има овој весник! Ако не е тој, учителите по селата во Македонија не би имале што да читаат. Би останале без духовна храна. - Та каква духовна храна наоѓаат тие во овој весник? - го запрашав јас. - Духовна храна - тоа наоѓаат. Од него дознаваат што се случува во светот. - Ама од весникот “Новини” ли ќе научат тие што се случува во светот? Но, за кој ѓавол е цензурата - за да може населението во Македонија да дознае што навистина се случува по светот - за тоа ли го цензурираат? Мил мој! Власта го цензурира токму за тоа да не се соопштува вистината, туку да се заблудува. А тоа значн, дека “Новини” дава не духовна храна, туку духовен отров. - Не е отров, туку храпа! - Не е доволно да го кажеш. Треба да го докажеш! - Духовна храна е! На - така е! - Ти или ќе го докажеш тоа што го тврдиш, или ќе јадеш ќотек. - Духовна храна е, па што? - Еве, тоа ти следува на твојот кратовски инает! И јас скокнав над него и го опсипав со тупаници. Иако јас бев физички посилен од него, тој исто така на тупаниците одговори со тупаници. И во сандакот, осветлен од стеариновата свеќа ние молчаливо се удиравме и клоцавме додека се изморивме, а потоа, свртени со грбот еден кон друг, легнавме да спиеме. Наредниот ден, без да разговараме меѓу себе, фативме да работиме - едниот влезе во тунелот, а другиот почна да втерува воздух со дувалото. При работата во тунелот, беше неопходно да се проверува правецот. Како што реков и порано, димензиите на тунелот беа 070/0.70 метри. Ние требаше да работиме легнати на стомак, а таа положба беше многу неудобна за работа. При длабењето на карпата со длето и со чекан, ние секогаш бевме склони да длабиме повеќе надесно. Од таа причина, требаше често да проверуваме со компасот и со цртеж, на кој ги внесувавме направените отклонувања и одново земавме правилен правец. По направените три отклонувања, ние бевме стигнати до средината на улицата. Еднаш кога работев со дувалото, а Шатев беше во тунелот, ми се слушна преку дувалото, дека тој удира на десно, а не според покажаниот од компасот правец. Кога дојде мојот ред да влезам во тунелот, забележав дека тој беше отишал многу на десно. Јас проверив со компасот и удрив малку на лево, за да го исправам правецот. - Те молам, проверувај го правецот, зашто забележав дека беше тргнал малку на десно, му реков на Шатев кога излегов од тунелот и го зедов дувалото во тоа време кога Шатев влегуваше во бунарот. - Добро, де! Јас знам што правам - ќе проверувам!
124
Кога втерував воздух во дувалото, пак чув преку цевката дека удира на десно. - Проверувај! Не оди на десно! Пази го правецот! - му свикав по цевката. Знам, знам! Јас го држам правецот! - одговори по цевката Шатев. Кога се сменив во тунелот, видов дека пак отишол на десно. Со компасот в рака, јас одново го исправив правецот и кога излегов му кажав пак да проверува со компасот и да не го менува правецот. Знам. Биди раат! Ќе проверувам! По цевката, меѓутоа, пак се слуша дека тој удира на десно. - Немој да удираш на десно! Пази го правецот - му викнав во цевката. - Не удирам на десно! Јас го држам правецот - одговори Шатев и продолжи да ја длаби карпата. Јас го оставив дувалото, набрзина се спуштив во бунарот и исползив до крајот на тунелот. Шатев со најголема настрвеност удираше по дршката на длетото на десна страна. - Чекај да ти кажам за тоа што ти ме маткаш, дека божем го вардиш правецот! И јас се превртев со нозе кон него и почнав да го мачкам додека не престана да вика и додека свеќата изгасна. Тогаш го фатив за нозете и го извлеков од бунарот, каде што дојде на себе. По оваа операција Шатев престана да удира на десно и почна да го држи правецот што го покажуваше компасот. Тоа беше кон средината на јули, околу пладне. Надвор, по улиците беше топло како во печка. Двајцата со Шатев ги сменивме во тунелот Мерџанов и Соколов. Најпрвин во складиштето беше дошол Нанчо, ја отворил и ја оставил вратата отворена. Горе, на третиот кат, Мерџанов и Соколов чекале облечени, готови да излезат. Пред смената на стражарот, дојдовме двајцата со Шатев и се качивме на третиот кат, кај двајцата готови за излегување. Нанчо ту се вртеше, ту се качуваше горе кај нас. По смената на стражарот Мерџанов и Соколов си заминаа. По нивното заминување, Нанчо излезе, ја заклучи вратата и си отиде. За сето време од доаѓањето до заминувањето на Нанчо, вратата на складиштето беше отклучена. Веднаш по заминувањето на Нанчо, облечени во своите работни алишта, двајцата со Шатев слеговме долу. Јас отидов да ја соберам хартијата за завиткување, со која беше маскиран капакот на. бунарот, со цел да го отклопам и да влезам и се најдов кај едно куче - едно од уличните цариградски кучиња, кое ја нашло вратата отворена и влегло внатре во складиштето на сенка и ладовина и легнало на меко врз хартијата за завиткување. Тоа беше крупно, црно улично куче, целото покриено со рани од краста. Кога се приближив, тоа почна да 'ржи и си ги покажа забите.
125
Јас го избркав, но тоа отиде на кај вратата и со нозете почна да се мачи да ја отвори вратата, гребејќи со нозете откај нејзиниот долен крај. Гребењето на вратата можеше да го привлече вниманието на стражарот и затоа, со бастуи в рака, јас го изгонив кучето од вратата. Избркано оттаму, тоа се качи на вториот кат, а потоа на третиот, ги стави предните нозе на еден од прозорците и си ја покажа главата над улицата; веројатно тоа сакаше да скокне од прозорецот, но му се виде високо и се повлече оттаму со намера да слезе пак долу, но на скалите го чекаше Шатев со бастун в рака. Тогаш тоа се врати назад и клекна на задните нозе во аголот меѓу еден од прозорците и ѕидот. Ние го одврзавме јажето од торбите, со кои ја изнесувавме ископаната земја од тунелот, направивме примка и на неколку пати се обидов да ја фрлам на неговиот врат. Како што беше клекнато во аголот, положбата на кучето беше многу поволна за да му се фрли примка. Меѓутоа, тоа излезе многу попаметно од нас: тоа мирно ја исчекуваше примката и со едната нога го отфрли јажето назад. Многу пати ние ја фрливме примката, но тоа - веќе свикнато да ја отфрла - ниту еднаш не се фати. Се обидовме да го намамиме со храна, за да му се приближиме. Најпрвин му фрливме леб, тоа само ќе го помирисаше, ја свртуваше главата настрана и продолжуваше да биде на штрек, како да сака да каже: - Еј, пријатели! Гледам што ми кроите, ама сте се излажале во есапот! Шатев отсече едно парче салама и му го потфрли. Иста приказна: кучето го помириса еднаш-двапати, се оближа, но не го зеде. А за да не се соблазиува, ја сврте главата настрана. - Па многу сте пробирлив, ваше кучешко благородие! - рече Шатев - се кревате многу на големо - не ви се допаѓа дури ни унгарската салама! Јас му распалив еден бастун по главата. Кучето најпрвин заквиче, а потоа - сѐ така потпрено со грбот во аголот - почна да ‘ржи и да лае на нас. Ние почнавме да го удираме со бастуните. Тоа се извлече од аголот и слезе по скалите на долниот кат. Ние слеговме по него долу и продолживме да маваме со бастуните по него. Едно куче, едно просто цариградско улично куче, беше на пат да ја заслужи наградата ветена за Мерџановата и за мојата глава! Барем да е куче како куче, а тоа - краставо! Јас донесов една очајна одлука: - Што сака нека биде! - и отидов кај вратата, ги извадив железните пречки, кои служеа како потпирачи на двате крила и ја отворив целосно со двете крила, со ризик стражарот да се заинтересира за нашето присуство во заклученото складиште и целата наша работа да биде откриена. Откако ја отворив вратата, со бастун в рака чекав кај неа. Кучето се беше
126
сокрило под скалите. Шатев го избрка оттаму и тоа се затрча да избега низ отворената врата. Јас му нанесов за последен пат еден удар со бастунот, кој се скрши на два дела. Штом кучето излезе, јас ги затворив двете крила на вратата и ги ставив двата потпирача. Со револверите во раце, зашто претпоставувавме дека со отворањето на складиштето сме го разбудиле љубопитството на стражарот, двајцата со Шатев останавме во исчекувачка положба: чекавме да дојдат од безбедноста на банката за да дознаат што бараат луѓе во затворено складиште. Така помина повеќе од половина час. Стражарот си стоеше сосема незаинтересиран на своето место, без да пројавува било каков интерес за складиштето. Значи, тој не и обрнал внимание на околноста што нас многу нѐ вознемируваше. Кога се убедивме дека нема зошто да се вознемируваме, ние се зафативме со вообичаената работа. На страница 67 од својата книга “Во Македонија под ропство” (Софија, печатница П. Глушков - 1934 година), откако го споменува тој случај со кучето Павел Шатев раскажува (ред. 25-26), дека кучето го јадело лакомо фрлениот леб и саламата. Тоа не е вистина, како што не е вистина и тоа што го вели на истата страница (ред. 33-45), дека сме го убиле кучето и сме го затрупале во земјата во еден од сандаците. Кога - откако го прочитав горното во книгата - го запрашав зошто ја напишал оваа невистинита работа, Шатев ми одговори: - За поголем ефект! Воопшто, оваа книга на П. Шатев содржи многу невистинити, неточни и нецелосни работи. Така, на пример, на страница 41, ред. 31, погрешно е наведена годината 1895. На истата страница, ред. 33 напишано е името Георги Бошков, наместо Јордан Бошков. На истата страница, ред. 36, е кажано дека порано јас сум бил во четата на Кочо Љутата, којшто, всушност, јас ниту го познавам, ниту сум го видел во животот овој арамиски војвода. На истата страница, ред. 41, е кажано дека прогласот на Женевскиот македонски комитет бил отпечатен во Париз, кога тој фактички беше отпечатен во Женева, во печатницата на Кузма Сидоратски, кој во тоа време не се наоѓаше во Париз, туку во Женева. На истата страница погрешно е дадено и името на една од членките на Женевскиот македонски анархистички кружок Кина Ганева, кога таа се викаше Кина Генова. На истата страница, ред. 44, погрешно и е дадено местото на раѓање на Тодора Златева - Ќустендил, а се знае дека таа е од градот Враца. На истата страница, последниот ред, е кажано дека во Женевскиот македонски анархистички кружок влегувала и Иванка Ботева, ќерката на Христо Ботев, а вистината е дека во тоа време Иванка Ботева навистина беше во Женева, но не членуваше во никаков македонски, или бугарски кружок, туку времето си го поминуваше во пријатно друштво со разни англиски денди и го сметаше за недостојно таа - ќерката на легеидарниот
127
бугарски поет-револуциоиер Христо Ботев - да се познава и дружи со други Бугари.
ВИСТИНАТА ЗА ПРЕКАРОТ ГЕМИЏИИ Во истата книга, на страница 49, ред. 35-41, тој дава едно романтично објаснување за потеклото на прекарот “гемиџии”, под кое се познати актерите па Солунските атентати и на Цариградскиот тунел под темелите на Османската банка. Тој вели: ... “Имено - прекарот “гемиџии” си го дадоа самите атентатори. Под ова име вообичаено во разговорите ги именувале оние што се опростиле од животот, од кој ништо не очекуваат и, пуштени во житејското море со цел или да успеат, или на крајот на краиштата да ја извадат гемијата - коработ на суво, на песокот. Павел Шатев го знаеше - како и јас што го знам - потеклото на овој прекар. Имено, токму поради тоа што го знаеше тоа потекло, неопростиво е за Шатев да дава такво романтично објаснување, кое дава едно лажно - следствено на тоа, навредливо претставување на Солунските атентатори. Павел Шатев нејќе да признае дека не знаел или пак заборавил, дека вистината е како светлината - таа е штетна само за бувовите. Тој, исто така, знаеше дека како Соколов и Мерџанов, така и Орце и неговите другари, воопшто не беа романтичари и го земаа на подбив секој од нас, кој во зборовите и постапките покажал и мала сенка на романтизам и сантименталност. - Јакопо Ортис број 2 - го наречуваше Орце на подбив. “Јакопо Ортис” беше херојот, еден сладникав италијански роман скоро преведен на бугарски,кој како наслов го носеше името на херојот, блуткаво-сентиментален и романтичен тип. Вистината за потеклото на прекарот “гемиџии” е следна: Во Солунскиот анархистички кружок влегол и Тоде Богданов од градот Велес - младо, многу лично момче, кое поради својот убав изглед бил предмет на закачки од страна на своите другари. Тоде се лутел кога го задевале, а тоа уште повеќе ја засилувало желбата на другарите да го задеваат. Владо Пингов, кога го задевал, велел: - Тоде, ај да те качам на кајче! Двајцата со тебе да станеме гемиџии! Сакаш. Тоде црвенеел и побеснувал од лутина, а тоа уште повеќе ги засилувало задевањата на другарите, кои велеле дека му предлагаат и тие да се качат со него на кајче и заедно да станат гемиџии. Низ секојдневните задевања на другарите и Тодевото лутење, зборот „Гемиџии” добил право на граѓанство и потоа станал заеднички прекар на
128
Солунчаните. Подоцна, во 1901 година, кога со Орце живеевме во Софија, неколкумина се храневме во Албанската гостилница, која се наоѓаше на аголот на улиците “Марија Луиза” и “Егзарх Јосиф”. (Гостилницата потоа - до 1911 година - се наоѓаше не на самиот агол, туку малку - три куќи - навнатре во улицата “Егзарх Јосиф”. Гостилницата ја држеше татко ми.) Бидејќи точниот број на луѓето од нашето друштво, кои јадеа на нашата заедничка гостилничарска сметка не можеше претходно да се одреди, за да биде забележана со името на некој од нас, во гостилничарскиот тефтер беше заведена заедничката сметка на “Гемиџиите”. Плаќавме нередовно, но чесно, а често и се претплатувавме за идните консумации. Сѐ зависеше од тоа дали имаме средства или не. На таа сметка јадеа познати и непознати на гостилничарот и нам, доволно беше да го известат гостилничарот дека се “гемиџии”. Ете тоа е вистината за потеклото на прекарот “гемиџии”, кој доби граѓанство и по патот на стомакот и на практичното пројавување на општочовечката солидарност... Пишуваното од Шатев во горенаведената негова книга на страница 51, ред 10-21, освен тоа што не е вистина, туку страда и од нецелосцост и неточност. Тоа, што тој го раскажува од 17 ред на страница 83 до 24 ред на страница 85, целосно не одговара на вистината, затоа што Мерџанов знаеше од мене, бидејќи во скопската апсаана лично го бев пробал дејството на хашишот, во што се состои тоа дејство, па затоа не е вистина дека сакал да се “самоубива” со земање на хашиш. Околу три месеци откако го бевме добиле неговото писмо со кое ни јавуваше дека е согласен да дојде во Цариград и откако му бевме испратиле пари за патни трошоци, кон средината на јуни 1900 година, Матеј Икономов дојде со семејството во Цариград. Тој изнајми стан на улица “Сак’з агач”, во истата куќа каде што беше и станот на Мерџанов и каде што имаше две наместени соби, кои се издаваа. Во истиот стан имаше уште една просторија - тесна и долга соба со два прозорци, која од семејството на Матеј Икомомов беше приспособена за дневна и за трпезарија. Матеј Икономов, родум од Сопот (Карловско), по занимање артист, во тоа време имаше околу 35 години, беше со среден раст, широки плеќи, широко четириаголно лице, темнокафеави очи, црни веѓи и коса. Тој беше женет. Жена му, Мања Икономова, порано била мажена за еден од помладите браќа на Димитар Благоев. По смртта на првиот.маж, таа се омажила за Матеј Икономов. Од првиот маж таа немала деца, а од Матеј имаше две момчиња: Младен, кој во тоа време имаше 4 години и Богомил, кој беше бебе на неколку месеци. Покрај жена си и двете деца, Матеј во Цариград го беше довел и братот на Мања, кој се викаше Петар, момче на околу 12-13 години.
129
Јас имав - а и досега ја имам - една лоша навика - да ги набљудувам луѓето и да судам за нпв според нивните ситни и безначајни постапки. Можеби затоа што сум ситен. Во секој случај, јас мислам дека безначајните, ситните постапки - токму поради тоа што се ситни и безпачајни - се извлекуваат од контролата на волјата и сознанието и ги даваат најверодостојните докази за моралната вредност на човекот. Тукушто вселен во новиот привремен стан на улица “Сак’з агач”, поради некоја сосема безначајна причина, Матеј Иколомов му се нафрли на младиот шура со најнавредливи зборови: - Питачу ниеден! Ти никогаш не треба да заборавиш дека јас те хранам и како питач те облекувам! Ти си должен да ме гледаш во очите и точно да извршуваш што ќе ти наредам! Но, што сум застанал да му зборувам на човек, кој е серсем и глупав како овца и непогоден за работа како изгниен врбов ќутук? Мања Икономова беше таму и не рече ни збор во одбрана на својот брат. Јас си извлеков заклучок од ова ситна сцена, која - во моите очи ги развенча Матеја и неговата жена од квалитетите што пред три месеци им ги припишуваше Соколов. Кога Соколов пред три месеци му беше напишал на Матеј да дојде во Цариград со семејството, од најелементарна претпазливост не му беше соопштил зошто го викаме. Сега, кога дозна зошто го бевме повикале, како Матеја, така и Мања воопшто не се восхитија од задачата што сметавме да им ја изложиме и со тоа ги разочараа како Мерџанов, така и Соколов. - Јас сум на пат да добијам службен престој во Италија - рече Матеј Икономов, за да ги видам мајсторите на сценската уметност во Скала ди Милано и да научам нешто од нив. Тоа што вие ми го предлагате, ми ги свртува со главата надолу сите мои планови и става крст на целата моја кариера... - Ветија дека ќе го испратат на службен престој заедно со семејството, дополни Мања, а тоа е од големо значење, бидејќи и јас мислам да му се посветам на театарот... Ние се најдовме пред сплотената опозиција на мажот и на жената. За среќа, во текот на тие три месеци, кои што беа поминале од времето кога Соколов им беше напишал да дојдат кај нас во Цариград, ние веќе го бевме почнале прокопувањето на тунелот за кревање на Отоманската банка во воздух, така што опозиционото однесување на семејството Икономови беше без некое поголемо значење. Таквото нивно однесување стана причина да ги упатиме во преземената од нас работа. Воопшто, доаѓањето на ова семејство во Цариград, само ни ја усложни и заплетка положбата. Но, се случи нешто, што никој не го претпоставуваше, а кое ја олесни разврската на таа положба. Ние не знаевме дека поради своите клеветнички статии, насочени против македонското движење, од агентите на Сарафовиот Врховен
130
Македонски Комитет во Софија, во Букурешт бил убиен романскиот журналист Михаелеану. Во ова убиство бил замешан и некој си Икономов, засега баран од полициите на неколку држави. Поради совпаѓањето со презимињата, цариградската полиција живо се заинтересира за личноста на Матеј Икономов и почна засилено да го следи. Едно утро ние бевме многу непријатно изненадени, кога видовме како еден полициски пристав седи на стол на влезот пред станот на Матеј, како упорно загледува кој влегува внатре и со очи го проследува секој што ќе излезе отаму. Така, брзиот, очигледен резултат од доаѓањето на Матеј Икономов и неговиот престој во Цариград, а и нашето контактирање со него, беше тој - незабележувани дотогаш, ние одеднаш ѝ паднавме в очи на цариградската полиција и станавме предмет на особено вниманите на Осман Нури и неговите потчинети: Крум Ганчев, Петар Шопов и другите иследници од полициската станица Галата сарај. Со работата што ја бевме презеле под Отоманската банка и опозицијата на која наидовме кај двајцата сопрузи, престојот на Матеј Икономов и на неговото семејство стануваше беспредметен. А откако полицијата почна будно да го набљудува неговиот стан и да ги следи оние што го посетуваат, неговото понатамошно останување во Цариград беше многу штетно. Тој требаше да си замине што поскоро за Бугарија. По две недели откако се беше вселил на улица “Сак’з агач” решивме Икономов да се врати назад. Едно утро, откако си го беше визирал пасошот, Матеј Икономов со жена му, двете деца и шурата, придружуван од мене, слезе на пристаништето Галата, за да фати брод за Бургас. Таму сопрузите беа подложени на подробно и бескрајно испитување. Како тие и децата, така и нивниот багаж, беа највнимателно претресени. За време на претресот службениците наидоа на еден пакет жолт прав - ликоподиум - со кој Мања го посипуваше бебето Богомил. Овој прав предизвика необично внимание кај оние што го вршеа претресот. Истурија малку од тој прав на масата од едниот од службениците, а потоа еден од нив со крајна претпазливост доближи до него едно чкорче ќибрит. Веројатно тие мислеа дека тој прав е динамит, и не и веруваа на објаснувањата што им ги даваше Мања за неговиот состав и употреба. Запаленото чкорче ќибрит, кое беше ставено врз купчето ликоподиум, догоре и изгасна на неа, без да го предизвика очекуваниот ефект и пакетот и беше вратен назат на Мања. Ако од истиот овој прав би дувнале со цевка врз запаленото чкорче ќибрит, ликоподиумот веднаш би пламнал со заслепувачка светлина и Икономов би бил задржан. Но, службениците веројатно тоа не го знаеја и не го испитаа правот со дување, така што не можеа да го оправдат задржувањето на Матеја. Тој, заедно со семејството, беше оставен да се качи на едно кајче, а оттаму - на брод. Икономови заминаа за Бугарија.
131
Во последните денови на јули 1900 година ние наближивме до темелите на банката. Карпата стана влажна, напукната, со влажни глинести жилички во неа. Таа се копаше полесно. Влагата, која пробила меѓу темелите на зградата и карпата, беше раздвоила делови од неа и ја беше направила помека. Се слушаше ритмичкото пулсирање на моторот за електричното осветлување на банката. Се чувствуваше и треперењето на истиот тој мотор, пренесуван преку почвата на карпата. Во еден од првите денови на август јас го достигнав крајот на карпата. Пространството меѓу карпата и темелите на банката беше пополнето со земја, која се копаше извонредно лесно. При едно забивање на длетото напред, тоа удри во тврд предмет и испушти еден посебен остар звук - тоа беше опрело во еден од камењата на темелите! Јас го ставив крајот на цевката до устата и му извикав на Шатев:
ТУНЕЛОТ КОНЕЧНО ИСКОПАН - Ура! Стигнавме до темелите! Потоа брзо и нервозно ја разоткрив ѕидаријата до којашто бев достигнал. Следните два дена поминав во копање на тунел покрај ѕидаријата. Копањето одеше лесно и ние го заобиколивме аголот на темелите со по околу два метра ископ покрај двата ѕида на аголот, претпоставувајќи дека, ќе ја разурне зградата целосно до темелите. Така што околу 7 август 1900 година ние го завршивме копањето на тунелот. Остануваше да се постави динамит и да се запали, за да биде завршена конечно нашата работа во Цариград. Во понеделник, 7 август 1900 година, ние со Шатев излеговме од складиштето без да бидеме заменети од Соколов и Мерџанов. Известувани од Нанчо за текот на работата во складиштето, каде што ние со Шатев дефинитивно го завршивме прокопувањето на тунелот, па затоа немаше што да се работи, тие двајцата направиле излет до островите Принкипо, Антигони и Халки. Тие потоа останале неколку дена на островот Халки - најголемиот и најмногу посетуваниот остров од оваа група населени острови во Мраморното море. Соколов и Мерџанов фатиле еден од бродовите на турската компанија “Махсусе”, со кој се опслужуваат населените места по бреговите на Босфорот по источното крајбрежие на Мраморното море и на островите, отишле на Халки и си изнајмиле соба во еден од хотелите. Како што е обичај и традиција, тие изнајмиле магариња и јавајќи на магарињата го обиколиле насекаде островот, па се качиле и на врвот на планината. Тие таму поминале два132
три дена, исто како цариградските туристи и странци, кои на овие острови одат за одмор и разонода. Пред да замине со Соколов за островите во Мраморно море, Мерџанов беше добил од Сарафов 20 наполеони. На заминување тој ми даде од нив 12 наполеони да бидат кај нас, во Цариград “за секој случај”. Од тие пари јас задржав за мене и за Шатев 4 наполеони, а другите 8 наполеони веднаш му ги испратив на Орце во Солун. Така што, целата сума, којашто солунчани ја добија од нас, цариграѓаните, беше 26 наполеони, со кои нашите солунски другари ги беа подмириле расходите за изнајмувањето на дуќанот, неговото опремување и својата издршка за ископувањето на тунелот под улицата до темелите на Отоманската банка. Собата што ја изнајмиле во хотелот имала тераса, од каде што се пружала волшебна глетка: на север кон Цариград, на исток кон Азијатскиот брег, каде што Кад’х ќој е спуштен на карпата, опкружена со убава, густа и зелена шума на устието на Измитскиот залив, на крајот на кој - таму далеку на исток - се гледа самиот град Измит (стариот град Никомидија), расположен амфитеатрално на височинката, свртувајќи го насмеаното лице кон запад. На запад се другите острови од оваа островска група, а зад нив глатките темносини површини на Мраморното море, од кое се испупчуваат како во сон острите контури на пустиот, ненаселен остров Оксија. Балконот, разделен со железна ограда на два дела, бил заеднички со соседната соба, која - неколку дена по нивното вселување - била зафатена од некоја жена од странство, како што му кажале на Мерџанов кога прашал за неа во рецепцијата на хотелот. Една вечер, пред залезот на сонцето, двајцата излегле на балконот да ѝ се восхитуваат на глетката и на залезот на сонцето. Набрзо на балконот излегла и сосетката, седнала во полупрофил кон нив и се занела во волшебната слика пред неа. Таа била стројна, убава жена, со црни очи, веѓи и коса, со бело и убаво лице, “интелигентна и многу воочлива”, како што велеше Мерџанов, кој - кога го кажуваше тоа - со двете раце правеше едно тркалесто движење пред своите гради, за да ја прикаже нагледно нејзината интелигеитност, а потоа го продолжуваше истото движење надолу, но сега одзади на себе, за да даде идеја колку била забележителна. Волшебната глетка била така засенета од присуството на сосетката, што Соколов и Мерџанов престанале да гледат кон Цариград, Кад’х ќој и Измит и зазјапале во седнатата на балконот зад преградата непозната жена. Тие почнале да ги подведуваат на оценка и преоценка цртите на нејзиното лице, носот, очите, веѓите, рамењата, торзото, трупот, колковите и нозете, како и задоволството, коешто тие би го доживеале од нивната евентуална употреба. Тоа продолжило повеќе од половина час. Нашите пријатели разговарале на висок тои на бугарски, без било какво
133
стеснување, бидејќи непознатата не разбирала бугарски и затоа што нивниот разговор се однесувал на нејзината физичка личност. Кога тие сосема се заборавиле во своите проценки и претпоставки, сосема неочекувано сосетката се обратила кон нив многу учтиво и на најчист бугарски јазик запрашала: - Опростете, господа, можете ли да ми кажете колку е часот? Тоа било толку неочекувано, што и двајцата останале со зинати усти. Веднаш по “инцидентот” тие го напуштиле баклонот, се симнале долу, ги платиле хотелските сметки и веднаш заминале за Цариград со последниот од бродовите на компанијата на Цариградските морски линии “Махсусе”... Дури тогаш тие дознале дека “непознатата” била сопруга на бугарскиот трговски агент во Солун Шопов, дојдена да помине неколку денови во околината на Цариград... Пред неколку недели Нанчо се беше вратил од Солун. Треба да се признае, дека тој не беше човек со развиен естетски вкус. Неговата невеста не беше млада - имаше веројатно повеќе од 30 години. Покрај тоа, таа беше грда: со суво, бледо, сипаничаво лице, голема уста, ниту сенка од женската грациозност во телото. Но, по карактер, таа беше миогу добра. Таа беше верна сопруга и верен другар на мажот. Нанчо се оддели од татко му, го напушти Ејуб и си изнајми стан во Пера, на улица “Саркис сокак” број 8. Изнајмениот стан беше широк за неговото двочлено семејство. Таму имаше една соба, која им беше сосема излишна. Нанчо ми ја предложи мене и на Шатев. Поради штедење, ние се префрливме да живееме во таа соба, а бидејќи Нанчови немаа кревет, ние со Шатев си постилавме и спиевме на подот. Една вечер во текот на август 1900 година, околу полноќ, го чувме ноќниот чувар како вика: - Кара ќој ќупрусу јананда, Банк отоман алтанда јанг’н вар!53 Под Отоманската банка! Јас оттрчав до отворениот прозорец и запрашав: - Бегчи! Јанг’н нерде?54 Чуварот, без да го запира трчањето по улицата надолу, одново извика: - Кара ќој ќупрусу јананда, Банк отоман алтанда јанг’н вар - анад’нму? Банк отоман алтанда - анад’нму!55 Со Шатев набрзина ги навлековме панталоните, ги грабнавме во рацете палтата и со трчање излеговме од куќата, така што при трчањето го довршивме нашето облекување. Минувавме попречно преку тесните улички, од кои една минуваше покрај Веницијанската кула на Галата, и 53 Блиску до мостот Кара ќој, под Отоманската банка има пожар! 54 Вардач! Каде е пожарот? 55 Блиску до мостот Кара ќој, под Отоманската банка има пожар - разбра ли? Под Отоманската банка - разбра ли?
134
брзо се свлековме до Војвода сокак, спроти Отоманската банка. Потоа свртевме по “нашата” улица. Таму се беше тивко и мирно. Ние воздивнавме со олеснување. Пожарот со црвена светлина ги осветлуваше улиците, по кои ние продолживме да одиме, за да отидеме кај пожарот сега веќе од обично љубопитство. Излеговме кај мостот Кара ќој. Гореа продавниците на Тиринг - германската куќа за продажба на готови машки костуми, спортска, зимска и летна облека, во непосредна близина до мостот. Се разбира, изгоре сѐ, бидејќи маалските пожарни команди, со нивните пумпи што ги носеа и при недостигот на вода, не можеа да го изгасат пожарот. Тие уште го потпомагаа со бркотницата околу него. Еднаш - во текот на тој месец август 1900 година, бидејќи не работевме во складиштето, заедно со Шатев го тепавме времето во една од просториите на хотелот “Македонија” со читање на некакво илустрирано француско списание. Во тоа време во Франција на власт беше дошол Милеран, социјалист. Во списанието беше даден портрет на Милеран. - Ете тоа е тоа: социјализмот спроведен во живот од власт, од другата страна на равенката, дава еден вистински буржоаски систем, каков што е во сегашниот момент во Франција - реков јас. Тоа беше доволно за да пламне расправијата меѓу нас. Шатев сметаше дека тоа е патот на еволуцијата, постепено преминување од буржоаски кон социјалистички систем и дека доаѓањето на Милеран на власт во Франција е прогрес, како за оваа земја, така и за целото човештво. - Според тебе, сега во Франција, штом се на власт социјалистите, направено е многу за премавнување на општествените зла, сега таму нема затвори, нема прогонства, нема гилотина, нема воена сила, нема крупен капитал, таму условите за живот и работа се целосно такви, какви што си ги замислуваат и за кои мечтаат работниците, а? - го запрашав со потсмев. Шатев ми возврати: - Сѐ туку, тоа е прогрес! - Ти треба да ми посочиш конкретни факти, кои ќе ме убедат, дека навистина во Франција има некаква разлика меѓу сегашниот социјалистички систем и оној на бившите капиталистички влади. - Јас тврдам дека тоа е чекор напред! - Или чекор напред, или се два назад! Нели е тоа лизгалка за работниците и за селаните - да се залажуваат со празни надежи за скорешно ослободување? - Јас, пак, ти велам - тоа е етапа кон слободата за француското работништво! - Едно е да кажеш, а друго е - да докажеш. Докажи со факти дека доаѓањето на Милеран е етапа кон слободата! - Тоа е чекор напред, што! - Какви факти ќе посочиш?
135
- Нема потреба од факти! Самото доаѓање на власт на социјалистите е доволен факт. Тоа е веќе прогрес! - Чекај, да ти дадам еден прогрес без факти! - и јас го удрив по главата. Шатев одговори на истиот начин - и ние се степавме, се зборивме. Јас бев појак и на крајот на краиштата го истискав до вратата. Тој се обиде со притискање со рамењата да ја отвори вратата и да влезе во собата. Тогаш јас излегов, успеав да го дотерам до скалите и го турнав надолу по скалилата. Шатев се стркала надолу и се сопре одвај на најдолното скалило. Кога се исправи, тој крена песници кон мене и извика одоздола: - Владата на Милеран е прогрес за Франција! Тоа е етапа кон слободата - добро да знаеш! Пред неколку години, во Пловдив се бев запознал со еден млад човек на моја возраст, некој си Марко Чипев, по потекло копривштанец. Татко му абаџија, на млади години работел во Анадолија. Тој се оженил во родниот град Копривштица и веднаш по свадбата заминал со својата млада невеста во Анадолија и се населил во градот Левка, каде што си купил куќа и имот. По неговата смрт, син му Марко дошол во Бугарија за некакво наследство во Копривштица - и кога ги обиколил канцелариите - се запозна со мене. Во мај 1900 година, кога бев во Пловдив, го сретнав пак тој Марко Чипев. Ако некогаш ти се случи да дојдеш во Турција, скокни до Левка да ни бидеш гостин неколку дена! - ми рече тој кога се видовме таа година во Пловдив. Откако го бевме привршиле копањето на тунелот до темелите на Отоманската банка во Цариград, за да не се меткам секој ден пред очите на агентите, кои постојано се врткаа во кафеаната на хотелот “Македонија”, и откако ми омрзна да ги набирам ракописите за весникот “Новини”, еден ден јас си го визирав пасошот и следното утро рано заминав за Левка, фаќајќи го возот од цариградската азијатска железничка станица “Хајдар паша”. Железницата првин поминуваше покрај североисточниот брег на Измитскиот залив. Половина час по тргнувањето поминавме покрај Хереке со прочуената фабрика за свилени персиски килими, сопственост на султанот Абдул Хамид II. Од тоа патување во сеќавањето ми останал впечатокот од градот Измит со неговите големи стари куќи со еркери и чардаци, наредени амфитеатрално една врз друга како куќите на Велико Трново, само со таа разлика, што Измит е поголем, не е така расцепкан како него и што куќите беа поголеми и изградени во еден и ист стар византиски стил. Од Измит натаму железницата влегува во долината на реката, која се влива во заливот во долниот дел на градот. Оваа долина е многу плодородна и тоа се растенија кои виреат покрај бреговите на Средиземното море: ореви, костени, смокви, маслинки, портокали и сите видови наши
136
плодни дрвја. Ние излеговме од долината, поминавме еден низок рид и навлеговме во рамницата на Спанџанското езеро, кое останува на запад од нас. Убав крај е тој дел на Мала Азија! Планините, повисоки од оние на Балканскиот полуостров, со снег на врвовите, имаат фантастични коитури. Тие се разделени од рамници рамни како дланка, извонредно плодни долини како таа, по која нашиот воз не носи на исток со бревтење. Ние го поодминавме гратчето Сапанџа и сопираме на станицата, која го носи истото име, близу до езерото. Гратчето е населено со Черкези, како што ме информира еден ученик, Грк по народност, кој учи во Цариград во француски колеж и кој е во исто купе со мене. Во езерото се капат неколку деца. Наредени во две редици, на станицата чекаат 50-60 млади Турчиња во цивилни алишта - тоа се регрути кои заминуваат да служат како аскери во Кара Хисар и Ени Шехир.
МЕЃУ БУГАРИТЕ ВО МАЛА АЗИЈА На станицата продаваат разновидни овошја. Тие ме соблазнуваат: јас си купив една ока јаболка за два металика. Во Бугарија и во Македонија се слават тетовските јаболка, но тие во никој случај не можат да се споредуваат по големина, надворешен изглед, вкус и мирис со јаболката од Сапанџа. По качувањето на регрутите, возот тргнува и продолжува да бревта по рамницата на исток. Поминуваме покрај Мекеџе - мало гратче - и сопираме на станицата. И овде чекаат млади Турчиња - регрути, кои заминуваат кон Кара Хисар. И овде продаваат овошје. По кус престој, возот продолжува одново да оди на исток. Околу три часот попладне соприаме на железничката станица Левка. Слегувам заедно со други неколку патници и заедно со нив одам кај еден заптија, кој стои на перонот. Ние му ги подаваме документите со визи за слободно патување. Со едно одмавнување со раката, заптијата одбива да ги земе: - Не е потребно! Никакви регистрации, никакви распрашувања - како да се наоѓаме во друго царство. Левка е оддалечено од станицата околу 3 километри. Јас тргнувам по пат за градот. На половина пат стигнувам до еден крстопат. Кој пат да фатам? Во близина, на сенка под една смоква, седнале тројца во селски абени алишта, со огромни шарени чалми на главите. За да не го погрешам патот, сакам да се информирам од нив по кој пат треба да продолжам и ги запрашав на турски: - Опростете, кој е патот за Левка?
137
Тие ме гледат со недоумение. Јас го повторувам на турски истото прашање. Еден од нив, најблискиот до мене, ги прашува своите другари: - Што прашува овој, бе? - и покажа со очите кај мене. Иако не сум сигурен дека ќе ме разберат, јас им го поставувам истото прашање по третпат, но веќе на бугарски. - Ама така прашај, за да се разбереме! - вели истиот Турчин. - Патот за Левка ли? - Ене оној! - и тој ми го покажува. Јас се заинтересирав и ги запрашав од каде знаат бугарски. Излезе дека тие биле од селото Лесидрен, Тетевенско, помачко село. Тие се преселиле во Турција две години по Руско-турската војна и биле населени во Мекеџе. Пристигнав во Левка. Со прашување ја најдов куќата на Марко Чипев. Кога ме виде, Марко се израдува како да беше нашол којзнае каква скапоценост. Тој ме одведе во куќата и ме претстави на мајка си, која исто така ме затрупа со љубезности. - Токму на време доаѓаш - ми рече Марко. Утре наутро ќе ми дојде на гости зетот со сестра ми и децата... Тој е бекташ - многу добро ќе се разберете. Јас уште од порано сакав да се запознам со некој од оваа мухамеданска секта, така жестоко прогонувана од Хамидовата официјална турска власт, што со нестрпливост фатив да го очекувам утрешниот ден. Половина час по моето пристигање, сите “Бугари” од Левка беа дознале за тоа и почнаа да доаѓаат и да ме поздравуваат со “Ош-гелдинис” бидејќи тие не знаеја бугарски, туку помеѓу себе зборуваа турски или грчки , јазици, на кои зборуваа сите жители на овој град. “Бугарите” во Левка беа синови, внуци или правнуци на копривштенци или панаѓуриштанци - абаџии, кои ги довеле жените и се населиле таму. Притиснати од средината, преселниците бугарски почнале да зборуваат само дома со жените. Меѓутоа, кога старите изумреле, нивните деца. постепено го заборавиле јазикот на нивните родители. Сепак, покрај чисто бугарските фамилијарни имиња, тие зачувале една сантиментална, страсна и длабока љубов кон татковината на нивните татковци и дедовци. Поради тоа што беше живеал и во Бугарија, Марко Чипев беше исклучок меѓу другите Бугари од Левка: тој подеднакво добро ги зборуваше и трите јазици - бугарскиот, турскиот и грчкиот. Левканските Бугари ги крштеваа своите деца со бугарски имиња: Ради, Стојан, Велик и други, а некои од нив беа такви фанатизирани патриоти, што - како мали имиња на своите деца - ги даваа семејните имиња на разни руски дипломати и војсководачи, кои ја штителе бугарската кауза. Така, Левканското бугарско семејство Радеви, малото име на поголемиот брат беше “Муравов”, а на помалиот - “Скобелев”. Кога сонцето се спушти кон запад и стана студеникаво, Марко ме покани да одиме со едно друштво млади на прошетка и рак’хќеиф кај
138
базенот. Во подножјето на ридот - сув, каменест рид, кој се издига на југозападниот крај на градот, Марковиот татко некогаш изградил еден ѕид со камен и малтер, висок околу 3 метри, со кој го преградил дното и двете падини на една височина, која се спушта од ридот кон југозападниот крај на Левка. На долниот крај на ѕидот, тој направил пропуст, за да може да пушти кога сака вода од онаа што се собирала во дождовно време зад ѕидот. На тој начин, со наплаќање, се наводнувале сите обработливи површини што се наоѓаат под ридот, во овој дел на рамницата. Татко му на Марко Чипев ја нашол цаката да ја извлече својата богата егзистенција од дождовните води, кои се изобилни, но ретки во ова суво и врело место. До стемнување ние останавме кај браната. Во ова младешко друштво имаше и две Грчиња. Нека биде патем забележано, дека во тоа време не постоеше никаква омраза меѓу тамошните Грци и Бугари. По аријата на маршот на “Фауст”, Грчињата го испеаја грчкиот марш, а браќата Муравов и Скобелев Радев - Шуми Марица, од кој ги знаеја само зборовите од првата строфа и тоа така искривено, што велеа “Чуми Марица оќорлавена...” Јас бев предмет на општо внимание од страна на друштвото. Ме распрашуваа најдетално за Бугарија, за Копривштица, за Панаѓуриште. Бидејќи не бев одел во овие две гратчиња, не можев многу нешто да им кажувам за нив, но затоа, пак, така убаво го украсив животот и поминокот на луѓето во Пловдив, што уште тогаш браќата Радеви пред сите изјавија дека кога и да е ќе дојдат и ќе се населат во Бугарија... Поминаа две години. Еднаш на главната улица во Пловдив, случајно го сретнав Муравов Радев. Тој и брат му дошле овде и почнале да се занимаваат со гренорство и работата им одела многу добро. Муравов си го беше изменил името во “Муравеј”, а брат му Скобелев си беше останал со истото име. До крајот на животот, кога ќе ме сретнеа, иако веќе ми го знаеја вистинското име, ме викаа “Илија”, под кое име ме беа запаметиле во Левка. Муравов Радев почина во Пловдив во ноември 1947 година, Скобелев малку подоцна. Сега тие почиваат во Пловдивските гробишта “Хаџи Ариф ага”. По темница ние се прибравме во градот. Седнавме да вечераме околу софрата во долниот кат, кај огништето. Освен Марко, мајка му и јас, со нас седна да вечера и една стара Арапка, Црнкиња. Таа беше црна како печка од ламарина, со сплескан нос, со дебели црвени усни, од кои долната многу опуштена надолу; белката во окото поради контрастот со црната боја на лицето, изгледаше многу голема; телото ѝ беше старечко, опуштено и ослабено; рацете ѝ беа големи и долги како кај мајмуните.Јас со неа зборував на турски. - Како се викаш? - ја запрашав. - Акче - одговори Арапката.
139
Јас го погледнав ова “акче” (на турски “акче” значи “белата, убавата”), кое беше црно како јаглен и убаво како седумте смртни гревови, собрани сите на куп. - Ти каква роднина си на Чипеви? - Јас сум робинка. - Робинка? Како така робинка? Нели пред повеќе од 20 години ропството е укинато во Турција? - Така е. Но, јас знам дека сум робинка. Челебијата ме купи за 60 лири. Тоа го знам. И тој и жена му за сето време откако ме купија беа добри спрема мене. Овде ги одгледав нивните деца, овде ги родив и одгледав и моите деца. Ми велат дека сум слободна и можам да си одам, но каде да одам? Каде ќе најдам подобри господари каде ќе ми дозволат да седнам на нивната софра?... Јас сум робинка. Како робинка влегов во ова куќа, како робинка живеев во неа четириесет години и сакам да умрам во неа како робинка. Во нејзините зборови имаше целосно безнадежно помирување! Каде ќе најде подобри господари од оние, на коишто им беше робувала четириесет години и кои и дозволуваа да седи на една софра со нив! Ми прелета низ главата: каде француските работници ќе најдат друг Милеран, кој за нивна сметка ќе застане на чело на управата во Франција? Ако тие се раководеле според умот на Павел Шатев, би можеле да кажат: “Што сакате поубаво од ова? Ние сме седнале на иста софра со капиталистите, затоа што со нив земаме учество во управувањето со Франција!”... Да! Јас имав право кога го фрлив Шатев од скалите надолу во хотелот “Македонија”... Наредниот ден, доаѓајќи од Изник (стариот град Никеја), кај Марко пристигна зет му со жена му и двете деца. Марковиот зет, Асим беј, беше Турчин, облечен во пристоен алафранга костум. Тој беше 30-35-годишен, рус, со сини очи. Минатата година тој бил на изложбата во Париз и зборуваше малку француски. Јас удрив директно во целта и му реков: - Вашиот шура ми кажа, дека вие сте бекташ. Дали би ме запознале со учењето на вашата секта? - Со задоволство! - рече тој, па на кратко ми ги изложи суштествените точки од учењето на Бекташ. Според неговото учење сите луѓе се браќа, со исто право на постоење. А за постоењето и развитокот на човекот, првиот, најпеопходен услов е слободата на личноста - слободата на совеста, на убедувањата и на говорот. Мажот и жената се еднакво луѓе и еднакво учествуваат во продолжувањето на човечкиот род: првиот го создава и ги подржува поколенијата, жената ги раѓа и ги одгледува. На жената треба да се гледа не како на предмет за задоволство, туку таа треба да се почитува како мајка на човештвото. Нечесио е да се сокрива божјот дар и тој да се смета
140
како извор на соблазни и затоа жената не треба да го крие лицето од мажите. Религијата е создадена за односот меѓу бескрајно малото и немоќното, каков што е човекот и големото и моќното, каков што е Бог. Истовремено, религијата е збир од практични, морални правила, без чиешто применување во живот човек не може да живее во заедница. Сите религии се добри и нема зошто една од нив да биде претпочитана од другите. Бог е вистина. Вистината е како водата: во својата жед еден ја пие со чаша, а друг со стомна, трет со црпка, четврт со дланки, но формата на садот со кој човек се служи, не ја менува суштината на водата, со која ја гаси својата жед. Бекташ допушта брачни врски меѓу индивидуи од разни религии, без ограничување на религиозните чувства на сопружниците: ако едниот е муслиман, а другиот христијанин, првиот ќе ја посетува цамијата, ќе го прима во куќата оџата и ќе ги извршува обредите на муслиманството, а вториот - ќе ја посетува црквата, ќе му обезбедува пристап на свештеникот во куќата и ќе ги извршува христијанските обреди. Децата се воспитуваат така што машките ја земаат религијата на таткото, а женските - онаа на мајката, без да бидат ограничувани во случај ако подоцна сами посакаат да ја променат својата религија. Бекташите се противници на насилството, било кога тоа да го спроведува една личност, било кога се спроведува по волјата на група луѓе; на власта тие гледат како на насилство од група луѓе врз дадено општество или народ. Тие се противници на насилството, дури кога тоа е и акт на самозаштита. Според мојот соговорник, повеќето Турци од Анадолија се бекташи и покрај жестоките прогонувања од страна на власта. Овие прогонувања како да придонесуваа за уште поголемото ширење на оваа секта. Многу подоцна, по неколку десетици години, настаните во Турција го потврдија тоа што ми го беше рекол тој: потпрен на нив во неговата борба со централната власт, Мустафа Кемал се издигна како реформатор на Турција. Всушност, тој не беше направил ништо во тој однос, туку просто го беше искористил силно распространетото учење на Бекташ во Анадолија, за да се спаси од турската држава тоа што беше можно да се спаси во тие лоши политички моменти. Неколку дена јас му бев гостин на Марко во Левка. Но, и моето гостување мораше да има крај. Едно утро отидов во уќуматот и се јавив кај мудурот да си го визирам пасошот за патување кон Цариград. Уште штом заптијата, кога ја подигна завесата и му рече на мудурот дека еден странец сака да се јави кај него, мудурот стана, се доближи до завесата и најучтиво ме покани да влезам во неговиот кабинет. Веднаш да кажам, дека на таква учтивост не наидов ниту во Бугарија, ниту каде и да било во Европа. Мудурот ме запраша - откако седна на своето место и откако
141
ме беше поканил да седнам и јас на миндерот: - Од каде сте Вие? - Од Пловдив. - Пловдив? Во Румелија? Го знам. Пред војната јас таму службував како началник на поштата... Тој за момент се замисли и потоа продолжи: - Убав е вашиот крај, многу плодно е местото... Но народот ви е разбојнички. (“Факат инсан ешкие д’р”). - Тоа и за мене ли се однесува господине! (Бу бана инун ми сојлерсунус, ефенд’м!) - го запрашав јас, правејќи му забелешка дека заедно со целиот народ, тој ме навредува и мене, една света вода неначната, за каква се трудев да се претставам... Јас го гледав мудурот право во очите, а во моето сеќавање се нанижаа сликите на пладневниот разбојнички напад на селото Шилинос и на Черпелиското анче на бај Иван од Пловдивско; во истото време кога - разгрнат - пред очите на мудурот стоеше мојот пасош на туѓо име... - Опростете! Не сакав воопшто да ве навредам! - одговори мудурот. Но - гледајте! Во овој крај овде, во тек на многу десетици години пред војната (Руско-турската војна 1877 година), не се случило да има кражба, грабеж, палеж или убиство. Меѓутоа, по војната од вашиот крај меѓу нас дојдоа и се населија Помаците. Дваесет години живееја меѓу нас, дваесет турски зборови не научија... Откако тие дојдоа не поминува ни ден да нема или кражба, или грабеж, или палеж или убиство, а понекогаш сите заедно во еден ден... Та, затоа велам дека народот ви е разбојнички... Мудурот ми го визира пасошот, го извади од појасот печатот, го притисна врз натопеното со мастило парче хартија, дувна во него и го удри неговиот отпечаток под визата. Потоа ми го даде пасошот, стана од миндерот, ме испрати до завесата и ми пожела добар пар. Јас се вратив во Цариград. Во очекување на пристигањето на динамитот, со чиешто доставување се беше ангажирал Казаков, ние со Шатев го убивавме времето како што можевме - било во бескрајни спорови, било во играње табла, било во скитање низ градот. Ние често одевме во Стамбол, во куќата каде што живееше семејството на Јосиф Феникови на разговори со мајка му, која во текот на денот беше сосема сама, бидејќи мажот и, воен лекар, служеше во Анадолија, во Кара Хисар, додека синот работеше во цариградската филијала на Креди Лионе. Еднаш, кон крајот на август, двајцата со Шатев приквечер седевме пред кафеаната на хотелот “Македонија”. Спроти нас, на исток, беше полициската станица ‘„Галата сарај”, чијшто главен влез се гледаше целосно од местото каде што седевме. Нашето внимание беше привлечено од следново: Двајца полициски старешини, го фатиле од двете страни Казаков под мишки, врвеа по улицата, доаѓајќи откај Таксим. Групата изгледаше како
142
тројца многу добри пријатели, стиснати еден до друг, занесени во интимен разговор. Тие дојдоа до камените степеници на широките скали пред влезот на полициската станица. Таму, меѓутоа, Казаков одби да се искачи по скалите и се развика на сет глас: - Не хачу въҋти! Ви не имаете права арестоватъ! Я рускиҋ подданик! Не ваҋду!56 Тој се тегнеше назад, а старешините го влечеа напред, нагоре по скалите. Од вратата на полициската станица дотрчаа други полицајци. Казаков вложуваше најочајни усилби да не се качува. Најпосле легна на земјата и - мафтајќи со рацете и со нозете - тој не им даваше можност на полицајците да го кренат и да го втераат во участокот. Таа борба продолжи повеќе од 15 минути, при што Казаков протестираше и викаше колку што го држи гласот. Веројатно некој беше отишол до рускиот конзулат и беше соопштил за тоа што се случува кај полициската станица ‘„Галата-сарај”, затоа што по улицата откај Јуксек калдар’м дојдоа двајца, од кои едниот беше секретарот на рускиот конзулат, а другиот - гавазот при конзулатот. Секретарот отиде кај групата, која “војуваше” кај вратата на полициската станица, го ослободи Казаков, го зеде под рака и го одведе надолу по улицата кон Јуксек калдар’м каде што беше рускиот конзулат. Притоа тие беа следени од гавазот, кој ја држеше десната рака на појасот, од каде што стрчеа дршките на јатаганот и на цариградскиот револвер со бела коскена дршка. Казаков беше одведен во рускиот конзулат и задржан таму. Што се беше случило?
ОТКРИВАЊЕТО НА ДИНАМИТОТ И АПСЕЊЕТО НА КАЗАКОВ По посетата што ја направи на нашата работа во тунелот во месец мај 1900 година, Казаков се сретнал со двајца Ерменци - контрабандисти, кои се ангажирале да му достават 100 килограми динамит од Батум. Тие навистина го обезбедиле договореното количество динамит, успеале да го качат на еден руски трговски брод и го донеле во Цариград. Вечерта, незабележани од никого, тие го симнале динамитот во едно кајче, успешно поминале под Кара-ќој ќупрусу и под Зајтун купрусу и по Златниот рог го понеле нагоре, за да ја достават стоката на договорената со Казаков адреса, некаде кон Тарла Баши, над Терсехането. Уште при пристигну56 Не сакам да влезам! Вие немате право да ме уапсите! Јас сум руски државјанин! Не влегувам!
143
вањето на бродот во Галата, едниот од контрабандистите отишол лично кај Казаков, го известил за пристигнувањето на стоката и се договориле со него да се сретнат наредниот ден, за да му го предадат динамитот и да си ги земат парите за пего. Треба да се забележи следново: на растојание од 150-200 метри еден од друг, по целата должина на Босфорот и Златниот рог, имаше царински стражарници со по неколкумина царинарници, кои беа во дрвени бараки, од кои секоја беше изградена на шлеп кој плива, укотвен за морското дно. Една од овие царински стражарници се посомневала во кајчето што поминувало покрај неа, кое пловело со најголема брзина и го сопреле. Динамитот бил конфпскуваи, а сопственикот на кајчето и двајцата контрабандисти биле подложени на испитување, при што признале дека прошверцуваниот барут им бил порачан од “еден Ерменец со шапка”, чиешто име и адреса не ги знаеле. Полицијата, за да го фати тој “Ерменец со шапка” се послужила со итрина: еден од полициските старешини, облечен во цивилни алишта, отишол со двајцата контрабандисти во куќата. посочена од Казаков за земање на динамитот, а неколкумина цивилни и униформирани полицајци биле поставени да вардат во куќата отспротива и чекале сигнал за да упаднат во куќата. Казаков дошол и бил непријатно изненаден од присуството на непознатото трето лице. Постапувајќи сообразно со дадените полициски инструкции, двајцата контрабандисти го убедиле дека непознатото трето лице е нивни другар и оти нема зошто да се стеснува од неговото присуство. Во разговорот што го воделе откако Казаков се смирил, двајцата Ерменци контрабандисти ги повториле условите што ги договориле со него за пратката, а на крајот му го предале динамитот и побарале да им ги исплати договорените пари. Казаков го извадил портмонето и им ја изброил договорената сума. Во тој момент, по сигналот што им бил даден од “другарот” на контрабандистите, полицајците влегле во собата, Казаков бил уапсен принуден да каже каде живее. Полицајците веднаш го зеле и со него отишле во неговиот стан. Потоа, станот полицајците најдетално го претресле. За време на претресот, била најдена и визиткатричката на Мерџанов, која што тој ѝ ја дал на старата жена, за да му ја однесе на Казаков, кога првпат беше отишол да се запознае со него. По претресот на неговиот стан, полицајците го одвеле Казаков во полициската станица “Галата сарај”, каде што ние двајцата со Шатев - од кафеаната на хотелот “Македонија” - ја набљудувавме сцената за која раскажувам погоре. Казаков беше одведен од секретарот и гавазот на рускиот конзулат на улица “Јуксек каладар’м”, каде што - кога поминував следниот и наредните денови - го гледав како се шета низ дворот. Тој беше задржан таму, а неговото прашање беше префрлено до руското министерство на полицијата, од каде што чекаа наредба за начинот на кој треба со него да се постапи.
144
Како што спомнав погоре, за време на претресот во станот на Казаков, полицијата ја нашла и ја прибрала и визит-картичката на Мерџанов - една од оние, што тој ги беше напечатил во Софија пред да замине за Цариград. Полицијата живо се заинтересирала за тој Васил Стојанов, студент од Русе. Ние забележавме дека по таа случка со Казаков, полицијата почна да не следи поодблизу сите нас, а најмногу Мерџанов. Еднаш, кога тој во друштво до д-р Александар Малинов се шетал по главната улица, некаде блиску до стоковната куќа “Бон-марше”, бил настигнат од еден непознат човек, облечен - како што тогаш беа облечени агентите во тоа време во Цариград - во модерен алафранга костум, со фес на главата. Непознатиот му се приближил одзади на Мерџанов, го потапкал по рамото и му рекол на чист бугарски јазик, со многу фамилијарен тон: - Здраво, Васка! Мерџанов се свртел, го изгледал непознатиот и студено му одговорил: - Јас не Ве познавам, господине, и не ви дозволувам да се обраќате фамилијарно кон мене! - Е, де! Не лути се! Меѓу нас ние можеме да бидеме фамилијарни! Мерџанов не рекол ништо, му свртел грб и со достоинство ја продолжил прошетката и прекинатиот разговор со д-р Малинов. Пак околу тоа време, - мислам пред случката со Казаков пред полициската станица ‘„Галата сарај” - од Софија пристигна “Циганчето”, т.е. Саракинов, член на Софискиот Македонски Врховен Комитет, со некаква мисија. Уште од границата на Мустафа паша (сега град Свиленград), тој бил земен на око од турската полиција и ставен под набљудување: уште на железничката станица Мустафа паша, во купето на Саракинов влегол еден полициски старешина, кој исто така патувал за Цариград. Кога слегол на станицата Сиркеџи во Цариград, Саракинов изнајмил еден пајтон, отишол со него и се вселил во хотелот “Крокер”. Полицискиот старешина, исто така изнајмил пајтон, стапка по стапка по Саракинов дошол во хотелот “Крокер” и изнајмил кревет во собата соседна на онаа од Саракинов. При излегувањето во градот, полицаецот го следел насекаде како сенка. Меѓутоа, откако се убедил дека не ќе може да се ослободи од својата сенка, Саракинов отишол во бугарскиот коизулат за да му се визира пасошот и уште истата вечер заминал за Бугарија, без да ја изврши мисијата за која беше дојден во Цариград. Во бугарскиот конзулат тој го видел Мерџанов, дојден случајно кај секретарот Живко Добрев, со кого како што споменувам и на друго место - беше во најблиски пријателски односи. - Како можете да живеете овде, со таа полиција? - се зачудил Саракинов, целиот во паника од непрекинатото следење на коешто бил подложен.
145
Откако го завршивме тунелот до темелите на Отоманската банка, ние ирестанавме да го посетуваме складиштето на Бугарската печатница. Се сеќавам - еден ден набирав некаков ракопис за весникот “Новини”. Мерџанов влезе во печатницата многу возбуден. Тој од џебот на палтото извади некакви весници од Бугарија, кои штотуку ги беше добил преку Австриската пошта, ги размавта во воздухот и проговори возбудено: - Ура! Во Бугарија има револуција! Вистинска револуција! Населението во Добричко, Шуменско, Разградско, Русенско се разбунтувало и востанало против власта... Ги изгонило службениците... Споменуваат некои села - Шабла, Дуран-кулак и други - каде што населението водело борба со војската и полицијата... А ние седиме овде и дремеме без нешто да работиме... Што не сум сега во Бугарија! Мислам дека тоа беше мое последно одење во печатницата. Сега, по случката со Казаков и откако бевме влегле во очите на полицијата, ние престанавме да одиме и накај складиштето. Откако Нанчо ја прибра оттаму печатарската хартија за весникот “Новини”, Мерџанов го зеде од него клучот на складиштето и му го довери на д-р Малинов да го чува. Тоа беше направено за секој случај: Малипов не беше под сомнение на полицијата, а во случај да уапсат некој од нас, клучот не требаше да падне во рацете на полицијата и да ѝ го покаже правецот на складиштето. Во првите денови на септември 1900 година, преку Австриската пошта, Мерџанов од раководното тело на Внатрешната Македонска Организација во Солун доби едно писмо. Во тоа писмо Организацијата го молела да се јави кај егзархот и да направи сѐ што е возможно да се напише наредба за назначување во Македонија како учители лицата, назначепи во списокот, којшто бил приложен кон писмото. Пред да отиде во Егзархијата, Мерџанов нѐ собра за да се договориме во врска со тоа барање на Организацијата. Ние четворицата -Мерџанов, Соколов, Шатев и јас - на 12 и 13 септември 1900 година се состанавме после ручек во градината на бираријата Паулик, која на тераси се спушта кон Босфорот. Беше убав, јасен и топол ден. Одовде глетката кон Босфорот и кон Азијатскиот брег беше восхитувачка. По Босфорот, со едно распнато платно, слично на птичје крило, во разни правци пловеа кајчиња, еден брод, целиот во бело, кое блескаше на сонцето, брзо ја сечеше водата во правец на Црно море. Спроти нас, на Азијатскиот брег, потонат во зеленило, кедрова шума, дворецот на Бејлер беј се огледуваше во темносините води... Никој од нас не претпоставуваше, дека оваа глетка денес ние ја гледаме за последен пат во својот живот... Мерџанов ни го прочита добиеното писмо, во кое имаше изрази кои ја издигнуваа неговата личност. - Што се однесува до мене, јас мислам дека во овој случај треба да и помогнеме на Организацијата! - заврши тој. - Што ќе правите - не ме интересира! - рече Соколов. Бидува да и помагаме, а бидува и да не ѝ помагаме! Во сегашниот момент ме интере-
146
сираат само три нешта: тунелот до темелите на Отоманската банка, чекорот на Минерва и нејзиното торзо... Сѐ другото е ветар!... Решавајте како што ви годи! Потоа Соколов си ги протегна нозете, ја залапа лулата и го всредоточи целото свое внимание во неа. Шатев се приклони кон мислењето на Мерџанов - да и помогнеме на Организацијата. Останавме двајцата со Мерџанов да го делиме мегданот и да спориме за тоа - бидува или не бидува да се ангажираме во таа работа. Јас се спротивставив решително на идејата да ги вадиме костените од оган за сметка на Организацијата. - Ние не треба да се мешаме во нејзините работи - велев јас - и тоа од две причини: прво, затоа што ние и Организацијата следиме две различни цели; таа готви востание во Македонија, а ние сме против востанието, бидејќи е неморално средство за заменување на турската власт со онаа на македонската интелигенција. И второ, зашто со нашето вмешување ние го изложуваме на голем и бесполезен ризик нашето претпријатие. - Каков ризик! Кога ќе го фатам на тесно, егзархот сакал не сакал ќе ја потпише наредбата! - И потоа ќе не пријави на власта! - Тој нема да смее тоа да го направи! - А ти од каде си уверен дека не смее? Порано, минатата година, кога го принуди, тој беше под хипнозата на неизвесното. Тој не знаеше кои сме и колку сме, а твојот решителен тон и камата ја засилиле таа хипноза... - И сега јас ќе дејствувам решително! И сега мојата кама ќе биде најубедливиот аргумент... - Само што сега ја нема хипнозата на неизвесното. Сега егзархот знае кои сме и колку сме - една грст луѓе! И освен тоа - од каде да знам дека тоа не е стапица? Некоја стапица, курдисана заеднички од Организацијата и Егзархијата? Истата онаа Организација, која сега те гали по грбот и која пред неколку месеци го беше испратила Стоил Миров да ги организира нашите убиства... Откаде да знам дали таа не смета истовремено да постигне две цели - да го добие назначувањето на нејзини луѓе за учители и да се ослободи од нас преку власта, кога егзархот ќе не пријави на неа? Таа - Организацијата - сега со тоа писмо до тебе има крајна цел: ќе постигне најмалку една од своите цели, а можеби и двете... Не оди во Егзархијата! - Со Организацијата имаме една допирна точка - и таа, и ние се бориме против турската власт. Тоа е доволно да и помогнеме! - Тоа е доволно за да го изложиме на ризик тунелот под банката и самите себе си! И за што? - За да добиеш од Христо Матов еден “Аферим” и да станеш во очите на Организацијата наш началник! Началник на анархистите! Откажи се од таа работа! Не оди во Егзархијата! - Да не ти е страв за сопствената кожа?
147
- Што сакаш да кажеш? Страв за сопствената кожа? Е, мил мој! Ако ти ја направиш таа глупост да отидеш во Езгархијата, за да го принудиш егзархот да ги назначи тие луѓе за учители, јас ќе бидам оној што ќе ти го штити грбот! Но, пак ти велам, не оди во Егзархијата! Разбери! Ние ризикуваме и тоа без каква и да е полза! Ние уште долго споревме во истиот дух. Мерџанов не се согласуваше со мене, ниту пак јас со него. На крајот, пред да се разделиме, тој рече дека наредниот ден тој ќе оди кај егзархот. - Во тој случај - реков јас - ќе дојдам со тебе, за да не пуштам никој да излезе од вратата на Егзархијата додека ти се расправаш со егзархот. Во тоа време Цариград немаше телефони. Кога би сакал да повика полиција, егзархот требаше да испрати некој во полицијата. Наредниот ден, околу 10 часот, двајцата со Мерџанов отидовме во Орта ќој. По патот не проговоривме; бевме лошо настроени еден спрема друг. Мерџанов влезе во Егзархијата, а јас останав на улицата кај надворешната врата. Прислужникот, кој беше на вратата на зградата му се насмевна на Мерџанов - тој го познаваше од порано. Откако ја зеде картичката што му ја подаде Мерџанов, тој влезе во зградата и по малку време дојде и го покапи Мерџанов да влезе внатре. Јас трпеливо се шетав по улицата крај вратата и го чекав излегувањето на Мерџанов, со рака во џебот, каде што ја стискав дршката на револверот, готов да спречам кој и да било друг да излезе од зградата на Егзархијата. По околу половина час Мерџанов излезе, придружуван од прислужникот, кој со насмевка и благодарност го прими бакшишот што му го даде Мерџанов. Со неколку зборови Мерџанов потоа ме извести за она што се случило меѓу него и егзархот. Уште при влегувањето на Мерџанов, егзархот го пречекал со видлива тревога. Откако му напрвил поклонение, Мерџанов му ја изложил својата мисија. Смирен, егзархот станал многу љубезен, го поканил да седне и веднаш се согласил да ја издаде бараната наредба. Тој заѕвонил, му го дал на прислужникот списокот што претходно му го предал Мерџанов и наредил да се подготви наредбата, која веднаш му била дадена на потпис. А додека го чекале подготвувањето на наредбата, егзархот почнал со Мерџанов разговор на разни теми. Кога ја донеле подготвената наредба, егзархот ја потпишал и ја вратил во канцеларијата за извршување. Мерџанов станал, му се заблагодарил на егзархот за услугата спрема “народното дело”, направил поклонение и си излегол. - Многу беше љубезно Блаженството. Јас не очекував таква готовност од него - рече Мерџанов. - Народот вели: “Многу арно, не е на арно”. Камо тој да се излажал, кога ја искажал оваа поговорка! - забележав јас. Ние замолчевме и молчешкум стигнавме до Галата. Таму се разделивме. Мерџанов се качи на коњскиот трамвај и замина нагоре кон Пера, а јас отидов во Баварската пивница на Домус сокак да се напијам едно
148
пиво, на мир да си ги приберам мислите и да го задушам непријатното претчувство што ме беше зафатило. По претресот на станот на Казаков, полицијата беше започнала да нѐ следи поодблиску, но немаше доволно докази за да нѐ уапси. Уште во ноември минатата година таа имаше сведенија за доаѓањето на Мерџанов и на мене во Цариград, но не ни ги знаеше имињата под кои живеевме. Откако визит-картичката на Мерџанов паднала во рацете на полицијата при претресот на станот на Казаков, таа започна да ги оформува своите сомневања, дека дошла на трагата на едниот од оние за чиишто глави беше ветена награда од 10.000 лири. Во секој случај, полицијата дејствуваше внимателно, така да се рече, со ракавици. Веројатно таа трагаше по нешто посуштествено, со кое ќе ги потврди тие нејзини сомневања. Сега ние самите на полицијата ѝ го дадовме она суштественото, за кое таа имаше потреба, зашто егзархот Јосиф I со едната рака ја беше потпишал наредбата за назначувањето на учителите во Македонија по списокот на Организацијата, а со другата - уште истиот ден - нѐ беше пријавил во турската полиција. Поради страв од одмазда на Организацијата, уште наредниот ден настана паника меѓу службениците на Егзархијата: под разни изговори, еден по друг тие ја напуштаа службата и си заминуваа од Цариград. Во Егзархијата останаа само тројца: егзархот, началникот на просветниот оддел и Селџобелов. Настаните околу нас се развија многу брзо. Наредниот ден - би требало да беше петок, 15 септември 1900 година, Мерџанов одел по главната улица во Пера, меѓу Бон марше и Галата сарај. Истото тоа непознато лице, кое пред неколку дена го беше поздравило со фамилијарен тон, го сретнало и се обратило кон него:
БУРАТА СЕ НАБЛИЖУВА - Здраво, Васка! Многу поздрави од Слави Мерџанов! Насмевнат, непознатиот безобразно го гледал Мерџанова право во очите. - Не ве познавам ниту Вас, ниту вашиот Слави Мерџанов! Веќе втор пат Ви велам дека не Ве познавам и не сакам да бидете фамилијарен со мене! Уште истиот ден ние дознавме за оваа случка со Мерџанов. Беше повеќе од очигледно - бурата наближуваше. И таа се истури врз нас многу брзо.
149
За да не им се метка постојано пред очите на агентите околу Галата сарај, наредниот ден -16 септември 1900 година, сабота - наместо во ресторанот “Хаџопуло”, каде што обично се хранеше, Мерџанов ручал во еден ресторан на улица „Јуксек калдарм” блиску до рускиот конзулат. Откако јадел, тој тргнал да си оди дома, при што - за да го избегне евентуалното следење од иследниците на главната улица, тргнал по тивката уличка, која врви покрај високиот ѕид што го оградува рускиот конзулат од североисток. Оваа уличка прави широк завој, на околу 200-300 метри пак излегува на главната улица. Кога стигнал кон средината на уличката, тој бил пресретнат од воена патрола од четворица аскери, водени - како што беше вообичаено - од еден униформиран полициски старешина. - Теслим!57 - му извикал полицискиот старешина. Мерџанов одеше со бастун, којшто беше го купил минатата година во Пловдив од галантерискиот дуќан на браќата Казасјан, на минување за Цариград. Со притискање на една пружина кај дршката, заедно со неа, од бастунот излегуваше една шпага. Бастунот, всушност, не беше ништо друго, туку футрола на шпагата. При повикот “Теслим!”. Мерџанов ја извадил шпагата за да го убоде старешината. Во исто време одзади го слушнал истиот повик: - Теслим ол!58 - Тој се свртел. На околу 20 чекори зад него, водена од еден полициски старешина и од вчерашниот непознат, којшто му го беше пренел поздравот од Слави Мерџанов, врвела уште една воена патрола од 4 војници, кои ги биле симнале пушките од рамо и се приближиле кон него. Секакво спротивставување било излишно. Мерџанов ја ставил шпагата во футролата, го предал бастунот и теран од двете соединети воени патроли - бил спроведен до неговиот стан на улица Сакз агач. Таму направиле најдетален претрес и - меѓу другите книги и алишта - нашле и прибрале и едно шифрирано писмо. Во еден миг, кога целото внимание на полицајците било насочено кон претресот, Мерџанов се качил на прозорецот, кој бил отворен и се фрлил од него на улицата. Тој, меѓутоа, навреме бил забележан од еден од војниците, кој успеал да го фати за полите на жакетот. Мерџанов висел на улицата, но бил свлечен и вратен назад во собата. Го потерале во полициската станица “Галата сарај”. Од кафеаната на хотелот “Македонија” го виделе кога го потерале во участокот. За неговото апсење јас дознав од хотелиерот бај Георги Христозов. Видов дека полицијата дејствува методично, откако го беше уапсала најпрвин оној што го сметаа за наш шеф и дека претстоеше апсењето и на нас останатите. Јас се вратив веднаш дома и му соопштив на Шатев за апсењето на Мерџанов. Беше смрачено кога излегов од дома и заобиколив кон станот 57 Предај се. 58 Предај се!
150
на Соколов, за да го предупредам. Соколов не беше дома. Јас поминав покрај кафе-ресторанот на хотелот “Македонија”, каде што се хранеше, со намера да го предупредам ако го најдам таму. Одев по спротивниот тротоар, низ прозорецот го видов Соколов како седи на една маса во ресторанот; веројатно тој си беше нарачал јадење и чекаше. Пред вратата на кафе-ресторанот стоеја неколку души. На светлината што излегуваше од просторијата, меѓу оние што стоеја кај вратата го видов и Крум Ганчев, со неговиот висок раст, прав нос и фалцовата шапка со широка периферија, со беж боја. Јас се приближив кон нив без да бидам забележан, благодарение на тоа што бев во темница. Видов со сопствени очи кога Крум Ганчев покажа со прст кон Соколов и со своите уши слушнав кога рече: - Тутунус буну!59 Видов кога двајцата полициски старешини влегоа во ресторанот кога дојдоа кај масата каде што седеше Соколов и кога му рекоа нешто. Соколов ги сврте очите во круг, при што белката силно им блесна, а потоа стана и придружуван од двајцата, излезе од ресторанот и отиде кон полициската станица. Се вратив дома во најмрачно расположение. Таму не го најдов Шатев. По мене и тој излегол да види “каква е авата”. Го затеков Нанчо , кој ја беше поставил масата за вечера и чекаше да се разбуди жена му, која спиеше на креветот. Тивко, шепотејќи, јас му раскажав за апсењето на Мерџанов и на Соколов. Ние разговаравме шепотејќи и изнесувавме разни нагаѓања и претпоставки, кога жена му со силен вик скокна и се исправи седната на креветот. - Нанчо! Ќе се случи нешто многу страшно, Нанчо! Сонував многу страшен сон! Каков страшен сон! - таа почна да го раскажува својот сон. Ние со Нанчо се погледнавме. Тој стана, отиде кај жена си, фати да и ја гали косата и со несигурен глас да ја смирува. По околу еден час Шатев се врати. Двајцата со него отидовме да си легнеме во нашата соба, долго време разговаравме и го коментиравме апсењето на нашите другари. Ние знаевме од каде ни дојде ударот, но не знаевме кои од нас биле посочени на полицијата од егзархот - само Мерџанов и Соколов или сите четворица. Нашите нагаѓања се вртеа околу прашањето - ќе нѐ уапсат ли и нас со Шатев или бурата ќе помине покрај нас, без да не закачи? Решивме наредниот ден, 17 септември, недела - Шатев, кој досега ретко беше видуван да се дружи со Мерџанов и Соколов, да обиколи кај кафе-ресторанот на хотелот “Македонија” и на некој начин да одгатне претстои ли и наше апсење и да се врати, за да се јави. Наутро Шатев излезе. Јас останав дома да го чекам. Како што спомнав и на друго место, во тоа време јас бев зафатен од литературен бес. По завршувањето на тунелот до темелите на Отоман59 Овој фатете го!
151
ската банка, јас почнав да ги пишувам моите спомени од затворот во Скопскиот Куршумли ан. Ги пишував навечер, кога спомените поживо ми наидуваа во сеќавањето. Бев дошол веќе кај нивниот крај, кога го уапсија Мерџанов. В недела, на 17 септември 1900 година, кога Шатев излезе да види што се случува, јас се зафатив да ги завршам овие мои записи. Задлабочен во пишувањето, јас не почувствував воопшто кога поминало пладне. Шатев сѐ уште не се беше вратил. За да не дојде досега, значи дека со него нешто се случило. Јас размислив, дека ако ме уапсат и во тој случај ако го најдат ракописот, тогаш власта ќе го дознае моето вистинско име и тогаш... тогаш ќе треба со турското правосудство да ги уредам сметките како за моето сегашно двојно постоење, така и за моето четникување со Делчев, а исто така и за недокланиот во Софија Димче Шагманов. Бидејќи сакав да го зачувам ракописот требаше да го скријам и - при помирно време - да го најдам, дефинитивно да го завршам и да го отпечатам. Ги собрав и ги подредив листовите на ракописот, го спакував во еден стар број од весникот “Сервет”, го заврзав со канап, отидов во нужникот, којшто беше со дрвено седиште, го скрив во еден од ќошовите па седиштето и го маскирав така, што при внимателно претресување да не може да се забележи. Откако го скрив ракописот, јас се почувствував посигурен за себе и излегов да видам што се случува наоколу. Тргнав по улицата “Саркис сокак”, чијшто северен крај излегува на Кучук Мезаристан - турски гробишта, кои дремаат под црни, дебели и молчаливи кипарисови дрвја. Тоа беше моето омилено место за прошетка, особено во темница. Отаму се пружаше прекрасна глетка кон Златниот рог и кон Стамбол, каде што започнуваа да блескаат светлини од прозорците и да се одразуваат во водите на Златниот рог. За време на овие мои вечерни прошетки, јас бев обземен од некаква гордост. - Еве, на! - си мислев во себе. - Врие овој милионски град од луѓе, секој обземен од своите ситни грижи, тие толку се зафатени од овие грижи, што не ја гледаат својата жална скотска состојба до која се доведени. И само ние четворицата, само ние сме излегле на двобој со оние што ги довеле сличните на себе до оваа состојба. Да! Само ние - тој грст луѓе - ќе им го нарушиме спокојството и на господарите и на робовите... Милиони наспроти четворица - има зошто да бидеме горди - нашата цена е иста со онаа на тие покорни милиони незаинтересирани и безидејни луѓе. Друг пат во ова време речиси немаше луѓе, а сега Кучук Мезаристан го крстосуваа многу луѓе - така да се рече - со сомнително поведение. Во тоа време Цариградската тајна полиција се регрутираше од разни националности што го населуваа Цериград, но најмногу од Ерменците и Левантинците. Луѓето, кои сега обиколуваа и зјапаја меѓу кипарисите, повеќето беа Левантинци. Јас си заклучив: Шатев не се врати, овие агенти сноват наваму околу улицата, каде што живеам - значи, претстои и моето апсење.
152
Се стемни. Јас се вратив дома и влегов во собата на Нанчо. Тие беа седнати да вечераат, ме поканија и мене. Штотуку бев седнал на масата, доле, на скалите се слушна едно тропање. Нанчовата жена излезе со свеќникот до скалите и веднаш се врати и исплашена проговори: - Нанчо, Турци! Нанчо го зеде од неа свеќникот, кој почна да потскокнува во неговата рака. Тој излезе до вратата, отиде до скалите и веднаш се врати до собата. Долната вилица целата му се тресеше и тој - целиот треперејќи - ми рече: - Илија! Тебе те бараат! Јас го зедов свеќникот од раката на Нанчо, излегов од собата и отидов на нејзиното горно одмориште. Долу, под скалите, чекаа неколку униформирани полициски старешини. Јас ги запрашав на бугарски: - Што сакате? Началникот на полициската група, еден крупен мулат, со дебели бузи, сплескан нос и куса, црна, кадрава коса, која се подаваше од фесот на неговата глава, ме запраша на турски: - Ти ли си Илија Дуров? - Да. Што сакате? - запрашав веќе на турски. - Дојди со нас! Те викаат во полицијата! Истовремено како што зборуваше, мулатот се искачуваше по скалите и доѓаше на кај мене. - Јас сум бугарски државјанин! Ќе дојдам со вас, но само со знаење и согласност на бугарскиот конзул! Мулатот се беше искачил кај мене на одмориштето, на горниот крај на скалите. - Ким сикер сенин консулас, бе еј!60 Истовремено со изговарањето на овие зборови, осетив еден силен удар по главата од лево, над слепоочницата. Зашеметен од силниот удар што ми го нанесе мулатот, јас сум се стркалал надолу по скалите. Кога се освестив, се видов со врзани раце, ставени во белезници, кои беа закачени на еден тенок железен синџир, на којшто другиот крај му беше во рацете на еден од полициските старешини. Без шапка, без горна облека, со раце заклучени во белезници, опкружен од група полициски старешини, јас бев поведен и воден на синџир, како куче. Крупниот мулат - началникот на групата - одеше напред. Со брзи чекори, слични на француските раѕ gymnastique ние прескокнувавме по една напречна уличка на исток, тргнавме по rue Voivoс1а, поминавме покрај хотелот “Македонија” и влеговме во полициската станица “Галата сарај”, каде што ми ги симнаа белезниците од рацете и ме воведоа во една од собите на долниот кат. За сето тоа време имав 60 Циничен израз, кој може да се преведе приближно точно со зборовите: “Кој го третира за жив твојот конзул, бе-еј!
153
впечаток дека влегувам како рибата во рибниот кош, во кој таа влегува лесно, но не може да се врати назад. Зад едно буре до ѕидот, спроти вратата, седеше еден 55-60-годишен човек, сув, висок, со ниско острижена црна, прошарана брада. Тој беше мутисерифот (окружниот управител) на Пера. До него, од неговата десна страна, беше седнат еден возрасен човек со среден раст, со широки гради и голем стомак, облечен во дворска униформа. Исправен пред бирото на мутесарифот го видов Шатев. Моето влегување во собата го прекина испитувањето на коешто бил подложен Шатев. Мутесарифот почна да ме распрашува за името, местото на раѓање и слично на турски. - Не знам и не разбирам турски! - одговорив на сите прашања што ми беа поставени. Тогаш мутесарифот повика кај себе еден од старешините, коишто ме беа довеле и тивко нешто му нареди. По малку време тој се врати со еден повозрасен човек со раст поинаков од среден, облечен во некаква униформа. Доведениот се исправи од левата страна пред бирото на м.утесарифот, почна да ми ги преведува на руски прашањата, што ми ги поставуваше административниот големец и да му ги преведува на турски моите одговори. По прашањата за името, презимето, местото на раѓање, возраста, занимањето и друго, преку преведувачот мутесарифот ми го постави ова прашање: Почему пришел в Цариград? - За да стапам во “Галата сарај” - одговорив јас, под „Галата сарај” подразбирајќи го императорскиот лицеј, кој го носеше истото тоа име. - И најпосле еве, влезе во „Галата сарај” - рече на турски мутисерифот, откако се насмевна саркастично и ги подигна веѓите. Тој направи еден каламбур поради истото име што го носеа како лицејот, така и полициската станица, која се наоѓаше во негово соседство. На знак на мутесарифот, мене ме изведоа од собата и ме поведоа по еден тесен ходник во дното на салата. Пак бев обземен од истото чувство како и рибата, која влегува во кошот за риби. На крајот на ходникот, на лево, имаше едни скали за горниот кат. Самиот ходник завршуваше со една тесна и ниска врата, направена од дебели дабови талпи, во која ме втераа. Се најдов во еден тесен двор, долг околу 15 метри и широк околу 3 метри, со општ правец од североисток кон југозапад. Вратата преку која влегов во дворот се наоѓаше на средината од неговата северозападна страна. Југозападната страна на дворот беше заградена со еден дебел и низок ѕид, до кој беше залепен нужникот. Врз самиот ѕид стрчеше една железна решетка, висока до покривите на соседните згради. Оваа решетка се состоеше од долги, валчести железни прачки со дебелина од околу 2 сантиметра во прачник, поставени на растојание од околу 10 сантимерти една од друга и на секои 50 см. од нивната должина сврзани со попречни железа. На врвот пречките беа заострени како копја. Таа страна на
154
дворот беше продолжена на ѕидот, кој ја ограничува полициската станица ‘„Галата сарај” од кај улицата “Ени чарши сокак”, која овде стрмно се спушта кон Галата. Другите ѕидови на дворот го оградуваа откај северозапад, североисток и југоисток. На секој од ѕидовите имаше по една врата. Вратата на северозападниот ѕид, којашто јас ја бев пречекорил, служеше за заден влез на полициската станица ‘„Галата сарај”, вратите на другите два ѕида беа влезови на двете згради, кои го оградуваа дворот откај североисток и југоисток и тие служеа за затвор. Над вратата на југоисточниот ѕид беше закачен еден фенер со исчадени стакла и со исчадена петролејска ламба во него. Тој го осветлуваше со слаба и матна светлина дворот и зградите, кои го опкружуваа и им даваше еден злокобен и фантастичен изглед. Уште штом влегов во дворот, првата мисла ми беше да избегам. Без да му обраќам внимание на старешината кој влезе во дворот по мене и ја заклучи вратата зад себе, јас побарав со очи место, од каде можам да ризикувам да избегам. Нискиот ѕид и решетката над него ми го привлекоа вниманието и јас брзо се упатив кон него. дали затоа што мислеше дека одам по нужда или поради тоа што беше уверен во невозможноста да избегам, старешината не покажа никакво неспокојство од моето брзо приближување кон решетката и со мирни чекори влезе во вратата која - црна - зјаеше во југоисточниот ѕид. Јас се качив на ѕидот, се качив на решетката и погледнав надолу кон улицата “Ени чарши сокак”, слабо осветлена од ретките фенери. Решетката никако не попушташе пред моите усилби да ја отворам и растојанието меѓу двете прачки да го направам поголемо. А и длабочината до патот на улицата се чини дека беше 25-30 метри. Имаше зошто полицаецот, кој по мене во раката носеше некаков стап - имаше зошто да биде спокоен - бегството беше невозможно. Ако човек може да се качи незабележано горе на решетката и да се префрли преку острите копја, при слегувањето од 30 метри височина на улицата, тој би плеснал долу како жаба. Кога би имал јаже, и кога би се спуштил со него, тој би налетал на стражарот, кој со пушка на рамо, непрекинато сновеше по улицата, покрај ѕидот, овенчан со решетката. Старешината излезе од вратата каде што беше влегол. По него, прозевајќи се, одеше еден висок, сув, коскест човек, наметнат со војнички блуза и со смачкан фес на главата. Тој се сврте кон мене и грубо ми викна: - Ајде! Гир ичери!61 - и со клатење на главата ми ја покажа вратата, од која штотуку бев излегол. Јас влегов низ вратата, следен од чуварот Хамзи ага — така се викаше чуварот на кого што му бев предаден од полицаецот, на 4-5 чекори од 61 Ајде! Влегувај внатре!
155
влезот, на десно, имаше една врата на соба од приземниот кат. Ние поминавме покрај таа врата и по едни скали се искачивме на горниот кат. Таму Хамзи ага ја отвори вратата на собата, која се наоѓаше над онаа покрај чијашто врата бевме поминале, ме втера внатре и влезе по мене во собата. Тоа беше неговата соба, во која единствениот мебел беше еден одар со легло. Не заклучувајќи ја вратата, Хамиз ага си легна на леглото врз одарот, без повеќе да се интересира за мене.
ВО ТУРСКИТЕ ЗАНДАНИ Јас се поврткав натаму-наваму и - бидејќи немаше стол или било што друго од мебел - легнав на штиците. Цела ноќ не можев да заспијам. По ќелијата во Куманово, по Старата апсаана и Куршумли ан во Скопје, по V участак во Софија, еве ме сега пак во затвор! Тогаш - во Куманово, Скопје и Софија - јас не бев вкусил од слободата, онаа слобода, која е најблиска до вистинската, онаа при природната состојба на човекот: слободата на четничкиот живот, кога човек ги закачил на клин тиранијата на законот и ограничувањата и во која единствениот патеводител и судија му е неговата совест... Зошто дозволив да бидам уапсен, воден на синџир како куче и затворен сега во ќелијата на Хамид ага? Задоцнетото и бесполезно каење што сум дозволил да бидам уапсен, не ме остави да мигнам цела ноќ. На сабајле ме префрлја во собата на приземниот кат, под она на Хамзи ага. Освен две легла на дрвени магариња, со валкани постилки и покривки, во таа соба имаше и сламен стол со продупено седиште и искршен потпирач на грбот, како и една груба дрвена маса, покриена со испокинета и исцапана хартија за завиткување, поставена до прозорецот, кој гледаше кон дворот. Зафрлени и потонати во прав, во ќошот зад вратата, беа натрупани во безвредие некакви непотребни тефтери - стари затворенички регистри. Кога се запознав со новата ситуација, јас ја подигнав постелата на едното од леглата наидов на неколку ливчиња хартија, од кои можев да дознаам, дека овде пред неколку месеци бил затворен некој со бугарски свештеник Протасиј. Кога - во 6 часот наутро - ги пуштија затворениците на прошетка, тие одеа под мојот прозорец и мочаа, минувајќи покрај него. Пуштените на прошетка затвореници беа под набљудување на тројца чувари: Хамиз ага, во чијашто соба ја поминав ноќта, кучук Мехмед и Мустафа, чиишто легла беа во мојата сегашна соба. Првите двајца: Хамиз ага и Кучук Мехмед - беа бошнаци и не зборуваа добро турски. Тие го зборуваа овој јазик дури и полошо од мене, а третиот - Мустафа - еден многу крупен,
156
шишкав и многу црномурен Турчин, беше од Анадолија, некаде од Кутахија. Тој зборуваше турски со анадолски акцент. Откако заврши утринската прошетка и затворениците се прибраа во ќелиите, го видов Соколов со ремен преку вратот, како оди по нужда. За да разбере дека сум тука, јас почнав да ја пеам аријата “Paresseuse fille” од Фауст, којашто ме беше слушал да ја тананикам честопати, кога бевме слободни. Соколов ги крена очите, ме виде и ме поздрави со веѓите. Јас го искористив времето кога Кучук Мехмед и Мустафа беа надвор од собата, откинав едно парче од хартијата од зафрлените тефтери и набрзина издраскав неколку зборови. Целта ми беше да воспоставам со Соколов писмена врска: првин, за да ги уточнам исказите при испитувањата кои претстојат; и второ, да го направам животот во затворот поразновиден и интересен. Кога Кучук Мехмед дојде во собата, му реков дека сакам да одам по нужда. На таванот на нужникот најдов една пукнатина и во неа го ставив свитканото ливче хартија. Не помина долго време и Соколов се покажа пак со ременот преку вратот и со напрегнат израз на лицето, како да е болен од силен пролив. Тој помина покрај прозорецот во тоа време, кога по истата арија од Фауст јас пеев: Таму писмо оставив Погледај добро! Загледај се нагоре, Пребарај добро! Соколов излезе од нужникот стегајќи го ременот. Со едно мрднување на веѓите, тој ми стави на знаење дека не го нашол писмото. Јас продолжив настојчиво да пеам: Погледни нагоре! Загледај се подобро! Изгледа дека проливот го беше фатил цврсто Соколов, зашто помалку тој пак се појави во дворот со ремен преку вратот. Тој брзаше речиси трчешкум накај нужникот. Кога излезе, од едно наведнување на вегите разбрав дека го “добил” писмото. Оттогаш, па сѐ до нашето излегување од затворот, без да има зошто Соколов да симулира заболување од пролив, ние со него одржувавме честа, редовна и подробна кореспонденција. На ручек, како на сите затвореници, ми дадоа еден таин62 леб. Патем ќе спомнам, дека лебот што го добиваа сите затвореници во Турција беше бел, чисто пченичен леб, тежок 1.280 грама. Овој леб по ништо не личеше на оној, којшто комунистичката “Народна Република Бугарија”, веќе 13 години63 на “слободните” бугарски граѓани им продава по 80 лева килограм леб, без во него да има ниту едно зрнце пченица, во тоа време, кога истата таа “Народна Република” им ги земаше производите на земјоделците, плаќајќи им по 18 лева за еден килограм жито... Притоа, 62 Следување. 63 Пишувано во почетокот на 1952 година.
157
плаќани по 6-7 месеци од откупувањето или воопшто никако не плаќани... Сув леб во такви услови, ми се стори сосема опака работа. Јас му реков на Кучук Мехмед: - Мехмед ага, дали не постои некаква можност да ми се доставува храна од хотелот “Македонија”? Прашај ги мудурот на затворот да одобри да ми се донесува јадење отспротива, од ресторанот на хотелот “Македонија”. Кучук Мехмед отиде кај мудурот на затворот. Не помина ни половина час, прислужникот на ресторанот на хотелот “Македонија” донел во полициската станица една супа и готвено, испратено од сопственикот на овој локал, костурчанецот бај Георги Христозов. И така уште следниот ден по моето апсење, јас добив можност да се хранам како што доликува на еден цивилизиран човек. Уште по првото донесување на храна од ресторанот на хотелот “Македонија”, јас забележав дека при враќањето на чиниите, дежурниот чувар го зема купот нечисти чинии, ги крева една по една, проверувајќи да нема меѓу нив некаква белешка и ги предава за враќање назад во ресторанот. Наредниот ден ризикував испраќање на писмо преку нечистите чинии кои се враќаа назад во ресторанот, верувајќи дека сопственикот Георги Христозов нема да ме предаде. Јас го навлажнив долниот тркалезен раб на една од чиниите, ја притиснав силно врз една од празните страници на еден од зафрлените тефтери и потоа, по влажната тркалезна површина го искинав листот; со леб навлажнет со плунка, направив лепило, со кое го намачкав изрежаниот тркалезен лист хартија и го залепив врз дното на чинијата. На листот не напишав ништо, за во случај ако се открие играта - да се најде писмо, не предизвика апсење на бај Георги Христозов, а исто така и мое поставување под построг режим. Залепениот празен лист помина среќно со контролата. Окуражен, јас уште следниот ден напишав поединости за режимот на кој бевме подложени, за прашањата што ни беа поставувани за време на ноќните испитувања во текот на минатата ноќ и за одговорите што ги дадовме. На тој начин, уште во првите два дена од нашето апсење, успеавме да постигнеме целосно единство меѓу исказите на Соколов и моите, а исто така - да се информира првиот секретар на бугарскиот конзулат - Живко Добрев - за целосната ситуација на нашето задржување во затворот. Така поминав неколку денови. Секој ден јас редовно испраќав - преку нечистите чинии - информации дури и за најситните подробности од нашиот живот во затворот. Мојата кореспонденција со Соколов, исто така, беше многу жива. Таа ги опфаќаше не само ситните случки, кои ја размрдуваа замрената површина на нашиот затворенички живот, туку засега и принципиелни прашања. - Нема воопшто значење тоа што ние сме во затвор - пишува Соколов во едно од своите писма. - Затворот е направен за луѓето, а не
158
за мачките. Вистинските луѓе, оние што имаат свои општествени идеи или особености, оние што не можат да се влеат во општото течение на покорното човечко стадо - значи, вистинските луѓе живеат по затворите... Дали не е ова сознание доволно за да бидеме горди? - Сети се на нашите размислувања, кога го набљудувавме ѕвездниот свет од карпата “Св. Илија” над Горенци - пишуваше тој во друго писмо. Во споредба со вселената, ние сме бескрајно мали и жални ништожности, иако сме склони да мислиме за себе дека сме центар на вселената. За нејзиниот живот, нашиот живот или нашата смрт немаат апсолутно никакво значење... Никогаш не заборавај, дека во сеопштата, светска хармонија, дури и надгробното ридање претставува песна и дека смртта на еден од нас е неопходен услов за живот на некој друг од нас... - Ти си чуден! - пишува во друго писмо. - Не ја сфаќаш ли целата глупост и нискост на оние, коишто ги држат во затворите или ги очекуваат на бесилките сличните на нив и кои не можат да најдат друго средство за борба со идеите, освен затворот и бесилките?... Од нас - обични луѓе - тие сакаат да направат светци и маченици. Малку ли е тоа?... Неславна смрт нема - доволно е таа да биде во хармонија со нашиот мироглед, кој го негира наследството врз човечката личност... Подостојно ли е - откако умреш “славно” и ти поддигнат статуа - перјестите чавки да застануваат врз тебе и да ти го поганат лицето, а човечките чавки да го лрават истото со твојата памет? Откако бев преместен во собата на Кучук Мехмед и Мустафа, истиот ден бев изваден од затворот. Со еден полициски старешина поминавме низ дворот, влеговме во полициската станица, се качивме по скалите и влеговме во една од собите на горниот кат. Таа беше собата на полицискиот иследник. Почна моето испитување. На поставените прашања го одговорив приближно следното: - Името ми, е Илија Дуров, родум од град Пловдив, Бугарија. Дојден сум во Цариград за да учам во императорскиот лицеј “Галата сарај”. Бидејќи дојдов доцна, не можев да почнам веднаш. Во Цариград останав за да научам добро да зборувам турски јазик и за да можам идната година со успех да ги следам и учам предметите во тој лицеј, јас земам приватни лекции по литературен турски јазик. Во Пловдив живеам во квартот “Синџирли-бунар”, блиску до џамијата “Беј-Меџид”. Татко ми е умрен, а е родум од едно пловдивско село од каде се преселил во градот. Тој бил бакал, човек со средна материјална состојба. На умирање, последната желба му била да бидам испратен да учам во императорскиот лицеј во Цариград, каде што - покрај турскиот јазик, кој е неопходен за секој човек на Балканскиот полуостров - да научам и неколку други странски јазици (француски, германски, англиски), кои солидно се изучуваат во лицејот и ќе ми се многу полезни во животот. Соколов го познавам од градот Ќустендил. Пред две години, заедно со други ученици, од Пловдив отидовме на екскурзија во Ќустендил и
159
таму се запознав со Соколов, кој меѓу учениците на Ќустендилското Педагошко училиште беше познат како многу добар цртач. Мерџанов (т.е. Васил Стојанов) го познавам од Пловдив. Јас тогаш бев ученик во долните класови на Пловдивската гимназија. Тој беше дошол од Русчук да учи во горните класови на гимназијата. Го запаметив, затоа што беше многу начитан и често држеше реферати на разни теми. Јас го познавав, но не се дружев со него, зашто тој беше постар од мене и не можев да разговарам со наго на научни теми, бидејќи ништо не разбирав. Го видов овде во Цариград и му се јавив; тогаш се запознавме и понекогаш се дружевме. Со Шатев се запознавме овде, во Цариград, каде што и тој како мене, дошол да се запише во лицејот. Овде со него живеевме во една соба, за да не трошиме многу пари. Треба да забележам, дека мустентикот (иследникот) Халид ефенди беше учтив човек. Без сенка на грубост тој ги поставуваше своите прашања, лукаво ги заплеткуваше и повторуваше, трудејќи се на секој начин да ме фати во противречност - нешто, во кое не успеа, зашто со време јас бев успеал да ги нагласам своите одговори така што да не си противречам. Моето испитување ја продолжи долго напрегнатата состојба во која што бев, ме измори многу, но и Халид ефенди почна да пројавува знаци на замор, и покрај тоа што докрај остана ладнокрвен и учтив. Беше поминало полноќ, кога тој ме испрати назад во затворот. Во дворот на затворот го затеков Хамзи ага седнат на стол пред вратата на југоисточниот ѕид. Тој беше дежурен. Се сеќавам дека некаде во ќелиите на зградата, пред чијашто врата беше седнал Хамзи ага, затворениците креваа вреве. Хамзи ага ја сврте главата и извика во правецот, од каде што доаѓаше вревата: - Де-е-еј! Ергеле! Од ќелијата се јави еден сладникав глас, во кој се насетуваше една нотка на подбив: - Хамзи ага! Што значи тоа “ергеле”? Како што реков и погоре, Хамзи ага беше бошнак. А на сите им е познато, дека бошнаците - исто како Македонците од Прилепско - имаат една забележителна неспособност за изучување на странски јазици. Хамзи ага важно одговори: - “Ергеле” значи “мало коњче”. Целата ќелија грмна од весела и силна смеа - нешто, што и Хамзи ага го натера да се насмее со задоволство. Во собата, којашто ми ја беа одредиле утринава, ги затеков Кучук Мехмед и Мустафа легнати на своите легла. Мустафа беше заспан, но Кучук Мехмед беше буден и при моето влегување се исправи седнат на леглото. Изморен од долгото испитување, јас сакав да легнам и да се одморам, но немаше каде. Не можев да легнам ниту на подот, зашто двете легла и масата ја зафаќаа собата речиси целосно. Јас седнав на
160
столот, со намера да спијам седнат, но таман што бев задремал, осетив дека некој ме фати за рамото и ме растресе. - Ујма! Еј, даскал! Ујма!64 Јас се сепнав и го видов до мене Кучук Мехмед, кој ме беше разбудил. Оттогаш наваму - до моето преместување од оваа соба - секогаш кога ќе задремав, дежурниот чувар ме разбудуваше. Само дење, кога чуварите беа зафатени со надгледувањето на пуштените на прошетка низ дворот и низ ходниците и во собата не остануваше никој од нив, по разменувањето на кореспонденцијата со Соколов преку нужникот и откако преку нечистите чинии ги испраќав секојдневните податоци за нашиот затворенички живот, успевав - седнат на столот - да подремам 2-3 часа во деноноќието и тоа во разни интервали. Таа вечер, откако Халид ефенди по првото испитување ме врати назад во затвотот и јас седнав да се одморам, точно под “мојата” соба, некаде длабоко под земјата, се разнесе еден очајнички повик: - Ама-а-а-ан! Џан куртаран јок-ми бе-е-еј!65 Таму, некаде долу во подземјето, некого тепаа. По полноќ, во целосна тишина, овој очајнички крик, кој се повторуваше со постепено ослободувачка сила, придружуван од тапи удари и од жестоки пцости на тепачи - имаше зошто да ми се крене косата. Секоја вечер доцна ме изведуваа на испитување кај иследникот. Кога ме изведуваа, јас затреперував од помислата дека ќе ме симнат долу во подземјето, за да ме тепаат, а кога - по полноќ - ме враќаа назад во “мојата” соба, од подземјето се слушаше сѐ истиот очајнички повик за помош, но со разлика во тембарот на гласот, што значеше дека на жесток ќотек подлагаат не еден, туку различни луѓе. Речиси секој ден цариградската полиција организираше хајка по Ерменци, посочувани од полицијата како опасни за државата од нивни сонародници - Ерменци, кои се наоѓаа на служба во полицијата како детективи. Турците полицајци ги мразеа доставувачите, но ги користеа нивните доставувања и преку тепањето на уапсените Ерменци, го изразуваа својата омраза спрема целата ерменска нација. Нас, меѓутоа, никој ни со прст не нѐ допре - тоа треба да го подвлечам. Така поминаа неколку денови. Веројатно преку агентите на Пловдивскиот турски конзулат, полицијата се беше информирала за мене во Пловдив, од каде веројатно одговориле, дека Илија Дуров навистна живее во Пловдивската маала Синџирли-бунар, блиску до џамијата БејМехмед, дека татко му е сега покоен, од село е, преселен во градот и дека во овој момент тој Илија Дуров отсуствува од градот. Според се личеше, дека мустентикот Халид ефенди искрено сочувствувал за тоа што сум ја 64 Не заспивај! Еј даскале! Не заспивај! 65 Аман! Нема ли некој да ме спаси? Турски повик кој го заменува нашето "помош"!
161
имал несреќата да се познавам со Мерџаиов и Соколов. Кога последниот пат ме изведоа на испитување кај иследникот, Халид ефенди ми рече: не бев забележал дека во собата влегол Кучук Мехмед, кој дошол зад мене. Тој се обидел да види со што се заиимавам и ме запраша: - Не јапиоро’н?66 Јас се стресов и се свртев. Кучук Мехмед со љубопитство се загледа во масата. Низ главата ми помина мислата, дека начинот на кој кореспондирав со надворешниот свет е откриен; дека тоа ќе повлече апсење на сопственикот и на персоналот на хотел-ресторанот “Македонија”; компромитирање на персоналот во бугарскиот конзулат; ќе ја отежни како мојата положба, така и онаа на другите мои уапсени другари и ќе го промени коренито мислењето, коешто иследникот Халид ефенди го беше изградил за мојата невиност. Сево ова како молња ми помина низ главата. Без да расудувам и проценувам, стискајќи ја чинијата со двете раце, јас се свртев, ја кренав чинијата и ја стоварив врз главата на Кучук Мехмед. Чинијата се скрши на парчиња, а Кучук Мехмед се заниша и потоа заора со лицето во подот, без да може да викне. Од неговата распукана глава бликна крв и се разлеа по подот. Низ отворената врата - кон мене се втурнаа Хамзи ага и Мустафа, кои ме фатија и - покрај мојот очајнички отпор - ми ги извиткаа рацете назад. Дојде и мудурот на затворот. Јас со жестина почнав да го пцујам паднатиот во несвест Кучук Мехмед, врз чијашто глава со кофа истураа студена вода. Што мислите, во таков случај како би постапиле со мене, ако тоа се случеше во било која друга земја? Штом бев задржан со извиткани раце назад, јас сфатив дека ќе бидам сосипан од ќотек. Но, ништо слично не се случи. Мудурот, чуварите и иследникот Халид ефенди, кој последен дојде во дворот - сите еднодушно заклучија: - Завалла чоџук! Дели олмуш!67 Сите заклучија дека поради режимот на осаменост и бесоница јас сум полудел. Се знае дека Турците се многу толерантни спрема лудите, оние кои се лишени од расудување. Така што, со одобрување на Халид ефенди, мудурот на затворот нареди да бидам преместен во заедничката ќелија на “јанг’нџиите” - луѓе еснафи, затворени под обвинение дека си ги палеле дуќаните со цел да ја добијат сумата за која биле осигурени. Никој не обрна внимание на влажниот тркалезен отпечаток од долниот дел на чинијата врз празниот бел лист на тефтерот, кој - отворен лежеше на земјата... Ме втераа во вратата, која зјаеше на североисточниот ѕид на дворот, каде што се наоѓаше ќелијата на “јанг’нџиите”. Во оваа ќелија беа 66 Што правиш. 67 Полудело. кутрото момче!
162
затворени неколку души, за чиишто имиња не можам да се сетам. Сум го запаметил само “Аџијата” -еден висок, ковчест Грк, сув, црноок, со големи црни мустаќи и дебели веѓи, кој постојано беше занесен во гледање на карти. Седнат на подот со подвиткани под себе нозе, наведнат, тој по цел ден ги редеше картите и ја претскажуваше својата и иднината на своите другари од ќелијата. Си спомнувам со најдлабока почит за еден друг од “јанг'нџиите” - Епаминондас Витилас. Тој беше родум од Цариград, по народност Грк, по занимање манифактурист, човек на околу 35 години, со среден раст, со сиво-зеленикави очи, светло-костенлива коса, мустаќи и брада. Тоа беше човекот, кој залечи во мене секаква трага од омраза кон Грците, која ни се всадуваше во училиштето уште од деца. Тој зборуваше одлично француски; со него ние зборувавме и споревме на овој јазик. Мене ме префрлија во ќелијата на јанг’нџиите, за да не бидам осамен. Тоа беше големо олеснение на режимот, но како и порано, за време на прошетката, не ми дозволуваа да излегувам од ќелијата и да се шетам низ дворот и во ходникот. Следниот ден по преместувањето, за да ја убијам здодевноста од осаменоста, со едно парче јаглен од манганот, по сеќавање бев почнал да копирам еден од цртежите на Соколов, кој тој го беше крстил “Окованата уметност”. Епаминондас Витилас, кој се беше вратил од прошетка, застана пред ѕидот; каде што драскав и ме запраша на француски: - Што цртате? - Еден цртеж - “Окованата уметност” (L'art en entraves) - Господине Илија! Оставете го цртањето: Дојдете да поразговараме! Јас го фрлив јагленот и го запрашав: - Што сакате? - Господине Илија! Вие сте Бугарин, јас сум Грк. Ги презирам Бугарите од дното на душата. Ние Грците и вие Бугарите сме непријатели. Но, ќе Ви кажам дека Ви завидувам и Ви се восхитувам на начинот, на кој вие знаете да умирате. Дајте ми можност да Ви го докажам моето почитување! Јас го погледнав косо и помислив во себе: ‘Трчки итрец! Што ли сака да ми стори! и го запрашав”: - Каков поголем доказ од оној што го кажавте сега? - Не. Јас сакам на дело да Ви го докажам моето почитување. Сакам да ви бидам полезен. - Со што мислите дека можете да ми бидете полезен? - Со што ли? - да пренесувам Ваши писма на господин Стојанов и на неговите - на Вас, да бидам поштар меѓу вас. Епаминондас Витилас како да ми бркна во мозокот и ја погоди мојата најискрена желба. Но, јас не бев наклонет да се фаќам на јадицата што тој ми ја фрли и небрежно реков:
163
- Јас нема пгго да му пишувам, а и тој не верувам дека има нешто да ми соопшти. Во секој случај, дајте му го ова! И на едно мало парче хартија, јас напишав два збора без потпис: “Чок селам!” Меѓу илјада ракописи - тоа го знаев - Мерџанов веднаш, без колебање, би го познал мојот ракопис. Мојот есап беше овој: ако Витилас им ја предаде на чуварите мојата белешка, таа не содржаше ништо, која би можела со нешто да навреди било кој. Ако, пак, навистина успее да ја предаде на Мерџанов, ќе се воспостави многусаканата врска помеѓу него и мене. Епаминондас Витилас излезе во ходникот, по малку се врати и рече: - Стојанов беше во својата ќелија и гледаше низ прозорчето на вратата. јас го свиткав ливчето во топче и му го фрлив низ прозорецот. Истиот ден кога ги пуштија затворениците на прошетка по ручекот, Витилас отишол да се шета во ходникот покрај ќелијата на Мерџанов. Тој, пак, искористил прилика и, незабележан од Хамзи ага, кој ги набљудувал затворениците во ходникот, му потфрли на Витилас едно топче од стуткана црвена хартија. Откако ја зел, Витилас веднаш ми ја донесе. Мерџанов на кратко го беше опишал животот од моментот на апсењето, што го прашувал иследиикот, и какви одговори давал тој. Истиот ден кога бил уапсен, вечерта го качиле на еден пајтон и го одвеле во Стамбол. Пајтонот запрел кај Сарај Бурну. Мерџанов бил симнат од пајтонот. Го довлекле до брегот на морето, каде што му ги врзале рацете и нозете. Тој помислил дека ќе го фрлат во морето и се отпишал од списокот на живите. Меѓутоа, се случило нешто, што тој воопшто не го очекувал. Од ресторанот на хотелот “Македонија” виделе кога тој бил изведен од полициската станица „Галата сарај” и кога го качиле на пајтонот, кој поминал покрај хотелот “Македонија” и заминал надолу по главната улица кон Војвода сокак. Некој отишол и јавил во бугарскиот конзулат. Првиот секретар на конзулатот, Живко Добрев, фатил пајтон и успеал да се јави кај Сарај Бурну точно на време - пред Мерџанов да биде експедиран кон морското дно. Со своето присуство Живко Добрев ја спречил намерата на полицијата и Мерџанов бил вратен назад во полициската станица Галата сарај. Одговорите што Мерџанов ги давал при испитувањето од иследникот Халид ефенди, во оној дел, кој се однесуваше на мене, во општи црти речиси се совпаѓаа со моите искази во однос на познанството со Соколов и Мерџанов. Остануваше - ако се јави потреба во иднина - да ги искристализираме конечно тие одговори, па во очите на иследникот да добијат сила на несомнена вистина. Десетина дена откако нѐ беа уапсиле, една вечер околу полноќ, ги извеле Мерџанов и Соколов од полициската станица, ги качиле во пајтон и ги одвеле во Стамбол, во Министерството на полицијата. Министерот на полицијата сакал да ги види и лично да ја проучи нивната преписка.
164
Прв го вовеле Мерџанов. На една маса била ставена една вреќа полна со книги и алишта, земена од Мерџанов при претресот на неговиот стан. Таму било и шифрираното писмо на Солунскиот Централен Македонски Комитет до Мерџанов, во кое се сакаше нашето содејство, за да се принуди егзархот да ги назначи за учители во Македонија лицата во приложениот список. Мерџанов не негирал дека го добил тоа писмо, но рекол дека не знае ниту кој му го испратил, ниту пак ја знае неговата содржина, зашто ако навистина тоа е шифрирано писмо, а не некоја мистификација - тој не го знае клучот на шифрата. Еден секретар, во присуство на министерот и на Мерџанов, правел опис на книгите и на алиштата што се наоѓале во вреќата. Покрај другите таму била и книгата “Народништво и марксизам” - ако не ме лаже умот - од Плеханов. При впишувањето во описот на таа книга, секретарот се нашол во недоумение и го запрашал министерот: - Паш'м! Нас’л јазаим “Марксизмо”? “Каф” лен ли, оса “ќаф - лен?68 Министерот одговорил: - Чивир орда бир “каф”, та сик олсун!69 Во очите на Мерџанов, вториот дел од тој одговор бил нешто како атест за воспитувањето на министерот на полицијата на султанот Абдул Хамид. По излегувањето на Мерџанов, кај министерот го одвеле Соколов. Соколов имаше долга црна брада; неизбричен и неисчешлан во текот на десет дена, со црна долга коса до самите очи, со белката на очите, која паѓаше во очи поради контрастот со неговите црни очи и обраснатото во црна брада лице, Соколов изгледаше како горило. Уште штом го вовеле кај министерот, тој се развикал: - Бу ми? Бу ешкиè-д’р! Чикаàр’н дишари! Еринè коин, анасанà секеѝм!70... - Тоа беше пцуење по специјална порачка, како мојот костум! - ми беше напишал следниот ден Соколов во својот запис, кој го добив преку таванот на нужникот... Почнаа да се нижат едноличните денови на затвореничкиот живот: вчерашниот сличен на денешниот како две капки вода, а овој - на утрешниот. За сето време само една брчка го нарушуваше тоа убиствено еднообразие. Еднаш, за време на една прошетка после ручекот на затворениците, која не ми беше дозволувана, јас бев сам во ќелијата и 68 Ваша висост! Како да напишам "Марксизам” - со каф или со ќаф? („Каф” и “Ќаф" се две различни букви од старата турска азбука - првата се чита како тврдо „К”, а втората како меко „К”). 69 Вртни му таму едно „Каф”, па нека биде како што ќе биде! Вториот дел од одговорот на министерот е еден вулгарен цинизам. 70 Тој ли е? Тој е разбојник! Извадете го надвор! Вратете го назад во затворот - мајката негова!
165
за да го убијам времето - ги бев зел картите од Аџијата и ги редев, фрлајќи си пасијанс. Јас бев целосно понесен од оваа моја занимација, кога од десно, некаде одозгора, еден силен повик загрме во моите уши: - Манџуков!! Никогаш не ми се случило да се исплашам толку, колку што се бев исплашил тогаш. Јас и не се обидов да нагаѓам кој и од каде ми го извика така силно вистинското име; бев напросто хипнотизиран од тој повик, преку кој ми се даваше на знаење, дека овде во затворот Галата сарај го знаат моето вистинско име и дека оттука натаму ми претстои да бидам носен од затвор во затвор до Скопје, да бидам испитуван, тепан и измачуван, за да поднесам сметка за разните епизоди од мојот живот во последниве две години. Треперев како во треска. Поминаа неколку мигови откако дојдов на себе. Овие мигови ми се сторија како цела вечност. Најпосле си дојдов на себе и разгледав наоколу, главно во правецот откаде што го слушнав повикот. Таму, високо, имаше едно прозорче, кое гледаше кон внатрешноста на зградата, веројатно тоа беше оставено за да се провира низ него светлина кон горниот сосема темен ходник. Тоа беше мало, околу 50/50 сантиметри, без стакла и со дебели железни прачки. Оттаму некој ми беше извикал - веројатно некој од моите другари. Тој ме видел низ прозорчето, ме повикал и веднаш се вратил назад - веројатно, за да не биде забележан од чуварот. Оваа претпоставка ме смири и кога другите, затвореници, по прошетката, дојдоа во ќелијата, јас мирно ги редев картите за пасијанс. Многу подоцна, во пролетта 1902 година, кога се видовме со Шатев во Софија, од него дознав дека кога поминувал по ходникот покрај прозорчето, многупати ме набљудувал, а кога ме видел сам во ќелијата, тој ми се јавил, без да помисли колку со тоа ќе ме исплаши. Поминаа неколку недели, Еднаш - ако не се лажам на 9 ноември 1900 година - по утринската прошетка, Епаминондас Витилас ме зеде настрана и ми соопшти: - Господине Илија! Чувајте се добро! (Мefier vous bien). Пред малку ги слушнав чуварите како разговараат, дека имало наредба во нашата ќелија оваа вечер да го затворат некој си Мехмед ефенди, детектив, со цел да Ве потпрашува. Чувајте се добро! - Истиот ден, приквечер, по прошетката по ручекот, сите затвореници се беа прибрале во ќелијата. Аџијата ги редеше своите карти и фрлаше “фал” (пасијанс) на еден од затворениците, Грк, човек со голем стомак и низок раст. Ние двајцата со Епаминондас Витилас водевме некаков разговор, за време на кој, тој забележа: - На нас, Грците, ни недостасува еден таков човек како што беше вашиот Стамболов. Ах, кога би имале и ние, Грците, еден таков човек! Човек, кој ќе нѐ вдахнови, и ќе не поведе нас, Грците! Ако имавме еден
166
таков човек, Едхем паша71 не би го освоил Валестино и Дамокос72! Тогаш нашата сегашна историја би одбележувала пак такви славни имиња, како Саламина и Термопилите од старата елинска историја... - Се лажете, господине Витилас! Тоа - дека одредена личност би ги вдахновувала и водела масите - тоа е заблуда, внимателно распространувана и поддржувана од заинтересираните шарлатани за оправдување на диктаторите и диктатурите, окако онаа на Криспи и на Стамболов, или како “диктатурата на пролетаријатот”, којашто Карл Маркс ја постави како цел на работничката борба за слобода. Јас мислам дека одделна личност не ги вдахновува и води масите. Вистина е спротивното: заедничката желба на масите и нејзината волја да добие повеќе слобода ги соблазнуваат одделните властољубиви личности, кои се приспособуваат кон таа заедничка желба и волја со цел да станат водачи и да ја заграбат власта. Нивната улога е иста како онаа на мувата, која застанала на рогот на волот, се фали дека ја оре нивата. Така и нашиот Стамболов, вашиот Каподистрија, италијанскиот Криспи и сите како нив, во сите времиња и кај сите народи, личеле, се слични и ќе бидат слични на сламката, која плива над морските бранови. Сламката не го кренала нагоре морскиот бран, туку бранот ја качил сламката на височината, каде што се наоѓа... Јас мислам дека по борбите, коишто ги водел за својата политичка слобода - сега грчкиот народ се одмора и ги собира своите сили, зашто новото време пред него поставува нови задачи, кои далеку го надминуваат тесниот национален хоризонт и суштествено се разликуваат од задачите што ги решавал пред осумдесет години... Вратата на ќелијата се отвори. Еден млад, интелигентен Турчин, човек на околу 25-27 години, облечен во темносин елегантен костум од последната мода, со фес скоро поминат на калап, со мантил со беж боја префрлен на неговата лева рака, беше грубо турнат во отворената врата од чуварот Хамзи ага, кој, откако му удри клоца во задникот зар’жа: - Гир ичери, ханз’р-ефенди!73 Новиот затвореник за извесно време остана неподвижен до вратата, а потоа - откако свикна на мракот во ќелијата - се разгледа наоколу и запраша на турски, без да се однесува кон некого одделно: - Каде да седнам? Речиси сите едногласно почнаа да го канат и да му прават место до нив. - Овде, господине! Повелете овде! 71 Главен командант на турската армија за време на Грчко-турската војна во 1897 година.
72 Валестина и Дамокос - грчки села. каде што се одиграле големите битки во Грчкотурската војна во 1897 година, која заврши со пораз на Грците. 73 Влегувај внатре проклетнику!
167
Новодојдениот се приближи и - без да прими некоја од упатените покани, седна меѓу мене и Витилас. Новодојдениот кажа дека се вика Мехмед ефенди, родум од Цариград, студент по право, кое бил на пат да го заврши оваа година, ако не бил уапсен. Тој почна да разговара со мене, користејќи ја околноста дека сме блиски по возраст, затоа што сите други затвореници беа многу постари од нас. - Како се викате Вие? - Илија Дуров, Бугарин од Пловдив, Румелија. - Што работите? - Јас сум ученик, дојдов во Цариград да се запишам во Императорскиот лицеј “Галата сарај”. - Исто како мене. Јас сум студент во Хукук. Зошто сте уапсен? За што Ве обвинуваат? - И јас не знам. - Исто како мене (Т’пкас’х бана-гиби). И јас не знам зошто ме уапсија. Во тој дух Мехмед ефенди долго ме испрашуваше и секогаш наоѓаше голема сличност во положбата на нас двајцата. Беше очигледно дека тој сака да ме придобие, за да почнам да му се доверувам. Се знае дека затворениците меѓу себе ја изнесуваат вистината за кривичните дела поради кои се обвинети. Мехмед ефенди го беше избрал вистинскиот пат кон мојата доверба, ако не бев предупреден од Епаминондас Витилас. Наредниот ден - 10 ноември 1900 година - за време на утринската прошетка, на која - исто како мене - и тој не беше пуштен, ние останавме сами во ќелијата. Мехмед ефенди почна да го критикува постојниот поредок во Турција: - Тоа не е држава! Тоа не е управување! Во Турција не останаа доблесни, учени и умни луѓе: кој не успее да избега во странство се наоѓа или во затвор, или на морското дно кај Сарај-Бурну. Сите значајни државни или општествени позиции се зафатени од такви кои аминуваат, кои само гледаат да угодат, подлеци и крадци - кажи не ли е така? - Јас во Турција живеам одвај една година, па не знам што да Ви речам. За тоа што ми зборувате, јас немам свое мислење. Можеби е така како што кажувате, а може и да не е. Па можеби Вие имате и некои Ваши лични причини за да мислите така. - Дали вие не сте чуле да се зборува за една партија, една турска партија - Жен Турк? - Не сум чул. Зошто? - Оваа партија сака да го собори Хамидовиот режим, да ја прероди Турција и да ја поведе по патот на западните држави... Како да не сте слушнале ништо за Младотурците? - Видете, Мехмед ефенди. Јас сум од Бугарија и не ме интересираат работите во Турција. Тоа едно. Друго - јас сум дојден овде да се запишам
168
во лицејот „Галата сарај”, а не да бистрам политика, од која ништо не разбирам. Така што, не сакам да зборувам ниту со Вас, ниту со кој и да било за политички прашања! Ние замолчевме. Мехмед ефенди удри на камен и незадоволен ја сврте главата настрана. Јас ги зедов картите на Аџијата и почнав да редам пасијанс... Истиот тој ден -10 ноември 1900 година - вечерта, околу полноќ, како и другите затвореници, јас си бев легнал и заспал. Ненадејно почувствував како некој ме удира силно и грубо, го слушнав гласот на чуварот Хамзи ага, кој ми нареди со сета грубост на која беше способен: - Илија Дуров! Кал’к! Гељ, бенам-лен!74 Јас станав и - уште во полусон - тргнав пред него и излегов на дворот. Пред северозападната врата, онаа што води кон внатрешноста на полициската станица “Галата сарај”, стоеше мудурот на затворот, а до него Мерџанов Соколов и Павел Шатев, опколени со 3-4 детективи во цивилни алишта. Наместо јака и вратоврска, Мерџанов околу вратот беше завиткал една јасноцрвена крпа со бели точки. Лицето на Соколов целото беше обраснато со долга и густа црна брада, од која стрчеше само носот и се белееше белката во очите. Павел Шатев, со своите очила и истргнатиот напред врат, изгледаше како занесен и зачуден човек, паднат на земјата од Јупитер. Мудурот тргна напред, по него ние четворицата, а по нас - детективите. Откако го поминавме ходникот, ние почнавме да се качуваме по скалите за горниот кат. На горното одмориште на скалите, пред затворената врата на широкиот салон, стоеше гавазот на бугарскиот конзул. Мерџанов, кој одеше напред, беше непосредно по мудурот, се сврте кон нас и рече:
НЕОЧЕКУВАНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ЗАТВОРОТ - Има смисла да не ослободат! А јас вчера се обидов да се задушам еве со оваа крпа - и тој покажа на завитканата околу вратот црвена крпа со бели точки, - но не можев добро да ја стегнам. Ние влеговме во салонот, кој претставуваше круг или многуаголник, со врати во сите правци, низ кои се влегуваше во разните одделенија на управата на полициската станица Галата сарај”. Од салонот ние влеговме во едно од одделенијата на горниот кат. Пред нас, спроти вратата, преку која влеговме, беше канцеларијата на мутесарифот на Пера. Зад бирото беше седнал истиот оној висок црноок Турчин, со фес на главата и со 74 Стани! Дојди, дете мое!
169
црни, прошарени: коса, мустаќи и брада - мутесарифот на Пера - кој за време на моето апсење беше направил каламбура, играјќи си со именувањето „Галата сарај” коешто го носеа Императорскиот лицеј и полициската станица. До него, од неговата десна страна, зад бирото, седеше истиот оној дворски претставник - кус, дебел човек - облечен во дворска униформа, кој присуствуваше овде и кога ме уапсија. Пред бирото, на една фотеља, со нога врз нога, беше седнат еден висок, сув човек, облечен во цивилни алишта, со прошарана, речиси побелена коса и цсто такви мустаќи и брадичка, со мека фалцова шапка, ставена на коленото. Тој човек беше бугарскиот дипломатски претставник Иван Евстатиев Гешев. Ние застанавме пред бирото на мутесарифот и пред седнатиот бугарски дипломатски претставник во две редици: Мерџанов и Соколов во првата редица, а зад нив - Павел Шатев и јас. - Господо! - проговори Гешев. - натоварен сум од Неговото Императорско Величество султанот да ви соопштам, дека ве ослободува да си заминете во Бугарија под услов: никогаш во животот да не ги пречекорите границите на Отоманската империја. И откако го спушти гласот, додаде: - Кажете “благодарам!” Соколов сржа: - Во затворот настинав и сега сум болен. Таму ме подлазија вошки за што да му благодарам? - Јас не зборувам добро турски - реков јас - не знам како треба да ја искажам мојата благодарност! - Тешуќур едер’с! - процеди лаконски Мерџанов. Мутисерафот стана од фотељата зад бирото, дојде кај нас и на литературен турски јазик ни ја одржа приближно следната реч: - Деца мои! Султанот Хамид е милостив како Господ - ви ги подарува животите. Одете си во својата земја и станете мирни, полезни луѓе! Вие - се обрати тој кон Мерџанов, кој при испитувањето беше рекол дека во Цариград дошол поради меката клима, неопходна за закрепнување на неговото здравје, како подложен на заболување од туберкулоза - Вие и во Бугарија ќе најдете некое место со мека клима за вашите дробови. Вие - се сврте тој кон Соколов, кој се беше кажал дека е сликар - и во Вашата земја Вие ќе најдете доволно теми, достојни за Вашето уметничко творештво. Вие - се обрна тој кон мене - Вие и во Бугарија ќе најдете училишта, кои ќе ви ги пружат оние знаења што ќе Ви бидат неопходни во животот. А ти - се обрна тој строго и нецеримонијално кон Шатев ти да си одиш во Кратово и многу-многу да не се меткаш далеку од родното место, бидејќи царската милост се пројавува еднаш и не ќе може да стигне втор пат до тебе, како сега! И, откако се сврте кон мудурот на затворот, рече: - Ајде! Терај ги назад во затворот!
170
- Како така да нѐ враќа назад во затворот? - реагираше темпераментно Мерџанов. - Како така пак во затворот? Султанот Хамид нѐ ослободува - со какво право Вие нѐ апсите? Или сметате дека султанот не знае што правите? Ние нема да се враќаме пак во затворот! - решително изјави тој, откако истовремено се сврте кон нас да го добие нашето одобрување. Соколов и јас ги повторивме последните зборови на Мерџанов: - Ние нема да се вратиме, не сакаме да се вратиме назад во затворот! Мутесарифот се врати назад кон бирото и со тивок глас почна да зборува со дворскиот претставник. По малку тој дојде кај нас и обраќајќи се кон Мерџанов - нѐ запраша: - Во кој хотел сакате да ноќевате? Ние почнавме да се договараме: - Се разбира - во хотелот “Пера-Палас” - предложи Соколов. - Ако е чавка, барем да е бушава! - Јас не сум од скромните - рече Мерџанов - но во случајов многу паѓа в очи. Затоа, претпочитам да избереме некој второкласен хотел ... кој на пример? - На пример, хотелот “Петербург” или “Метропол” - предложив јас. Ние се сопревме на хотелот “Петербург”, над Кучук Мезаристан, од каде што има многу убав поглед, особено ноќум, кон кипарисите под него, кон Златниот рог и кон Стамбол - една моја омилена глетка, како што спомнувам на друго место. Мерџанов ја искажа таа наша желба. Веднаш испратија еден полициски старешина да го доведе сопственикот на хотелот. По неколку минути тој дојде. Тој се викаше Јани Пападополо и уште со влегувањето почна да тркала теманиња на сите страни. Откако од него се информираа сека има слободна соба за четворица, мутесарифот му заповеда да подготви една соба со четири кревети и да постави еден кревет пред вратата, надвор од собата. Сите расходи за вечерата и ноќевањето на овие четворица ќе бидат за сметка на цивилната листа на Неговото Императорско Величество султанот! - додаде мутесарифот. Јани Пападополо направи едно чудо теманиња на сите страни и излезе од собата назад. По неговото излегување, со еден знак на раката, мутесарифот им заповеда на детективите, кои беа застанале зад нас, кај вратата, да нѐ изведат надвор. Во салонот секој од нас беше фатен под мишки од двајца детективи и така излеговме на улицата. Ние наликувавме на четири групи од по тројца интимни пријатели, кои одеа една по друга, за да ги обиколуваат ноќните локали. Следејќи ги трамвајските шини, ние одевме надолу, поминавме покрај хотелот “Крокер”, свртевме на југ и по малку стигнавме до хотелот “Петербург”. Неколку минути ние почекавме долу, во заедничкиот салон на хотелот, додека послугата, ставена под полна пареа од Јани Пападополо,
171
под негово набљудување, брзо ја извршуваше наредбата на митесарифот. По кратко време, сопственикот дојде и кажа дека сѐ е готово. Ние се качивме на вториот кат и бевме воведени во подготвената за нас соба. Таа беше широка, со два прозорци кон главната улица, по која - во овие доцни часови - коњските трамваи беа престанале да циркулираат. Четирите кревети со ноќните масички беа наредени покрај ѕидовите, а на средината имаше една маса со убава покривка и четири столови околу масата. Вратата беше двојна, со мало ходниче меѓу двете врати. Во тоа ходниче беше поставен и - според добиената наредба - еден кревет за цивилната полиција, која ќе ноќеваше во него. Откако влеговме во собата, детективите, кои не придружуваа си отидоа; остана само еден од нив, 30-35-годишен човек, со црвеникави мустаќи, родум од градот Куманово, кој со нас зборуваше на македонски, кумановско наречје. Тој седна на креветот меѓу двете врати, тогаш, кога ние се расположивме околу масата. Каква ненадејна промена! Пред помалку од половина час ние бевме во безнадежна положба. Ние речиси се бевме отпишале од бројот на луѓето, кои можат да живеат и да постапуваат сообразно на своите желби. Пред малку ние не можевме дури ни да мечтаеме за слобода, а сега бевме речиси слободни, а по неколку часа ние ќе бидеме сосема слободни и независни како ветерот. - Господо! - рече Мерџанов. - На оваа наша среќа следува да и удриме и една убава веселба! Нема зошто да си ги стегаме уздите и ќесињата - уздите останаа во ќелиите на „Галата сарај”, а ќесето ни е длабоко - падишахот плаќа! Еј пријателе! - се обрати тој кон седнатиот на креветот детектив - ај повикај ја прислугата! Кумановчанецот стана, излезе и по малку се врати со еден од келнерите. - Слушај! - искомандува Мерџанов. - Донеси едно-две шишиња коњак фин шампањ, леб, јадење и сѐ друго што треба за една добра веселба! Покрај шунката, саламите и разните други деликатеси да не заборавиш да донесеш црн ајвар и швајцарско сирење, а исто така, и неколку шишиња шампањско! Коњакот задолжително да биде фин шампањ, а не Кампа или Барбаресу! Шампањското да е Моел-е-Шандон! По неколку минути масата беше покриена со бела ленена покривка, а на неа се наредија неколку шишиња коњак и шампањско. Целата маса беше покриена со севозможни јадења, меѓу кои не достигаше ништо од тоа што го беше порачал Мерџанов. Веселбата почна со по неколку чашки коњак и продолжи понатаму со сѐ друго, според правилата на уметноста. Кумановецот, седнат на својот кревет, се поткашлуваше скромно. - Дојди! Дојди и ти да се веселиш и да пиеш! И ти си човек, иако пиеш човечка крв! Дојди кај нас! - го покани Мерџанов.
172
Кумановецот стана неволно, зеде од салонот еден стол, се приближи до нас и седна сосема скромно до еден ќош на масата. Пијанката продолжи до доцна во ноќта. Соколов ја стави својата рака на моето рамо: - Илија! Дојди! Дојди до прозорецот. Погледни каква убавина е тоа! - Ние двајцата седнавме на рамката на отворениот прозорец. Под нас - зад главната улица, вдолж по која сјаеја трамвајските шини - се црнееја во апсолутна тишина кипарисите на Кучук Мезаристан и со своите врвови ја формираа долната рамка на глетката кон Златниот рог, каде што се одразуваа илјадниците светлини на Стамбол, кој се извиваше на исток и се слеваше со темните води при соединувањето на Златниот рог со Босфорот. - Погледни како гори Орион врз Златниот рог - покажуваше Соколов кон блескавото соѕвездие. Се сеќаваш ли? Исто така блескаа ѕвездите под Курт баир кај Дупница во текот на ноќта, кога тргнавме со Делчев... Се сеќаваш ли? Така гореа ѕвездите над Горенци, кога расудувавме за човекот и за вселената... Со вперен поглед напред, Соколов се беше занел во размислување над сликата пред нас - можеби тој претчувствуваше дека за последен пат во животот ја гледа таа убавина. - Што си зазјапал таков, како теле? - му велеше Мерџанов. Гледајќи те човек ќе заклучи, дека ти навистина се сметаш за сликар! Остави ја сликата пред тебе да си биде слика! Дојди да ти кажам каков бумбар ми се вгнездил во главата! Од моментот кога над скалите го видов гавазот на бугарскиот конзулат и претпоставив дека межеби ќе нѐ ослободат, ми помина една мисла: ако сега нѐ ослободат, тоа ќе е сигурно затоа што нѐ очекуваат уште поголеми патила во животот... Не можам да се ослободам од оваа мисла. Дојди! Белким со чаша шампањско ќе ја истераме оттаму, каде што се вгнездила! - Кутриот Слави! Без да сака, тој беше ја предвидел иднината, која по неколку месеци ќе му ја поднесе најгорчливата чаша, што некому му се паднало да ја испие... Кон крајот на веселбата, кога радоста дека сме веќе слободни, се сталожи, Мерџанов се загледа во чашата шампањско пред него и всредоточен проговори, како да говореше сам со себе: - Како дојдовме во затворот - знам и ништо не ме зачудува. Ако прашаш, дури ми е чудно што таму не влеговме порано. Но, не можам да си објаснам зошто нѐ ослободуваат? Таа - турската власт - имаше, особено против мене такви сигурни факти! Зошто не ослободуваат? Ете тоа ми е необјасниво! Тогаш ние не знаевме што беше се случило, што ги беше спречило посакувањата на егзархот Јосиф I и кое, откако ни ја врати слободата, им даде крилја на нашите надежи за идната борба. Подоцна, откако се собравме во Софија, сѐ се разјасни. Еве што беше станало:
173
Како што спомнувам и на друго место, откако Дервиш ефенди во мај 1899 година ме изгони од Скопје и од Турција, јас дојдов во Софија, каде што Мерџанов ме запозна со Димитар Љапов, во тоа време уредник на весникот “Реформи”. Пред моето заминување за Цариград со Мерџанов есента 1899 година, од Д. Љапов ги добивавме првите податоци за градот, каде што одевме по различни патишта и за млекарницата на Кузма Чобанов на Венедик сокак, каде што требаше да се сретнеме. Потоа Д. Љапов го беше напуштил уредникувањето во весникот “Реформи” и беше станал личен секретар на тогашниот претседател на бугарската влада Б. Радославов. Кога дознал за нашето апсење во Цариград, Д. Љапов така добро го напомпал Радославов, што тој нашето апсење го сметал за casus beli. Почнала трескавична дипломатска преписка меѓу бугарската и турската влада, која завршила. со тоа што бугарскиот дипломатски агент во Цариград Иван Евстатиев Гешев, по наредба на Радославов в четврток на 9 ноември 1900 година, предал во Високата Порта една нота во ултимативна форма, со која барал наше неодложно ослободување. Во петокот, на 10 ноември 1900 година, господин Гешев присуствувал на селамлакот75, се јавил лично кај султанот и од него дознал дека претходниот ден било издадено ираде76 за ослободувањето и изгонувањето на тројцата задржани бугарски поданици од пределите на Турција, под услов втор пат да не стапат на територијата на Турската империја. Согласно тоа ираде, четвртиот од нас - Павел Шатев - се упатува на постојано место на живеење во неговиот роден град Кратово. Откако добил официјална информација за издавање на ирадето, Иван Евстатиев Гешев беше дошол во полициската станица ‘„Галата сарај” да ни соопшти за ослободувањето. Со датум од 10 ноември 1900 година, Бугарската телеграфска агенција ја беше предала следната телеграма: “............ Цариград, с.д. Бугаринот Стојанов и тројцата негови другари, кои се наоѓаа во затвор од пред извесно време под обвинение дека се членови на Македонскиот Комитет, беа ослободени вчера по настојувањето на бугарскиот дипломатски агент г. Гешев пред Илд’зот” (Информација: весник “Нов век”, број 247 од 13. ноември 1900 година, страница 4). Придружувани од Кумановчанецот, наутро ние отидовме во “Галата сарај” да ги прибереме своите алишта од затворот и да го причекаме извршувањето на канцелариските формалности за нашето изгонување од Турција. Уште штом влеговме во полициската станица, го одделија Шатев од нас, го поведоа низ еден ходник, отворија една врата и се загу75 Секојдневна молитва на султанот. 76 Царски указ.
174
бија со него зад вратата. Тројцата останавме да чекаме во долниот заеднички салон. По малку го повикаа Мерџанов во една од собите за да ја провери состојбата на книгите и алиштата, кои од него беа земени за време на претресот на станот и кои беа ставени во една вреќа. По предлогот да си ги приберам алиштата од ќелијата (какви што всушност немав), јас отидов да се поздравам со моите другари од ќелијата. - Ами каде е Мехмед ефенди? - запрашав, откако забележав дека го нема меѓу нив. - Мехмед ефенди? Штом ве извикаа вас, не поминаа ни десетина минути и го ослободија - одговори Витилас и додаде: - Збогум, господине Илија! Па да се видиме пак некогаш! Јас се вратив назад во салонот. Соколов со цигарата што ја држеше со палецот и показалецот, се шеташе горе-долу низ салонот. Јас дојдов кај него и двајцата почнавме да шетаме. Помина еден старешина и со најучтив тон му се обрати на Соколов на турски: - Ве молам, господо, стојте на една страна, зашто овде минуваат разни големи луѓе! Како што кажав и порано, Соколов не знаеше никаков друг јазик освен бугарски. Тој ништо не разбра од зборовите на приставот, и ме запраша: - Што ми рече овој пријател? Јас му ги преведов на бугарски зборовите на старешината. Тресејќи го пепелот на цигарата, Соколов одговори: - Кажи му дека во овој момент, на ова место, нема поголеми луѓе од нас! Старешината ја наведна главата, гледајќи н\ со еден поглед во кој се читаше чудење и сожалување - и си замина по работа. Соколов замолче и всредоточено дати да ја смука цигарата. Беше очигледно - тој нешто размислуваше. Ненадејно тој се сопре на средината на салонот и рече: - Каков подарок? - Ете таков - подарок! Ајде кажи му на оној - и тој покажа на еден старешина, кој беше излегол од една соба и се беше упатил кон излезот ајде кажи му да ни купи по 10 кутии екстра цигари! Јас отидов кај старешината и му ги пренесов зборовите на Соколов. Старешината даде селам и се врати назад во собата, од која штотуку беше излегол. По малку тој пак излезе, отиде до киоскот, кој се наоѓаше од другата страна на полициската станица и се врати назад кај нас. Тој носеше 20 кутии екстра цигари, подарок од султанот Абдул Хамид, коишто ни ги предаде мене и на Соколов. - Сега се случи чудо! - се восхитуваше Соколов. - На Сарафов и компанија ќе им однесам екстра цигари подарок од султанот Абдул Хамид... бидејќи тој ги плаќа! И Соколов запали и засмука нова цигара... 175
Мерџанов дојде кај нас во салонот; не недостигало ништо од она што го зеле од неговиот стан за време на претресот. Малку по неговото доаѓање кај нас, за некаква регистрација, нѐ поведоа тројцата по едни скали надолу, некаде во сутеренот - таму, откаде што - кога бев во ќелијата на Кучук Мехмед секоја ноќ го слушав оној очајнички повик за помош, кој ме тераше да се наежувам целиот. Кај долниот дел од скалите имаше една соба, осветлена од две мали прозорчиња под таванот, каде што еден старешина бележеше нешто во еден регистар. Другата просторија претставуваше ходник, широк 2,5 метри, на кој од двете страни имаше железни решетки, исто такви какви што се решетките во менажериите, кои ги одделуваат затворените во кафези ѕверови од публиката. Со прегради од штици, пространството зад решетките беше разделено на кафези долги по околу 2 метра и широки по околу еден метар. Предниот дел од секој кафез беше врата-решетка, заклучена со катанец. Затворениците - секој во одделен кафез - непрекинато сновеа низ кафезите, исто како ѕверовите во менажериите. Понекогаш тие се запираа, ги фаќаа со двете раце железата на решетките, го прилепуваа лицето до нив и со жеден поглед го следеа движењето низ ходникот. Никогаш во текот на мојот живот - јас не бев видел слично посегнување и подбивање со човечката личност. Во дното на ходникот, зад една од вратите-решетки, здогледав две очила, кои блескаа во полутемнината . Ми се стори дека е тоа Павел Шатев и јас се упатив натаму во тоа време кога Мерџанов и Соколов се беа сопреле пред вратата на собата кај долниот крај на скалите. Не се бев излажал: во кафезот, зад решетката, беше Павел Шатев, фатен со двете раце за неа и со впиен поглед во нас. набрзина тој ми раскажа, дека утринава, откако го беа одделиле од нас, го довеле тука, го затвориле во кафезот и му рекле дека овде тој ќе го чека своето интернирање во Кратово, но кога ќе го интернираат - тој не знаеше. Ние се поздравивме и јас се вратив назад кај двајцата другари. Мерџанов и Соколов беа кај вратата на собата, во која внатре еден старешина нешто бележеше во својот регистар. Тие не беа сами. Во длабок траур, со црна копрена, која ѝ ја покриваше главата и горниот дел на телото, скршена и расплакана, стоеше кира Костари, станодавачката на Соколов, мајката на четирите ќерки, кои го сочинуваа нашето пријатно друштво, кога не бевме на работа под темелите на Отоманската банка. Таа дошла да нѐ посети во затворот, каде што ѝ кажале, дека уште денес ние ќе бидеме изгонети надвор од територијата на Турција; ѝ дозволиле да слезе долу и да се збогува од нас. Кога ме виде, таа се приближи до мене, почна да ме гали по лицето и да зборува со глас, прекинуван од плачење и липање: - О, педи-му! О, кајмено педаки-му! О, кало педаки-му!
176
Во тој момент таа за навек ја погребуваше својата мечта - да остане почитувана мајка на четворица имашливи зетови... Околу пладне сите формалности во врска со нашето изгонување беа привршени. Нѐ запрашаа во кое бугарско пристаниште ќе слеземе, зашто бугарскиот трговски брод “Бугарија”, кој бил во пристаништето, ќе заминувал оваа вечер и ние ќе сме биле натоварени на него. Соколов и Мерџанов рекоа дека ќе одат во Русе и ќе слезат од бродот во Варна, а јас - во Пловдив и ќе слезам во Бургас. Ни беа дале билети за втора класа од Варна за Русе на Мерџанов и на Соколов и од Бургас до Пловдив на мене. Исто така, ни дадоа и по две турски лири на човек за ситни расходи за време на патувањето. Придружувани од еден детектив - истиот оној кумановчанец, кој ноќеваше со нас во хотелот “Петербург” - ние отидовме во ресторанот “Хаџопуло” да ручаме. При порачката на јадењето и пиењето ние воопшто не се стеснувавме од било какви соображенија за штедење, затоа што овој ручек исто така ќе биде исплатен од цивилната листа на султанот. Нашето извонредно лапачко душевно расположение се помрачуваше само од мислата дека еден од нас - Павел Шатев - за време додека ние убаво ручаме, тој снове низ железниот кафез како див ѕвер... Мерџанов по извесно време длабоко се замисли. - Што си се обесил таков? - го запраша Соколов. - Што си се замислил? Мерџанов, кој ја вртеше чашата со вино и гледаше во неа, одговори: - Мислам, дека кога го напуштам Цариград, нешто се откинува од мене, нешто, што го сакам најмногу на светот... по мајка ми. - Кажи го појасно и попросто - тешко ти е што се разделуваш од Климентина на неодредено време. - Нека е така! Не би бил човек, кога не би ми било тешко при оваа разделба? - Да ти е тешко што се разделуваш од жена? Ти си збркан во умот! Што е жената? Галош! Види, да ти е тешко за мајка ти - разбирам, зашто жената е човек само како мајка, но случајот не е таков! Околу два часот попладне, придружувани од тројца детективи - по еден за секој од нас - ние тргнавме пешки од полициската станица “Галата сарај” по главната улица на југ од станицата, слеговме по Јуксек калдар’м и отидовме на пристаништето Галата. Нашиот багаж, т.е. вреќата со земените од станот на Мерџанов книги и алишта, беше исто така донесен на пристаништето, од каде сѐ така придружувани од детективите - со едно кајче отидовме до бродот, по скалите од јажиња се искачивме и се натоваривме на него. Еден од детективите - истиот оној кумановчанец со црвените мустаќи - остана кај нас, а другите двајца слегоа од бродот, се качија во едно кајче и се вратија назад на копното. Беше 12 часот по турски (4 часот попладне по европски). Сонцето се скри зад куполата на Аја Софија. Врз блескавиот отсјај на сонцето кое
177
заоѓаше се одразуваше темновиолетовата контура на Стамбол, од каде што допираше до нас нејасната врева на трговскиот ден што се гасеше. Сирената на нашиот брод исвири три пати. Големата железна макара на задниот дел од палубата, движена од машините, кои брефтаа во стомакот на бродот, почна со шум да се врти и да се навалува синџирот на котвата. пропелерот почна да крева пена под задниот дел на бродот, кој мрдна, се заврте околу себе и тргна бавно на североисток по Босфорот. Ние заминувавме за Бугарија. Целиот град се сврте пред мене. Ми се појави горниот дел на огромната четвртеста бела маса на Отоманската банка. Во мојата фантазија, на нејзиниот југоисточен агол, јасно испакна сликата на местото, каде што на три метри под површината на земјата, во мракот на незабележливото, се криеше тунелот до темелите на банката - резултатот од нашиот неколкумесечен напорен труд, на нас кртиците на револуцијата... За неколку секунди - додека бродот испловуваше - пред очите пребегаа силуетите на Аја Софија, на џамијата Селнат Мехмед, на темната маса на Сиркеџи и Сарај Бурну. Осветлени од блесокот на сонцето што заоѓаше, блескајќи со една златно-црвеникава светлина, пред мене се свртеа Кад’х-ќој, К’з-куле, Хајдар паша... На палубата, потпрен на оградата, јас ги гледав познатите места, сврзани со спомени од мојот живот во Цариград. Одвај помина година од времето, кога - пак со брод - дојдов овде. Тогаш јас не го познавав градот и условите во него. Тогаш јас бев храбар и самоуверен, со таква храброст и самоувереност, кои се својствени само на неискуството и незнаењето. Тогаш убавината на глетките беа во хармонија со мојот душевен мир, беше убавина на храброста и верата во сопствените сили... А сега? Сега ние се враќаме назад, со загубената вера во сопствените сили, со отсечени крилја, со осакатена храброст, без цел во животот и без пат во иднината. Оваа убавина, која постепено се распространуваше пред моите очи, беше во страшна дисхармонија со она што се случуваше во моето сознание... Ние никогаш нема да го видиме Цариград, да го доживееме тоа гордо сознание за еднаквост на нашите сили, една грст слободни луѓе од една страна и на зовриеното мноштво алчни и апатични робови во милионскиот град, од друга страна... Како не нѐ обесија! Тогаш ние не би се чувствувале - како сега - понижени од милоста на султан Хамид крвникот на закланите 300.000 Ерменци. Тогаш подлите Хамидови робови не би имале повод да ја изедначуваат божјата милост со онаа на Абдул Хамид... Молчаливи солзи ми потекоа по образите и покрај сите усилби што ги правев за да ги задржам. Бидејќи се срамев од оваа моја слабост, јас се скрив зад макарата во задниот дел на палубата и таму, во темнината, им дадов волја на своите солзи и се расплакав со липање, како дете... Дури тогаш ја открив големата тајна и молчаливиот плач на татко ми, кога тој
178
- пред две години - дотрча да ме испрати на Скопската железничка станица. Тогаш тој ме виде за последен пат. За последен пат и ние го гледаме Цариград, каде што го оставивме своето најскапо нешто - тунелот до темелите на Отоманската банка. Одамна се беше стемнило. Го поминавме Бујук-дере. По малку ќе излеземе од Босфорот и ќе навлеземе во Црното море. Јас ги избришав солзите и слегов долу во трапезаријата, осветлена со струја. Околу големата маса во трапезаријата седеше кумановчанецот детективот, кој остана на бродот да патува со нас. Изгледа, Хамидовата полиција сакаше да биде сигурна дека ние сме ја напуштиле Турција и го беше испратила својот детектив, да види со очи, дека сме слегле во Варна и во Бургас. На една страна во салата, клекнат над вреќата, со која беа •донесени во бродот неговите книги и алишта земени од неговиот стан за време на претресот, Мерџанов ја проверуваше содржината на вреќата. По мене, по скалите од палубата дојде и Соколов. Тој исто така бил горе, но на предниот дел од бродот. Мерџанов беше извадил и држеше во рака една книга, дебела околу 3 сантиметри, во црн плетен повез, со формат околу 10-12 сантиметри. Тоа беше Мерковиот бугарско-француски речник. Мерџанов го отвори на средината. Како што бидува со секоја подврзана книга, кога се отвори, задниот дел се раствори и се образува еден полукружен отвор, широк околу 2,5 сантиметри. - Чекај да видам дали си стои на местото? - проговори тој, го сврте кон електричната светилка направениот отвор, замижа со едното око и погледна во отворот со другото. - Таму е! Ене го! - и со цигарата избутка надвор едно ливче свиткана хартија, кое се наоѓаше во отворот на задниот дел на книгата. - Што и да речат, ние сме поголеми ѓаволи од Турците! Ене го! Клучот на шифрата! Што не ми направија, за да им кажам каде е, а тој како што гледате - им беше во рацете... доволно беше да го отворат речникот, или ако го отворале, да погледале ене во онаа дупка... Седнат до масата кумановчанецот, којшто го набљудуваше, си ги поткасна усните. Мерџанов, кој го забележа тоа, со глас со кој се доловуваше едно нагласување на зборовите и дека тие се однесуваат на полицијата на Неговото Императорско Величество, повтори: - Будали биле Турците од време, будали се сега и будали ќе останат во веки веков - амин! А со серсемлакот тие не ќе можат уште долго да владеат со народите, кои имаат повеќе памет од нив! Бродот почна полека да се ниша - бевме навлегле во Црно море. Ние наседнавме околу масата, порачавме јадење, набрзо се најадовме и - за да нѐ не фати морската болест - отидовме во кабините и си легнавме да спиеме. Морето беше тивко како огледало. Ниту една брчка немаше по бескрајната водна шир околу нас. По небото, побелено на исток, не се гледаше никакво облаче. Ѕвездите трепереа, намигнуваа и една по една
179
исчезнуваа пред победоносната сончева бела зора. На исток, далеку зад задреманата морска шир, небото почна да се зацрвенува. Ние навлеговме во Бургаскиот залив и по помалку од еден час, огреани од првите розови зраци на сонцето, сопревме во Бугаското пристаниште. Јас се поздравив со Мерџанов и со Соколов, кои ме испратија до скалите од јажиња, по нив слегов во кајчето, излегов на брегот, се упатив кон Старата железничка станица, откаде што зедов билет и отпатував за Пловдив. Истиот ден, околу пладне, бродот пристигнал во Варна. Во публиката, која на пристаништето го очекувала неговото пристигање, бил и Тане Мурџев, родум од Прилеп, во тоа време агент на Софискиот Врховен Македонски Комитет во Варна, познат на Мерџанов. Откако се поздравиле, со неколку зборови Мерџанов му раскажал на Мурџев, дека сме биле уапсени во Цариград, дека оттаму сега сме изгонети и дека за време на патувањето со бродот, сме биле набљудувани од еден цивилен агент на Цариградската тајна полиција. - Кој е тој? - запрашал Тане Мурџев. Мерџанов му го покажал кумановчанецот, кој исто така бил слезен од бродот и се упатил кон градот. Тане Мурџев набрзо се поздравил со Мерџанов и се изгубил нагоре во улицата кон Мусала. Мерџанов и Соколов отишле на железничката станица, зеле билети и отпатувале уште истиот ден за Русе. Наредниот ден кумановчанецот бил најден мртов на улицата, со череп исечен со секира, зариен во локва крв. Тој не успеал да се врати во Цариград и да му реферира на Осман Нури каде бил клучот на шифрата, толку многу баран од Цариградската полиција...
Пловдив, месец јуни 1952 година
180
ЧЕТВРТ ДЕЛ
ЗАТИШЈЕ ПРЕД БУРА
На бродот, пред да се разделиме во Бургас, во општи црти го нафрливме проектот за иднината на работата што ја започнавме во Цариград. Како и секоја друга работа - за да се заврши успешно - таа треба да продолжи во духот на единството и континуитетот. Треба некој да нѐ замени, за да ја заврши конечно. Оној, пак, што ќе нѐ замени, треба да има идеологија приближна на нашата. Тој не треба да има ништо заедничко со Внатрешната Македонска Организација, чиишто членови на раководното тело, бидејќи располагаат со целосно неограничена власт, немаат никаков интерес да си го расипат спокојството. Од таа причина ние тоа одамна го знаевме - тие се непријателски настроени спрема било какви дејствија, кои би имале за цел да и наштетат на нивната власт или да го расипат нивното спокојство. Веднаш, штом пристигнеме во Софија, ќе им напишеме на нашите солунски другари: некои од нив - Орце, Коста Кирков или Димитар Коштанов - да отиде во Цариград и да ја заврши конечно работата, откако добие, го постави и го запали динамитот под темелите на Отоманската банка.
ОДНОВО ВО СОФИЈА И НИЗ БУГАРИЈА Три или четири дена по нашата разделба на бродот во Бургас, ние тројцата се собравме во Софија. Таму бевме извонредно непријатно изненадени од следново: Веднаш штом Бугарската телеграфска агенција известила за нашето ослободување, без да го дочека нашето враќање во Софија, за да го консултира нашето мислење во однос на лицето што ќе нѐ замени, Борис Сарафов за наш заменик во Цариград го испратил Александар Димитров - како што тогаш се викаше Александар Кипров, родум од градот Мустафа паша (сега преименуван во Свиленград). Се работи за идниот стихоклепец, соработник на идниот хумористичен весник “Б’лгарин”, идниот член на Цанковистичката русофилска партија и депутат од мнозинството во управата на русофилите. Поминаа 12 години. Во првите денови на октомври 1912 година почна Балканската војна. Уште на 6 октомври - истиот ден кога ја објавија војната - Турците се повлекоа и Бугарите го зазедоа градот Мустафа паша без борба. Депутатот од мнозинството, Александар Кипров, сиот исполнет од гордото сознание за своето депутатство и за власта, којашто ја има како депутат од мнозинството, неколку дена по заземањето на
183
градот од бугарската војска, отишол да го посети својот роден град и да ја види мајка си - една стара, умиа жена, со четвртесто лице, целото избраздено од длабоки брчки. По првата радост од средбата, зачудена што нејзиниот спн не е војник, старата жена запрашала: - А, ти на каков меснет77 си? - Јас сум депутат. - Што е тоа “депутат”? - Јас ги правам законите во Бугарија. - Ама ти ли ги правиш законите? - Јас. - О-о-оф! - одговорила мајката. - Тешко и горко на тој народ, на кого ти му ги правиш законите! Во јануари 1913 година, за време на примирјето, како војник во еден од полковите, кои го опсадуваа градот Одрин, бев пуштен на отсуство и - на минување низ градот Мустафа паша - отидов да ја видам мајката на Александар Кипров. За време на разговорот, таа ми рече: - Нема да излезе со добар крај мурабето78 што сте го почнале, сигурно! Народот ви е златен народ, ама овчарите пет пари не ви чинат! Веројатно од својот син таа заклучуваше и за другите “овчари” на бугарското стадо - и не се беше излажала... Токму тој Александар Димитров, Сарафов го беше испратил во Цариград да нѐ замени и да ја доврши нашата работа. Како што реков и погоре, тоа беше многу непријатно изненадување за нас. Никој од нас не го познаваше Кипров. Тој, пак, малку му беше познат и на Сарафов. По чија препорака или сугестија Сарафов беше побрзал да го испрати? Ова изненадување уште повеќе ги залади односите меѓу мене и Мерџанов: ако тој ме послушаше и не се вмешаше во односите меѓу егзархот Јосиф I и Внатрешната Македонска Организација, ние немаше да бидеме уапсени и изгонети - бидејќи немаше да.бидеме уапсени сите. Во тој случај, не би имало потреба Сарафов да го испраќа во Цариград овој непознат човек да нѐ замени. Нашата работа во Цариград, доверена во рацете на еден непознат, а со самото тоа несигурен човек, висеше, така да се рече, во воздух. Поради недостигот на средства, од една страна и поради нашето апсење во Цариград, и можното откривање на тунелот под цариградската Отоманска банка, работата во Цариград беше прекината, отворот во тунелот заѕидан и маскиран, а луѓето распрснати во своите родни места, да не гладуваат. Со ова испраќање на Александар Кипров во Цариград ние се најдовме пред свршен чин. Сакале-нејќеле, требаше да се помириме со него. Би можело и да не се помириме, ама каква акција и да преземеме за да ја извојуваме нашата независност, ни требаа парични средства, а ние со нив 77 Служба. 78 Војна.
184
не располагавме. Како да дојдеме до средства? Да почнеме од почетокот со фиктивни поштенски вредносни телеграми, како Стефан Михов пред три години? Или со разбојнички акции како оние во Шилинос и Черпели? Но, тоа значеше да тапкаме сѐ во место, тоа значеше - целата наша идеологија и дејност да се ограничат само на фалсификувања и разбојништво. На тој начин, наместо пред Европа и пред целото човештво да го изразиме нашиот протест па огорчени од ропството борци, ние би ризикувале да бидеме регистрирани во полициските архиви на разни држави како вулгарни измамници и разбојници. Во тоа време софискиот Врховен Македонски Комитет во продажба беше пуштил облигации од таканаречениот “Македонски патриотски заем”. Вредноста на една таква облигација беше 50 златни лева. Изразот “пуштил во продажба” не одговара точно на реалноста, зашто - колку при нивното пласирање и да не се употребуваше брутално насилство всушност тие се пласираа под дејство на страв од него во случај на одбивање. Во разјаснувањата што ги имавме со Сарафов поради испраќањето на Александар Кипров за наш заменик во Цариград, со него лично дојдовме до една согласност, која може да се резимира во следните точки: 1. Ние ќе се огранизираме во пласирањето на облигации од Македонскиот патриотски заем за времето од почетокот на март 1901 година било овде во Софија, било во провинцијата. 2. За наши патни и лични расходи и на лицата, кои ќе ни бидат дадени за припомош и кои беспоговорно ќе ги исполнуваат нашите наредби, ќе можеме да расходуваме не повеќе од 500 лева месечно. 3. Собраните суми, пресметани според кочаните на пласираните облигации, откако се одбијат сумите за патни трошоци и за лична издршка, ќе се внесуваат во касата на Комитетот, со сметкопотврда, потпишана од благајникот. 4. Од така внесените во Комитетот суми, ние ќе добиеме една заедничка сума од 20.000 лева, која ќе ја потрошиме за нашите работи во Турција, без да му даваме отчет на било кој. 5. Сарафов ќе го повика Александар Димитров од Цариград, каде што ние ќе испратиме наше доверливо лице. Треба да беше 20 ноември 1900 година, кога ние заминавме низ провинцијата, каде што се уште никој не беше одел да пласира облигации од Македонскиот заем. Мерџанов замина за Габрово, Соколов за Горна Ораховица и Трново, а јас - за Ловеч и Севлиево. Ние бевме снабдени со по едно полномошно од софискиот Врховен Македонски Комитет и со по неколку пакетчиња од 100 облигации. Како помош на секој од нас ни беше даден по еден од емигрантите, кои се врткаа во Комитетот. Задачата на овие наши помошници беше да вршат “морално влијание” врз лицата, на кои ќе им предложивме да ги пласираат облигациите и да ги спроведуваат во дело нашите наредби при пласирањето. Тие беа нешто
185
слично како што полициските стражари, кои ги придружуваат судските извршители при извршувањето на судските решенија. За таков помошник мене ми го дадоа некој си Васил Матов, родум од градот Битола, на прекар познат како “Херкулес” - така го викаа поради неговата чудовишна физичка сила. Од Софија фативме воз, кој тргнуваше во 10 часот вечерта. Следниот ден наутро јас слегов на Железничката станица Плевен; Мерџанов и Соколов го продолжија патот - тие требаше да слезат на Железничката станица во Горна Ораховица. Во тоа време железничките линии Левски-Ловеч и Горна Ораховица-Габрово не постоеја, така што Мерџанов од Горна Ораховица до Габрово ќе патуваше со пајтон. На истиот начин и јас ќе патував од Плевен до Ловеч. Градот Ловеч јас го познавав од порано - таму живеев во своето рано детство, од 1882 до 1890 година. Како што спомнувам и на друго место, по задушувањето на Кресненското востание и преземањето на градот Горна Џумаја од Турците, кога добил удар и бил изнесен од битката на носилка, направена од две пушки и една влашка гуња, вујко ми, бившиот Охридски митрополит Натанаил, бил назначен за управувач на Ловчанската епархија, чијшто титулар, митрополитот Јосиф, беше станал бугарски егзарх и живееше во Цариград. Откако ги беше истрошил своите физички сили во борбата за политичка слобода на Македонија, тој - познато е - дека имал за цел да ја продолжи таа борба, фрлајќи ги во неа силите на одгледаните и воспитани од него деца и младинц. Без да се сметаат оние што тој од нивната најрана возраст ги беше зел кај себе во Охрид (Трајко и Ефтим Китанчеви, Андреја и Наум Башеви, Д. Мангов, Иван и Никола Бојкикеви и други), во Ловеч тој нѐ беше собрал цела чета Македончиња на разни возрасти и од разни краишта на Македонија. Нормално, овие деца првостепеното училиште го завршуваа во Ловеч, а потоа тој ги испраќаше да учат во Трново или во Софија во гимназија или во занаетчиско училиште. Оние што завршуваа гимназија тој ги испраќаше во странство да студираат... Овој црковен кнез, кој немаше други извори освен својата плата и кој целосно ја трошеше за да ги одгледува и да им дава образование на народните деца, носеше панталони од груб тројански шајак, кои вечерно време сам ги крпеше, зашто немаше пари да си купи нови. Овие панталони, целите покриеви со крпки, беа истите тие, коишто тој ги беше облекол во 1881 година и со кои подоцна почина во 1906 година. Со пајтонот, во кој покрај мене и Херкулес, патуваа уште двајца, во Ловеч пристигнавме околу два часот попладне. Кога влеговме во градот, кај касарните, сретнавме еден поручник од 16-ти пешадиски полк, кој живеел во Ловеч. Кога ме виде, поручникот му даде знак на пајтонџијата да запре. Тоа беше еден мој соученик од Военото училиште, родум од градот Ловеч, Христо Андреев - “Т’чката”, како што го викавме во класот. Со него ние бевме многу блиски како јункери.
186
- Каде си тргнал? - ме запраша Т’чката. - Засега - до тука, во Ловеч. - Ке ми бидеш гостин? Јас живеам ене онаму, на два чекора одовде! - и тој покажа со раката една бела, кокетна куќичка на запад од касарните. - Но, јас не сум сам. Имам и другар - и јас го посочив Херкулес, кој си го симна каскетот и поздрави со “добар ден”. - Ќе се најде место и за него! Терај наваму! - се сврте тој кон пајтонџијата - ќе сопреш ене онаму, пред.онаа куќа! - и тој ја покажа куќата. - Јас сега брзо ќе дојдам! Пајтонџијата сврте од патот, а Т’чката влета во касарната. Ние дојдовме до куќата. Со Херкулес слеговме од пајтонот и ја зедовме пратката со облигациите. Пајтонот беше сѐ уште пред вратата на куќата, кога Т’чката дојде. Ние влеговме во куќата пречекани од ординарецот (војник). - Вечерва ќе подготвиш кревет за господинот во мојата. соба - рече Т’чката - посочувајќи ме. А за овој господин - и тој го посочи Херкулес - ќе подготвиш кревет во твојата соба! Откако ги издаде овие наредби, Т’чката се врати назад во касарната. Ние се измивме, зедовме едно купче облигации, го завиткавме во весник и излеговме низ градот. Требаше - пред да ја започнеме работата - да отидеме во седиштето на Македонското друштво и да се запознаеме со неговиот претседател, чиешто морално содејство ќе ни биде неопходно. Во сеќавањето не ми останало речиси ништо од моето запознавање со локалните македонски дејци. Најбитно беше што уште истиот ден пласиравме неколку облигации. Вечерта со Херкулес, задоволни од денешниот ден се вративме да ноќеваме во станот на Т’чката. Таму затековме една сцена, која нѐ натера да се откажеме од намерата - додека сме во Ловеч - да бидеме гости на мојот соученик од Военото училиште. Ние го затековме Т’чката како целиот бесен од лутина го тепа со шлаканици ординарецот, кој беше застанал мирно пред поручникот и трепкаше со двете очи, кога Т’чката, со двете раце, му удираше шлаканици и од двете страни. Како автомат ординарецот одговараше: - Тоа е вистина, господин поручник! - Нели ти реков јас: за утре чизмите вечерва да се поставени кај нозете, блиску до креветот? - Тоа е вистина, господин поручник! Следуваа, една по друга, две шлаканици. Јас се вмешав: - Андреев! Кажи му на војникот да си излезе! Сакам нешто да разговарам со тебе! - Со глас на стишувачка бура и со целосен презир, Т’чката се сврте кон војникот: - Марш надвор!
187
Војникот се сврте на лево круг и излезе. Јас му реков на Т’чката: - Дојдов да ти заблагодарам за гостопримството и да ти кажам дека - за големо жалење - нема да можеме да се користиме од него. - Зошто? - Затоа што не сакаме да бидеме сведоци на такви понижувачки сцени - и со очи ја покажа вратата, од која излезе војникот. - Ама поради тоа ли? Голема работа што сум го испердашил тоа говедо, ординарецот! - За тебе може да не е голема работа, но ние не сакаме да гледаме такви сцени. - А кога тој војник ми удри шлаканица - тогаш ти не најде за потребно да се вознемириш од тоа! За негова сметка јас сега на другите војници им ја враќам таа шлаканица. И тоа им го враќам со камата! - Тој војник ли? Ти тогаш сам си беше виновен. Кога не те бидува за јавач, кој те тера да му се качуваш на коњот? Ти се обиде да му се качиш - и коњот те клоцна... И имаше право да те клоцне. А овде, со ординарецот - сеедно како на мртво куче нож да му вадиш. Довидување, Т’чка! Ние ќе одиме во хотел. Така е најдобро. Ние си го прибравме пакетот со облигациите и отидовме да ноќеваме во хотелот на Никифоров, блиску до читалиштето. Во овој хотел останавме за целото време додека бевме во Ловеч. Поминаа 16-17 години. Т’чката, веќе во чин полковник, бил назначен за командант на риболовот во Буру-ѓол. Спрема потчинетите тој продолжил да се однесува така, како што се однесуваше кон војниците од 16-ти полк во Ловеч. Во почетокот на 1918 година, како негов потчинет бил испратен потпоручникот Стаматов, син на солунскиот поп Стамат, кој ја завршил во селото Књажево “Скорострелката” - како што ја наречуваа школата за резервни офицери, чијашто намена беше на брза рака да ги пополнува кадрите од редовни офицери во воените единици за време на Првата светска војна. Еднаш полковникот Андреев и потпоручникот Стаматов биле сами во просторијата. По некој повод полковникот му се скарал на потпоручникот и - според неговиот обичај - му ја опцул мајката. Весел и благ по карактер, Стаматов, кој беше крупен и физички силен, се налутил, го фатил за вратот полковникот и му удрил таков добар ќотек, што му платил за сите малтретирања на потчинетите. Ако Стаматов беше обичен војник, доволно било полковникот - кога не можел да го убие на место - да го изнесе прашањето за ќотекот пред обвинителот, за да биде осуден на стрелање. Меѓутоа, Стаматов беше офицер - и полковникот требало да достави докази за ќотекот, а сведоци, кои би го потврдиле тоа, немаше - и господинот полковник си го однел ќотекот без никакви последици за тепачот... Тој побарал рапорт и кон средината на 1918 година го добил и успеал да се ослободи од командување над Стаматов и од
188
евентуалноста вторпат да јаде ќотек. Стаматов, пак, бил испратен во Драма. Наредниот ден ние со Херкулес продолживме со пласирањето меѓу жителите на градот и Македонците, кои времено живееја во Ловеч. Дознавме дека еден Арнаутип-муслиман, алваџија, од Призренско, кога разбрал дека Македонците кои времено живееја во Ловеч купиле по една облигација, се заканил дека кога ќе отиде во својот вилает, ќе ги каже нивните имиња на власта. Заедно со Херкулес отидовме во неговиот дуќањ Јас му предложив да купи две облигации. Алваџијата одби и почна да се буни. Притиснат од Херкулес, тој најпосле ги зеде двете облигации и плати за нив 100 лева. На излегување од дуќанот јас му реков: - Сега, кога ќе одиш во твојот вилает, јави се во уќуматот и кажи ги имињата на оние Македонци, кои земале облигации! Тогаш власта ќе дознае дека сите купиле по една облигација, а дека ти си купил две! Во Ловеч јас пласирав околу 60-70 облигации и десетина дена по моето пристигнување таму, заминав со пајтон за Севлиево. Уште штом пристигнав, во Македонското друштво се запознав со еден Македонец часовничар - Симитчиев, кој имаше дуќан на плоштадот, спроти споменикот. Во Севлиево имаше двајца часовничари и двајцата Македонци - Симитчиев и некој си Иванчо од Паланка. Порано, во моето детство, јас живеев во Ловеч, откаде што го паметев тој Иванчо, кој независно од неговото галено име, беше на околу 50 години. Во Ловеч работата не му одела добро и сега работеше во Севлиево. Како и порано во Ловеч, така и сега, во Севлиево, за да добива поголем доход од својата селска клиентела, Иванчо часовничарот пушташе во погон и една своја, така да се рече, чисто паланечка итрина: Пазарен ден. Во дуќанот влегува селанец, чијшто часовник - кој знае зошто - престанал да работи. Селанецот го вади од појасот својот часовник и му го покажува на Иванчо, кој го зема, го отвора, ја става лупата на окото, го разгледува, а потоа го затвора и му го враќа назад на селанецот. - Часовникот ти е многу добра марка. Многу добар часовник. Здрав е, но треба да се очисти. - Па јас затоа и сум го донел кај тебе. Исчисти го! - Ке го исчистам, но првин да се разбереме! Ако го чистам со оваа вода - и тој покажува едно шише од околу 200 грама, полно со бистра течност - ќе чини 2 лева, а ако го исчистам со онаа вода - тој покажува друго, помало шише, исто така полно со бистра течност - ќе чини пет лева. Со која вода да го исчистам? - Зошто е толкава разликата во цената? - Затоа што првата вода ќе го чува од нечистотии две години, а втората - најмалку пет години. Со која вода сакаш да го исчистам? Приказната завршува со тоа што клиентот се определува за тоа
189
часовникот да му биде исчистен со “втората” вода... која од првата се разликува само со тоа што е ставена во друго шише, зашто и двете шишиња содржат иста течност - бензин...
ПЛАСИРАЊЕ ОБЛИГАЦИИ ЗА СОЛУНСКАТА АКЦИЈА Пласирањето облигации во Севлиево тргна подобро отколку во Ловеч. Овој успех се должеше на грижливоста, со која Симитчиев и еден батериски командир од артилерискиот полк, кој живееше во Севлиево, капетан Бараков, се беа зафатиле да агитираат за пласирањето меѓу граѓаните и офицерите. Овој успех уште повеќе се должеше на собранието одржано во салонот на читалиштето во неделата, на трети декември 1900 година. Бидејќи мене воопшто не ме бидува во ораторската уметност, му напишав на Мерџанов во Габрово да дојде во Севлиево и да зборува на собранието. Мерџанов дојде и одржа на собранието една вдахновена реч, која остави многу силен впечаток на граѓаните. - Кога слушнете отаде Рила - ја заврши Мерџанов својата реч - како во грмежот и тресокот на огорченоста се кинат ропските синџири, вие можете да го имате гордото сознание, дека сте зеле живо учество во тоа ослободување на робовите! Овие - вашите облигации - овие парчиња хартија - тие најмногу ќе помогнат да се скинат ропските синџири! Во текот на тој ден и во наредниве неколку денови, јас во Севлиево пласирав над 140 облигации, така што вкупната, собрана од мене сума, надмина 10.000 левови. Мерџанов во Габрово и Соколов во Горна Ораховица и во Трново, беа собрале двојно поголеми суми од онаа што јас ја собрав, така што вкупната сума што ја собравме тројцата, надминуваше 50.000 левови. Во Севлиево ме настигна едно писмо од Мања Икономов, испратено до мене во Ловеч и оттаму претходно во Севлиево. По моето заминување низ провинцијата, Матеј Икономов успеал да издејствува да го испратат во странство. Тој беше заминал за Милано, откаде што ми се јави Мања. Во писмото Мања ми ја даваше адресата и ми бараше да испратам 400-500 левови. Јас веднаш му напишав на Метеј и му одговорив дека не можам ништо да му испратам, зашто парите што сум ги собрал не се мои. Не само јас, туку и Соколов и Мерџанов собрале значителни суми, но тие не се наша сопственост; нивната намена е друга, таќа што ние не можеме да располагаме со нив; од нив можам да му испратам, но под услов - веднаш потоа да си пукам в чело. Ако е согласен на таква цена, тогаш нека ми се јави веднаш. Кога му го испратив тоа писмо, јас се раководев од следната причина: ако тој се согласи да му испратам пари, по цена да се самоубијам, значи,
190
дека за него мојот живот претставува вредност помала од сумата, којашто сака да му ја испратам. Од тоа, пак, произлегува, дека тој не заслужува да му се помогне и не треба да му се помага. На тоа мое писмо не добив одговор, од што заклучив дека Метеј и Мања Икономови не беа сосема глупави луѓе и дека кога ми барале пари, сметале на мојата наивност и на моето наивно однесување спрема задолженијата, што ги бев воспоствил спрема Борис Сарафов и кон другите. Патем треба да одбележам дека сопрузите Мања и Матеј Икономови беа многу настојчиви луѓе. Во летото на 1902 година, кога Орце, Шатев и јас живеевме кај нив, Матеј пак побара од нас 500 левови, кои му биле потребни - во тоа време тој ја формираше својата театарска трупа. Ние одбивме да му дадеме од истите причини како што ги бев навел во писмото, што му го испратив во Милано. Матеј збесна и откако направи со десната рака едно движење на омраза, достојно на старите грчки трагичари, се искажа со свечено-трагичен тон како да се наоѓаше на сцена: - Комедијанти! Набрзо, многу набрзо - по помалку од една година - животот покажа кој тогаш бил комедијант и кој - дури досега - продолжува да е комедијант... Откако во Севлиево пласирав онолку облигации колку што можеше да се пласираат, преку Сухиндол до железничката станица Павликени отидов со кола, а оттаму со возот, кон средината на декември 1900 година, заедно со Херкулес пристигнавме во Софија. Таму го затеков Орце, кој, откако дознал дека сме изгонети од Турција, дошол од Солун да се сретне со мене, за да смислиме што ќе се прави со прекинатата солунска работа. Таму, во Солун, останал само Владо Пингов, затоа што Димитар Коштанов си заминал за Горна Џумаја, а Коста Кирков и другите велешани си отишле во Велес. Со неколку зборови јас на Орце му изложив во каква состојба е работата во Цариград, како и за согласноста постигната меѓу нас и Борис Сарафов. Со Орце се согласивме - засега - да продолжиме со пласирањето на облигациите овде во Софија, со надеж за нова согласност со зголемувањето на сумата, кое ќе уследи, да добиеме за нашите зафати. Од Комитетот не зедовме нови пакувања со облигации, туку продолживме со пласирањето на оние пакувања што ги бев подигнал пред заминувањето за Ловеч и кои беа останале во мене, откако на благајникот Георги Петров му ги предадов собраните суми од нив во Ловеч и во Севлиево. Во втората половина на јануари 1901 година пласирањето на облигациите од Македонскиот патриотски заем стана потешко. Министерството за внатрешни работи издаде една окружна наредба број 998 од 18 јануари 1901 година, со која се забрануваше - под каква и да е форма - собирање на средстава од бугарските граѓани како помош за македон-
191
ското ослободително дело. Според оваа наредба, такви средства можат да се собираат само меѓу членовите на македонските друштва во земјата. На тој начин бугарската Влада и кнезот Фердинанд сакаа да го обессилат македопското движење и да го направат целосно зависно од официјалната бугарска власт. Природно, ние не се потчинивме на оваа официјална наредба и со Орце продолживме со пласирањето на облигации од заемот. Патем нека биде забележано, дека колку и да им беше непријатно да купуваат облитации од овој заем, Македонците кои живееја во Софија - пекари, ѕидари, бакали и други - не се обидоа да побараат закрила од власта против принудата, на која беа подложени при пласирањето на облигациите. Тие ескивираа, се обидуваа да ја одбегнат оваа непријатна обврска, но ниту еден од нив не отиде да се пожали на власта дека го принудуваат и не ја постави неа за судија меѓу нив и нас. Тоа треба да се нагласи. По враќањето од Габрово и Горна Ореховица, Мерџанов и Соколов се сместија како гости во станот на Александар Кличијан, кој - како што спомнавме и на друго место - во тоа време беше студент на Софискиот Физичко-математички факултет. Ние двајцата со Орце решивме да живееме во хотелот “Батемберг”, во една од собите, каде што имаше пет кревети, па повеќе личеше на просторија за спиење, отколку на хотелска соба. Четири од овие кревети беа зафатени од постојани изнајмувачи: Орце, Калканџиев, Фртунката и јас, а преостанатиот - петтиот - кревет го земаа минувачи, повеќе пати сосема непознати лица. Уште кога бевме во четата на Гоце Делчев, Соколов често се присетуваше на Калканџиев, на Фртунката и на Врбан Килифарски и ни раскажуваше разни епизоди од неговото другарување со нив. Кога - по нашето изгонување од Турција - се сретнавме во Софија, Соколов ме запозна со горенаведените свои стари другари и содејци. Калканџиев, на кого сум му го заборавил името, беше родум некаде од Северна Бугарија. Пред неколку години дошол во Софија да учи во Уметничкото училиште, но не успеал во него да се запише и сега немаше одредено занимање. Пред својот кревет тој имаше еден куфер, во кој ги чуваше своите скапоцености: еден фустан од креп-сатен со бледорозова боја, една блуза од креп-до-шин со иста боја, еден чифт фини дамски чевли и уште неколку други неопходности за дамски тоалет. Кога во неговиот живот настапуваа тешки моменти - а тоа се случуваше обично во почетокот на зимата - Калканџиев се свршуваше и во првите денови на свршувачката, на својата свршеничка и ја подаруваше - предмет по предмет - целата содржина на својот куфер. Зимата Калканџиев во најголем дел ја поминуваше во домот на својата свршеница, пречекуван, гоштеван и испраќан како најценет гостин. Зимата поминуваше, доаѓаше пролетта. Со тоа поминуваа и лошите моменти од животот на Калканџиев. Свршувањето е ропство во
192
почетокот на зимата, но пријатно ропство. Со пукањето на пролетта, ова ропство за такви натури како што беше Калкапџиев - стануваше неподносливо. Од една или друга причина, Калканџиев ја растураше свршувачката, прибираше во куферот сѐ што ѝ беше подарил на свршеницата, доаѓаше во хотелот “Батемберг” и го зафаќаше својот кревет... до нова свршувачка. Лошата сезона беше поминала, беше дошла пролетта, летото, слободата - и за него животот почнуваше одново да тече во својата колотечина од безгрижност и главоломни авантури... Со среден раст, светлокафеава коса и со исто таква боја остра брадичка и тенки, долги мустаќи, со сиви очи и лице со груба кожа, прошарана со тенки црвени жилички, во неговата надворешност немаше ништо уметничко. Со весела природа, тој беше храбар, снаодлив и секогаш готов да земе учество за најглаволомната авантура, доволно беше да е насочен против власта и богаташите. Тој беше редовен клиент на пивницата “Чамкорија”, која се наоѓаше на улица “Марија Луиза”, малку по на север од кафеаната “Браќа Миладинови”. Обично, навечер Калканџиев се враќаше во хотелот од оваа пивница со зголемено весело расположение, го вадеше портмонето и го ставаше под перницата; потоа легнуваше на креветот - понекогаш и не се соблекуваше - и веднаш длабоко заспиваше. Еднаш Димитар Аргиров (Митко) беше дошол да ноќева во нашата соба и го беше зафатил петтиот кревет. Тој си легна целосно незадоволен, бидејќи поради немањето пари во текот на денот не беше ставил ништо во устата. Кога Калканџиев си легна и заспа, Митко тивко стана, отиде до неговото легло, бркна претпазливо под перницата, го зеде портмонето и почна да се облекува, за да излезе. Како никогаш Калканџиев ненадејно се разбуди, бркна под перницата и - кога не го најде портмонето - веднаш скокна, седна на креветот и почна да вика со својот грмлив глас: - Станувајте! Еј, ајвани! Што сте такви зар’чиле? Станувајте! Кога сите се разбудија и се кренаа да видат што се случува, Калканџиев изјави со наставнички тон, во кој немаше ни сенка од лутење: - Слушајте! Тоа се однесува за сите вас, а најмногу за мајсторот, кој ме ограби: друг пат, кога ме ограбите, треба и да ми го опашете. Зошто, на такво говедо како мене, тоа и му следува - тој одново си легна и ја стави главата на перницата со намера пак да спие. Со тон на најсвета невиност се јави Митко: - Како никогаш досега, ми се случи вечерва да имам пари. Ајде станувајте сите да одиме во “Чамкорија” да ги испиеме! - Види, тоа е добро и праведно! Има надеж од тебе да биде друштвен човек! - заклучи Калканџиев со филозофски тон, кој истовремено си ги навлекуваше панталоните.
193
Без било каков друг инцидент, случката се заврши со тоа што парите, кои беа излегле од под перницата на Калканџиев, паднаа во рацете на келнерот во “Чамкорија”, кој - околу еден часот во ноќта - дојде да ги среди сметките со нашето друштво. Ф'ртунката беше прекарот, под кој беше познат во средината на софиските политички неподобни и македонствијушти од тоа време, бившиот офицер од бугарската флотила, Велико Друмев. Тој беше сестрин син и имењак на Трновскиот владика, митрополитот Климент, чиешто световно име беше Велико Друмев. Пред петнаесет години играл значајна политичка улога како еден од регентите на бугарското кнежество по соборувањето на кнезот Александар Батемберг. Тој, исто така, беше автор и на првата бугарска драма “Иванко, убиецот на Асен I”. Фртунката беше 29-30-годишен човек, со среден раст, сини очи, проретчена руса коса и со исто таква боја проретчени веѓи и тенки, долги мустаќи, чиишто незасучени краеви паѓаа надолу. Во текот на било кое доба од годината - и зима и лете - тој носеше долго зимско палто од темносин штоф со црна јака од кадифе, која стрчеше зад неговиот врат. Ова палто никогаш не беше закопчано, со подвлечени од напред поли. Дното на неговата црна фалцова шапка, со остар врв, стрчеше, истуткана по страните, со периферија спуштена надолу. Само на еден пункт Фртунката беше многу педантен - секогаш беше добро избричен. Лицето му беше испиено, суво, со боја на жолта слама. Тој боледуваше од туберкулоза во грлото во претпоследен стадиум, поради коешто не можеше гласно да зборува, туку шепотише. Оваа околност, соединета со неговиот раздразлив карактер, го правеше да излегува вон од кожата и да тупка со нога по земјата во споровите, кои често изникнуваа меѓу нас во собата. По честите напади на силна, сува кашлица, тој ги изарчуваше своите жолти, со крвави дамки плуканици, во една крпа за лице, која висеше закачена во еден од ќошевите откај внатрешната страна на неговото незакопчано долго зимско палто. Тој тоа го правеше за да не заразува други луѓе, до што би дошло кога би плукал на земјата... Фртунката беше многу музикален. Тој паѓаше во делириум од гнев, кога слушаше да се пее лошо или фалшиво. Порано тој беше престојувал во Италија. Таму одел за да слуша убава музика. Во ретките мигови на добро расположение, тој “пееше” цели опери, но бидејќи немаше глас, ги пееше шепотејќи - и потоа го зафаќаше најмрачно расположение.
ВО СОФИСКИТЕ МАКЕДОНСКИ СРЕДИНИ Во собата соседна на нашата, навечер доаѓаше да ноќева Гоце Такеџиев, родум од градот Кукуш. Секоја вечер, пред да отиде да си легне, тој доаѓаше кај нас и остануваше сѐ додека не почнаше да се прозева и очите
194
да му се затвораат. Тој ништо не работеше и за ништо не се интересираше - ниту за политиката во Бугарија, ниту за македонското движење. Тој негираше се и меѓу идеологиите на разните текови во македонското движење, најмногу му се допаѓаше идеологијата на нас анархистите. Тој беше многу духовит и остроумен, брзо ја сфаќаше силата или слабоста на одредени силогизми, но по природа беше мрзлив и лишен од дух на иницијатива и на спроведување во практичниот живот на своите погледи. Неговото присуство во македонските средини и тоа што го трпеа во овие средини - се должеше на тоа што учествувал во правењето бомби и оружје во Саблерските колиби во текот на 1897 и во наредните години. Работата во Саблерските колиби му ја беше проголтала целата енергија - и тој сега живееше само со спомените од тоа време. За време на Првата европска војна, во февруари 1918 година, Штабот на армијата ме побара од Четвртиот македонски полк, каде што служев како обичен војник, ме испрати во Драмската Обласна воена инспекција и - како стручњак по шумарство - ме обврза да најдам извори и средства за доставување на фортификационни, градежни и затоплувачки дрвени материјали. Во Драма го сретнав Гоце Такеџиев. Тој беше цивил и живееше на висока нога. Зошто не беше земен војник како сите Македонци, кои живееја во Бугарија, чијашто возраст и здравствена состојба беа подобни за воена служба? Зошто Тодор Паница убиецот на Борис Сарафов и на Иван Гарванов, беше исто така цивил и живееше во Драма? Зошто и од кои извори Т. Паница се беше претворил во крупен трговец на тутун? Поради какви услови и од чии средства Т. Паница му беше подарил на Гоце Такеџиев една крупна - за тоа време сума од 20.000 левови, со кои тој живееше на висока нога и ништо не работеше, ако не се сметаат за корисни занимања вечерниот ракќејф и неговите дневни грижи да обезбеди изобилни материјали за раскошни ручеци и вечери за тоа време, кога населението од градот и околните села фактички умираа од глад. На овие прашања не можев да си одговорам ниту тогаш, ниту сега. По повлекувањето на бугарските војски од Драма во есента 1918 година, јас ги изгубив трагите на Такеџиев, кој беше автор на следната карактеристика што тој ја даде за началникот на Драмската воена инспекциска област, генерал Танев: - Генералот Танев е најдобриот правник меѓу кавалеристите и најдобриот кавалерист меѓу правниците... Тоа на нашиот, војничкиот, јазик значеше дека генералот Танев подеднакво е непогоден и како правник и како кавалерист. Во тоа време, како собарка на хотелот “Батемберг” работеше Унгарката Ана Шепиц. Руса, синоока, полничка, стројна, со правилно и привлечно - дури убаво - лице, таа ги местеше креветите и се грижеше
195
за чистотата на собите во хотелот. Таа водеше лесни разговори со посетителите на хотелот, а често и го делеше креветот со некои од клиентите или на нивните пријатели и познати, кога во нив ќе се пробудеше животинскиот инстинкт. Општо земено, тоа беше човек со жално суштествување на победените од животот жени, играчка на долните животински пориви на мажот. Во врска со продажбата на облигациите, едно рано утро отидов на некаква средба во кафеаната на хотелот “Македонија”, која се наоѓаше на аголот на улиците “Марија Луиза” и “Трговска”. Оваа средба беше договорена претходната вечер. Ние отидовме во кафеаната, седнавме, си порачавме кафе и ја исчекувавме средбата. Се задржавме повеќе од два часа. На поаѓање, јас посегнав да го изведам портмонето за да платам. Портмонето ми го немаше. Тогаш се сетив дека сиошти го бев ставил под перницата, каде што сум го заборавил. Во него имав поголема сума, зашто вчера до доцна скитавме и во просториите на Комитетот не го затекнавме благајникот Георги Петров, за да му дадеме отчет. Јас го оставив Орце да ја плати порачката и речиси трчешкум отидов во хотелот “Батемберг”, бидејќи бев целосно убеден дека парите се загубени, зашто и да го најдам портмонето, не можев да докажам каква сума содржело. Јас се качив во собата, ја превртев перницата - немаше никакво портмоне. Заѕвонив. Дојде Ана. - Ана, кој ги местеше креветите? - Јас. - Најде ли нешто под перницата на мојот кревет? Ана се насмевна. - Колку пари имаше во портмонето? Јас ја кажав висината на сумата. Ана отиде во својата соба и набрзо се врати со моето портмоне в рака. Јас го отворив: не недостасуваше ништо од неговата содржина. Златните наполеони, сребрените пари и ситните монети - сѐ беше на број. Оваа жена, која си го продаваше телото за да преживее, стоеше многу повисоко од мнозина “општественици”, кои ја искористија својата положба за да го ограбуваат населението со разни махинации... Една вечер веднаш по вечерата, двајцата со Орце се бевме прибрале во собата и се бевме зафатиле да ја ставиме во ред сметката од денешната продажба на облигации. Во соседната соба се слушна викот како при тепање: една врата силно тресна и нечии стапки брзо се оддалечија кон скалите. Веднаш потоа, вратата на нашата соба се отвори и Ана целата облеана во крв - трчејќи дојде кај нас. - Погледајте ме! Гледајте што ми направи Такеџиев! - и таа ни ја покажа својата глава. Над нејзиното чело, од десната страна, зјаеше широка рана. Крвта бликаше од раната, се стечуваше по лицето и по алиштата, правејќи
196
крвава трага по подот. Ана отиде до лавабото и се обиде да ја измие крвта од лицето, но таа продолжуваше да тече и да се стечува надолу. Орце стана, го зеде шишето и почна да ѝ помага да се измие, а јас ја грабнав шапката и со трчање отидов во најблиската аптека за да донесам карболова вода, јодоформ, памук и завој и со трчање се вратив назад. Двајцата со Орце ја очистивме раната и потоа ја преврзавме со завој. Ана се погледна во главата и се насмеа: - Еј, ама убавица сум станала! Слична сум на Али Баба! - рече таа и - веќе смирена - ни раскажа што ѝ се беше случило. Такеџиев се вратил во полупијана состојба и заѕвонил. Ана дошла. Тој ја фатил и покрај нејзиното спротивставување ја повлекол до креветот и се обидел да ја силува. Ана очајнички се бранела и Такеџиев, во својот немоќен бес, го грабнал од масата шишето за вода и ја удрил по главата, а потоа ја треснал вратата зад себе и излегол. - И јас сум човек! - заврши Ана. - Не сум добиче, па да располагаат со мене како што сакат! Не сакам - и толку! Се гнасам од него!... Истата вечер го видов Такеџиев долу, во ресторанот на хотелот. Многу си бил силен! - со упрек му направи забелешка Орце и веднаш го запраша: Што си и ја скршил главата на Ана? - Не сакам никому да му поднесувам сметка! Сум ја расцепил главата на една ороспија - чудо големо! Таа им припаѓа на сите и нема право никој да одбива! Таа не е човек, туку предмет и не ѝ следуваат почитувања! Каде ќе ни биде крајот, ако стомната почне да посакува да биде полнета од овој, а не од оној? Орце, кој не сакаше многу да зборува, отсече кратко: - Да си го собереш умот во главата, да не ти го собереме ние разбра? Тврдиот тон во зборовите на Орце си ги покажа ефектите - от таа вечер наваму, за целото време додека беше во хотелот “Батемберг”, Ана беше оставена на мира од Такеџиев. За целото тоа време таа се грижеше за нас двајцата како мајка и ние најсилно го почувствувавме нејзиното отсуство, кога таа го напушти хотелот “Батемберг” и замина од Софија. Каде отиде таа? - никој не знаеше нешто поодредено по нејзиното заминување. Тоа треба да беше кон средината на јануари 1901 година. Едно утро рано заедно со Орце излеговме за да пласираме облигации од Македонскиот патриотски заем. Одевме заедно. Патот ни беше по улицата “Цар ослободител” и покрај Народното собрание. Денот беше јасен и студен. Иње се беше налепило по железата на оградата и по гранките на дрвјата. Излеговме на плоштадот пред Народното собрание. Сонцето штотуку го беше пробило утринскиот студен обрач на исток и ги беше фрлило првите зраци врз споменикот на Царот - ослободител. Оваа статуа претставуваше темна фигура со светли контури.
197
Орце, кој беше многу молчалив, сега - како никогаш досега - се расприкажа: - Не можам без гнасење да го гледам нахалниот сурат на овој, а исто така и оваа штала! - и тој ја покажа со бастунот статуата на Александар Втори, а со другата рака - Народното собрание. - Што глупава бесмислица е тоа - продолжи Орце - “Цар ослободител”? Сѐ едно како кога ќе кажеш: “Курва-девственица”... Затоа што едниот поим го исклучува другиот... - Го уништил крепосничкото ропство - затоа го нарекле “Цар-ослободител” - му реков јас. - Што уништил? Крепосничкото ропство? А кој бил неговиот најсилен аргумент пред соборот на дворјанството? “Ако ние доброволно не го укинеме крепосништвото, не ќе поминат неколку години и тие закрепостените - сами ќе го премавнат. Но тогаш - тешко нам и на нашите семејства!” И ги ослободил со “откупување”. - А од тоа следува - заклучи Орце - дека Александар Втори не е ослободител, туку првокласен измамник од типот на Константин Велики, зашто преку “откупувањето” ги заробил на друг начин. - А оваа штала? Прочитај и ја девизата: “Соединувањето ја прави силата”. Таму има една грешка во редот на зборовите. Треба да се чита: “Силата го прави соединувањето”. Зашто со груба воена, полициска и судска сила се држи во потчинетост народната маса. Ако не беше така каква потреба имало од армија, од полиција, од судови?... Орце продолжуваше како да зборуваше сам со себе: - Демократија, демек, владеење на народот... Народот - тоа е коњот: оние, кои се на власт се јавачите. Народна власт - демек коњ, кој се јава самиот себе... Кажи ми сега - може ли да се измисли поголема лага, собрана целата во еден збор чиста лага и првокласна бесмислица... Ние поминавме преку плоштадот пред Народното собрание покрај статуата на Александар Втори, излеговме на улицата “Иван Шишман” и се разделивме: Орце продолжи по таа улица на југ, а јас - по улицата на запад, за да ги посетиме бакалите во тој дел на градот и да им предадеме од облигациите што ги носевме со себе. На почетокот на септември 1900 година, по апсењето на Казаков во Цериград и по откривањето на шверцуваниот од неговите Ерменци динамит, Сарафов побарал од Ерменската организација да му достави 120 килограми динамит, кој - според неговите намери - потоа требало да биде прошверцуван во Турција, за да ни биде доставен нам во Цериград. Во јануари 1901 година Сарафов ни соопшти, дека бараниот од него динамит пристигнал во Бугарија. Јас треба да заминам за Пловдив, каде што ќе се сретнам со Агоп Вартанјан, учител во Пловдивското ерменско училиште, да дознам од него каде се наоѓа во тој момент и како ќе го добијам пристигнатиот динамит.
198
Двајцата со Орце веднаш заминавме за Пловдив со конвенционалот како што се нарекуваше возот, кој во тоа време патуваше меѓу Будимпешта и Цариград без да се менуваат вагоните при поминувањето на државните граници, што ги пресечуваше. Возот од Софија тргнуваше околу 10 и половина часот претпладне. Ние патувавме во луксузниот - за тоа време - вагон од трета класа, чиишто нови седишта светеа од чистота. Немаше многу патници. Во купето, каде без било каков багаж се качивме со Орце, бевме само ние двајцата. По излегувањето од Софиската Железничка станица, ние низ прозорците го гледавме сивиот зимски пејсаж, се прозевавме од здодевност, а со прозрачната завеса го бришевме мразот и влагата по прозорците, за да гледаме подобро надвор. Кога се искачивме на височините до Вакарел и се спуштивме надолу кон Ихтиман, еден од прислужниците на вагон-ресторанот облечен во униформа какви што носеа оние што служеа во Socièté International et des Grands expresse européens - едно младо момче - ја отвори вратата на нашето купе и на француски, со силен македонски акцент, рече: - Monsieur le diner est servie! - Еј, нашинец! - се јави Орце - кажи на нашински што сакаш! - Ручекот е готов! - повтори веќе на македонски прислужникот и продолжи понатаму, отворајќи ги вратичките на купеата и упатувајќи ја кон патниците истата покана. - Ми се чини ова момче како да е велешки производ - проговори Орце и се оптегна на седиштето. Набрзо, на враќање назад кон вагон-ресторанот, прислужникот помина по ходникот покрај нашето купе. Орце го повика, тој ја отвори вратата и влезе во купето кај нас. - Ти да не си од Велес - го запраша Орце. - Од Велес сум. - Како се викаш? Од кои си? - Мене ме викаат Милан. Милан Саздов. Милан, кој беше прикажливо момче, ни раскажа подробности од својот живот и од својата служба. Од него дознавме дека при поминувањето на границите кај Белград, Цариброд и Мустафа Паша, оние што служат во вагонот за спиење и во вагон-ресторанот ја користат довербата на царинските и полициските власти и не се подложени на преглед и претресување. Додека се подготвува возот што го опслужуваат за патување назад, тие имаат по неколку часови одмор во Цариград и во Будимпешта. За овие неколку часови тие се слободни и можат да излегуваат низ градот. Ние - за секој случај - ги запишавме деновите, кога истиот вагонресторан во иднина ќе поминува низ Бугарија. По неколкуминутниот разговор со нас, Милан си отиде во вагонресторанот, а ние со Орце одново се оптегнавме на седиштата и молчеливо го продолживме патувањето до Пловдив. Треба да забележам,
199
дека Орце беше много молчалив човек. Кога - по неопходност - требаше да зборува, тој го избираше најкраткиот начин за изразување, притоа, тој ги скусуваше зборовите на половина.
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДИНАМИТ ЗА СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТИ Извесно време ние бевме будно следени од агентите на Претставништвото на Внатрешната Македонска Организација, т.е. од луѓето на Ѓорче Петров, кој беше надушил, дека во Бугарија е прошверцуван динамит, но не му беше познато каде тој се наоѓа. Требаше да побрзаме со неговото добивање и зачувување на сигурно место, зашто Внатрешната Македонска Организација по секоја цена сакаше да нѐ направи безвредни, поради тоа, таа ја беше известила полицијата за присуството на тој динамит во Бугарија. Постоеше и друга причина за да отидам кај мојата братучетка. Ако се обезбедиме со динамит, најсигурно место за негово сокривање и зачувување беше митрополијата. Но, внесувањето и сокривањето на динамитот во митрополијата беше можно само со содејството на Иван А. Јосифчев, или пак на мојата братучетка. Ние оценивме дека не можеме и не треба да го бараме содејството на Иван А. Јосифчев, поради тоа што неговиот светоглед беше светоглед на луѓе од минатото поколение, кое ја беше истрошила својата енергија во борбата со Грчката патријаршија за црковна независност, а и поради тоа што тој беше лојален приврзаник на македонското движење, изразувано преку добротворните друштва во Бугарија. Имаше и една - така да се рече - техничка причина, поради која не можевме да го бараме содејството на Иван А. Јосифчев: тој живееше во една соба на долниот кат, соседна со салата за заседавање, со влез откај заедничкиот салон. Секој ден, а особено во вторник и петок, кога се разгледуваа бракоразводните дела, заедничкиот салон на долниот спрат беше полн со свештеници и други цивилни лица, заинтересирани како странки или како сведоци во разгледуваните бракоразводни или дисциплински дела. Во тие денови собата на Иван А. Јосифчев беше посетувана од оние, кои го исполнуваа заедничкиот салон. Ова посетување ја правеше таа соба целосно неподобна за нашата цел. Мојата прва братучетка Спасена П. Бојкикева, тогаш ученичка во последниот клас на железничката гимназија, ќерка од брат на вујко ми, Пловдивскиот митрополит Натанаил, живееше во една од собите на горниот кат. На истиот кат живееше и митрополитот, кој зафаќаше две соби: од кои едната му служеше истовремено и како спална и како
200
работен кабинет, а другата, соседна на. првата, му служеше за гардеробата и тоа се соединуваше со спалната преку една врата, која беше речиси секогаш отворена. Во собата за гардероба имаше прозорци и се осветлуваше од вратата на спалната. Таа се поврзуваше со собата на Спасепа со една врата, која секогаш беше затворена. Токму собата што служеше како просторија за гардеробата, беше најсигурно место за сокривање и зачувување на динамитот. Мојот вујко, кој беше човек со строги правила, во спалната и во собата која служеше за неговата гардероба одржуваше една иста темперетура од 18 степени Целзиусови, која се контролираше со закачениот на ѕидот термометар - а тоа ја зголемуваше погодноста за скривање на динамитот. Горниот кат на митрополијата речиси не го посетуваа надворешни лица. Кај вујко ми, постојано зафатен со преводи од руските зборници “Житија свјатих”, со својата кореспонденција или со пишување на својата автобиографија, многу ретко доаѓаа посетители - повеќето официјални лица. Спасена - исто така многу ретко - беше посетувана од малкуте нејзини пријателки: Ратка П. Општинска, сестра на Димитар П. Општински и двете ќерки на тогашниот пловдивски лекар на Народничката партија. Тању Начев, на прекар наречуван “Сукалото” - сестрите Зоре и Надежда Т. Начеви. Иако уште ученичка, Спасена беше верена за некој си Иван Петров, учител, кој во времето што го опишувам - учителствуваше некаде низ Пловдивско. Спроти Пловдивската бугарска митрополија, од спротивната страна на улицата, се наоѓаше куќата на д-р Чомаков. Оваа зграда постои и сега на улица “Максим Горки”, а во неа сега е сместена општинската библиотека. Во времето што го опишувам, оваа зграда служеше за пловдивски дворец на кнезот Фердинанд. Кнезот, со синот, престолонаследникот Борис Трновски, тие денови беше во Пловдив. Жената на кнезот Фердинанд - Марија Луиза Пармска - во тоа време се наоѓаше во Евксиноград. Треба да забележам, дека бугарското владетелско семејство - Фердинанд и Марија Луиза - беше пример на семеен договор, како што го опишува Хеката во Валпургиската ноќ во “Фауст” од Гете: Ѕi vous voulez un bon menage Il faut separer les maries Au fond du Nord conduisez l'un Menez l'autre au fonde du midi. Ние пристигнавне во Пловдив и веднаш се упативме кон ерменската маала, откако од плоштадот “Џумајата” тргнавме нагоре по улицата, која сега го носи името “Максим Горки”. По патот ние размисливме оти е излишно и двајцата да одиме кај Агоп Вартанјан. Поразумно беше Орце некаде да ме чека, а јас да одам сам. Токму тогаш поминавме покрај бугарската митрополија и јас му предложив да отидеме кај мојата братучетка Спасена П. Бојкикева, која живееше во митрополијата кај
201
чичко ѝ - мојот вујко - митрополитот Натанаил. Таму Орце ќе ме чека до моето враќање од средбата со Агоп Вартанјан. Кнезот Фердинанд и кнегињата Марија Луиза никогаш не се случуваше истовремено да бидат во исти град. Ако Фердинанд беше во Софија, Мерија Луиза престојуваше во Пловдив; ако Фердинанд дојдеше во Пловдив, Марија Луиза веднаш заминуваше за Евскиноград, ако Фердинанд тргнеше за Евскиноград, Марија Луиза со специјален воз го фаќаше патот за Софија. На истиот начин, штом ќе дознаеше дека жена му доаѓа во градот каде што се наоѓа тој, кнезот Фердинанд го напушташе градот, или пак заминуваше за странство. Како што реков погоре, за времето што раскажувам, кнезот Фердинанд и неговиот син, престолонаследникот, кнезот Борис, беа во Пловдив. Борис беше болен од тифус. За да ги слушне мудрите старечки зборови или за да ја убие здодевноста, со една мала свита од два-тројца офицери, кнезот Фердинанд - тие денови, кога син му боледуваше - доаѓаше речиси секој ден во митрополијата, потпирајќи се на бастунот и газеше како во чинии поради реумата од која патеше, Сопирајќи се на секое скалило по неколку секунди, тој бавно се искачуваше по скалилата на скалите и влегуваше во заедничкиот салон на вториот кат, пречекуван од вујко ми, кој набрзо го наметнуваше расото и излегуваше да го пречека во заедничкиот салон. Канет од вујко ми, обично Фердинанд одбиваше да влезе во приемната соба, која се наоѓаше спроти спалната, од другата страна на салонот; тој директно влегуваше во спалната, каде што велеше дека се чувствува послободно. Обично разговорот меѓу двајцата се водеше за стари, излишни теми. Вујко ми зборуваше тивко, така што - преку собата која служеше како гардероба и преку затворената врата, што ја поврзуваше оваа соба со онаа на Спасена - неговите зборови одвај се доловуваа. Фердинанд зборуваше низ носот, ганголеше и ги изречуваше зборовите бавно и целосно личеше дека мисловно ги преведува зборовите од друг јазик. Тој зборуваше високо и отсечо, со надмен тон во гласот, кој претставуваше нешто средно меѓу гласот на падар и оној на коњички вахмистер. Во собата на Спасена јасно се слушаа фразите, коишто тој ги искажуваше во разговорот со вујко ми. Значи, ние со Орце се упативме кон митрополијата, за да ја добиеме согласноста на Спасена да содејствува со нас во сокривањето и зачувувањето на динамитот во собата што на вујко ми му служеше како место за неговата гардероба, каде што - како што си кроевме со Орце - ќе го внесеме преку нејзината соба. Откако ги запознав, јас веднаш отидов кај господин Вартанјан, кој даде едно писмо до управникот на аптеката во градот Јамбол, Маринов. Штом го добив тоа писмо, јас веднаш се вратив во митрополијата, каде што братучетката ја затеков како ја чита книгата “Лумен” од К. Фла-
202
марион, а Орце - како се грее на печката молчешкум. Како што кажав и погоре, Орце беше многу молчелив човек, тој можеше да молчи и по цели недели, без да каже ниту еден збор. Во времето кога живеевме заедно и спиевме на еден кревет, се случуваше цела недела Орце уста да не отвори. Тоа негово молчење мене многу ме нервираше: - Кажи нешто! Проговори, бе! Проговори, зашто ќе пукнам! - му велев, кога неговото молчење ми доаѓаше до гуша. Тогаш Орце ќе ме погледнеше, по лицето ќе му прелеташе одвај доловлива насмевка... и тој продолжуваше да молчи. Кога не беше зафатен со друго, тој времето го поминуваше во решавање на математички задачи од една збирка што ја носеше постојано во внатрешниот џеб на својот мантил. Кога се вратив од средбата со Агоп Вартанјан, јас го затеков како се грее до печката и молчи, а тоа што беше гостин во собата на една млада и убава госпоѓица - тоа никако не го измени неговиот секојдневен начин на поминување на времето. Моето доаѓање ја оживеа атмосферата во собата. Без многу заобиколувања, јас на Спасена ѝ ја кажав вистинската причина, којашто нѐ беше довела во нејзината соба. Јас братучетка ми ја познавав како младо девојче способно да прифати една општочовечка идеја и со искрена желба да ја спроведе таа идеја во практичниот живот. И не се бев излажал. Таа со ентузијазам ја даде својата согласност да содејствува со нас при сокривањето и зачувувањето на динамитот, кој бевме на пат да го добиеме. Тоа ли е се? Па, тоа е толку ситна услуга! А таа жеднее за поголеми и поопасни дела! Зарем може една вистинска жена да се задоволи само со кујната и креветот на својот маж, со шиењето на детските елечиња и со крпењето чорапи? Зарем човештвото својот прогрес му го должи само на мажите, како и идејата за слобода и борбите за зачувување на слободата? Зарем Јудита, Жан Д’Арк, Шарлота Корде, Софија Перовскаја, Вера Засулич и многу други, биле помалку самопожртвувани од мажите? Уште при првата средба, душевниот афинитет меѓу неа и Орце се пројави во брзи, молчаливи погледи, кои говореа многу. Но, никогаш во својот живот тие не си кажаа и не упатија никого во својата тајна - дека беа вљубени. Подоцна, како при сокривањето и чувањето на динамитот, така и преку летото 1902 година, Спасена настојуваше да дојде со нас во Турција, па се најдовме во чудо од оваа нејзина желба. Нашето решително одбивање длабоко ја беше огорчило и разочарало. Во летото на истата 1901 година, на минување низ Софија за Кустендил, Спасена нѐ запозна - Орце и мене - со својот свршеник, кој беше дошол од Пловдивско да се сретне со свршеницата. Тенок, висок, со сиви очи и безлична физиономија, тој беше пристоен даскал, облечен во жолтеникав - така да се рече, даскалски костум. Спасена уште тогаш ја растури со него свршувачката.
203
Истиот тој ден - ако не се лажам, на Сретение Господово, на втори февруари 1901 година - јас со вечерниот воз заминав за Јамбол. На поаѓање, со Орце го договоривме следново: утре тој и Александар Костов ќе ме чекаат на Железничката станица во Пловдив, за да ми помогнат при симнувањето на куферите од возот и нивното пренесување до пајтонот. Во текот на ноќта пристигнав на Железничката станица во Јамбол и оттаму со пајтон, откако го поминав дрвениот мост на Тунџа, влегов во градот и се сместив да ноќевам во хотелот “Америка”, ако не ме лаже умот. Наредниот ден, на трети февруари 1901 година - многу јасен и студен зимски ден - отидов во аптеката на Маринов и прашав за магистерот - Ерменец. Бараното лице се јави од зад масата, го зеде од мене писмото од Вартанјан, го прочита набрзина и најљубезно ме покани да седнам до печката, која гореше и ја затоплуваше аптеката со пријатна топлина. Ние со него многу малку разговаравме - разменивме неколку вообичаени фрази, со кои тој се информира за моето патување и за господинот Вартанјан. Ништо повеќе. Откако си ја заврши работата со приготвувањето на некаков лек, со кој беше зафатен зад масата, магистерот дојде кај мене, фати да си ги грее рацете и рече: - Денес ќе ја донесам стоката овде, во аптеката. Околу пладне дојди со пајтон. Ќе ги качите куферите во пајтонот и ќе си заминете. Немаше веќе што да се прави во аптеката. Јас си излегов, појдов по улицата нагоре коп хотелот и отидов во собата. Околу пладне изнајмив еден пајтон и со него отидов до аптеката. Магистерот ме чекаше. Со помош на пајтонџијата, ги изнесовме четирите куфери, во кои се наоѓаше динамитот и ги качивме во пајтонот. Јас се поздравив со љубезниот и молчалив магистер и си заминав за Железничката станица. Веќе се беше смрачило кога пристигнав на Железничката станица во Пловдив. Патем да забележам, дека во тоа време Пловдивската железничка станица беше една мала, сина, едноспратна зграда, која се состоеше од три соби: собата за началникот на станицата, собата за телеграфот и чекалната. Сегашната, модерна, двоспратна, просторна железничка станица беше изградена подоцна, во текот на 1910 година, откако бугарската војска ја заграби Хиршовата железничка линија во 1908 година. За ова разбојништво подоцна бугарскиот народ требаше да плати 75 лилиони левови - огромна сума - за една железничка линија со бараки од штици за железнички станици со разјадени шини, со изветвени машини и вагони - воопшто за една железничка линија, која беше на пат да биде ставена вон употреба. Како што се бевме договориле, на станицата ме чекаа Орце и Александар Костов. Ние ги симнавме куферите, ги однесовме надвор од станицата кај пајтонџиите, изнајмивме еден од нив, качивме три куфери на предното седиште на пајтонот, ставивме еден меѓу седиштата, се качивме 204
на пајтонот и по улица “Станциона“ заминавме кон градот. Во тоа време станицата беше на околу еден ипол километар надвор од градот чиишто крајни куќи достигнуваа до Алаџа џами, каде што сега се цвеќарските дуќани спроти киното “Балкаи”. Ние дојдовме до плоштадот “Џумајата”, свртевме надесно кон улицата, која сега го носи името “Максим Горки”, поминавме по неа северно од црквата “Св. Богородица” и точно на свијокот, каде што се соединуваа улиците, кои сега ги носат имињата: “Максим Горки” и “Стојан Чалков”, еден решителен и тврд глас извика отсечно: - Стој! Една иста мисла ни прелета низ главите на тројцата: - Има ли смисла да ни поставиле стапица! Јас скокнав од пајтонот и истрчав пред коњите. Улицата беше препречена од двајца луѓе: еден војник облечен во шинел, со ставен нож на пушката и еден полициски стражар. Јас го познав тој стражар - Никола Тилков, од пловдивската католичка маала; тој беше на стража пред влезот на д-р Чомаковата куќа (т.е. пред дворецот) секогаш, кога кнезот Фердинанд или кнегињата Марија Луиза беа во Пловдив. Тој - така да се рече - го сочинуваше долниот слој на кнежевското владетелско семејство. Јас го запрашав: - Што има? Бај Кољо Тилчев се приближи до мене, ме поздрави со “Добра вечер” и објасни: - Кнесчето - престолонаследникот - денес има криза. Докторите велат наоколу да биде целосна тишина. Неговото царско величество, татко му, нареди никакви коли да не минуваат по улицата, за да не го вознемируваат болното. - Но ние сакаме да одиме во митрополијата! - Можете да одите, ама пешки. Пајтонот ќе се врати назад! - Ами багажот? Имаме многу багаж. Како ќе го носиме? Ние сме тројца, а багажот е во четири куфери. Пајтонџијата може да ни помогне, но не може да ги остави сами коњите и пајтонот. Стражарот - бај Кољо - помисли малку, се колебаше и најпосле рече: - Вие тројцата ќе земете по еден куфер, ќе го земам јас четвртиот и работата ќе се нареди. Така и се случи. Ние му плативме на пајтонџијата, зедовме во раце по еден куфер, стражарот го зеде куферот, кој беше меѓу нашите нозе на седиштето - и сите заедно тргнавме кон митрополијата, која се наоѓаше на сегашната улица “Максим Горки” број 57. - Еј, многу тешки, бе! - рече стражарот. - Што има внатре? - Што има? - одговорив јас. - Книги. Нели знаеш дека книгите се многу тешки.
205
- -
Изгледа дека мојот одговор го задоволи целосно стражарот, кој со офкање и пишкање најпосле го донесе куферот до вратата на митрополијата и веднаш се врати на стражарското место, каде што сега се соединуваат улиците “Максим Горки” и “Стојан Чалков”.
ДИНАМИТОТ СМЕСТЕН ВО ПЛОВДИВСКАТА МИТРОПОЛИЈА Ние ги внесовме куферите во дворот на митрополијата и ги ставивме до столбовите во претсобјето на долниот салон. Ова претсобје одозгора беше покриено и се придржуваше на столбови. Орце и Александар Костов си отидоа. Орце ќе ноќеваше во куќата на Костов, која се наоѓаше како што спомнувам и на друго место - на “Чаушоолу сокак” (сегашната улица “Митрополит Панарет”), а јас - во митрополијата, во една соба со Иван А. Јосифчев. Таа вечер јас ја предупредив Спасена, дека сме го добиле и пренеле динамитот, дека тој сега се наоѓа во претсобјето и дека оваа вечер, откако сите се приберат или пак утре наутро многу рано, без да бидам забележан од никого, куферите ќе ги пренесам во нејзината соба. Наредниот ден, недела, четврти февруари 1901 година, станав многу рано и во најголема тишина, незабележан од никого, ги пренесов куферите еден по еден во собата на Спасена, која исто така беше станата пред да се раздени и го очекуваше донесувањето на динамитот. Кога самна добро, вујко ми, придружуван од Иван А. Јосифчев и од прислужникот на митрополијата, Јаким Мустрев, отиде пешки на црква во катедралата “Света Богородица”. Во Митрополијата останав само јас, Спасена и готвачката. Околу 9 часот наутро дојде Орце. Отидовме во собата на Спасена и почнавме да ги отвораме куферите, за да ја видиме состојбата на донесениот динамит. Тој беше на фишеци, кои по својата форма и големина, по зрнестата маса и црвеникавата боја многу личеше на црн ајвар. Секој фишек беше завиткан во хартија, која беше мазна од нитроглицеринот со кој беше натопена. Завитканите во хартија фишеци беа наредени во патрондаши од грубо ленено платно, по колу 25-30 фишеци во патрондаш. Патрондашите од едната страна завршуваа со по две жала, а од другата со по два ленени раба, т.е. беа подготвени за опашување и закопчување околу половината за лесно и незабележливо пренесување. Врз листовите хартија со кои беа завиткани фишеците од динамит, беше напечатено: “Батум, 1889 година”. Тоа значеше дека динамитот е стар - околу дванаесетгодишен. Измрсената хартија и мазниот изглед на самите фишеци укажуваше на разложување, при што
206
нитроглицеринот беше започнал да се одделува во слободна состојба, а тоа претставуваше голема опасност при манипулирањето со овој динамит. Надвор од тоа, тој беше замрзнат, поради што патрондашите - стегнати од мразот во компактна маса - тешко се одделуваа еден од друг, а тоа работата на одлепувањето и размрзнувањето на патрондашите ја правеше уште поопасна. За полесно размрзнување на динамитот, ние ја запаливме и добро ја разгоревме печката, по што се зафативме со одделувањето на патрондашите еден од друг и со нивното распрострање по масата, столовите и отоманот. И покрај тоа што знаеше на каква смртна опасност се изложува, Спасена не само што не покажа никаков страв и неспокојство, туку за сето време беше многу духовита и остроумна - можеби поради присуството на Орце. Токму кога целата соба беше исполнета со распосланите насекаде патрондаши, околу 11 часот претпладне, од црква се врати вујко ми, потпомаган при искачувањето по скалите од Иван А. Јосифчев и од прислужникот Јаким Мустрев. Тој уште не си го беше соблекол расото, кога од прозорците видовме како влезе на влезната врата еден од дворските офицери: тој доаѓаше да го извести вујко ми, дека помалку на гости ќе му дојде “господарот”, т.е. кнезот Фердинанд. Офицерот си отиде, а по неколку, минути на влезната врата, со Фердинанд на чело, од прозорецот видовме како влегува една група од 3-4 офицери, а во тоа време вујко ми, со уште не симнато расо, помина низ заедничкиот салон и се сопре на горниот крај на скалите, за да го пречека гостинот. Кнезот бавно се качуваше по скалите. Ние слушавме како потчукнуваше со бастунот по скалите и како тешко ги наместуваше нозете по нив. Откако се беше искачил по скалите и - според примениот обичај - му беше бакнал рака на вујко ми, го чувме Фердинанд како со гонголивиот глас вели: - Фаше фисокопреосфештенстфо ! Тенес не можам никако да најдам спокојство... Од 24 часот кнезот Трнофски е фо криса. Ние сите трепериме са негофиот шифот... Тој бугарските зборови ги изговараше на германски начин грубо, при што - во неговата уста - гласот “в” се беше претворил во “ф”, “з” во “с”, “ж” во “ш“, “б” во “п”... Изгледа дека вујко ми го беше поканил во приемната, зашто го слушнавме Фердинанд како продолжува: - Плакотарам. Ја претпочитам тамошната атмосфера на фашата сопа. Таа ме претиспонира кон искрено искашување на чуфстфата, кои ме прануфаат фо офој момент... Прикажувајќи, двајцата влегоа во спалната на вујко ми. Офицерите од свитата останаа да чекаат во заедничкиот салон. Низ отворената врата меѓу собата за гардероба и спалната се слушаше разговорот меѓу двајцата: зборовите на Фердинанд јасно, разбирливо, отсечено, а оние на вујко ми - меко и тивко. Без да сакаме, ние го слушавме нивниот разговор,
207
зашто немаше што друго да правиме - ние го чекавме размрзнувањето на динамитот и молчевме, за да не го предизвикаме вниманието и љубопитството на луѓето, кои поминуваа низ заедничкиот салон или чекаа во него. Најпрвин, по влегувањето во спалната, разговорот меѓу нив двајцата за тема ја имаше болеста на престолонаследникот. Набрзо тие ја променија темата и почнаа да разговараат за работи, што нѐ интересираа. - Фаше фисокопреосфештенстфо - го чувме гласот на Фердинанд молам са Фашата снисхотлифост са мојата отфореност! Фие сте Мекетонец, јас сакам да ја сосечам тејноста на Макетонците. Мноку тешкотии тие и состафаат на мојата флата. Осопено фо сегашниот момент. - Какви тешкотии, ако можам да знам, Ваше царско величество? - На пример, по аферата Михаелеану. Романскиот и етен сначителен тел од сапатниот печат преселе шестока кампања протиф мене и протиф мојата флада, нас нѐ сметаат са откофорни са тејстфата на Макетонците. - Штом не сте замешани во оваа афера, значи, дека тие се на погрешен пат, а тоа треба да Ве успокои, Ваше царско величество. Уште пред неколку илјади години, најголемиот судија - Мојсеј - во своето “Второзаконие” рекол, дека сите треба лично да одговараат за своите дела. Не може таткото да биде одговорен за делата на синот, или синот за делата на татка си... - Така трепа та пите, Фаше Фисокопреосфештенстфо, фо практиката не е така. Мене ме сметаат са откофорен за телата на Макетонците... - Како се, секој занает има свое лице и своја опачина. Што да Ви речам? Нема роза без трње. Ваше високо величество, треба да бидете благодарни ако трњите не се многу бодливи... - Еј пријател! - тивко прозбори на адреса на Фердинанд вечно молчеливиот Орце. Кога би знаел што правиме зад вратава, би прснал да бегаш дорт-нал! По кратко молчење, се слушна ганголивиот глас на Фердинанд: - Фаше Фисокопреосфештенстфо, не снам сошто, но мноку ме мрасат Макетонците... - Ваше царско величество! За своите неуспеси секој треба да ги бара причините, пред сѐ, во себе си. Вие сакате тие да Ве сакаат? Е, добро! Засакајте ги и Вие! Засакајте ги поради нивните квалитети: поради нивниот жар во борбата со Грците за духовна самостојност, поради нивната способност да излезат на крај брзо и лесно со тешкотиите во животот и да ги усвојат брзо знаењата што им ги дава човечката наука. Засакајте ги и поради нивниот недостаток - да примаат се по критичка проценка, а не по сугестија или диктат... - Та ки сасакам, јас та ги сасакам офиа кучина? Фаше Фисокопреосфештенстфо тоа пара нафистина мноку от мене!
208
- Можеби е многу, но така е! Не може да се одговори со љубов на презирот и омразата, како што не може да се очекува врбата да роди грозје или змијата да изљупи гулаб... Настапи молчење, по кое разговорот меѓу двајцата продолжи на нова тема - за времето, кога во Франција царувал таткото на неговата - Фердинандовата - мајка, кнегињата Клементина, која уште била госпоѓица и која - според “Монитор” буела од младост и убавина на дворските балови и приеми... Испратен до скалите од вујко ми и придружуван од својата свита, Фердинанд најпосле тргна да си оди. Тој ден прислужникот во митрополијата, Јаким Мустрев, ја започна својата дворска кариера. Од пред извесно време, тој почна да го црта портретот на престолонаследникот од една фотографија, која порано на вујко ми му ја дал кнезот Фердинанд, со своерачен негов потпис на нејзиниот грб. Оваа фотографија го покажуваше Борис како 7-8 годишно дете во бела офицерска униформа, со бел калпак на главата. Цртежот на Мустрев не беше успешен, но со малку сила на волјата и вообразбата, човек можеше да претпостави дека тоа може да биде портрет на престолонаследникот. Кога слегол од скалите во долниот салон, пред кнезот Фердинанд се истопорил Јаким Мустрев, кој му бакнал рака на “господарот” и му го покажал цртежот. Кнезор Фердинанд го зел цртежот, го погледнал и го дал не еден од офицерите од свитата. Наредниот ден Јаким Мустрев бил повикан во дворецот, каде што бил задржан како прислужник во кујната. Подоцна тој авансирал и достигнал до служба дворски интендант. Осумнаесет години подоцна, во онаа ноќ во месец октомври 1918 година, кога царот Фердинанд, со последниот од неговите “височајши” возови, со кои обично патуваше, избегал од Бугарија по својата абдикација, меѓу малкуте дворски чиновници, кои ја напуштиле Бугарија за да го придружуваат Фердинанд во неговото бегство, бил и дворскиот интендант Јаким Мустрев. За време на распакувањето на динамитот и во текот на неговото размрзнување, најмногу нѐ вознемируваше кутијата со капсулите. Се знае дека експлозивната направа е многу каприциозна, особено кога е замрзната и треба да се одмрзнува. За среќа, не се случи ништо невообичаено. По заминувањето на Фердинанд, вујко ми се врати во својата спална, го спблече расото и калимавката, го навлече џубето, излезе во салонот и по скалите фати да слегува на ручек во трапезаријата, која се наоѓаше на долниот кат. Двајцата со Спасена, исто така, излеговме од нејзината соба и слеговме во трапезаријата, затоа што се храневме со вујко ми. Орце остана во собата за да го нареди назад во куферите размрзнатиот динамит. Вујко ми одамна беше воспоставил посебен ред при јадењето во трпезаријата. Сите што се храневме со вујко ми, слегувавме во трпезари-
209
јата, одевме на своите места, застанувавме исправени околу масата зад столовите и го чекавме доаѓањето на вујко ми. Најпосле и тој доаѓаше и застануваше исто така исправен на своето место. Најмладиот од сотрпезарниците ги прочитуваше молитвите: “Оче наш“ и “Јадењето о Боже”, а кога тој ќе завршише, вујко ми ќе кажеше: “Христо Боже, благослови јастие и питие”, се прекрстуваше, ја благословуваше трпезата, седнуваше и почнуваше да јаде. По него, сите сотрпезници се прекрстуваа, седнуваа на столовите и почнуваа да јадат. За време на јадењето, еден или двајца од прислужниците, со раце скрстени на градите, стоеја зад столот на вујко ми, или пак обиколуваа околу масата за да ги сменуваат чиниите или да носат ново јадење. За време на ручекот или вечерата, во трпезаријата царуваше целосна тишина, зошто не се дозволуваа никакви разговори. По завршувањето на ручекот или на вечерата, вујко ми даваше одобрение за разговори, спорови, забавни раскази и шеги. Кога ќе се завршеа разговорите, вујко ми стануваше, а по него и сите ние станувавме на своите места. Тој ја прочитуваше молитвата: “Благодарим тя Христо Боже наш, яко сподобил еси нас зземних твоих благ”, ја благословуваше трпезата, исчекуваше сите сотрпезници да се изредат според нивната возраст и да му бакнат рака, а потоа тргнуваше да излегува од трпезаријата, се качуваше по скалите и одеше во својата соба, каде - по ручекот - легнуваше да се одмори. Тој ден, во времето додека траеше ручекот, Орце, кој беше останал во собата на Спасена, го наредил размрзнатиот динамит назад во куферите, а потоа нив ги пренел и ги поставил два по два еден врз друг во најтемниот дел на собата која служеше за гардероба, така што - и при отворена врата на спалната - да не може да се забележат. Кога по ручекот, двајцата со Спасена влеговме во нејзината соба, го затековме Орце на масата со молив во рака, задлабочен над една тетратка, како решава некаква математичка задача од збирката која лежеше отворена пред него. По скривањето на динамитот на тоа сигурно место, ние веќе немаше што да правиме во Пловдив и затоа, уште истата вечер, испратени до Железничката станица од Спасена, заминавме за Софија. Затекоа едноличните денови. Бидејќи немавме никаква работа, поголемиот дел од времето со Орце го поминувавме во седиштето на Врховниот Македонски Комитет, кој се наоѓаше на улица “Нишка”, меѓу црквата “Св. Спас” и западниот дел од плоштадот околу црквата “Св. Кирил” (сега “Св. Недела”). Се храневме во “Албанската гостилница”, што ја држеше некој си Аце, прилепчанец. Оваа гостилничка се наоѓаше на аголот меѓу улиците “Марија Луиза” и “Егзарх Јосиф”. Таму си имавме отворено сметка на “Гемиџиите”. На оваа сметка - како што спомнувам и на друго место - секој познат на нас или на гостилничарот,
210
можеше слободно да се најаде и да ја впише вредноста на консумацијата во тефтерот; беше доволно само да му каже на гостилничарот дека е “гемиџија”. Ние сметките од тефтерот ги средувавме секогаш, кога ќе се случеше да имаме пари. Понекогаш со аванс ги плаќавме идните консумации - во зависност од содржината на нашите кесиња во одреден момент. Двајцата со Орце го завршивме задолжението што го примивме од Сарафов - да пласираме облигации од Македонскиот патриотски заем. Целата сума добиена од Орце и од мене, далеку ја надминуваше сумата од 20.000 левови, колку што требаше да добиеме од Сарафов за продолжување и завршување на работите што ги презедовме ние во Цариград и во Солун. Иако секој ден му напомнувавме дека и тој треба да си го изврши задолжението што го беше примил спрема нас, под разни изговори Сарафов од денес за утре го одлагаше извршувањето на ова свое задолжение. Оваа неодредена положба ги изостри нашите нерви до крајни граници. Во текот на тие неколку денови имаше и еден друг постојан посетител на просториите на Комитетот - писателот Антон Страшимиров: Тој штотуку ја беше издал својата комедија “Мрак”. Никогаш не ми се случило да читам нешто толку невкусно и бездарно, како што беше таа “комедија”, во која единственото комично нешто беше тоа што авторот беше успеал да извлече ветување од Сарафов: Комитетот да му даде неколку илјади левови хонорар, откупувајќи го целото издание. Се знае, дека двајцата питачи, кои висат на исти врати, не се поднесуваат. Така се случи, тие дни два вида питачи почнаа да тропаат на иста врата: ние со Орце - за да ја кренеме во воздух централата на Солунската филијала на Отмонаската банка, и Антон Страшимиров - да добие хонорар за својата бездарност. Двајца питачи на иста врата - тоа е премногу за појавување на непријателски дејства меѓу нив. Бидејќи во еден од тие денови, кога на Орце и на мене ни беше дошло до гуша од одолговлечувањата на Сарафов, во многу лошо расположение се шетавме по ходникот, на горниот дел од скалите. Одоздола се зададе Антон Страшимиров, кој брзо се искачи по скалите и ме запраша: - Тука ли е Сарафов? Во овој момент Страшимиров ја беше кренал ногата, за да се искачи на последното скалило. - Сарафов? Ене го долу, на последното скалило на скалите!. Изречувајќи ги овие зборови, јас ја кренав ногата и со целото стапало го удрив Страшимиров во градите. По ударот, со едната нога тој се повлече назад, но ногата му летна кон долното скалило. Страшимиров изгуби рамнотежа и полета надолу, набљудуван од мене и од Орце, наведнат над скалите. Страшимиров се сопре на најдолното скалило, се исправи и со стегнати тупаници - кренати нагоре - почна да пцуе и да ни
211
се заканува. Ние се спуштивме надолу по скалите, но Страшимиров не нѐ дочека - ја отвори влезната врата и избега на улицата. Тој престана да доаѓа во Комитетот. Така заврши приказната со неговиот хонорар за комедијата “Мрак”... Пак во текот на тие денови, едно утро - многу рано - кај нас во хотелот, дојде Слави Мерџанов, силно возбуден. Лицето му беше црвено, нешто што веднаш паѓаше во очи, бидејќи обично лицето му беше бледо. Сега очите некако диво му светеа. Уште при влегувањето тој шумно прими воздух, потоа воздивна и проговори со неприродно весел глас: - Најпосле! Најпосле сум слободен! - Но, кога си бил уапсен? Какви се тие мистерии од тебе? - Ви велам дека најпосле сум слободен! Сношти доцна дознав дека мајка ми умрела. Во целиот мој живот, една мисла постојано ме сопнуваше - дека голема болка ќе ѝ причини ако се случи да ме убијат... Сега сум слободен - мојата смрт нема да му причини болка на никого... Тој се беше загледал пред себе со распламтен поглед, во кој пресушуваа солзите од неговата тага. И тој пак повтори: - Сега, мојата смрт нема никого да измачува! Треба да беше 15 февруари 1901 година наутро. Сарафов, кој пред малку ја беше добил поштата, се покажа на вратата од претседателската соба во седиштето на Комитетот и нѐ викна кај себе. - Прочитајте го ова! - ни рече тој и ни даде еден лист хартија.
КОБНАТА ВЕСТ ОД ЦАРИГРАД Софискиот Врховен Македонски Комитет беше абонент на некаква Виенска информативна служба, од која ги добиваше - во бугарски превод - сите статии и информации од печатот на целиот свет, кои се однесуваа на македонското прашање. Листот хартија што ни го подаде Сарафов, беше бугарскиот превод на една телеграма од Цариград, која се појавила во последниот број на англискиот весник “Тајмс”. Не се сеќавам на точниот текст на телеграмата. Оттогаш до сега поминаа повеќе од 50 години. Од друга страна, по нејзиното прочитување, јас бев зашеметен, како некој да ме беше удрил со дрво по главата. Суштината на нејзината содржина, впрочем, беше ваква: “Цариградската полиција открила некаков тунел под земјата, кој водел од соседниот дуќан, складиштето на бугарската печатница, до темелите на Отоманската банка, со цел таа да се дигне во воздух. Извршени се многу апсења во Цариград и во Солун”.
212
Да беше удрил гром помалку ќе ме погодеше од оние неколку редови, нашаркани од машина за пишување врз едно бледосино парче хартија. Јас целиот се растреперив: парчето хартија ми заигра во рака, колената ми се потсекоа, нозете ми се тресеа, способноста да расудувам ми се помрачи, треперев како да бев тресен од силна треска. Во тој момент ние не знаевме како сето тоа се случило, но нешто ми потскажуваше, дека откривањето на цариградската работа најверојатно се должи на оној никаквец, што Сарафов го испрати да нѐ замени во Цариград. Сарафов! Кога целиот растреперан си ја повратив способноста да мислам и расудувам, првата мисла ми беше - да го убијам Сарафов. Тој, седнат зад своето биро, во тој момент се беше задлабочил во читањето на листовите на Виенското информативно биро. Орце ме повлече за ракавот: - Ајде малку да излеземе! Треба мирно да размислиме за положбата во која се најдовме. Ние излеговме од собата на Сарафов, се спуштивме надолу по скалите и излеговме на улицата. Јас продолжив да треперам како лист. Орце изгледаше спокоен; но честото свиткување и отпуштањето на неговата долна усна покажуваше, дека и тој е вознемирен не помалку од мене. Каде да одиме? Комитетот се наоѓаше на вториот кат на зградата со влез откај улицата “Нишка”. Приземниот спрат на истата зграда, со влез откај истата улица, беше зафатен од една кафеана. Ние влеговме во кафеаната, отидовме на шанкот и си порачавме од нога по четврт литар ракија. Јас го испив овој четврт на еден здив и веднаш - бидејќи почувствував некакво смирување - порачав уште еден четврт, кој исто така го испив наеднаш. Дотогаш јас не бев пиел ракија. При обични услови, половина литар ракија испиена на еден здив, би ме соборила на земјата како ќутук. Сега таа не ме опијани, туку ме врати во нормална состојба. Јас се смирив, престанав да се тресам и почнав да расудувам трезвено. Орце, кој исто така испи половина литар, но не наеднаш, туку голтка по голтка, исто се смири: долната усна престана да му се движи. - Првата мисла откако ја прочитав информацијата, ми беше да го убијам Сарафов - реков јас, за да го нарушам молчењето на Орце. - Фајдас’з!79 - рече Орце. Демек, да не ѝ наштетиме на Турција, туку на самите нас - Македонците - анархисти. Притоа - ние не ги знаевме димензиите на несреќата што нѐ снајде. - Во право си. Треба да се проучат работите на самото место. Некој од нас треба да замине за Цариград. Ние фативме да споредуваме: најдобро од сите условите во Цариград ги познавав јас, но, бидејќи околу два месеца јас лежев уапсен во „Галата сарај”, агентите ме познаваа. Во таков случај - ако ме уапсат положбата, уште повеќе би се влошила, без да имаме можност да ги 79 Бескорисно.
213
прецениме димензиите на несреќата. Орце беше сосема непознат во Цариград, но лошо беше тоа што истовремено со анкетата тој треба да ја запознае и состојбата на лицата. Во замена на таа непријатност, во случај да биде уапсен, пеговото апсење нема да повлече други лоши последици. На крајот решивме тој веднаш да замине за Цариград со својот турски пасош, кој беше во него и кој - на минување низ Пловдив - ќе го визира во пловдивскиот турски конзулат. Уште кога работевме во Цариград на тунелот под Банк отоман, Орце се бевме договориле да го наречуваме во писмата “невестата”, за да можеме да третираме прашања што се однесуваат на него. Сега, првата работа што требаше да ја направиме беше да го предупредиме Павел Шатев, за да избега со време, ако сѐ уште не е уапсен. Јас му го телеграфирав во Кратово приближно следното: “Невестата умре. Веднаш дојди овде на погребот. Петар”. Уште истиот ден двајцата со Орце заминавме за Пловдив. Откако си го визира пасошот, Орце веднаш замина за Цариград, носејќи само заради надворешниот впечаток, еден куфер, во кој имаше еден-два чифта непрани долни алишта. Јас останав да го чекам во Пловдив. Тој замина со конвенционалот, кој од железничката станица во Пловдив тргнуваше околу пладне. Следниот ден, рано наутро, Орце пристигнал во Цариград на железничката станица Сиркеџи. Уште при поминувањето на границата меѓу станицата Хебибчево (сега преименувано “Љубимец”) и станицата Мустафа паша (сега преименувана “Свиленград”), пасошите на патниците биле земени од турската погранична полиција. Во Мустафа паша пасошите на странците, кои патувале од Запад, биле визирани и вратени назад на нивните сопственици. Меѓутоа, оние пасоши што биле на лица, кои доаѓале од Бугарија, биле задржувани. При пристигнувањето на возот на железничката станица Сиркеџи, сите патници што доаѓале од Бугарија биле задржани и, придружувани од еден полициски началник, на кого му биле дадени пасошите, биле одведени до полициската станица “Галата сарај”. Така групата поминала по мостот Кара ќој ќупрусу, се искачила по скалите на Јуксек калдар’м и се упатила по полната со луѓе главна улица за полициската станица “Галата сарај”. Орце го носел својот куфер в рака, одел најодзади во групата, во ред со началникот и се чудел како да се извлече и да избега. Кај една цвеќарница тој подзастанал, загледан во еден буќет расцутени циклами му рекол на полицаецот: Ех, какви убави цвеќиња! Може ли да отидам и да си купам од нив? И, откако видел дека началникот погледнал кон групата задржани, која продолжувала да оди и се колебал дали да му дозволи, додал: Земете ми го куферот и одете. јас сега ќе ве настигнам. Пачалникот климнал со глава во знак на согласност, го прифатил куферот и - кога Орце влегол во дуќанот - заминал по групата задржани
214
патници. Орце навистина купил цвеќиња, излегол да ја следи групата, видел. кога началникот се свртел да види дали доаѓа тој старасен љубител на пролетни цвеќиња; видел, дека - откако забележал како Орце брза кон него - иачалникот, смирен продолжил да ја води групата. Кога дошол до првата попречна улица, наместо да продолжи по групата по главната улица, Орце свртел на десно, надолу кон Галата и - табана кувет!80 зачекорил брзо со своите долги нозе, свртел на лево, потоа на десно - и станал невидлив за цариградската полиција, на која - преку началникот и го подарил својот куфер... Откако избегал, првата работа на Орце му била да го види во каква состојба се наоѓа нашето “складиште на книжни материјали”. Тој слегол во Галата, по трамвајските шини стигнал до зградата на Отоманската банка, ја поодминал, слегол надолу по улицата покрај нејзиниот северозападен ѕид, а потоа свртел на лево по улицата покрај оградата на дворот и касарнските простории на военото обезбедување на банката и најпосле, кога дошол до “нашата” улица, свртел на лево по неа нагоре и поминал покрај “нашето складиште за книжни материјали”. Вратите на складиштето биле затворени, а двете крила на вратата кај клучалката биле врзани со врвка, а врз неа стоел печат од црвен восок. Пред вратата имало стража од еден полициски старешина и еден војникстражар. Бугарската печатница била затворена, а Нанчо Калчов и татко му Калчо Стојанов биле уапсени и одведени во затворот “Бујук заптие” во Стамбол Егзархискиот орган, весникот “Новини”, не излегувал. Освен горенаведените двајца, други апсења меѓу Бугарите и Македонците во Цариград немало. Откако го констатирал горното, Орце тргнал нагоре по скалилата на Јуксек калдар’м, ги поминал и пошол нагоре, тој сосема случајно ја сретнал Ана Шепиц, нашата бивша собарка во софискиот хотел “Батемберг”. Таа сега била незаконска жена на еден Турчин, кој бил на служба инспектор во Цариградската тајна полиција. Ана Шепиц си ја кажала адресата и Орце ја запишал во тефтерчето. - Ако некогаш можам да бидам од корист, дојдете до кај мене на адресата што Ви ја дадов. - Од кои причини сте сега во Цариград? - го запрашала Ана. - Уапсиле двајца мои познати, па дојдов да видам зошто ги уапсиле. Тие сега се во “Бујук заптие”. Сакам да ги видам, но велат дека не пуштаат никој да ги види. - Ќе гледам некако да ја наредиме. Дојди попладне кај нас. Јас ќе разговарам со мојот убавец. За тоа што се случило понатаму - не ги знам подрибностите. Тоа што го знам е, дека Орце се видел со Нанчо и добил од него една белешка. По 80 Табана кувет - буквален превод: ”На нозете сила” Превод по смисла: ”Си плукнал на петиците”.
215
два дена Орце таа белешка ја донесе во Пловдив, а за нејзиниот вистински текст сега не можам да се сетам. Во таа белешка Нанчо соопштуваше дека Новев бил причина да се открие тунелот под Банк отоман и дека пред иеговото - на Нанчо - апсење, тој Новев избегал од Цариград. За целата катастрофа Нанчо за единствен виновник го смета Новев. Кој бил тој Новев? Новев? Многу подоцна ние дознавме, дека под името Новев се криел човекот, кој ја спаси цариградската Банк отоман од разурнување и кој - под вистинското име - се викал Александар Димитров, подоцна познат под името Кипров. Еве што се случило: Испратен од Борис Сарафов за наш заменик во Цариград, Кипров се сретнал со Нанчо Калчев, кој сметал дека Кипров како наш заменик има исти како нас сфаќања, разбирања и односи кон Внатрешната Македонска Организација и најсовесно го упатил во нашата работа, начинот на кој е извршена, како и започната, колку време е работено, кои лица работеле и се така по ред. Кипров го посетил складиштето, го видел тунелот, забележил колкава му е длабочината, должината и другите негови димензии. Тој ги дознал сите подробности во врска со сменувањето на работниците, како и за планот за кревањето на банката во воздухот. Откако се информирал подробно за се, Кипров испратил еден детален извештај до Внатрешната Македонска Организација во Солун. И досега останува отворено прашањето - зошто го испратил тој извештајот? Дали откако се приклучил кон таа Организација и го посочил тој значаен факт? Дали - ако не бил зачленет во неа - на тој начин сакал да ја стекне нејзината доберба? Или сакал да се пофали пред Солуискиот македонски синедрион, дека тој - Кипров - со сета своја ништожност, станал значајна личност во македонското движење? Не се познати вистинските побуди, кои го натерале да го напише тој фатален извештај. Во секој случај, тој извештај бил најподробен: кој е изнајмувачот на “складиштето”, кога била започната и завршена работата, кој и како работел, какви се димензиите на тунелот, до каде тој достигнува и слично. Извештајот бил пишуван со шифрата на Организацијата и во Солун бил испратен преку книжарот Софрониј Ников. По Ников биле испраќани писмата на разни провинциски оргаиизации за Централната македонска организација во Солун. Поради убиството на некој бег во Солунско, што го извршил Трајче Христов, биле извршени неколку апсења во Солун и околината, при што била откриена шифрата и нејзиниот клуч, а било откриено и лицето по кое биле испратени шифрираните писма. Тоа лице е книжарот Софрониј Ников. Без да го вознемирува книжарот, или било кој од оние што го сочинувале Солунскиот Централен Комитет, полицијата ги читала шифрираните писма, си правела белешки од нив и ги пуштала да бидат примани до адресантите. Така таа ги пропуштила сите помалку важни
216
шифрирани писма. Кон крајот на јануари 1901 година таа го дешифрирала извештајот на “Новев” за подготвената работа за кревањето во воздух на централата на Отоманската банка во Цариград. За тоа откритие веднаш бил извесен султанот Хамид, по чија лична наредба турската полиција истовремено ги уапсила Нанчо и татко му во Цариград и целото раководно тело на Внатрешната Македонска Организација во Солун. За среќа Кипров не можел да дознае од Нанчо, кој не знаеше, дека исто таков тунел бил прокопан и во Солун за кревање во воздух и на Солунската филијала на Отоманската банка. Оваа случајна околност го спаси солунскиот тунел од откривање и нашите солунски другари - од апсење. Турската полиција, меѓутоа, ја допуштила веројатноста исто таква работа да е преземена и во други градови во империјата и таа спровела најдетален претрес на дуќаните околу зградите на филијалите на банките во градовите во провинцијата. - Лошо, Орце, лошо! - пишуваше во едно писмо Владо Пингов, кое Орце го доби во Софија неколку дена по неговото враќање од Цариград. - На неколку сефери му правеа јоклама81 на дуќанот, насекаде ги дупеа ѕидовите со остри железни шишови... Меѓутоа, влезот на тунелот бил добро заѕидан и замаскиран, па и покрај сето настојување - солунската полиција не успеала да го открие. Орце го завршил своето проучување. Требало да се врати. Но, како ќе се врати без пасош? Бидејќи пасошот, заедно со куферот, останал во полицаецот за време на неговото доаѓање од железничката станица Сиркеџи. Сакал-нејќел, требало да се побара содејството на Живко Добрев, првиот секретар на бугарскиот конзулат. Живко Добрев му дал на Орце бугарски пасош, откако го испратил претходно курирот да го визира во полицијата. Снабден со пасош и виза, Орце вечерта отишол на станицата Сиркеџи со намера да замине за Пловдив. Пред да земе соба, требало да отиде кај масата, каде што еден полицаец во регистар ги одбележуваше имињата на патниците и броевите на нивните пасоши и куфери. Овој полицаец бил истиот оној од кој Орце избегал пред два дена. Нашиот патник го извадил шамивчето за нос, ја ставил на носот и фатил да кива и да се секне во него и така се приближил до масата, го подал пасошот и - се така кивајќи - го дочекал регистрирањето на пасошот. Откако го зел назад, се свртел со грб кон полицаецот и престанал да кива дури кога се оддалечил од масата. Најпосле ги пуштиле патниците на перонот, Орце се качил во вагонот и отпатувал. Јас го чекав Орце да се врати во Пловдив и речиси секој ден одев во митрополијата кај Спасена. Уште пред заминувањето на Орце за Цариград, ни рекоа дека вујко ми е болен и лежи во постела. Оваа негова болест се засили. Повиканите лекари констатираа некаква затруеност, но 81 Неколку пати вршеа претрес.
217
не можеа да си објаснат од што произлегува тоа. Болеста на вујко ми се засилуваше секој ден во ист сооднос со немоќта на лекарите да си ја објаснат причината. Како и сите во митрополијата, ние со Спасена бевме многу неспокојни поради таа мистериозна болест. Еднаш, кога ги коментиравме зборовите на лекарите, сосема случајно ја прашав Спасена: - Дали динамитот, со нитроглицеринот што се ослободува и испарува - дали тој не е причина за тоа бавно необјасниво труење? Ние со неа фативме да се советуваме и како резултат на тоа решивме да ги изнесиме куферите од собата што служеше за гардероба. Ние ги изнесовме оттаму и ги внесовме во собата на Спасена. Кога се стемни, јас отидов по пајтон, ги натоварив двата куфера во пајтонот и ги однесов во куќата на Александар Костов, кој како што спомнавме и на друго место, живееше во “Чаушолу сокак”, како што во тоа време се викаше сегашната пловдивска улица “Митрополит Панарет”. Два од куферите останаа - за секој случај - во митрополијата. Јас ги качив на таванот, каде што испарувањата на нитроглицеринот немаше да му наштетат никому. По три-четири дена манифестациите на труење исчезнаа и вујко ми целосно оздраве... Едно претпладне, кога бев во собата на Спасена, кнезот Фердинанд беше испратил еден од своите офицери-ординарци да го известат вујко ми, дека ќе дојде кај него во митрополијата. Неколку минути по враќањето на ординарецот, кнезот Фердинанд, со својата свита од 3-4 офицери, излезе од дворецот и тргна кон митрополијата. Во својата соба вујко ми го беше соблекол џубето, го наметна расото и беше почнал да ја става килимавката. Низ умот ми помина една мисла, која гласно ја искажав пред Спасена: - Сите што го среќаваат кнезот, се тргаат да му направат пат. Зошто јас да не го натерам него - крунисаниот - да се тргне и да ми направи пат на мене, синот на Георги Садилото82 од село Мирковци, од горната маала, од крајната куќа? Кнезот Фердинанд беше влегол во дворот на митрополијата и со својот тромав бд се беше упатил кон влезот на зградата. Јас гледав низ прозорецот кога тој дојде до влезот и јас излегов од собата на Спасена. Поминав преку заедничкиот салон, дојдов до горниот крај на скалите и зад себе го слушнав вујко ми како излегува од својата соба, за да го пречека гостинот. Од горниот крај на скалите јас го видов кнезот како влегува во митрополијата и како пристапува кон долниот крај на истите скали. Во тој момент јас брзо се спуштив по скалите, без да гледам пред себе, како 82 Сите жители на моето село Мирковци имаат прекари. Татко ми, кој беше многу висок, при одењето се клатеше настрана и со својот ôд наликуваше на движењето на земјоделски прибор за засадување на лозови прачки. Оттаму и неговиот прекар “Садилото”.
218
да трчам по извршувањето на некоја брза порачка. Јас ги прескокнував скалилата преку две и како фурија поминав надолу. Кнезот Фердинанд, кој беше стапнал на првото скалило, се повлече назад, слезе од скалилото, при што се потпираше на бастунот, и се тргна за да ми паправи пат да поминам. Кога - по заминувањето на кнезот - се вратив во митрополијата, Спасена ми кажа дека го слушнала Фердинанд како му ја прави на вујко ми следната забелешка: - Ваше високопреосвештенство, изгледа по многу брза работа сте го испратиле вашиот прислужник! Вујко ми, кој ме виде како се спуштив по скалите, промрморил: Да. Го испратив по многу брза работа во аптеката. А кога се вратив и седнав за ручек на трпезата, вујко ми за сето време молчеше со наведната глава, ја сркаше супата и одвреме-навреме ми врлаше - под надвиснатите дебели веѓи - по еден поглед, полн со незадоволство и огорченост... Околу 20 февруари 1901 година Орце се врати од Цариград. Катастрофата беше целосна и - барем засега - овој град престана да нѐ интересира. Судбината на двајцата уапсени беше многу горчлива, но ние засега беше невозможно да ја олесниме. Можеби во иднина ќе направиме нешто, но засега тоа беше исклучено.
ЦЕЛОТО ВНИМАНИЕ НАСОЧЕНО КОН СОЛУН Целото наше внимание сега се всредоточи на Солун. Динамитот што го бев пренел во “Чаушоолу сокак”, не можеше долго време да се држи таму; требаше што поскоро да се пренесе до Солун. По кусо советување со Орце, решивме двата куфера да ги пренесеме во селото Рила, а потоа да се погрижиме да ги прошверцуваме во Горна Џумаја и потоа оттаму да ги пренесеме во Солун. Во учебната 1893/94 година, како јункер во Софиското воено училиште, јас бев соученик со Штерју Ликоманов, родум од градот Брацигово. Иако беше со висок раст, Штерју Ликоманов седеше во првата клупа во класот, а бидејќи беше неискусен и слабо контактираше со непознати другари, во своето шајачно, синкаво, долго палто седеше постојано свиткан, како да сакаше да го скрие својот раст. Тој не беше дружељубив и затоа, кога се здруживме со него, многу се приврза за мене. наредната година, веќе свикнат да живее меѓу малку познати другари, Штерју се поправи, се отпушти, така што во Военото училиште земаше учество во сите ученички ѓаволштини, за коишто спомени учениците ги сврзуваат во целиот нивни живот. 219
Сега. јас знаев, дека откако го завршил Военото училиште во 1898 година, Штерју Ликоманов бил произведен во офицерски чин и дека во 1900 година бил испратен како граничен офицер во селото Рила, Дупничко. Впрочем, со Орце решивме да ги пренесеме двата куфера во селото Рила и да му ги довериме на овој мој пријател од ученичките години. Уште истата вечер двајцата со Орце отпатувавме од Пловдив. При заминувањето, ние двата куфера ги дадовме како багаж до железничката станица Радомир - тогаш железничната линија до градот Дупница не постоеше; како теснолииејка таа беше изградена, за време на Првата светска војна, а иеколку години подоцна, таа беше претворена во нормална железничка линија. Орце сакаше да слезе во Софија, каде што - претпоставувавме - дека Шатев пристигнал од Кратово, а јас требаше да продолжам до Радомир, за да ги приберам куферите и да ги однесам во селото Рила. На железничката станица во Софија - кога го заменив возот - во вагонот го видов Такеџиев, кого го запрашав: - Каде ќе одиш? - Кон Ќустендил. - Што ќе правиш во Ќустендил? - Ете така. Посакав да обиколам таму, каде што на времето бев човек, зашто работев, т.е. живеев. Право да ти кажам, ми омрзна безделничењето во Софија. - Ќе се рече дека сакаш да заличиш на дух, кој 40 денови лета по истите места, каде што живеел... Низ умот ми прелета мислата: “А зошто да не отидеме заедно со него до Дупница?“ Неговото друштво ќе ми биде корисно - во очите на оние од Внатрешната Организација ќе поминам за безделник, чијашто волја за дејствен живот - како и на Текеџиев - е упропастена” - и му предложив: - Ајде да те водам во Дупница! И без тоа јас го плаќам пајтонот. - Што ќе правам во Дупница? - До таму ќе бидеме во друштво двајцата. - Јас одам за Ќустендил... - Но, што ќе ти пречи да отидеш од Дупница за Ќустендил? Колку ќе платиш за пајтон одовде до Ќустендил, толку ќе платиш и од Дупница дотаму... На крајот, ние и двајцата заминавме за Дупница. Ручавме во Карнишките анчиња. Околу два часот попладне, штом пристигнавме во Дупница, Такеџиев го оставив во хотелот “Џумаја”, отидов на плоштадот, пазарив пајтон за село Рила, ги префрлив куферите од еден пајтон во друг и веднаш заминав. Вечерта, по темница, пристигнав во селото Рила и запрев пред куќата каде што живееше Штерју Ликоманов и кој се наоѓаше на 150-200
220
чекори од западниот крај на селото. Ликоманов го најдов во неговата соба. Јас со неколку зборови му објаснив дека носам динамит, наменет за Турција; дека Организацијата по секоја цена сака да ни го одземе, а ја известила и власта за неговото присуство во Бугарија. Го замолив да ни помогне со тоа што ќе го прими и зачува динамитот во неговата соба додека не изнајдеме начин да го прошверцуваме низ Горна Џумаја. Ликоманов не се поколеба - тој го испрати ординарецот некаде низ селото и сам ми помогна при симнувањето на куферите, нивното внесување во собата и ставањето под неговиот кревет. Откако му платив на пајтонџијата, кој се качи на предното седиште и - како што бевме договориле - ги потера коњите назад кон Дупница. А јас го продолжив патот кон средината на селото и влегов во локалот на Христо Миладинов - истиот оној бај Христо, кој пред две години, кога заминувавме со четата на Гоце Делчев, за време на денувањето покрај реката Мариславица, ни беше донел храна и не почести со едно канче вино. Освен запознавањето со братот на Христо - Александар Миладинов, висок, строен, 21-22-годишен младинец - во сеќавањето не ми останало многу нешто од таа вечер, која што ја поминавме околу запалената печка. Си спомнувам, дека Христо, кој во селото Рила држеше ан и локал со пијалаци, таа вечер ми остави малку подруг впечаток од оној, што ми го беше оставил пред две години: тогаш тој беше пргав, весел, љубезен, разговорлив, а сега беше молчалив, сериозен, со бавни и тешки движења. Неговиот брат Александар, многу помлад од него, беше ентусијазиран млад човек и - колку што разбрав од разговорот со него - со анархисточки светоглед, којшто го оформил преку контактите со Димитар Коштанов. Наредниот ден, рано наутро, во локалот дојде еден сув, висок господин, со костенлива чаталеста брадичка, со каскет на главата, и со дебел бастун во рацете, кој го запраша Христо за мене. Христо ме посочи. Се запознавме - Јане Сандански, учител во селото Рила. Го запрашав: - Изгледа дека ме знаете по име. Дозволете ми да дознам со што можам да ви бидам од корист? - Полезен ќе можете да ми бидете ако ми кажете зошто сте дојдени во ова време во Рила. А Вас зошто Ве интересира моето доаѓање? - Јас сум од Организацијата, која се интересира за движењето на туѓи за неа луѓе по овие места. - А јас не ѝ припаѓам на Организацијата, следствено, не сум должен да поднесувам сметки ниту Вам, ниту на Организацијата, ниту кому и да било.
221
Јане Сандански на неколку пати го вртеше прашањето кон тоа зошто сум дошол во селото Рила, од што заклучив, дека пренесувањето на динамитот во селото Рила се измолкнало од набљудувањето на Внатрешната Македонска Организација. Со Јане Сандански ние се разделивме како непријатели - студено, без вообичаените љубезни фрази на штотуку запознаени луѓе. Придружуван од Александар Миладинов до селото Кочериново истиот ден јас заминав пешки за градот Дупница. Тоа момче - Александар.Миладинов - стануваше сѐ посимпатично во моите очи. Пренесувањето на динамитот до селото Рила остана незабележано од ловечките кучиња на Внатрешната Македонска Организација. Во секој случај, тие забележале дека од железничката станица Радомир јас сум пристигнал во Дупница со два куфера и дека со истиот тој багаж сум заминал за селото Рила. Три или четири дена по моето заминување од Рила, пограничниот офицер, потпоручникот Штерју Ликоманов, добил брза телеграфска доверлива наредба, според која: “Военото министерство има конкретни сведенија, дека пред неколку дена во селото Рила бил донесен околу 80 килограма динамит. Веднаш да го претресете селото, за да го откриете и конфискувате донесениот динамит.”. За извршување на оваа брза доверлива телеграфска наредба, потпоручникот Ш. Ликоманов, во содејство со полицијата и општинската власт, презел најдетален претрес во сите куќи на селото Рила и не можел да го открие бараниот динамит ... кој мирно почивал во двата куфера под неговиот кревет во неговата соба - единственото место каде што не бил извршен претрес... Кога се вратив во Софија, Орце ми даде да прочитам едно писмо од Шатев. Не можам да се сетам за неговиот вистински текст, но општиот впечаток од неговата содржина беше, дека Шатев живее не на земјата, туку на месечината, или пак дека е паднат од Јупитер. Тој пишува дека го зачудува нашата тревога - голема работа се случила ако умрела “невестата”! Бидува ли за такви работи тој да го напушта Кратово среде зима? Писмото завршуваше приближно вака: “Додека не го вратам ќилимчето и половината лира (тој го соопштуваше името на некој негов познат учител)” кој ми ги даде во Струмица, кога ме тераа пешки уќуматмарифет-лен83 од Солун за Скопје, нема да ги мрднам нозете од Кратово”. - Е, ќе го накривиш некому, ако не мрднеш од Кратово! - забележа Орце на адреса на Шатев, кога на глас го прочита писмото и неговата последна фраза. 83 Преведено буквално: “Со административен надзор”. Преведено по смисла: “Под стража”.
222
Впрочем, тогаш ние не знаевме како - без зимско палто, во модерен костум, со сламена шапка на главата, со очила на носот и со скинати чевли на нозете - по дожд и лапавица, во кал до гуша, теран од двајца коњанички жандарми, Павел бил дотеран од Солун во Скопје. Сигурно тогаш на Шатев не му се сакало - пешки, по февруарски студ - да го повтори по истиот кијамет патувањето од Кратово до Софија... На страница 120 од својата книга „Во Македонија под ропство”, ред 2, Павел Шатев пишува: “Во текот на февруари 1902 година со поштата од П. Манџуков ја добив следната телеграма: “Васковата невеста умре...” Шатев ја меша годината, зашто јас телеграмата му ја испратив веднаш откако од весникот “Тајмс” дознав, дека тунелот под цариградската Отоманска банка е откриен, т.е. во февруари 1901 година, а не една година подоцна, кога не би имало зошто да го предупредам да бега од Кратово. Вистината е следната: по моето предупредување, Шатев избегал од Кратово во крајот на февруари 1901 година. Тој, меѓутоа, во Софија дојде дури во февруари или март 1902 година. Каде се меткал цела година од февруари 1901 до февруари 1902 година - не знам. Изгледа, дека и тој самиот, кога кон 1930 година ја пишувал својата книга, не бил во состојба да си поднесе сметка за тоа време. Не можам да се сетам од кои причини дали за манипулацијата со пироксилин или за неговото набавување од инженериската касарна, во почетокот на март 1901 година со Орце отидовме во оваа касарна, која се наоѓаше на околу еден ипол километар јужно од крајните куќи на Софија, покрај патот за селото Кнежево. Отидовме да го побараме, да го најдеме и да се запознаеме со Костадин Нунков, родум од градот Чирпан, кој во тоа време ја отслужуваше својата воена обврска како војникинженерец. Јас го познавав К. Нунков само по името и бев љубопитен да го видам и да се запознаам со овој господин. За него бев слушал од Д. Општински, кој пред три години го беше сретнал во Женева, кога со Лида Мајер поминувал низ Швајцарија за Италија. Тие двајцата - Лида Мајер и Нунков - во тоа време ја обиколиле Централна Европа и заминувале на југ. Тие ја поминувале весело, во интимно дружење, својата младост и не се стеснувале расходите на своите лудории да ги покриваат од ќесето на пазарџишкиот адвокат Јосиф Мајер, татко и на Лида.
ДРУГАРУВАЊЕТО СО ОРЦЕ И МИЛАН ПОШОРДАНОВИ Висок, строен, со малку пропаднати гради и заоблени плеќи, Костадин Нунков имаше сиви очи, светлокостенливи: коса, штотуку проникнати мустаќи и мала, раздвоена брадичка, па личеше на штотуку
223
ракоположен ѓакон. Неговите влажни и црвени усни укажуваа на чувствителност и нервозен карактер. По нашата посета, на поаѓање, тој нѐ придружуваше до границата на касарнскиот реон и вети, дека штом ќе ја симне униформата - а тоа треба да биде по неколку дена - ќе дојде да нѐ побара во Софија. Се сеќавам дека тогаш ние од него зедовме 3-4 шестоаголни примероци, за да се научиме да ракуваме со овој вид динамит. Во текот на април 1901 година, веднаш по излегувањето од војска, Нунков нѐ најде во хотелот и остана да живее кај нас преку целото лето. Заради економичноста и за да не бидеме во постојан контакт со и следени од луѓето на Ѓорче Петров, т.е. на Внатрешната Македонска Организација, ние се бевме преселиле во еден мал од трета категорија хотел, за чиешто име не се сеќавам, а кој се наоѓаше на другата страна на улицата, спроти хотелот “Батемберг”. Есента 1901 година, кога со Орце заминавме во експедиција за ослободување на Мерџанов и на другите наши и негови другари, Нунков дојде со нас во селото Текенџа (Бургаско). Откако Врховниот Македонски Комитет на генерал Цончев, преку своите пратеници: Антон Бозуков и резервниот поручник Саракинов, кои ги обиколуваа пограничните места во тој крај, го спречи заминувањето на нашата чета во Турција, Костадин Нунков се врати назад во Софија. За времето што го помина во постојано дружење со нас, К. Нунков го оформи конечно својот мироглед на анархист. Иако ги споделуваше нашите погледи за безвластието воопшто и - како нас - ја сметаше за ефикасна борбата со апсолутистичката власт во Турција преку атентати врз оние што ја крепат таа власт (какви што беа европските кредитни установи во Турција), Нунков не успеа да се ослободи од заблудата дека востанието во Македонија ќе стави крај на турското владеење во оваа земја. По разделбата со нас тој замина за Македонија, зеде учество во востанието и загина во него. Нашата разделба во селото Текенџа. Есента 1901 година, беше разделба за навек - ние веќе со него не се видовме. Пак во март 1901 година кај нас, во хотелот, дојде и нѐ посети поголемиот брат на Орце, Милан Поп Јорданов. Тој бил учител во градот Радовиш, каде што членувал во месната организација. Поради својот независен карактер и поради критиката, на којашто го подлагале локалните раководители, тој станал многу непријатен за организационите раководни личности во Радовишко. Од друга страна, тој паѓал в очи на турската власт, која сакала да го уапси. Тој, меѓутоа, навреме ја насетил опасноста, успеал да избега и сега нѐ беше нашол во Софија. Толкава му беше одвратноста спрема махинациите на Внатрешната Македонска Организација, што покрај од неа, тој се беше одрекол и од самото македонско ослободително движење и често велеше: - Не сакам повеќе да играм театро во комедијата “Ослободување на Македонија” - демек “Стани ти, да седнам јас!”
224
Тој имаше една мечта: да поминат неколку месеци, додека - мислеше тој - турската власт го заборави, а потоа да си отиде во Велес, да седне на кепенокот на дуќанот, да заживее мирно, спокојно и кротко, како што во минатото живееле нашите дедовци-еснафи. Двајцата браќа - Орце и Милан - се разликуваа по се: и по физиономија, и по раст, и по телесна градба, и по боја на кожата и косите, и по карактер. Главата на Орце беше издолжена, а темето - остро, а на Милан широка, со теме одзади сплескано. Лицето на Орце беше издолжено, бледо, со црномурна нијанса, додека Милан имаше тркалезно лице, бело и црвеникаво. Носот на Орце беше прав и тенок, а Милан имаше чпртав нос. Очите на Орце беа сивозеленикави, а Милан имаше јасно сини очи. Косата и веѓите на Орце имаа темнокостенлива боја, додека косата и веѓите на Милан беа руси. Орце беше височок, со тенко торзо, прстите на рацете му беа тенки, долги, деликатни. Милан имаше среден раст, широко торзо, расфрлана телесна градба, средно долги раце со дебели, јазлести прсти. Орце беше молчелив и кога - по неопходност требаше нешто да каже, избираше најкратки изрази, тој ретко се насмевнуваше и речиси никогаш не се шегуваше. Милан беше прикажлив, весел, остроумен и шегаџија. Тој месец март на 1901 година беше полн со изнеиадувања за нас. Под притисок на романскиот и на голем дел од западниот печат, како и на дипломатските постапки на државите, кои имаа интерес за зачувување на статусквото во Турција, бугарската влада на Каравелов-Данев пристапи кон апсење на членовите на Сарафовиот Врховен Македонски Комитет. На 23 март 1901 година, петок, на излегување од седиштето на Комитетот вечерта, Сарафов, Т. Давидов и други биле пресретнати и опколени од еден вод полициски стражари, командувани од полицискиот старешина Вељо Маринов, кој посакал да ги уапси на улица. Сарафов побарал од старешината да го види решението на судскиот иследник за нивното апсење. Вељо Маринов одговорил дека такво решение уште нема, но дека тоа ќе му биде дадено од иследникот утре. - Кога го добиете решението, тогаш ќе дојдете да нѐ апсите - рекол Сарафов. А сега - тргнете се и оставете нѐ на мир. Еден чекор кон нас и ќе го платите тоа со својот живот! Сарафов и Т. Давидов ги извадиле револверите и ги впериле кон старешината и стражарите, кои се повлекле на 15-20 чекори назад. Сарафов, Т. Давидов и другите го продолжиле патот за дома, следени од далеку од старешината и стражарите. Уште истата вечер седиштето на Комитетот било запечатено, а емигрантите што биле таму затечени - истерани. Доцна вечерта - еден од емигрантите - Коста Мазнејков, “Даскалчето”, како што го викаа - ме најде и ми ја предаде пораката од Сарафов - да направам сѐ што е можно,
225
за да влезам во седиштето на Комитетот, да ги земам и да ги уништам хартиите што се наоѓаа во собата на Сарафов, на неговата маса. На 24 март 1901 година, сабота, Сарафов и уште 7 души, кои го сочииувале Врховниот Македонски Комитет се јавиле во втората полициска станица и таму биле задржани по сила на решението, издадено од судскиот иследник Хрусанов. Во текот на тој ден двајцата со Орце спроведовме разузнавање, за да видиме од каде може да се вовлечеме во седиштето на Комитетот. Резултатот од ова разузнавање беше следниот: во овие простории може да се влезе преку таванскиот прозорец на покривот, а на него може да се дојде од покривот на соседната зграда, залепена со грбот до онаа каде што беше седиштето на Комитетот. Во соседната зграда беше сместен Светиот синод на бугарската црква, а неговиот влез беше откај плоштадот “Св. Крал”. Значи, Орце или јас, требаше преку зградата на Синодот да се качиме на покривот на комитетското седиште и оттаму преку таванскиот прозорец, да се вовлечеме во него. Тоа не беше тешка работа. Сега Синодот не заседаваше, а таму моментално живееше митрополитот Максим, кој ме познаваше. Вечерта, околу 9 часот, влегов во зградата на Синодот, се качив по скалите - и бидејќи вратата на апартманот беше заклучена - заѕвонив. Зад заклучената врата го слушнав прислужникот како прашува: - Кој ѕвони? - Ве молам, отворете! Сакам да разговарам со високопреосвештениот Максим. - Дојдете утре! - Сакам да разговарам сега. Ве молам - повикајте го. По една минута зад заклучената врата го слушнав гласот на митрополитот Максим: - Кој сте? Јас си го кажав името. Точно е дека Максим ме познаваше, ама знаеше дека не сум кротка православна овчичка. Максим се јави, но не од истото место зад вратата. За цело време додека траеше нашиот разговор со заклучена врата меѓу нас, тој постојано го менуваше местото зад вратата, по што разбрав, дека се плаши да не пукам по него според тоа откаде доаѓа гласот. - Што барате во ова време? - Имам да ви соопштам нешто многу важно. - Важните работи се расправаат дење! - Но случајот е таков, што налага сега да разговараме. Ве молам, отворете! - Што има да ми кажувате? - Ви реков - не можам да зборувам преку врата! Отворете! - Не смеам да отворам на ноќни посетители! - Но, јас Ви кажав кој сум. Вие ме познавате. Отворете ја вратата за да ви кажам зошто сум дошол?
226
- Утре ќе ми кажете. Сега не можам да Ве пуштам да влезете. Напразно го молев да отвори. Проклетиот поп се заинати како тројанско магаре и не ми отвори. Значи, планот да се влезе во седиштето на Комитетот и да се земат тие пишувани документи оттаму - пропадна. При сето тоа, тие документи не требаше да попаднат во рацете на иследникот Хрусанов. Значи - останува да го најдеме и да му отчитаме едно “слово”, за да го принудиме да не ги види тие проклети документи. Следниот ден - 25 март 1901 година, недела, Благовештение - со Орце ја дознавме адресата на Хрусанов. Тој живеал на улица “Парчевич”, ако не ме лаже умот, западно од улицата “Витошка”. Ние ја најдовме куќата и се распрашавме за него. Го немаше. Сме можеле да го најдеме само рано наутро. Наредниот ден - 26 март 1901 година, уште пред да се раздени, двајцата со Орце бевме на стража пред влезната врата. Хрусанов, кој не беше женет, живееше во оваа едноспратна куќа, градена скоро откако бившиот софиски градоначалник Димитар Петков - во 1888 година - од темели го беше разурнал стариот град. Околу куќата имаше градина, а во градината - чешма. Околу 6 часот наутро, еден човек, облечен во панталони, по кошула и елек, со пешкир, префрлен преку рамото, излезе од куќата и отиде да се мие на чешмата. Тој беше висок, со костенлива полуопаѓана коса и со долга костенлива брада. Тој почна да се мие. Јас ја поттурнав вратата од штици на оградата и влегов во градината. Орце остана на улицата, до вратата. Се приближив до Хрусанов, кој во тој момент си го миеше сапунот од лицето. - Добро утро! Вие сте господин Хрусанов, нели? - Да. Што сакате? - Судски иследник? -Да. - Натоварен со иследувањето на Комитетот на Сарафов? Костенливата долга брада почна да се тресе и да ги прска водените капки настрана. - Вие ќе правите претрес на комитетското седиште? -Да. - Кога ќе го правите претресот? - Денес. - Слушајте, господине Хрусанов! За сето време додека трае иследувањето ќе паметите, дека сте пред се човек и Бугарин, а потоа и - дека сте иследник! При претресот ќе ги ставите прстите на очите, за да не го видете тоа, што не треба да го види иследникот. Запомнете го тоа што Ви го велам, за да не се јави потреба да Ви се напоменува уште еднаш... Разбравте, нели? - Разбрав. 227
- За време на претресот, на кој ќе присуствувам и јас, ќе проверам дали сте ме разбрале како треба... Довидување, господине Хрусанов. Ние со Орце ја оставивме високата фигура на Хрусанов да го следа преку оградата нашето заминување и веднаш се упативме кон втората полициска станица, каде што се видовме со Сарафов, кому му раскажавме за нашата средба со Хрусанов. Беше уште рано. Петресот на комитетското седиште немаше да почне порано од 9 часот, а сега немаше уште 7. Ние имавме време да прошетаме два часа во Градската градина и да ја обмислиме состојбата во која се најдовме. Апсењето на Борис Сарафов ги сврте сите наши планови и намери со главата надолу. Перспективата да добиеме 20.000 левови за продолжувањето и побрзото довршување на работата во Солун се оддалечи. Ние шетавме молчаливо во градината, а само одвреме-навреме, со одделни зборови и куси изрази ги изнесувавме гласно своите мисли. Се мислевме што да правиме. Со рацете во џебовите на својот црн мантил, по една од соседните алеи, без било какво обезбедување по него, одеше претседателот на Министерскиот совет Петко Каравелов, кој беше излегол од дома - од една ниска, неугледна куќа, која се наоѓаше на улицата “Војничка”, во соседство на Градската градина - и одеше пешки кон некое од министерствата, кои се наоѓаа на запад од градината. Имаше нешто изнасилено и предизвикувачко во неговото - на изглед спокојно однесување, со кое како да сакаше да каже: - Јас и мојата влада пет пари не даваме за мислењето и чувствата на толпата. Ние не се плашиме од овие ваши зајачки ѓурултии! Орце, кој за момент се запре и го изгледа, кога Каравелов одмина натаму, го наруши своето молчење и прос’ска со притаена злоба: - Шетај слободно, безобразнику! Да не сме ангажирани во Солун, не би те оставиле да се шеташ со овој сурат! На 24 март 1901 година, истиот ден кога беше уапсен составот на Сарафовиот Врховен Македонски Комитет, околу 9 часот наутро, двајцата со Орце се шетавме молчаливо во Градската градина. Околу водопадот, овенчан со статуата на Дијана, која во раката држи риба, имаше клупи. На една од тие клупи видовме еден црноок господин, со црни пострижени мустаќи и црна, ниска, неизбричена брада, облечен во ветви, излитени алишта со сиво-црвеникава боја. Тој ги беше ставил рацете на потпирачот на клупата и се беше загледал пред себе со поглед, од кој се чинеше дека гледа, ама ништо не види. Орце се стресе и зачудено извика: - Ај! Димче Мечето! - и брзо отиде кај него. - Кога дојде во Софија, Диме? - Дојдов. Сите доаѓаат, дојдов и јас! - и Мечето ја сврте главата настрана, со што сакаше да каже, дека повеќе не сака да го распрашуваат.
228
Ние отидовме и го оставивме седнат на клупата во истата поза. Приквечер, на минување низ градината, пак го видовме Мечето како седи на клупата во мрачно расположение. Следниот ден, кога минувавме низ градииата, пак го видовме Мечето како седи на клупата во уште помрачно расположение. На враќање - истата слика. Орце се запре и го запраша: - Каде си на стан Диме? - Тебе што те јаде газот да прашаш каде спијам? - Што има лошо, ако те прашам? - А што е арно во прашањето? Ајде, терај си го магарето! Избркани на тој начин од Мечето, ние се оддалечивме од него и си заминавме по работа. Третиот ден се случи пак да поминеме низ градината. Мечето седеше на истата клупа во најмрачно расположение. Орце не застана кај него, но кога се оддалечивме на 10-15 чекори, тој ми рече: - Знаеш ли? Ми се чини дека Мечето е гладен и нема стан. Ајде да се вратиме кај него! Ние се вративме кај него. Мечето воопшто не нѐ погледна. Погледот му одеше некаде зад нас. Орцето го запраша: - Види, Диме! - Што има? - Денес каде си ручал? - Што сакаш од мене? Остај ме раат! - Кажи де! Каде си ручал? - Не сум ручал! - А синоќа - си вечерал ли? - Не сум вечерал. - Вчера на ручок? - И вчера не сум ручал. Ајде, остај ме! Терај си го магарето! - Не може. Ќе дојдеш со нас! И покрај неговото спротивставување, ние го фативме Мечето под мишки и го одведовме во Албанската гостилница. Мечето јадеше иајскромно. Изгледа тој се измачуваше од мислата за расходите што ни ги направи. Откако излеговме од гостилницата, Мечето се опушти: тој бил испратен од Организацијата во Велешко да купува оружје за населението. За таа цел му дале 1500 турски лири во златни монети, кои сега се наоѓале во ќемерот, кој беше опашен околу неговата половина. - Демек, парите се у тебе? - запраша Орце. - Еве ги! Побарај го ќемерот! Како Орце, така и јас го опипавме ќемерот околу неговиот појас. Тој беше тврд и набабрен од златни монети, со кои беше наполнет. - И со толку пари у тебе, ти ќе умреш од глад? - Тие пари не се мои, туку народни. Јас не крадам народни пари, за да јадам! 229
- А ако уште некој ден не јадеш - би умрел од глад и што ќе станеше тогаш со народните пари? Немаш ли толку ум за да ја сфатиш оваа работа? - Што да правам? Никој не ми кажа дека можам да арчам од нив за јадење! Од тој ден наваму - за сето време додека беше во Софија - Диме Мечев се хранеше редовно во Албанската гостилница на сметката на Гемиџиите, при што јадењата не ги избираше според нивната хранливост, вкус и начин на подготвување, туку по нивната цена. Тој си порачуваше од најевтините јадења, за да нѐ чини што е можно помалку. Мечето беше многу голем скржавец и не беше во состојба да сфати како можат да се трошат пари не само за излишни нешта или за задоволства, а и за нешта без кои може да се преживее. Диме Мечев беше завршил гимназија. При таков недостиг од млади луѓе со завршено средно образование, каков што се чувствуваше во Македонија, тој би можел да стане учител. Меѓутоа, тој за единствено полезен труд го сметаше само личниот производствен труд. Според него службениците се паразити, кои ги цицаат животните сокови на народот и се беше откажал од учителствувањето. Верен на своите принципи, откако ја завршил гимназијата, тој станал шеќерџија и по цел ден ги обиколувал велешките сокаци бос, со чевли под мишка и со табла на главата, за да продава шеќер. Тој се зачленил во Велешката месна организација и бил еден од нејзините највредни членови. Еднаш таа организација осудила некого на смрт и му наредила нему да ја изврши пресудата. Мечев го убил осудениот, расечувајќи му го черепот со секирче. По принцип тој бил противник на човекоубиството, и токму затоа, убиството што тој го беше извршил, го сметаше за најподла постапка што ја направил во животот. Тој многу се нервираше, кога некој на шега ќе му спомнеше за “секирчето”. По тоа убиство, тој избегал од Велес и станал нелегален. Таму ја оставил мајка си, на која ѝ бил единственото дете. Несреќната мајка безутешно плачела и повторувала: - Да си го видам Димета мој уште еднаш и тогаш да умрам. Диме се сликал и ѝ го испратил портретот на мајка си. Кога таа ја видела сликата на синот, од жал и мајчина милост по него, навистина умрела. Во Софија, некои негови познајници - велешани се шегуваа и велеа: - Многу си страшен Диме. Толку многу си страшен, што мајка ти кога го видела кадрото, се исплашила и умрела од страв. Овие шеги се завршуваа со тоа што Диме Мечев почнуваше да ги благословува шегаџиите по машки, пцуејќи ги... Овој вид благослови тој ги изговараше на брзина еден по друг, на сите јазици што ги знаеше - на македонски, на турски и на бугарски...
230
Откако го купил и експедирал оружјето за кое беше дошол во Софија, Диме Мечев не се врати назад во Велес. Како секој чесномислечки човек, тој беше одвратен од властољубивоста и користољубивоста на раководните лица во Внатрешната Македонска Организација. За тие неколку денови што ги помина во постојано дружење со нас во Софија, Диме Мечев го прими нашиот поглед кон востанието што се подготвуваше во Македонија - дека тоа ќе донесе смрт и уништување на населението, без каква и да било перспектива за политичка или друга слобода; дека да се поттикнува населението за востание е престап, зашто на тој начин тоа оди на самоубиство; и дека - како единствено средство да се потресе турската империја од темелите, без да му се наштети на населението, се систематските поединечни атентати против поддржувачите на бесправноста во Отоманската империја, какви што се финансиските и други европски институции во Турција. Преку атентатите врз европските финансиски и други институции, ние ќе ѝ кажеме на капиталистичка Европа: “Вие, господо капиталисти, го сметате за вносно нашето робување и го поддржувате, со тоа што го крепите режимот во Турција? Е, добро! Преку атентатите ние создаваме целосна несигуриост за вашите капитали и претпријатија. Сакате ли да имате сигурност? Сакате ли да престанат атентатите против вас? Помогнете ни да го направиме режимот во Турција поднослив, па и ние да се почувствуваме не како робови, туку како граѓани на таа земја! Да почувствуваме дека имаме не само задолженија, туку и права! Колку и да се пристрасни заинтересираните, никој човечки разум нема да допушти за извршуваните атентати да се смета одговорно населението.” Диме Мечев, кој не земаше ништо на вересија, требаше да ја признае строгата логика на нашите расудувања и да го прифати нашиот модел за борба со автократска Турција. На истиот начин тој ги прифати принципите на безвластието и на општочовечката солидарност. Тој ги прифати и тоа го пројавуваше не преку излишна и празна фразеологија, туку преку нивното спроведување во практичниот живот. Во време на тие неколку денови што ги помина во Софија (до 12 април 1901 година), Диме Мечев беше длабоко разочаран од Софискиот Врховен Македонски Комитет, кој беше станал играчка во рецете на бугарскиот кнез Фердинанд. Веднаш по завршувањето на вонредниот македонски конгрес, на 12 април 1901 година, Диме Мачев отиде во рудникот во Перник и таму почна да работи како обичен работник-минер, за да заработува за својата исхрана со личен производствен труд, да остане докрај независен од било кој и да не биде на наш товар. Тој ден - 26 март 1901 година - откако излеговме од Албанската гостилница и се разделивме со Диме Мечев, двајцата со Орце продолживме нагоре по улицата “Марија Луиза”, дојдовме до местото каде што се соед-
231
инува со улицата “Нишка” и по неа отидовме до седиштето на Комитетот. Беше околу 9 часот наутро и претресот се уште не беше почнал. Ние останавме до влезната врата да го чекаме доаѓањето на иследникот и доведувањето па уапсените. Околу 9 ипол часот дојде иследникот Хрусанов, а малку по неговото доаѓање, ги доведоа и уапсените. Освен ние двајцата со Орце, немаше никој друг да го очекува извршувањето на претресот - софијанци за тоа не знаеја. Ние ги проследивме оние што влегуваат во седиштето на Комитетот и влеговме по нив, внатре. Ги претресуваа канцелариите, од каде што зедоа некакви хартии, кои немаа ништо заедничко со делото поради кое беше уапсен Комитетот на Сарафов. Го натераа благајникот на Комитетот, Георги Петров, да ја отвори касата, која исто така ја претресуваа и најпосле ја отворија собата на претседателот. Јас влегов непосредно по Сарафов. Уште при влегувањето во собата, Сарафов на брзина се приближи до масата, заграби оттаму едни хартии, кои беа оставени одозгора и на еден од нејзините краишта, и ми ги подаде. Јас ги зедов и веднаш ги ставив во внатрешниот џеб на палтото. Иследникот Хрусанков го виде сето тоа, ја сврте главата настрана и се направи дека ништо не забележал. Значи, тој ја беше запаметил многу добро лекцијата што му ја одржавме утринава... Откако се поврткавме уште малку во собата на претседателот, двајцата со Орце излеговме од седиштето на Комитетот и си отидовме во хотелот, каде што првата работа ни беше да ги изгориме така украдените документи. Нема потреба да кажувам, дека претресот во рацете на иследната власт не ѝ донесе такви документи, чијшто карактер ќе го користи обвинителната власт.
АПСЕЊЕТО НА САРАФОВ - ГОЛЕМ УДАР ВРЗ СОЛУНСКАТА АКЦИЈА Во текот на ноќта на 27 спроти 28 март 1901 година, Борис Сарафов и неговите уапсени другари биле префрлени од втората во третата полициска станица. Од кои причини е изнудено нивното префрлување? Веројатно власта сакаше да го избегне собирањето на групи пред полициската станица во центарот на градот, во непосредна близина до главната софиска артерија каква што беше улицата “Марија Луиза” и затоа ги беше префрлила уапсените членови на Врховниот Македонски Конитет во третата полициска станица, која се наоѓаше на јужниот крај на Софија, на плоштадот “Македонија”, во една од зградите, со кои овој плоштад граничи од запад. 232
Постоеше и друга причина за ова префрлување. За време на претресот, еден од полициските стражари забележал дека иследиикот Хрусанов видел кога Сарафов ги зел документите и ми ги подал. Тој очекувал дека Хрусанов ќе нареди да бидам задржан, но такво нешто не се случило и по претресот реферирал за тоа пред своето началство. Хрусанов веднаш бил ослободен од иследувањето по делото на Сарафов, а на негово место бил одреден иследникот Протопопов. Првата негова работе беше да ги префрли на построг режим уапсените во третата полициска станица, каде што ќе бидат задржани во одделна соба, без право да примаат во неа надворешни лица и со нив да разговараат, како што беше случај тоа во втората полициска станица. Началникот на третата полициска станица, полицискиот старешина Митович, најстриктно ги извршуваше наредбите што му ги даваше иследникот Протопопов и го спроведе во дело строгиот режим. И, при сето тоа... при сето тоа, како Орце и јас, така и други заинтересирани Македонци, успевавме да стапиме во контакт и да разговараме со уапсените: кога старешината отсуствуваше од полициската станица, ние ќе се прошверцуваме кај уапсените со дозвола на старшијата и младите полициски стражари, кои сочуваствуваа со Комитетот на Сарафов и ги нарушуваа наредбите што им ги даваа началникот и иследникот... Првиот ден од Велигден во 1901 година се паѓаше на први април по стар стил. Таа година софијанци го испратија првиот ден од Велигден со обилен снег, кој врнеше цело попладне и цела ноќ. Снежната покривка достигна дебелина од 50 сантиметри. Чуден беше изгледот на дрвјата расцутени и разлистени - со наведнати кон земјата гранки од дебелиот снег врз нив. Наредниот ден - Велики понеделник, 2 април 1901 година софијанци осамнаа со зимски пејсаж - како да беше Коледе, а не Велигден. Тој ден беше сончев со јасно и сино небо. Времето беше топло, снегот брзо се топеше. По улиците потекоа длабоки, калливи и нечисти води, кои го отежнуваа сообраќајот. Истиот ден, во Софискиот штичен театар-циркус “Бугарија”, кој се наоѓаше во соседство со халите, беше отворен вонредниот Конгрес на македонските друштва во Бугарија, свикан од привремената управа на. Комитетот, по повод апсењето на Борис Сарафов и на другите членови на Софискиот Врховен Македонски Комитет. Слави Мерџанов, кој беше делегат на Габровското македонско друштво, беше претседател на овој конгрес на македонските друштва - до спроведувањето на изборот за нов состав на Комитетот. Двајцата со Орце стоевме како сеирџии на крајот на салата, блиску до вратата. Влезе еден од соборците и сподвижници на премиерот Петко Каравелов, Македонецот од Ресен Андреј Љапчев. Уште со влегувањето тој почна да го напаѓа говорникот, кој ги излагаше погубните последици - морални и материјални - за бугарската кауза од апсењето на Комите233
тот на Сарафов под влијанието на интереси, туѓи на Бугарите и Македонците. Тоа напаѓање внесуваше вознемиреност меѓу присутните. Љапчев беше блиску до мене. Го замолив да слуша, да се однесува пристојно и да не ги апострофира оние што говорат. Без да и обрне внимание на мојата опомена, Љапчев продолжуваше да дофрлува и да го вознемирува собранието. Тогаш јас го фатив за јаката и го исфрлив надвор од салата. - Јас ќе дознаам кој си! Со лихва ќе ти наплатам за ова избркување! - ми рече тој, кога се најде надвор од вратата. - Ќе ми го бричиш! - му одговорив јас, затворајќи му ја вратата пред носот. Поминаа шест години. Во месец октомври 1907 година, јас како стипендијант на бугарската држава заминав да студирам и да ја завршам Шумарската академија во градот Нанси, Франција. Оваа стипендија ми беше издејствувана од Ф. Божели, француски инспектор по водите и шумите, испратен од француското Министерство за земјоделство да ја организира службата за утврдување на пороиштата во Бугарија. Јас служев кај овој Ф. Божели три години и бев земал активно учество во организирањето на таа служба во Казанл’шко. Во 1908 година во Бугарија дојдоа на власт демократите кај кои Андреја Љапчев беше станал министер за земјоделие. Првата работа на Љапчев беше да ми ја одземе стипендијата. Напразно дирекцијата на Шумарската академија во Нанси се беше застапила за мене пред бугарското министерство за земјоделство, до кое беше напишала дека јас сум редовен студент во Академијата, со многу добар успех и дека моето враќање ќе биде од голема полза за земјата - Љапчев ја сопре мојата стипендија. Не толку од мерак, колку од инает, по многу лишувања и материјални незгоди, во 1909 година јас ја завршив француската Национална академија за водите и шумите во Нанси. Дојдов во Софија за да се ставам на располагање на бугарската Влада и му се претставив на министерот за земјоделство, Андреја Љапчев. - Е, сега сме квит! - ми рече тој уште штом влегов во неговиот кабинет. Ти ме избрка од собранието, а јас тоа ти го платив со одземањето на стипендијата. Сега сме квит. Каде сакаш да те назначам? По повод апсењето на Комитетот на Сарафов, на 29 март 1901 година имало митинг во Пловдив, каде што било осудено однесувањето на бугарската Влада. Пет дена подоцна, такви митинзи се одржаа во Софија, Севлиево и во Дупница. На вториот ден на Велигден - 2 април 1901 година - по истиот повод и со слични резолуции како онаа во Пловдив и во Софија - се одржале митинзи и во многу други градови во Бугарија. Митингот, кој се одржа во Софија на втори април 1901 година беше импозантен - присуствуваа повеќе од 10.000 души. Општо земено,
234
апсењето на членовите на Комитетот на Сарафов под притисок на надворешни фактори, беше еднодушно осудено од бугарскиот народ. По тридневно заседание, собраните делегати на македонските друштва во Бугарија ги избраа за раководно тело на Комитетот лицата од листата на Стојан Михајловски, т.е. лица достапни за интригите на бугарскиот дворец. Се знаеше дека Ст. Михајловски е пернат во главата, но по неговото избирање за претседател на Врховниот Македонски Комитет, излегоа на јаве уште три негови црти дотогаш непознати на бугарското општество: неговата малодушност, лошо прикривање зад ориенталскиот салтанат, неговата паунска суетност и болната славољубивост. Уште следниот ден по изборот на претседател на Комитетот, тој беше излегол на прошетка по “Цар ослободител” со жена му - една тенка и сува возрасна дама, облечена сосема без вкус, наперчена, со кафеавозеленикав лошо сошиен фустан. На два чекора од оваа двојка - како нивно обезбедување - одеше еден сабјабојуклија емигрант, облечен во темно-сини шајачни панталони, со иста таква боја чепкенлија елек, со широк црвен појас, од кој стрчеа: белата коскена дршка на еден црногорски револвер и дршка на еден јатаган. Телохранителот на Стојан Михајловски ја држеше во десната рака дршката на јатаганот, чекореше важно стапка по стапка по него и по жена му и со крвнички поглед ги фиксираше минувачите кои наидуваа спроти нив... Штета што Стојан Михајловски не можеше да се погледна отстрана, па да ја збогати бугарската литература со една сатира за џуџето, кое македонските друштва во Бугарија го беа облекле во многу долги панталони... За да обезбедиме средства и конечно да ја завршиме работата во Солун, двајцата со Орце направивме обид да дојдеме до личиа спогодба со Ст. Михајловски. Неколку дена по неговото избирање за претседател на Комитетот, отидовме кај него во канцеларијата и се сретнавме. Ст. Михајловски нѐ ислуша и во одговор на тоа што му го говоривме - нѐ запраша: - Вие сте читале ли за Мафијата? - Зошто? - запраша Орце. - Читајте господо, читајте! Научете како правеле пред вас други, слични на вас! Читајте! Ни две, ни три, Михајловски нѐ смести меѓу мафијата и ни препорача да се просветиме и - имитирајќи ги италијанските мафијаши - да ги прифатиме нивните идеи, цели и начин на дејствување... Орце ме турна со лактот и рече: - Ајде, стани да си одиме! На ового - помочај му се на суратот! Ние станавме, го изгледавме продолжително и упорно нашиот соговорник и си излеговме без да се поздравуваме. Михајловски, кој откако беше избран за претседател на Комитетот се сметаше себе си за
235
натчовек, не можеше да ни го опрости потценувањето што го бевме покажале спрема неговата личност при разделбата со него. Неколку месеци подоцна, како подлисник на весникот “Ден”, во неколку броеви, беше напечатил фељтон, којшто го беше озаглавил “Колвачи на челусти”, во кој на наша адреса беше изблул се што е гнасно, кое - се чини - дека ја сочинувало интимната суштина на овој “натчовек”... Поминаа неколку години. “Колвачите на челусти” Мерџанов, Соколов, Орце, Коста Кирков, Диме Мечев, Владо Пингов и другите испотепани и обесени - одамна почиваа во земјата, откако беа дале пример на натчовечки презир кон смртта и кон ненадминливата великодушност кон животот на другите луѓе “Натчовекот” Стојан Михајловски беше поднел едно понизно барање до Бугарското народно собрание, во кое молеше да му се одобри народна пензија како на многу заслужен литературен трудбеник. Во тоа време тој ги наведуваше своите литературни заслуги, исто така, како што на панаѓурот продавачите ја фалат најнеквалитетната стока. Тогашниот претседател на Владата Димитар Петков, на кого Стојан Михајловски многупати му ги беше гризел чевлите, отиде пред Народното собрание, кое му изгласа на просветителот народна пензија... за тоа што беше фрлал најмногу кал и гнасотилаци врз оние, кои го дадоа својот живот за слободата на својот народ и на човештвото на начин, незапаметен во историјата на некој друг народ... На 19 април 1901 година - четврток - уапсените членови на Комитетот на Борис Сарафов беа доведени на сослушување кај IV судски иследник, чијашто канцеларија се наоѓаше во истата зграда во која беше софискиот Окружен суд, на улица “Марија Луиза”, на околу 100-150 метри јужно од “Шарен мост”. Веста за доведувањето на уапсените брзо се прошири меѓу граѓаните и за помалку од половина час, една голема толпа се собра пред зградата на Окружниот суд и ја блокира улицата. Трамваите настојчиво и упорно ѕвонеа со ѕвонците, но одвај со мака си пробиваа пат низ толпата. Една од трамвајските коли, која беше запрела блиску до нас, се обиде да ја пресече толпата и да го продолжи патот. Орце се качи одзади, се пресегна со бастунот, го фати јажто на трамвајската трола и го повлече надолу. Тролата се оддели од жицата на трамвајот и веднаш се запре. Орце го отпушти стапот со тролата, но така што да не падне на жицата. Стапот се крена право на горе и трамвајот престана да му се покорува на возачот. Оние од мноштвото, кои се. наоѓаа околу другите трамвајски коли, го повторија тоа што го беше направил Орце - и двете трамвајски линии се исполнија со трамвајски коли, чиишто стапови стрчеа нагоре и го осигуруваа спокојството на насобраниот народ. Околу 9 часот наутро во зградата на Окружниот суд со пајтон пристигна софискиот градоначалник, резервниот полковник К’нчев, .а малку по неговото пристигнување - од уста на уста - во толпата се пре-
236
несуваше, дека Сарафов викнал кај себе во канцеларијата на иследникот двајца луѓе - мене и Орце. Ние си пробивме пат низ навалицата, влеговме во зградата на судот и отидовме во канцеларијата на IV судски иследник. Покрај иследникот Христо Протопопов и обвинетите членови на Комитетот, таму го затековме и градоначалникот К’нчев во униформа, седнат во една фотелја. - Господо, - се обрати тој кон нас - Неговото Царско величество заминува за Панаѓуриште и на поминување за Железничката станица не би сакал да биде предмет на непријателски манифестации. - Но, кој сака да му прави непријателски манифестации? Ние не знаеме за такво нешто. Па и никој не знае дека кнезот ќе минува оттука - рече Орце. - Ако некои сакаат да прават манифестации - што можеме ние да направиме против нивните намери? - додадов јас. - А зошто на улицата се собрала оваа толпа? - Се собрала за да му направи овации на Сарафов и на членовите на уапсениот Комитет. Ако не биде предизвикана, оваа толпа ќе се разотиде мирно и тивко, исто така како што се собрала. - Ви влагодарам, господо! Да се надеваме дека ќе биде така како што велите! Ние излеговме од собата на иследникот Христо Протопопов. Набрзо по нас излезе и градоначалникот К’нчев, кој се качи на пајтонот и си замина. Околу половина час по заминувањето на градоначалникот, предводена и следена од коњички гардисти, помина поворката на кнезот Фердинанд: тој одеше на железничката станица, откаде со специјален воз ќе одел во Пазарџик, а оттаму - за Панаѓуриште, каде што ќе присуствува на свеченостите по повод 25-годишнината од Априлското востание. Толпата, собрана да приреди овации на Сарафов и на неговите другари, којашто ја запречуваше улицата, молчешкум се повлече и ѝ отвори пат на кнежевската колона. Никој не ја симна шапката за да го поздрави кнезот, никој не акламираше. Пулсот на верноподаничката љубов многу слабо биеше во сознанијата на софиските Македонци. Според некоја реална интуиција, што ја имаат само народите, Македонците во Фердинанда го чувствуваа идниот уништувач на македонскиот народ; уништувачот, по чија сугестија, по чија наредба и благослов, четата на дворскиот агент Тодор Панов, под коешто бугарско име се криеше Ерменецот-авантурист Торос Степанјан, во почетокот на првата европска војна, ќе го исколе речиси целото население на Прилепските села: Слепче, Маргари, Долгаец и Богомила, за на тој начин да се посее крвна омраза меѓу бугарскиот и македонскиот народ... Сега, во текот на април 1901 година, бугарскиот народ ја празнуваше 25-годишнината од Априлското востание. На 23 април 1901 година,
237
Гурѓовден, во Софија студентите организираа митинг на плоштадот “Славејков”, во кој беше осудена генералната политика на Владата, а особено таа по апсењето на Комитетот на Сарафов. Говореа неколку души оратори, меѓу кои и Симеон Радев, кој подоцна го искористи тоа да се прикаже како маченик за македонската кауза. Поради таа негова реч - се ширеше фамата - дека весникот што на француски јазик „L'effort” го издаваше Комитетот, а го потпишуваше Симеон Радев, бил забранет од власта, додека Симеон бил протеран од Бугарија. Всушност, работата стоеше малку поинаку: „L'effort” престана да излегува, затоа што Комитетот не даваше повеќе средства за неговото излегување, а Симеон Радев замина за Европа, за да игра во други околности на јажето оптегнато од дворецот на кнезот Фердинанд под вештите Симеонови нозе... Некои дворски агент-провокатори се обидоа да внесат смут меѓу насобраните луѓе. Се сеќавам на еден од вознемирувачите, којшто го познавав уште од детските години, охриѓанецот Ангелко Спространов, возрасен човек, крупен и висок околу два метра, касап по занимање. Тој беше принуден да го напушти плоштадот, избркан од собраните граѓани на митингот. Истиот тој ден на плоштадот “Славејков” се формира поворка со факели, во чијашто средина, поставена на платформа од штици, возена на кола, “се прчеше” на првичните дрвени тркала едно црешово топче свет остаток од востанието во Клисура. Топчето беше заобиколено од неколку души во клисурска носија, со бушави калпаци на главите. Поворката обиколи неколку улици и се запре на плоштадот “Македонија” пред третата полициска станица, каде што едно продолжително, нестивнувачко “ура” го натера Сарафов и неговите уапсени другари да се покажат на прозорците од вториот кат на полициската станица и да го поздрават насобраното мноштво пред станицата. Во мај 1901 година, во салонот на бившиот кафе-шантан “Сан Стефано” беше отворен првиот конгрес на женските друштва во Бугарија. Немајќи што да правиме, ние - т.е. Орце, брат му Милан Поп Јорданов, Нунков и јас - ги посетувавме редовно седниците на овој конгрес. Таму Нунков нѐ запозна со Пеју Карчолов, на широката публика познат под псевдонимот Јаворов. Тие и двајцата - Нунков и Јаворов - беа родум од градот Чирпан, се познавале од деца и беа многу блиски. Јаворов беше така да се рече - несериозен, занесен од своите поетски писанија, тој често со неочекувано молчење го прекинуваше почнатиот разговор, за да го започне - пак така неочекувано - на истата тема тогаш, кога таа одамна беше променета од соговорниците. Јаворов беше елегантно облечен: врз чистиот, нов елегантен костум, тој одозгора носеше мантил од габардин, беж боја, кој особено многу му се допаѓаше на братот на Орце, Милан Поп Јорданов.
238
- Ми имрендисаа алиштата на овој утман! - велеше Милан. Кој да го кандардиса да отиде да се поарчи, па да му ги земеме! Па и ние да се биџердисаме по мираз сос нови алишта... Милан беше ѓаволест човек. Оттогаш наваму, секогаш кога седеше во друштво со Јаворов, во најубави слики го опишуваше четничкиот живот, моралното задоволство од “извршениот патриотски и граѓански долг” и споменот за востаникот загинат во борбата, воспеван од поетите во стихови, како оние на Христо Ботев: ... Тој, кој падне во бој за слобода, Тој не умира...” Јаворов се фати на јадицата: тој посака да замине со чета за Македонија. Еден месец подоцна тој замина со Делчев. Во времето кога заседаваше женскиот конгрес, Јаворов се фати на една друга јадица, која ѓаволестиот Милан Поп Јорданов ја искористи за да му го гледа сеирот на тој “утман”, како што го наречуваше тој Јаворов. Станува збор за Санда Јовчева, претседателката на првиот женски конгрес, делегат на женското друштво од Нова Загора. Тенка, темпераментна, таа запалено спореше со другите делегатки и ораторки, живо се обраќање на сите страни, заземаше разни пози и гестикулираше со рацете. Поради нејзиниот птичји израз, Орце ѝ го измисли прекарот “Палаврана”, под коешто име врвеше таа во нашето друштво. Па, Јаворов ја голтна јадицата по неа, но не отиде подалеку, бидејќи женскиот конгрес брзо заврши и делегатките си заминаа во провинцијата. По заминувањето на делегатите, Милан продолжи да го обработува четничкиот мерак на Јаворов, кој, како што реков погоре, по околу еден месец, замина во чета со Делчев. Овој подвиг на Јаворов беше воспеен од Александар Кипров следната година во хумористичниот весник “Б’лгарин” со зборовите: ... Во Турција бев, Турчин не видов!”... Јаворов замина со Делчев. Милан, пак од негови раце го доби и го наследи неговиот елегантен костум заедно со мантилот од габардин со беж боја. Потоа, во есента Милан замина за Македонија, но не како нелегален, туку да ја исполни својата мечта - да отиде во Велес, да седне на ќепенокот на дуќанот и да заживее мирно, спокојно и кротко, како што живееле неговите дедовци и прадедовци, бидејќи - мислеше тој - турската администрација веќе го заборавила. Тој дошол до Велес и неколку недели живеел. мирно и тивко; изгледало дека турската администрација навистина го заборавила. Кога установила дека неколкумина живеат во градот, покрај неа, администрацијата се сетила, дека Милан, кој отворено и слободно си живеел во родното место, има некакви сметки со неа и го побарала да го
239
уапси. Милан ја напуштил куќата на татка си и неколку денови се криел кај свои блиски роднини. Една вечер, заедно со другите барани илегалци, тој го “скршил фенерот”, како што велеа во тоа време во Велес за луѓето, кои илегално бегаа од следењето од власта. Околу градот, меѓутоа, се моткале агенти; еден од нив ја забележал групата бегалци и пукал по нив. Почнала престрелка. Милан останал како последна отстапница на своите другари и ја водел престрелката додека сите не се извлечат. За време на престрелката тој бил ранет. Откако му завршиле куршумите, тој бил убиен и така издробен со бајонетите на војниците на чаушот, што наредниот ден кога бил донесен во градот и изложен, за да можат да го познаат кој е, никој во таа издробена маса не можел да го препознае лицето на Милан Поп Јорданов. Го препознале по мантилот, оној - Јаворовиот мантил - од габардин во беж боја... Во текот на тој мај 1901 година со Орце преживувавме таговни дни на беспаќе: ние немавме пари за продолжување и довршување на работата во Солун, а немавме и некаква сериозна работа или некакви ангажмани. Живеевме од денес за утре, без било какви изгледи за иднината. Солунскиот тунел под банката за нејзиното кревање во воздух беше заѕидан и нашите солунски другари си беа заминале за родните места, со исклучок на Владо Пингов, кој продолжуваше да го држи дуќанот и во своите писма до Орце да се оплакува на тоа принудно безделничење. Монотониот живот нѐ задушуваше и ние со Орце баравме начин да го направиме поразновиден. Се сеќавам на некои забавни случки од тоа време на тажно безделничење: Еднаш со Орце отидовме во хотелот “Кобург” да го побараме Љапов. Тој живееше во една соба на овој хотел и ние често одевме таму, за да ја убиеме нашата здодевност во разговори со него. Љапов беше пријатен, духовит и остроумен соговорник, секогаш добро информиран за политичката положба на Бугарија и на Европа. Тој ги изнесуваше своите размислувања и заклучоци без да си придава некоја посебна важност, каква што си предаваа повеќето ограничени македонски дипломати. Го побаравме во неговата соба во хотелот, го немаше, штотуку бил излезен. Прислужничката - откако ја беше исчистила собата и го наместила креветот - излегуваше за да го направи истото и во соседната соба. Орце ја даде идејата да му направиме на Љапов една весела шега. Ние излеговме од хотелот, слеговме по трговската улица до булеварот Дондуков и оттаму отидовме во еден од дуќаните за зеленчук во пасажот “Св. Никола”. Таму купивме една долга и крива краставица, но крива со сите нишани. Потоа ние се вративме назад во хотелот “Кобург”, влеговме во собата на Љапов и ја поставивме краставицата под покривката на .креветот така што, кога Љапов се врати и посака да си легне да се одмора попладне, да седне врз неа.
240
Околу 6 часот попладне отидовме со Орце да видиме што се случило. Ефектот од нашата шега бил фантастичен: веднаш штом седнал на краставицата, Љапов - изненаден - скокнал и ја дигнал покривката, за да види што е тоа, што така слободно шетало под него. - Кој бре? Кој од вас беше оној што ми ја направи таа ујдурма? извика Љапов веднаш штом влеговме во неговата соба. Ние се смеевме без да му одговориме: јас го покажував Орце, а тој - мене. Вечерта, во ресторанот “Константинопол” тема на разговорот и шегите во друштвото на Љапов беше случката со нашата краставица, која - како што велеште тој - многу го исплашила при легнувањето да се одмори и која сигурно ќе ја сонува вечерва... Еднаш, околу 8 часот наутро, отидов да го видам Љапов, тој лежеше на креветот, завиткан со покривката. За време на разговорот, јас си ги погледнав нозете - краиштата на моите панталони се беа искинале. Јас го запрашав Љапов: - Мито, бе! Имаш ли некои совесни панталони за да ги сменам овие - види какви се излитени! - и јас му ги покажав краиштата. - Зошто? Убави ти се панталоните! Какви поубави сакаш? - Значи тебе ти се допаѓаат? - Се разбира дека ми се допаѓаат. Многу ти се убави! - Штом толку ги бендисуваш, јас ти ги подарувам! - со овие зборови јас ги собув панталоните и ги оставив на столот, на местото на неговите панталони, кои набрзина ги навлеков. - Ама слушај! Што правиш! Остави ми ги панталоните! Те молам остави ги! Откако ги облеков, јас си ја зедов шапката, го поздравив церемонијално со неа, му направив едно поклонение а-ла Лудвик Петнаесетти и му реков: - Многу ми е мило што успеав да го погодам твојот вкус и дека ти подарив нешто, што толку многу ти се допаѓа. Довидување Мито! Вечерва ќе се видиме во “Константинопол”, нели? И јас си излегов. Се разбира, Љапов, кој секогаш беше елегантно облечен, претпочитал цел ден да лежи во кревет, отколку да ги облече моите искинати панталони и со нив да оди низ градот. Истиот ден попладне, во собата на Љапов дошол Александар Кипров. Уште штом влегол во собата, Љапов го запрашал: - Каде е? -Кој? - Кој? - Шејтанот. - Кој шејтан? - Колку шејтани има на Балканскиот полуостров? - Манџуков? Случката се завршила со тоа што Љапов му дал пари на Кипров и го испратил да му купи готови панталони, по боја, големина и материјал подробно опишани од него.
241
Кон крајот на мај 1901 година, во Софија почнаа да се слушаат гласови, според кои делото на Сарафов, наместо да биде разгледувано во текот на јуни, ќе се одложило за есента, за да можела Владата да прибере докази за вината на уапсепите. По повод тие гласови, обвинителот при софискиот Окружен суд Врбанов, имал изјавено, дека тој ќе си поднесе оставка, ако - преку одлагање - делото смислено се развлекува и не му се даде можност на правосудството побрзо да се произнесе за вината на задржаните во врска со ова дело. На 3 јуни 1901 година, недела, на плоштадот “Славејков” се одржа еден масовно посетен митинг - повеќе од 30.000 души - против одлагањето на делото и задржувањето на Борис Сарафов, Славчо Ковачев, Тома Давидов, Георги Петров и другите. Ова мноштво тргна по улиците и се упати кон третата полициска станица да скандира за задржаните. Насобраниот народ го исполни целиот плоштад “Македонија”, кадешто од прозорците на вториот кат до полициската зграда - задржаните го поздравија мноштвото. Восхитувачки овации и нестивнувачко “ура” одговорија на тој поздрав. Еден одред коњичка жандармерија пристигпа во трк, се вмеша во толпата и се обиде да ги растера насобраните со камшици. И покрај камшиците, со кои полицајците удираа на лево и на десно, толпата ги заобиколи и ги парализира нивните дејства. Двајцата со Орце се најдовме на околу 50 метри од зградата на полициската станица, точно спроти прозорците на уапсените, блиску до еден од трамвајските столбови. Во тој момент коњичкиот жандармериски одред ги подгонуваше коњите, за да ја растера толпата. Еден од полицајците се обиде да удри со камшикот по главите на оние од толпата, кои се беа нашле до него. Орце помина зад коњот на полицаецот и го стовари својот бастун врз неговата глава. Полицаецот се сврте, го виде и го насочи коњот врз него, со камшикот извиен во неговата нагоре крената рака, за да го удри Орце по главата, кој во тој момент се заврте околу трамвајскиот столб и го избегна ударот. Така, како што се беше засилил полицаецот се сврте со грбот кон мене. Јас му стоварив еден бастун по главата. Полицаецот го сврте коњот кон мене, но во тој момент бастунот на Орце се стовари по кемането на полицаецот, кој без да успее да опали со камшикот некој од нас - едноподруго ја испробуваше сладоста на ударите на нашите бастуни... Случката се заврши со тоа што нашиот полицаец фати да вика помош. На неговите повици, 3-4 полицајци коњаници ги спотераа коњите преку толпата, за да се приближат до нас. Тогаш ние најблагоразумно се измешавме, потонавме во неа и успешно се извлековме кон крајот на плоштадот - така да се рече, избегавме...
242
ВО ТЕАТАРСКАТА ТРУПА НА ЧЕРНОДРИНСКИ Во тоа време Војдан Поп Георгиев, авторот на драмата од животот на Македонците “Македонска крвава свадба”, со кого се познавав уште од 1894/1895 година, кога бев јункер од подготвителниот клас на софиското Воено училиште, ја формираше својата театарска трупа “Скрб и утеха” (која ние на шега ја прекрстивме во “Олеле и Аха-ха”) и ме покани да учествувам во неа како актер - да ја играм улогата на Душко, братот на грабнатата девојка Цвета. Јас немав работа - наместо да киснам по цел ден во кафеаната “Македонија” (на аголот меѓу улиците “Марија Луиза” и “Трговска”) - претпочитав да си го употребам времето во подготвување на улогата и во проби. При тоа, во женските улоги во трупата земаа учество и жени. Тоа беше значајна околност за мене, којшто бев завршил Педагошко училиште, каде што нѐ учеа секогаш при воспитувањето да се раководиме од два принципа - да одиме од познатото кон непознатото и да ги соединуваме пријатното и полезното... Така што јас се ангажирав како актер за Војдановата театарска трупа “Скрб и утеха”. Пред да замине за Европа, Симеон Радев ни беше дал на Орце и на мене по едно полномошно за собирање претплата на о-Боже-починатиот весник „L'effort”. Собраните средства требаше да бидат наша сопственост, зашто немаше кому да му даваме отчет. И така, јас заминав со Војдановата трупа низ провинцијата, а истовремено со вршењето на актерскиот занает, сакав да ја собирам претплатата на весникот. Во Софија претплатата ќе ја собираше Орце, кој остана таму. Уште кога се ангажирав со Војдановата театарска трупа “Скрб и утеха”, јас намеравав во провинцијата да направам обид за набавување на средства со кои ќе се доврши работата во Солун, при што театарската трупа и собирањето на претплатата за весникот „L'effort”, ќе ми служат како параван. Не е умно таков обид да се направи во Софија, каде што немавме установено легално занимање и каде што бевме постојано следени како од луѓето на Софискиот Врховен Македонски Комитет, така и од оние на Внатрешната Македонска Организација. Во провинцијата условите беа поблагопријатни, особено сега, кога легално суштествував како актер и инкасант на весникот „L'effort”. Имајќи ги предвид овие мои проекти, јас се обезбедив и во куферот носев три книжни кеси, а секоја од нив содржеше по еден килограм бертолетова сол, барут и шеќер, столчени во прав и држени одделно во кесите. Се знае, дека смесата од овие три материјали, запалена со ќибрит, гори постепено, но ако се запали преку капсула, силно избувнува. Лицата кои уште во Софија ги бев набележал како идни жртви на моето насилство, беа: браќата Симеонови од градот Русе, претприемачи во поставувањето на меѓубалканската железничка линија Горна Ора243
ховица-Тулово, која во тоа време беше во изградба и шуменскиот банкар - лихварот Фарина, Евреин. Јас сметав да ги тероризирам овие лица со експлозивни направи што сам ќе ги подготвев, за да ги принудам да ми ги дадат сумите што ќе им ги барам со писма. Не можам да се сетам на сите, кои беа ангажирани како актери во Војдановата театарска трупа. Покрај Војдана и мене, се сеќавам на следните лица: Димитар К. Лимончев и Климент Кецкаров од градот Охрид, Колиштрков од Прилеп, Милчинов, чиешто место на раѓање не го знам, Брдаров, ако не се лажам од Куманово, Лазар Читкушев од градот Велес и уште двајца или тројца, за чиишто имиња и места на раѓање не можам да се сетам. Како актерки во трупата влегуваа Фанка Караиванова од Прилеп, Цвета К. Кецкарова, сопруга на актерот Климент Кецкаров и Милка Стојанова, за чие што место на раѓање не можам да се сетам. Двајца млади луѓе од емигрантите, кои се врткаа околу Сарафовиот Македонски Комитет, за чиишто имиња не се сеќавам го правеа, така да се рече, долниот кат на нашата театарска трупа, задолжени со црнечката работа: спакување и пренесување на багажот, лепење на плакатите, контрола на влезот и во салонот и слично. Во Софија, за време на пробите, во трупата влегуваше и неговата свршеница, за чиешто име не се сеќавам. Во тоа време Војдан беше свршен. Таа - на пробите - ја играше улогата на бабичката, мајката на Дуко, чијашто улога ја играв јас. Пред генералната проба, завесата сѐ уште не беше крената, ние се шетавме по сцената и повторувавме напамет фрази од своите улоги. Јас се приближувам кон Војдановата свршеница и сакам да видам дали е добро гримирана. Се разбира, јас наоѓам дека нејзиното гримирање не е многу успешно и, пипајќи со прсти по нејзиното лице и велам: - Еве овде, по челото, треба да се пуштат црни хоризонтални црти, за да изгледаат како брчки. Ами очите? - под долните клепки - еве овде - треба да се повлече една подебела линија! Кај основата на носот, од двете негови страни, треба јасно да личат брчките, кои се спуштаат кон двата агла на устата! - и јас поминувам со показалецот на десната рака врз зацрвените бузи на свршеницата... - Што е, бре? - трча на кај мене Војдан. Остај. Јас ќе ѝ го направам гримот како што треба! - и тој го фрли отворениот примерок од “Македонска крвава свадба” и се зафати со гримот на својата свршеница, чиешто младо лице тешко се прилагодуваше на гримирањето, со кое се обидуваа да ја претстават како бабичка... Потоа, Војдановата свршеница не дојде со нас низ провинцијата, таа остана во Софија со мајка си. Улогата на бабичката ѝ беше дадена на Фанка Караиванова... Не се сеќавам за датата, кога ја дадовме првата претстава во салонот на “Славјанска беседа” во Софија. Успехот беше добар, но материјалната
244
полза не беше значителна поради дотогаш направените расходи и скапото изнајмување на салонот. За обиколка низ провинцијата беа потребни пари за патни трошоци, за хотел на трупата и за аванси на актерите. Ние бевме принудени во Софија да дадеме уште две-три претстави, кои не беа лошо посетени, иако и нивниот материјален успех можеше да се изрази на музикален јазик со зборовите: Poca a poca moriendo. Како и да е, по последните од овие претстави, нашата трупа се здоби со можност да отпатува до првиот провинциски пункт од турнејата - Враца. Колку што можев да се сетам, маршрутата на трупата беше: Софија-Враца-Бела Слатина-Рахово-Свиштов -Трново-Г орна Ораховица-Русе-Тутракан-Силистра и обратно: Русе-Разград-Нови Пазар-Шумен-Ески Џумаја-Плевен и по централната линија директно за Софија. Во секој град, каде што останувавме да даваме претстава, јас денот го користев за да собирам претплата за весникот „L'effort”. Не се сеќавам колку беше неговата годишна претплата, но таа не беше голема - мислам околу 10 левови. Сите претплатници кај кои се јавував за претплатата не се оддолжуваа кон редакцијата на веќе изгаснатиот весник. При сето тоа, јас секогаш во ќесето имав 100-200 левови слободни пари од собраната претплата. Се разбира - откако видов пари во џепот, мојата лична сигурност се зголеми, а и моето значење во трупата порасна, зашто секогаш, кога некаде ќе зацапевме, јас ја спасував ситуацијата. За авансирање на актерите Војдан за пари обично ми се обраќаше мене. Кога беше во можност, Војдан обично ми ги враќаше позајмените пари. Исклучок направи со сумата од последниот заем, направен за патни трошоци во Ески Џумаја, откаде трупата се врати назад во Софија и се расформира. Со мојата дејност како инкасант на весникот „L'effort”, во сеќавањето ми остана еден спомен од Русе. Меѓу претплатниците на весникот во Русе, беше радославистот Мантов, познат по прекарот “Гробницата”. Овој прекар тој го должеше на своето политичко минато како управувач на Русе во 1886/1887 година, за време на детронирањето на кнезот Александар Батемберг и на потресите, кои го следеа тоа детронирање. Како окружен управител, Мантов пројавил таква безмилосна жестокост спрема своите партиски противници во Русенско, толку многу гробови отворил и наполнил со труповите за убиените и удавените во Дунавот, што населението го крстило “Мантовгробницата”. Јас бев љубопитен да го видам тој ѕвер со човечки изглед, му ја најдов куќата и заѕвонив. Вратата не се отвори, но едно младо момче 17-18годишно, излезе на балконот, се наведна и ме запраша што сакам. - Сакам да го видам господин Мантов. Тој е претплатник на весникот „L'effort”. Дојден сум за претплатата. Го нема дома.
245
- Вие што му сте на господин Мантов? - Јас сум негов син. Жал ми е, но татко ми го нема. - И јас жалам... Но, не толку што не можам да ја добијам претплатата, колку за тоа што не можам да го видам прочуениот Мантовгробницата. Момчето ништо не рече, туку само ме изгледа со еден поглед полн со бескрајна мака и потоа се изгуби од балконот. Јас си отидов. Околу три месеци по мојата средба со синот на Мантов, од весниците дознав дека единствениот негов син се самоубил... Да! Сѐ во животот се плаќа. Животот - тоа е жесток, неумолив биланс. Без физичко насилство, без оружени истрели, без да се служи со Дунавот за давење, општествената морална пресуда отвори уште еден гроб за еден млад живот... и ја прекина можноста од истиот род да се јави некој ѕвер сличен на човекот... Не се сеќавам речиси на ништо од првата претстава во провинцијата, која ја дадовме во Враца, а исто така и за онаа во Бела Слатина. Дојдовме во Рахово. Таму има многу Македонци трговци, фурнаџии, пекарски и други работници. Повеќето од овдешните Македонци имаат завидна материјална положба. Билетите се распродадоа како топол леб. Имавме полна сала. Тоа нѐ вдахнови и претставата “Македонска крвава свадба” заврши со невидено блескав успех. По претставата, во бифето на театарот, раховските Македонци ни приредија раскошна вечера. Сите маси беа зафатени, јадење имаше во изобилство, виното и пивото течеа како река. - Не може! Ке дадете уште една претстава! - велеа нашите раховски сотатковинци. - Да видат овие Ганчовци дека и ние Македонците имаме што да покажеме пред народот! Од сите маси настојуваа да ја повториме претставата. Полната сала, раскошната вечера, изобилните пијалаци и сеопштата љубов и внимание нѐ соблазнија и ние, уште за време на вечерата, решивме утре да дадеме уште една претстава. Ние се разделивме со нашите распалени сонародници доцна по полноќ и се прибравме да спиеме во хотелот со најсветли перспективи за наредниот ден. Утрото рано ги залепивме плакатите, во кои се велеше дека “по желба на публиката, оваа вечер ќе се игра по вторпат драмата од животот на Македонците “Македонска крвава свадба”. Уште во 8 часот Војдан на една маса во читалиштето ги распосла кочаните со билетите, седна на еден стол кај масата и почна да чека купувачи. Дојде пладне и помина, помина два, помина три и четири часот попладне. Не се јави ниту еден купувач. Помина шест, седум часот попладне - ќоро куче не наиде да купи барем половина билет. Дојде осум часот вечерта. Ние отидовме во салонот на читалиштето да се облечеме, со надеж дека публиката ќе навали точно пред почнувањето на претставата. Околу осум ипол часот испративме да видат како оди продажбата
246
на билетите - ниту еден билет не беше продаден. Дојде време да почнеме, а ништо со продажбата не беше направено. Чекавме половина час, еден час, час и половина по времето кога требаше да почнеме и, откако видовме, дека не е продаден ниту еден билет, сите се собравме на сцената, за да решиме што да правиме. Што да правиме? И така кроевме, и инаку сечевме и најпосле и решивме: веднаш да си ги собереме парталите и да си одиме. Набрзина ги собравме актерските алишта, се облековме како што дал господ, набрзина спакувавме сѐ во куферите и со бродот, кој доаѓаше одозгора околу полноќ, заминавме надолу по Дунав. Избегавме највнимателно. Нашето патување по Дунав и престојот во Никопол и Свиштов не оставиле никакви траги во моето сеќавање. Пристигнаве во Трново. По претставите што ги дадовме во Софија и другите градови ние - така да се рече - се сметавме задолжени да ја прикажеме својата уметност и пред жителите на старата бугарска престолнина, каде - едно време бугарските национални интереси се продавале за исто такви ниски цени како сегашните во денешната престолнина на Бугарија... Трново. За театар служи салонот на читалиштето, каде што сцената ги сече ѕидовите така што нејзиниот под се наоѓа на височина до половината на прозорците. Во дното на сцената една завеса одделува едно пространство од околу еден ипол метар, кое се наоѓа меѓу ѕидот на зградата и заградената од завесата сцена. Тоа пространство служи за женска гардероба, каде што артистите се облекуваат, или пак ја менуваат својата облека. Низ дупката на завесата погледнуваме кон салонот - тој е преполн: напред се седнати на столови, а на краиштата сите луѓе стојат. Публиката почнува да станува нестрплива: со ракоплескање и со тропање со нозете таа сака претставата да почне што побрзо. Ѕвони третиот ѕвонец. Сите актери чиишто улоги се подоцна, се повлекуваат настрана зад завесите. Музиката молкнува, завесата бавно се крева - претставата почнува. Јас се повлеков кон женската гардероба, т.е. меѓу задната завеса и ѕидот на зградата. Седната на еден стол блиску до прозорецот, Фанка Караиванова се ладеше со едно книжно ладало. Се приближив до неа и ѝ седнав на коленото. Наеднаш едната нога на столот пропадна во празното пространство меѓу подот на сцената и прозорецот, чиишто стакла се искршија со силен тресок и се распрснаа наоколу, кое нешто силно ја наруши гробната тишина во салонот. Војдан - побеснет дотрча кај нас во тоа време, кога ние се мачевме да се извлечеме од неудобната положба во која се наоѓавме. - Што правите, бре магариња! Мајката ваша! Ме обзеде невоздржлива смеа. А покрај тоа, наближуваше мојата улога, каде што јас требаше со најтрагичен глас и со солзи на очите да ја барам сестра ми, грабната и однесена од луѓето на Осман бег. Јас се обидов да ја совладам таа ѓаволска смеа, која извираше во каскади од
247
моите гради, но без успех. Требаше да испробам некаква силна физичка болка, чиешто дејство треба да биде посилно од изворот на таа луда, хистерична смеа. јас си ја укасав раката и така силно ги стегнав забите, што тие се забија во мускулот; ме заболе миогу силио, потече дури и крв, но смеата продолжуваше да извира од градите. Дојде мојата реплика. Јас ја направив последната усилба за да се совладам. Излегов на сцената и со најтрагичен глас извикав: - Сестро! Сестро! Каде си, сес... јас не успеав да го довршам последниот збор. Запираната смеа избувна наеднаш во едно високо налудничаво, хистерично кикотење. Еднаш давајќи ѝ волја на смеата, откако зедов здив, јас продолжив сѐ така високо и налудничаво да се кикотам... Наседнатите луѓе во салонот станаа од столовите. Громогласно ракоплескање го проследи првото избувнување на мојата хистерична смеа. Салонот продолжуваше да грми од ракоплескање и од тропање со нозете за сето време додека јас се смеев како луд. Ја спуштија завесата. Војдан беше полудел од лутина и ни ги пцуеше сите богови и светци. Публиката продолжуваше да ракоплеска и да скандира: - Брав-о! Брав-о! Би-ис! Таа сакаше да го види авторот и бурно да го награди со аплаузи авторот на пиесата и актерите, кои ја изведоа сцената, во која братот на грабнатата девојка полудува од жал и очај за сестра си. Што да речам? Јас бев заматил пајче, а тоа излезе едно убаво пиле... Актерите на оваа сцена, в среде со Војдан, се наредивме на сцената, завесата се крена, а публиката ги обнови своите ракоплескања и акламации. Војдан се поклони на три страни. Завесата се спушти... По неочекуваниот блескав успех на трупата во Трново, жителите на овој град многу настојуваа да ја повториме претставата. Меѓутоа, ние во Рахово бевме добиле добра лекција и не се полакомивме да останеме, туку заминавме за Горна Ораховица, каде што - по испраќањето на багажот - отидовме пешки. Во тоа време постоеше нешто како соперништво меѓу стариот бугарски политички и културен центар, каков што беше Трново и безначајна паланка, каква што до скоро беше Горна Ораховица, повлечена кон динамичен живот и материјален просперитет од новите економски услови, кои се беа наложиле со тоа што беше зела да биде средиште на четири железнички линии. Впрочем, ние не можевме да ја одминеме Горна Ораховица и да не дадема и таму претстава. Како што спомнувам и на друго место, во ноември 1900 година, по нашето протерување од Цариград, тројцата - Мерџанов, Соколов и јас заминавме низ провинцијата за да пласираме облигации од Македонскиот патриотски заем. Според договорот што го склучив со Сарафов, дел од вкупиата сума, која ќе ја оствариме со пласирањето, ќе ни биде дадена нам, за да ги завршиме конечно работите што ги бевме презеле во Цари-
248
град и во Солун. Околностите, меѓутоа, така се стекоа, што ние не успеавме да добиеме ништо од нив. За пласирањето на Заемот, во Горна Ораховица и Трново беше дошол Соколов, кој во својата работа потпомаган од некои горно-ораховски граѓани, на прво место од Димитар Евстатиев, кој по возраст и раст, црти на лицето, надворешност, однесување и темперамент многу личеше на Слави Мерџанов. Во Горна Ораховица се запознав со Д. Евстатиев. Заедно со својот помал брат Рафаил, во тоа време ученик-телеграфист и сестрата, учителка, тој живееше во куќата на татко му. Бидејќи нивните родители беа умрени, за домаќинството на ова ергенско семејство се грижеше сестрата, возрасна госпоѓица. Неколку часови по нашето запознавање, ние со него станавме многу блиски - како да сме се познавале и дружеле со години. Иашите размислувања за настаните и нештата се совпаднаа, се совпаднаа и нашите погледи спрема современите нелогичности и парадокси, а исто така и за начинот на кој треба да се реагира против нив. Соколов не го беше упатил Евстатиев во работите што ние ги бевме презеле во Цариград и во Солун, но тој беше сфатил дека таа настојчивост на Соколов при пласирањето на облигациите веројатно е во врска со нешто што сме го презеле во Турција. Накусо - јас го запознав со мојата тајна - дека моето актерство и собирањето на претплатата за весникот „L'effort” се параван за нашата вистинска цел - да ги тероризирам првин русенските богаташи Браќа Симеонови, а потоа и други лица.
ОГНЕНО ЗАСТРАШУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ БОГАТАШИ Димитар Евстатиев веднаш пројави готовност да ми помага и да дојде со мене во Русе, а исто така да преземеме одделно и самостојно слични акции со истата цел. Тој веднаш замина за Русе, каде требаше да ме чека на Железничката станица, кога ќе пристигнам таму со трупата. Во Горна Ораховица претставата беше многу добро посетена и ние во најоптимистичко расположение се качивме на возот и заминавме за Русе. На пристигнување во Русе, на железничката станица бевме пречекани од Димитар Евстатиев. Сите од трупата отидоа во хотелот. Јас и Евстатиев се одделивме и отидовме во русенската “Мечка маала”, каде што Евстатиев беше изнајмил една соба во куќата на некоја си Петранка, нему одамна позната жена на околу 50 години. Со Евстатиев во изнајмената соба во “Мечка-маала” подготвивме три експлозивни полнења - толку, колку што можеа да се подготват со
249
материјалите што ги носев. Експлозивните полнења ги подготвивме на следниот начин: Од пакетите со бертолетова сол, барут и шеќер ги одделивме неопходните количества, коишто ги замешавме полека со перо во пропорција проверена уште во Софија преку мој личен опит, за да може да се искористи смесата целосно, без да остане каков и да е остаток по изгорувањето. Со така измешаиата смеса наполнивме три шишиња за лимонада - толку, колку што дозволуваше количеството на материјалот што го донесов. Во устата на шишето стававме бикфордов фитил, на чијшто крај ја поставувавме капсулата, чијшто отвор го затегнувавме околу бикфордовиот фитил со забите. Капсулата во секое шише ја стававме внатре, среде смесата. Оној крај од бикфордовиот фитил, кој се наоѓаше надвор од устата на шишето, го расцепувавме со ноже и во цепнатината стававме обичен жолт памучен фитил, којшто го заврзавме цврсто со конец здраво за бикфордовиот фитил. Устата на секое шише околу бикфордовиот фитил - ја затнувавме цврсто со партали и ја замачкувавме со восок. Во зависност од времето, кое сакавме да истече меѓу поставувањето на експлозивното полнење и неговото избувнување, ние ги оставивме неопходните должини на обичниот жолт памучен фитил. Со опит ние бевме установиле, дека жолтиот памучеи фитил гори околу еден сантиметар во минута. Откако ги наполнивме шишињата и ги запечативме со восок, ние згустено и повеќекратно завиткавме околу секое шише врвка, дебела околу половина сантиметар во пречник, со цел при експлозијата да се добие поголем грмеж. Едно такво експлозивно полнење, произведува многу силен грмеж и предизвикува ситни повреди наоколу, но при обични услови - не може да убие човек. Оваа последна околност беше миогу важна за нас, зашто сакавме да дејствуваме врз психата на нашите жртви, а не и да ги лишуваме од живот. Браќата Симеонови живееја во својата вила, која се наоѓаше недалеку од пристаништето, надвор од источниот крај на градот, опкружена со цветна градина и ограда, со влез кон булеварот, по кој русенските безделници се шетаа навечер. Откако го испратив Евстатиев за Варна (тој замина таму веднаш откако ги наполнивме експлозивните полнења, земајќи едно со себе), јас добро го разузнав расположението и условите околу вилата на Браќата Симеонови. Ние во Русе дадовме две претстави и наредниот ден - рано наутро се подготвивме за заминување за Тутракан со брод. Јас отидов со трупата на пристаништето и намерно со сите актери и актерки водев весели разговори со цел - ако се јави потреба - сите да посведочат, дека во времето кога бил поставен експлозивот во вилата на Браќата Симеонови, јас сум бил со нив на пристаништето.
250
Бродот наближи. По 20 минути тој ќе тргне надолу по Дунав за Тутракан. Веќе немав време за губење. Јас незабележано се одделив од групата и брзо се искачив по улицата кон булеварот и вилата. Сонцето штотуку се покажа и ја огреа нејзината источна фасада. По булеварот немаше никој. Јас дојдов до вратата на градината и се обидов да влезам внатре. Вратата беше затворена. Тогаш го извадив експлозивиото полнење, го исеков жолтиот памучен фитил во должина од околу 25 сантиметри, го запалив и го фрлив експлозивот кон влезот на вилата. Потоа брзо се вратив на пристаништето, незабележано се смешав со трупата, која - заедно со другите патници - се беше наредила пред мостот на бродот и чекаше ред да влезе на него. Ние најпосле дојдовме на ред и се качивме на бродот, кој се огласи со сирената, се оддели од пристаништето и тргна надолу кон Тутракан. Во Тутракан дадовме една претстава и по враќањето во хотелот, се скаравме: Климент Кецкаров сметаше дека во улогата на братот на грабнатата од Турците девојка Цвета, којашто улога ја играше жена му, во средбата со неа, сум ја прегрнувал и бакнувал најдената сестра со не баш братски милувања. - А, ти како сакаш? Да стојам на сцената со опуштени надолу раце како ќутук? Ние го прикажуваме вистинскиот живот на човечкото општество, а не гнилите ќутуци во гората - му одговорив јас. Јас улогата ја играм така, што да прави илузија на реалност. - Гледај само таа реалност да не ти излезе скапа, да не ти прецрнее! Јас не им дадов посебно значење на овие зборови. Заминавме за Силистра, каде што дадовме една претстава. Таму средбата на братот и сестрата беше толку трогателна, што предизвика бура од ракоплескања во тоа време, кога Кецкаров зад завесите - целиот позелене. Последната сцена на “Македонска крвава свадба” завршува со нападот на луѓето на Осман бег за време на свадбената свеченост, со пукање и судрување меѓу свадбарите и напаѓачите. Кога дејството се беше засилило, јас само за миг го ѕирнав Кецкаров со револвер вперен во моите очи. Потоа - силен црвен пламен и сѐ ми стана црно. јас паднав. И тоа така природно паднав, што салонот загрме од ракоплескања и повици. Над мене го осетив Димитар Лимончев, кој ја играше улогата на мојот татко, како плаче: - Дуко, синко! - Побрзо пуштајте ја завесата - Кецкар ме ослепе! Лимончев дал знак, ја пуштиле завесата и сите се собраа околу мене. Ме однесоа во хотелот како слепец. Очите ми гореа како да беа ставени во жар. Повикаа лекар, кој со многу труд ги извади зрната барут, набиени во белата обвивка на очите. Едно од нив не можеше да биде извадено и сѐ досега стои таму набиено, за да ме потсетува на претставата во Силистра. Наредниот ден го поминав во хотелот, легнат на грб, со врзани очи. За среќа, не ослепев...
251
Од Силистра се вративме назад во Русе, а оттаму со возот веднаш заминавме директно за Варна, каде што дадовме една претстава и каде што се сретнавме со Евстатиев во Морската градина. Под паслов: “Анархизмот во Варна” во бројот 137 од 23 јуни 1901 година, весникот “Вечерна пошта” беше напишал: “Ноќеска, 9 часот на 21.VI едно или повеќе лица се обидоа со динамитна бомба да го кренат во воздух домот на познатиот банкер Презенти, кој со своето семејство и со уште 20 души гости се веселеле во својата куќа. Бомбата била фрлена преку прозорецот, кој од улицата ги осветлува скалите за горниот кат на куќата. Се гледа, дека или динамитот бил слаб, или пак бомбата била многу мала, зашто разурнувањата се сосема незначителни. Делото упатува на сионистите, на кои Презенти одбил да им помага”. Евстатиев го дополни горното соопштение во весникот, раскажувајќи ми една подробност: тој го запалил бикфордовиот фитил, но во моментот кога требало да ја фрли бомбата, покрај него поминале неколку гости, кои влегле во куќата на Презенти. За да не биде забележан, со ризик експлозивот да му испука во рацете, Евстатиев го стиснал така силно со прстите бикфордовиот фитил, што ја прекинал барутната жица во фитилот и не му дал можност на огнот од фитилот да стигне до капсулата и да го запали експлозивното полнење. Откако гостите влегле во куќата, Евстатиев го запалил одново загаснатиот бикфордов фитил и го фрлил експлозивното полнење преку прозорецот во куќата. Од Варна со воз се вративме во Разград, кој во тоа време беше - така да се рече - културен центар во тој крај. Таму дадовме една претстава. Во Разград случајно се сретнав со Владимир Икономов, родум од градот Сливен, бивш член на нашата Пловдивска анархистичка група од 1895 година. Тој беше завршил гимназија, студирал и завршил право и сега беше член на разградскиот Окружен суд. Сега тој ги беше закачил на клин сите бивши апархистички убедувања, се однесуваше важно и наперчено, како што доликува на еден судија, т.е. на непогрешлив човек, кој ги гледа заблудите и грешките кај другите луѓе и е повикан од Владата и општеството да ги суди и осудува тие заблуди и грешки... Тој не си ги беше подгорел крилјата и грижливо се беше свил во удобната пазува на Темида со својот ситен егоизам и осигурано материјално постоење... Оттогаш наваму јас не го сретнав и не жалам поради тоа. Во моето сеќавање не останал никаков спомен од гостувањето на трупата во Нови Пазар. Следната станица ни беше Шумен. Во овој град дадовме една претстава. За да не го заморуваме читателот со подробностите, ќе одбележам дека овде, во Шумен, една вечер го фрлив последното од ексползивните полнења во куќата на шуменскиот банкар и лихвар Форина, Евреин по народност.
252
На тој начин, ние двајцата со Евстатиев ја завршивме подготвителната работа во однос на принудувањето на набележаните лица. Остануваше да се заврши вториот дел на таа работа - да се фиксираат и да им се јават сумите што ќе ги бараме и потоа да се приберат. Со овој дел од работата ќе пристапиме откако ќе се сретнеме со Орце во Софија. Од Ески Џумаја по железница дојдовме во Плевен. Од овие два града, исто така, не ми останал никаков спомен од нашето гостување. Од Плевен - пак со железницата - заминавме директно за Софија, каде што трупата се расформира. При доаѓањето во Софија, работите ги затеков така како што ги оставив. Некои од уапсените членови од Комитетот на Сарафов (Тома Давидов, Георги Петров, Марко Бошнаков, Ангел Поп Арсов и Коце Зафиров) на 10 јуни 1901 година биле ослободени од иследникот под потпис. Другите биле задржани до разгледувањето на делото: Борис Сарафов, Славчо Ковачев, Тролев и поручникот Стојанов. Потоа, пак во месец јуни 1901 година, делото одново било разгледувано и сите обвинети биле оправдани и ослободени. Неколку дена по неговото ослободување Борис Сарафов исчезнал од Софија: со туѓ пасош и под туѓо име ја напуштил Бугарија. Пред да поминам на барање и обезбедување на сумите од лицата што ги тероризиравме со експлозивиите полнења, беше умесно да причекаме извесно време, додека помине полициската треска за откривањето на авторите на овие напади. Од друга страна, за да не се меткам во Софија пред очите на луѓето на Врховниот Македонски Комитет, од кои еден Саракинов - насекаде трубел дека јас сум авторот на нападите, со Орце решивме јас да отпатувам од Софија. Да заминам, но каде? Да одам во Пловдив, кај вујко ми, беше неразумно: Саракинов и компанија ги знаеја моите роднински врски со пловдивскиот митрополит Натанаил и тоа дека јас честопати бев неканет гостин во Пловдивската митрополија. Според тоа, во секој момент можеа да ја насочат полицијата кон ова мое прибижиште, ако отидев таму - ако отидев кај него, како што одев секогаш кога празното ќесе, или пак други околности ми наложуваа да барам покрив и храна. Тогаш се сетив на мојот соученик од ломското Педагошко училиште, Мојсеј Иванов Праматаров од селото Елешница (Разлошко), кој во тоа време беше учител во селото Чепинска Бања, каде што живееше во куќата на татко му, преселен по Кресненското востание во 1879 година. Никои од нашите добропосакувачи од Софискиот Врховен Македонски Комитет Михајловски-Цончев не знаеше за моите блиски пријателски врски со Праматаров. накусо - јас заминав за Чепинска Бања и се населив да живеам кај Праматаров, каде што се запознав со пријателите и роднините на мојот домаќин со своето скратено име Петар Георгиев.
253
Мојсеј ме запозиа - меѓу другите - со својот колега Филип Главеев, главен учител во селото, родум од селото Јакоруда. Бидејќи беше училиштен распуст и учителите беа слободни, ние тројцата - Праматаров, Главеев и јас речиси секој ден правевме излети во пазувите на врвот Сјутка и беревме малини во пределите на иглолисната шума. Еден ден слушнавме, дека мечка-стрвница изненадила по овие места едно каракачанско стадо и однела една овца. Како што обично правевме, следното утро отидовме по малини. Филип Главеев беше слаткоречив раскажувач на разни случки и забавни настани од животот на неговото родно село Јакоруда. Ние бевме навлегле во едно од пожариштата, дебели обгорени стебла лежеа крстосани, полузакриени од густиот и висок малинаж. Се провиравме меѓу стеблата и малиновите грмушки, беревме малини и распрснати во малињакот - зборувавме силно, за да можеме да се чуеме. Така како што сме распрснати низ малињакот, ми паѓа на памет случката со дедо Божил Рајнула од Јакоруда - рече Главеев на начин како да му зборуваше на глувиот цар. - Ајде, раскажи ни да ја слушнеме таа случка - го поттикнав јас, зборувајќи со истиот тон. - Добро! Ќе ја раскажам! - рече Филип Главеев, со својот висок, рамен глас, и ни ја раскажа на разлошки дијалект следната приказна: - Тогаш ќе сум бил веројатно момчак на 15 години. Се беше чуло, дека на Јакорудско земјиште, некаде на кај Ај-гидик се појавила мечкастрвница, која правела голема штета на стадата по тие места. Јакорудските ловци се договориле, се собрале и тргнале да ја бараат мечката за да ја убијат. Дедо Божил Рајнула, кој исто така беше ловџија и тој тргнал со дружината. Отишле кај Ај-гидик, се распрснале во стрелци, опколиле едно големо пространство и почнале бавно да настапуваат нагоре. Случајот посакал дедо Божил Рајнула да ја види прв мечката. Тој ја кренал пушката и пукал, но не ја погодил. Мечката се изревала и со ржење се нафрлила на него. Дедо Божил Рајнула заборавил дека има пушка, фатил да бега, а мечката по него. Кога видел дека мечката ќе го настигне, Рајнула се пикнал под едно стебло. Мечката дошла до скривалиштето на бегалецот, подушила меѓу стеблата, му го растресла појасот и абата, но не можела да го извлече, зашто Рајнула бил цврсто прибран под нив. На неговите повици притрчале другите ловџии, кои припукале, ја убиле мечката и го ослободиле човекот. Дедо Божил Рајнула излегол, го распашал појасот, ги симнал панталоните и гаќите, повторувајќи: - Еве гледај, еве гледај! Друго не ми е чудно, само ми е чудно откаде се најдоа толку многу гомна во еден човек! И Филип Главеев додаде:
254
- Море погледајте добро! За, да не земеме и ние да се чудиме како дедо Божил Рајнула! Беше распуст, во почетокот на јули 1901 година Епархискиот суд не заседаваше. Сите го беа напуштиле Пловдив со неговите неподносливи горештини, засилувани - особено ноќе - од испарувањата на напечените преку денот голи скали. Тие се беа растуриле да го поминат распустот на посвежи места. Спасена беше отишла кај своите родители во Ќустендил, секретарот на митрополијата, Нешо Груев, беше заминал за својот роден град Копривштица, Иван А. Јосифчев во манастирот Бела Црква, а другите митрополиски службеници - во молдавскиот манастир “Света Петка”. Во митрополијата беше останал само вујко ми, еден прислужник, за чиешто име не се сеќавам и готвачката. Јас се сместив најудобно во собата на Иван А. Јосифчев и му правев друштво на вујко ми за време на утринското појадување, на ручекот и на вечерата. Два или три дена по моето сместување во митрополијата - веројатно било на 4 јули вечерта - доцна, околу полноќ, бев разбуден од некаква голема врева: беа насобрани луѓе на улицата околу митрополијата, како на нејзината влезна врата, така и по улицата, која води кон Ерменското маало. Соседната зграда, онаа што се наоѓаше на северозапад, потпрена на грбот на митрополиската зграда гореше. И покрај сите настојувања на пожарната команда да се ограничи пожарот, веројатноста тој да се прошири наваму беше голема, поради дрвената конструкција на зградите, збиени густо една до друга и поради недостигот на вода за запирање на стихијата. Првата помисла ми беше за динамитот, скриен горе на таванот. Јас набрзина ги навлеков панталоните, слегов долу, ја зедов скалата, се качив на горниот спрат и ја поставив под отворот на таванот, којшто го отворив. Се качив на таванот и се обидов да ги симнам куферите, но се покажа дека сам човек тоа е невозможно да го направи. Требаше некој да има, кој на скалите ќе го прифати подадениот куфер додека јас се извлечам од таванот и стапнам на скалата. Јас се чудев што да правам и најпосле решив да побарам помош од вујко ми. Тропнав на вратата од спалната на вујко ми, која - како што наведувам на друго место - беше истовремено и негов работен кабинет. Вујко ми, кој бил буден ми отвори и се покажа на вратата по кошула и бели гаќи, држејќи во раката свеќник со запалена свеќа. Јас бев навикнат секогаш да го гледам вујко ми облечен во антерија или расо, со килимавка или кадифена шапка на главата. Така облечен, со својата долга бела брада и перчините долга бела коса, кои се подаваа под килимавката или кадифената шапка, тој имаше величава, сугестивна појава. Сега по долни бели алишта, со пантофли на нозете, пред мене стоеше еден немоќен старец, незадоволен од тоа што му го нарушив спокојството. Што има? - ме запраша тој.
255
- Соседната зграда гори, може и нас да нѐ зафати. - И што сега? - Ве молам да симнеме два куфера од таванот. Без било што да рече, тој ми го подаде свеќпикот, којшто го ставив на масата на средината на салонот и дојде со мене до скалата. Јас се качив на таванот, зедов еден куфер, го протнав низ отворот и го ставив на една од горните стапки на скалата. Вујко ми со мака се искачи две стапала, и држејќи се со едната рака за скалата, со другата го придржуваше куферот додека јас се извлечам од таванот и го симнам на подот. Оваа операција се повтори уште еднаш и за другиот куфер. Кога куферите беа симнати и поставени на подот на салонот, вујко ми ме запраша: - Што има во куферите? - Динамит. - Што? - Динамит. Вујко ми се исправи со целиот раст и ме фиксираше со погледот. Лицето му доби еден таков строг и студен израз, каков што не бев видел никогаш кај него. Со еден тврд глас, каков што никогаш не бев слушнал, тој рече: - Да се мавнеш од митрополијата! Уште сега! И вторпат да не сум те видел овде!
ИЗБРКАН ОД ПЛОВДИВСКАТА МИТРОПОЛИЈА Така, најпосле вујко ми ме избрка... Уште истата ноќ, слегувајќи по најкусиот пат низ Хисар Капија, јас на рака ги понесов двата куфера во куќата на Александар Костов, која се наоѓаше - како што реков порано - на “Чаушооглу сокак”, каде што се сместив да живеам. Што да правам со овој проклет динамит? Да го пренесам во селото Рила, па оттаму да биде пренесен во Солун? Но, за тоа требаат пари, а јас ги немав. Освен тоа, при неговото пренесување, ние ризикувавме да го изложиме на конфискување од страна на власта, потпомагана во овој случај како од Софискиот Врховен Македонски Комитет, така и од ловечките кучиња на Внатрешната Македонска Организација. Што да правам? Каде да го скријам овој динамит? Едно беше јасно: тој не требаше да стои долго време во куќата на Александар Костов. Најдобро беше тој да се пренесе по пат на шверц во Турција. Но како? Тогаш ми дојде на памет да отидам на Железничката станица и да го причекам пристигнувањето на конвенционалот, кој доаѓајќи од Цари-
256
град - во Пловдив пристигнуваше околу 11 часот претпладне. Таму требаше да се сретнам со Милан Саздов - тоа велешанче, кое како келнер служеше во вагон-ресторанот на конвенционалниот воз. Јас отидов на станицата и се сретнав со Милан. Тој беше силно момче - немаше потреба од многу приказни, за да ја добијам неговата согласност. Со него го договоривме следното: јас ќе го чекам пристигнувањето на конвенционалот во Софија и пред запирањето на возот ќе отидам во нужникот на станицата. Штом ќе сопре возот, Милан ќе дојде кај мене во нижникот и ќе добие - во вид на пакет - еден патрондаш со динамит, којшто ќе го опаше околу половината под служебната блуза, а потоа ќе се врати назад во возот. Пренесените патрондаши со динамит - кога пристигне во Цариград - ќе ги предава на Ана Шепиц, чијашто адреса му ја дадов напишана на едно ливче хартија. Најважната задача сега ми беше да го експедирам динамитот. Поради тоа, јас го одложив за подоцна уценувањето на Браќата Симеонови во Русе и Фарина во Шумен. Другите денови од јули 1901 година и првите денови на август истата година поминаа во испраќање на динамитот во Цариград, каде што и бил предаван на Ана Шепиц. Таа го криела во својот стан. Се случи нешто сосема фантастично: динамитот наменет да ја растури Отоманската банка во Солун и да ги уништи темелите на Отоманската империја, беше даден на чување - и се чуваше во живеалиштето на еден од инспекторите на цариградската тајна полиција... Во својата книга “Македонија под ропство” (Софија, 1934 година, печатница П. Глушков), страница 160, ред 32 и следните Павел Шатев пишува дека Орце во Софија се среќавал со Гоце Делчев и му рекол дека ако Внатрешната Организација убие некој од нас, ние ќе се одмаздиме убивајќи некој од членовите на Централниот Комитет на Организацијата било во Македонија, било во Софија, без да водиме сметка дали нашата работа ќе пропадне. Кога го чита горното, читателот ќе помисли дека Гоце Делчев и Организацијата биле запознаени со нашите подготовки за кревање во воздух на зградата на Банк отоман во Солун. Вистината е следната: речиси секој ден ние се среќававме со Делчев, како што се среќаваат и гледат сите што посетуваат ист локал. каков што во случајов беше кафеаната при хотелот “Батемберг во Софија. Но, Делчев и Организацијата не знаеја апсолутно ништо за нашата работа. Ниту Орце, ниту било кој од нас немал со Делчев таков разговор, каков што Шатев му припишува на Орце во тоа место на својата книга. Како што споменувам во третиот дел од своите записи, откако го принудивме Стоил Миров да си замине за Одрин, кој од Одринската организација беше испратен да го организира нашето убиство во Цариград, Мерџанов му напиша на Орце во Солун да отиде кај некого од членовите
257
на Централниот комитет на Организацијата во Солун - ако не ме лаже умот, кај Христо Матов - и да му рече дека ако Организацијата по вторпат направи таков обид и убие некој од нас во Цариград, тие - нашите солунски другари, чиишто личности и број не им се познати на Организацијата - на тоа убиство ќе одговорат со убиство на некој од членовите на Централниот комитет во Солун. Орце ја пренесе порачката на Мерџанов и ние во Цариград бевме оставени на мира. Тоа е вистината, а сето, тоа што Шатев го пишува од 32 ред на 160 страница до 4 ред на 161 страница од оваа своја книга, нема ништо заедничко со вистината. Како и на друго место во оваа своја книга, Шатев го пренесува она што го слушнал од нас, но на сосема неточен начин. Така, на 161 страница, 15 ред, тој пишува: “Во своите барања кон крајот на август 1902 година ние наидовме на лицето Милан Саздов од Велес.” Како што напишав погоре, кога двајцата со Орце патувавме од Софија за Пловдив кон крајот на јануари 1901 година, сосема случајно се запознавме со келнерот на вагон-ресторанот на конвенционалниот воз Милан Саздов. Во времето кога се запознавме со пего, ние не располагавме со никаков динамит и немавме потреба да бараме некој, кој ќе го пренесува во Цариград. На истата 161 страница на оваа книга, од 28 до 32 ред, Шатев пишува: “П. Манџуков објасни дека сите обиди да се проникне до железничката линија Серес-Ксанти останале без резултат, зашто било многу тешко да се најдат луѓе сокривачи (јатаци) во селата покрај железничката линија, бидејќи повеќето од селата биле турски.” Тоа е сосема неточно, зашто до 1902 година, а и до текот на целата оваа 1902 година јас не бев стапнал во Ах-Челебиско, воопшто не ја бев поминувал турската граница никаде по целото нејзино протегање со Бугарија. Како што ќе види читателот од она што го пишувам понатаму, јас за првпат и дејствував во Ах-Челебиско и Ксантиско меѓу крајот на март и 18 јули 1903 година. Според тоа, горецитираниот пасаж од 161 страница на Шатевата книга целосно не одговара на вистината. Целиот пункт 86 од горенаведената книга на Шатев озаглавен со “Пренесувањето на динамитот од Софија преку Цариград за Солун” од почетокот на 164 страница до 41 ред на 165 страница, целосно не одговара на вистината. Како што кажувам и на друго место, динамитот (два куфера) се чуваше на таванот на Пловдивската бугарска митрополија, а не во Софија. За време на пожарот во соседство со зградата каде што се наоѓаше митрополијата, јас го пренесов во куќата на Александар Костов, која се наоѓаше на “Чаушооглу сокак” (сега “Митрополит Панарет”), на местото каде што сега е изградена нова куќа, која носи број 15. Поради лошите услови и ризикот да биде откриен од властите, овој динамит беше пренесен во Цариград. Динамитот го пренесе Милан Саздов, за кој се сетив во 258
последен момент, кога се наметна неговото содејство, на почетокот на месец јули 1901 година. Во тоа време новата, модерна пловдивска Железничка станица не постоеше. сегашната железничка станица беше изградена во 1910 година, откако во 1908 година - Хиршовата железничка линија беше заграбена од бугарската држава. Во времето за коешто раскажувам, пловдивска Железничка станица беше една ниска и мала двоспратна сина зграда со четири простории: една соба за началникот на станицата, една за телеграфот, една за бифе и една за чекална. Меѓу станицата и шините се наоѓаше нужникот, а меѓу него и бифето на станицата имаше една чешма, од која келнерите од вагон-рестораните на конвенционалниот воз и од експресот се снабдуваа со вода, којашто ја точеа од чешмата во кофи за. време на престојот на станицата. Во целиот тој пункт од својата книга Шатев ја пуштил својата фантазија да лансира што е можно повеќе измислици, кои, за жал, но истовремени и поради востановувањето на вистината, јас сум должен да ги посочам. По испраќањето на динамитот во Цариград, јас се вратив во Софија. Таму дознав дека полицијата ме барала. Зошто? Не знаеја да ми кажат, но не беше тешко да се одгатне: веројатно таа сакала да провери колку се основани гласовите, распространувани од Саракинов, за моето авторство на нападите во Русе, Шумен и Варна. Се разбира, јас воопшто не бев наклонет кон тоа да и осветлувам на полицијата и затоа се извлеков од Софија. Кога - во 1890 година - бев ученик во втори клас на Софиската гимназија, еден од соучениците ми беше и некој си Крум Кршовски. Таа година, кога со Војдановата театарска трупа “Скрб и утеха” патувавме од Софија за Враца, на железничката станица Своге случајно го сретнав овој мој соученик од Софиската гимназија и му се јавив. Кршовски сега бил телеграфист на станицата Своге. Тој овде немал никакво друштво и дивеел според сите правила на искуството; немало со кого да размени два збора, па затоа ќе му било пријатно ако му дојдам на гости неколку денови, за нешто да си пробрбориме. Сега, кога воопшто не бев наклонет кон тоа да го задоволувам љубопитството на полицијата, се сетив за Кршовски, се качив на возот и заминав кај него во Своге. На Кршовски му кажав дека овде ќе го минувам времето под татково име, а не под фамилијарното, зошто по него ме бара полицијата, со која не сакам да имам работа. Кршовски не пројави никаков интерес во однос на тоа зошто ме бара полицијата. Кршовски ми укажа целосно, љубезно гостопримство: Во Своге спиев кај него во станицата и се хранев со него. Дење поминувавме или во обиколка на околината, или покрај реката Искар во ловење на риба со јадица. Воопшто, овие неколку денови што ги поминав
259
во Своге, се моите најмирни и идилични денови од тоа време. Со една картичка јас му се пофалив на Орце за животот што го поминував. Уште вториот ден по испраќањето на поштенската картичка, во Своге пристигна брат му Милан Поп Јорданов како гостин на Кршовски и остана таму со мене до крајот. Милаи, кој не сакаше да скита по околината, претпочиташе да лови риба. Со него заедно по цели денови дремевме со јадиците покрај Искар - повеќето без резултат. Понекогаш - многу ретко - некоја гладна и лакома, главно глупава риба ќе се фатеше на јадицата и тоа ми причинуваше големо задоволство - поголемо од тоа, коешто го покажувавме, кога испржена ја поставувавме па масата за јадење.
СТРАШНАТА СМРТ НА СОКОЛОВ За времето кога јас се појавував како актер во театарската трупа “Скрб и утеха” на Војдан Поп Георгиев, кога собирав претплата за весникот „L'effort“ и вршев терор - со цел да ги принудам лицата што ги набележав во Русе и Шумен; кога Орце и Нунков во Софија и нашите другари во Солун мируваа поради недостиг на средства, Мерџанов и Соколов формирале една мала чета и заминале за Одринско со цел да го фатат Хаџи Нури бег, син единец на Одринскиот многу богат Турчин Дертли Мустафа, сопственик на неколку чифлици и да го ослободат откако ќе добијат многу голем откуп за него. Мерџанов и Соколов не беа стапнале воопшто во Одринско и не ги познаваа тамошните луѓе и услови. Павел Генадиев, кој до пред две години се истакнувал во Одринско, претендираше да се претставува како организатор на тамошното население. Нему - на Павел Генадиев - му се беа усладиле парите добиени во јуни 1900 година како откуп за заробениот лозенградски лекар д-р Керамитчиоглу. За да стави и оваа година една уште поголема сума во својот џеб, тој им ја беше сугерирал на Мерџанов и на Соколов идејата да го фатат и да го заробат горенаведеното Турче, а за откупот - посредникот, т.е. тој, Павел Генадиев, е секогаш на располагање, како и во аферата Керамитчиоглу... за да остане во негова корист. Тој, Павел Генадиев, ова заробување и откупување им го беше претставил како многу лесна и доходовна работа, во таква примамлива светлина, што го беше соблазнил дури и Мерџанов, кој во текот на ноември 1899 година - зборуваше со подбив за таквите експедиции, кои велеше тој - се надживеани, еден депотопски начин за набавување на парични средства. За поткрепа на горе кажаното, треба да се имаат пред вид следните околности:
260
1. Георги Фотев и Христо Илиев припаѓаа кон Одринската организација, тие биле врбувани од Павел Генадиев и во Пловдив важеа за негови луѓе”. 2. Од горните две лица, Христо Илиев беше учествувал во заробувањето и киднапирањето на лозенградскиот лекар д-р Керамитчиоглу, чијшто откуп потона во месец јуни 1900 година во џебовите на Павел Генадиев. 3. Кога почнал да членува во Одринската Организација, т.е кога паднал во пајажината на Павел Генадиев, Георги Фотев работел како аргат на чифликот на Дертли Мустафа до градот Одрин, каде што тој живеел со семејството. Тој - Георги Фотев - го познавал многу добро распоредот на зградите во чифликот на Дертли Мустафа крај градот Одрин, како и навиките на целото негово семејство, кое нешто било од најголемо значење за експедицијата, сугерирана од Павел Генадиев на Слави Мерџанов. 4. Во почетокот на 1901 година Мерџанов доаѓа во Пловдив и се среќава со Павел Генадиев, Георги Фотев и со Христо Илиев. Јас - по дамнешна навика - не покажав љубопитство, за да ја дознам целта на таа средба. Но, од моите разговори со Христо Илиев, нејасно нагаѓав во што се состои целата работа. Така, околу 1 јули 1901 година, Мерџанов и Соколов формирале една мала чета и заминале за Одринско. Водач на четата бил Георги Фотев, кој - како што кажувам погоре - бил многу добро запознаен со распоредот на зградите во чифликот и со навиките на неговиот споственик и на неговото семејство. Четата на Слави Мерџанов броела седум души - четворица Бугари и тројца Ерменци. Поточно: Слави Мерџанов, Петар Соколов, Георги Фотев, Христо, Илиев, Бодрос Серемџијан, Ончик Торосјан и Татул Зармаријан. Една вечер, по темница, оваа чета го нападнала чифликот на Дертли Мустафа, кој се наоѓал близу до градот Одрин, го грабнала син му Нури беј - едно младо момче - и по темница брзо се повлекла во правец кон бугарската граница. Власта во градот Одрин била набрзо известена. Одринскиот валија Ариф паша, личен и многу близок пријател на Дертли Мустафа, веднаш ја ставил на нозе целата полиција, жандармерија и гарнизонот на градот Одрин со најстрога наредба да ја настигнат и уништат четата. Биле пуштени патроли и коњица во сите правци. Четата била настигната. Започнала жестока престрелка, при која четата си пробила пат, но на местото на битката го оставила водачот Георги Фотев. Пред да издивне, колку што му дозволувале силите и краткото време, Георги Фотев и ги дал на четата последните упатства за правецот што треба да го држи за да ја помине границата. Четата се извлекла кон границата без водач.
261
Незабележана од коњаниците, кои крстосувале насекаде, четата успеала да се провлече до границата, којашто таа ја прекосувала неколку пати пред да осамне на турска територија, спроти селото Урум Бегли, кое се наоѓа на бугарска територија. Почнало да се разденува. За да не стои на отворено, четата, заедно со заробеното Турче, се сокрила во една запуштена дупка за печење вар, која што се наоѓала во близина, верувајќи дека не била забележана од никого. Коњаниците сновеле насекаде, но не можеле да ја откријат четата. Добро се разденило. Освен распрснатите во околината коњаници, по отворената месност не се гледала жива душа. Само едно мало момче - овчарче, го пасело далеку своето стадо. Трубачот свирел повлекување. Коњаниците почнале да се повлекуваат и да се собираат, за да се постројат и да си заминат за градот Одрин. Еден од коњаниците, при своето повлекување, поминал покрај овчарчето и го запрашал дали ова утро не видело некакви луѓе во близина. - Видов - одговорило овчарчето - кога самна (сабах карши) видов неколку души како влегоа ене во онаа варница. Коњаникот се сопрел и свртел кон варницата за да го провери тоа што му го рекло овчарчето, но на влезот на варницата бил пресретнат со истрел на стражарот. Трубачот на коњаниците засвирел со трубата - и по неколку минути варницата од сите страни била опколена. Започнала битка, која продолжила до ужина. Прикриена зад ѕидовите на варницата, на жестоката и честа стрелба на многубројниот аскер, четата одговарала со ретки и прецизни истрели, за да ги штеди куршумите и ги задржала Турците на почетното растојание. Селаните од Урум Бегли од граничната линија ја набљудувале оваа борба меѓу малубројните четници и многубројниот непријател, чијшто број постојано се зголемувал. Четата ги привршила куршумите - останале уште по три-четири куршуми за секој човек. За да ги продадат поскапо своите кожи, Соколов го фатил за вратот заробеното Турче, го исправил на нозе, излегол со него надвор од варницата и држејќи го сѐ така за вратот со едната рака, со другата го размавтал своето бело шамивче за нос. Значи, четата се предава. Аскерот престанал да стрела. Војниците се исправиле и во групи тргнале кон Соколов без да се вардат. Соколов продолжил да мавта со своето бело шамивче и откако неколку истрели, кои доаѓале откај варницата не собориле неколку војници и не ги натерале другите одново да залегнат. Одново се отворила битка. Соколов продолжил да мавта со шамивчето и да го држи за вратот Нури беј. Аскерските куршуми го убиле Соколов и тешко го раниле заробеното Турче. Варницата молкнала. Аскерот влегол внатре и го затекол Ончик Торосјан мртов, Мерџанов тешко ранет, а Христо Илиев, Бедрос Серемџијан и Татул Зармаријан - исто така ранет, но полесно.
262
Фатените четници биле качени на коњи. Иако ранети, тие биле цврсто врзани со јажиња за самарите на коњите. На убиените - Соколов и Торосјан - им ги отсекле главите. На Мерџанов му ја дале да ја носи отсечената глава на Соколов, којашто му ја ставиле во рацете, напред врзани. Така, со главата на Соколов во рацете, Мерџанов влегол во Одрин навредуван, пцуен, плукан и удиран со камења од толпата фанатизирани Турци, која излегла да го пресретне аскерот, кој се враќал од својата победничка експедиција. Неколку време подоцна, кога успеав да воспоставам писмена врска со него, Мерџанов ми пишуваше: “...Ги преживеав најгорчливите часови од мојот живот - врзан, да ја носам со свои раце главата на најдобриот другар...“ Ранетите четници биле донесени во одринската Воена болница, каде што биле излекувани, а потоа испитувани од воениот иследник и исправени пред Одринскиот воен суд, кој ги осуди на смрт. Една подробност карактеристична за турското правосудство и за психологијата на Турците, воопшто: за време на испитувањето, преку турскиот конзулат во Пловдив, воениот иследник собрал податоци за Мерџанов од жителите - Турци од неговиот роден град Карнобат; одговорот бил: “Еј ген’ч-адам д’р. Чоџуклук јапмиш“ (Добро момче е. Направило детинштина). Се разбира тој одговор немал никакво влијание врз судот, кој имал за задача да се произнесе за авторите на еден разбојнички напад со заробување и вооружен отпор, при што биле дадени човечки жртви и од војската, којашто ја следела четата. Заробеното Турче Хаџи Нури беј умрело од раните. Расправаа дека во својот очај Дертли Мустафа му кажал на својот близок пријател, одринскиот валија Ариф паша: - Ако им го дадев откупот, кој ќе го бараа од мене, разбојниците ќе ми го вратеа детето. Тие ќе беа почувствителни. Јас се обратив до тебе за да ми го вратиш момчето, а не да испратиш војска да го убие... Сега - си сакал да ги обесиш разбојниците. Каква е користа за мене? Со тоа ти нема да ми го вратиш синот! И двоен откуп да ти дадам, пак не ќе можеш да ми го вратиш! Штом дознавме за изведениот напад на чифликот кај Одрин, ние со Милан Поп Јорданов го оставивме гостопримството на Крум Кршовски и идилата со риболовот на Искар и се вративме во Софија. Таму - ако не ме лаже умот - имаше некаков македонски конгрес, поради кој Гоце Делчев се беше вратил од Македонија и во тоа време беше во Софија. Под впечаток на смртта на Соколов - наместо некролог јас напишав една мала брошура со сеќавања од десетина страници, којашто сакав да ја отпечатам. Јас му го прочитав напишаното на Делчев, кој не рече ништо и ме посоветува да ја дадам на печатење кај некој си Јаким Јакимов, книжар и печатар во градот Ќустендил, кој издавал и пласирал такви брошури.
263
Јас веднаш заминав за Ќустендил, се сретнав со Јаким Јакимов, кој веднш се согласи да ја напечатам брошурата и го зеде ракописот. Со него се договоривме - уште наредниот ден да ми ги испрати коректурите, така што немаше зошто да седам во Ќустендил и да трошам пари. Јас се вратив во Софија. Помина ден, две, три, пет - не добив никакви коректури. Заминав за Ќустендил да видам како оди печатењето, ако печатарот ми го заштедил трудот за корегирањето. Дури тогаш Јаким Јакимов ми кажа, дека Организацијата, откако дознала дека тој ја набира оваа брошура, го зела од него ракописот, мотивирана од тоа дека со таа брошура “ќе му се наштетело на населението во Македонија”. Ќе одбележам дека во оваа брошура не се спомнуваа никакви имиња на лица, населени места или месности, таму се даваа само спомени за личноста на убиениот Соколов. Преку молчењето околу личноста на Соколов и - воопшто околу работите што ние ги презедовме, Внатрешната Македонска Организација гонеше всушност една јасно определена цел - да го омаловажи и да го убие влијанието на нашите идеи и сфаќања врз масите. Јас заминав за Пловдив, каде што имаше многу емигранти од Одринско. Целта ми беше да се помачам да стапам во контакт со Мерџанов. Во Пловдив се сретнав со Стојан Калојанов од Доган Хисар, се познаваше од блиску речиси со сите Тракијци што живееја во Пловдив. Тој ми го даде името на еден од Одринските бугарски учители - некој си Вељу Ралев преку кој ќе сум можел да ја воспоставам саканата врска. И навистина по една недела добив едно писмо од Мерџанов, од коешто давам цитат погоре. Во тоа писмо ги изнесуваше подробностите за тоа што тој преживеал во текот на фаталниот ден, во кој бил фатен и доведен во Одрин. Јас заминав за Софија, за да размислиме со Орце и со Нунков што да преземеме за спасувањето на нашиот другар. На заминување, преку Вељу Ралев на Мерџанов му испратив едно писмо, во кое му јавувам дека имаме намера нешто да направиме, со кое ќе ги спасиме како него и неговите другари, така и уапсените татко и син во Цариград: Нанчо Калчев и Калчо Стојанов па да не губи надеж. Поминаа 33 години. Во 1934 година Стојан Калојанов ме запозна во кафеаната “Феникс” во Пловдив со бившиот учител од Одрин Вељу Ралев, сув, висок господин, со бесцелен, неспокоен поглед. Јас посакав да дознам нешто повеќе од тоа што беа напишале весниците за животот на Мерџанов и на неговите другари од Одринскиот затвор и за нивното бесење. Уште штом му ги поставив првите прашања, Ралев се затвори во себе и на сите мои распрашувања, одговараше на еден ист стереотипен начин: - Ништо не знам! Јас ништо не знам! - Како така ништо не знаете? Јас го познавам ракописот на Мерџанов и преку Вас добив едно писмо од него.
264
- Ништо не се сеќавам! Јас ништо не знам! Ралев ги изговараше овие зборови со тон на научена лекција, со плашлив поглед и со таков израз на лицето како да се наоѓа пред воениот иследник и да одговара за некаков голем военополитички престап. Откако видов дека напразно си го губам времето и тоа цел еден час, јас го поздравив со симнување на шапката и се разделив со него. Имав впечаток, дека нешто се разглобило во умствените способности на овој човек, кој во најопасното време, се беше ризикувал, за да биде полезен на другите... Време за губење немаше. Требаше да се брза, зашто Мерџанов и неговите другари можеа во секој миг да виснат на јажето. Впрочем, уценувањето на Браќата Симеонови во Русе и на Фарина во Шумен беше одложено. Тројцата - Орце, Нунков и јас - решивме да дејствуваме на следниот начин: ќе формираме една мала чета. Ќе се провлечеме по Странџа планина до железничката линија меѓу станиците Синекли и Черкез ќој. Колку четата ќе биде помалубројна, толку понезабележано ќе стигне до целта на експедицијата и толку полесно ќе може да се снабдува со потребните артикли. Меѓу Синекли и Черкез ќој, преку едноподруго кревање во воздух на железничката линија однапред и одзади на возот, ќе го фатиме експресот, ќе ги заробиме оние што ќе ги најдеме со него да патуваат и ќе ги одведеме во Странџа планина. И - глава за глава! - ќе ги ослободиме откако Мерџанов, неговите другари и затворените во Цариград, по пропаѓањето на нашата работа дојдат и се приклучат кон нас. Таков беше нашиот план - едноставен и храбар. Во тоа време, доаѓајќи од Запад низ Бугарија за Цариград експресот поминуваше трипати неделно - ако не се лажам, во понеделник, среда и петок, а од Цариград за Запад тргнуваше во вторник, четврток и сабота. Од Апостол Димитров, родум од Загоричани, Костурско, службениктелеграфист на Хиршовата железничка компанија, кој беше на служба на Железничката станица во Пловдив, зедовме точни податоци во колку часот експресот поминува и во двата правца - меѓу горенаведените станици Синекли и Черкез ќој. Во првите денови на септември 1901 година, тројцата - Орце, Нунков и јас - испратени од железничката станица од Милан Поп Јорданов, заминавме од Софија за Бургас. - Ајде, вие одете да се арчите, а јас ќе си идам у Велес, ќе седнам у дуќанот на ќепенокот... и, откако ќе се поарчите, ќе ви ги пишам биографиите... Тоа беа зборовите со кои Милан Поп Јорданов нѐ испрати - последните зборови што ги слушнав од него. При нашето поаѓање, двајцата браќа дури не се ракуваа - тие беа уверени дека наскоро ќе се видат пак! А оваа разделба со Милан, беше разделба за навек.
265
Ние носевме еден голем дрвен сандак, спакуван со галванизираиа тенекиена ламарина, со заоблен капак - еден од оние сандаци, со кои градските домаќинства обично се служеа за чување на алиштата на домаќинството. Во него ние носевме четири куси пушки манлихерки, четири патрондаши за носење шаржери со менлихерски патрони, околу 300 шаржери такви патрони, четири шајачни комитски блузи, четири шајачни панталони, четири каскети, четири чуфта чевли со подметки и врвки, 10-15 килограми динамит, еден топ бикфордов фитил и една кутија со 50-60 капсули. Овој сандок го дадовме како багаж до Бургас и ќе патуваше со нас. Ние заминавме за Бургас, од каде со содејство на Георги Минков, ќе влеземе во Турција. Георги Минков, наш близок познајник, беше Тракиец, ако не се лажам од Лозенград. Се запознавме оваа пролет за време на вонредниот македонски конгрес, кога беше избран за член на Врховниот Македонски Комитет. И порано и сега, тој беше нешто како алка, која ги соединуваше Тракијците и Македонците во борбата против заедничкиот непријател - турската власт. Во времето за кое раскажувам, тој беше претседател на бугарската Окружна постојана комисија и го ползуваше почитувањето на целото население од округот. Во Бургас, од Старата железничка станица отидовме директно во анот што го држеше Тодор Минков, брат на Георги Минков. Содејството на Г. Минков се состоеше во тоа да ни даде некој човек, кој ја познава добро Странџа планина и кој ќе ни биде водач до железничката линија меѓу Синекли и Черкез ќој. За водач на четата Георги Минков ни предложи еден стар арамија, некој си Маламата, кој ја познавал Странџа планина како своите пет прсти и му наредил на овој последниов да замине веднаш за селото Текенџа и таму да нѐ чека, за да нѐ води кон селото Синекли. Георги Минков нѐ запозна и со некој си Иван Пачалиев - ако не се лажам - од Лозенградско, кој ќе дојде со нас и ќе нѐ спроведе донекаде кон границата. Еден ден, со вечерниот воз, ние тргнавме од Бургас придружувани од Иван Пачалиев. Тој ден, пред да тргнеме, Георги Минков не запозна со учителот во селото К’р’к-чал, едно младо момче, за чиешто име не можам да се сетам. Не запозна за секој случај - може да ни притреба. Со Иван Пачелиев, откако го дадовме сандакот како багаж до железничката станица Керменли, по темница стигнавме до последната станица. Иван Пачалиев пазари една коњска кола со два коња да нѐ однесе до селото Голем манастир и дојде со нас до ова село. Овде тој ја побара куќата на еден негов познат селанец, којшто го најдовме како спие на гумното до неговата куќа. Беше полноќ кога го најдовме овој селанец. По долги убедувања и пазарлаци, тој се согласи да ја впрегне својата коњска кола и да не однесе до селото Кара ќутук, но претходно од Иван Пачалиев зеде
266
“два алтана” (40 лева). Ние заминавме со коњската кола, а Пачалиев ни посака “добар пат” - наутро тој ќе се враќал назад за Бургас. Низ селата: Башали, Дорукли, Драката и Дервен-дере, во југоисточен правец, откако коњската кола нѐ тресеше цела ноќ, кога се раздени стигнавме во селото Кара-ќутук. Таму нашиот кирајџија ги отпрегна коњите, за да се одморат добро пред да си замине назад во селото Манастир, а ние отидовме да го побараме учителот, кој ни беше препорачан од Минков и Пачалиев. Таа беше младо момче за чиешто име не можам да се сетам. Тој веднаш се прошета низ селото и ни најде една коњска кола, за да нѐ однесе во селото Текенџа, кое се наоѓаше на два километра од границата. Според договорот уште од Бургас, во Текенџа ќе нѐ чека нашиот водач Маламата, а, освен тоа, таму требаше да се облечеме и да заминеме за Турција. Од селото Кара-ќутук, врвејќи по патот покрај Караќутушката река на исток, по нејзиното течение, на околу два километра од селото, го фативме патот кој доаѓа од селото Гелгебунар и слегува до Фак-дере. Оттаму, по патот на течението на оваа суводолица, дојдовме во селото Коџа-бук, каде што коњите добро се одморија. Од селото Коџа-бук, преку селото Мадлеж, вечерта стигнавме во селото Текенџа и се стациониравме на неговиот источен крај, во куќата на некој си бај Костадин, родум од селото Кулата - Лозенградско. Овој бај Костадин ни беше препорачан од Георги Минков уште во Бургас. Маламата нѐ чекаше во селото Текенџа. Уште истата вечер, кога пристигнавме, ние се најдовме со него и се договоривме границата да ја поминеме следната вечер. Наредниот ден - треба да беше 12 или 13 септември 1901 година уште рано наутро, од прозорецот на куќата на Костадин по голиот рид кон границата, видовме тројца како одат покрај граничната линија; двајцата од нив всредоточени водеа некаков жесток разговор со третиот. И тројцата ни беа познати - двајцата беа Антон Бозуков и Саракинов, членови на генерал-Цончевиот Врховен Македонски Комитет, а третиот беше нашиот несуден водач Маламата. Зошто беа дојдени Бозуков и Саракинов? Каква работа имаа тие и каков разговор водеа со Маламата? Тогаш ние не знаевме дека тие двајцата членови од Цончевиот Комитет правеа обиколка на границата со Турција за да ги “преземат” граничните пунктови од Македонската и од Тракиската организација. Несреќната судбина на Мерџанов ги беше довела овие двајца емисари на Цончев по границата на Текенџе, точно кога ние бевме дошле. И се случи тоа што го беше зацртала судбината. Не помина ни половина час откако Бозуков и Саракинов се изгубија во правец кон граничната караула, во дворот на Костадиновата куќа влезе пограничниот офицер, следен од неколкумина војници со ножови
267
на пушките. Откако ги распореди војниците на разни места низ дворот, пограничниот офицер - поручникот Кантарџиев, еден крупен и силен црноок млад човек - влезе во куќата со двајца од војниците. Тој ја извади сабјата и со висок и тврд глас извика: - Во името на законот, ве апсам! - Ќе ти го ебам законот твој! - се огласи Орце и го извади револверот. - Ако додека одбројам до три, не се сторите деф од овде, сите ќе летнеме нагоре! Едно... две... Тој го беше насочил револверот кон сандакот, таму, каде што беа капсулите, за да го запали динамитот што се наоѓаше во сандакот. Од грубо-заповеднички, тонот на пограничниот офицер веднаш стана покорно-молбен: - Ве молам господо! Ве молам! Во мојот реон ли да се случи тоа чудо! Ќе си одиме! Еве, си одиме! И поручникот Кантарџиев ги подбра своите војници и си го свитка крајот нагоре по ридот, кон караулата. Во такви услови беше незамисливо да ја минуваме границата без водач, зашто Маламата по средбата со Бозуков и Саракинов, замина некаде и воопшто не се јави кај нас. Сакаленекеле, требаше да го оставиме Мерџанов и неговите другари и нашите цариградски другари на милост и немилост на нивната судбина. Барем да можеме да го спасиме инвентарот. Ние ја впрегнавме воловската кола на бај Костадин, го натоваривме багажот и преку селата Коџа-бук, Ала-ѓун и Гелге-бунар го однесовме во селото Крк-чал, каде што му се доверивме на даскалот - едно младо момче, со кое Георги Минков не беше запознал пред неколку дена во Бургас и за чиешто име не се сеќавам. Веднаш по пристигнувањето во Бургас, Нунков си замина за Софија. Ние со него веќе не се видовме - од Софија тој заминал за Македонија и таму, за време на востанието во 1903 година беше загинал. Јас и Орце останавме во Бургас, зашто и овде и во Софија ќе бидеме во иста неодредена положба. Овде барем немаше да трошиме пари за патни трошоци да Софија... По неколку денови, од весниците дознавме дека германскиот принцпрестолонаследник, откако го посетил Цариград, се враќал назад за Германија. Заинтересирани, ние се информиравме кога принцотпрестолонаследник патувал за Цариград, од таа информација произлезе дека тој по цариградската железничка линија поминал со експресот истиот ден, кога се бевме решиле да го заробуваме експресниот воз. - Немавме к’смет! - велеше Орце со една нота на големо жалење во гласот. - Немавме к’смет! Кога би ми паднал во рацете германскиот престолонаследник! Тогаш би барале глава за глава, но само за луѓето од нашата придружба. А за него - ножот! Па како што плачеле и ќе плачат милиони мајки за своите чеда загинати во војните, водени за ќејф на царевите и властодршците - така да плаче и да жали и една царска мајка!...
268
Таа есен бугарската Окружна постојана комисија го покрена трасирањето и правењето на патот Бургас-Карабунар. Трасирањето му беше доверено на еден инженер - Германец, за чиешто име не се сеќавам. Иван Пачалиев - како претприемач го презеде правењето на овој пат. Орце и јас се ангажиравме како работници - Орце кај инженерот, а јас кај Пачелиев.
ЕДНО НОВО РАБОТНО ИСКУСТВО Како работник во трасирањето, Орцевата дневница беше 1.80 левови. Еден или два дена откако беше стапил на работа, инженерот беше забележал дека Орце е интелигентен работник и - покрај полската работа му ја беше доверил и пресметката на аглите и на хоризонталните растојанија, покачувајќи му ја дневницата на 2.30 левови - завидна дневница за тоа време. Орце овие пресметки ги правеше вечерно време на ламба во анчето Кара-тепе, кое се наоѓаше на патот за Бургас, на околу 3 километри западно од врвот на ритчето Кара-тепе. Во тоа анче, заедно со другите работници на Иван Пачалиев живеев и јас и Орце доаѓаше да ноќева заедно со мене во анчето. Јас од Пачалиев бев ангажиран како надзорник на работниците. Како негов ортак - по завршувањето на работата - печалбата ќе ја делиме на два еднакви дела. Станав - така да се рече - полупретприемач. Нескоро, меѓутоа, меракот за ортаклак во печалбата ми испари. Пачалиев немаше капитал и во тој поглед ние бевме лика-прилика со него. Имавме околу тресет души работници, вистински неранимајковци, од разни народности: Бугари, Црногорци, Грци, Македонци, Италијанци, Германци, Руси. Секоја сабота требаше да им се плаќа на работниците. И Пачалиев навистина им плаќаше, но не со пари, туку со картончиња, на кои со мастило беше одбележана нивната вредност: 5, 10, 15, 20, 25, 50, 75 стотинки, 1, 2, 3, 4 и 5 левови. Овие картончиња важеа само во нашата кантина, во која продуктите се продаваа по цени 2, 3, 4, па и 5 пати повисоки од пазарните. Освен тоа, Пачалиев спрема работниците се однесуваше многу грубо, како да не беа луѓе, туку работен добиток. Штом видов на каква бескруполозна експлоатација се изложени работниците, јас му реков на Пачалиев: - Те молам, престани работниците да ги плаќаш со картончиња и постојано да ги навредуваш! - Како сакаш со нив да се однесувам? Да не се принцови? И со што да ги плаќам? Со пари? - Јас немам пари. Ако имаш ти - дај ги, па да им плаќам со пари, а не со картончиња.
269
- Ајде, немаш пари - немаш! Разбирам што е немање. Што им плаќаш со картончиња - и тоа го разбирам. Ама зошто ги навредуваш? А цените во кантината? Па тоа е жив грабеж! Во кантината, барем, продавај по пазарни цени! Каде се чуло и видело да се продава чаша чај чиста водичка - за 25 стотинки? Во Софија, во Панах, чаша чај се продава за 10 стотинки, а овде, на Кара-тепе - 25 стотинки! - Јас продуктите не можам да ги продавам по пазарна цена: прво, за да биде донесена овде, на Кара-тепе - стоката се оптоварува со расходот за превозот и второ, бидејќи немам пари, се земам на вересија, т.е. поскапо од колку што е на пазарот. Јас не им се лутам на оние што ми ја даваат стоката поскапо - со повисоката цена тие го покриваат ризикот за стоките што ми ги даваат на кредит.Јас, од своја страна со високите цени го покривам ризикот на кој сум изложен. Тоа е синџир-марка! Ти си изгубен ако излезеш надвор од синџирот! Зошто сакаш јас да продавам по пазарни цени? Демек, јас да останам будалетинка? Не се работи за тоа да станеш или да не станеш наивен човек. Зборот е во тоа да бидеш граѓанин и човек, кој се почитува себе и сличните на себе и кој не ги смета другите за стока за молзење. - Слушај што ќе ти речам: јас сум семеен човек, имам жена и деца. Ако тргнам по твојот памет, нема да спечелам ни пет пари, ќе се осудам и себе и семејството на вечна беда. А јас сакам да спечалам многу пари и да ја осигурам материјалната основа за себе и за моето семејство. - И ќе го осигуриш преку високите цени во кантината, преку ограбувањето на оние, од чијшто труд живееш и ти и твоето семејство? Па тоа е кражба! Правилно е кажано на латински”Omnes dives aut fur aut herres furis“ - Секој богаташ е или крадец, или е наследник на крадец... Ние се разделивме со Пачалиев студено, незадоволни еден од друг. Јас продолжив да бидам надзорник при правењето на патот. Поминаа неколку недели. Кога доаѓаше било да ја посети работата било за да присуствува кога комисијата ја измеруваше извршената работа, за да даде ситуација, Пачалиев кон мене се однесуваше студено и резервирано. Работниците негодуваа како против кожодерските цени во кантината, така и против зачудувачки грубиот однос на Пачалиев кон нив. Кога го насетив наближувањето на разврската, јас уште еднаш го замолив да ја намали цената на продуктите во кантината, за да се приближат до пазарната. Исто така, го предупредив дека треба да знае дека и работниците се луѓе, кои - како и сите луѓе - заслужуваат однесување како кон такви, а не како кон стока. Моите зборови, меѓутоа, не фатија пак место. Еден неделен ден, откако во саботата им беше платено на работниците со картончиња и откако тие се беа прибрале во кантината за да ги исплатат вересиите што ги направиле во текот на неделата, незадоволството избувна на неочекуван начин. Еден од работниците, некој си Георги, Тракиец, ако не се лажам од Мало Трново, навреден од Пачалиев
270
му се нафрлил и го ранил со нож во градите. Настанала бркотница. Го уапсиле ранувачот, а Пачалиев, иако бил лесно ранет, го однеле во болницата во Бургас. Работниците се разбегаа. Изградбата на патот за Карабунар беше прекината. Бидејќи немаше што да правам по Кара-тепе, се прибрав и јас во Бургас. По неколку денови и трасирањето на патот до Карабунар исто така беше завршено. Орце исто така дојде кај мене во Бургас. Двајцата се сместивме за ноќевање во анот на Тодор Минков, каде што и се храневме - се разбира - на јуначка вересија. Во Бургас Георги Минков нѐ запозна со својот личен и партиски пријател Стамо Грудев, жител и - во тоа време - кмет на селото Аланкајрак. Овој наш нов познајник така настојчиво нѐ канеше да му отидеме на гости в село, што ние со Орце еден ден се упативме пешки и отидовме во селото Алан-кајрак. Стамо Грудев беше млад, активен човек, женет и - во тоа време - без деца. Жена му беше неписмена и Стамо се беше зафатил да ја описменува. Ние ја затековме со еден буквар за прво одделение в раце. Домаќините беа многу љубезни и пресретливи кон нас и трите или четирите дена што ги поминавме кај Стамови, оставија кај нас силни спомени и впечатоци. Во селото Алан-кајрак, во една друга куќа, живееја двајца од нашата черга: Асен X. Василев од градот Самоков и Лазар Маџаров, Тракиец. Асен X. Василев беше млад, 26-27-годишен човек со тенки костенливи мустачиња и глатко лице, со умен поглед и со очи со свиткани агли, кои имаа израз, како нивниот сопственик да го проценува секој збор на својот соговорник. Тој беше интелигентен, начитан и многу скромен млад човек, кој го завршил Американското училиште во Самоков и зборуваше англиски. Подоцна, во 1903 година, тој зел активно учество во Илинденското востание и храбро загина со истата онаа скромност, со која и живееше. Лазар Маџаров беше човек со среден раст, во споредба со растот доста дебел, со расфрлана телесна градба. Неговото лице - широко, квадратно лице - беше речиси целото покриено со влакнеста растителност на неговата темно-костенлива брада и со истата таква боја мустаки. Тој беше тешко подвижен и јас не паметам во животот да сум сретнал помрзлив човек од него. Тој беше образован, бивш учител во Лозенград и - како и секој мрзлив човек - полн со совети. Во времето кога живеевме во Бургас, ние со Орце уште еднаш отидовме на гости кај Стамо Грудев во селото Алан-кајрак. Таму пак ги затековме Асен X. Василев и Лазар Маџаров, кој беше седнат на истото место и во истата поза, во која го оставивме пред неколку недели. Дали тој не беше зараснал на тоа место и дали не се беше скаменил? Вие читателу, сте граѓани на Вашата земја, живеете и работите некаде, одите на работа и се враќате во вашето живеалиште - воопшто 271
животот си го поминувате на најобичен начин. Ајде потрудете се при Вашето одење на работа, да се сетите точно на местото каде што сте стапнале при излегувањето од куќата или при влегувањето во зградата каде што работите! И тоа за секој ден од вашиот живот? Јас се обложувам со Вас - милиони наспроти еден - дека вие не сте во состојба да се сетите за тоа. Ќе се сетите дека секој ден сте оделе и сте се враќале на ист начин, без Вашето сознание да земало целосно учество во Вашите активности. На овој начин Вие сте живееле година, две, пет, десет, дваесет, педесет и повеќе години. Што мислите - дека навистина сте живееле толку години? Јас мислам дека се лажете, зашто всушност Вие не сте живееле. За да живеете еден вистински живот, Вашето сознание треба да зема целосно учество во сите Ваши активности. Вие не сте живееле, туку сте вегетирале. Е, добро! Одите - да речеме - во Пирин планина и се обидувате да поминете по гребенот “Кончето” кај “Бајови дупки”, од двете страни Ви се карпести бездни од по неколку стотици метри длабочина. Вие се залепувате врз карпите, јавате како на коњ по карпестиот гребен и испотен од напрегање - најпосле излегувате на сигурно место. Вие здивнувате. Во текот на целиот свој живот ќе паметите на кое место и како сте ги движеле нозете, како сте се фаќале со рацете за пукнатините во карпата, при што една погрешна стапка или несигурно фаќање би Ве чинело живот. Тие неколку минути, кои сте ги преживеале при вашето поминување по “Кончето”, каде што целото Ваше сознание било концентрирано во Вашите дејства - тоа е Вашиот активен, осмислен живот. Човек може да помине и сто години во вегетирање, без да живеел всушност само еден момент. Сега, кога ги изнесувам спомените за времето од почетокот на ноември 1901 година до средината на февруари 1902 година, освен патувањето и престојот во Алан-кајрак и лудувањето во последниот ден на карневалската недела, кој ден беше недела, 17 февруари, јас не можам да се сетам на нешто, што заслужува да биде одбележано. Во текот на тие три месеци и половина, ние со Орце не живеевме туку буквално вегетиравме. Ништо не ја збрчкуваше површината на калта од безделничење и убиствената едноличност што ја поминувавме. Само последниот ден од карневалската недела оставил траги во моето сеќавање. Некогаш - пред неколку години - познатиот на читателите Димитар Коштанов живеел во Бургас, во куќата на некоја Марија Иванова, вдовица со син единец Михаил, кој во почетокот на 1902 година работеше како писарче во Окружната управа. Тој беше 19-20-годишен, тенок, височок, строен, многу сантиментално момче. Мечтаеше за борба против капиталистичкото општество и против военото ропство, но не знаеше како треба да почне таа. борба. Немаше верба во сопствените сили и му недостасуваше волја за да ги спроведе во дело своите погледи. Ние се
272
запознавме со него точно кога неговите анархистичкп сфаќања беа во борба со недостигот на волја и верба во споствените сили. Тој се приврза кон нас двајцата со приврзаност на загубено во гората мало куче. Ние тројцата - Орце, Михаил и јас - ја поминавме весело карнавалската недела, која таа година траеше од 10 до 17 февруари по стар стил. На 17 февруари, недела, последниот ден на карневалот, Орце се беше преправил во дервиш, со висока фалцова шапка, со долга антерија, со долга и ретка црна брада и со многу долг чибук во раката. Јас бев станал оџа со голема чалма, со долго незакопчано џубе и со броеници од нанижани на врвка празни црни макари. Михаил се беше преправил во една елегантна госпоѓица, со добро оформено торзо и со привлечно тело, со шапка и воал. Ние - Орце и јас - се шетавме по главната улица во Бургас со Михаил меѓу нас, т.е. меѓу дервишот и оџата. Михаил така добро го имитираше движењето на госпоѓица, така елегантно го движеше задниот дел на телото од половината надолу, што привлече околу себе неколку љубители на карневалски љубовни доживувања. Нашата елегантна госпоѓица по извесно време се извлече од кај нас и - за голема радост на оние што ја следеа - тргна со нив по една од тесните и пусти напречни улици. По неколку минути Михаил нѐ настигна, држејќи се за стомакот и превиткувајќи се од смеа. Прекинуван од смеата, тој ии раскажа што му се беше случило: еден од оние што ја следеа нашата госпоѓица низ напречните улици, се приближил до неа, ја фатил за половината и ја повлекол со себе. Михаил, кој совршено го имитираше гласот на млада госпоѓица, фатил да се брани и рекол: - Чекај да отидам по мала нужда, па потоа! Наместо да клекне како што прават жените, кога одат по мала нужда, Михаил ја подигнал предницата на женската облека што ја носел, се свртел кон ѕидот и почнал да моча така, како што го прават тоа мажите на целата земјина топка. - Ама тоа не било женско, бе! - рекол со разочарување љубителот на карневалските љубовни доживувања. - Ах, безобразник! Околу 20 или 21 февруари 1902 година двајцата со Орце заминавме за Бургас. За да не креваме врева околу нашето заминување, освен со Георги Минков, ние со никој друг не се поздравивме. Неколку недели по нашето заминување, Михаил Иванов се самоубил, без да остави било каква белешка за причините за своето самоубиство. Тие причини и досега не се разјаснети. Јас претпоставувам дека тие се кријат во недостигот на морална поткрепа, од што имаше потреба тоа момче, чиишто широки разбирања не соодветствуваат на неговата волја. Ако се земе пред вид, дека тој беше исклучително чесен човек, лесно ќе се разбере зошто самоубиството се јавило како единствено решение меѓу неговите широки сфаќања за општествените односи, немоќта за волјата, беспрекорната чесност која не трпеше никакви компромиси и недостигот на моралната поткрепа.
273
Еден или два дена по последниот ден на карневалот, т.е. на 19 или 20 февруари 1902 година, преку Георги Минков, јас добив едно писмо од Борис Сарафов. Во тоа писмо тој ме викаше во Женева, за да го исполнам дадениот збор за. согласноста склучена меѓу нас во ноември 1900 година, по нашето протерување од Цариград. Да го барам во нашиот бивш стан кај Мme Chevallaz. Во текот на 1898 година, како ученик во третиот (последен) клас на Ломското Педагошко училиште, јас одев на екскурзија во Унгарија и Хрватска. Во текот на истата таа 1898 година јас живеев неколку месеци во Женева со Мерџанов и Јордан Калчев, а во истата година јас патував и во Лион, Франција. Орце не беше излегол надвор од територијата на Европска Турција и на Бугарија. Беше оправдано да отиде тој и да види друг народ покрај оној на Балканскиот полуостров. Па нели е и сеедно кој од нас двајцата ќе се сретне со Сарафов? Нека отиде Орце, па и тој да ѕирне во Западна Европа.
ПАТУВАЊЕТО НА ОРЦЕ ВО ЖЕНЕВА - Ајде, оди ти - му реков на Орце - па, кога ќе се поарчиме, да не ти е жал што не си го видел светот! Откако тргнавме за Бургас, во возот, на неколку пати му порачував: - Да не прифаќаш никаков ангажман, ако не добиеш 20.000 франци! Слушна ли? Таков ни е договорот! Јас слегов од возот во Пловдив, а Орце продолжи за Женева. Претходно, пред нашето поаѓање од Бургас, а исто така и во вагонот, се договоривме со него - кога слезам во Пловдив, да врбувам некој од бившиот Пловдивски анархистички кружок, кој добро зборува грчки, да замине со грчки пасош за Солун, за да изнајми некој дуќан околу Отоманската банка во тој град. Како грчки државјанин, тој нема да предизвика сомневање кај турската полиција. Ако биде можно, да најдам и други такви сигурни другари, кои добро зборуваат грчки и да ги испратам во Солун со грчки пасоши, каде што преземената работа - при постоење на доволно средства - сметавме да биде зголемена. Веднаш по моето пристигнување во Пловдив, се зафатив со работата што ми претстоеше, откако ги пресметав најдетално квалитетите и недостатоците на лицата врз кои се бев запрел. Во тоа време, некаде околу црквата “Света Недела” во Пловдив, живееше еден 24-25-годишен млад човек, кој на времето беше учел во Пловдивскиот француски колеж и зборуваше одлично француски. Мајка му беше чистокрвна и фанатизирана Гркинка, поради што сите во куќата
274
зборуваа само грчки. Татко му беше умрен. Тој беше единствен син на мајка си. Се викаше Михаил Георгиев, на прекар “Бугаринот”, зашто како дете, за инает на мајка му и дома и надвор од куќата, секогаш нагласуваше дека не е Грк, туку Бугарин. Порано тој членуваше во бившиот Пловдивски анархистички кружок. Јас му загатнав за одење во Солун. “Бугаринот” ми ја прифати оваа мисија со ентузијазам, се растрча и по два дена ме најде, ми го покажа својот грчки пасош издаден на неговото сопствено име и ми кажа, дека е готов веднаш да замине за Солун. И навистина, веднаш по враќањето на Орце од Женева во Пловдив, “Бугаринот” замина за Солун. Други лица од бившиот Пловдивски анархистички кружок, кои дома зборуваа на грчки, зашто мајките им беа Гркинки, а на кои се бев запрел, беа: Александар Костов, кој живееше во Пловдив во татковата куќа на улица “Чаушоолу сокак” и Димитар Аргиров, кого што го викавме “Миткото”, кој живееше во чифликот на татко му, непосредно до Францускиот колеж “Св. Августин”, во непосредна близина на реката Марица. Првиот од нив беше син на бившиот чауш во Пловдивската митрополија, Коста Видолов. Во времето за кое раскажувам, татко му Коста Видолов беше умрел пред две години од туберкулоза. Пред една година - пак од истата болест - беше умрела и сестра му. Мајка му “Тица Мањо”, како што ја нарекувавме - ги всредоточи во синот целата своја приврзаност и сите мајчински надежи, а поради нашата блискост со него, нејзината приврзаност и внимание се простираа и врз нас, неговите другари. Куќата на Александар Костов беше станала наше постојано сврталиште, каде што се чувствувавме сосема слободно, послободно и од дома. Александар Костов беше одличен другар, дискретен до немајкаде, но имаше еден голем недостаток - тој многу пиеше и тоа редовно. Навечер доаѓаше доцна, обично пијан, а кога ќе се напиеше, го тераше да ја бистри политиката, и тогаш почнуваше да ја објаснува сегашната политичка ситуација и да го претскажува тоа што ќе се случи во иднина. Поради тоа негово пиење, јас долго се колебав дали да го испратам во Солун или не; го испратив по настојчивото инсистирање на Орце. Димитар Аргиров беше мој соученик од Пловдивската гимназија. Од тоа време јас го познавав како скромно, молчаливо, ладнокрвно и храбро момче. Подоцна, во 1897 и 1898 година, тој членувал во Пловдивскиот македонски анархистички кружок, каде што беше основан клон од Женевскиот анархистички - таканаречен Централен македонски комитет. Минатата година Димитар Аргиров беше живеал во Одеса, каде што студирал музика. По мајчина линија тој беше роднина на тогашниот градоначалник на градот Одеса, грофот Маразли, истиот оној Маразли, кој со свои лични средства ја беше изградил во Пловдив и ја беше
275
опремил грчката гимиазија во пловдивскиот кварт “Тепе-алта”, под грчката црква “Св. Петка”, којашто гимназија и досега го носи неговото име. Димитар Аргиров, “Миткото”, како што го наречувавме, кога студирал музика во Одеса, бил издржуван од својот далечен роднина грофот Маразли. Тој беше дошол во Пловдив за неколку денови и имаше намера - откако поминат тие неколку денови - да се врати назад во Одеса, за да го продолжи и заврши своето музичко образование. Миткото си ја беше обележал општата програма на својот иден живот: со средствата на грофот Маразли тој ќе заврши музика, а потоа ќе формира своја оперска трупа, со која ќе обиколува низ поголемите градови во Бугарија, за да го подигне - преку музиката - културното ниво на бугарскиот народ... Кога му предложив за Солун, Миткото не дозволуваше ни збор да се каже - како така може да ја остави издршката на Маразлијата и да. ја закачи на клин зацртаната програма за животот и за културната дејност? Ако загине - добро, ами ако оздрави? Каде ќе најде таков некој роднина како Маразлијата, за да го издржува? И ќе може ли пак со таква сигурност, како сега, да има изгледи за спроведување во дело на неговата програма за животот и дејноста? Не можам да се сетам точно на зборовите со кои го убедував да замине за Солун. Си спомнувам за општата теза што ја застапував - дека откако отишол да живее во Одеса, тој изгледа многу се изменил, за да може да ги поставува своите ситни интереси и претпочитувања повисоко од интересите на едно општо дело, чијашто цел е да се извојува слобода на човештвото и одделно на народите на Балканскиот полуостров; дека со својата музика и замислената оперска трупа нема да остави никаква трага во борбата за слободата на својот народ и на човештвото; дека има повеќе сметка да загине веднаш како слободен човек меѓу слободни луѓе, отколку да живее долго како роб, со синџир на сознанието, на волјата и на разумот... По неколку денови поминати во спорови и убедување, Миткото најпосле се согласи да замине за Солун. Во “Чаушоолу сокак”, спроти влезната врата на куќата на Александар Костов, беше влезната врата на една грчка куќа - онаа на Диамаидопуло, човек на околу 50-60 години, трговец на жита и на вино. Тој Диамандопуло беше Грк-фанатик и голем скржавец. Тој имаше жена кокона Василики, една многу добра, кротка и љубезна стара женичка - и двајца синови: Јорго и Дијаманди, кого на галено скратено го викаа “Манди”. Кога во куќата на Александар Костов ќе се случеше да дојдат гости, надворешни луѓе, на пример, од Софија или од другаде, кокона Василики, скришно од мажот и од синовите, донесуваше вино во еден бакарен сад, за Александар Костов да има што да им понуди на своите гости.
276
Јорго Диамандоиуло беше 26-27-годишен, женет за една богата селанка од селото Избегли, Станимашко. Веќе неколку години како тој ја беше презел татковата трговија со жито на железничката станица Папазли, каде што имаше постојана канцеларија, откаде секоја сабота вечер тој доаѓаше дома кај семејството во Пловдив. Тој беше многу услужлив и љубезен. Ние често се обраќавме до него за ситни услуги, коишто ни ги правеше со најдобра волја. Манди беше 16-17-годишно момче, многу плашливо и нервозно. Двајцата браќа - Јорго и Манди - се разликуваа по се, а најмногу по своите чувства спрема оние луѓе, кои не беа Грци, особено спремо Бугарите. Колку што Јорго беше љубезен и пресретлив спрема Бугарите и спрема другите инородци, толку Манди беше фанатизирано Грче, вдахновено со омраза спрема другите народи, особено спрема Бугарите. Ние често го земавме на подбив неговиот грчки шовинизам, го нервиравме - и потоа си гледавме сеир кога е изнервиран. Не знам од каде ми падна в раце и потоа го научив напамет еден грчки двостих, којшто го рецитирав пред Манди, за да го натерам да побеснее од лутина: О, Афини, прсти хора Ти гајдурја трефис тора!84 Манди, кој знаеше, дека понекогаш ме фаќа меракот на стихобесието, позеленуваше од мака и тогаш почнуваше со мене да се пазари: - Ако измислиш такви два стиха за Софија, ќе ви донесам овде, на сите вас, два бокала вино! Не можам да измислам такви стихови! Зошто? Зашто Софија не е Атина - таму нема магариња! Нов излив на гнев. Манди го напушташе друштвото, излегуваше од собата и ја треснуваше вратата зад себе...
ДЕЛУМНО ИЗВРШЕНА ЗАДАЧА Во последните еден-два дена од февруари или првите два-три дена на март 1902 година, Орце се врати од Женева. На моето прашање колкава сума добил од Сарафов - тој безволно ми одговори: Добив 5.000 франци. - Како така 5.000? Договорот беше да добиеме 20.000 франци. Толку ми даде. - А колку се бевме договориле со тебе пред твоето заминување за Женева? Од каде Сарафов добил пари? 84 О, Атина, прва меѓу селата Какви магариња чуваш ти денес!
277
- Од некаков чешки водач на партија. Младочесите сакаат да ја искористат бркотницата, која ќе настане во Австрија ако македонското прашање предизвика немири во Турција и да ја доведат работата до отцепување од Австро-Унгарија или - најмалку - до една автопомна Чешка. - И сите тие младочешки планови да им чинат само 5.000 франци? Многу ефтино нѐ оценил и продал Сарафов! Тоа беше првото заладување меѓу Орце и мене. Ние продолживме да работиме заедно, но имаше нешто што недостигаше во тие односи. Пред да замине Орце за Солун, го повикавме Диме Мечев од Перник. Според тоа како се бевме договориле со Орце, за да не биде изолирана акцијата што ја подготвувавме во Солун, од големо значење би било такви акции да се преземат и во други големи градови во Турција, на пример, во Одрин и Смирна. Иако мала, сумата добиена од Сарафов би ни дозволила да се обидеме да ја дигнеме во воздух зградата на филијалата на Отоманската банка во Одрин. Тоа прашање требаше да се проучи и затоа го повикавме Диме Мечев кај нас во Софија. Диме Мечев веднаш замина за Одрин и по неколку дена се врати во Пловдив, каде што беше договорено да се сретнеме. Во договореното време Диме се врати и ни ги изнесе резултатите од своето проучување на состојбите во Одрин. Блиску до зградата на Отоманската банка во Одрин немало дуќани какви што можело да се изнајмат. Зградата на банката се наоѓала изолирана во средината на едно големо празно место. Прокопувањето тунел до основите на зградата ќе бара многу време и ќе повлече трошоци многу поголеми од сумата со која располагавме. Неговото мислење, кое го прифативме и ние, беше, дека не можеме да преземеме исто таква акција и во Одрин. А за Смирна - со нашите ограничени материјални средства не може да стане ни збор. По нашата средба во Пловдив Орце замина за Солун, за да ја стави во движење работата со ископувањето на тунелот за кревање во воздух на солунската филијала на Отоманската банка. Диме Мечев се врати назад во Перник, а јас останав во Пловдив да го средам прашањето со грчките пасоши и со тие пасоши во Солун да испратам уште неколку “Грци”. Јас ги набавив неопходните грчки пасоши преку Јорго Диамандопуло. За да се нагласи солидарноста на Ерменската организација со нас, Агоп Вартанјан настојувал пред Орце, но и пред мене во нашата средина да примиме едно младо 16-17-годишно момче - Ерменче, по име Кристи. Јорго Диамандопуло си ја остави работата на железничката станица Патазли за неколку дена и не се врати во својата канцеларија додека од Пловдивскиот грчки конзулат не извади и не ми предаде три грчки пасоши: едниот на свое име (Јорго Диамандопуло), вториот на името Јани
278
Закури, а третиот на име Аристиди, 17-годишен. Јани Закури и Аристиди беа фиктивни имиња, такви лица во реалноста не постоеја. Кон средината на март 1902 година, “Бугаринот”, кој беше заминал за Солун пред околу две иедели, се беше разболел многу тешко од слепи чиреви на градите и на вратот, па бил принуден да се врати назад во Пловдив, каде што пристигнал целиот завиткан во завои како египетска мумија. Тој остана да се лекува дома под грижа на мајка му, среќна, дека синот, кој беше заминал без да ѝ се јави, се вратил кај неа. Веднаш по пристигнувањето на “Бугаринот” во Пловдив, тројцат: Александар Костов, Димитар Аргиров и Крсти заминаа со грчките пасоши за Солун. Првиот - Александар Костов - под името “Јорго Диамандопуло”, вториот - Димитар Аргиров - под името “Јани Закури” и третиот - Кристи - под името “Аристиди”. Во Солун, стариот дуќан, откаде што почнувал тунелот прокопан во 1900 година, бил изнајмен од друго лице. Се наложило да се изнајми друг дуќан, соседен со првиот, откаде ќе се започне ископувањето на нов тунел за соединување со стариот. Дуќанот бил изнајмен од “Јани Закури”, а “Јорго Диамандопуло” бил негов ортак. Дуќанот станал кафеана, во која “Аристиди” бил прислужник. Владо Пингов се населил во еден агол на кафеаната како бербер со сите свои принадлежности. Попаднат во сосема туѓа за него средина, Кристи се чувствувал непријатно, а и тие - нашите солунски другари - немале спрема него непринудено другарско однесување, како што имале меѓу себе. И тоа од неколку причини: Кристи бил нов во нивното друштво, бил помлад од нив, бил припадник на друга народност и бил член на една друга национална организација. Неколку дена по пристигањето во Солун, Кристи заминал за Цариград, каде што неговите траги се загубија. Впрочем, заминувањето на Кристи не се почувствувало како загуба за солунчаните, чиишто сфаќања и разбирања далеку го надминуваа тесниот национализам на младото Ерменче. Работата на ископувањето на тунелот започнала наскоро по заминувањето на Кристи. На најголеми тешкотии наидувале при исфрлањето на ископаната земја, која била изнесувана од торби на улицата ноќно време и била расфрлана по неа, за да биде однесувана по дождовните води во морето. За среќа, таа пролет дождовите во Солун биле чести, така што сѐ поминало незабележано. Тешкотиите со исфрлањето на ископуваната земја продолжиле додека новиот соединувачки тунел не го сретнал стариот ископ, во кој почнале да ја складираат новоископаната земја. В четврток, 11 април 1902 година стар стил - Велики четврток - во Солун почнал силен земјотрес, кој за извесно време ја прекинал подземната работа кај Отоманската банка. Првиот потрес бил многу силен и го принудил исплашеното население на градот да ги напушта своите
279
живеалишта и да бара сигурно прибежиште на отворено, главно по Молос, покрај брегот на морето. Орце, Коста Кирков, Владо Пингов и другите “Гемиџии”, кои се наоѓале во тоа време во Солун, како и двајцата пловдивски “Грци”, во времето додека траел земјотресот, ноќевале и се одморале во кајче, врзано на брегот. Се така силни како првиот, потресите продолжиле неколку денови. Во тие неколку денови “Гемиџиите” навистина станале гемиџии. Во втората половина на април 1902 година - најверојатно било 7 или 8 април по стар стил - добив едно писмо од Борис Сарафов. Тој ме викаше во Виена во врска со доставувањето и шверцувањето на динамитот. Заминав за Пловдив без апсолутно никаков багаж, ако не се сметаат еден наградник и една штиркана јака, којшто ги бев завиткал во парче хартија и со кои сметав да се променам кога ќе пристигнам во Виена, па да имам попристоен изглед. Кога наближив до Виена јас си го сменив наградникот и јаката, го ставив на градите новиот наградник, ја закопчав новата јака и низ прозорецот ја фрлив старата промена. Во Виена пристигнав доцна вечерта. Ноќевав во хотелот “Вајсен Волфен”, кој се наоѓаше на “Картнер штрасе”, блиску до станот на Борис Сарафов, кој под името Агоп Вартанјан - живееше исто така на “Картнер штрасе” број 10. Следниот ден - треба да било 21 април 1902 година, понеделник рано наутро, отидов во станот на Борис Сарафов, се качив по скалите и заѕвонив. Ми отвори едо младо 17-18-годишно убаво девојче. Јас не знаев - и сега не знам - германски, поради што со прашален тон запрашав: - Агоп Вартанјан? - Хер Фартанјан? Ја! Комен зи, бите! Предводен од убавото девојче, јас влегов во стаиот. Го затеков Сарафов штотуку измиен, како си ја врзува вратоврската. Двајцата излеговме и отидовме да пиеме кафе во кафеаната “Европа”, на Стефансплац, спроти црквата “Свети Стефан”. - Така ли си го исполнуваш зборот? - го запрашав Сарафов, кога седнавме во еден од ќошовите на кафеаната. - Останува и ние да направиме како тебе, за да се добие едно убаво ништо. - Зошто? - Бидејќи што може да се направи со 5.000 франци? - Какви 5.000 франци? - Тие што си му ги дал на Орце. - На Орце јас му дадов 10.000 франци. - Колку? - 10.000, и со букви десет илјади! - И десет да се! Тоа е извршување на дадениот збор но на половина! А не целосно!... Како и да е - додадов јас - но зошто Орце ми рече, дека добил од тебе само 5.000 франци? 280
- Не знам, прашај го него! Таму, во кафеаната “Европа”, со Сарафов договоривме - тој да набави и да испрати преку Марсеј и Деде Агач за Солун 1.000 килограми динамит во прав како препарат против филоксера. Откако го договоривме тоа и откако добив од него 25 златни наполеони за враќање назад во Бугарија, Сарафов предложи да излеземе и да се прошетаме низ Виена. Јас од Бугарија бев тргнал без горни алишта, бидејќи во тоа време во Пловдив беше топло и немав потреба од нив. Виена, меѓутоа, не е Пловдив и во почетокот на април таму е студено. Ние тргнавме со Сарафов да се шетаме, но моите плеќи се тресеа од студ и одвреме-навреме јас го вадев шамивчето за нос за да си го избришам носот, зашто бев настинат. Сарафов го збележа тоа и веднаш од кафеаната ме одведе во соседниот дуќан за алишта на Стефансплац и ми предложи да си изберам еден мантил. Јас го одбрав најевтиниот од тенок прост шајак, со темноореова боја, кој чинеше 18 круни и решително одбив да земам нешто поелегантно и поубаво, како што настојуваше Сарафов. Беше битно да не се тресам од студ, а не да ги задоволувам своите естетски и слични на нив барања. Откако се прошетавме низ улиците на Виена, кои вриеја од народ, коли и фијакери, поминавме покрај Рајхератот и покрај споменикот, подигнат по епидемијата на чума, ние се разделивме со Сарафов на почеткокот на улицата “Виборг-гасе”, каде што во една продавница видов дека се продаваат елегантни лампи и батерии, какви што во тоа време во Бугарија не можеа да се најдат, а кои во иднина можеа да ни потребат. Ние таму се разделивме со Сарафов - се разделивме за навек, зашто веќе не го видов. Сопственикот на продавницата - некој си Дитмар - зборуваше бугарски и тоа без акцент. Дитмар некогаш живеел во Шумен. Тој почна да ми раскажува за своите ловџиски спомени од времето кога низ Шуменско одел во лов на волци. Од дуќанот на Дитмар, откако се наслушав за неговите доживувања, купив три електрични фенерчиња. Потоа јас се вратив да ручам во ресторанот “Вајсен волфен”. Како што бев седнат во ресторанот и си бев порачал супа, кај мене дојде келнерот-прислужник од хотелот, тој зборуваше турски и синоќа разговараше со мене на турски. Тој беше придружуван од еден господин, кој му зборуваше нешто на германски и покажуваше кон мене. - Овој господин ви ги исчистил чевлите, а Вие кога сте излегле тоа утро рано, не сте му платиле за трудот - ми објасни прислужникот. Јас порано бев поминувал низ Виена, но не бев застанувал таму, не бев останувал да спијам во хотел. Освен тоа - насекаде по земјината топка, чистењето на чевлите на пансионците влегува во вкупната сметка за ноќевање. Како и да е, јас платив за чистењето на чевлите и гласно на бугарски го искажав своето чудење.
281
Откако, овие двајца прислужници од хотелот си отидоа и јас бев почнал да сркам супа, едеп господин, кој седеше на соседната маса, стана оттаму, дојде кај мене и - откако ме запраша на бугарски слободно ли е местото, седна до мене. Тој бил Бугарин. Се викаше Коларов, родум од Нова Загора, по занимање бил техничар-машинист. Сега бил без работа, а во Виена останал без никакви средства. Веќе два дена ништо немал јадено. Сега се чуди како ќе се откачи одовде и да се врати во Бугарија. Јас го замолив да ја земе листата и да си избере јадење. Откако ја средив сметката за ручекот, му дадов 5 наполеони за да се врати до Бугарија и да ми се јави во Пловдив на адреса (Чаушоолу сокак) и да ми ги врати парите што му ги дадов. Тој си замина и по неколку месеци ми се јави од Чанакчиските бањи (Казанл'шко). Казанл' шкиот градски совет, кој бил сопственик на бањите - со цел да ја прибере целата вода, ја растурил римската каптажа, која почнала да пропушта и почнала да прави нов. За правењето на нова каптажа, водата постојано требало да се црпи со мотор. Тој Коларов, го управувал моторот и бил многу добро платен. Поминаа две години. Во април 1904 година јас бев уапсен на улица во Пловдив и интерниран во Стара Загора. Во моментот на апсењето, во џебот имав само 15 стотинки. Во Стара Загора немав познати. Откако гладував два дена, се сетив за Коларов. Во Чанакчиските бањи, на 15 км од Стара Загора, работи Коларов, кој во прво време ќе ми помогне, за да не умрам од гладна смрт. Можеби тој ќе ме прифати на некаква - каква и да е работа околу каптажата на бањите. Бидејќи бев гладен и изнемоштен, јас одвај се довлечкав пешки до Чанакчиските бањи. Коларов го најдов кај моторот. Веројатно мојот изглед бил толку жалосен, така што тој беше сфатил во каква положба сум, и затоа - без да ме праша за нешто - ме избрка најбезобразно: - Да станеш и да се чистиш од овде - разбра ли? Јас работам, ама не работам за да хранам такви никаквеци и параспури како тебе!... Има нешта и луѓе, кои - и да сакаме - не можеме да ги заборавиме... Наредниот ден си заминав од Виена. За поевтино поминав преку Будимпешта-Сегедин-Темишвар-Оршова-Лом и оттаму со пајтон за Софија. Уште штом се вратив, од Софија му телеграфирав на Орце во Солун да дојде да .се сретнеме во Софија. Околу 10 мај 1902 година Орце пристигна во Софија. Го запрашав зошто ми кажа дека добил 5.000 франци, кога фактички Сарафов му дал 10.000 франци. Орце ми одговори: - Кога отидов во Женева кај Сарафов, го затеков кај него Симон Радев, кој и порано живеал во истиот стан кај Mme Chavallaz на улица “Chemin de Minoterie” број 9. Симон Радев беше добил од Сарафов 20.000 франци за уредување и издавање на еден нов весник на француски: “Le mouvement macedonien”. Кога излеговме заедно со Симона, тој ми рече: “Не
282
кажувај дека си добил 10.000 франци, посебно не на Манџуков. Кажи му дека си добил 5.000 франци, зошто кога дознае дека имате многу пари Манџуков ќе земе да прави куп нови планови”. Гледам дека направив грешка што го послушав и те молам да ми простиш! - Ние со тебе, драги Орце, досега немаше што да делиме друго освен смртта. Кога се беше повел по паметот на Симон Радев, кажи ми каква е гаранцијата, дека утре нема да се поведеш по паметот на некој друг? Откаде и како го познаваш ти Симон Радев? Колку пати со тебе двајцата сме го поставувале на проценка неговото нечесно однесување по апсењето на Комитетот на Сарафов, кога тој, болен на кревет од orchitis во хотелот “Кобург”, влијаеше на делегатите на македонскиот конгрес, кои доаѓаа да го посетат во хотелот, да ја изберат листата на Ст. Михајловски? Дворската листа? Орце, кој по природа беше многу молчалив, молчеше и сега. Јас продолжував: - Ти уверен ли си дека Симон не го спроведува планот на оној чијашто општествена положба и чиишто лични династички интереси му диктираат да сее недоверба меѓу нас Македонците-анархисти, за да нѐ расцепи и обессили? Планот на оној, кој пред две-три години го беше насочил “анархистот” Симон Радев кон улицата Chevallaz во Женева за да нѐ најде и да се зближи со нас, маскирајќи ја својата мисија под наизглед скромниот предлог дека ќе се запише на Женевскиот универзитет да студира право? И бидејќи не нѐ беше нашол таму - зашто ние со Мерџанов и Калчев бевме заминале за Солун и за Скопје - се беше вратил назад во Бугарија без да ја помириса вратата на Универзитетот? Колку пати ние со тебе си ги поставивме прашањата: кога беше дошол да студира во Женева - зошто веднаш откако констатирал дека сме заминале за Македонија, се беше вратил назад? Кој го беше насочил да дојде право во нашиот стан во Женева, кога се има во предвид дека немавме апсолутно никакви односи со средината од која беше излегол Симон Радев? Кога располагаше со доволно материјални средства, за да живее безгрижно и дури расипнички - од кои причини се беше откажал да студира во Женева и се беше вратил во Бугарија? Откаде ги наоѓаше тој тие свои материјални средства, кој му ги доделуваше и за што? Што беше дошол тој да бара кај нас во Женева? Зошто тој тогаш сакаше да се претстави како анархист - еден анархист многу елегантно облечен, според последната мода, со златни очила и со златно синџирче на очилата, закачено на реверот на неговото палто? Орце продолжуваше да молчи, а јас - да зборувам: - Каква доверба во иднина можеме да имаме еден во друг, штом сме толку лесно достапни за сугестиите на луѓе со сомнително поведение како агент-провокатор на Бугарскиот дворец? Велиш дека си направил грешка што си го послушал Симон и сакаш да ти простам. Но, ти оваа
283
грешка ја признаваш дури сега, откако случајно ја дознав вистината од Сарафов. Ако случајот не ме доведе во средба со Сарафов и ако не го бев укорил, дека не си достојал на зборот, немаше да ја дознам вистината и досега би бил предмет на заблудата во која ти и Симон ме држевте до средбата со Сарафов. Сакаш да ти простам, кога попросто и подостојно би било ако нема причина за барање прошка. И потоа - прашањето не е во тоа - да ти простам или да не ти проштевам. Прашањето лежи другаде - ќе можеме ли ние двајцата еден во друг така безгранично да си веруваме како што си верувавме досега. Ти сам ќе си одговориш на тоа прашање. Ќе си одговориш и објасниш, зашто јас ќе си тргнам по сопствен пат да побарам материјални средства и да најдам начин за борба против турскиот автократизам во Македонија.
РАЗДЕЛБАТА СО ГЕМИЏИИТЕ Така дојде до разделбата со Орце и со Гемиџиите. Неколку време додека да обмислам што да преземам - останав во Софија. Со Орце во тоа време живеевме во станот на Матеј Икономов, некаде околу Александровската болница, дури спиевме на еден кревет. Но јас престанав да се интересирам за работата во Солун. Во тоа време Орце за Солун го ангажира Павел Шатев, кој - по неговото доаѓање во Софија - живееше заедно со нас во станот на Матеј Икономов и Диме Мечев, кој го напушти копањето јаглен во рудникот во Перник и дојде во Софија. По расцепот меѓу Орце и мене, ги преживеав едни од најтешките денови од својот живот. Не се сеќавам по кој случај, доаѓајќи од Запад, кај нас пристигна еден студент по музика, некој си Греков, родум од градот Кукуш. Тој имаше една хорна, која поради нејзиниот грмлив глас - ја бевме крстиле “Јерихонска труба”. Кога беше во добро душевно расположение - а тоа се случуваше често - Греков ќе ја надуеше својата хорна и свиреше разни музички партитури на таков начин да ги разбуди и мртвите. Јас со благодарност се сеќавам на Греков и на неговата “Јерихонска труба”, која внесуваше весела нотка на разнообразие во тие неколку денови на моето најмрачно расположение. Како што реков погоре, Орце, Шатев, Греков и јас живеевме во една од собите, коишто Матеј Икономов ги беше изнајмил за стан на југозападниот крај на Софија, западно од плоштадот “Македонија”. Еднаш, околу 10 часот вечерта, со Павел Шатев се враќавме во својот стан. По патот почнавме да спориме за тоа: зошто Орце се беше повел по умот на Симон Радев и ме беше излажал дека од Сарафов беше добил сума двапати помала од она што навистина ја добил. Шатев, кој и тогаш
284
и подоцна - дури до крајот на животот - ја имаше слабоста да се приклонува на страната на мнозинството - во случајов кон оние од нашата група, кои во рацете ги држеа материјалните средства - ми рече: - А ти како сакаш? Да ти каже колку добил, па да почнеш да ги расфрлаш? - Како да ги трошам? Што сакаш да кажеш со тоа? - Тоа дека ќе ги расфрлаш, ќе ги злоупотребиш! - Што? - Дека ќе ги злоупотребиш! Ние бевме стигнале до плоштадот “Македонија”, точно спроти зградата, каде што се наоѓаше третата полициска станица. Јас не го оставив Шатев да продолжи, го кренав бастунот и го стоварив по неговата инатчиска кратовска тиква. Како одговор на тоа, Шатев го крена својот бастун и ме удри по главата. За да не бидеме забележани од стражарот пред станицата, ние во темницата, спазувајќи најголема тишина, продолживме да се налагаме со бастуните и се мававме се така молчаливо и бесшумно, продолживме да врвиме кон станот на Матеј Икономов, каде што спиевме на еден ист кревет. Според пишувањето на Шатев во неговата книга “Во Македонија под ропство”, на 162 страница, спорот меѓу нас бил затоа што јас не сум бил завршил ништо по железничката линија Ксанти-Солун, а се трошеле пари. Треба да наведеме дека од нашето протерување од Цариград, кое се случи на 10 ноември 1900 година, до вечерта кога се степавме со Шатев на плоштадот “Македонија” во Софија, јас не ја бев поминал турската граница, не бев организирал и не бев земал никакво учество во каква и да било експедиција во Турција. Така што, тоа, што Шатев го пишува од 16 до 22 ред на 162 страница од оваа негова книга, не одговара на вистината. Од истата таа причина не одговара на вистината и тоа што пишува во истата книга од 8 ред до 27 ред на 163 страница. Неколку дена по расцепот меѓу Орце и мене, тројцата: Орце, Диме Мечев и Шатев заминаа за Солун. Јас останав сам, сосема сам, на целосно беспаќе и без материјални средства, ако не се сметаат жалните остатоци од 25-те наполеони, што ги бев добил од Сарафов при моето заминување од Виена. Сега, по повеќе од 53 години, не можам лесно да се расправам со хаосот, кој настана во мојот душевен мир и да ја проследам причинската врска меѓу разните околности во тој период од мојот живот - кога се има пред вид дека тогаш не правев никакви белешки. Од целото мое минато, останаа неразурнати само две нешта: моите идеи за безвластието и една цел - борбата со автократизмот на Турција, оној, кој го сопнуваше животот и го задушуваше развитокот на населението во мојата родна земја.
285
Борбата со автократизмот во Турција... но за тоа беа потребни материјални средства. Откаде да ги добијам тие материјални средства? Да го обновам мојот минатогодишен терор врз Браќата Симеонови во Русе или врз Форина во Шумен? - Но, тогаш јас како легално покритие го имав актерскиот занает во трупата “Скрб и утеха” на Војдан Чернодрински и злојазичноста на Саракинов, кој во својата погодна прилика ме посочуваше како автор на овие атентати, се лизгаа по тој мој штит без да ме фатат и да ме стават во положба да одговарам пред полицијата и пред иследникот за нивното извршување. Сега, моето одење во овие два града и обновувањето на атентатите и теророт врз горенаведените лица без каква и да било оправдувачка причина, значеше - да бидам фатен и веднаш уапсен, без да можам да ги најдам неопходните материјални средства и без да можам да ја продолжам зацртаната борба. Како да се здобијам со материјални средства? Како што споменувам во третиот дел од оваа книга, пред две години, во Цариград, ни се беше утрапил со своето познанство некој си Шопов, истиот оној Шопов, кој пред нас сакаше да се претстави како некаков “член на англиска археолошка мисија” и кој - наместо шапка или фес тогаш носеше еден бел колонијален шлем со наведнат одозгора трем. Сега јас го сретнав во Софија. Тој беше во некакви многу блиски односи со Иван Јуруков, родум од градот Панаѓуриште, мој соученик од софиското Воено училиште од 1894/1895 година. Меѓу нив и Јуруков веројатно се беше случило нешто многу непријатно, зашто кога еднаш случајно стана збор за него, Јуруков избувна пред мене со закани, дека “ќе го убие тој никаквец”. Овие закани на Јуруков ме наведоа на една мисла: да го убијам Шопов и да го искористам тоа убиство, за да се снајдам со средства на следниот начин: Шопов и јас имавме речиси ист раст, иста боја на кожата, руса коса и сини очи. Под некаков изговор ќе го примам во мојата соба во хотелот, каде што - по заминувањето на Орце, Мечето и Шатев за Солун - се бев сместил да живеам; ќе му ставам примка на вратот, ќе го задавам; ќе му ги соблечам алиштата, коишто ќе ги облечам јас и ќе го оставам убиениот по долни алишта на креветот; ќе ги оставам моите горни алишта на столот, со некакви документи во нив, кои ќе го потврдат мојот идентитет; во устата на убиениот Шопов ќе ставам еден динамитен патрон со капсула и фитил, кој ќе изгори по 15-20 минути и - додека јас незабележано се извлечам од хотелот - да се запали динамитниот патрон. Со други зборови - ќе симулирам самоубиство, бидејќи покрај експлозивот и распарчувањето на черепот на Шопов, за сите ќе стане очевидно дека сум убиен од случајно запалениот динамит, кога сум манипулирал со него. Меѓутоа, пред да пристапам кон убиството на Шопов, ќе си го осигурам животот кај некое солидно осигурително друштво. Според клаузулите на полисата, коишто ќе ги составам јас, во случај на моја смрт
286
- ако до неа дојде пред истечувањето - сумата да му се исплати на Александар Костов од Пловдив. Така, јас отидов во претставништвото на осигурителното друштво - „Њујорк“, кое се наоѓаше во неговата сопствена зграда на булевар Дондуков кај директорот на друштвото Илија Ѓоргов, родум од градот Велес, за да ги проучи условите и да го склучам договорот за осигурување. Ѓоргов ме прими, ме изгледа од главата до петиците и откако ми ги даде таблиците за осигурување, побара да се информира за името, местото на раѓање, возраста и занимањето. Кога дозна дека немам одредено занимање и дека никаде не работам, Ѓоргов одби да ме осигури. - Зошто? - го .запрашав јас. - Зашто има нешто загадочно во Вашата желба да се осигурате за “живот”. Пред сѐ, Вие немате одредено занимање, немате работа, немате имоти или доходи, со кои редовно ќе го плаќате осигурувањето. - Тоа воопшто не е битно - му одговорив јас - ако денес сум без работа, утре ќе се вработам. - Второ: вие се осигурувате за 25 години - веројатно за да плаќате мали годишни премии, а особено - мал првобитен влог. - Што има загадочно во тоа што јас си ги мерам силите со моите материјални можности? - Трето: во случај да умрете пред истечувањето на осигурителниот рок, осигурителната сума треба да се плати на еден човек, кој не е Ваш близок роднина - осигурувате еден свој пријател. Сигурен ли сте дека тој нема да умре пред вас? Сигурен ли сте, дека вашите сегашни пријателски врски ќе се зачуваат такви какви што се сега, до крајот на Вашиот живот? Зарем не ви е познато дека денешниот пријател може да стане Ваш утрешен непријател? Сувото црномурно лице на Ѓоргов се издолжуваше при секое подигнување на веѓите, кое го придружуваше секое негово прашање. - Потоа, - продолжи тој - јас се сеќавам на вашето име, кое пред 3-4 години беше замешано во едно убиство на улица “Пиротска”. Вие сте несигурен човек. Ами ако ви падне на памет по осигурувањето да се самоубиете, за да ја добие Вашиот пријател осигурената сума и да ја употреби за цели, кои ги знаете само вие двајцата? Овој човек како да бркаше со прст во мојот мозок. Но, јас не се откажав: мојот прв братучед Иван Златанов Бојкикев, кој во тоа време беше судски службеник во Софискиот Окружен суд, беше многу близок со Илија Ѓоргов. Со негово посредство, Ѓоргов најпосле се согласи да да го склучиме осигурувањето за 15.000 левови за рок од 25 години. Накусо - со парите што ми останаа од Виена, јас го платив првиот влог и ја зедов осигурителната полиса. Остануваше да се изврши убиството. Јас си изнајмив соба во хотелот “Батемберг”, каде што знаев во кое време и како да го донесам Шопов во
287
својата соба без да биде забележан од никого и каде што сите ме познаваат. Со Шопов воспоставив потесни врски, на неколку пати доаѓавме во мојата соба - воопшто претходно направив се што треба, за да не предизвика кај него сомневање во решавачкиот ден. Еден ден, меѓутоа, како Иван Јуруков, така и Петар Шопов исчезнаа од Софија, без некому да му се јават каде ќе одат. Сите мои планови се урнаа во еден миг. Во мене остана само осигурителната полиса, која веќе беше беспредметна и жалењето за парите што ги уплатив како прв влог за осигурувањето. Така се случи не само што останав сам, туку се најдов и без пет пари во џебот. Од братучедот Иван Бојкикев зедов на заем неколку левови и со нив со воз се вратив во Пловдив. Како што спомнувам и на друго место, поради недостиг на средства, тунелот под темелите на солунската Отоманска банка бил заѕидан и - за да не гладуваат во Солун - учесниците во работата, со исклучок на Владо Пингов, заминале во своите родни места - Димитар Коштанов за Горна Џумаја, а другите за Велес. На Коштанов му омрзнало да безделничи во својот роден град, па ја поминал границата кај Факир тепе и дошол истото да го прави во Пловдив, каде што го затеков кон крајот на февруари 1902 година, кога го испратив Орце за Женева. Додека сум бил кај Сарафов во Виена и во времето, кога се расправавме со Орце во Софија, неколку души во Пловдив формирале чета, се наоружиле и заминале за Ах-Челебиско со цел преку кражба на турска територија да дојде до материјални средства. Иницијативата за формирање на четата била на Димитар Коштанов и на Иван Наумов (Алабакот). Четата, активно помагана од ѓаконот Иларион, родум од градот Калофер, игумен на манастирот Бела Црква; од Иван Талев, учител во своето родно село Хвојна; од Златанов, родум од селото Хвојна, бивш учител, пензионер; од Кољу Глигоров, родум од селото Широка Лака, медицински помошник во своето родно село и од некој си Даскалов, учител во селото Габрово, Ксантиско, го имала овој состав: Војвода: Димитар Коштанов, родум од градот Горна Џумаја и четниците: Иван Наумов (Алабакот), родум од селото Ораовец, Велешко, Асен X. Василев, родум од градот Самоков, Георги Баиров, родум од градот Панаѓуриште, Александар Лазаров, родум од селото Рила, Дупничко и Стојан родум од селото Карлуково, Ах-Челебиско. Водач на четата бил некој си Дели Митре, родум од селото Широка Лака, Чепеларско. Во првите денови на јули 1902 година оваа чета ја поминала турската граница кај Карл’к и влегла во Турција. Од причини што мене ми се непознати, четата не успеала да ја постигне својата цел и тргнала да се враќа назад во Бугарија. На Илинден (20 јули 1902 година по стар стил)
288
вечерта, таа почнала да се качува по стрмнината кон Карл’к: сопрела да се одмори покрај една суводолица. За време на одморот, по патеката поминал еден стар Помак, кој во темницата не ги забележал полегнатите четници и мирно со торбичката преку рамо доаѓал откај границата за селото Мугла. Тој бил фатен, врзан и - според традицијата, воведена од Коста Антонов С’чанката - бил заклан. Бидејќи ножот со кој бил колен не бил многу остар, несреќникот бил многу измачуван. - Го извршивме татковинскиот долг! Со сарказам и одвратност нагласи Георги Баиров, кога ми го опишуваше ова ѕверство. По враќањето во Солун, Орце ги ставил во тек своите другари со настапнатиот расцеп меѓу него и мене. “Грците” што јас ги испратив во Солун (Александар Костов под името “Јорго Диамандопуло” и Димитар Аргиров под името “Јани Закури”), кога дознале за расцепот што настана меѓу нас, се солидаризирале со мене, го напуштиле Солун, се вратиле во Бугарија и дошле во Пловдив. Така, интригата на бугарскиот дворец, водена уште од 1898 година преку Симон Радев, кога тој, по наредба на дворецот на бугарскиот кнез Фердинанд беше дојден да разузнае и да проучи поодблиску што претставува сами по себе Женевскиот “Централен македонски револуционерен комитет”, најпосле се овенча со успех - да внесе недоверба меѓу нас, да нѐ расцепи и на тој начин да нѐ ослаби и да нѐ направи безвредни. За услугите што му ги направи со дворецот на своето однесување при изборот на Врховниот Македонски Комитет Цончев-Михајловски и успешната интрига што ја спроведе меѓу нас, Симон Радев си го помина добро својот дипломатски стаж и беше назначен за бугарски дипломатски агент во Вашингтон, а подоцна и во Букурешт - за да го подготви прекинувањето на дипломатските врски меѓу Бугарија и Романија, објавувањето на војна на оваа држава, навлегувањето на Бугарите во неа, нејзиното разурнување и опустушување... Идејата да набавам средства не ме напушти и во Пловдив. Ние тројцата: јас и двајцата од постојаните посетители на кафеаната при хотелот “Пловдив”, кој се наоѓаше на Бал’к пазар - еден Македонец од Костурско, по име Иван, околу 35-годишен човек, висок, строен, со црвеникаво широко лице и дебели мустаќи и Коста Децимиров, копривштанец, чијашто специјалност беа кражбите преку обивање околу 30-годишен, со среден раст, тенок, со црномурно лице, црни очи и тенки, со исто таква боја мустаќи. Ние тројцата формиравме една банда и се согласивме да ја нападнеме куќата и да го ограбиле Тоњу чорбаџијата во селото Маноле, кое се наоѓа на 20 километри источно од градот Пловдив. Раскажуваа дека пред Руско-турската војна во 1877/1878 година, овој Тоњу бил обичен, материјално средностоечки селанец од селото Маноле.
289
За време на војната, при повлекувањето на турските војски кон Одрин, еден бег од околните турски чифлици дошол во селото Маноле и го пазарил Тоњу да го пренесе со своето кајче на другата страна на реката Марица, за да ја следи турската војска што се повлекувала. Бегот со себе го носел целото свое богатство во ѕвонливи турски лири. Не се знае точно што се случило со бегот, но оттогаш наваму Тоњу станал богат човек, чорбаџија. Дали тоа беше вистина? Или пак човечката фантазија на тој начин си го објаснуваше изворот на Тоњовото богатство? Во секој случај, ние веруваме дека тоа е вистина, зашто во свеста и на најзакоравениот криминалец дреме идејата за правда за одмазда, по чијашто сила престапот што тој сега го врши, ја претставува силата на некакви грешки на жртвата во минатото. Ова верување е прифатливо за престапникот, кој има сметка да верува, дека со својот сегашен престап тој ја воспоставува нарушената правда. Едно попладне ние тргнавме од Пловдив и на стемнување пристигнавме пешки во селото Маноле. Накусо - ние не успеавме во нашата експедиција, затоа што не се бевме добро екипирале за неа: високи ѕидови од камен, цврсто заклучена врата од дебели талпи и неколку крупни и лоши кучиња, кои жестоко нѐ лаеја зад ѕидот, кога ја разгледувавме куќата и дворот, го правеа невозможен нашиот пристап таму. На следниот ден се вративме назад во Пловдив, преморени од пешки изминатите 40 километри, од бесоната ноќ и од неуспехот.
Коштанов се врати од својата неуспешна експедиција. Тој и неговите четници беа многу изморени и разочарани. Ми прелета низ умот: зошто јас да не си ја пробам среќата со една експедиција како неговата? Тоа што тој не успеал - уште не значи дека и јас нема да успеам. Така, со Иван Наумов (Алабакот) еден ден тргнавме преку селото Марково - манастирот Бела Црква - селото Хвојна - Кара Балкан - за Широка Лака. Преку Бела Црква и Хвојна отидовме за Широка Лака за да воспоставиме врски и познанство со игуменот на манастирот Бела Црква, ѓаконот Иларион, со учителот Иван Талев, со пензионерот Златанов во селото Хвојна и со Никола Григоров во селото Широка Лака, чиешто содејство ќе ни беше неопходно, а требаше да ја проучам и маршрутата на идната моја чета од градот Пловдив до границата над селото Гела. При тогашниот недостиг на парични средства, вооружувањето и екипирањето на една чета, која се состоеше од петмина, каква што беше нашата, не беше лесна работа, уште повеќе, кога тоа требаше да биде незабележано. Како и да е, во првите денови на август 1902 година тргнавме од Пловдив, за една ноќ ние стигнавме во селото Стојките (Чепеларско) и останавме да денуваме во подножјето на Карл’к, во една плевна на крајот на селото, сопственост на нашиот водач Стојчо, кој - откако нѐ доведе
290
во својата плевна - си отиде во селото, ветувајќи дека ќе дојде иавечер по темница, за да ја поминеме границата. Иако и во текот на целиот тој ден спазувавме најголема тишина и не излегувавме надвор од плевната, ние сме биле насетени, или, пак Стојчо нѐ беше предал, зашто околу 4 ипол часот попладне забележавме едно необично раздвижување кон горниот крај на селото, каде што се наоѓавме ние. По извесно време, веројатно било пет до пет и половина часот попладне, по горната патека, на околу сто чекори од плевната, каде што бевме ние, набрзина помина една група селани со пушки, кои ги држеа на средината. Јас со ползење излегов од плевната за да видам што се случува. Ние отсекаде бевме опколени, со исклучок од северната падина, која се спушта стрмно кон реката. Време за губење немаше. јас доползев брзо пазад кон плевната, ја зедов пушката и војничката блуза. -Опколени сме! - реков. Бегајте надолу кон реката - таму е уште слободно! Со овие зборови јас излегов надвор и се спуштив кон оградата, која ја градеше стрмната ливада под плевната. Од сите страни почнаа да пукаат по нас. Пукаа со кримки, со какви што пушки беше вооружена селската милиција во Бугарија. Куршумите произведуваа чуден звук, својствен за куршумите на ова оружје. Јас фатив еден од колците на оградата, се качив на него за да го прескокнам. Погоден од куршумот на една кримка, колот за којшто се бев фатил се скрши. Јас паднав од плетот во ливадата и се стркалав по стрмнината. Пушката ми одлета на една страна, каскетот - на друга. Јас се обидов да станам, да си ја земам пушката и каскетот и да избегам, но во тој момент над плетот ја видов вперена кон мене цевката на една кримка и прибараната глава врз кундакот на оној, кој нишанеше во мене. - Предај се, оти ќе ти ја изгорам душата! - извика тој. - Ти гледаш дека пушката ми е отфрлена настрана. Нема да пукам со голи раце! - одговорив, трудејќи да го зачувам мирен тонот. - Викни им на другите да се предадат! - ми рече истиот оној, којшто ме држеше на нишан. - Види, немаме таков пазарлак! Викни им ти, зошто ме тераш мене? Јас бев заробен. Пукотот продолжи уште неколку минути. Пукаа по некој, кој беше излегол од плевната, го прескокнал плетот и сега бегаше надолу кон реката. Најпосле пукањето престана и сите се прибраа околу плевната. Покрај мене, заробени беа уште двајца четници, за чиишто имиња не се сеќавам, но знам дека тие беа од Турска Тракија и живееја во селото Габрово (Казанлшко). Тие влегоа во четата за да си ја испробаат среќата и да си ја подобрат материјалната состојба. Од целата чета само Иван Алабакот не беше заробен. Тој успеал да избега надолу кон реката и по него пукале по моето заробување.
291
ОДНОВО ВО ЗАТВОР - СЕГА ВО ПЛОВДИВ Нѐ поведоа во селото Широка Лака, каде што преноќивме во подрумот на општинската управа. Утрината, придружувани од полициски стражари и селани-милиционери, бевме одведени во селото Чепелари, каде што полицискиот старешина Лешов се зафати од нас и од милиционерите да зема искази за нашето фаќање. Наредниот ден, кога документите за нашето испраќање беа подготвени, придружувани од тројца коњички полициски стражари, ние тргнавме за селото Хвојна, каде што преноќувавме и следното утро, со истиот салтанат, бевме испратени во Стаиимака, каде ноќевавме во околиската управа. Наредниот ден, сѐ така придружувани, бевме спроведени во Пловдив и одведени покрај реката Марица, во стариот турски конак. Тесната врата на “Тај капија” се отвори и ние бевме втерани во затворот. Во турско време, пред Руско-турската војна во 1877-1878 година, “Таш капија” бил централен затвор во Пловдив. Оттаму биле истерувани затворените по Априлското востание во 1876 година и водени на бесилката во Орта мезар, за што служеле речиси сите хоризонтални дебели гранки на стариот брест, кој постоеше до 1925 година, на тротоарот на градската градина, спроти клиниката на д-р Ормајан. “Таш капија” служел за затвор пред војната во 1877-1878 година, за време на оваа војна, во Румелиско време, за време на Соединувањето, на Српско-бугарската војна, а исто така и оттогаш досега. По изградбата на модерниот Централен затвор отаде северниот брег на реката Марица, кај касарните на деветтиот пешадиски полк, “Таш капија” го изгуби своето првенство, така што во времето кога влегов таму, тој служеше - а и сега служи - за привремен затвор при полициската станица. Кога влегов таму, јас добив впечаток дека “Таш капија” е многу понечист од “Старата апсаана” во Скопје далеку - ги надминува по своите нечистотии полициските ќелии во Цариград. Однесувањата, пак, на пловдивските полициски стражари спрема затворените лица - многу погруби и попонижувачки од оние на турските чувари. Излишно е да го опишувам животот во “Таш капија” - тоа значи да го повторувам опишувањето на животот во скопските затвори “Старата апсаана” и “Куршумли ан”, или на оној во “Галата сарај” во Цариград. По две нешта, меѓутоа, се сеќавам уште и многу јасно за “Таш капија” во Пловдив: при нашето влегување во ќелијата во ‘Таш капија”, мислам дека дочув еден слаб звук, нешто слично на “пр-р-р”. Тоа беше нешто како звук, произведуван од милијардите болви, кои веднаш при нашето влегување беа потскокнале од подот на ќелијата и се беа начичкале по нашите обувки, кои за миг поцрнеа од овие инсекти.
292
Вториот спомен ми е од 11 август 1902 година вечерта, кога, при мижуркавата светлина на кандилото, жртви на милијардите болви, кои нѐ принудуваа да се вртиме на одарот како шиш-ќебап, слушнавме едно нестивнувачко “ура-аа”, повторувано многупати од некаква бројна толпа од луѓе во дворот на стариот турски конак, каде што се наоѓа “Таш капија”: веќе три дена во цела Бугарија ја празнуваа 25-годишнииата од одбранувањето на Шипченскиот премин за време на Руско-турската војна во 1877—1878 година. По тој повод, како гости од Русија беа дојдени многу високи личности, меѓу кои и грофот Игнатиев, кој во Пловдив беше дојден да се види со вујко ми, пловдивскиот митрополит Натанаил, со којшто биле многу блиско познати одамна, уште кога вујко ми бил студент во Киев. Сега од дворот на турскиот конак во Пловдив, се формираше поворката, која тргна низ градот за да му приредува овации на грофот. Потекоа еднолични затворенички денови, полни со неизвесност за нашата судбина. Според тоа што го дознавме, нашето дело требало да му биде испратено на иследникот за да нѐ заведе по законот за разбојниците. Набавувањето на средства сега остана на заден план. Најважно беше да се извлечам од пајажината на правосудството, во којашто се бев вплеткал и која од ден на ден сѐ повеќе се заплеткуваше. По еден од стражарите, кој се однесуваше почовечно спрема затворениците и за чие име не можам да се сетам, испратив едно писмо до вујко ми, со кое го молев да се застапи за нас - да не бидеме судени по законот за разбојниците. Само по себе се подразбира дека мојот вујко не бил восхитен од моето однесување, но сепак се заинтересирал и презел нејдиректни чекори - пред кого и како не знам, па нашето дело не беше испратено на иследникот. Ние бевме интернирани - моите компањони во селото Габрово, Казанл’шко, а јас - во градот Севлиево. Во почетокот на септември 1902 година, една вечер ме изведоа од ќелијата и - придружуван од двајца стражари - ме одведоа на железничката станица, ме качија на возот и рано наутро ме доведоа во Софија, каде што преноќевав во градоначалството. Наредниот ден вечерта, со двајца стражари и еден официјален пакет со документи, преку Плевен-Ловеч, ме испратија за Севлиево. Мојот пакет и јас ноќевавме во Плевен - мојот пакет во канцеларијата, а јас - во затворот на околиската управа. Од 1898 година, кога ја напуштив Женева, до ноќта што ја поминав во ќелиите при Плевенската околиска управа, јас променив многу затвори, но никаде не бев сретнал нешто помизерно од таа плевенска ќелија. Тоа беше беда, која не може да се опише, поставена однатре со однесувањето на стражата кон затворениците - однесувања, напоени со најголем презир кон човечката личност, лишени од било каква сенка од човечност.
293
Следниот ден, околу 10 часот претпладне, ме потераа пешки за градот Ловеч со еден коњички стражар одзади. Коњот одеше стапка по стапка по мене, така што во текот на целиот пат го чувствував на својот врат топлиот здив од дишењето на животното. Стражарот на коњот, ја носеше својата карабина на колената, на готовс - да пука по мене ако се обидам да избегам. Во сеќавањето не ми останало ништо како спомен од тоа мое патување меѓу Плевен и Ловеч. Се сеќавам само дека беше тивок, сончев, не многу топол ден. Кога минувавме низ селото Сотево, се сетив на моето детство: летно време, мојот вујко заедно со мене, речиси секоја вечер излегуваше со пајтонот на прошетка до селото Сотево и се враќаше назад во Ловеч. Низ умот ми помина една таква прошетка, кога нѐ биеше еден силен град. Вујко ми, ги грабна поводилата од рацете на Ибрахим, Помак од Месидран, коњарот, кој ја беше загубил самоконтролата и безмерно ги удираше со камшик коњите кои - иако удирани по главата од големите ледени парчиња и зашеметени од ударите - најдисциплинираио го влечеа пајтонот, потонат во вода во висина на предните тркала. Наближувавме до Ловеч. Пред нас се црните штичени складишта на шеснаесеттиот пешадиски полк, стациониран во градот Ловеч. Пред секое складиште се шеташе стражар, со штик на пушката. Пред мене се појави еден спомен од моето детство: Кај еден од овие складишта стражар бил еден војник родум од селото Омаревци. Во градот Ловеч бил пазарен ден. Мајката на војникот тргнала од селото за градот ем за на пазар, ем да го посети сина си, кој бил војник. Одејќи си по патот, кој поминува покрај едно од тие складишта, мајката го видела својот син, кој како стражар се шетал пред складиштето со пушка на рамо. Мајката го оставила на земја тоа што го држела во рацете, се упатила кон стражарот викајќи: - А бре Иванчо! А бре чедо! Дојди кај мене да те види мама и да ти се порадува! - Назад! - сурово извикал војникот. - Зошто ми подвикнуваш, бре чедо! Не ме познаваш ли? Нели ја познаваш мајка си? - Назад! - уште построго извикал по вторпат војникот. - Ама - бидува ли така, бе чедо? Откога те збркаа? Откога таков те подивија? Дојди! Дај мама да те прегрне! - Назад! - по трет пат извикал војникот. А бидејќи мајка му со растреперени раце се стрчала да ги прегрне, тој отстапил чекор назад, ја симнал пушката од своето рамо и ѝ го забил штикот во градите на мајка си. Целиот град беше потресен од тоа убиство. За неговото примерно извршување на службата како стражар, војникот беше унапреден во чинот десетар...
294
Во Ловеч ноќевав во ќелијата при околиската управа. Утрото многу рано, коњичкиот стражар зад мене и јас пред него пешки, поминавме по стариот покриен мост над реката Ос’м и по патот за Севлиево, почнавме да се качуваме по височината “Стратеж”. Во тоа време патот за Севлиево влегуваше по таа височина на северозапад и потоа се спушташе надолу по истата насока до .патеката која водеше кон лозјата во месноста “Дршан”. Оттаму патот свртуваше на исток по рамнината за накај К’кринските анчиња - Севлиево. Не беше многу одамна - не поминале се уште две години оттогаш јас пак патував по тој пат... Но каква разлика меѓу тогаш и сега! Тогаш јас бев слободен, имав блиски, искрени другари, со кои ме сврзуваше минатото и со кои се готвевме да ја делиме иднината, на кои можев да се потпрам, со кои ги делев своите јадови и надежите за идната борба. Тогаш имав крилја и ја гледав храбро судбината во очите... А сега топлиот здив од дишењето на коњот во мојот врат ме потсетуваше на секоја стапка, дека сум сосема сам на светот, дека сум роб, без своја сопствена волја... К’кринските анчиња. Ние таму застанавме, за да се одмори коњот на стражарот што ме спроведуваше. Овде бил фатен Васил Левски откако бил предаден на турската власт од поп Крсто. Оттогаш досега поминале одвај 30 години. Плетот, на кој се закачиле неговите панталони кога се обидел да го прескокне и да избега, се уште постоеше. Во Севлиево пристигнавме рано. Службениците од околиската управа, каде што бев доведен, уште работеа. - Жалам што Сибир не е бугарски! - ми рече околискиот началник уште штом го пречекорив прагот на неговиот кабинет. За такви како тебе, не Севлиево, Осман Пазар или Курт Бунар - за такви како тебе, и Сибир е малку! Но, јас знам како да ве лекувам - ни чекор нема да направиш без стражар зад грбот. И - ако можеш - ослободи се од окото на полицијата! - Ами ако избегам? - Да избегаш? Само обиди се! Дури тогаш ќе видиш ѓавол попладне! - Разбрав. На оваа тема ќе разговараме подоцна. Засега ќе Ве молам да наредите некој стражар да ме придружува низ градот за да си најдам стан и да се видам со моите познати. Околискиот началник нареди секогаш кога излегувам низ градот, зад мене да врви стражар. Кога си најдов стан, пред влезпата врата поставија стражар на стража. Овој стражар одеше насекаде по мене како сенка секогаш, кога излегував низ градот. Во Севлиево најдов неколкумина мои блиски познајници: часовничарите Симитчиев и Иванчо Паланчанецот, за кои спомнувам и на друго место во овој том; Михаил Христов, родум од градот Дупница, кој до пред неколку месеци беше аптекар во Државната болница во Плов-
295
див; Атанас Колев, родум од селото Павликени, Севлиевско, кој во 1898 година беше дошол во Скопје кон крајот на учебната година да ги полага испитите од последната година во скопското Педагошко училиште; таму тој живееше во еден стан со Петар Завоев и таму се запознав со него; сега тој си ја служеше својата воена обврска како војник во Севлиевскиот артилериски полк; Бараков, капетан, командир на батареја во истиот полк, мој познајник од пред две години, кога во Севлиево ги пласирав облигациите на Македонскиот патриотски заем. Најдов и други мои познајници, за чиишто имиња не се сеќавам. Впрочем, во Севлиево ме познаваа мнозина - а и јас познавав мнозина севлиевци - од времето, кога пред две години ги пласирав облигациите од горенаведениот заем. Јас си најдов стан некаде кон западниот дел на градот, таму, каде што - од главната улица - се одделува улицата од којашто започнува патот за селото Сухиндол. Станодавачи ми беа две жени - мајка и ќерка: првата 40-45-годишна, а втората - 18-20-годишно девојче, која се викаше Тинка. Куќата им беше мала, едноспратна, стара, добро одржувана куќичка, со мала градинка, оградена - куќата и градинката - со штичена ограда, со мала дрвена врата кон улицата. Јас ја изнајмив единствената слободна соба во куќата и ја платив киријата за еден месец. Уште штом ја изнајмив, пред влезната врата, на улицата, поставија еден стражар на стража. Како што велам и погоре, кога излегував од куќата, овој стражар одеше насекаде по мене како сенка. За целото време што го поминав во Севлиево, јас бев најбудно штитен од полициската власт - како да бев некој значаен државен маж, а за сите мои активности, средби и разговори со моите познати во Севлиево, вечерта се даваше детален извештај на околискиот началник. Ако не ме лаже умот, во 1897 година, во околината на градот Севлиево, во еден чифлик, беше извршено ѕверско убиство: двајца браќа, убедени толстоисти, го изнајмиле чифликот и започнале да ја обработуваат земјата, но не со наемни работници, туку во оваа обработка го вклучувале сопствениот труд. Пред да бидат убиени тие биле врзани, измачувани и очите им биле извадени. Ова убиство беше одбележано во печатот, каде што бев прочитал за него, кога бев ученик во Ломското Педагошко училиште. Убијците не беа фатени. Кротки и разборити луѓе, убиените немале непријатели во Севлиево и никој не бил во состојба да посочи некој како извршител на ова двојно ѕверско убиство. И покрај тоа, јавното мнение во Севлиево го посочуваше како нивни интелектуален убиец некој си Хубан Т. Ќучуков, голем богаташ, неколкупати јавно критикуван и разобличуван од двајцата браќа за неговите нечесни и кожодерски дејства спрема севлиевските граѓани. И при сето тоа, власта не беше презела ништо, за да провери колку е основано сомневањето на севлиевци - и тоа чудовишно злодело беше останало неказнато. 296
Еднаш, во еден разговор со Атанас Колев, стана збор за тоа убиство. На крајот на краиштата дојдовме до заклучок, дека ова убиство треба да се казни. Од аптекарот Михаил Христов јас си набавив бертолетова сол и барут во прав, коишто ги измешав со шеќер и на тој начин подготвив експлозив. Со Атанас Колев решивме експлозивот да го фрлиме во куќата на Хубан Т. Ќучуков, за да го тероризираме и со едно писмо да му јавиме зошто го правиме тоа. Експлозивот ќе биде фрлен и писмото - испратено по пошта, од Атанас Колев по моето заминување од Севлиево, неколку дена откако јас избегам од градот. Тоа го правиме за да не може власта да ги насочи своите сомненија кон мене или кон некој од моите познајници. Значи, јас требаше да избегам од Севлиево. Да избегам, но тоа не беше воопшто лесна работа, бидејќи на секој чекор бев следен при моето излегување од станот. А моето бегство требаше така да се изведе, што власта да го забележи откако сум стигнал и сум се сокрил во Софија или некаде на друго место во Бугарија, за да не бидам одново вратен назад во Севлиево. Беше поминало повеќе од месец и половина по моето пристигнување во Севлиево. За тоа време, во мојот стан на неколку пати доаѓаа моите познајници во овој град, кои си заминуваа доцна навечер. Една вечер дома ги поканив Михаил Христов, Симитчиев, капетанот Бараков и други мои познајници. Бев купил еден балон со вино и мезиња. До полноќ времето го поминавме во весели разговори. Околу полноќ гостите си заминаа, на влегување во куќата му посакав “лека ноќ” на стражарот, кој беше на стража пред вратата и се прибрав во собата. Сопственичките на станот си беа легнале. Јас си ја зедов шапката, ја изгасив ламбата, тивко излегов низ дворот и преку комшилакот поминав во соседниот двор. Оттаму, минувајќи од двор вр двор, најпосле излегов на улицата од каде што почнува патот за селото Сухиндол. Јас го потфатив овој пат и со најголема брзина се упатив пешки низ селото Сухиндол за железничката станица Павликени, оставајќи го стражарот на стража пред влезната врата - да ме чува и да внимава да не избегам од будното око на полицијата. На железничката станица Павликени пристигиав околу половина час пред поаѓањето на возот за Горна Ореховица - Софија. Со парите што Михаил Христов ми ги беше позајмил пред неколку дена, си извадив билет и заминав за Софија. Штом пристигнав таму, од станицата, на севлиевскиот околиски началник му испратив една поштенска картичка, на која - колку што се сеќавам - бев напишал: “Признајте, дека ја добив опкладата! До невидување!” Додека помине полициската треска по моето бегство од Севлиево, неколку денови поминав во станот на мојот прв братучед Иван Златанов Бојкикев, службеник - судски пристав - во Софија, а потоа се вратив во Пловдив. Се вратив во Пловдив, за да гладувам и да поминам во најголема беда. Овде, во Пловдив, имав стан - куќата на Александар Костов на
297
Чаушооглу сокак, а тоа претставуваше голема предност, зашто во Софија требаше да ноќевам на улица, што - при настапувачката зима - не беше ни најмалку пријатно. Јас немав никакви средства, немав работа; барав, но не успеав да најдам, зашто не вдишував доверба; јас немав цел во животот, ја бев изгубил својата самодоверба. Секој нов ден ми почнуваше со целосна неизвесност и завршуваше со таква неизвесност. Во тоа време Матеј Икономов ја обиколуваше Бугарија со својата театарска трупа, којашто ја даваше - со невиден успех - драмата “На дното” од Максим Горки. Тој помина низ Пловдив, кадешто целиот град продефилира да ја види оваа претстава. Матеј Икономов беше раскрстил со сиромаштијата и неговата самодоверба порасна. Еднаш го сретнав на плоштадот “Џумајата”. Јас во устата не бев ставил ништо веќе два дена. Го замолив Матеја да ми даде некаква работа во трупата како прислужник - да ја вршам најцрнечката работа: да ги лепам плакатите, да го пренесувам багажот на трупата, да ја метам и чистам сцената - само да имам било што да работам, за да си го вадам лебот. Матеј Икономов ме гледаше од високо, ме сослуша, ништо не рече, ми го сврте грбот и одмина... Од овој период на мојот живот, во тек од три месеци, кој протече во најцрна беда и постојано гладување, во сеќавањето ми остана споменот на следната случка: Се стемнуваше. Одев по главната улица од “Алаџа џами” (каде што е сега аголот спроти киното “Балкан”) кон “Изложбата (како што се наречуваше сегашната Градска градина југозападно од “Црвениот плоштад”). Беше студено. Улицата, особено кај “Изложбата” беше пуста: ретко поминуваа луѓе, свиткани од студ. Одев замислен, со наведната глава. Два дена не бев ставил ни трошка леб во устата. Што да правам? Оваа положба на постојано гладување не може да се продолжува. Треба по секоја цена да му се стави крај. И јас решив: со извадена кама ќе го запрам првиот минувач што ќе го сретнам и ќе му го земам ќесето. Па што сака нека биде! Ако ме фатат, добро во затворот ќе ме хранат, а ако не ме фатат - уште подобро - ќе се најадам и ќе бидам слободен. И јас решително тргнав напред да ја настигнам силуетата на човекот, кој ми се моткаше пред сегашниот главен влез на “Изложбата”, спроти сегашната зграда на Пловдивската Централна пошта. Кога стапнав на тротоарот кај северниот агол на “Изложбата” нешто блесна на земјата пред моите нозе. Се наведнав и видов што е. Тоа беше една монета од 5 левови, една сребрена монета, голема колку магарешко копито. Пет левови! Во тие времиња, кога чистиот бел пченичен леб се купуваше за 20 стотинки килограм, а ракијата - 10 стотинки шишенце од 25 грама стара ока! Па тоа беше цело богатство. За неколку денови лебот и
298
ракијата беа осигурени. Очигледно е дека Провидението не сакаше да станам разбојник. Март, 1959 година
Во сеќавањето не ми останало многу нешто од нашето патување од Пловдив до Чепеларе, каде што пристигнавме кон средината на март 1903 година. Се сеќавам дека по патот нѐ врнеше снег и дека беше сосема темно кога пристигнавме во Чепеларе, во куќата на Андон Дечев. Тој беше 30-35-годишен човек, со раст малку повисок од среден, со темнокостенливи очи, со исто таква боја тенки и долги мустаки и ниско острижена коса. Кога дозна дека заминуваме за Турција, тој пројави желба да дојде со нас. За нашето одење до Имарет дере, т.е. до границата, тој посака да ни биде водач, зашто многу добро ги познавал местата.
СО ЧЕТА ВО АХ-ЧЕЛЕБИСКО Наредниот ден Андон Дечев ја смени облеката, навлече шајачни панталони со жолтеникава боја, облече еден шајачен гајтанлија елек, опаша појас, стави на главата еден турбан и доби изглед на Помак. Тој имаше своја пушка од типот “манлихер”, но од постаро производство. Јас од Пловдив бев дојден со мојата сопствена куса манлихерка 50-60 шаржери манлихерски патрони, коишто ми ги беше подарил Борис Сарафов кога беше претседател на Софискиот Врховен Македонски Комитет. Вечерта, по темница, водени од Андон Дечев, тргнавме од Чепеларе за Имарет дере. Снегот, навеан на соспи, уште стоеше во доловите и по ридиштата, а исто така и по падините. Сонцето не огрева кога се бевме искачиле на последната височина северно од Имарет дере. За да не бидеме забележани од стражарот на караулата, која се наоѓаше на околу еден километар јужно од нас, ние се провлековме покрај ретките групи борови дрвја и грмушки на смреки, кои ја покриваа падината по која слегувавме. Времето беше јасно и меко и снегот се топеше. На едно место, кога трчешкум поминав преку едно празно пространство, пропаднав во една снежна соспа. Едната нога ми пропадна до колената во снегот. Колку и да се мачев, да излезам, јас сѐ повеќе и повеќе пропаѓав во снегот. А сонцето многу добро нѐ беше огреало, така што стражарот можеше да нѐ забележи и ние наместо во Турција, ризикувавме да се најдеме уапсени во карау;ата. Кога - со последните сили и со помошта на другарите успеав да се извлечам од соспата, јас бев сосема малаксан и целиот испотен. За
299
среќа, стражарот од караулата нѐ не беше забележал и ние го продолживме патувањето за Имарат дере. Некаде по патот нѐ сретнаа неколкумина карлуковци: Стојо Варџијата, В’лко Рајчев Шишманов, брат му Иван Рајчев - младо момче на 17—18 години и други, на чиишто имиња не се сеќавам. Водени од Андон Дечев и од карлуковци, ние продолживме до пиланата на Пејо Шишманов, која се наоѓаше веднаш до граничната линија - на неколку стотици чекори до неа. Во пиланата затековме неколкумина карлуковци,. кои овде дошле да ги земат пушките што пристигнале минатата ноќ. Тие беа запалиле оган околу кој седнавме да се исушиме. Со пристигнатите пушки се вооружаа оние од нас, кои не беа вооружепи. Тоа беа разни кримки купени од софиските трговци на оружје. Браќата Иванови, родум од селото Банско, Разлошко. Еден од нововооружените сакаше да ја испроба својата пушка, стави патрон во неа, ја впери кон таванот на пиланата и го притисна чкрапалото. Кримката чкрапна, но не грмна. Јас ја зедов пушката, го подигнав кундакот и го притиснав чкрапалото; пушката пак чкрапна, но не грмна. Го извадив патронот; изгледаше дека капсулата била двапати удрена без да го запали барутот во патронот. Ги извадив куршумите од чаурата. Наместо со барут, таа беше полпа со бел прав: барутот бил расипан. По тоа можеше да се заклучи каква била муницијата, која измамниците, Браќата Иванови, му ја продаваа на својот сопствен народ, кој воден од друг вид измамници - беше на пат да востане против турската власт и да се изложи на уништување. Оваа случка уште повеќе кај мене го зацврсти убедувањето за заповедната неопходност од прекинување на сообраќајот по железничката линија Жонксиот-Салоник, како единствено средство за намалување на последиците од безумието, за што го сметав - и досега го сметам - тогаш подготвуваното востание. Ако солунските шарлатани честољупци го водат македонскиот народ кон самоубиство, нели ми се наложува на мене долгот да го прекинам - или барем да го забавам - префрлањето на војски од Анадолија и Тракија во Македонија? Вечерта по темница тргнавме за Карлуково, водени од В’лко Рајчев. Јас одев по него, а другите - по, мене. На едно место В’лко подзапре и ми дошепна: - Одовде натаму ќе одите стапка по стапка по мене, бидејќи ако некој се откачи со макари не можеме да го извлечеме! Јас им го пренесов ова предупредување на оние по мене и ние продолживме многу претпазливо да одиме по една несигурна патека, која пресечуваше една многу стрмна, гола и разјадена падина, меѓу бездната од лево и разјадениот десен брег од десно. Опасното место зафаќаше околу 300-400 чекори, по чиешто поминување продолживме да си одиме вообичаено. Ние се спуштивме покрај селото. Пред да навлеземе во селото, го запрашав Иван Рајчев, кој се најде покрај мене:
300
- Сѐ ли е така стрмно и селото? - Селото? - одговори младото момче. - Селото е рамно како тепси-
ја!
Не одведоа во една од крајните куќи, каде што ќе го чекаме Стојо Варџијата, кој се оддели од нас и отиде да го најде стопанот на другата куќа, каде што ќе поминевме подолго време. Ние не чекавме многу и нѐ поведе во другата куќа. Кога влеговме во куќата каде што бевме сега, Стојо нѐ беше вовел низ една врата, која беше на исто рамниште со улицата. Сега Стојо нѐ поведе низ задната врата на куќата. На поаѓање, за да ми бидат и двете раце слободни, јас ја префрлив и пушката на грбот. Стојо тргна напред, јас по него, а другите - по мене. На излегување од вратата, Стојо ми рече: - Ќе одите стапка по стапка по мене! - Што ли мистерија е тоа? - си помислив јас. Иван ми рече дека селото е рамно како тепсија. Тој пак нѐ тера да одиме стапка по стапка по него... Сигурно, тој сака да си даде важност... и јас стапнав 20-30 сантиметри настрана. Стапнав и полетав надолу. Паднав од неколку метри височина. Пушката, прилепена до грбот, си стоеше на место, но каскетот ми одлета и се изгуби во темницата. Јас се бев набил, но за среќа не се бев повредил. Да ти се плукнам во тепсијата! - опцув јас на адреса на Иван Рајчев, кој ми го беше пофалил селото дека било рамно како тепсија. Откако се исправив на нозе и се опипав негде да не сум повреден, почнав со пипање да си го барам каскетот. - Што се случи? - ме прашуваше Стојо, кој дојде кај мене. - Што стана? - Се случи тоа што си го загубив каскетот - да му се невиди тепсијата мајчина! Наредниот ден, гледајќи ги од прозорецот куќите на селото ја сфатив причината за тоа што се случи сношти. Куќите на селото Карлуково се на неколку катови; нема куќа на еден или два ката. На неколку ката, ама гледани од нивната долна страна; од горната страна човек може да си запали цигара од оџакот - толку е рамен теренот на кој е изградено селото, тоа, рамното како тепсија село Карлуково. Во куќата каде што нѐ одведе Стојо Варџијата, го затековме и се запознавме со Христо Караманџуков, дојден пред иеколку дена да ја обнови и оживее Оргаиизацијата, која по убиството на рајковските учители Дечев и Шапрданов и на Георги Фертикот, беше сосема разнебитена поради бесмислениот и жесток терор спроведуван непромислено од Коста Антонов С’чанката. Уште при нашето прво видување, јас почувствував големи симпатии кон тоа слабо, клекаво момче, кое се беше нагрбило со една многу тешка
301
и мачна задача - да ја обнови довербата на населението во Организацијата, откако таа беше целосно компромитирана. Караманџуков не криеше од мене дека населението од Ах-Челебиско е целосно дезорганизирано и дека му се наложува да почна од почеток, за да го организира ова население. Од своја страна јас му ја изложив целта на моето доаѓање во АхЧелебиско - да направам овде една база, откаде што би ги проучил условите за извршување на еден атентат врз железничката линија Жонксион-Салоник, кој за долго време би го прекинал сообраќајот по таа линија, така што турската власт нема да може да превезува војска за задушување на востанието во Македонија и Одринско, кое се очекуваше наскоро да избувне. Караманџуков ме слушаше внимателно и ништо не одговори. Изгледаше дека тој го одобрува овој начин на дејствување. Меѓутоа, раководителот на Организацијата во Карлуково, Пеју Шишманов, кој беше дошол и ме слушаше, решително се искажа против него. Пеју Шишманов беше учел како јункер во софиското Воено училиште, Тој беше чесен, решителен и храбар, но беше со ограничени сфаќања и слаба приспособувачка моќ. На овој начин софиското Воено училиште ја беше осакатило неговата личност. Според него, борбата за здобивање со слобода на народите потиснати од турската власт, треба да биде отворена борба, гради во гради, т.е. меѓу востанатото население во Ах-Челебиско, раководено од него и турската војска, командувана од турски офицери. Според мене - му одговорив јас - во Ах-Челебиско одвај има околу 30 христијански села, а другите - повеќе од 300 села - се Помаци и Турци. При едно востание, овие триесетина христијански села ќе бидат поклопени од Помаците и Турците, а населението - испотепано и раселено. Ни трага нема да остане од христијанското население на АхЧелеби. Пеју Шишманов, решителен и храбар човек, немаше дарба за говорништво. Тој беше нервозен и целиот трепереше од нервоза во вакви спорови, но се држеше цврсто за своето: да се крене востание во АхЧелеби, на нека се случи што ќе се случи! Европа нема да дозволи да биде испотепано и протерано населението од триесет села, таа ќе се заинтересира и ќе ја сопре раката на турската власт. - Многу ја боли Европа за твоите триесет села! - велев јас. Додека Европа се реши да ја сопре раката на турската власт, Ах-Челебиските Помаци веќе одамна ќе ги расчистат сметките на триесетина христијански села во Ах-Челеби. Речиси цел месец помина во мои бесплодни настојувања кај Пеју Шишманов да ми даде храна за неколку души за да отидеме неколку дена и да направиме рекогнисцирање на железничката линија кон селата Ени ќој и Габрово (Скечанско), како и на патот што треба да го држиме, за да
302
стигнеме до линијата. Освен тоа требаше да ми даде и по еден чифт чевли за истите луѓе. Најпосле јас го пробив мразот: Пеју Шишманов нѐ снабди со леб и со чевли за четворица, така што на 16 април 1903 година вечерта, една мала чета од четворица се извлековме од Чиловата корија над селото Карлуково, појдовме нагоре по гребенот “Свети Дух” и оттаму без пат фативме правец кон Караманџа. Четата се состоеше од следните лица: Андон Дечев од селото Чепеларе, Љубен Булашов од градот Самоков, Христо Стоев од селото Чокманово, Ах-Челебиско и јас како главатар. Следниот ден, што ќе рече, на 17 април 1903 година, денувавме на околу 4 километри источно од врвот “Сакарка”, највисокиот врв на Караманџа, во шумата, под патеката што води за Чепеларе. Бевме многу изморени од долгиот тежок ноќен марш, капнати за сон. Уште штом го одбравме местото за денување, сите легнавме да спиеме. Стражар не поставивме; треба да кажам дека за целото време додека траеше ова рекогнисцирање, стражари не поставувавме, зошто бевме малкумина и стражарската должност не би му дала можност никому да се одмори по долгите и заморни маршеви. Сите од четата заспаа. Ме занесе и мене, по тоа не бегпе сон, туку некаква полубудна состојба, во која реалноста се мешаше со најфантастични привиденија. Овде, под врвот “Сакарка” занесен, ја видов следната слика, која и досега - по повеќе од 50 години - ја гледам јас пред себе. На една полјана, покриена со сочна, зелена трева, зад која во далечината се гледа морето, се запалени во непрекинат круг големи огнови, чиишто црвени пламени одвреме-навреме се покриваат од густ, жолто-црн чад. На средината на огновите, фатени за половините, неколку души играа оро, лудо оро. Преку чадот и пламењата, во играчите распознавам неколку попови со калимавки, долги бушави бради и црни раскопчани раса, кои се вејат за време на играта. Фатени за половината на поповите, ги гледам Орце, Коста Кирков, Владо Пингов и уште 56 души други; тие играат лудо во орото, ту се наведнуваат напред, ту со брзи, енергични движења ги креваат главите нагоре, скокаат и ги кршат телата од половината нагоре. И друг пат, пред помалку од четири години - на четврти август 1899 година - кога ние, четата на Гоце Делчев, бевме пред врвот “Свети Илија” над селото Горенци," Драмско, пак во таква полубудна состојба ја видов смртта на Крсто Зарев, арамија од четата на Кочо Муструкот, кој ми беше многу симпатичен поради својот отворен карактер, нескротливата храброст и широкиот поглед на нештата, луѓето и настаните, убиен во Пирин планина, на гребенот Дамир чал, меѓу селата Пирин и Лопово, оддалечено на повеќе од 100 километри од селото Горенци. Од податоците што ни ги даде Димитар Кашиналијата четири дена подоцна (на
303
8 август 1899 година) се утврди дека смртта на Крсто Зарев настапила во истиот ден и час, кога јас ја почувствував во полубудна состојба, во којашто бев занесен. Мојот чисто материјалистички светоглед беше расколебан откако се констатира дека моето привидение и смртта на Крсто Зарев се беа случиле во едно и исто време. И сега, откако се сепнав од тоа што го видов во полубудната состојба, во која бев занесен, јас бев убеден, дека во тој момент, на 17 април 1903 година, на околу 250 километри далечина од врвот “Сакарка”, во Солун, умираат Орце, Коста, Кирков и другите мои солунски другари.
Еве што беше се случило, кое што, во мојата полубудна состојба, го видов како лудо оро. Овде подолу го давам описот на солунските настани од Стаматис Раптитис, поместен во вториот дел од неговата книга “Македоникос агон” (Македонската борба), глава прва, 1299 страница и следните. Преводот на овој опис му го должам на Лазар Киселинчев, родум од Костурско.
СТРАШНИТЕ НАСТАНИ ВО СОЛУН Кренатиот брод во воздухот ... Жителите на Солун, ненадејно, исплашени, станаа еден ден посматрачи на еден страшен настан. Беше средина на месец април 1903 година. Во пристаништето првата котва ја беше фрлил бродот на француската компанија “Месажери маритим” - “Гвадалкивир”, кој вршеше поштенска служба по пристаништата на Исток. Бродот се готвеше да тргне и кајчињата брзаа кон него со патници. Меѓу патниците имаше и еден бугарски учител, кој во рацете носеше една кошница со храна за по пат. Заедно со другите патници тој се качи во “Гвадалкивир”. На него никој не му обрна внимание, зашто морнарите и офицерите беа зафатени со својата работа, а патниците - со грижата да се качат и сместат. Бугаринот - учител слегол во амбарот на бродот, блиску до машинското одделение, ја оставил кошницата во еден агол, извадил од неа еден фитил и ги запалил неговите краишта со цигарата, којашто мирно ја држел во устата. Потоа тој се качил на палубата во моментот кога морнарите веќе ја креваа котвата, и почна да вика кон сопствениците на кајчињата:
304
- Дојдете некој од вас! Дојдете побрзо, за да стигнам! Во прво време сопствениците на кајчињата не можеа да се сетат, но еден од нив, кој се наоѓаше најблиску до скалите на бродот, ги разбра зборовите на патникот, се приближи - и Бугаринот побрза да слезе во кајчето. - Терај брзо! - му рекол тој на сопственикот на кајчето. Брзо, зошто сум си ги заборавил парите! Брзо! Колку што се може побрзо! Сопственикот на кајчето брзо заминуваше со веслата и по малку тие стигнаа на кејот, до павилјонот, каде што се прегледуваат пасошите. Патникот си го подаде пасошот и побрза да се изгуби. Тој го фатил возот кој заминува за Битола. Во исто време ‘Твадалкивир” тргна од солунското пристаииште. Бродот беше веќе изминал една милја од пристаништето, кога се слушна една силна експлозија и од него се крена пареа до небото. Бродот силно се затресе, морето се разбранува, се слушнаа очајнички повици и плач, кои допираа до брегот. По експлозијата на динамитот и оштетувањето на машините, бродот брзо се врати назад. Патниците беа заглушени од експлозијата. Разни делови од бродот, кренати во воздухот, паѓаа на палубата и во запалената од бродот морска вода. Од запалениот брод почнаа да се покажуваат пламења, кои го доуништуваа она што беше останало по експлозијата на динамитот. Паниката меѓу патниците беше неописива: тие трчаа натаму-наваму и бараа помош еден од друг; особено многу беа исплашени жените; тие бараа помош од мажите, а овие пак со викање и гестикулирање помош бараа од морнарите и од другите бродови, кои се наоѓаа во солунското пристаниште. Помош, браќа! Помош! Жените се онесвестуваа, а сопствениците на кајчињата ги креваа на раце и ги симнуваа во кајчињата. На тој начин беа спасени сите патници, а само понекои беа полесно ранети. По спасувањето на патниците, бродот беше напуштен и од морнарите, кои ги изнесоа тројцата убиени машинисти и ранетиот главен инженер. На кејот се беше насобрала голема толпа луѓе, кои со најголемо внимание ја набљудуваа глетката. Силни патроли почнаа да го крстосуваат градот. Донесоа носила, во кои ги положија убиените машинисти и ранетиот главен инженер и ги однесоа во болницата. Офкајќи, Французинот - главниот инженер викаше: Тие проклети Бугари! Тие го прават сето тоа - тие разбојници! Во сините морски води, кон висините се креваа црвените пламења, а нивниот одраз во водата ги правеше да изгледаат многу подолги. “Гвадалкивир” се нишаше над водата, волшебно осветлен како од некак-
305
ва свечена илуминација. Тој гореше цели два дена. За цело време толпата, собрана на кејот, го следеше грамадниот пожар со подеднакво живо интересирање. Турската власт веднаш почна со истрагата, за да го открие виновникот или виновниците на овој анархистички акт. Се дозна името на Бугаринот - учител, кој го беше оставил пасошот на царинските власти. Телеграфираа насекаде, во сите правци. Најпосле тој беше уапсен и беше доведен врзан назад во Солун.
ПЕКОЛНИОТ ДЕН Солунскиот валија доби наредба од Владата во Цариград да се прогласи воена состојба. Воените патроли веднаш почнаа да крстосуваат низ сите квартови на градот. Жителите беа зафатени од многу голем страв. По заоѓањето на сонцето секој се криеше во својата куќа. Ако врз некого паднеше и најмало сомнение, тој веднаш беше фаќан и уапсувап. Насекаде се спроведуваа претреси; сите повидни Бугари во Солун беа подложени на најстроги испитувања, меѓутоа, ниту еден атентатор не беше откриен, поради што мерките на турската власт поослабнаа. Бугарите, со својата позната таинственост, продолжуваа да подготвуваат уште пострашни настани. Спроти Отоманската банка, која се наоѓаше блиску до Католичката црква, се наоѓа хотелот иаречен “Бошнак ан”, чијшто сопственик беше еден Бугарин од градот Прилеп. Тој беше сврталиште на сите Бугари, кои се собираа и ги кроеја своите планови. Посетителите на овој ан беа прости еснафи - луѓе и затоа никој од нив не успеа да дознае ништо за тоа што се кроеше. Блиску до “Бошнак ан”, атентаторите изнајмиле разни дуќанчиња: бакалници, млекарници и слично, откаде што побогатите Бугари доаѓаат божем да пазаруваат и секогаш оттаму излегуваа со полни кеси во рацете, или, пак, од дуќаните изнесуваа полни торби со шеќер или со кафе. При една таква таинственост, кој би можел да открие што таму сѐ се правело? * *
*
Неколку денови по запалувањето на францускиот брод се случи нов атентат: среде бел ден беше фрлена бомба во кафеаната “Кристал”, која ги исплаши сите посетители, а стаклата на дуќанот беа парчосани.
306
Повредите беа сериозни. Беше убиен еден келнер. Сите се затрчаа да бегаат, викајќи: - Бомба! Бомба! Едно момче чијашто нога беше откината, раскажа дека еден Бугарин, без да го привлече вниманието на кој и да било, се приближил, извадил нешто од својот џеб и, откако се оддалечил на два чекора, ја фрлил со сета сила бомбата, која удрила во черчевето, паднала во влезот и експлоадирала. Овој нов атентат ги исплашил Турците, кои не знаеја што да прават и што да преземат. Тие дознаа дека Солун е гнездо на страшни атентатори, кои се криеја и намераваа да направат големи зла. Од оваа нова експлозија чаршијата многу брзо се затвори. Секој брзаше да се прибере дома. Многумина побараа заштита од власта, но таа не знаеше кого да го прогонува. Патролите одново почнаа да крстосуваат низ градот, а органите на тајната полиција се распрснаа насекаде низ градот по разузнавање. Гледајќи какви мерки презема власта, населението донекаде се смири. Тој ден вечерта, еден страшен “земјотрес” ја затресе земјата и куќите. Населението, очајно и исплашено, бегаше по улиците: мажите силно вознемирени, жените полуголи - сите трчаа натаму-наваму, барајќи спас од тоа ново зло. “Земјотресот” беше придружуван од подземно бучење, кое како да излегуваше од некој вулкан. Се стемнува, осветлението не беше пуштено. По улиците трчаа војници чиишто штикови и сабјите на кавалеристите светкаа во полутемнината. Од едниот на другиот крај на големиот град се слушаа писоци, плач и лелеци. Мажите, целите растреперени, се обидуваа да ги смират жените, обземени од смртен ужас и страв, кој им ја беше замрзнал крвта на несреќните солунски жители, наместо да се смирува, паниката се засилуваше, затоа што се слушаа чести експлозии на бомби и истрели од пушки, кои ги беа наплашиле граѓаните.
Ако сето тоа што го беа подготвиле Бугарите, би било свршено, Солун прашање е дали ќе постоеше, но тие не ја исполнија својата заклетва, којашто ја беа дале, ставајќи ја раката на Евангелието, ножот и на револверот. Затоа во воздух беше ќрената само Отоманската банка, која веднаш беше зафатена од огнени пламења и нејзините ѕидови се урнаа со тресок. Доста беше оштетен и францускиот колеж; таму беа убиени и ранети и некои од затечените ученици. Подоцна се дозна дека сето тоа било одамна подготвувано, а за таа подготовка требало да има голема тајност, особена волја и трпение.
307
Така бугарските комити, кои го беа преплавиле Солун, собирајќи се во “Бошнак ан” решија да ја вчудоневидат Европа со тие јавни и важни настани - атентатите. Тие го презедоа кревањето во воздух на разни државни и општествени установи и по теророт врз населението и неговото исплашување, со бомбите да посеат смрт на сите друговерци. За извршувањето на овој план тие имаа содејство и одобрение од Бугарскиот Комитет и од бугарската Влада. Комитетот во Солун беше испратил специјален мајстор, за да се излеат бомбите и запаливите материи. Потребните материјали за нив во Солун еден дел биле донесени од Бугарија, а голем дел биле набавени од Грција. Каналот за минирањето на Банката бил започнат од еден од горенаведените дуќани, на тој начин што земјата што оттаму била копана, разните Бугари - клиенти ја исфрлуваа секојдневно во ќесиња од хартија, како божем во нив да имало купена стока, а всушност тоа било земја. Така е завршен целиот канал до под самата банка, каде што поставиле големо количество динамит. На истото место беа направиле уште еден канал, кој тргнуваше од Банката и врвеше кон Католичката црква, каде што беа поставиле динамит. Црквата, меѓутоа, се зачува бидејќи фитилот се беше прекинал без да го забележат Бугарите. Меѓутоа, зградата на Банката беше целосно уништена.
По кревањето во воздух на Отоманската банка, еден Бугарин учител, кој останал верен на дадената заклетва, почна да фрла бомби од прозорецот на својата куќа, која се наоѓаше спроти Германското училиште. Бомбите паѓаа на улицата и во дворот на училиштето, каде што беа убиени и ранети околу 15 ученици. Војската брзо пристигна и ја опколи куќата во која се наоѓаше атентаторот. Офицерот, кој беше началник на Одделението на војската, му извика да се предаде. Во одговор на тоа, тој доби една бомба, која го разнесе на парчиња. Војниците пукаа во прозорците, но Бугаринот не се исплаши и продолжи да фрла бомби по војниците, како јаболки. Тие војниците, паѓаа окрвавени од фрлените бомби. По четиричасовна престрелка помеѓу еден Бугарин и безброј турски аскери, атентаторот престана да дава знак на живот - веројатно, тој или се беше самоубил, или пак бил пронижан од некој друг куршум. Војниците влегоа во неговото живеалиште и го најдоа мртов. Овој атентат се случи дење, кога солунчани, два-три дена тероризирани од атентаторите, сметаа дека е поздраво да се барикадираат во своите куќи. Никој не се појавуваше по улиците. Силни патроли крсто-
308
суваа насекаде. Циркулираа само пајтоните на високите службеници. Тие - високите службеници - се собираа на советување во уќуматот, разменувајќи со валијата мисли за преземање на неопходните мерки. На лицата на сите се читаше голема вознемиреност.
За тоа време, валијата испраќаше долги телеграми во Цариград со настојувачки молби да му се дадат инструкции што да прави. Портата, меѓутоа, се колебаше и не знаеше какви наредби да издаде. Конзулите испраќаа телеграфски извештаи до своите влади. Рускиот амбасадор, познатиот Зиновјев, му обрна сериозно внимание на великиот везир - да не посегне на ниту еден Бугарин, додека не биде уапсен на местото на престапот, како револуционер. Притоа, познато е, дека Турција не можеше да се сообрази со препораките на Русија. Меѓутоа, откако дознаа за извршеното злосторство над Германското училиште, во Берлин мислеа поинаку. Расправаа дека лично кајзерот му рекол на турскиот претставник што се појавил пред него, дека треба да се направи се што е можно, за да се откријат заговорниците и примерно да се казнат. Тој дури му обрнал внимание на претставникот, дека Германија нема да остане индиферентна, ако некоја друга сила се вмеша да ја запре Турција за да воспостви внатрешен ред со средства што таа ќе ги одреди. Турскиот претставник уште веднаш телеграфски ја известил Високата Порта, каде што по кратко советување била донесена одлука: да не се земе предвид препораката на Зиновјев. Впрочем, таа страшна вечер, доцна до полноќ, солунскиот валија доби телеграма од Цариград, со која му се наредуваше да преземе крајни мерки, за да ги уапси или убие оние што ја сочинуваа односната терористичка група. Наредниот ден се случија страшни настани. Уште пред да се раздени аскерот со густ кордон ја беше блокирал “Кукушката маала”, каде што живееја најфанатичните Бугари. Војниците имаа наредба да апсат колку што можеше повеќе Бугари, така што тие беа спроведувани во буљуци, масовно. Валијата ја презеде ова мерка намерно - поради тоа виновниците да не можат да се скријат, што би се случило ако Бугарите би биле терани во затвор во мали групи. Од тие причини “Кукушката маала” од сите страни беше опколена со многуброен аскер. Полицајците почнаа да тропаат на влезните врати, за да им се отвори да влезат и да претресуваат. Тресејќи се од страв, Бугарите одбиваа да отворат. Тогаш полицајците насилно ги отвораа вратите и почнуваа да ги апсат сите мажи што ќе им паднеа во раце. Разјарени од храброста на Бугарите покажана во
309
атентатите, аскерите маваа со кундаците од пушките по секој Бугарин. Настана невидено лелекање и викот, зошто уапсените викаа и протестираа. Точно во тој момент од една куќа беше фрлена бомба, која уби двајца војници и рани неколкумина други. Тоа беше доволно. Сите полицајци подивеа и почнаа да ги бодат со ножевите на пушките сите фатени. Исплашени, Бугарите бегаа во сите правци, за да се спасат. Полицајците ги следеа насекаде, ги бодеа со ножовите или пукаа во нив. Неописливи се крвавите сцени, кои се одиграа во “Кукушката маала”. Сите улици беа покриени со трупови и локви крв. Бидејќи турските офицери не можеа или не сакаа да го спорат крвопролевањето, дотераа коњски коли, во кои на купишта ги трупаа убиените и ранети Бугари, за да ги пренесат: едните на гробиштата, а другите во болницата. Аскерите побеснети од лутина и фанатизам, ги доубиваа со штиковите ранетите Бугари што ги пренесуваа во болницата. На тој начин беа исклани илјадници од Бугарите. Архи-комитите, меѓутоа, не беа фатени или убиени. Миогумина Бугари се скриле во рускиот конзулат. Турското население во Солун, фанатизираио до крајии граници, се закануваше дека ќе го нападне рускпот конзулат, за да ги испотепа Бугарите што се беа скриле таму. Валијата, меѓутоа, издаде наредба конзулатот да се чува од силна војска, а истовремено со тоа побара да му бидат предадени комитите што таму се беа собрале. Рускиот конзул одби да ги предаде, зашто - ако аскерот не ги убие тој не би можел да ги одбрани од фанатизираните Турци. На тој начин се спасија сите оние, кои беа побарале прибежиште во рускиот конзулат и кои беа предадени на власта неколку дена подоцна, но под лична гаранција на валијата, дека нема да бидат малтретирани. Така завршија страшните солунски настани.”
РИЦАРИТЕ НА ДИНАМИТОТ По настаните во Солун 1903 годииа, еве што беше напишано во француското илустрирано списание „L'Illustration“ во бројот 3143 од 23 мај 1903 година, на 351 страница:
Солун, 14 мај 1903 година 1. Во Турција има едно специјално Министерство на полицијата, чијшто титулар не заседава во Министерскиот совет и го носи називот “Заптија - Назари”. Трошоците на ова министерство изнесуваат годишно 186.589 310
златни турски лири (околу 4.200.000 златни франци) ако ги прифатиме приближните бројки - во Турција сѐ е приближно, а посебно бројката на арапската буџетска 1313 година (13 март 1897 - 12 март 1898 година). Има многу полицајци, особено во големите центри. Но, насекаде има и значителен број детективи, кои работат за сметка на полицијата. Полицијата има многу широки и неодредени права. Европејците, заштитувани од договорите, ја користат. Турските државјани ѝ се потчинети. Таа ги набљудува, ги следи, ги апси, прави кај нив домашни претреси - ако најде за потребно - ги затвора во темница. Понекогаш и ги убива. При извршувањето на своите задачи, таа внесува таква смисла, за каква човек не би можел ни да си замисли ако не патувал во Турција. Полицијата има врховен надзор над граѓаните при нивното преселување од едно место на друго, при одење на летување и слично. Нејзината контрола и помага на власта да ги закрепости турските државјани во нивните места на живеење и да го ограничува пивното движење во внатрешноста на империјата под изговор, дека се грижи за општествениот мир. Употребуваниот начин е прост: од секој граѓанин се бара специјален пасош наречен тескере, без кој отоманските државјани не можат да поминат од еден вилает во друг; странските државјани треба да си ги визираат пасошите при секое влегување во внатрешноста на еден ист вилает. Оваа последната формалност има тешки последици. Не е тешко да се сфати дека таа е голема пречка за трговијата, за работата - воопшто за целиот живот во земјава. На пример, еден солунски трговец добива во четврток, во осум часот вечерта (тоа се случува) телеграма да отиде веднаш во Битола за некаква крупна зделка. Тој не може да замине порано од недела; природно, во четврток вечерта конакот е затворен; петокот е муслимански свет ден, кога конакот е затворен; во саботата наутро, кога тргнува возот, конакот уште не е отворен, во текот на денот има само уште еден воз. Оние што брзаат - за среќа - можат да прибегнат кон благонаклонетоста на полицијата, или да добијат виза без знаење на власта, или пак да отпатуваат без виза. И - треба да се признае - турската полиција секогаш била многу толерантна кон сериозните аргументи. Во тој случај, толку подобро! Благословената корупција ги омекнува глупавите наредби и правилници. Кога власта не ги издава, како луѓето си ги набавуваат тескерињата, ако не во содејство со полицијата? И колку Бугари, гонети прибегнувале кон тоа испробано средство! Надвор од овие исклучителни тековни случаи, при секое патување полицијата се вмешува два или три пати - при заминувањето и на сите станици двајца полицајци, од кои многу често едниот е старешина, се поставени пред шалтерот или спроти него. Секој патник, кој поминува
311
покрај шалтерот, треба да го покаже своето тескере. Двајцата полицајци внимателно следат дали е тоа редовно. Потоа тие ги препишуваат најподробно сите назнаки впишани во тескерето: името, занимањето, народноста, религијата, возраста и сите лични белези. Најпосле тие врз дозволата ставаат еден величествен печат. Во возот полицајците патуваат во еден одреден за нив вагон. Проверката на тескерињата се врши за време на патувањето. Полицајците доаѓаат да ги бараат и ги донесуваат назад по некоја неразјаснета операција - без сомнение, по ново препишување. При пристигањето, на сите железнички станици двајца полицајци бдеат на излезот: пак треба да се покаже тескерето, кое уште еднаш целосно се препишува, со сите назнаки во него. Ако јас раскажувам надолго и нашироко за оваа глупава наредба, тоа е - за да можете да си претставите каква голема загуба на време е нејзиното спроведување и колку голем е бројот на секојдневно употребуваниот персонал. Скорешните солунски настани докажаа, дека безбедноста на општествениот мир не се состои во тоа - да им се попречи на граѓаните да патуваат. Турската полиција, толку искусна да ги визира и да ги препишува тескерињата, се покажа целосно неспособна да ги открие навреме рицарите на динамитот, кои во тек на многу месеци успеаја да извршат една грамадна работа, без притоа и најмалку да бидат вознемирени.
2. Во еден од своите романи, кој ниту е најпрочуениот, ниту најпривлечниот, Дима - таткото ја раскажува чудната приказна на Рицарот на Црвениот дом, кој во 1793 година, вљубен во кралицата Антоанета, го посветил својот живот за нејзиното ослободување. Тој измислувал фантастични комбинации, кои до последниот момент изгледале како неизбежно-успешни и кои пропаѓале - нешто, што му наложувало на авторот одново да ги започнува своите опити. Една од тие комбинации го наметнала купувањето на една куќа на улица “Ла кордери”, соседна со затворот “Тампл”. Визбата на таа куќа допирала до ѕидот на пивницата “Тампл”. За да се добие директна врска меѓу визбата и пивницата, било доволно да се урне таа преграда. Имено, со тоа се зафатил Рицарот на Црвениот дом, како лично тој, така и неговите доверливи пријатели. Но, како што реков, тој чудесен план за грабнувањето на кралицата со пробивање на дупка на подот, која води во визбата, не успеал. Рицарите на динамитот во Солун беа посреќни. Нивниот план многу сличен на оној на Рицарот на Црвениот дом, не можеше да биде спречен.
312
Во текот на септември 1902 година, еден непознат Бугарин се насели во Солун. Тој изнајми еден дуќан, кој се наоѓаше во “Француската маала”, спроти западната страна на Отоманската банка, блиску до хотелот “Коломбо” Дуќанот бетпе мал. Бугаринот го изнајми скапо. За да биде мирен, тој ја исплати на Водната компанија киријата во вид на аванс за неколку месеци. Потоа тој донесе стока за 120 франци, којашто ја изложи по ѕидовите. Во прво време неколку клиенти од квартот или оние што оттаму минуваа, влегуваа во дуќанот нешто да купат. Изнајмувачот се потруди да ги одбие: бараните стоки недостигаа; ќе се добијат, но подоцна - по неколку дена; или пак бараше такви цени што клиентите излегуваа без било што да купат. Наскоро дуќанот престанаа да го посетуваат купувачи, освен од неколкумина постојани клиенти, кои влегуваа во дуќанот и на излегување изнесуваа нешто во книжни кесиња... што? Земја од подземниот тунел, ископан од бакалот и неговите пријатели. Подземниот тунел, кој подоцна беше раскопан, е долг најмалку 13 метри. И од неопходност тој е доволно широк и висок, за да може еден човек да работи. Проветрувањето било осигурено преку едно ковачко дувало. Тунелот започнува од дуќанот, минува покрај еден гериз (канал за отпадни материи) и стигнува до Отоманската банка. Тој следи,' не права, туку искршена линија со нееднакво долги делови. Јас го видов планот на тој тунел, нацртан од главниот инженер, со бројки, кои ја означуваат должината на секој дел, падот, отстапувањата и слично. Тоа е чудесна работа, која дозволува да се претпостави, дека таканаречениот “бакал” е - како што раскажуваат - можеби офицер од инженериските војски на бугарската армија. Штом тунелот бил завршен, на неговиот крај била поставена бомбата, а потоа и фитилот. И работата успеа. Раскопувањата открија, дека и еден друг тунел ископан во правец на хотелот “Коломбо”, т.е. во оној дел на улицата, која се наоѓа на лево од дуќанот. Овој вториот тунел бил делумно затрупан со земјата ископана од првиот тунел. Сѐ било подготвено за запалување на два фитила, но не се знае зошто разбојниците не ги запалиле директно и двата фитила. Тие наставале над фитилите големо количество хартија, напоена со петрол и ја запалиле. Канапот, со кој била врзана хартијата, требало да изгори заедно со неа, а таа по неколку минути би паднала врз фитилот и би го запалила. Оваа тенка сметка била спречена: едно одделување на јаглеродна киселина ја изгаснало запалената хартија. На точката, каде што се соединуваат двата тунела, биле најдени негибнати две големи шишиња полни со нитроглицерин. Во дуќанот на “бакалот” и во визбата имаше окачени шишиња, но не се знае што тие содржат: специјалната комисија, која треба да ги испита, се уште не е назначена.
313
3. Ако ова се случеше во друга држава, а не во Турција, тешко би било да се поверува дека едно толку сложно здружение би можело да постои и да работи во период од неколку месеци, без да биде откриено од полицијата. Но, во Турција, вистина е тоа што е неверојатно. Не може да се допушти, дека извршените атентати се дело на полицијата, за да се оправда со пив една тешка пресметка со бугарското население. Најмногу што може да се допушти, е дека полицијата, сб некаква задна мисла, може да се затворила доброволно, за да не го гледа влегувањето и излегувањето на непознати лица, кои ја посетувале бакалницата. Дека полицијата не се сомневала во тоа што се работи во дуќанот тоа е сигурно. Недопустливо е да се верува дека таа тоа би го толерирала, па какви и да биле нејзините оправдувања. Но, таа би можела да претпостави, дека таму има некакво бунтовничко огниште, кое треба да го остави да се разгори, за да може во погоден момент да го изгаси со последна сила и да добие повод за свирепи репресалии. Овој макијавелизам може да се допушти во турскиот начин на расудување. Се наметнува и едно друго прашање: како можело да влезе толку големо количество експлозив во една држава, каде што електричната струја е забранета под изговор, дека за нејзиното производство е потребно динамо и дека динамо... динамит! Во една земја, каде калиум хлоратот е забранет дури и за аптекарска употреба! Во една земја, каде што - тоа се случило во реалноста - една игра на топки, порачана од директорот на едно училиште за игра на учениците, била задржана во царинарницата, зашто крупните топки ја вознемируваат власта! Се плашеле тие дрвени топки да не се бомби. Топките биле исечени со пили, за да се уверат дека се тие безвредни дрвени топки. А пак колку многу килограми динамит поминале незабележани од истите тие царински власти! Како? Преку царинарницата. Да! Пристанишната служба во Солун потврдува, дека во ова пристаниште влегле три големи бочви, декларирани како “Риба”, со вкупна тежина од 1600 килограми. Но, во регистрите на царинарницата нема ниту трага од минувањето на таа стока. “Бакшишот” придонел да се избегне плаќањето на царината. А царинските службеници, пак, се под надзор на полициските агенти. Но... никој не ја набљудува полицијата. Тоа е празнина.
4. Неспособна да ги насети настаните, како постапува турската полиција откако тие - настаните - веќе се случиле? Со една забележителнонеспоредлива насрченост.
314
Првата нејзина должност, која ѝ се наложуваше, беше да провери дали другите квартови не се минирани и дали не треба да се очекуваат нови катастрофи. За таква проверка ништо не беше направено. Затоа пак, спрема целото бугарско население презедоа најстроги и брутални мерки. Ги уапсија и ги затворија сите Бугари - трговци, работници, службеници. Војската ги испотепа сите што ѝ се спротивставија, или кај кои беа пронајдени бомби. Под влијание на општествениот немир, во првите денови бројот на овие жртви беше многу преувеличен; дури досега е тешко да се определи тој број. Според бројките што јас ги собрав, бројот од 150 убиени се чини дека е најблиску до вистинскиот. Тоа е сѐ што може да се каже за тоа прашање. Може некој да каже дека 150 убиени се многу. Меѓутоа, треба да се признае, дека овие настани протекоа споредбено лесно. Изгледа, дека од Цариград биле дадени многу точни наредби, во кои се препорачувало умереност. Во тие тешки и мачни денови, солунскиот валија Хасан Фехми паша покажа голема ладнокрвност и решителност, кои заслужуваат најголема пофалба. Следниот ден по катастрофата тој со кола помина по солунските улици, застанувајќи да му говори на народот и да го смирува, притоа изјавувајќи дека војската и полицијата се доволно силни за да го зачуваат редот и мирот; тој строго им забрануваше на жителите - Турци да се вмешуваат во работата на војската и полицијата. Воопшто, со исклучок на неколку неизбежни случаи, како офицерите, така и војниците се однесуваа многу добро. Само полицијата покажа, дека е многу лошо организирана и дека и недостига разум и расудување. Трговските дуќани беа претресени во отсуство на сопствениците. Потпомогнати од Евреи и Арнаути, полицајците безобѕирно одзедоа и однесоа сѐ што им падна в раце, без било кого да прашуват. Без да имаа некаков бунтовнички карактер, цели документации, деловни книги, трговски кореспонденции, предмети и принадлежности исчезиаа. Доволно беше да си Бугарин, за да го фатиш патот за затворот. Мирни крупни, богати трговци, кои својот имот го спечалиле со труд и кои - со самиот тој факт - беа конзервативци и решителни противници на каква и да било револуционерна агитација - беа третирани како членови на “Внатрешната Организација”. Тоа беше таква полициска настрвеност, која преку тие репресии за бунтовничкото движење ќе привлече нови приврзаници. Прашањето се однесува за општата мерка, која со својата голема строгост ја има предноста да избегне поголеми несреќи. Главниот инспектор Хилми паша и предлага на Владата да ги интернира во Мала Азија сите сомнителни Бугари. Но, тој одвај дали и помислил, дека една таква мерка, при нејзиното спроведување, бара мудрост, умереност, такт и умешно пипање - нешта, кои турската полиција воопшто не ги поседува. Еден закон за сомнителните ќе ја отвори во
315
Македонија вратата на севозможни полициски произволности. За турската полиција, сите Македонци, кои се наречуваат “Бугари”, се сомнителни. Оние од нив, кои имаат пари да платат, ќе бидат чесни: од нив ќе бараат да дадат “бакшиш“, за да го избегнат заточението. А и полицијата ќе реализира убави печалби.
Во својата книга, озаглавена “Во Македонија под ропство” (Софија, 1934 година, печатница П. Глушков), од 258 до 264 страница, Павел Шатев пишува за солунските настани, кои се случија од 17 до 30 април 1903 година. “... Бродот “Гвадалкивир” беше запален во вторник 15/28 април 1903 година. Истиот ден, во текот на ноќта, Димитар Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов, со претходно подготвен експлозив, се приближиле до железничката линија Солун-Деде Агач, и на еден свијок меѓу големата железничка станица која беше надвор од градот, и малата железничка станица во самиот град, со две петарди, прицврстени за шините, поставиле 2-3 килограми мелинит, баш кога се појавил возот. Тркалата на локомотивата поминале преку малите, црни и сосема незабележливи петарди, кои го запалиле динамитот. Од експлозивот локомотивата се оштетила, но не се повредила, туку само се искршиле стаклата на прозорците од повеќето вагони. Без да бидат забележани, атентаторите се оддалечиле брзо во една од попречните улици на железничката линија и се прибрале во градот. Тогаш веќе на сите им станало јасно, дека во градот Солун има комити и атентатори, така што изгорувањето на бродот “Гвадалкивир” и оштетувањето со динамит на железничката линија, сите го зедоа за комбинирана атентаторска акција.
НЕВИСТИНИТИТЕ ОПИСИ НА ШАТЕВ Следниот ден, среда, 16/29 април 1903 година, помина тивко. Полицијата засилено ги бараше скриените комити, но такви не најде. Во текот на ноќта, откако секој од атентаторите бил на претходно одредено место, Коста Кирков поставил неколку килограми мелинит меѓу гасоводните и водоводните цевки, кои поминуваа под малиот мост на рекичката пред да се влее во морето. Од експлозивот гасоводните и водоводните цевки се оштетиле и во еден миг целиот град потонал во мрак и останал без вода. Тоа беше сигналот за борба. Во тој момент Димитар Мечев и Илија Трчков биле покрај ниските ѕидови околу дворот на фабриката за гас за 316
гас за осветлување, со единствена цел да се префрлат во дворот на фабриката и со еден претходно подготвен експлозив, да го запалат самиот резервоар за гас за осветлување. Внимателниот чувар на фабриката го спречил тоа, откако со револверски истрели ги избркал напаѓачите, кои, користејќи ја темницата, се изгубиле во соседната градина, откаде се прибрале во заедничкиот стан до хотелот “Салоник”, на самиот агол каде од главната улица „Техта кале” се одделува една тесна, крива улица и поминува покрај ѕидовите на Топхането. Димитар Мечев и Илија Трчков, откако од внатре ја затвориле добро вратата - железната врата - од собата и од терасата на својот стан почнале да фрлаат бомби. Според кажувањето на луѓето, кои живееле блиску до нивниот стан, во текот на ноќта тие фрлиле повеќе од 60 бомби и во продолжение од неколку часа се бореле со војската и жандармеријата, по што биле убиени. Тие и двајцата - Мечев и Трчков - од собата и од терасата, една по една, ги фрлале бомбите, а по експлодирањето на секоја бомба, војниците групно, под команда, пукале по целата куќа, за да ги убијат. На тој пункт жандармеријата и војската биле командувани од Хусни ефенди, “Арап бинбаши”, по потекло Црнец. Во првиот момент некои од војииците биле убиени и ранети, но подоцна, по фрлањето на секоја бомба, додека изгоре кусиот фитил, Арап бомбаши командувал: “Легни!” - и сите војници легнувале со градите кон земјата и пак по наредба на истиот бимбашија станувале, за да пукаат во прозорците и во терасата. Таа ноќ во дуќанот “стражар” бил Орце Поп Јорданов. Тој, откако го забележал изгаснувањето на светилките, го запалил долгиот фитил во дуќанот, излегол надвор и се оддалечил. По неколку минути експлозивот експлоадирал со голем тресок, разуриувајќи ја зградата на “Баик отоман”, каде што се појавил пожар. Токму при експлодирањето на експлозивот, со еден пајтон по улицата поминувал германскиот инженер Хекел, кој кај “Банк отоман” бил убиен од камењата што се распрснале на сите страни по експлозијата на динамитот. Целата стража, којашто ја чуваше зградата, уште при првата експлозија се разбегала кон соседните улици. Директорот на банката, кој до скоро живееше на најгорниот кат, имајќи предвид секакво изненадување, од пред една недела ја напуштил зградата на банката и живееше во еден приватен стан. Милан Арсов бил одреден да фрли една бомба во летната градинатеатар “Алхамбра”, а Георги Богданов - во кафеаната “Нона”, кај плоштадот до самиот кеј. Веднаш по изгасувањето на светилките на гас, публиката брзо се раздвижила и со страв се разбегала; во тој момент Милан Арсов и Георги Богданов со своите цигари ги запалиле фитилите на “пакетите”, завиткани во убава хартија, коишто ги држеле во рацете. Фитилите на динамитот, како на Милан Арсов, така и на Георги Богданов биле доста долги со единствена цел да не се причинуваат човечки жртви.
317
Владимир Пингов се обидел со многу малку бертолетова сол и едно шише со фосфорна течност да предизвика пожар во “Бошнак ан”. Тој уште при изгаснувањето на светилките, ја запалил течноста и бертолетовата сол, излегол на улицата, која минува покрај “Бошнак ан” и покрај хотелот “Вардар” и се упатил кон станот на Димитар Мечев и на Илија Трчков. Меѓутоа, кога минувал покрај влезната врата на “Топхането”, командирот на стражата сакал да го запре и да го уапси просто од сомневање, но тој се спротивставил и бил убиен. Коста Кирков и Орце Поп Јорданов, користејќи ја темницата и општата бркотница во градот, особено по главната улица, фрлиле неколку бомби пред хотелот “Египет” и театарот “Еден” - со цел уште повеќе да ја зголемаат паниката. Блиску до хотелот “Египет” беше “Банк отоман”; еден голем дел од публиката, обземена од паничен страв, трчала по главната улица надолу кон хотелот “Салоник”; но, кога забележала дека и таму се фрлаат бомби и има пукање, се враќале назад кон крстопатот кај хотелот “Египет” и театарот “Еден”. На 16/29 април 1903 година, во текот на ноќта биле убиени: Димитар Мечев, Илија Трчков и Владимир Пингов. Орце Поп Јорданов, Коста Кирков, Марко Бошнаков, Милан Арсов и Цветко Трајков успеале да се приберат во својот стан. На 17/30 април 1903 година - четврток - рано наутро, Коста Кирков, елегантно облечен излегол од својот стан и се упатил кон улицата “Сабри паша”, каде што беше зградата на телеграфската станица, божем да пушти една телеграма, меѓутоа, командирот на стражата побарал, согласно упатствата на власта, да го претресат. Во тој момент Коста Кирков се измолкнал и се обидел да ја активира бомбата, меѓутоа, стражарот го пробол со штикот на својата пушка. Во текот на истиот ден, околу ручек, од својот стан, кој се наоѓал блиску до “Банк отоман”, зад Католичката црква (една двокатна куќа со балкон, во која живееше едно италијанско семејство, Антонио Попе), Орце Поп Јорданов во период од 2-3 часа одвреме-навреме фрлал бомби од внатрешноста на куќата, се додека војниците не го убиле. Кога трупот на Орце Поп Јорданов бил изваден од куќата и положен на средината на улицата, неколку разјарени војници сакале да го избодат со ножовите на пушките, меѓутоа, Хусни ефенди - “Арап бимбаши” - кој исто така бил на местото на битката, ги сопрел и, покажувајќи им го трупот на убиениот атентатор, се свртел кон војниците и им рекол: - Еве вака се умира за татковината! Убиениот нека ви служи за пример како треба да се жртвувате за татковината! До 17 април од војската и од жандармеријата, на различни пунктови, биле убиени 42, а од атентаторите само Орце Поп Јорданов и Коста Кирков.
318
Во текот на денот, неколку групи од турското население, силно возбудено од фанатизам и бес, се обиделе да прават престапи, сакајќи да го исколат бугарското население во Солун, кое немаше никаква врска со атентаторите. Меѓутоа, кога Валијата Хасан Фехми дознал за тоа, тој само одел низ некои улици и лично ги советувал разјарените и фанатизирани групи да не прават истапи, ветувајќи им дека власта ќе ги среди атентаторите. Присуството на европски воени бродови во пристаништето и енергичното вмешување на валијата ги ограничија истапите, чиишто последици во тој момент најдобро ги сфаќал самиот Хасан Фехми паша. Управникот, валијата Хасан Фехми паша, се истакна и ги заслужи сите пофалби. Тој уште утрината, по настанатите експлозии се појави на многу места, за да ја смирува публиката, убедувајќи ја дека војската и административната власт ќе можат да го зачуваат редот и мирот во градот и строго им се закануваше на уличните групи да не се вмешуваат во работите на власта. Војската и офицерите, општо земено, добро се држеа, со исклучок на полициските органи, кои се покажаа лишени од секаков такт, способност и предвидливост. Истиот ден, околу 5-6 часот, кога валијата се враќал во својата куќа, која се наоѓала во малата “Пиргите”, одредениот од порано извршител Цветко Трајков, се обидол да се приближи до пајтонот на валијата, меѓутоа, бил забележан од обезбедувањето и подгонет - Цветко, откако се пооддалечил кон едно празно место околу една празна куќа, извадил една бомба, ја активирал и седнал на неа. Бомбата експлоадирала и Цветко ја нашол својата херојска смрт. Ова саможртвување ги заковало на место и валијата и војниците. По неколку дена Георги Богданов, Милан Арсов, Марко Иванов Бошнаков, како.и сите други соучесници и сподвижници на атентаторите беа уапсени и предадени на специјален воен суд (Диван-харб). Сите убиени атентатори и други лица убиени за време на солунските атентати се погребани во бугарските гробишта во заедничка гробница, во горниот лев агол на гробиштата, околу малата црква-параклис “Св. Апостол Павле”. Само Коста Кирков е погребан во посебен гроб.
Забелешка 1. Во горниот опис Павел Шатев пропуштил да одбележи нешто суштинско, коешто ги карактеризира личностите на солунските атентатори - да го штедат човечкиот живот и да ги спасуваат другите дури и во моментот, кога знаат дека нив ги очекува сигурна и многу блиска смрт. Така, откако го запалил фитилот на динамитот под Отоманската банка, Орце заѕвонил и ги предупредил луѓето што живееле во оваа зграда за да се спасуваат, зашто по неколку минути Банката ќе полета во воздух. Откако ги предупредил службениците на банката, Орце се прибрал во својот стан.
319
Забелешка 2. Пред извршувањето на атентатите Орце си го осигурил животот на 10.000 франци, кои требало да бидат исплатени на Симон Радев. Овој последниот ја добил осигурената сума и му ја предал на Борис Сарафов. Останува, меѓутоа, отворено прашањето - зошто Орце сакал да му се исплати оваа сума на Симон Радев, а не директно на Борис Сарафов, од кого тој беше добил толкава сума минатата година во Женева? Дека Орце не сакал да остави парични долгови за извршените атентати спрема кој и да било - тоа е лесно објасниво, но зошто таа сума да му се изброи на Симон Радев - тоа лесно не може да се објасни. И зошто Симон Радев ги дал парите на Борис Сарафов - и тоа не е така лесно да се објасни. Во случајов - дали не се повторува старата приказна со Јуда, кој ги вратил 40-те сребреници за своето предавство? Само со таа разлика, што Јуда ги вратил сребрениците и потоа се обесил, а Симон Радев продолжи и до денес да живее... Забелешка 3. Во истиот опис, Шатев смртта на Кирков ја опишува многу бегло. Според тоа како ми ја раскажа Гоце Чанев, лице многу блиско на атентаторите, кој за време на атентатите бил во Солун. Коста Кирков, елегантно облечен, сакал да влезе во телеграфско-поштенската зграда. Меѓутоа, оваа зграда, како и сите други општествени институции, била чувана од војската. Стражарот не го пуштил Кирков да влезе во телеграфско-поштенската зграда. - Јасàк! Герù! (Забрането! Назад!) - извикал стражарот. - Маis, moi, je suis français, moi! (Па јас сум Французин) - се мачел Кирков да го убеди стражарот, за да го пушти да влезе во зградата како безвреден странец. - Франсе-мрансе - бен билмем! Јасàк-д’р! Гери! (Франсе-мрансе - јас не знам! Забрането е! Назад!) Тогаш Коста Кирков почнал да го пали со цигарата фитилот на динамитот, којшто го носел во рацете како пакет завиткан во хартија. Началникот на војската кој се наоѓал во близина, кога го забележал Кирков дека го пали фитилот, се нафрлил на него и со сабјата му го отсекол горниот преден дел на главата. Коста паднал на очи на земјата. Тогашниот француски конзул месје Стег, кој пред неколку месеци бил преместен од Пловдив во Солун и кој по наредба на француската Влада го следел од блиску и подробно се она што се случувало во Солун, поминал и видел кога трупот на Коста Кирков, во текот на неколку минути, со конвулзивни движења се мачел да го запали фитилот на експлозивот. Забелешка 4. Името на атентаторот, кој се обидел да се приближи до пајтонот на валијата не е Цветко Трајков, туку Цветко Наумов од Ресенските села,
320
по занимање градинар, кој до крајот на 1900 година беше во Цариград и - со кошот на грбот - продаваше зеленчук низ цариградските улици. Тој беше речиси неписмен човек. Тој заедно со уште еден друг цариградски градипар - Аџијата - во текот на првите денови на јануари 1900 година, го принуди испратениот од ВМРО Стоил Миров да го организира нашето убивање во Цариград, да бега од тој град. (Информација: 37 страница од третиот дел на “Предвесници на бурата”). Подоцна Цветко Наумов дојде во Софија и во текот на 1901 година јас го гледав како се вртка околу Софискиот Врховен Македонски Комитет. По изборот на Ст. Михајловски за претседател на тој комитет, Цветко Наумов исчезна и јас веќе не го видов. ***
Од Караманџа ние се спуштивме право на југ, врвејќи по патеките, кога ќе наидевме на нив и без пат, кога тие отстапуваа многу од правецот што го држевме, или кога нѐ водеа кон населени места. На тој начин, по три ноќи марш, ние стигнавме до планината Кара Амат, каде што го продолживме маршот и во текот на денот. Од тој денски марш се сеќавам на следната случка: по маршот во првиот ден, вечерта се запревме да ноќеваме на една мала полјанка, која од северната страна беше оградена со грмушки, а од југ се граничеше со стрмна карпеста паднина. Како што спомнувам и погоре, ние не поставувавме стражар. Бевме многу изморени, капнати за сон. Веднаш по легнувањето, сме заспале. Веројатно беше околу полноќ, кога ме разбуди некакво кучешко завивање. - Но, што бара куче во овие пусти места? - си помислив јас, се покрив со гуњата преку глава, за да не го слушам кучешкото завивање и се обидов одново да заспијам. Напразно се мачев - завивањето беше многу силно и зловешто; како животното да завиваше над нашите глави. Овој виеж не нѐ остави да заспиеме и да се одмориме како што треба. Кога се раздени, станавме и се подготвивме за пат. Христо Лакудата ги разгрна малку грмушките, за да се оддалечи малку за мала нужда и веднаш извика: - У-бре! У-бре! - и изгони еден волк, кој со сета сила избега нагоре по стрмнината. Работата се разјасни: гладниот ѕвер нѐ надушил и, соблазнет од миризбата, дошол на 3-4 чекори до нас, клекнал на задникот, ја кренал муцката нагоре и почнал да завива, за да собере дружина и да нѐ нападне. Се знае дека, волкот колку што е крвожаден во глутница, толку е подол и плашлив кога е сам. Во тој однос тој личи на човекот.
321
СЦЕНИ ОД КОМИТСКИОТ ЖИВОТ Ние излеговме и поминавме преку Оллу Елле - високо планинско пасиште, чијашто надморска височина соперничеше со Боз Даг, кој се издигаше на запад од нас. Уште беше рано; каракачанските стада уште не беа дојдени; во увалите на месноста снегот на соспи се уште стоеше. - Еве овде, на ова место бил убиен Георги Фертикот! - рече Лакудата и ни покажа на една рамна полјана, преку која ни претстоеше да поминеме. Јас го познавав Фертикот од 1894 година, по неговото враќање од четничкото навлегување во Македонија. На возраст од околу 50 години, тој имаше среден раст, широки плеќи, добродушно, широко лице, избраздено со брчки, умни и итри очи, темнокостенлива прошарана коса и исто такви дебели мустаќи. Тој беше учествувал во сите општествени движења: од соединувањето на Северна и Јужна Бугарија, до четничкото навлегување во Македонија во 1895 година, при што секогаш се одликуваше со својата добросовесност, чесност и извонредна скромност. Фертикот влегол како обичен четник во четата на В’лчо Сарафов во Чепеларе. По убиството на Сарафов, извршено со цел да биде ограбен, Фертикот продолжил да дејствува во истата чета и откако убиениот В’лчо Сарафов го заменил Коста Антонов С’чанката. Слободољубив, отворен и правдољубив по природа, Фертокот не можел да се помири со подлоста на својот нов војвода и со неговата крвожедна жестокост, поткрепена со алчно користољубие. Учителите во селото Рајково - Дечев и Шапрданов - на едно собрание на Организацијата во ова село, го подложиле на критика однесувањето на Коста С’чанката по злоупотребувањето на некакви средства, коишто му биле доверени од Организацијата во селото Рајково. По неколку дена, под изговор дека со нив ќе разгледува некакво организационо прашање, С’чанката ги повикал кај себе во четата, порачувајќи им да донесат едно јаже, кое му било неопходно за врзување на некаква бала. Без да се посомневат во нешто лошо, Дечев и Шапрданов дошле на одреденото место и го донеле јажето. Коста С’чанката ги натерал четниците да им ги врзат рацете и нозете на несреќните учители, кои биле заклани, откако долго време биле подложени на најжестоки измачувања... Коста С’чанката по убедување беше тесен социјалист. Тој напамет цитираше цели глави од “Капиталот” на Карл Маркс и од делата на Енгелс и Бебел. Неговата начитаност на тесначката “научна” и пропагандна литература се беше пројавила во него преку верувањето, дека насилството и теророт се неопходни услови за спроведување на практичниот живот на тесничко-социјалистичките принципи - и безобѕирно,
322
на секој чекор, го спроведуваше тој терор било спрема оние, кои го критикуваа неговото дејствување, било спрема сосема невини луѓе. Така, еднаш, по еден неуспешен напад на турска територија, кој бил преземен нешто да се ограби, четата на С’чанката се враќала ноќум назад во Бугарија. Забележувајќи го присуството на четата на турска територија, аскерот на многу места поставил тајни стражи, за да ја ликвидира или фати. На патот кон границата, четата сретнала некој Помак од селото Мугла, кој со торбичката на рамо доаѓал откај границата и се враќал дома, во селото. С’чанката му ветил на Помакот многу голема награда, ако ја преведе четата без да биде забележана од тајните стражари на аскерот. Помакот ја превел четата преку границата без било каков инцидент. За оваа услуга Помакот ја добил ветената награда: тој бил врзан за едно дрво и четниците - особено оние кои дотогаш немале убиено човек - биле принудени од војводата да нанесуваат по ред удари со кама на врзаниот Помак “градите од лево, меѓу петтото и шестото ребро”, како што им наредувал С’чанката. Напразно врзаниот Помак се молел да го докусурат; војводата продолжил да им предава на своите неискусни четници лекции по чеовекоубиство врз жив човек и да служи како практичен прилог на изложуваните знаења... Во август 1901 година јас се најдов во Пловдив. Во тоа време се случи во овој град да биде и Коста Антонов С’чанката - тој се беше вратил од Софија, каде што бил повикан од новиот претседател на Софискиот Врховен Македонски Комитет, Стојан Михајловски, во врска со “завладувањето” од страна на овој комитет на пограничниот пункт Чепеларе. Непосредно пред неговото заминување за Софија, С’чанката убил некого и тргнал за Софија без да си ги измие рацете, на кои меѓу прстите останала засушена крв од убиениот. Тоа му го привлекло вниманието на Ст. Михајловски, кој запрашал што е тоа темноцрвеното меѓу неговите прсти; кога дознал дека е тоа крв од скоро извршеното убиство, Михајловски попаднал во ужас и одбил со С’чанката да разговара за било какво прашање. Јас го сретнав С’чанката во Пловдив по неговото враќање од Софија. Отидовме во “Црвен рак” (каде што сега се наоѓа Стоковната куќа) на чашка ракија. Со лесен хумор, духовито, тој ми раскажа за средбата со Ст. Михајловски и на крајот ми се исповеда: - - Јас не можам да заспијам, ако во текот на неделата не сум заклал човек! Уште по убиството на учителите Дечев и Шапрданов, Фертикот пред своите другари го изразил своето вознемирување и му паднал в очи на С’чанката, кој - во себе си - уште тогаш го осудил на смрт. Меѓутоа, бидејќи знаел дека Фертикот е храбар и со авторитет пред своите другари, не смеел да го убие или да натера некој да го убие кога е буден, туку
323
натоварил еден од четниците да го убие кога ќе заспие. На неколку наврати, со подготвен револвер, четникот-џелат се приближувал до своајата жртва, но во моментот кога требало да пука, Фертикот се стресувал во сон, се разбудувал и скокнувал на нозе, возбуден од страшниот кошмар и им раскажумал на разбудените меѓу четниците: - Сонував страшен сон - море, широко море. Брегот не се гледа. Јас гледам кон морето, кое станува сѐ подлабоко и подлабоко. Наеднаш од морето излезе змија, една црна, дебела, голема, многу голема змија, која се нафрли врз мене за да ме укаса на челото. Од страв се сепнав и се разбудив... И секогаш, откако убиецот ќе се приближел, а тој се стреснувал и скокнувал на нозе, Фертикот кажувал дека пак го сонувал истиот сон. Овде, на Оллу Елле убиецот пак се прближил до Фертикот; тој сега не се сепнал, туку спиел мирно и бил застрелан во слепите очи. По долго мачење и претање со нозете, тој најпосле издивнал. По убиството на Фертикот, теророт што С’чанката го спроведувал врз четниците за да ги држи во покорност, ја достигнал својата кулминативна точка. Никој од неговата чета не бил сигурен, дека - кога заспие нема најподло да биде убиен. Еден по еден четниците се разбегале. Поради теророт и Организацијата се дезорганизирала и замрела. Останат без четници, С’чанката исчезнал од Ах-Челебиско. Во такви услови, Христо Караманџуков беше дошол во Ах-Челебиско и си беше поставил за задача одново да го организира овој крај, а јас - овде да направам база за еден атентат по железничката линија Жонксион-Салоник, откако го затворам тунелот меѓу селата Ени Ќој и Габрово. Ние продолжувавме да се спуштаме на југ. На 22 април 1903 година стигнавме до железничката линија и се најдовме над северозападниот влез на тунелот, кој се наоѓа меѓу железничката станица Ени Ќој и Габрово. Под нас шините навлегуваа во него. Блиску до влезот на тунелот, под коловозот на железниот пат, беше притрупана некаква земјанка. Пред земјанката беше запален оган, над кој - закачено на еден чатал, забиен во земјата настрана од огнот - имаше едно котле, во кое нешто се вареше, зашто од него излегуваше пареа. Во земјанката имаше 10-15 души аскери, кои влегуваа и излегуваа од неа. На влезот на самиот тунел беше поставен стражар. По стрмниот рид ние тргнавме на југоисток и надвиснавме над другиот влез на тунелот. И токму под коловозот на железниот пат имаше земјанка, од која влегуваа и излегуваа аскери. И на тој влез имаше стражар. Мостовите по должината на железничката линија исто така беа чувани од воени стражари и стражари како оние на влезовите на тунелот. Од една караула до друга се движеа патроли од по двајца аскери. Од ова рекогносцирање ние ги извлековме следните заклучоци:
324
1. Влегувањето во тунелот или заземањето на некои од мостовите со директен напад беше, ако не невозможно, тогаш тоа беше многу сомнително, дури и кога би дејствувале со многу поголема чета. 2. Оштетена на некое друго место, линијата ќе може брзо да се поправи и ќе може да пренесува војски, според тоа, едно такво оштетување не го заслужува ни трудот, ниту жртвите. 3. Ако - после битка со стражарите - би влегле во тунелот или би зазеле некој од мостовите, одвај дали би имале време и можност да ги оштетиме така, што нивната поправка да бара долго време - неопходен услов, за да се постави железничката линија во невозможна положба да служи за воени цели при задушувањето на востанието. Требаше да се изнајде начин да се влезе во тунелот, без да наидеме на отпор од аскерот. Требаше - како при решавањето на тешките задачи во математиката - да се заобиколи тешкотијата. Со Андон Дечев долго размислувавме и споредувавме. Најпосле се сопревме на следното решение: 1. Со една многубројна чета треба да ја нападнеме железничката станица Бук, оддалечена околу 25 километри западно од тунелот, чиешто обезбедување не беше многу силно. Таму секогаш се наоѓаат резервни локомотиви, кои работеа на пареа. Пред да ја нападнеме оваа станица ќе ги прекинеме телеграфските жици и ќе ја изолираме. 2. Ке освоиме една од готовите локомотиви, ќе закачиме за неа еден вагон, на кој ќе ги натовариме четниците и динамитот, ќе ги оштетиме сите други локомотиви и ќе ги направиме непогодни за патување, откако претходно со нив ќе ги затвориме сите маневарски линии на станицата. 3. Со заземената локомотива, што ќе ја вози машинистот под закана на вперен револвер, со најголема брзина ќе заминеме за накај тунелот, ќе влеземе во него без спротивставување од аскерот и ќе застанеме на средината во него. 4. Веќе влезени во него, динамитот ќе го поставиме на таков начин истовремено да ги разурнеме како локомотивата, така и шините на железничката линија, за да го затвориме тунелот, па да не може да биде поправен долго време. 5. Откако ќе го запалиме фитилот, ние ќе излеземе од тунелот и ако се наложи - ќе водиме борба со аскерот, за да си пробиеме пат. Ако успееме да си пробиеме пат - добро, а ако не успееме, пак нема да биде лошо, зошто кожите скапо ќе си ги продадеме. ***
Сега мојата најнепосредна задача беше да набавам експлозив, како и сѐ што е неопходно за запречување на тунелот и за разурнување на железничката линија.
325
Треба да беше вечерта на 22 април 1903 година стар стил, кога откако го завршивме нашето разузнавање на тунелот и на железничката линија - тргнавме назад за Карлуково. Уште пред два дена ние си го бевме довршиле лебот. Нѐ измачуваше волчја глад. Изнемоштени од гладот, ние одвај се влечкавме. Следното утро, кога при пукањето на зората навлеговме во Кара Амат, под густите надвиснати гранки на една ела, изгонивме една дива свиња, која со силно грдење прелета пред нас кон ендекот. На тој глад одозгора - дива свиња! Очите ни светнаа и ние двајцата со Антон Дечев се упативме по пресните траги. Лакудата и Булашев останаа да нѐ чекаат горе. Цели два часа ние акавме по трагите на итрата гадинка. Ене! Трагата е пресна, толку пресна! Личи како да е направена скоро, пред не повеќе од една минута: таа - трагата - не води ене таму, кон онаа група од ели... и наеднаш ја снемува во тој правец. Ние продолжуваме да ја бараме околу местото каде што ја бевме изгубиле. Наоколу - никаква трага. Антон Дечев, кој е страсен ловец, ме извика и ми ја покажа трагата што ја нашол. Трагата започнуваше одново, но не по истиот правец; животното направило еден скок од неколку метри назад и избегало натаму, откаде што беше дошло, само што е под остар агол, така што ние сме се разминале со него... Капнати од умор, целите испотени најпосле ние се откажавме од нашата намера да го убиеме и почнуваме да се враќаме назад кај другарите, кои нѐ чекаат таму, далеку на гребенот... На враќање, кај еден честак, Андон Дечев нагази на еден еж, кој се собра во клопче. За да не се набоде, Дечев ја посла својата крпа, го стркала ежот со нозете врз крпата, ги собра нејзините четири краишта и го понесе својот лов нагоре кон дружината, велејќи: - Пак ќе му го направиме адетот на Ѓурѓовден - ако не со јагне, со еж! Нема да опишувам - откако го прободовме со ножот и го заклавме со каков труд го одравме ежот и како свечени изгледавме за време на неговото печење на шиш. Иако многу вкусно, месото на ежот не го задоволи нашиот глад, туку само го раздразни. Ние одново тргнавме на север, но така изнемоштени од гладот, што одвај си ги влечевме нозете. Напразно си ги залажувавме стомаците жвакајќи восок, којшто си го бевме ставиле во ранците токму за такви случаи како сегашниот. Стомакот од устата сакаше да му достави храна, а не плунка. На едно место во горното течение на Озгур дере навлеговме во едно широко пространство покриено со коприва, високо до појас. Ние набавивме еден сноп коприви, кои беа многу кревки, седнавме и фативме да ги јадеме лисјата од копривите, коишто ги гмечевме меѓу дланките и потоа, поросени со сол и пипер ги жвакавме и голтавме. Се наголтавме со коприви, но и тоа не нѐ насити - човек не е тревопасно животно и
326
неговиот организам не е приспособен да ја користи тревата како храна. И со така преполнети стомаци ние се чувствувавме гладни и изнемоштени. Ние одвај се влечевме. Но од сите нас, најизнемоштен беше Булашев, кој е физички најсилен од сите. Минатата година во Пловдив беше дојден еден странски циркус; меѓу другите нумера имаше и борба со мечка; Булашев се беше борел со таа циркуска мечка и ја беше восхитил публиката со својата физичка сила. Сега тој беше така изнемоштен од гладот, што личеше на партал; ние требаше постојано да застануваме и да го чекаме, за да не го загубиме. - Не можам веќе! Вие одете! Јас ќе останам овде. Веќе немам сили да одам натаму! - и Булашев легна на земјата, се сврте на грб и се оптегна на полјаната. Ние тројцата фативме да се советуваме. На околу три километри на лево од нас, на северозапад, се гледаат наредени по ридот некакви куќи. Тоа - како што подоцна дознавме - било селото Змиево, помачко село со фанатазирано население. Решивме еден од нас да отиде во селото и да земе леб. Облечен во чепеларска носија, Андон Дечев, кој на прв поглед личеше на Помак, беше најпогодеи да отиде во селото. Дечев го остави ранецот и гуњата, како и сѐ друго што беше излишно, си ја зеде само пушката и неколку шаржери патрони (тој беше наоружен со долга манлихерка стар тип) и замина за селото Змиево. По околу еден час и половина тој се врати со една торба, префрлена преку рамо, наполнета со четири леба. Јас им дадов на сите по едно мало парче, кое почнаа да го лапаат со ожесточеност. - Не треба да се јаде многу наеднаш - реков јас - стомакот одвикнал од храна, па затоа треба постепено за да се привикне. Инаку, ќе испопаѓаме по патот. Беше почнало да се стемнува. Ние изедовме само по неколку залци леб, но тоа ни ги поврати силите и тргнавме бодро одново на пат. Требаше што побрзо да се мавнеме од овде да ја искористиме ноќта и веќе утре да сме далеку, зашто Помаците ќе организираат хајка по нас и ќе нѐ гонат со ловечки кучиња. Со повратени сили од лебот, ние ги продолживме маршевите кон селото Карлуково и околу 27 април 1903 година се прибравме над ова село, во Чиловата корија.
При пристигнувањето во Карлуково, во новодојдените весници од Бугарија ги прочитавме првите информации и описи на солунските атентати. Значи, моето привидение под врвот “Сакарака” беше еден од најнеспорните случаи на телепатија. За мене остана повеќе од јасно, дека ние - луѓето - располагаме со способности, за кои и самите не сме свесни.
327
Подоцна, кога се анализирав себе си и го одбележував времето на моите лични психички пројави, констатирав, дека нашето - наизглед беспричинско - добро или лошо душевно расположение, се совпаѓа со момеитот, кога некаде далеку од нас - се сака или се крои нешто добро или лошо за нашата личност. Изгледа, дека ние, сите, помеѓу себе сме сврзани со невидливи психички врски, посилни или послаби, во зависност од нашето психичко сродство. Кои се законите што го обусловуваат ова психичко сродство? Мислам, дека сегашната состојба на човечките знаења не е во состојба да даде одговор на ова прашање. Она што е сигурно, тоа е - дека при психичко сродство, ние можеме на огромни растојанија да ја видиме судбината на блиски по душа луѓе.
ПОДГОТОВКИ ЗА АТЕНТАТОТ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ЛИНИЈА ЖОНКСИОН-САЛОНИК По прочитувањето на новостите за Солунските настани, јас се почувствував сам, сосема сам во бескрајната вселена. Сите мои блиски по душа луѓе ги беа расчистиле своите сметки со животот: едни беа убиени и обесени во Одрин, а другите - загинале во Солун. Јас веќе немав живи блиски по душа луѓе, а со тоа за мене повеќе немаше место на Земјата. Јас требаше да брзам, за да го реализирам својот план - да ја кренам во воздух железничката линија Жонксион-Салоник и да го затворам железничкиот тунел кај селото Ени Ќој, а потоа да ги настигнам моите другари во Бесконечноста. Два или три дена по нашето враќање во селото Карлуково од рекогнисцирањето на железничката линија и на тунелот кај селото Ени Ќој, преку “Св. Дух” - Имарет дере - Станимака-Пловдив, јас заминав за Софија. Таму се сретнав со Наум Туфекчиев, кој во тоа време живееше на плоштадот пред Народното Собрание и преку шверц доставуваше експлозивни материјали. Од него купив 100 килограми динамит во пакети од дебела црвена хартија, во жолт прав, по еден килограм во пакет; неколку кутии со капсули за запалување на динамитот; два топа бикфордов фитил и две машински за произведување на електрична искра со силно вртење на магнетот со помош на свиткан врв. На мое барање, пред дефинитивно да ја склучиме зделката, со Наум Туфекчиев отидовме на железничката станица Своге, а оттаму - на околу два километра западно од станицата, во подножјето на стрмнината. Пред мене Туфекчиев ја подложи стоката што ја купував од него на проверка. Тој направи еден мал пакет од околу 200 грама динамит, постави фитил во една капсула и ја стави неа во пакетот. Пакетот тој го постави до едно дебело дрво, чиешто стебло имаше околу 30 сантиметри пречник и го запали фитилот.
328
Ние брзо се оддалечивме на околу 60 чекори и легнавме на земјата. Горниот дел на дрвото потскокна нагоре, а потоа падна на земјата. Ние отидовме на местото на експлозијата. Круната и горниот дел од стеблото лежеа положени на околу 10 чекори настрана. Долниот дел од стеблата беа пресечени како со нож. Земјата наоколу беше раскопана, а корењата на дрвото - делумно раскопани и откинати. По проверката двајцата со Туфекчиев се вративме веднаш назад во Софија и ја направивме зделката. Материјалите што ги зедов чинеа 1.500 левови. Пеју Иванов Шишманов, раководителот на Организацијата во АхЧелебиско, не дозволуваше ни збор да се рече за набавување на овие материјали со средствата на Организацијата. За оваа сума јас бев принуден на Никола Туфекчиев да му дадам меница на 1.500 левови - без одреден рок на плаќање. На моето прашање откаде тој има доверба во луѓе како мене и дали е сигурен, дека некогаш ќе си ги добие парите од оваа меница, кога знае дека јас немам ниту имот, ниту плата, ниту доход, ниту гаранти, ниту пак има некоја веројатност дека ќе бидам жив, за да му платам, Туфекчиев одговори: - Па трговците и нивните гаранти - да не заслужуваат поголема доверба? За што ја користат тие таа доверба. За свој личен интерес. Така што - кој вложува повеќе капитал за да ја заслужи таа доверба - тие или вие, таканаречените “неблагонадежни”? Патем ќе забележам дека Наум Туфекчиев не се беше излажал во својата сметка: есента 1904 година, кога влегов како службеник во Казанл'шкото Шумско стопанство, Туфекчиев ставил рок на меницата и ја протестирал; на мојата плата беше поставена забрана, така што дури кон средината на 1907 година јас целосно ја исплатив, заедно со каматата од 12 насто од времето на нејзиното протестирање до конечното исплаќање.
Покрај Наум Туфекчиев, во Софија го побарав и го најдов и Ефтим К. Лимончев, машинист во Бугарските државни железници, кој во тоа време беше началник на железничкото депо во Софија. Ефтим Костов Лимончев, родум од градот Охрид, беше постариот од двајцата синови на Коста Лимончев, кој умрел како затвореник во Пајас Кале, близу до Александрета, во Сирија. Во 1873 година вујко ми, митрополитот Натанаил, бил избран за Охридски владика и свечено го зазел престолот на Охридската Архиепископија, таканаречената “Јустинијана Прима”, пропадната во 1793 година, кога последниот охридски архиепископ Арсениј бил испратен на заточение, каде што и умрел. Во 1875 година вујко ми го орга-
329
низирал Првото македонско востание во Битолско против турската власт. Заговорот бил откриен од турската власт, која меѓу другото, уапсила тројца од заговорниците: Златан Ст. Бојкикев, мојот вујко, брат на гореспоменатиот охридски владика, родум од селото Кучевиште, Скопска Црна Гора, како и Зафир Белев и Коста Лимончев и двајцата од Охрид. Владиката успеал да избега и до доаѓањето на руските војски во Сан Стефано, се криел во Цариград. Уапсените соорганизатори Битолскиот воен суд ги осудил на смрт, потоа замената на доживотен темничеп затвор (кале - и - бент). Коста Лимончев умрел во затворот, а другите двајца, по 26 години, беа помилувани и дојдоа во Бугарија. Вујко ми, владиката, не ги оставил на нивната судбина децата на заточените заговорници. Во Ловеч, каде што тој го заменуваше ловченскиот митрополит, кој беше избран за бугарски егзарх, тој нѐ беше собрал околу себе цела чета дечурлија. Меѓу нас беше и Ефтим К. Лимончев, кој подоцна се смести во Железничкото училиште во селото Књажево. По завршувањето на ова училиште Ефтим К. Лимончев стапи на служба во Бугарските државни железници. Сега тој беше началник на Софиското железничко депо. Знаеш ли зошто те најдов? - му реков јас. Сакам од тебе да дознам две нешта: кога е подготвена, како се става во движење локомотивата, како се забавува и запира нејзиното движење; и второ, на кој начин најбрзо и со најмалку труд може да се оштети локомотивата така, што да не може да биде пуштена во сообраќај долго време. Лимончев ми помогна да се качам во една од локомотивите, се качи и тој по мене и почна да ме просветува: - Ја гледаш ли оваа рачка? Кога ќе ја мрднеш малку на десно, движењето бавно почнува; ако сакаш да му ја зголемиш брзината, ќе ја мрднеш доста повеќе на десно - и така натаму, ќе можеш да достигнеш брзина до 60 километра на час. Кога сакаш да ја намалиш брзината, ќе ја мрднеш рачката на лево. Кога сакаш да го запреш движењето, ќе ја дотераш рачката до средината и ќе се служиш со сопирачката. За спротивен од ќе манипулираш еве вака! По теоретскиот дел уследи и практично прикажување, додека не привикнав на манипулирањето со рачката и со сопирачката. - Една локомотива - продолжи да ме просветува Лимончев - може да се направи сосема непогодна за сообраќај подолго време со еден чекан, каков што има во резерва во секоја локомотива: неколку силни удари со чеканот на плочата, која го предава движењето на туркачот врз лостот, кој ги завртува тркалата - локомотивата не ќе може да се движи без поправка, која ќе трае доста време... На тој начин јас ги стекнав неопходните практични знаења, кои ќе ми послужат за контролирање на дејствата на машинистот што ќе нѐ вози од железничката станица Бук до средината на тунелот кај селото
330
Ени Ќој и за побрзо сериозно оштетување на локомотивите, со кои ќе ги препречиме маневарските линии на оваа станица. Материјалите што ги зедов од Туфекчиев, спакувани во еден сандак, ги донесов во Пловдив на привремено чување во куќата на Александар Костов. Од Пловдив преку Станимака заминав за Чепеларе - Имарет дере, а оттаму за селото Карлуково, откаде што ќе земам мулиња за пренесување на материјалите и луѓе за нивното спроведување. Во првите денови на мај 1903 година, една мала чета, во која влегоа, колку што се сеќавам: В’лко Рајчев, Фиљу Рајчев и Иван Шишманов сите од селото Карлуково, Дели Јани од селото Петково и јас како главатар, тргнавме од Карлуково за Пловдив, но не по патот преку Станимака, туку по страничните патеки преку селото Југово. Кај селото Хвојна ја оставив четата да ме чека надвор од селото, а јас влегов во него, за да се сретнам со учителот Иван Талев и со бившиот службеник - сега пензионер - Златанов, за да ги земам двете мулиња на Шоња и леб за неколку денови за четата. Една вечер пред полноќ пристигнавме во Пловдив, ги натоваривме материјалите на мулињата и околу полноќ тргнавме назад преку Станимака, покрај Бачковскиот манастир за Чепеларе. Осамнавме кај Сливов Дол, на околу 2-3 километри јужно од манастирот по патот за селото Нарочен. Ние завлеговме во шумата, одбравме место за денување, ги растоваривмемулињата и ги пуштивме да пасат. Одбраното место беше една речиси рамна полјанка, слабо наведната кон запад. Полјанката беше сосема блиску до патот, кој врвеше по десниот брег на реката Чаја, под самата падина, покриена со густи честаци, која многу стрмно се спушта кон запад. Лебот што пред три дена го бевме земале од селото Хвојна беше при крај, а нам ни претстоеше долг пат. Јас ја оставив четата да денува на одбраното место, и заминав за селото Хвојна да се видам со учителот Иван Талев и да му порачам да подготви леб, кој ќе ѝ го однесам на четата. Во Хвојна пристигнав рано наутро, го најдов Талев и останав да чекам до вечерта, за да го земам лебот и да го однесам. Во текот на денот ме фати треска и добив темперетура; вечерта ми помина. Јас го зедов лебот во две торби, коишто ги врзав и ги префрлив преку рамото како дисаги. Одев, но, со мака, како поради маларијата, така и поради несоницата и уморот. Така го поминав селото Наречен и стигнав до реката, кај мостот, кој го префрлува патот до нејзиниот североисточен брег. На тој брег, на неколку чекори од мостот, има едно ореово дрво, кое и сега постои. Сонцето беше огреало. Јас свртев од патот и седнав под дрвото да се одморам. Ме занело. Сум заспал. Се разбудив од силно клоцање со нога. Кога се разбудив и ги отворив очите, видов над мене двајца наведнати. Тоа беа двајца полициски стражари, од кои едниот беше постар-стражар. Тие беа слезени од коњите и ги држеа за поводилата.
331
- Од каде си ти? - ме праша старешината. - Од Манастир - маала. - Од каде доаѓаш? - Пак оттаму - од Манастир маала. - Каде ќе одиш? - Во Станимака - одговорив јас, мачејќи се да зборувам на месното наречје. - Што ќе правиш во Станимака? - Јас сум ѕидар. Одам да барам работа. Тие се повлекоа настрана и почнаа да зборуваат шепотејќи, а одвреме-навреме погледнуваа во мене. - Ајде со нас во Хвојна! - ми нареди старшијата. - Па јас оттаму доаѓам. Што ќе правам во Хвојна? Јас одовде не мрдам! Јас сум тргнал да барам работа во Станимака. Да е за натаму, ќе дојдам со вас! Ама за назад - нема да мрднам! - и јас легнав и се оптегнав на земјата, ставајќи си ги рацете вкрстени под главата. Старешината се качи на коњот и го збодна нагоре по патот за Наречен. Младиот полицаец остана кај мене да ме варди. Ние молчевме - јас легнат на грб, а стражарот исправен до мене, држејќи го поводилото на коњот, кој се мачеше да откине ракатка трева наоколу. Стражарот го наруши молчењето: - Ти не си од Манастир маала! - Зошто да не сум? - Затоа што не си! Ние пак замолчевме. Така помина повеќе од половина час. По некое време на свијокот на патот, од другата страна на реката, откај селото Наречен, се покажаа двајца: старешината јавнат на коњ, а пред него еден селанец со пушка, којашто ја носеше на ремен. Тие доаѓаа наваму, брзо го поминаа мостот и дојдоа кај нас. Јас никогаш во животот не сум видел толку парталав човек каков што беше сопатникот на старшијата. По неговите алишта - селски абени алишта - немаше здраво место: тие беа покриени со крпа до крпа, грубо пришиени со дебели бели конци, кои се гледаа оддалеку. Појасот, кој некогаш бил црвен, беше избелел, искинат и исто така крпен со бели конци; чевлите му беа искинати и сплескани. Старешината се обрати кон него: - Како те викаат тебе? - Иван. - Иване, ќе го спроведеш овој човек во Станимака и ќе го предадеш на околискиот началник. На околискиот ќе му го предадеш и овој пакет! - и тој му подаде еден плик. Потоа се сврте кон мене: - А ти станувај да одиш со тој милиционер во Станимака! Јас покорно станав и ги префрлив “дисагите” преку рамо. Старшијата ја опипа нивната содржина.
332
- Каков е тој леб, каде си го понел? - ме запраша тој. - Си носам леб од селото. Јас немам пари да си купам, па нема да умрам од глад, нели сум во прав! Старшијата се сврте пак кон Иван: - Пак ти кажувам: ќе го спроведеш и ќе си ги отвориш добро очите! Ако се обиде да избега, ќе го убиеш! Имаш ли патрони? - Имам. - Стави патрон во кримката! Така! Ајде сега одете! Полицајците се качија на коњите, ги збоднаа, го поминаа мостот во силен галоп и се изгубија зад свијокот кон селото Наречен. Ние со Иван излеговме на патот и тргнавме по него надолу кон Станимака. До Југовските анчиња одевме молчаливо. На север од последното анче се одвојува на десно и излегува по стрмнината една попречна патека. Јас предложив: - Да преминеме по патеката попречно! - Да поминеме! - се согласи Иван. Ние свртевме од патот и тргнавме по патеката. Мојата намера беше да го убедам мојот вардач да се врати назад кон анчињата и да се развика, дека сум избегал. Сакав да ја одбегнам непријатноста врз него 'да извршам насилство, зашто вчера наутро, кога се разделив од четата, го договоривме следното: ако случајно бидам фатен и теран под стража, кога наближам до местото каде што ја оставив, јас да ја запеам песната: “Јанка низ гора врвеше”, за потоа четата да ме ослободи. Кога по патеката се искачивме по стрмнината и пота почнавме да се спуштаме низ шумата, јас му реков на Иван: - Иване, ајде врати се во анчињата и развикај се дека сум избегал. - Не може, законот не дозволува! - Мочај му се на законот, бе Иване! На тебе и на мене ли остана да ги извршуваме законите? Ајде, бе Иване! Врати се и остави ме и јас да си одам по работа! - Не можам! Ти слушна каква беше наредбата! - Слушнав. Демек, ако решам да бегам, ти ќе пукаш во мене? - Само обиди се - и ќе ја изедеш шиклата! Јас фатив да го распашувам појасот, како да сакам да одам по голема нужда; сакав да се затскријам зад некоја грмушка и да избегам. Отидов и клекнав; Иван застана така што да може да ме набљудува и ја зеде пушката на готово - откако направи чекор да пука во мене. Јас се исправив и си го запашав појасот. - Штом од збор не разбираш, ќе си го најдеш тоа што го бараш! - си помислив и тргнав весело напред во исто време кога одзади Иван ја носеше пушката под лактот на својата дена рака. Ние пак излеговме на патот. Кога дојдовме до “Сливов дол”, на околу стотина чекори од местото, каде што ја бев оставил четата, јас му предложив на Иван:
333
- Ајде малку да се одмориме! Не сме го зеле ѓутуре овој ѓаволски
пат! Јас седнав. Иван остана да стои, со пушка на готовс. - И така “оф” и така “олеле!” - реков јас. Барем малку да си запееме! - и јас запеав: Јанка низ гора врвеше, Со крушово листе свиреше И на гората велеше: - Горо ле горо зелена, Имаш ли вода студена... - Глеј! Еве еден миџо! - ми проговори Иван, кој гледаше кон крајот на полјаната, откаде што почнуваша нагоре од гората скриеното легло на “Сливов дол”. Од шумата беше излегол Дели Јани од селото Петково, облечен во петковска носија со темносин шајак, со фес на главата. Тој се приближи брзо до нас и притоа си ги беше пикнал рацете во појасот. Блед, сув, со среден раст и сини очи, Дели Јани беше многу нервозен. Сега тој беше уште поблед, целиот се тресеше од нервоза. - Еј, миџо (чичко), откаде така доаѓаш? - го запраша Иван и - откако се сврте кон мене - додаде: - До тука терав еден, а одовде натаму ќе терам двајца! - Еј, - се сврте тој пак кон Дели Јани - од каде си ти и што бараш по овие места? Наместо да гледа во Иван, Дели Јани за сето време гледаше во мене. Кај последните зборови на мојот чувар јас му дадов знак со очите и му се нафрлив на Иван, кој - зборувајќи му на новодојдениот “миџо” - се беше свртел со грбот кон мене. Јас му ги зграпчив двата лакта, а во исто време Јани ја фати со двете раце пушката, ја сврте и му ја истргна од рацете, чиишто движења ги парализирав јас. - Какво животинче! - р’жеше дели Јани - замисли еј, откаде доаѓам! Ќе ти покажам сега и каде одам! - Аман, браќа! Немојте! Не правете ме зијан! Имам дечиња! - се молеше Иван за тоа време, кога јас му го распашував појасот и со него му ги врзував лактите одзади. Еден поштенски надзорник со двајца работници ја поправаше телефонската линија. Во моментот кога ние го разоружувавме Ивана, надзорникот се беше качил на телеграфскиот столб кај свијокот на патот, северозападно од нас, а двајвата работници, со долги стапови во рацете, тие ја прекинаа својата работа. Двајцата работници ја фрлија жицата и стаповите и фатија да бегат по патот за накај Бачковскиот манастир, а додека јас му ги врзував рацете на Иван и тој се молеше да не го убиваме, надзорникот, како пајак, брзо се свлече од телеграфскиот столб и со железните пипалки на нозете - тргна бавно по избеганите работници.
334
- А сега, пред нас! - јадосано и злобно му нареди Дели Јани на Иван. Да видиме дали ти ќе тераш двајца надолу или двајца тебе ќе те тераат нагоре! А сега напред и побрзо! Немој таков да се тегавиш! Иван тргна сосема неволно и на секои три чекори се свртуваше со молби - да не го убиваме. - Без приказни! Оди напред! - му наредив јас. - Што го кандисуваш? - се нервираше Дели Јани. - Акни му една тупаница по вратот! Еве вака! - и тој му стовари еден удар по плеќите. Најпосле дојдовме кај четата. Ние го одврзавме Ивана, го оставивме да си го опаше појасот, го претресовме и му ги зедовме кримковите патрони што ги најдовме кај него. Му го зедовме пликот, којшто му го беше дал полицискиот старешина. - Е, Иване - му реков јас - ако ме беше послушал и ме оставеше да си одам, немаше воопшто да патиш: сум избегал, си пукал по мене, не си ме погодил - и сѐ ќе се завршеше добро ем за мене, ем за тебе. Сега - што да ти правам? - Ти се молам, братко! Не ме убивајте! Имам дечиња! - Ами законот? Каде го остави твојот закон? - Ви се молам, браќа! Сиромав човек сум! Кој ќе ми ги храни децата? - Ами јас кога те молев, ти што ми рече? - Дека ќе ја изедам шиклата. Сега - легнувај на очи! Ќе ти удриме еден ќотек, па добро да запаметиш, дека треба да бидеш човек, а не верен полициски прислужник! Иван покорно легна на очи и Фиљо Рајчев со својот стап, кој му служеше при одењето да се потпира и да не се лизга по тревата, му удри десет стапа по задникот. При секој удар Иван офкаше и пишкаше, но не пушти глас. - Сега ќе те пуштиме да си одиш. Ќе си одиш право в село! Нема да се свртуваш и да гледаш назад! Само ако се свртиш - и ќе те убиеме! Нема да се сопираш и да разговараш со никого по патот! Најелементарната претпазливост ни наложуваше - откако го ослободиме Иван - да се поместиме одовде. Јас наредив да ги фатат и да ги натоварат мулињата и - додека чекаме - го отпечатив пликот, кој старешината му го беше дал на Иван пред да тргнеме наваму. Во својот рапорт до станимашкиот околиски началник, откако го споменуваше моето вистинско име, старшијата известуваше дека најпосле ме фатил и ме испраќа на негово располагање. Од рапортот дознавме, дека по разговорот што старешината го имал по телефон, од Станимака за Бачковскиот манастир биле испратени двајца полицајци, кои ќе го чекаат Ивана и мене. Иван ќе се врати назад во селото Наречен, а јас, во придружба на двајцата стражари, ќе сум бил одведен во Станимака. Значи - токму навреме ние го бевме спречиле овој убав план на коњичкиот полициски постар стражар.
335
Ние го ослободивме Иван и почекавме да слезе на патот. Тој тргна по него за селото Наречен со наведната глава, без да запира или да погледнува настрана, со кримката, носена на ремен. Тој одеше брзо и наскоро се скри зад свијокот на патот. Тогаш ние тргнавме низ шумата, по патеката што води на југ. По два часа заморно одење, ние стигнавме до патеката, која води од селото Чаушово за селото Наречен. На рамништето ние одбравме место за денување, ги растоваривме мулињата и го дочекавме завршувањето на денот. Вечерта одново тргнавме на пат, го заобиколивме селото Југово на југ, околу полноќ слеговме по гребенот кон Југовската река и по патеката што води за селото Борово излеговме на гребенот и по него тргнавме на југ. Осамнавме југозападно од селото Дреново, на гребенот, на изворот на една од притоките на Ѓуркова река. Од едно стадо овци, кое што го најдовме таму како пасе, обравме две шилежиња, коишто ги заклавме, ги испековме и си ги поделивме. Следната вечер тргнавме се по гребенот на југ и пред разденување стигнавме во Имарет дере. Во текот на денот добро се одморивме и вечерта тргнавме за селото Карлуково, каде што пристигнавме - во Чиловата корија на - полноќ. На четниците што таму ги затековме, ние им се пофаливме дека во ранците си носиме чевирме (печено јагнешко месо). И ние си имаме чевирме - се јави еден од четниците - Гештанов, родум од Панаѓуриште, тенок, висок, со црна брада и мустаќи. - И ние си имаме чевирме, ем само ни дојде на нозете!
Јас помислив дека прашањето навистина се однесува за печено јагнешко месо и не обрнав доволно внимание на значењето, што Гештанов му го даваше на зборот “чевирме”, којшто тој го нагласуваше на еден особен начин. Наскоро, меѓутоа, се разјасни дека тој го употребувал овој збор во преносна смисла.
ТЕГОБНИОТ И КРВАВ КОМИТСКИ ЖИВОТ Истата таа вечер, Кршалискиот оџа - едно младо Турче од селото Кршел, соседно село на Карлуково - враќајќи се од селото Даут Ќој, каде што бил по некоја работа и поминувајќи низ Чиловата корија на пат за К'ршал, налетал на четниците. Тој ја симнал турската капаклија, со која бил вооружен, за да пука, но откако видел дека ќе го фатат - се пуштил да бега. Го настигнале, го фатиле и го довеле кај четите, каде што го врзале за едно дрво и поставиле кај него стражар. Јас го затеков кога
336
стражарот му даваше да смука цигара, бидејќи рацете му беа врзани одзади околу дрвото. Тоа беше “чевирмето”, за коешто се однесуваа зборовите на Гештанов. Неколкумина, меѓу кои бев и јас, се одделивме настрана и формиравме суд, кој требаше да ја реши судбината на оној што беше врзан за дрвото. Колку што можам да се сетам, бевме собрани седум души - Пеју Шишманов, В’лко Рајчев, Андон Дечев, јас и уште тројца, за чиишто имиња не се сеќавам, но знам дека сите беа од селото Карлуково. Прашањето беше многу важно. Фатениот оџа ги познаваше селаните од Карлуково и беше видел, дека повеќето од четниците се карлуковци. А Карлуково и К’ршел се соседни села, со селски интереси, кои се вкрстуваа и надвор од религиите што ги разделуваа - придонесуваа нивните жители заемно да се мразат. Можеше ли фатениот оџа да го пропушти овој погоден случај и да не ја извести власта за тоа што го беше видел во Чиловата корија? Можеше ли тој да не ја искористи оваа околност, која би му дала предност на неговото село во неговите спорови со селото Карлуково пред власта? Како може да се спечали молчењето на фатениот оџа? Имаше само два начина: или да се ослободи откако се заколне дека ќе даде чесен збор дека ќе молчи, или да биде убиен. Во првиот случај неговото молчење не претставуваше апсолутна сигурност, додека во вториот случај молчењето му е апсолутно сигурно. Од седуммината што го сочинувавме судот, само двајца - Андон Дечев и јас - бевме за ослободување на оџата со клетва или на чесен збор, дека ќе молчи. Дојде до гласање. Резултатот беше: пет гласа за смрт и два гласа за ослободување под горенаведените услови. Оџата беше осуден на смрт. Утрината, пред да се раздени, Фиљо Рајчев и Иван Шишманов го поведоа осудениот нагоре по патеката, кон некакви карпести дупки, за да го егзекутираат. Месечината, во својата последна четвртина, од сосема јасно небо, над стеблата и лисјата на дрвјата, фрлаше бледо-светли дамки на патеката, покрај која беа легнати и заспани четниците. Врзаниот оџа одеше со наведната глава. Кога случајно ќе настапеше некој од легнатите четници, тој го клоцаше и го пцуеше несреќникот, кој одеше по патеката, за да не се врати веќе никогаш по неа, за да не се врати веќе никогаш во своето село, кај своите блиски... Ниту порано, ниту оттогаш наваму никогаш не сум видел нешто потрогателно од оваа погребна поворка.
Во времето кога сум бил во Софија и Пловдив за купување на експлозивните материјали и за нивното пренесување, во селото Левочево се случил еден крупен настан. Со една мала чета, во која биле Љубен
337
Булашев и Костадин Николов, во селото Левочево дошол Христо Караманџуков и слегол во куќата на Тодор Фојнов. Разнишана по убиството на Дечев и Шапрданов, како и од бесмислениот терор, спроведуван од бившиот реонски војвода Коста С’чанката, Организацијата требало да се стегне. Со таа цел Христо Караманџуков ги обиколил селата во АхЧелебиско, меѓу другите и селото Левочево. Левочанскиот чорбаџија Моло Иваноолу дознал дека во селото има чета, која се наоѓа во куќата на Тодор Фојнов и ја известил власта. Треба да се забележи, дека во селото Левочево имаше касарна, во која живееше околу една чета аскер. По предавството на Мола Иваноолу, аскерот ја опколил куќата. Командирот на аскерот, придружен од муфтарот (кметот) и селскиот свештеник, поканети од него - согласно турските закони - да присуствуваат при ноќниот претрес, отишол кај вратата, затропал силно и наредил: - Чорбаџи! Ач! (Отвори!) Во одговор на ова наредба, четата отворила оган. Булашев извадил една бомба, го запалил фитилот и ја фрлил кон аскерот. Офицерот ја зел бомбата во раце и четниците го слушнале како го прашува свештеникот: - Папаз ефенди! Бу бомба дии-ми-д’р? (Господине попе! Тоа нели е бомба?) Почнала силна пукотница. Куќата била опсипана со куршуми од сите страни; во горната просторија куршумите се крстосувале. Четниците слегле долу, во визбата, каде што - од прозорците - нивното пукање било поефикасно и каде што тие биле недофатливи за турските куршуми. Кога сите слегле долу во визбата, жената на Тодор Фојнов се сетила, дека горе, во окачената лулка, и останало детето. Храбрата жена се качила горе и - под град од куршуми - си го прибрала детето и слегла долу. За чудо, како таа, така и детето, не биле погодени од куршумите. Четата фрлила уште неколку бимби, кои експлоадирале и го принудиле аскерот да го очисти дворот и да побара засолниште наоколу. Настанало затишје, коешто четата го искористила за излегување од куќата. Тодор Фојнов бил ранет во челото; правецот на куршумот бил таков, што тој се слизнал по коската на тврдата глава на Фојнов и направил рикошет. - Ме ранија во главата! - извикал Тодор и се фатил за челото. - Дај да видам! - рекла жена му и го приближила светилото до челото на мажот. - Ништо не ти е! Од тоа не се умира! Ајде отвори ја вратата! Тодор ја откорнал вратата. Булашев се фрлил преку неа да излезе прв, но во тој момент Турците стрелале рафално и го раниле во двете нозе. Ранетиот Булашев залегнал, отворил оган по Турците и со тоа им овозможил на другите четници да излезат неповредени од куќата. Со упорна борба, најпосле четниците успеале да излезат од селото. Таму тие од пушките направиле нешто како носило, со кое го однеле ранетиот
338
Булашев, кој не можел да оди. Тодор Фојнов избегал заедно со четата, но жена му останала во куќата кај детето. Наредниот ден таа била уапсена и одведена во селото Пашмакли (сегашниот град Смољан). Неколку дена по моето пристигнување во Чиловата корија (над селото Карлуково) дознавме, дека овие денови жена му на Тодор Фојнов ќе била отерана од селото Пашмакли за градот Одрин. Ние се сметавме за должни да ја ослободиме оваа храбра жена и затоа со една чета од околу 15 души, во која беше и Андон Дечев, јас една ноќ заминав на југ со задача да го пресретниме конвојот со жената и да ја ослободиме. Најблиското бугарско село, покрај кое ќе поминеше конвојот со уапсената жена на Тодор Фајнов, беше Алами дере (сега преименувано во „Тенерал Серафимово”). Штом пристигнеме до тоа село, ќе го повикаме кај нас некој си Никола Пачаманов, кого што ќе го обврземе да внимава на конвојот и да нѐ информира, за да слеземе покрај патот и да го нападнеме, за да ја ослободиме жената. Во моето сеќавање не останало ништо од тој ноќен марш, ако не се смета бледиот спомен за тешкото поминување на реката Арда по една патека надвисната над реката. Ние успешно стигнавме до селото Алами дере и се стациониравме да денуваме во малата иглолисна шума североисточно од селото. Сонцето беше отскокнало високо, кога - незабележан од стражарот - еден човек се пикна меѓу младите борчиња и остана како скаменет од изненадување. Го фатија и го доведоа кај мене. Со Андон Дечев почнавме да го распрашуваме: - Од каде си? - Од овде. Ене од она село, од Алами дере. - Како се викаш? - Ме викаат Медо, демек Мехмед. Фатениот вознемирено нѐ гледаше и ја вртеше главата на сите страни. Фиљо Рајчев, со рака на појасот, од која стрчеше дршката на јатаганот, се приближи до нас. - Неверник, мајката негова! Дајте да го заколам! - и тој направи чекор кон фатениот, кој пребледе како мртовец и целиот се стресе. Под испокинатите панталони колената му заиграа. - Остани си на местото, Фиљо! - рече Андон Дечев. - Не го напаѓај човекот! - Зошто да не го напаѓам? Како може некрстен да се остави жив? и тој направи уште два чекора кон Медо. Ќе го заколам! - Остави го човекот, ти велам! - се вмешав јас. Остави го, ќе те убијам! - после овие зборови јас го извадив револверот од својот појас. Со израз на најголемо недоумение, Фиљо Рајчев се повлече и отиде да си легне кај другарите, кои исто така беа во недоумение. Тие сите знаеја, дека во такви случаи треба да се постапува како што се постапуваше во времето на С’чанката; како што постапија оној ден во селото Саплуко-
339
во со оџата од селото К’ршал: да се добие сигурно молчење - особено од Помаците - преку нивното убивање. Но, може ли, бидува ли да се верува, дека - откако се даде чесен збор или пак клетва - Помакот ќе го додржи својот збор и ќе молчи? Јас го поканив Медо да седне кај нас со Дечев и продолжив да го распрашувам: - Смири се, Медо, биди раат! По каква работа си дошол ти овдека? - Говедар сум. Пасам селски говеда. Едно говедо се издвоило, па го барам и налетав на вас. - Сега слушај, Медо! Никому нема да кажеш дека си нѐ видел. Дури и на жена си нема да ѝ кажеш! Слушна ли? - Слушнав. Нема. Никому нема да кажам! - Емине едер-ми-с’н? (Се заколнуваш ли?) - Едер’м! (Се колнам.) - Добро. До вечер ќе останеш овде, кај нас. Ќе те пуштиме дури вечерва по темница. Медо остана кај нас: и кога го зајде сонцето, ние го ослободивме. Тој тргна да си оди, но не можеше да поверува, дека така евтино се ослободил и долго време си ја вртеше главата за да види дали нема некој испратено по него, за да го скастри по патот. Наредниот ден ние го слушнавме гласот на Медо, кој ги пасеше говедата под нас. Тој виде дека нема зошто да се плаши од нашето присуство и спокојно си ја гледаше работата. Уште кога бевме дошле до Алами дере, пред Медо да налета на нас, ние бевме испратиле известие на Никола Пачаманов да дојде наредниот ден кај нас, откако му го бевме посочиле местото каде што ќе нѐ најде. Но, откако го ослободивме Медо, го сметавме за разумно да се префрлиме одовде на друго место; од друга страна, не требаше да се оддалечуваме многу од тоа место, за да можеме да се сретнеме со Пачаманов. Значи, ние се префрливме, но не далеку од старото место и поставивме стражар, кој би можел да го забележи Пачаманов. Како што велам и погоре, Медо ги пасеше говедата блиску до нас. По некое време го слушнавме како вика: - Кољо! Еј, Кољо! Немој да одиш на таа страна! И јас ги видов твоите говеда ене онаму, кај другите борчиња! Со секирата на рамо, Никола Пачаманов доаѓаше кај нас, т.е. кон местото, каде што вчера денувавме. Медо, кој мислеше дека Пачаманов си го загубил добитокот и го бара натаму, сакаше да го оддалечи за да не нѐ забележи - и го лажеше, дека го видел неговиот изгубен добиток на спротивниот рид, далеку од местото, каде што го чекавме. Колку човечки животи би се зачувале и колку човечка крв, колку многу човечка крв не би се пролеала, ако ние би имале малку повеќе доверба во Помаците! И каква драгоцена помош би можело да му пружи
340
на ослободителното движење ова од нас презрено помачко население помош, загубена од ослободителното движење само поради умствената тапост на организационите раководители! Од Никола Пачаманов дознавме дека вчера жената на Тодор Фојнов, терана од неколкумина заптии, поминала покрај Алами дере по патот за Одрин. Ние бевме дошле многу доцна. Повеќе немаше што да правиме овде и затоа се вративме назад во селото Карлуково.
Не можам добро да се сетам поради каква неопходност во текот на месец јуни 1903 година Пеју Шишманов, Андон Дечев, уште неколку четници и јас, веќе неколку дена се наоѓавме во Имарет дере. Ако не се лажам, беа донесени пушки од разни системи, кои - пред да им се дадат на луѓето - требаше да се проверат колку се исправни да служат за оружје. Пред да дојдеме во Имарет дере, речи си секоја ноќ се организираа вежби, во кои населението од селата Карлуково и Петково се обучуваше за манипулирање со оружјето во напад и во одбрана, при што повеќето луѓе немаа пушки и наместо со нив, тие се служеа со стапови. Обуката ја организиравме по голите ридови околу “Свети Дух”. Тој ден, кај нас, во Имарет дере беше дојден еден постар офицер од бугарската погранична чета, родум од Манастирската маала, чиешто име сум го заборавил. Од него дознавме, дека пред два дена, кога војниците му се жалеле на својот четен командир, капетанот Спас Пенчев, дека алиштата и чевлите им се испокинати и го молеле да им даде здрави алишта и чевли, тој им рекол: - Какви алишта и чевли сакате, кога уште не сте го фатиле Манџуков? Фатете го, доведете го - ќе добиете здрави алишта и нови чевли! Откако го распрашавме офицерот во кој ден и во кое време на денот командирот на пограничната чета ги прави своите обиколки по границата, ние се разделивме со него: Тој си замина за Чил тепе. - Значи така! Додека не те фатат, војниците нема да добијат алишта и чевли! - заклучи Пеју Шишманов. - Ами ако не те фатат никогаш? Тогаш ќе појдат сосема голи и ќе одат по граничната патека боси... за да ги чуваат преполнетите воени складишта со алишта и чевли - додаде А. Дечев. - Демек - вода гази, жаден оди! - забележа Стојо Варџијата. - Ами наместо тој да ме фати мене - како ќе биде, ако ние го фатиме него? - дофрлив јас. - Убаво велиш! - се јави Андон Дечев. Ајде да го фатиме! Токму денес е денот, кога тој ќе прави обиколка на границата! Речено-сторено. Остануваше уште половина час до времето, кога
341
капетанот ќе поминеше по патеката под нас. Ние четворицата: Пеју Шишманов, Андон Дечев, Стојо Варџијата и јас брзо слеговме на патеката и се скривме во смреките, на 5-6 чекори од неа. Според податоците што ги знаевме од порано, капетанот Спас Пенчев се движеше по границата строго придружувајќи се на правилата за движењето на воените единици, пропишани во Уставот: Најнапред оделе двајца војници со пушките на рамо и со ножовите на нив; тие воделе врзани две граничарски кучиња - крупни силни крвожедни пци; тоа била предната патрола. на 40-50 чекори по предната патрола оделе главните сили - во случајов, капетанот Пенчев, јавнат на коњ. Движењето завршувало со задната патрола - двајца војници со ножови на пушките, но без кучиња; тие оделе на 40-50 чекори по пограничниот командир. Не беше поминало ни четврт час, кога по патеката, која доаѓа од запад, откај Касм дере, помина предната патрола. Беше јасен сончев ден. Во тоа време - околу пладне - беше топло и задушливо, особено по патеката, која беше отворена, без сенка. Војниците врвеа со раскопчани блузи, а кучињата - со наведнати глави и исплазени јазици. Патролата помина покрај нас и се скри зад свијокот на патеката на исток, во правец кон Чил тепе. Таа не нѐ забележа, ниту пак нѐ осети. Штом патролата се скри, ние излеговме по патеката, која овде правеше остор свијок на запад. Се слушна тупкање по земјата од копитата на коњот. Кога тупкањето наближи кон свијокот, коњот силно се вознемири - животното го беше насетило нашето присуство. - Е-де! Што се стеснуваш? Врви напред! - го слушнавме нервозниот, грубо-заповедиички глас на капетанот, упатен на умното животно. Коњот профуче уште два пати, така, како што овие животни прават кога се многу исплашени. - Оф, мајката твоја! Што те фатило денес? Ајде напред! - го слушнавме гласот на јавачот, кој изгледа го беше боцнал коњот со мамузите, зашто тупкањето по земјата стана почесто и сосема блиску до свијокот. Уште пред да се покаже на свијокот, јас скокнав, истрчав напред и го фатив коњот за поводилото. Капетанот Пенчев посегна назад да го извади револверот од футролата, запашан на неговиот појас, но над главата му блесна сабјата на Пеју Шишманов. - Слегувај, мајката твоја! Слегувај од коњот! Блед, растреперен, Пенчев не успеа да го извади револверот од футролата и замрзна со раката назад. Кога виде дека Пеју Шишманов замавна со сабјата над неговата глава, Пенчев ги крена нагоре и двете раце: - Ке слезам, господо! Ке слезам! Еве, слегувам! Ви се молам!
342
И тој се свлече од седлото. Јас му ја распашав сабјата, ја зедов; му ја зедов и футролата со револверот. Стојо Варџијата го беше презел од мене коњот. Ние завлеговме во шумата на југ од патеката, го поминавме сртот, по кој врвеше граничната линија и без пат се спуштивме по стрмната падина на југ од турската територија, водејќи го со себе пограничниот четен командир, кој беше пребледел, вознемирен и му се тресеше целото тело. Се случи нешто сосема непредвидено во воениот Устав: предната и задната патрола најсовесно ги штитеа главните сили како однапред, така и одназад; меѓутоа тие - главните сили - паднаа во заробеништво кај противникот... Ние долго слегувавме по стрмната падина на Мурџов пожар низ крупната иглолисна шума. Запревме на една полјана врз една од терасите на падината, на околу три километри јужно од граничниот срт.По фаќањето на капетанот Пенчев, Пеју Шишманов веднаш замина за Имарет дере. Со заробеникот бевме останале само тројцата: Андон Дечев, Стојо Варџијата и јас. Двајцата со Андон Дечев го водевме капетанот, а Стојо Варџијата - коњот. На полјаната седнавме заедно со заробеникот на земјата; Стојо остана да виси и да го држи коњот. Јас потсмешливо се загледав во очите на капетанот: - Е, господине Пенчев! Галиба глувците ја фатија мачката. Што да ти правам сега? - Ви се молам, господо! Имам жена, имам деца - ве молам! - Стојо! - му реков јас на Варџијата. - Ај дај ми ја пушката! Стојо ми ја подаде пушката. Јас го запрашав капетанот: - Го познавате ли овој систем на пушки, господине Пенчев. - Го познавам. Тоа е турска брзострелна маузерка. - Точно. Откако те убиеме со неа, ене на она место ќе останат празните чаури од истреланите куршуми. Кога ќе те најдат стрелан, ќе ги најдат и чаурите од турската маузерка. На тој начин ќе се констатира, дека си убиен од турските војници на турска територија, зашто ќе претпостават дека ти си се вовлекол на таа територија, бидејќи твоите патроли не забележаа кога те фативме и однесовме. Сите ќе претпостават, дека ти си се вовлекол на турска територија за некакво разузнавање... Така ти ќе станеш легендарен воен херој, а ние ќе се ослободиме од тебе, без какви и да било лоши последици за нас. Виде ли до што те доведе твојата желба да ме фатиш? - Ве молам, господо! Сум згрешил! Признавам. Ве молам! За оваа моја грешка нема ли кај вас прошка? - Ами ако ти ме беше фатил, ќе ми простеше ли? Или ќе ти беше драго, кога твојата команда ти рече “аферим”? И кога ме видиш како ме тераат во затворот, подведен под законот за разбојниците...
343
Капетанот Пенчев целиот се тресеше. Јас продолжив: - Сега слушај! Пред сѐ, смири се! Земи да си завиткаш цигара. Тоа ќе те смири. Јас му ја подадов табакерата. Тој зеде книшка за цигара, стави во неа тутун и почна да ја витка. Меѓутоа, рацете му се тресеа и тој ја скина книшката за цигари. Зеде втора книшка за цигари, но кога требаше да ја завитка цигарата, растреперените раце пак ја скинаа книшката. Јас му завиткав цигара, му ја дадов, го оставив да ја испушти и потоа му реков: - Господине Пенчев! Ние не сме жедни за крв, но оваа состојба на војна меѓу нас и тебе, не може да продолжи. Треба да и се стави крај! За нас, најлесниот и безбеден начин е - да те стреламе овде. Но - ти реков - ние не сме жедни за крв. Има уште еден начин да ѝ се стави крај на оваа состојба. Тој е - да дадеш чесен збор, дека во иднина нема да се интересираш за нашето присуство на границата, како што ќе го имаш и нашиот чесен збор, дека ние на секој начин ќе се трудиме да не ти создаваме главоболки и непријатности. Оставам на тебе да одбереш кој од овие начини ќе претпочиташ. Капетанот Пенчев се смири и престана да се тресе. Тој рече свечено, како да се заколнува: - Го давам мојот чесен офицерски збор, дека во иднина нема да се интересирам за вашето присуство на границата и дека на војниците нема да им давам специјални или било какви наредби за фаќање на било кој од вас! - Стојо! - му реков на Варџијата - еве, земи ја сабјата и револверот на капетанот! Спроведи го до граничната линија! Таму ќе му го предадеш коњот, сабјата и револверот и ќе го оставиш да си оди слободен! - Одете со Стојо, господине Пенчев - му реков на капетанот. И помнете го чесниот збор што го дадовте! Збогум! Ние со Дечев се збогувавме со нашиот заробеник. Капетанот Пенчев тргна нагоре кон ридот, придружуван од Стојо, кој во едната рака ја носеше сабјата и појасчето со футролата на Пенчев, а со другата го водеше коњот за поводилото. По околу еден час Стојо се врати. Тој го спровел капетанот до граничната линија, на сртот; му ја дал сабјата и појасчето, му помогнал да се качи на коњот и - при поаѓањето на капетанот - изгрмел еднаш со својата маузерка “за почест”... Бидејќи, капетанот требаше да види, дека и ние разбираме од “алеманија талими” (германско воено училиште). Ние го поминавме денот на истото место, каде што го бевме довеле заробениот командир на чета. Приквечер падна магла - црна, густа, топла магла. Ние тргнавме кон Имарет дере и одевме, одевме цела ноќ, се качувавме нагоре, одевме по рамно на сртот, слегувавме надолу, пак се искачувавме - и сѐ така преку целата ноќ.
344
ЈАЛОВИ АКЦИИ И ЕДНО ПОДЛО ПРЕДАВСТВО Ви се случувало ли - во магла - да го загубите правецот? Мене тоа ми се случувало неколку пати. Кога ќе си го изгуби во магла правецот, човекот, како и сите други животни, со одењето прави на лево една елипса со многу долг голем пречник и поминува низ истата точка, од којашто тргнал. На што се должи тоа - не знам. Но, тоа е општо познато, коешто им олеснува на ловците; наместо да одат по зајакот, тие застануваат на истото место од каде што го изгониле. Гонетиот зајак, ужаснат од кучињата, кои го душат и му одат по трагите, го губи правецот по којшто избегал, за да се спасува. Меѓутоа, ловецот го чека таму, откаде што го изгонил - и зајакот, доаѓајќи од десно, минува покрај ловецот, кој го убива. Откако скитавме цела ноќ, на видело, кога маглата се крена, видовме дека сме стигнале на еден срт - сртот на врвот “Ѓолот” - и запревме да се одмориме на рамницата. Откако добро се одморивме и стана посветло, ни остави впечаток, дека некои од борчињата, беа заделкани со секира. - Доне - му реков на Дечев - ајде погледај каде оди тоа заделкување на дрвјата! Зошто ли - аџаба - се заделкани? Дечев тргна покрај заделканите дрвја, загледувајќи ги од сите страни стеблата на дрвјата околу себе. Разбравме: патролирањето на границата овде беше по патеката, која одеше покрај граничната линија, но во турска територија. Со делкањето на дрвјата, Бугарите трасираа патека на бугарска територија, за да се избегнат неколкукратните секојдневни средби со турската патрола и можните инциденти при тие средби. Дечев се беше оддалечил на околу 50 чекори од нас во правецот кон Чил тепе, кога слушнавме дека се вика силно и брзо: - Стој-стој-стој! - и веднаш уследи истрел од пушка. Куршумот просвире наблиску над нашите глави и одлета некаде на запад. Дечев залегна веднаш и на истрелот одговори со истрел. Залегнавме и ние со Стојо. Под команда на капетанот Пенчев, патролата се враќаше од кај Чил тепе и одеше кон стражарското место кај Кас’м дере. Војниците од патролата го забележаа Дечев и му извикале да стои и - без да го дочекаат неговото застанување - пукале по него. Во одговор на неговото пукање, војниците залегнаа и отворија оган на нас. Почна престрелка. Низ гранките на боровите јас го видов Пенчев, кој слегуваше по ридот откај стражарското место Чил тепе и одеше по граничната линија. - Господине Пенчев! - му извикав јас. - Запрете го пукањето да се прибере нашиот човек! - Море вашата мајка разбојничка! Тргнете ми се од границата! - Никакво сопирање на пукањето! Тргнете ми се од границата! Ние бевме принудени да пукаме, за да му пружиме на Дечев можност да се приближи до нас. Јас му извикав на Пенчев: 345
- Господине Пенчев! Ако уште еднаш ми паднеш во рацете како вчера, колку и да се молиш, нема да те оставам жив! Тоа убаво да го запомниш! - Тргнете ми се од границата - вашата мајка разбојничка! Под стрелбата на војниците, еден по еден, ние проползевме до таму, откаде што падината стрмно се спушта кон Турција. Кога навлеговме кон стрмнината, каде што куршумите не можеа да нѐ дофатат, ние се исправивме и се изгубивме надолу низ шумата. ***
Помина околу месец и половина. Кон крајот на јули или во првите денови на август 1903 година во Пловдив, на југозападниот агол на плоштадот “Џумајата”, на влезот на продавницата за готови алишта Кујумџијан (каде што сега се наоѓа иекаква слаткарница), го сретнав капетанот Пенчев како цивил. Што се случило? Кога ние го одвлековме на турска територија, на стражарското место Чил тепе - една по друга - пристигнале предната и задната патрола. “Главните сили”, меѓутоа - капетанот Пенчев - го немало. Капетанот Пенчев на Чил тепе пристигнал околу еден час по задната патрола во многу лошо душевно расположение, без некому да каже каде толку долго се задржал. При нашето повлекување по престрелката на бугарските војници, од моите последни зборови упатени кон капетанот Пенчев, тие разбрале дека тој бил заробен од нас. Тоа дошло до ушите на воената команда, која го отпуштила од работа затоа што дозволил да биде заробен од нас, “разбојниците”. Кога го сретнав во Пловдив, јас го поздравив: - Добар ден, господине Пенчев! Како сте? Пенчев ја крена главата, ме погледна, ме позна; потоа пак го забоде носот во земјата и брзо се оддалечи во правец кон Орта Мезар.
Мола Иваноолу од селото Левочево требаше да сноси последици за предавството што го изврши, кое внесе тревога и вознемиреност во целото село, го стави животот на коцка на оние, што ја сочинуваа опколената од аскерот чета и го сосипа семејството на Тодот Фојнов. Со самиот факт дека извршил предавство, тој сам си беше потпишал смртната пресуда, чиешто спроведување во дело и беше наложено на четата, на којашто главатар и бев јас. Во споредба со другите чети, таа беше многубројна - околу 40 души. Според составот таа беше нешто како Ноевиот ковчег во намалена форма. Треба да признам, дека задачата што ми беше наложена не ми беше пријатна, зашто јас секогаш сум се одвраќал од човекоубиство, но прифатив, откако Пеју Шишманов ми вети, дека по казнувањето на Мола
346
Иваноолу ќе содејствува за извршувањето на мојот проект - да го затворам железничкиот тунел кај селото Ени Ќој. На 28 јуни 1903 година стар стил, околу полноќ тргнавме од Чиловата корија над селото Карлуково, слеговме надолу, поминавме покрај селото, ја прегазивме реката Мала Арда, јужно од селото поминавме покрај и низ карлуковата Црна Гора, се искачивме на височинката и на крстопатот под врвот Говедарник и запревме да се одмориме. За време на маршот, еден од четниците - Александар Костов Видолов од градот Пловдив - се разболе: со истегнат напред долг врат, со ранецот на грбот, тој одвај се влечеше и го запираше движењето на целата чета. Ако сега, за време на маршот ни пречеше, утре, за време на нападот на селото Левочево, ќе ни биде само излишен товар. А ако за тоа време загине - тоа би било една излишна човечка жртва, а тој беше единствен син на стара мајка, нејзина единствена надеж. При моето решавање да го вратам назад во селото Карлуково, тие околности ми беа суштински товар. Но, да го вратам сам по патот, тоа значеше да се загуби во непознатите за него места и во темната ноќ; тоа значеше да падне во турски раце - нешто, што би било од сѐ полошо. Ете затоа, јас бев принуден да му дадам водач еден од карлуковци, кој заедно со болниот ќе се врати во селото Карлуково. Тоа беше моја грешка, која се одрази катастрофално врз духот на четниците, на кои им беа познати моите пријателски врски со болниот. Во четата - нејпрвин со шушкање, а потоа гласно - почнаа да ја критикуваат оваа моја грешка. Според таа критика, ако јас сум го вратил болниот за да не загине, зошто да не ги вратам сите, па да не загинува никој ни од здравите? Ако болниот има мајка, тие, пак, да не паднале од небо? И нив мајки ги раѓале, и за нив мајки ќе жалат. Потоа - ние сме тргнале да извршуваме една смртна пресуда и да си ги изложуваме кожите на опасност, а не да ги спасуваме болните од смрт, која уште не е сигурна. Како се случи тој да биде здрав во Карлуково, а по патот за Левочево наеднаш да се разболи? Па и не се знае - навистина ли е болен или се преправа дека е болен, дали тоа не го прави со мое знаење, за да имам цврст повод да го вратам назад во Карлуково? Свикнати на теророт што врз нив го спроведувал С’чанката четниците - за да ги натерам да замолчат - очекуваа исто таков терор и од мене. Меѓутоа, мене самата помисла на терор ми беше одвратна. Зарем - за да спасам еден од бесполезна и несигурна смрт - треба да му причинам сигурна смрт на некои од овие млади, здрави луѓе? Ми преостануваше само уште едно средство - да не им обраќам внимание на овие критики. Тоа беше моја втора грешка: навиката на жестоки мерки за заведување на дисциплина, мекиот начин на однесување во овој случај од четниците беше протолкуван како моја слабост. Како и да е - ние го
347
продложивме походот за селото Левочево и пред разденување стигиавме до врвот на височината јужно од селото. Уште веднаш по пристигањето, го направивме планот за дејствување: по заоѓањето на сонцето, еден дел од четата ќе се провлече до касарната, која - кога самна - ја видовме како се белее на крајот на селото, на височината под нас, североисточно од Левочево. Четата ќе отвори оган на касарната и ќе го ангажира аскерот во престрелка со неа. Другиот дел од четата ќе влезе во селото, ќе ја опколи куќата на Мола Иваноолу и штом ќе биде најден, ќе биде убиен. По неговото убиство, тој дел од четата ќе се повлече на исток преку Сулаџи дере кон врвот Говедарник. Првиот дел од четата - оној што ќе ја нападне касарната ќе се извлече на југ, кон височината кај што сме сега, а оттаму ќе продолжи по истиот пат, по кој дојдовме, за накај врвот Говедарник. На тој врв ќе се чекаат двата дела на четата, од каде што заедно ќе тргнат за да се вратат во селото Карлуково. Уште при пристигнувањето на височината јужно од селото Левочево, испративме двајца левочани за разузнавање; приквечер тие требаше да се вратат и да служат како водачи на двата дела од четата. Тој ден - 29 јуни 1903 година стар стил, недела, Петровден - го поминавме на височината, во очекување на разузнавачите, родум од селото Хвојна, шумски стражар, кој во четата беше облечен во својата стражарска униформа, беше опфатен од паничен страв од престојниот напад и на таков начин ја пројавуваше својата малодушност, што јас бев принуден да го извадам револверот и да го заплашам, така што ако веднаш не престане со деморализирањето на четата, веднаш ќе го стрелам. Освен овој ситен инцидент, ништо друго во моето сеќавање не останало од тој ден. Приквечер разузнавачите се вратија со иста информација: во куќата на Мола Иваноолу немало никој. Како тој, така и неговите домашни не биле во селото. Никој не знаел да им каже каде отишле. Така што, поради неговото отсуство, ние немаше што да правиме овде. Само по себе отпаѓа и прашањето за напаѓање на касарната, бидејќи нашата задача беше да го казниме Мола Иваноолу, а не да ја напаѓаме касарната. Кога се стемни добро, ние тргнавме да се вратиме по истиот пат за селото Карлуково во Чиловата корија. По два или три дена дознавме, дека кога на Петровден сме биле на височината јужно од селото Левочево, Мола Иваноолу со целото семејство бил на своето лозје, кое се наоѓало на 300-400 чекори под истата височина!... Тој ден - понеделник, 7 јули 1903 година стар стил, на празникот “Опална недела” - осамнавме кај селото Хасовица, во боровата шумичка на параклисот “Свети Елисеј”. Целиот рид од селата Горно и Долно Рајково - беше покриен со грмушки од смрека; само овде, на врвот, имаше еден кичер борови дрвја, каде што осамнавме и решивме да денуваме.
348
Вчера, недела, во селото Карлуково беше решено по секоја цена да се изврши казнувањето на Мола Иваноолу. Јас бев непријатно засегнат од неуспешниот поход кон селото Левочево од пред неколку дена и затоа изразив готовност одново да одам во ова село. Бидејќи ги искусив непријатностите од многубројната чета, побарав четата да се состои од помалку, но одбрани луѓе. Меѓу оние што јас ги одбрав - колку што се сеќавам беа: Никола Ѓумушев од селото Рајково, кој порано бил во чета со генералот Цончев и земал учество во борбите на таа чета со Турците; Јани Караколев од селото Чардакли, Ѓумурџинско, чиишто квалитети, особено ладнокрвноста, јас одамна ги бев оценил; Гочо Шишманов од селото Карлуково, молчаливо, скромно, но храбро момче и други. Целата чета не броеше повеќе од 12 души. Искуството на Христо Караманџуков во селото Алами дере при убиството на тамошниот предавник Уста В’лчо покажа, дека во такви случаи динамитот е неопходност. При нападот на селото Алами дере, на четата на Христо Караманџуков и се испречила влезната врата на Уста В’лчовата куќа, која била така цврсто потпрена што било невозможно однадвор насилно да биде отворена. Тогаш Караманџуков ставил кај вратата динамит и го запалил. При експлозијата, динамитот ја разнел вратата, која престанала да му служи на Уста В’лчо за заштита. Тоа искуство покажа, дека во случаите како тој, умесно е да си носиме динамит. Така, јас во ранецот понесов 2-3 пакети од по еден килограм динамит, капсули и една од машинките за произведување на електрична искра, а исто така и еден топ изолирана бакарна жица. Сето тоа ќе ни послужеше, ако ја најдеме вратата од куќата на Мола Иваноолу исто така цврсто потпрена. Ние останавме да денуваме во шумичката кај селото Хасовица. Цела ноќ бевме оделе со засилен од; бевме многу изморени и страшно ожеднети. Но, никаде немаше вода. Почвата - ронлива, варовита, плитка почва - беше сува и како нас жедна за вода. Денес беше “Опална недела” - празник многу почитуван во христијанските Ах-Челебиски села. Уште од рани зори, од селото Хасовица јасно ја слушавме вревата од некаква селска веселба. Една гајда пиштеше и свиреше оро, а се слушаа и дружни провикнувања: И-ха! И-ху! А-сега!” и слично. Ние бевме жедни, папсани за вода. Денот, долг јулски ден, најавуваше дека ќе биде јасен и топол. Ние не можевме до вечерта да ја издржиме оваа жед, која нѐ гореше уште сега, кога сонцето одвај се покажуваше. Јас бев принуден да испратам еден од четниците - Никола Ѓумушев - да отиде во селото и да донесе вода. Ѓумушев ја зеде својата долга манлихерка и отиде во селото. Дваесетина минути по неговото заминување, гајдата, која дотогаш весело и игриво свиреше оро, испушти едно жално “Циу-у-у” и молкна, а истовремено со тоа гласната веселба стивна и замре.
349
Неколку минути потоа, Ѓумушев дојде кај нас натоварен со еден мев, полн со вода. Веднаш откако ја угасивме жедта, видовме како од селото Хасовица излегува еден коњаник, кој го тераше својот коњ во силен галоп, шибајќи го животното со прачка, за да оди побрзо по патот за селото Устово. Сфативме - тоа беше курир, кој беше испратен од селото да му соопшти на аскерот за нашето појавување покрај селото Хасовица. Коњаникот галопираше по патот, кој вртеше покрај врвот, на стотина чекори подалеку од нас. Во тоа време - и до пред 5-6 години - јас гаѓав многу добро: со мојата куса манлихерка со која бев пукал многу пати, од 150 чекори јас погаѓав бастун забиен во земјата. Коњаникот поминуваше наблизу и можев да го убијам. Но, како што реков и погоре, јас се одвраќав од човекоубиството. Од друга страна, јас бев љубопитен да го видам ефектот од динамитот врз аскерот по дејството со електричната машинка - и го оставив коњаникот да се изгуби по патот надолу кон селото Устово. Со двогледот набљудував кога тој пристигна во дворот на касарната во селото Устово, кога еден аскер го зеде коњот и го одведе. Видов, кога коњаникот влезе во касарната и кога набрзо оттаму излегоа двајца суварии (коњаници), кои изведоа два коња, ги оседлаа, ги јавнаа и во галоп заминаа по патот за селото Рајково. Јас ги набљудував сите движења на овие коњаници; откако влегоа во касарната во Рајково, тие пак во галоп - спрашија по патот за селото Пашмакли. Време за губење немаше. Јас го извадив од ранецот динамитот, капсулите и жиците, ја поврзав капсулата со жицата и ги ставив во пакетите со динамит. Така подготвените експлозиви ги поставив на околу 50-60 метри пред местото, коешто го бев одбрал за заседа јужно од врвот, непосредно до шумичката, каде што го пречекавме аскерот. Направените експлозиви ги поставив: едниот на десната страна, другиот - во центарот, а третиот - на левата страна. Како поискусен и веќе учествувал во борба со Турците со четата на генерал Цончев, на десната страна го поставив Никола Ѓумушев. Експлозивите ги затрупав со камења и преку жицата ги сврзав со електричната машинка, којашто ја поставив до себе на левата страна. Четниците, оддалечени еден од друг на 7-8 чекори, го заземаа просторот меѓу мене и Ѓумушев. Штотуку ги бевме поставиле експлозивите и се распоредија четниците, од Устово и од Рајково се слушна звук на труба; трубачите свиреа “збор”. Со двогледот набљудував како аскерите, распрснати низ селата, трчешкум се прибраа во касарната, како се построија, како излегоа од селата, како се раширија во синџир и тргнаа кон ридот, на чијшто врв ние ги очекувавме. Долу, далеку, откај запад, по патот се крена облак од прашина - наваму доаѓаше аскер од Пашмаклискиот гарнизон. Аскерите немаа ранци; тие ги носеа само своите пушки и поради тоа брзо напредуваа по стрмнината, без да залегнуваат. По нив одеа нато-
350
варени мулиња - веројатно со ранците на аскерите или со муниција. Аскерите брзо напредуваа кон нас. Ене ги веќе кај параклисот “Свети Елисеј”, на околу 700-800 чекори од нас. Тие го одминаа параклисот без да се одморат и почнаа да се качуваат кон врвот. Поради заобленоста на месноста, јас не можев да видам што се случува на десната страна и затоа го испратив Јани Караколев, кој беше најблиску до мене, да отиде на десната страна и да му каже на Ѓумушев да го дочека доаѓањето на аскерот до експлозивот и веднаш да отвори оган. Јани Караколев отиде на десната страна и се врати брзо кај мене. - Освен Гочо Шишманов, на позициите нема никој! - Како нема? - Така, нема никој! Во заседата го видов само Гоче. Тој ми кажа, дека штом аскерот наближил до параклисот, Ѓумушев избегал. Кога го виделе дека бега, другите еден по еден се извлекле и отишле по него. И сега освен Гочо, во заседа нема никој. Нашето натамошно останување овде беше беспредметно. Барем да можеме да го спасиме динамитот и жицата! Со Јани Караколев набрзина го прибравме динамитот, ја собравме некако и жицата и заедно со електричната машинка ги собравме во мојот ранец. Јас го префрлив ранецот на грбот - и заедно со Јани и Гочо, којшто го зедновме со себе - и низ шумичката излеговме горе, на рамништето. Таму една од прашките на мојот ранец се скина и јас, откако го симнав ранецот, набрзина ја врзав прашката и тргнав по другарите, од кои последниот - Јани Караколев штотуку се затскриваше во потокот, кој почнуваше од рамништето и течеше на исток од селото Хасовица. На стотина чекори западно од нас, покрај источниот крај на ова село, собрани на куп, 20-30 души селани од Хасовица, облечени во темносина празнична носија, со рацете во појасите, ни го гледаа сеирот: откако нѐ предадоа на Турците, тие сега беа излезени да видат како ќе бидеме испотепани или фатени... Јас бев бесен од лутина. Такво подло бегство од човек, кој на секој чекор раскажуваше за своите херојски подвизи од борбата со Турците, кога бил во четата на генерал Цончев! Барем со своето бегство да не ги беше повлекол и другите. На неколку стотици чекори ја настигнав четата во потокот, на една полјанка покрај водното течење. Ѓумушев беше седнал, беше изгубил и ум и глас. Јас го извадив револверот и му го вперив во челото, за да го убијам, ржејќи од лутина. - Еве ова ти следува, кучкин сине! Јани Караколев, кој стоеше исправен, брзо ми ја фати раката: - Немој да го убиваш! Немој! Нема да ти вреди трудот да си ги валкаш рацете со крвта на овој подлец! Гочо Шишманов исто така ми ја беше фатил раката:
351
- Немој да го убиваш! Со него нема да се завршат страшливците! Зошто ќе го убиваш! Поради упорноста на овие двајца четници - најхрабрите во четата јас не го убив Гумушев. Дали добро постапив, што му простив? Иднината ќе даде одговор на тоа прашање; еден негативен одговор, како што ќе видиме понатаму. Ние продолживме да слегуваме по течението на потокот до неговото влевање во Сулаџи дере, а оттаму поминавме на неговиот источен брег и до вечерта останавме во шумата. Кога се стемни преку врвот Говедарник се вративме назад во селото Карлуково. На Пеју Шишманов, кој дојде да нѐ види, му реков дека не ја дочекавме средбата со аскерот, зашто избегавме. - Многу добро сте направиле што не сте ја прифатиле битката и сте се повлекле - рече тој, кога му раскажав под какви услови сме се нашле овде. - Какво неприфаќање на битката, какво повлекување? Сфати бегавме! Просто - избегавме. Пеју Шишманов упорно продолжуваше нашето бегство да го именува со мекиот воен термин “повлекување”. - Ако не сте се повлекле, целиот гарнизон од Левочево брзо ќе дојдел кај Хасовица и ќе ви удрел во грб. Пристигнал и оној од Пашмакли. “Свети Елисеј” бил опколен од сите страни. Така што вие правилно сте ја решиле оваа стратешка задача и сега сте овде живи и здрави... Пеју Шишманов зборуваше така, како да полага испит пред своите професори по стратегија на софиското Воено училиште, коешто го беше завршил пред неколку години... Од што произлегува, дека во воените дејствија, дури таков страв, како оној на Никола Ѓумушев, може во некој случај да биде елемент од голема стратешка стојност... Нешто, кое на турски се изразува со зборовите: “Качмак-да бир бабаитл’к-д’р” (И бегството е јунаштво). По помалку од еден месец, Никола Ѓумушев и Гочо Шишманов биле во една чета, која штотуку се формирала во Имарет дере. Ѓумушев си ја чистел пушката, која “случајно” пукнала. Куршумот го пронижал Гочо Шишманов во потстомачната област и му го пробил мочниот меур. Гочо, кој бил седнат, одеднаш се исправил, се фатил за стомакот и се струполил мртов на земјата. Бил погребан на самото место. Ангел Дијамандиев - за време на погребот - ја играл улогата на свештеник, кој над трупот на подло убиениот четник ги прочитал сите молитви што ги знаел. Ѓумушев тврдел - а и подоцна тврдеше - дека Гочо бил случајно убиен. Можеби е и така. Меѓутоа, кога се сетам за големата расправија меѓу нив двајцата во врска со бегството на Ѓумушев кај селото Хасовица, јас се сомневам и не верувам дека пушката на Ѓумушев случајно пукнала...
352
Во текот на таа недела, која следеше по нашето враќање во селото Карлуково по бегството од селото Хасовица, се беше случило еден настан, кој ги разбуди духовите на селаните од околните села и на четниците. Организациониот работник Георги Стајков, родум - ако не ме лаже умот - од селото Горно Дере Ќој, водач на четите, бил сретнат во шумата од Чамлаџенскиот Помак Кара Имам и убиен. Убиецот го исекол убиениот на парчиња, ги окачил парчињата на најдолните гранки на боровите и му го украл мулето - едно бело муле. Од Садик, полјакот во селото Карлуково, Помак од селото К’ршел, карлуковци беа дознале, дека Кара Имам од селото Чамлаџа ги обиколувал помачките села и собирал чета, со цел да го нападне селото Карлуково, да го изгори и да го испотепа населението и на тој начин да се одмазди за исчезнувањето на оџата од селото К’ршал. Организацијата во селото Карлуково реши: Кара Имам од селото Чамлаџа да биде убиен, за да не се оствари катастрофата што беше надвиснала над селото. Раководителот - Пеју Шишманов беше на мака кому да му ја наложи оваа задача. - Ако ти се нафатиш да ме снабдиш со храна и луѓе, за да го минирам тунелот кај селото Ени Ќој, јас ќе го убијам Кара Имам - му реков јас. Ќе го убијам или пак нема жив да се вратам. Пеју Шишманов ми даде чесен збор, дека ќе ми пружи целосно содејство за уривање на тунелот веднаш штом ќе се вратам во Карлуково по убиството на Кара Имам. Една мала чета од тројца: В’лко Рајчев, Иван Шишманов и Јани Караколев, под моја команда, во ноќта на 14 спроти 15 јули 1903 година заминавме од селото Карлуково за селото Чамлаџа. Јас не го познавав човекот, којшто требаше да го убијам, меѓутоа, го познавав белото муле на убиениот Георги Стајков. Кажуваа, дека по убиството на Стајков, Кара Имам, кога патува, секогаш јава на бело муле. Во моето сеќавање не останало многу нешто како споменав од тој ноќен марш. Како во сон си спомнувам како тешко ја поминавме и прегазивме реката Арда, која тука е многу бујна, дното ѝ е послано со крунни камења и со длабоки вирови околу нив. Во Чамлаџа стигнавме пред да се раздени. Рамниот рид кој се издигнува северно од куќата на Кара Имам, беше покриен со крупна и ретка букова шума, под која земјата беше покриена со распрснати групи на букови грмушки. Во утринскиот примрак ние се шуткавме како призраци да најдеме погодно место за набљудување како на куќата, така и на патеката, која води од реката Арда до куќата. Високите букови грмушки покрај патеката на некои места ја закриваа неа, а на некои куќата.
353
Покрај патеката на околу 200 чекори подалеку од куќата, имаше шумовито буково дрво, чиешто стебло, дебело околу 40 сантиметри во пречник, беше околу два метра високо. Некогаш тоа дрво било отсечено на таа височина, поради што неговите гранки, сега покриени со густа шума, правеа непрогледна китка. Јас се качив на дрвото. Од него многу добро се гледаше како куќата, така и патеката до местото откаде што таа стрмно се спушта кон реката Арда. Закриен од густите лисја околу мене, и при највнимателното загледување одоздола, беше невозможно да бидам забележен. Јас останав таму, качен меѓу гранките на букичката, а тројцата четници останаа да денуваат во блиските букови грмушки и - кога се јави потреба - да дејствуваат според околностите на моментот.
УБИСТВОТО НА ПОМАКОТ КАРА ИМАМ Ние дојдовме многу рано и се зафативме да ја набљудуваме куќата, претпоставувајќи, дека Кара Имам е дома, за да го убиеме, кога ќе се појави на влезната врата или кога тргне за некаде на пат. Се раздени. Сонцето изгреа и отскокна високо на хоризонтот, но Кара Имам никако не се појави. Две деца, едното на околу 10 години, а другото помало ја отворија вратата од куќата и истераа од дворот 15-20 овци, за да ги пасат по ридот. Тие дојдоа под мојата бука, седнаа на земјата и почнаа да си играат, без да знаат, дека оној што ќе ги направи сираци, е толку блиску и ги набљудува сите нивни движења. - А-га бобајко се врати од Потково, ќе ни донесе армаган! - го слушнав како рече - меѓу другото - поголемото дете. Денес беше вторник - пазарниот ден на Потково, за да се сретне со луѓе од неговата дружина и да се договори за извршувањето на неговиот план да го изгори селото Карлуково. Но, тој и вчера не бил во Чамлаџа, туку некаде другаде, зашто ако бил во куќата, ние би го виделе како излегува од куќата рано наутро... Значи, тој скита по селата и веројатно денес ќе се врати, откако собрал дружина... Кара Имам е ѕвер. Зашто, има ли нешто поѕверско од тоа - да убиеш човек, да го исечеш на парчиња и да ги окачиш тие парчиња на борчињата? И при сето тоа... При сето тоа Кара Имам е човек. Ене, она! Овие деца! Тие постојано зборуваа за својот “бобајко”, кој ќе дојде од “Потково” и ќе им донесе армаган, што значи, дека и тој ги сака... Тој ѕвер сака некого меѓу луѓето и има луѓе, кои исто така го сакаат. А тоа значи, дека тој е уште човек, а не ѕвер... Дали и ние не сме придонеле нешто за таа негова ѕверштина? Кога се одмаздувал за исчезнатиот оџа
354
од К’ршал - дали тој не ги оправдувал своите ѕверски постапки со истите такви наши, извршени пред неговите. Долго време - до пладне - децата на Кара Имам си играа под мене, околу букичката. На врвот на една гранка, над мојата глава, беше застанал еден гарван. Наведнат над мене, мафтајќи со крилјата, тој гракаше и во неговото граќање имаше нешто заканувачко. Ми прелета низ умот: Дали тој гарван не ја насетува мојата блиска, многу блиска смрт? Дали наместо јас да го убијам, Кара Имам нема мене да ме убие? Мафтајќи со раката и ш'шкајќи назад, застануваше на истата гранка зад мојата глава, размавнуваше со крилјата и гракаше заканувачки. Во текот на целиот ден јас не успеав да се ослободам од оваа лоша птица и од нејзиното зловешто гракање. Тој ден јас се убедив, дека гарваните ги насетуваат човечките намери, особено кога се работи за блиска насилна смрт. Подоцна, непосредно пред Балканската и Првата европска војна, при поаѓањето на полковите во војна, цели јата од врани и гарвани му претходеа и го следеа движењето на војските. тие ги претчувствуваа раскошните пирови со човечки и животински трупови, кои по неколку дена ќе им бидат поднесени од европските вешти дипломати... За време на Првата европска војна, како војник во еден од македонските полкови, бев забележал, дека кога над прозорците летаа јата од гарвани и го испуштаа своето алчно и гласно “кљон-кљон-кљон” - секогаш следуваше крвава битка, која ги однесуваше животите на десетици млади, весели и жизнерадосни луѓе... Јас паметам, кога во 1884 година Турците и Помаците се иселуваа од Бугарија и одеа да се населат во Турција. Големи карвани од по неколку стотици воловски и биволски коли, натоварени со покуќнина, слегуваа по патот од Стратеж, минуваа низ градот Ловеч, излегуваа надвор од градот во ливадите меѓу градот и селото Омаревци, каде што го пуштаа својот добиток и се настануваа на бивак. Никакви јата од гарвани и врани не им претходеа и не ги следеа овие каравани. Тие беа мирни преселници кои не им ветуваа на овие птици богати гоштевки со човечки и животински трупови... Ужина дојде и помина. Децата на Кара Имам одамна си беа отишле. Јас продолжував да седам меѓу шумата на букичката, и да ја посматрам со двогледот куќата и патеката. Бев ожеднет, прекапан за вода, но продолжував да набљудувам - бев дал збор дека нема да се вратам жив, ако не го убијам Кара Имам. Помина повеќе од половина час по ужина. По патеката, која води покрај северниот брег на реката Арда, некаков гласовит Помак пееше една од помачките псени, кои со своите звучни двогласни слогови се така убави и потсетуваат за старите, предтурски времиња... Во тој момент јас не знаев, дека ја слушам последната лебедова песна на Кара Имам. Песната молкна. Се слушаше разговор на висок
355
глас меѓу двајца, кои се качуваа по патеката по јужниот стрмен брег од коритото на реката Арда. Јас со двогледот набљудував натаму. Од стрмниот брег, на патеката, најпрвин се покажа главата на едно бело муле - мулето на Георгија Стајков! По главата на мулето се покажа главата, а потоа и телото на јавачот. Зад првиот јавач одеше друг на црно муле. Јас брзо се свлеков од дрвото, ја откачив кочницата на мојата куса манлихерка и го зедов на нишан јавачот на белото муле. - “Не убивај!” - ми падна на памет шестата од десетте божји заповеди на Мојсеј. - Што ќе направиш, несреќнику? “Не убивај!” Двајцата јавачи продолжуваат да доаѓаат наваму, без да го прекинуваат својот разговор. Јас продолжив да се бунтувам против себе си: - “Не убивај!” Сите големи умови на човештвото, кои ги формулирале основите на човечкиот живот - сите до еден - заповедта да не се убива ја поставиле како најважен елемент на тие основи. “Не убивај!” Не е кажано: “Не убивај го овој, а убиј го оној, туку просто: “Не убивај!” значи, значи не убивај човек воопшто! Што ќе направиш ти? Ти ќе убиеш, т.е. ќе ја прекинеш врската меѓу тебе и останатото човештво! Ке ја прекинеш врската меѓу тебе и Вселената! Меѓу тебе и вечниот извор на Правото и Вистината! “Не убивај!” Двајцата јавачи дојдоа спроти мојата бука, се израмнија со неа и ја поодминаа. Јас се борев со самиот себе. Можеби моралното начело ќе постигнеше конечна надмоќ. Можеби јас немаше да пукам, кога... Јас не паметам да сум направил некаков шум или со нешто да сум го открил своето присуство. Но, Кара Имамот наеднаш се сепна, се сврте кон мене, го виде и го извади од појасот својот црногорски револвер. Во тој момент јас го притиснав чкрапалото на пушката. Низ пареата од истрелот на мојата пушка го видов Кара Имамот како се наведнува над главата на белото муле. Црното муле потскокна настрана од патот и јурна надолу низ ридот и во тоа време, кога другиот јавач викаше колку што го држи глас: - Комаин, брѐ-е-е! Торчете! Бабам-оолу гиттu! (Трчајте, бе луѓе! Трчајте! Синот на татко ми отиде!) Другиот јавач бил брат на Кара Имамот. Мене ми се беше присторило, дека Кара Имамот го прегрна мулето преку вратот и дека на тој начин ќе го избегне убивањето. Јас нанишанив во црната издолжена дамка на грбот на мулето, која ми се причини дека е наведната на седлото ја јавачот - и пукав во него по вторпат. Мулето се стресе, клоцна со двете нозе и летна кон куќата. Пак нишанив во црната дамка, пак стрелав. Мулето пак се стресе, пак клоцна со двете нозе и пак појде кон куќата. Јас нанишанив во мулето по трет пат и гаѓав во црната дамка. Мулето се струполи на влезната врата на куќата. Гласот на јавачот на црното муле, кој бегаше продолжуваше да се слуша откај падината на ридот, оддалечувајќи се сѐ повеќе и повеќе.
356
Последниот - петтиот - куршум од шаржерот јас го истрелав во правец на гласот, кој викаше: - Комаин, брѐ-е-е! Комаин, бре комушлар! Торчете! Бабамоолу гиттu! (Трчајте, бре-ее! Трчајте, бре соседи! Трчајте! Синот на татко ми отиде!) По последниот истрел јас скокнав на патеката со намера да отидам до куќата, за да го довршам Кара Имам, кого што мислев да го најдам кај мулето, кое беше паднало кај влезната врата на куќата. Одвај направив неколку чекори по патеката и го видов Кара Имам паднат на патеката таму, каде што го бев застрелал со првиот истрел. Тој беше жив, се мачеше да се исправи седнат и да го подигне револверот, за да ме убие. Меѓутоа, тој не успеваше да седне, а револверот во раката му климаше кон земјата. Додека - за момент - го набљудував, дотрчаа: В’лко Рајчев, Иван Шишманов и Јани Караколев. В’лко се спушти кон Кара Имамот, ја извлече сабјата од футролата, замавна и го удри по главата. Ранетиот го испушти револверот и со двете раце ја фати сабјата на В’лко, а тој со сета сила се обидуваше да ја извлече од прстите на Кара Имамот, кои ја стискаа и кои - при извлекувањето одлетаа настрана. Откако ја ослободи, В’лко започна со неа да удира по главата и вратот на ранетиот; при еден удар по устата, сноп искри излетаа под острицата на сабјата. В’лко престана да удира со сабјата дури кога главата остана да виси само на вратните жили и - при конвулзиите на убиениот - да се мафта одзади како торбичка полна со песок. За целото тоа време, од широко зинатиот врат на убиениот и од другите рани крвта клокотеше и бликаше во шурки. Иван Шишманов, со ножот на својата долга манлихерка, му нанесуваше удари насекаде. Јани Караколев со одвратност гледаше на оваа касапница. Кога - по еден удар со ножот во стомакот - наоколу се рашири одвратна неподнослива миризба, јас им свикав: - Доста! Доста, бе ѕверови! Доста! Свршено е! Кара Имамот престана да клоца и да мрда. Ние брзо тргнавме по патеката за реката Арда. Кога стигнавме до реката, ние загазивме во неа, се измивме од крвта и се напивме вода, зашто во текот на целиот ден не бевме ставиле капка в уста и бевме многу ожеднети. - А сега - наредив јас - треба да ја газиме водата вдолж по реката, за да ги сокриеме трагите, зашто утре ќе тргнат по нашите траги со кучиња! Ние тргнавме надолу по реката Арда, газејќи ја водата некаде до колена, некаде до појас. Долго време ја газевме оваа луда река Ние тргнавме надолу по реката Арда, газејќи ја водата некаде до колена, некаде до појас. повеќе од два километра - и откако се беше стемнило излеговме на нејзиниот северен брег.
357
Во својот роман “Злосторство и казна” Достоевски вели дека злосторството го врзува убиецот. Тоа е целосно точно. Откако го убивме Кара Имам и откако си ги избришавме трагите, најразумно и најлогично беше - откако ја прегазивме реката Арда да ја поминеме височината “Селиште”, да поминеме низ “Демир Гидик” и да се вратиме во селото Карлуково. Меѓутоа, убиството нѐ беше врзало: таа врска беше посилна од разумот и логиката, посилна од нашата волја и од инстинктот за самоодржување. Ние бевме љубопитни да видиме што ќе се случи понатаму. И наместо кон “Селиште”, ние тргнавме по патот покрај северниот брег на реката Арда, дојдовме спроти патеката, која води за Чамлаџа и се стациониравме да денуваме во шумата, на едно место, од кое - како на дланка - се гледаше патеката и куќата на Кара Имам. Се раздени. Уште во рани зори куќата на Кара Имам оживеа. Поединечно или во групи од два-тројца пристигнуваа Помаци од соседните села. Тие живо разговараа и наседнаа околу куќата. По околу еден час дојдоа неколкумина заптии на коњи, слегоа од нив и им ги дадоа на Помаците да ги тимарат. Двајца од пристигнатите заптии се одделија и отидоа кај трупот, за да го зачуваат во истата состојба, во која ние го бевме оставиле вчера. Тие ги враќаа назад љубопитните Помаци, кои сакаа да се приближат и да го разгледаат трупот. Потоа, на коњи пристигнаа три прилично алафранга облечени лица, придружени од заптии. Штом пристигнаа, цивилните лица слегоа од коњите и веднаш се упатија кон убиениот, следени од заптиите и од љубопитните Помаци. Беа дојдени: Мудеимумот (јавниот обвинител), мустентикот (иследникот) и докторот, за да направат “кеш“ (увид) на местото на злосторството. Тие долго го разгледуваа и го обиколуваа трупот, земајќи си белешки. Се наведнуваа да ги разгледуваат нашите стапки: некои Помаци беа довеле и ги држеа врзани ловечки кучиња. Ги пуштија кучињата и им ги покажаа нашите траги. Со лазење, кучињата душеа и одеа по нашите траги; тие дојдоа до реката Арда, се поврткаа околу местото, каде што ние загазивме во водата, го душеа воздухот со кренати нагоре муцки и завршија со тоа што тргнаа по нашите траги назад по патеката и дојдоа пак кај трупот. Со двогледот ние ги следевме сите движења на оние, кои се беа собрале околу убиениот. Повторно им ги покажаа нашите траги на кучињата, а тие повторно тргнаа по нив до реката Арда и одново се вратија назад. Арда ги беше избришала добро нашите траги. По долго обиколување, најпосле насобраните околу трупот се разотидоа и го оставија и него и нас на мира. Љубопитството да видиме што ќе се случи не нѐ остави да заспиеме и покрај тоа што бевме изморени и ни се спиеше.
358
Кога сите околу куќата се разотидоа и сѐ наоколу стивна, мене ме освоил сонот. Сум задремал, но веднаш скокнав и се разбудив: одвај задреман, јас ја видов сликата на убиството; го видов убиениот, кој се мачеше да седне, го слушнав кркорењето во неговото грло, клокотењето на крвта, која обилно течеше од широко зинатиот врат... и од главата, која се мафташе одзади на грбот, како торбичка полна со песок... Кога падна мрак ние се подготвивме за пат и пред да самне, на 17 јули 1903 година, стигнавме во Человата корија над селото Карлуково. Неколку ноќи соред јас не можев да заспијам од истиот тој кошмар на извршеното убиство... Но, времето лекува сѐ - дури и кошмарите, во кои ние одново го гледавме и преживувавме ужасот од едно такво убиство, како што беше тоа што го извршивме на 15 јули 1903 година... По 30 години - во 1933 година - бев дошол за мерење и уредување на неколку општински шуми од тој крај. Посакав да отидам во Чамлаџа да ги видам децата на Кара Имамот - истите оние деца, кои играа под мене околу мојата бука дента, кога останаа сираци - да им побарам прошка и - ако имаат потреба - материјално да ги помогнам. Се распрашав за нив. Ми рекоа, дека за време на Балканската војна, низ тие места поминало Македонско-Одринското ополчение и дека тогаш целото семејство на Кара Имамот било до еден истребено. Јас бев задоцнил многу.
На 17 јули 1903 година, по убиството на Кара Имам, се видовме со Пеју Шишманов. Јас ја бев извршил обврската, којашто ја бев зел пред Организацијата што тој ја раководеше. Остануваше - за да бидеме квит и тој да ја изврши обврската, којашто ја презеде тој во врска со задачата што јас си ја бев поставил: да ми го даде неопходниот број на луѓе и храна за неколку дена, за да не бидеме принудени да бараме храна од селата покрај кои ќе минуваме, па да можеме да се провлечеме незабележано до тунелот кај селото Ени Ќој. Беше крајно време за прекинување на сообраќајот по железничката линија Жонксион-Салоник: во секој момент се очекуваше да избувне востанието во Македонија.
КРАЈ НА КОМИТЛАКОТ - Јас ја извршив задачата што ја презедов - да го убијам Кара Имамот. Сега ти треба да го исполниш чесниот збор, кој што ми го даде пред да заминам за Чамлаџа! Дај ми луѓе и храна за пет дена! - инсистирав јас.
359
Пеју Шишманов продолжуваше да се држи непријателски спрема мојот проект за прекинување на сообраќајот по железничката пруга Жонксион-Салоник и на моите инсистирачки барања одговараше со упорно молчење. Подоцна ја дознав причината за овој негов непријателски однос спрема мојот проект: Во некаква наредба од централното раководство на Организацијата, на Пеју Шишманов му е соопштено да ми даде најголема помош, бидејќи прекинувањето на железничката пруга и разурнувањето на тунелот кај Ени Ќој имале судбоносна важност за претстојното востание во Македонија. Војник по воспитување и менталитет, како што реков и порано, Пеју Шишманов не можеше да си ја замисли борбата против турската империја поинаку освен како битка меѓу турскиот аскер, командуван од офицери и востаниците, командувани од началници и раководители, како што беше тој - и затоа се сметал за навреден од централното раководство на Организацијата, коа ја сметало мојата мисија за поважна од востанието на населението во Ах-Челебиско, на чијашто подготовка тој толку долго беше работел. Истиот ден кога пристигнавме во Чиловата корија од експедицијата во Чамлаџа, со Пеју Шишманов и со уште неколку четници заминавме за Имарет дере, каде што тој имал работа и каде што - неговото присуство било неопходно. Во Имарет дере поминавме деи-два. На моите инсистирања за содејство во разурнувањето на тунелот кај Ени Ќој, тој продолжуваше да молчи како крап, или почнуваше да прави разни претпоставки за престојното востание. Во сабата, на 19 јули 1903 година стар стил, вечерта, сосема неочекувано, тој ми рече: - Ноќеска ќе заминеш со чета во селото Лакавица. Таму има еден богат Помак - В’лко го знае, ја знае и неговата куќа. Ќе ја уништите куќата, ќе му ги земете парите и ќе го убиете. Ако не сака да каже каде му се парите, В’лко знае како да го натера да каже... Со вжештена скара на главата! - појасни В’лко. Така! По секоја цена да му ги земете парите! Ајде, среќен ви пат и добра среќа! Ние тргнавме по В’лко Рајчев, кој ни беше водач. Во четата влегуваа: В’лко Рајчев, Фиљо Рајчев, Иван Шишманов, јас и уште двајца, на чиишто имиња не се сеќавам. Кога се нанижавме преку мочурливите ливади кај Имарет дере, низ стеблата и гранките на смрековите дрвја, кои ги опкружуваат ливадите, ги ѕирнав силуетите на четниците, кои во Имарет дере пристигнуваа од Бугарија. Со оваа чета пристигнале: Димитар Аргиров, Ангел Дијамандиев и други мои познати од Пловдив, кои посакале да земат учество во претстојното востание во Ах-Челебиско. Следниот ден, пред разденување, стигнавме кај селото Лакавица. За денување одбравме едно место во шумата, на патеката под врвот
360
“Чуката”. Под нас и на лево од нас беше рамништето, каде што е обработливото земјиште на селото. Иван Шишманов го поставив за стражар на патеката. Другите четници и јас легнавме да одмориме во шумата, на 20-30 чекори од стражарот. Изморени од ноќниот марш, сите четници заспаа. Уште кога Пеју Шишманов ми ја даде оваа задача, јас ја разбрав играта: тој ме испраќа да извршам еден разбојнички напад, придружено со грабеж и човекоубиство длабоко - на околу 50 километри - во бугарска територија. Како резултат на ова злодело во Бугарија ќе бидам огласен за опасен разбојник и како таков прогонуван од бугарските погранични, полициски и судски власти во целата земја. Јас и сега сум прогонуван од бугарските власти, но против мене нема формирано обвинение за извршен престап или злодело, освен обвинението во полициските и пограничните упатства, кое беше од друга природа. Злосторството што Пеју Шишманов ме натера да го извршам во селото Лакавица, немаше ниту идејна, ниту морална основа. Јас јасно сфаќав, дека тоа беше единствениот начин да ме потчини на себе и на Организацијата, бидејќи не ќе можам да живеам легално во Бугарија. Како Христо Матов пред неколку месеци, така и Пеју Шишманов сега, сакаа да ме потчинат, а каква ќе биде ползата од тоа за општото ослободително движење - за тоа како Христо Матов, така и Пеју Шишманов пет пари не даваа, за нив најважно во тоа движење беше да се чувствуваат господари на оние свои сограѓани, кои искрено се стремат кон слободен и независен живот. Тоа што населението ќе ги плаќа со своето разурнување и уништување амбициите и глупостите на раководителите - нека плаќа, штом може глупоста и лесноверноста да се раководи по нивниот ум!... Потчинет на Пеју Шишманов - значи да се откажам од својот проект да го спречам сообраќајот по железничката пруга Жонксион-Салоник и од немајкаде да учествувам во востанието на Ах-Челебиско, кое отсекогаш сум го сметал за глупост и злосторство. Зашто, како што велам и на друго место погоре, триесетина христијански села во тој крај, при едно востание ќе бидат опустошени и уништени од фанатизираното помачко и турско население на околните триста муслимански села... Што да правам? Се раздени. Сонцето изгреа. Под нас, на лево, во нивата на рамништето, на нејзиниот горен крај, дојде еден Помак кој пред себе си тераше два вола. Ралото му стоеше на нивата таму, каде што тој го беше оставил вчера. Помакот ги впрегна воловите и го продолжи орањето, коешто го беше прекинал претходниот ден. Еве! Вечерва јас треба да ја нападнам куќата на овој мирен човек, да го измачувам “со вжештена скара на главата”, за да го заграбам тоа што
361
тој го спечалил со својот напорен труд и го заштедил со илјадници лишувања, на кои се подложил целиот живот и за кои е способен само Помакот - и најпосле да го убијам... Без неговиот труд, рамништето под нас би било покриено со никому потребните трње и бурјани. Благодарение на неговиот труд, ова пусто и диво место раѓа жито, кое го храни како неговото семејство, така и другите луѓе. И јас, поради налудничавите сметки на Пеју Шишманов, ќе треба да го нападнам, да го врзам, да го ограбам и да го убијам овој скромен и полезен човек! Зарем моите идеи за слободата на човечката личност ќе ми дозволат да го извршам ова злосторство? Ако убиството на Кара Имамот може донекаде да биде оправдано со ѕверството што го беше извршил спрема Георги Стајков - со што ќе можам јас да го оправдам сам пред себе ограбувањето и убиството на овој мирен и полезен човек, кој со ништо никој не навредил? Или идеите за слободата на човечката личност и моите принципи, кои го негираат насилството, сум ги имал и сум ги проповедал само за да парадирам за нив?... “Откако си ги изгориш крилјата, да не го изгубиш патот кон Вистината и Доброто!” - се сетив на зборовите на вујко ми, кога - пред пет години - откако ја напуштив Женева, се збогував со него во Пловдив при моето заминување за Скопје. Патот кон Вистината и Доброто! Но, јас сум сега точно таму, каде што ризикувам да го изгубам! Сега овде сум на крстопат... Што да правам? Двата часа, за време на кои Иван Шишманов беше стражар истекоа. За да не ги будам другите, јас отидов да го заменам. Иван Шишманов отиде кај своите другари, кои спиеја, легна кај нив и заспа. Околу еден час откако го заменив, јас си ја тепав главата, за да донесам некое решение. Ако ја извршам задачата, која ми ја наложи Пеју Шишманов, ќе потпаднам целосно под неговата власт и не ќе можам да го реализирам мојот проект за кревање во воздух на пругата и за запречување на тунелот кај селото Ени Ќој. Ако не ја извршам оваа задача и го напуштам АхЧелебиско, пак нема да можам да го реализирам овој мој проект. И во двата случаи резултатот ќе биде ист. Само што - при вториот случај - и јас ќе си останам слободен, независен од никој. А да сум слободен и независен, значеше да побарам друг начин, за да го прекинам сообраќајот по таа железничка пруга. Тоа што значеше - да не земам учество во востанието, кое во моите очи беше злосторство спрема населението на Македонија во Ах-Челебиско. Што значи, од морални побуди и од практични деловни сметки, јас не треба да го извршам разбојништвото во селото Лакавица. Или - поинаку речено - јас треба да ја напуштам четата. Решението беше донесено. Јас ја оставив својата куса манлихерка на земјата, го симнав појасчето со шаржерите манлихерски патрони и го
362
ставив до пушката. Го симнав сето тоа што ѝ припаѓаше на Организацијата во селото Карлуково. Сето тоа го поставив така што да нема нешто, кое не може да се забележи и - додека сите спиеја, околу 8 часот наутро - тргнав надолу по патеката, слегов во коритото на реката Лакавица и покрај него се упатив за селото Југово. На душата ми беше лесно. Јас се бев победил себе си. Сознавав, дека разумот и моралното чувство во мене беа надвладеале над дивјаштвото и над предрасудата “дисциплина”. Ретко сум бил задоволен од себе, како тогаш. Откако си заминав од селото Лакавица, четата се вратила назад во селото Карлуково без да го изврши разбојништвото, што беше наредил да се изврши Пеју Шишманов.
Јас четата кај селото Лакавица ја напуштив утрото на 20 јули 1903 година и вечерта пристигнав во Пловдив. Истиот ден, недела, Илинден беше објавено востанието во Македонија. Време за губење немаше. По секоја цена требаше што побрзо да и се спречи на Турција да префрлува војски и воени материјали од Анадолија, Цариград и Тракија за Македонија. Во тоа време, железничката линија меѓу Будимпешта и Цариград, по која циркулираше патничкиот - таканаречен “конвенционален” воз, беше сопственост: од Будимпешта до Белград на унгарската држава; од Белград до Цариброд на Србија; од Цариброд до Белово - на Бугарија; од Белово до Цариград - на баронот Хирш, поради што, овој, нејзиниот последен дел, се наречуваше “Хиршова железничка линија”. Повеќето од глужбениците на Хиршовата пруга беа Грци и Французи, но - иако малкумина - имаше службеници и од другите народности. Така, телеграфистот на железничката станица во Пловдив беше некој си Апостол Димитров, Македонец од Костурско. Прислужник во вагон-ресторанот на конвенционалниот воз беше Милан Саздов - истото тоа велешанче, за кое спомнувам и на друго место во моите спомени; истото тоа момче, кое го беше пренело динамитот од Пловдив во Цариград и и го беше предало на Ана Шепиц. На околу 5 километри источно од железничката станица Кулели Бургас, железничката линија за Бургас ја пресечува реката Марица со еден железнички мост, долг неколку километри, зашто овде оваа река, откако во неа се влиле нејзините притоки Тунџа и Арда, е многу широка - неколку километри.
363
ДВА ДЕЛУМНО УСПЕШНИ АТЕНТАТА Крајна цел на моите намери да го прекинам превозот на војска и муниција од Мала Азија и од Цариград за Македонија сега беше тој мост на реката Марица. Без да соопштувам нешто за моите намери, божем во случаен разговор, јас од Апостол Димитров дознав кога конвенционалниот воз, патувајќи за Цариград, минува по мостот на реката Марица. Значи, јас го подготвив ексползивот и го навив часовникот да предизвика контакт точно кога конвенционалниот воз ќе се најде на средината на мостот. Милан Саздов, за време на престојот на Железничката станица во Пловдив, на 5 август 1903 година, го доби од мене пакетот со динамитот, го постави во вагон-ресторанот и токму кога возот засвире за тргнување, брзо слезе од вагонот со една кофа и отиде кај чешмата пред станицата божем да налева вода. Возот тргна за време кога Милан сѐ уште точеше вода од чешмата: тој смислено го испушти возот, но се однесуваше како да е очаен поради тоа испуштање. Возот тргна со 13 минути задоцнување. Тоа нѐ вознемири и мене и Милан, кој беше отишол кај Апостол Димитров откако го беше “испуштил” возот. - Ќе ги надополни! - велеше бај Апостол. - Ќе ги надополни! Одовде до Хебибчево (сегашно село Љубимец - во тоа време последна станица на бугарска територија) патот е рамен, без многу свијоци. Ами ти - се сврте тој кон Милан Саздов - како така остана овде? - Ми требаше вода за ресторанот - и останав, како што гледаш. Патниците во ресторанот ќе се начекаат вода! Накусо - до Кулели Бургас возот не можел да го надомести тоа задоцнување од 13 минути. Тој пристигнал на железничката станица Кулели Бургас и сопрел меѓу два воени воза, преполни со аскер, дојдени од Цариград. Овој аскер заминувал за Македонија да го задушува востанието во оваа разбунтувана област. По експлозијата на динамитот во вагон-ресторанот на конвенционалниот воз, 'воените возови биле толку лошо погодени, што не можеле да заминат на одреденото место. Мојот план - да го прекинам сообраќајот по железничката линија Жонксион-Салоник беше реализиран, но само делумно. Динамитот на железничката станица Кулели Бургас, кој експлоадира на петти август 1903 година, како од населението во Тракија, така и од турската власт беше протолкуван како сигнал за востание во Тракија, кое беше објавено на Преображение, на шести август 1903 година. Раскажуваа, дека силно исплашен од настаните, кои се развиваа така брзо во соседството на неговата престолнина, султанот Абдул Хамид по цели ноќи стоел кај дворскиот телеграф во Илд’з Ќошк, за да се
364
информира брзо и непосредно за она што се случува во Кулели Бургас и воопшто во Тракија. Информација: L'Illystation No 3152, од 12.1Х 1903, 168 стр. "L'atentat a Kouleli Bourgas" Како што споменувам и на друго место, во тоа време Турција засилено се вооружуваше, имајќи ги предвид евентуалностите, кои можат да уследат по Солунските атентати и востанијата во Македонија и Тракија. Сите бродови, кои патувале за Цариград, во својот товар носеа оружје или муниција, наменети за турската војска. Преку објавените востанија во Македонија и Тракија, населението на овие две области беше ставено во целосна несигурност, изложено на смрт, разурнувања и прогонувања. Од друга страна, Турција од европските држави беше сметана за поставена во состојба на законска самозаштита. Тие - владите на европските држави - и во овој случај, како што било и секогаш морално и материјално ја помагаа Турција, неодобрувајќи ги востанијата и испраќајќи и по суво и по море оружје и муниција, наменети за турската војска. Требаше да се направи несигурен транспортот за Турција и по море и тоа да се направи на тој начин, што европските капиталисти да се почувствуваат несигурни за своите капитали, кои беа поставени во услови на автократскиот режим во Турција. Така погодени, тие - европските капиталисти - од чиста неопходност ќе ја принудат нивната дипломатија да се заинтересира и за безбедноста на нашиот народ. Досега, атентатите против автократскиот турски режим се случуваа далеку од Цариград и од очите на турските властодршци. Па, сега ќе го нападнеме турскиот автократизам во срцето, така што како министрите, како и султанот Хамид со сопствени очи да го видат резултатот од нивната тиранија! И тоа да го видат тој резултат на денот кога ќе се празнува годишнината од крунисувањето на султанот Хамид! Со такви мисли и планови, веднаш по експлозијата на железничката станица Кулели Бургас, заминав за Софија, каде што се сместив на стан кај “Васката”, како што го викавме Васил Стојанов, помалиот брат на покојниот учесник во Априлското востание, публицист, писател и општествен деец Захари Стојанов; истиот Васил Стојанов, со чијшто пасош и под чие име во Цариград во текот на 1900 година живееше Светослав Мерџанов. Васката сега беше службеник во Статистиката и живееше во југоисточниот дел на Софија, на улица “Патријарх Ефтимиј” 26, ако не ме лаже умот. Кај него, во истиот стан живееја: најмалиот брат на Захари Стојанов, Иван Стојанов; неговиот братучед Стефан Петков; и двете негови роднини - “Двете Марики”, како што ги наречувавме меѓу нас. Сите тие беа родум од селото Медвен, Котленско.
365
Јас му кажав на Васката, дека во неговиот стан сум дошол да подготвам еден експлозив од динамит, бидејќи во Пловдив немам услови тоа да го направам. Откако го подготвам, ќе заминам за Варна, каде што ќе се качам на некој брод, кој ќе патува преку Бургас за Цариград. По патот ќе го наместам експлозивот на погодно место, а потоа ќе слезам во Бургас и ќе го оставам да експлоадира при поминувањето на бродот во Босфорот, некаде спроти Илд’з Ќашк. Во подготвувањето на експлозивот од динамит, којшто го бев донел со себе од Пловдив, учествуваа: Иван Стојанов, Стефан Петков, јас и некој си Пиронков, постојан посетител на Васката и на оние што живееја во неговиот стан. Часовникот го купив од Браќата Коцеви од Штип, часовничари, чијшто дуќан се наоѓаше во центарот на градот, на булеварот “Дондуков” Јас го натерав часовничарот да пробие една мала дупка на стаклото на будилникот, кого - по купувањето - го однесов во станот на Васката. Таму го извадив стаклото и ја извадив големата стрелка на будилникот, која претставуваше пречка за целта што ја имав со неговото купување, потоа го ставив стаклото на неговото место. Во дупчето што го бев пробил во стаклото го протнав неизолираниот крај на една изолирана бакарна жица, така што малата стрелка на будилникот - при своето движење - во моментот што јас ќе го одредам ќе се допре до неизолираниот крај на жицата. Оваа жица ја поврзува со анода на една џебна електрична батерија, којашто ја бев купил минатата година во Виена, каде што бев патувал за да се сретнам со Борис Сарафов. Во тоа време такви електрични батерии немаше во Бугарија. Батеријата ја купив “за секој случај”. Другиот крај на истата жица потоа го пикнав во капсулата ставена во динамитот. Едниот крај на другата изолирана бакарна жица го сврзав со металната конструкција на будилникот, а другиот нејзин крај, откако го поврзав со батеријата, го ставив во истата капсула. Јас бев пресметал - и при направениот експеримент со така подготвениот будилник, бев докажал - дека меѓу навивањето на будилникот и предизвикувањето експлозија ќе можат да поминат 11 часови - време, за кое брзите бродови за Цариград кои доаѓаа од Варна, го употребуваат за патување од Емине Бурун (североисточно од Бургас) до кај средината на Босфорот. По подготвувањето на експлозивот и неговото поставување во еден патнички куфер, јас го зедов куферот, за да одам на железничката стаиица. Иван Стојанов и неговиот братучед Стефан Петков изразија желба да дојдат да ме испратат до железничката станица. По патот до станицата, тие, особено Иван Стојанов - најнастојчиво бараа: тие да заминат за Варна и да го постават експлозивот во некој од бродовите, кои заминуваат за Цариград. Толку многу настојуваа, што јас најпосле попуштив. Така и
366
се случи, па наместо тие да ме испратат мене, излезе јас да ги испратам. При заминувањето на возот ние се поздравивме така обичио и банално, како што се случува кај луѓе, кои наскоро пак ќе се видат. Па најверојатно - по неколку дена тие ќе си дојдат пак во Софија! Возот засвире и тргна. Тие заминаа - и јас веќе не ги видов... Тие пристигнале во Варна. Имало еден брод, кој ќе патувал за Цариград, еден нов, многу брз унгарски брод - “Вашкапу” (“Железна врата”). Тие се качиле на него и заминале за Бургас. Кога бродот стигнал и се изедначил со Емине Бурун (најисточната точка на Стара планина), Иван Стојанов и Стефан Петков се зафатиле со експлозивот во куферот, за да го навијат будилникот, за потоа да слезат во Бургас. Што се случило тогаш? Како се добил контакт при навивањето на будилникот, откако - во Софија - на неколку пати беше проверувано дејствувањето на будилникот за добивање на контакт во посакуваното од нас време? Тоа останува и ќе остане загатка за вечни времиња. Очигледно е дека експлозивот избувнал во времето, кога будилиикот бил направен. Од какво фатално невнимание бела предизвикана оваа ненавремена експлозија? Никој не знаел. Експлозивот се запалил и експлоадирал. “Вашкапу” изгорел на неколку километри точно од градот Месемврија. Сите патници, морнари и прислужници, кои се наоѓале во тоа време на бродот загинале - на прво место атентаторите Иван Стојанов и неговиот братучед Стефан Петков. Не сум во состојба овде да го пренесам она што го преживеав откако дознав за изгорувањето на бродот “Вашкапу” кај Месемврија. Во главата ми настана необјаснив хаос од најразлични чувства. Имав впечаток, дека сум удрен со дрво по главата. Јас како да се лишив од способноста да расудувам и споредувам. Првото нешто што го манифестирав, беше бескрајната жал за загинатите славни момчиња Иван Стојанов и Стефан Петков, второто - жал за тоа што бродот изгорел не по неговото Влегување во Босфорот, туку во бугарските води и дека напразно биле жертвуваните животи на луѓето што се наоѓале во него; самообвинување за тоа што попуштив пред настојувањата на загинатите да одат во Варна тие, а не јас и слично. Васката ја прими веста за нивното загинување со видливо спокојство, но начинот на кој си ги апеше усните и брзото - одвреме-навреме - собирање на мускулите на неговото лице, покажуваше колку е силно вознемирен. Кога ја дознаа веста за нивното загинување, “Двете Марики” безутешно се расплакаа. Тие ме обвинија мене, дека јас сум причина за смртта на нивните братучеди. По цели ноќи “Двете Марики” молчаливо плачеа во своите кревети и ги натопуваа перниците со нивните солзи. Моето останување во Софија стана невозможно и едно утро јас заминав за Пловдив.
367
Во Пловдив затеков една страшна состојба: целото христијанско население од Ах-Челебиско, по објавувањето на востанието во тој крај, било протерано. Од страв пред многубројниот турски и помачки башибозук, тоа ги напуштило селата и тргнало масовно да се спасува во Бугарија. Населението ја поминало границата меѓу стражарниците Чил тепе и Кас’м дере по еден незначителен судир со турските војници, во кој бил убиен само еден човек од оние ах-челебијци кои бегале - Дели Јани од селото Петково. Кога дознав за смртта на овој одличен човек јас ги преживеав истите чувства како и при загубата на Иван Стојанов и Стефан Петков. Пребегнатите ах-челебијци скитаа немили и недраги од едно место на друго низ Чепеларско, Станимашко и Пловдивско без материјални средства, без покрив над главата и без работа и поминуваа во најцрна беда. Нивните села и куќи, напуштени од сопствениците, биле подложени од страна на Помаците на најбезмилосно ограбување. Дури тогаш јас дознав зошто Пеју Шишманов ме беше испратил во текот на јули истата година во селото Лакавица со задача да ја нападнам куќата на тамошниот богат Помак, за да го ограбам и да го убијам. Тој целел на две нешта: да се осугури себе материјално во иднина, кога прогонетото по негова вина Ах-Челебиско население ќе скапува во најцрна беда; и да ме направи безопасен. Одново јас се почувствував задоволен од себе си, дека не го извршив ова злосторство по наредба на Пеју Шишманов и што ја напуштив четата, а со тоа и Ах-Челебиско.
Наредните неколку месеци ги поминав во Пловдив во најголема беда и речиси во постојано тагување. Во тоа време немаше случај некогаш да сум се чувствувал сит. Јас не бев подготвен за секојдневниот живот: не знаев никаков занает, а и не умеев да си ги искористам своите знаења за задоволување на своите потреби. Се обидував да заборавам на гладот, убивајќи го времето во пловдивската Народна библиотека, каде што почнав да преведувам од француското списание Revue des deux Mandes еден опстоен преглед, озаглавен со “La renaissance de la chine”. Сметав преводот да го испратам во некое периодично списание и на тој начин да ги спечелам неопходните средства за покривање на моите насушни потреби. Јас не го земав предвид тоа, дека додека на тој начин да добијам тоа што ми е потребно, ќе помине толку време, што ќе умрам од глад не еднаш, туку многу пати. Но, животот тече без да се сообразува со нашите желби и очекувања и на тој начин секој ден ни носи изненадувања. Еден ден - на 8 април 1904 година, четврток - околу пладне, кога излегов од библиотеката и се чудев од каде да најдам 40-50 стотинки, за
368
да се најадам - на плоштадот пред библиотеката бев пресретнат од тројца стражари, кои ме уапсија и ме одведоа во првата полициска станица. Зошто ме уапсија? Според некаква спогодба меѓу бугарската и турската Влада, бугарската власт се обврзала да ги интернира во внатрешиоста на земјата немирните елементи меѓу македонската и тракиската емиграција, кои живееле во градовите кои се наоѓале блиску до границата со Турција, меѓу кои градови бил и Пловдив. Наредниот ден - 9 април 1904 година - придружуван од двајца стражари, јас бев качен на возот и интерниран во градот Стара Загора. Тркалото на мојот живот одново се заврте, но во друга насока. Крај Пловдив 15 април 1959 година
369
БЕСПРЕКОРНА БИОГРАФИЈА
Петар Манџуков е истакнат македонски револуционер роден 1880 година во селото Мирковци, крај Скопје. Поради крајно лошите економско-социјални услови во кои живее Манџуков татко му е принуден да го напушти родното место и да емигрира во Софија, Бугарија. Така Манџуков суровите емигрантски услови за живеење ќе ги почувствува уште во најраната детска возраст, поточно кога има само три години. Меѓутоа, овој наш с\ уште недоволно познат револуционерен деец сепак имаше среќа речиси во текот на целото негово интелектуално зреење и формирање како личност со високи творечки квалитети да ја стекне и ужива материјалната и секаква друга поткрепа на неговиот благороден вујко - владиката Натанаил Кучевишки. Со сесрдната помош на вујко му и несебичниот негов ангажман, упорност и настојчивост, Манџуков успева да заврши средно, а потоа и високо образование на Универзитетот во Нанси, Франција. Во македонското револуционерно движење Манџуков се вклучува уште во своите младини, што ќе рече додека е во средното училиште. Манџуков, како што веќе наведуваме во претходните два тома од предговорите на неговите мемоари, е анархист по убедување. Во анархистичкото движење во Бугарија Петар Манџуков се вклучува уште како ученик во Пловдивската гимназија. Подоцна ќе се вклучи и во работата на Македонскиот анархистички кружок во Женева, каде што заминува да студира хемија. Манџуков подоцна станува еден од најактивните членови во македонското револуционерно движење. Многу битно е, дека за сето време додека е активен учесник во борбата за ослободување на македонскиот народ од турското ропство, тој одржува контакти со врвните претставни-
ци и на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) и со Врховниот македонски комитет (ВМК) со седиште во Софија. Сепак, за сето време Манџуков достојно ги штити принципите на анархизмот како идеологија еднакво оддалечена и од двете крила на македонското револуционерно движење. Составен и многузначен дел од револуционерната дејност на Манџуков е неговото учество во клучните акции што македонските анархисти ги презедоа против отоманската тиранија, поточно против турскиот автократизам. Имено, Манџуков директно учествува во копањето на тунелот до темелите на главното седиште на Отоманската банка во Цариград, а потоа вложува големи напори за обезбедување средства да се купи динамит за кревање во воздух на филијалата на Отоманската банка во Солун. Манџуков организира и два делумно успешни атентата, со кои се обидува да го спречи нормалниот “дотур” на жива воена сила во разбунтуваните реони во Македонија за време на Илинденското востание, чијшто непоколеблив противник останува докрај. Манџуков доживува длабока старост (умира 1967 година во Пловдив, Бугарија) и зад себе остави импозантно револуционерно дело. Неговиот севкупен придонес како револуционер во современата македонска историја останува допрва да се проучи.
СОДРЖИНА
ДЛАБОКО ВО МАКЕДОНСКАТА НОЌ.......................
5
ТРЕТ ДЕЛ ВО ЦАРИГРАД И СОЛУН................................. 11 ПОДГОТОВКИ ЗА ЗАМИНУВАЊЕТО .............. 13 СРЕДБАТА СО МЕРЏАНОВ ...................................... 32 НА РАБОТА ВО ПЕЧАТНИЦАТА НА КАЛЧЕВ .................... ....40 ГРАД НА ГОЛЕМИ ПРОТИВРЕЧНОСТИ .............. 46 ОПАСНИ НОЌНИ ПОЖАРИ ................................... 51 ОБИД ЗА УБИСТВО ........... 57 КАКО ДА СЕ ЛИКВИДИРА СУЛТАНОТ.................. 61 ПРИСТИГНУВАЊЕТО НА СОКОЛОВ ...................... 67 ПЛАН ДА СЕ УРНЕ ОТОМАНСКАТА БАНКА ......................... 74 КОПАЊЕ ТУНЕЛ ДО ТЕМЕЛИТЕ НА БАНКАТА .................. 80 НАБАВУВАЊЕТО НА ДИНАМИТОТ ......................................... 92 СОКОЛОВ ГИ РАЗОБЛИЧУВА КИРИЛ И МЕТОДИЈ ............... 97 СПОРОТ СО СОЛУНЧАНИТЕ ...................................................... 104 ГРАБЕЖОТ ВО ПЛОВДИВСКО..................................................... 108 ПАВЕЛ ШАТЕВ ВО ЦАРИГРАД................. ....117 ГО ВИДОВ СКЕЛЕТОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ .................................................................. 122 ВИСТИНАТА ЗА ПРЕКАРОТ ГЕМИЏИИ ................................ 128 ТУНЕЛОТ КОНЕЧНО ИСКОПАН ................... 132 МЕЃУ БУГАРИТЕ ВО МАЛА АЗИЈА ......................................... 137 ОТКРИВАЊЕТО НА ДИНАМИТОТ И АПСЕЊЕТО НА КАЗАКОВ ............ 143 БУРАТА СЕ НАБЛИЖУВА ............................ 149 ВО ТУРСКИТЕ ЗАНДАНИ ...... 156 НЕОЧЕКУВАНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ЗАТВОРОТ ............. 169
ЧЕТВРТ ДЕЛ ЗАТИШЈЕ ПРЕД БУРА ............... 181 ОДНОВО ВО СОФИЈА И НИЗ БУГАРИЈА ................................ 183 ПЛАСИРАЊЕ ОБЛИГАЦИИ ЗА СОЛУНСКАТА АКЦИЈА ..190 ВО СОФИСКИТЕ МАКЕДОНСКИ СРЕДИНИ........................... 194 ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДИНАМИТ ЗА СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТИ ........................................................................... 200 ДИНАМИТОТ СМЕСТЕН ВО ПЛОВДИВСКАТА МИТРОПОЛИЈА ................................................................... 206 КОБНАТА ВЕСТ ОД ЦАРИГРАД ................................................... 212 ЦЕЛОТО ВНИМАНИЕ НАСОЧЕНО КОН СОЛУН .................. 219 ДРУГАРУВАЊЕТО СО ОРЦЕ И МИЛАН ПОПЈОРДАНОВИ ...................... 223 АПСЕЊЕТО НА САРАФОВ - ГОЛЕМ УДАР ВРЗ СОЛУНСКАТА АКЦИЈА ..... 232 ВО ТЕАТАРСКАТА ТРУПА НА ЧЕРНОДРИНСКИ ................. 243 ОГНЕНО ЗАСТРАШУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ БОГАТАШИ .... 249 ИЗБРКАН ОД ПЛОВДИВСКАТА МИТРОПОЛИЈА .................. 256 СТРАШНАТА СМРТ НА СОКОЛОВ .......................................... 260 ЕДНО НОВО РАБОТНО ИСКУСТВО............................................ 269 ПАТУВАЊЕТО НА ОРЦЕ ВО ЖЕНЕВА ..................................... 274 ДЕЛУМНО ИЗВРШЕНА ЗАДАЧА ................................................. 277 РАЗДЕЛБАТА СО ГЕМИЏИИТЕ .................................................... 284 ОДНОВО ВО ЗАТВОР - СЕГА ВО ПЛОВДИВ ............................. 292 СО ЧЕТА ВО АХ-ЧЕЛЕБИСКО ...................................................... 299 СТРАШНИТЕ НАСТАНИ ВО СОЛУН ................... 304 ПЕКОЛНИОТ ДЕН ........................................................................... 306 РИЦАРИТЕ НА ДИНАМИТОТ ........................ 310 НЕВИСТИНИТИТЕ ОПИСИ НА ШАТЕВ.................................... 316 СЦЕНИ ОД КОМИТСКИОТ ЖИВОТ............................................ 322 ПОДГОТОВКИ ЗА АТЕНТАТОТ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ЛИНИЈА ЖОНКСИОН-САЛОНИК ............................... 328 ТЕГОБНИОТ И КРВАВ КОМИТСКИ ЖИВОТ........................... 336 ЈАЛОВИ АКЦИИ И ЕДНО ПОДЛО ПРЕДАВСТВО............... 345 УБИСТВОТО НА ПОМАКОТ КАРА ИМАМ.............................. 354 КРАЈ НА КОМИТЛАКОТ ................................................................. 359 ДВА ДЕЛУМНО УСПЕШНИ АТЕНТАТА .................................... 364
Издавач:
МЕНОРА Порта Буњаковец, А-2, Дијадема, Ламела I бр. 12-1 91000 Скопје е-mail: [email protected] Петар Манџуков ПРЕДВЕСНИЦИ НА БУРАТА МЕМОАРИ ТОМ III
Превод на македонски: Ванчо Меанџиски
Рецензенти: Д-р Нада Јурукова Д-р Ѓорги Малковски
Подготовка и печат: МЕНОРА Скопје
Изданието е финансирано од Министерството за култура на Република Македонија СIР - Каталогизација во публикација Народна и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје
МАНЏУКОВ, Петар Предвесници на бурата: мемоари. Т.З, Петар Манџуков. - Скопје: Менора, 1999. - 376 стр.; 24 см Фусноти кон текстот. - Петар Манџуков: Предвесници на бурата: длабоко во македонската ноќ / Ванчо Меанџиски: стр. 5-10. ISBN 9989-632-61-8