Covekot i Bog, Igrata i Tancot [First Edition] 9786082456881

The first book of a psychologist and philosopher who lives in Skopje, Macedonia.

243 181 3MB

Macedonian Pages 120 [121] Year 2021

Report DMCA / Copyright

DOWNLOAD PDF FILE

Table of contents :
1. Predgovor
2. Dusha
3. Sebesi
4. Reprodukcija
5. Slushanje
6. Srekja
7. Tebe te ljubam
8. Misla
9. Imenki
10. Beskonecni univerzumi
11. Sami sve vo univerzumot
12. "JAS"
13. JAS E BOG
14. Paradoks
15. Posesija
16. Sloboda
17. Omraza
18. Denot na --
19. Ptica
Recommend Papers

Covekot i Bog, Igrata i Tancot [First Edition]
 9786082456881

  • 0 0 0
  • Like this paper and download? You can publish your own PDF file online for free in a few minutes! Sign Up
File loading please wait...
Citation preview

Човекот и Бог, Играта и Танцот

Човекот и Бог, Играта и Танцот

Дејан Смоковски

Дејан Смоковски

Дејан Смоковски ЧОВЕКОТ И БОГ, ИГРАТА И ТАНЦОТ

Печатена во земјата која е добра со сите, а со неа никој.

© Дејан Смоковски, 2021 Сите права се задржени. Печати: Студентски Сервис - Скопје Графички дизајнер: Бојана Гиговска CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски", Скопје 821.163.3-1 СМОКОВСКИ, Дејан Човекот и Бог, Играта и Танцот / Дејан Смоковски. - Скопје : Д. Смоковски, 2021. - [121] стр. ; 20 см ISBN 978-608-245-688-1 COBISS.MK-ID 54057733

Дејан Смоковски

ЧОВЕКОТ И БОГ, ИГРАТА И ТАНЦОТ

Скопје, 2021

ПРЕДГОВОР Во раниот 21-ви век, човекот истражува за нешта кои се зависни од времето, зависни од контекстот. Сето тоа што денешниот човек го истражува и сето тоа што денешниот човек го прави, нема да важи и нема да е вистинитост во друго време и друг контекст. Сето тоа со што денешниот човек се бави, е само дел од времето во кое тој човек е присутен. Денешните нешта не важат за минатите нешта, нитy пак денешните нешта ќе важат за идните нешта, но сепак денешните нешта се исто толку многу важни како и сè останато во универзумот. Оваа книга не зборува за нештата кои се зависни од времето и контекстот на човекот. Оваа книга, како и многу други низ историјата на човекот, зборува за нешто што отсекогаш било и отсекогаш ќе биде, а на времето останува како човекот ќе гледа на овие нешта. Во обид да дадам предговор кој, според мене, ќе биде задоволувачки за оваа книга, на ум ми доаѓа само една фраза. „Обидот да се дефинираш себеси е како обидот да ги гризнеш своите заби“ – Ален Ватс. Навистина, огромна тешкотија ми претставува да ја опишам оваа книга. Оваа книга доаѓа од деловите на мојата психа кои се нејасни за мене, исто како што, уметникот кој црта, тоа што го црта не знае од каде доаѓа, едноставно доаѓа. Стилот на пишувањето, може да делува чуден, но стилот на пишување за оваа книга е тој, а причината, и мене не ми е јасна. Можеби доаѓа од деловите на мојата психа кои се спротиставуваат на авторитетните закони и правила, можеби доаѓа од деловите на мојата психа кои се

креативни и необични, а можеби и доаѓа од деловите на мојата психа кои бараат внимание. Сето тоа не можам јас да го кажам, тоа останува на читателот и критичарот. Но можам следново да го кажам со сигурност. Оваа книга во својата суштина е философска. Таа иако во себе содржи елементи на психологија, социологија, екологија, лингвистика и други, сепак духот на книгата е философски, исто како и мојот. Секако, ти како читател, можеш да го проектираш и твојот личен дух, со што можеби ќе најдеш и други жанрови. Пораката која оваа книга ќе ја прати, јас не можам да ја знам. Но ќе го кажам следново. Оваа книга не е сериозна. Тоа значи, оваа книга не е академска ниту пак е научна. Оваа книга е проекција на забавата во мојот ум, забавата со целото постоење и целата суштина на кој сум, или кој е. Се надевам оваа книга, ти како читател, нема да ја сфатиш сериозно на ниеден начин, туку ќе ја гледаш како што ја гледаш водата, дрвјата и сиот свет. Но доколку оваа книга ја сфатиш сериозно, на ум ми паѓа една приказна. „Некогаш си бил некој познат философ и учител кој се посветил да учи Зен многу години. Денот кога конечно се просветлил, ги изнел сите книги во дворот и ги запалил“.

Дејан Смоковски

ДО МОЕТО СЕМЕЈСТВО КОЕ ГО СРЕЌАВАМ САМО ЕДНАШ

ДУША Ако не ја дадеш душата за тоа, воошто не го прави. Ако се двоумиш за тоа, душата не ја даваш. Ако го размислуваш тоа премногу, душата не влегува. Душата како што вели големиот Буковски треба да е „бим бим бим“, не треба многу тинтарење и анализирање. Душата одма е, таа не планира. Душата секогаш е, само дали е пуштена. Нека не ти биде како врапче во кафез. Секогаш кога свирка и бара надвор, пушти ја нека излезе. Нејзиното туткање и стегање не ѝ прави добрина. Душата во својата природа е да биде слободна. Да ја има. Да се покажува. Да се искусува. Тоа туткање и стегање на душата, научено ти е. Заборави го. Види, ако не го заборавиш наученото туткање и стегање на душата, ќе се случат најлошите нешта што можеш да ги замислиш. Живот со тага, каење, страдање. Животот што го живееш ќе е за џабе. Ние мислиме дека стресот, шок ситуации и опасности се најлошите нешта што можат да ни се случат, но не е така. 11

Најлошите нешта што можат да ти се случат се живот на празно иживеан. Празен живот полн со поттиснувања и „што ќе биде“ или „што ќе кажат“. Не дека ти треба сега да тргнеш спротивно од општествените норми, и да пристапиш кон животот со мото „ќе правам што јас сакам“. Не постои слободна волја, па така, ако јас те инспирирам со ова да ти се противиш на општеството „за инат“, тогаш ти го правиш истото што го правеше и пред да го прочиташ ова. Честа забуна во спиритуалното „развивање“ е заблудата дека кога влегуваш во спиритуалните води, ти стануваш над „обичниот човек“. Тоа не е точно, бидејќи пред спиритуалните води, ти го имаш Бог Комплексот т.е. комплексот дека ти си над сè. Со самиот тој однос што би бил дека тој што е на спиритуално „развивање“ се спротиставува на општествените норми, е исто толку Бог комплекс, колку што било и пред спиритуалното „развивање“. Спиритуално развиениот човек не се облекува како Тарзан или пак во скинати алишта. Тој е толку многу обичен колку „обичниот човек“, единствената разлика кај спиритуално „развиениот“ човек е разликата дека него не му менува дали ќе носи скинати или убави алишта, во обете ја гледа среќата. Така да, тие спиритуално „развиени“ луѓе кои пробуваат да ги сменат општествените норми, поради тоа што се многу „спиритуално освестени“, всушност, не се воопшто спиритуално освестени. И со тоа што не се воошто спиритуално освестени, го прават истото што го правеле и пред да почнат на 12

„спиритуалното развивање“. Со други зборови, сè ти влијае и те носи кон одредени активности. Но доколку душата не е слободна додека ги правиш тие активности, тогаш и со „револуционерен“ пристап кон животот ти ќе бидеш без душа. Целиот живот, без разлика на неговиот квалитет, доколку е поминат без душа, е напразно поминат. Земи го за пример Диоген. Диоген немал ништо во животот освен дарот на философијата. Диоген без разлика на „квалитетот“ на неговиот живот т.е. тоа што немал ништо, он целиот живот го живеел со полна душа, без разлика колку тоа звучи цинично или негативно. Александар му се восхитувал на неговата мудрост и полност во животот. Диоген бил полн со душа. Он го прифатил со љубов тоа што бил! Не се противел на тоа, го прифатил дарот на универзумот и тоа што бил и требало да биде. Како што вели Џиду Кришнамурти„Биди сиромав, кому е гајле!“ Секако ова што го кажува Џиду Кришнамурти не го кажува со акцент на тоа дека треба да останеш сиромав и дека сиромавите треба да се сиромави. Сè што правиш, прави со душа, дури и да е болест. Сега кога го читаш ова, доколку си здрав, не ти ни паѓа на памет како е да си болен, и овој миг, кога си здрав, го земаш како обичен, ништо-посебен момент. Затоа кога си болен треба да си полн со душа, бидејќи кога ќе оздравиш ќе знаеш колку вреди здравиот момент. 13

Исто е и со самиот свет кој го доживуваме преку нашите сетила. Бебето кое се раѓа, плаче само поради една причина. Не дека како што велат психолозите, не се чувствува сигурно, го болат очите од светлината, ушите му се полни со инпут, гладно е, ладно му е итн... Туку поради фактот, дека на бебето сè му е ново. Замисли да си бебе и сè што гледаш, слушаш, мирисаш и доживуваш ти е за првпат. Сè ти е ново. ПА СЕКАКО ДЕКА ЌЕ СЕ УТЕПАШ ОД ПЛАЧЕЊЕ! Поради истата причина плачат и старите луѓе кои не разликуваат одредени бои, и за првпат со модерната технологија, гледаат бои. БИДЕЈЌИ ЖИВОТОТ Е ПРЕКРАСЕН! Ама нашите умови се навикнале на животот и дури ни е здосадено... КАКВА БОЛЕСТ! Затоа навиката е најлошото нешто. Бидејќи те става во кутија на игноранција и земање на сè за обично и ништо посебно. Запомни, нема втори случувања! Сите случувања се случуваат еднаш. Да не звучам модерно и клише, но не давај да ти избега возот. Ако не ја пушташ душата да ги искуси сите случувања, си губиш време. Си губиш живот. Во зборовите на Буковски„Пријателски совет за многу млади луѓе. Оди во Тибет, јавај камила, прочитај ја библијата, офарбај ги чевлите сини, израсни брада, спиј по цел ден и качувај се на дрвја навечер, чувај ја главата под вода и свири на виолина...“ 14

Живот без душа не е правдина на самиот живот и самиот ти. Модерните пранги не учат да сме претпазливи. Да се чуваме. Пази да завршиш факултет, пази да се вработиш, пази да создадеш семејство... Цело време се пазиме. Чувари не пазат, полицијата не пази, политиката не пази, културата не пази, религијата не пази, Бог не пази. Но кој ги пази чуварите, полицијата и Бог? Кој ја пази политиката? Политичарите? Не би рекол. Од кого би ја пазеле политичарите политиката? Од самите себе? Тука лежи и парадоксот на заштитата. Сè додека константно се штитиме од нешто, ќе има и нешто што константно ќе не напаѓа. Бидејќи претпазливоста во себе, скриено, држи елемент на опасност. Тоа е светиот принцип на поларитетот, за секој плус има минус. За секое внатре има надвор, и обратно. Тоа е проблемот со одбраната и нациите. Нациите наводно формираат војска што ќе ги штити. Но со самото тоа формирање на војска, они се спремаат за конфликт т.е. уште со самата помисла за формирање на војска, они влегуваат во конфликт со сè останато. Дури и подалеку, самиот нивен однос кон светот, е во конфликт. И од тој однос излегува помислата за формирање на војска. Секако нивниот лош аргумент би бил„Ако немаме војска, ќе не поробат одма другите“. Јас не го пишувам ова само за вас. 15

Ова е свето универзално правило во животот. За сите важи. Освестувањето не се случува кога само едната страна се буди. Освестувањето се случува кога двете страни се будат и сфаќаат дека се едно. Но еве, и да не се разбудат двете страни. Зарем ако еден е будала, сите треба да бидат будали? Ако еден човек не ги почитува законите во државата, зарем треба и сите останати да не ги почитуваат законите? Многу е едноставно да се излезе од конфликт, но проблемот е во тоа што сѐ уште мислиме за што ќе биде доколку другата страна не излезе од конфликт, со што, ПОВТОРНО СЕ ПАЗИМЕ! Тука е гласно и прашањето„Како тоа да нема пари, што ќе јадеме?“ Прашањето има и имплицитен одговор. Одговорот е дека немаме љубов. Бидејќи доколку имавме љубов, на прво место нема да имаме пари. А и самиот пад на парите т.е. сфаќањето дека парите не постојат, ќе се случи само доколку првин допреме до љубовта. Љубов не само спрема себе, љубов спрема сè. Целиот комплекс на сигурност е огромна глупост на умот на човекот. Тоа што се чуваме од сè и се плашиме од сè, потекнува од Бог Комплексот. Односот дека јас сум над сè, јас сум поважен од сè. Модерен тренд на мисла е„Мора себеси да се вреднуваш повеќе од другите, инаку ќе те газат“. Но повторно се враќаме на истото, дали ако е еден будала 16

сите треба да бидеме будали? Со самото тоа што ние имаме однос кон светот дека сме над сè, ние се ставаме во ситуација на опасност. Фундаментална ситуација на опасност! И таа опасност нема да се тргне и да ги имаме највештите чувари и најмоќните оружја. Поклонувањето не е знак за почит. Поклонувањето е еден вид на несвесно потсетување со говорот на телото, за тоа кој каде припаѓа. Поклонувањето е една проекција на односот на општеството т.е. кога постои крал, секој кој го посетува мора да се поклони поради тоа што од поклонувачката позиција, е многу тешко да нападнеш. Затоа и царевите секогаш седат со грбот до ѕидот, бидејќи знаат дека колку и да се добри или лоши, самиот однос што се хиерархиски над сите, ги става во опасност. А кога си до ѕидот, никој не може да те нападне од позади. Затоа и имаат тајни тунели кои им служат за бегање. Бидејќи несвесното на некој начин, секогаш е свесно. Од друга страна пак, за истата причина шаманите во племенските народи, немаат чувари. Тие дури и седат во колиби малку изолирани од членовите на племето. Бидејќи не се прават најмудри и најпаметни. Тие се освестени и знаат дека не можеш човека со сила да освестиш, туку можеш да му дадеш до знаење дека постои нешто како освестување. А одлуката и спремноста зависи до самиот човек. Во спротивно на шаманите, денешните психолози кои многу сакаат суптилно да се промовираат, што е Бог Комплекс, те мамат преку разни 17

прости и без контекст пораки, кои ти ги читаш и си викаш„Леле, така е скроз... Леле, алал да ти е!“ Со што, УШТЕ ТОЛКУ ВЛЕГУВАШ ВО КАША. И доколку на ова реагираш со пораката„Стварно е така бе... УА за психолозите!“ тогаш си исто толку многу прост како и претходно.. Денешните психолози, преку маркетинг трикови доаѓаат до тебе и ти велат„Добронамерно дозволи ми да ти помогнам или ќе се удавиш! – рече мајмунот, ставајќи ја рибата безбедно горе на дрвото“ - Ален Ватс. Но еве. Запрашај се. Од што се пазиш? Од кого се браниш? Од кого се чуваш? Кога го прашале„Каков треба да е односот со другите?“ Рамана Махарши одговорил„Нема други“. Дали Рамана можеби знаел нешто што е скриено? Или пак тропал глупости? Пушти ја душата да дише, не ѝ треба нејзе пазење бидејќи она е темелот. Ако нешто навистина може да не пази, тоа е душата. А сите чувари што пазат нешто, не се душата. Родителот кој го пази детето постојано и е обземен од мислите „да не се удри“, „да не падне“, „дали дише?“ е преоптоварен и со пранги. Кај него нема душа. Не е душа тој вид на пазење, бидејќи подоцна ќе стане гушење. Родителот кој преку душа го пази детето, воедно го остава да е самостојно и воедно му пружа љубов и грижа. 18

Душата нè пази преку слобода, а не преку наметнување правила и норми. Кога има душа нема правила и норми, бидејќи душата е супериорната интелегенција која секогаш знае што, како и зошто. Затоа денешното општество нема душа, бидејќи тоа е полно со правила, норми, закони, вака-треба/така-треба... Во здравото општество, сите знаат која им е улогата. Нема потреба да се потенцира тоа. А да, ќе заборавев. Во зборовите на Ниче„Секој ден во кој не сме танцувале барем еднаш, е изгубен ден“. Така и душата. Таа треба да танцува, а не да стигне некаде или пак да изгради нешто. Она е сама по себе цела.

19

СЕБЕСИ Се немаш себеси, доколку ги немаш другите. Не говориш јазик твој личен, туку јазик даден од другите. Сеќавањата, спомените, искуствата, знаењата доаѓаат од другите. Воздухот што го дишеш не е твој, тој е „другите“. Земјата на која движиш, таа не е твоја, таа ти помага да ти си некаде, дури она е и најважната бидејќи она да не е, ти ќе си никаде. Другарите, родителите, и тие не се твои. И тие се другите. Не дека со тоа што тие се другите, ти си осамен и сам, напротив, со тоа што они се другите, ти си целосен! Органите во телото кои си работат самостојно без никаква контрола, тие сигурно не се твои, бидејќи они си го прават своето без твоја контрола на ист начин како што и сите луѓе си го прават своето. Ништо не е твое, бидејќи ти немаш никаква контрола врз ништо, само си тука да искусуваш. Приврзувањето за нештата носи до страдање. Не велам да бидеш ладнокрвен и сè да правиш исто како да не правиш. Сè да менуваш брзо и да не ти е гајле за ништо. Сè да правиш од лична корист и задоволство. Баш напротив, како што вели Чуанг Тзу„The perfect man employs his mind as a mirror, it grasps nothing, it refuses nothing, it receives, but does not keep“. 20

Затоа баш напротив, сè што правиш прави го со целосно посветување! Но не се идентификувај со нив, бидејќи идентификувањето со нештата гради цврста врска, а нештата имаат крај. Затоа биди целосно посветен на нештата додека се, а кога повеќе не се, остави ги да си одат. Денес преовладува погрешно сфаќање за приврзувањето (attachment). Луѓето кои читаат источна философија, сфаќаат дека приврзувањето прави конфликт. И почнуваат да менуваат сè. Продаваат куќи, не им зборат на родителите, на другарите, раскинуваат со партнерите, почнуваат да се носат различно, стануваат арогантни итн. Сето тоа е погрешно сфаќање за приврзувањето. Сфаќањето за приврзувањето не е да фрлиш сè во вода и да речеш„Не се приврзувам“. Или пак да немаш партнер. Согледувањето на приврзувањето опишува внатрешна состојба. И таа внатрешна состојба нема врска со што имаш ти надвор. Но таа внатрешна состојба има врска со тоа што, доколку ти утре раскинеш со партнерот, ќе знаеш дека едноставно тоа е начинот на кој што се случуваат нештата, и нема да го бараш за да го тепаш нејзиниот нов дечко. Или пак, таа внатрешна состојба има врска со тоа што, доколку смртта се ближи или се случи, нема да очајуваш и да се плашиш од неа, туку ќе ја примиш со најголема чест. Кога го согледуваш приврзувањето, сфаќаш дека не ти е потребна ружата од паркот, дома во твојата вазна. Кога на нештата гледаш како трајни или фиксни, како нешта кои не се менуваат, тогаш и умот се закачува за нив како да засекогаш ќе 21

бидат. Е тогаш има страдање! Бидејќи, таму каде што нема согледување, таму има страдање. Но пак од друга страна, во исто време, Сè е „ТИ“! Сè е „ЈАС“! Бидејќи тоа што се вика „себеси“ или „јас“ не постои самостојно. Ти не можеш да постоиш без другите. Ако нешто, ти доаѓаш од родителите, кои се другите! Ако раѓањето е нешто, е тоа! Дека требаат другите за да се родиш ти. Дека требаат другите за да се роди „јас“. Тоа „јас“ или тоа „ти“, што моментално во текстов е исто, е СÈ. Целата поврзаност на нештата, само од субјективно доживување, или со други зборови, само од доживување. Научниците преку модерните правила, преферираат да користат термини кои се непотребни и носат до конфузија на умот. Самиот западен ум тоа го прави во својата суштина. Никос Чаусидис вели„Тоа што е преубаво не е убаво. Убавото е убаво, сѐ што е повеќе од убаво, не е убаво“. По истиот принцип, нема субјективно доживување, има само доживување. Кога велиш субјективно доживување имплицираш на објективно доживување, што е тотално апсурдно и 22

непостоечко. Тоа што искусува, нема субјективност или објективност. Бидејќи тоа што искусува е вистинската реалност. Вистинската реалност на „јас“. Затоа секое бебе е „јас“. Затоа секој „индивидуален“ организам е „јас“ и јас. Зарем не гледаш дека си истовремено и голем и мал? Зарем не гледаш зошто „другите“ се вреднуваат? Не поради тоа што „МОРА И ТРЕБА!“, туку поради тоа што другите се во својата суштина ти. Кога те воспитуваат да ги почитуваш постарите и животните, тоа не е поради тоа што така „МОРА И ТРЕБА!“, или пак поради тоа што „ОНИ СЕ ПОСТАРИ, А ПОСТАРИТЕ СЕКОГАШ СЕ ПОЧИТУВААТ!“ Природата преку чудесни случувања остава имплицитно покажување на љубовта и вистината. Зарем не сфаќаш колку тоа што се нарекуваш „јас“ е уствари сè, и сè околку е всушност јас? Ти не си посебен, самостоен. Ти си едно големо случување кое нема граници, а константно се пробува да се стават граници. Ти си комплексна интеракција на тоа што е. Ти си сиот танц испреплетен, а танцот е фундаменталната убавина и забава. Шива.

23

РЕПРОДУКЦИЈА Репродукција, симулација, имитација. Во самиот збор го има капиталистичкиот поглед за светот. Продукт, продукција. Тиња. Прљавштија од збор. Но за жал е зборот кој го објаснува тоа за што ќе се пишува. Сексуалната репродукција суптилно ја знаеме сите и е очигледна. За неа не треба многу објаснување. За неа треба искусување. Нејзиното објаснување може да даде само илузии. Бидејќи зборовите не се ни блиску до самото искусување. Сите тие што постанале мајка или татко, знаат дека ни еден збор, не е ни блиску до самата реалност. Таа е природен принцип за продолжување на самиот живот во други форми, нешто со кое животот се забавува преку различните форми на организмите. Но има и друга репродукција, која е од поголемо философско и психолошко истражување. Преку философското истражување на вториот вид репродукција, може да се добие големо сознание за патетичните животи кои ги води човекот во 21-ви век. Видео, фотографија, слика, социјалните мрежи. Временски случувања кои се зграпчени и одделени од сè останато, во времето, и релативно засекогаш ќе траат во постоењето. Случувања на кои треба да им се даде душата за да им се направи правдина. 24

Тие слики што се нацртани без душа, немаат вредност бидејќи не се репродуцирани со одговорност. Тој што слика, или снима филм, има огромна одговорност да тој зграпчен момент во вечноста, го репродуцира што е можно најдобро, дури и до тој степен што самиот он ќе се избрише во моментот додека го репродуцира моментот. Но што е со нив? Зошто ги правиме? И каде се движи тоа? Историјата на вториов вид репродукција секогаш оди кон усовршена промена. Имено, технолошкиот дел. Првично е почнато со цртање пејсажи и случувања. На истокот тоа го прават многу поодамна од западот. Истокот спонтано, порано ја имаат сфатено вредноста и естетиката во љубењето на природата. Западот многу подоцна. Можеби тоа е поради причината што сонцето изгрева на исток. Како што тече времето низ вековите, човекот ја крева оваа репродукција на повисоко ниво. Со еволуцијата на алатките на човекот, технологијата вади од себе покомплексен начин на пренесување на случувањата. Тоа е фотографијата. Фотографијата настапува на сцена со црно-бел елемент, видеото доаѓа исто така отпрвин со црно-бел елемент, кои постепено се подобруваат кон фотографија и видео во боја. Во модерниот век, технолошкиот аспект на човековите алатки, се подобрува побрзо од било кога и било што. Секојдневно луѓето нудат нови идеи и инвенции. Па со времето видеото и фотографиите се подобруваат во 25

3Д формати и холограми. Но на човековата мисла и нема крај, дај му двоумење и мисла на човекот и гледај како ќе се најде подалеку од имагинацијата. Наскоро со целиот жар околу видео-игрите за компјутерски конзоли, ќе се напредне до таков формат каде што суштината ќе биде, ти со твоите раце и нозе да го движиш карактерот на игрите. Потоа ќе се внесат и осетите за да се направи форматот уште пореален. Кога ќе скокнеш од ѕид ќе можеш да го искусиш скокот и притисокот. Но како што тргнало, ќе се дојде до точка на таков вид репродукција како и самиот живот и живеење. Ќе има видео-игри кои ќе бидат толку многу реални, што ќе заборавиш дека си во игра. Во цртанот „Rick and Morty“ има епизода каде што Морти влегува во „животна игра“ која е симулација. Но целиот трик на играта е, времето поминато во играта делува како времето поминато во реалниот животот секојдневно. Се будиш, се миеш, јадеш, излегуваш, обврски, работа, излегување, враќање, спиење. Постепено Морти живее 55 години од животот и доаѓа до староста каде што умира. Играта завршува чим карактерот на Морти т.е. Морти умира. Морти ја вади маската од играта и е во шок како поминале само неколку минути во „реалниот живот“. Постепено му се враќа сеќавањето дека е во реалниот 26

живот и играл игра. Види, ова е иднината на технологијата. Технологија која ќе прави да ние искусуваме други животи додека го искусуваме овој живот. Многу акциони и научно-фантастични филмови од 21-ви век ја имаат таа приказна. Толку многу реално и убедувачко. Самиот принцип е и со фотографиите и видеата. Кога се досадуваме дома, се враќаме на сеќавањата, гледаме видеа, со цел да не седиме и да правиме ништо. Дури и си помислувам дека имаме многу „празно“ време. Архаичниот човек немал момент во денот кога „не прави ништо“. Тој секогаш правел нешто, а кога бил дома, не „седел“, туку спиел. Целото тоа гледање на спомени и посетување на социјални мрежи, е одраз на колективната психа која е поттисната. Необично е станато да ние трчаме по улица, се дереме на глас, сме опуштени со нашите блиски, се однесуваме со детска енергија, ги љубиме луѓето без некоја цел итн. Секое место си има одредени „кодекси“ на однесување. Одредени шаблони. Како правење на колачиња. Смесата се става во шаблон, и од тој шаблон се добива колаче во форма. Но социјалните мрежи не се ништо поразлично од целата оваа репродукција. Имено како најактуелните моментално „инстаграм“, што е целото со инстаграм? Излегуваме од дома за да се видиме со блиските и го вклучуваме телефонот за да седиме на инстаграм. Излегуваме за да искусиме реалност, и кога реалноста е 27

пред нас ние одиме во светот на илузијата, инстаграм. Не климајте на ова со главите и не викајте„Да, така е“. Не менува тоа ништо. Ништо чудно зошто сите се чувствуваме мизерно и депресивно. Но зошто ја правиме таа репродукција ако целта е да стигнеме каде што веќе сме? Таа репродукција се повеќе и повеќе станува реална. Но прашањето е зошто? Зарем реалната реалност не ни е доволна? Зошто правиме копија на реалноста? Терминот „активно слушање“ е можеби најголемата глупост на модерната психологија, но за жал морам да потенцирам. Доколку читаш со внимание т.е. активно читаш, ќе го согледаш одговорот во самото прашање. Дали е тоа показател дека ние сме фундаментално незадоволни и не уживаме во животот? Дали е тоа показател дека сме фундаментално болни? Или дали е тоа показател дека можеби едноставно тој процес на промена е дел од нашето играње? Или пак, можеби оваа репродукција е показател за нешто подлабоко? Подлабоката природа на бог, каде што он постојано игра и постојано менува улоги. Подлабоката природа на бог, каде што он постојано ги продлабочува илузиите. Можеби сите филмови, цртани, идеи, фантазии всушност доаѓаат преку несвесното согледување на таа природа. Можеби одговорите ќе ги добиеме со сфаќање на животот или пак со завршување на нашата игра. 28

СЛУШАЊЕ Музика прават птиците. Музика прават штурците. Музика прават шумите кога ветрот дува во нив. Музика прави и дождот кога тропа по плехот и асфалтот. Музика прави водата кога жубори по патеките нејзини. Музика прави и фрлениот камен кога ќе падне на земја. Музика прави и фрлениот камен кога ќе падне во вода. Музика прават сите метеори и астероиди кои паѓаат на планетите. Музика прават и самите планети. Музика прават децата кога се смеат и кога плачат. Музика прават и возрасните кога се смеат и кога се караат. Музика прават вљубените кои се љубат. Музика правиш и ти сега кога го читаш ова и во мислите си правиш слики. Музика прават самите зборови напишани. Музика прават и самите зборови кажани. Музика прават ушите кои слушаат. Музика прави и мирисот кој танцува додека да стигне до носот. Музика прави мозокот и срцето и сите органи во тебе. Музика правиш и додека се движиш или спиеш. Секаде има музика, само потребни се уши кои слушаат а не уши кои зборуваат, за да се слушне таа музика.

29

СРЕЌА Дали капитализмот, и самите ние денес имаме среќа? Среќата што се гради на туѓата несреќа не е среќа. Таа среќа е несреќа. Таа среќа не може да биде среќа. Тие што мислат дека градат среќа, која се гради на туѓа несреќа, со поколенија ќе носат несреќа. Потомците нивни ќе бидат несреќни или во лажна среќа. Сè дури некое поколение не ја престане несреќата. Среќата мора да дојде од внатре, таа не доаѓа од надвор. Среќата која не е чиста љубов нема никогаш да е среќа. Денес има луѓе кои градат среќа физички, со куќи, автомобили, финансиска посесија. Сета таа среќа не е среќа. Несреќа е тоа во рацете на луѓе кои немаат на прво место среќа. Материјалната посесија сама по себе не те прави лош, злобен или несреќен, но тие луѓе кои ја имаат денес и тргаат со несреќа, градат материјална посесија со несреќа, со што остануваат несреќни, па дури и повеќе несреќни од пред материјалната посесија. Позната е изреката која се движи во рамките на„Плачење во југо и плачење во ферари не е исто“. Жалам балкански фраери, но поголема глупост нема на светов. Солзата си е солза и тагата си е тага. Сета финансиска посесија нема допирна точка со чувството. Другарка еднаш ми рече30

„Не можеш да знаеш како ми е мене кога сум тажна“. Како тоа? Зарем јас не сум бил тажен? Поентата ми е, сите ние знаеме што е тага, што е солза, што е радост. Причините позади овие емоции се разликуваат секако, не секој ги има истите причини. Но самото чувство на тага, мизерија, радост итн. СЕКОЈ го знае. Не знам колку обичниот човек е запознаен со концептот на „позитивна психологија“, но ова се упатува и до „обичниот“ човек и до „научниот“ човек. Позитивната психологија тврди дека среќата на човекот може да се сведе на три видови среќаживот со задоволство, добар живот, значаен живот. Сите овие три поделби се тотално апсурдни и нема никаква вистина или пак мудрост во нив. Ова е уште една проекција на западниот ум врз есотеричните учења кои за жал западниот ум не може никако да ги сфати. Прво, задоволството секогаш во себе имплицира страдање. Тоа е паричка со две страни, задоволство од една и страдање од друга. Тие одат едно со друго. Тој што бара задоволство ќе добие и страдање, со што, во задоволството нема среќа. Второ, што значи добар живот? Да му дадеш на просјакот пари? Да бидеш скромен и тивок, со што не си скромен и си гласен? Да цел спонтан живот живееш по некоја философија која наводно те прави да си со вредности? Да не си или да си горд на твојата интелегенција и тоа дека си добар? Да си амбициозен? Да потиснуваш тага и да се правиш дека си посилен од животот? Да си стоик? Да си над сите, поради тоа што ти водиш добар живот и „видете 31

ме мене“? Поентата е, правењето добрина само по себе не дава среќа, ниту пак скромноста. Во модерните времиња има еден куп на луѓе кои прават добрини, и пак страдаат и постојано се агресивни, а од друга страна трикот на умот со скромноста лежи во тоа што, кога сум скромен сум добар. Што е исто како и денешните „спиритуални“ луѓе кои не се воопшто спиритуални. И трето, како едно од најголемите глупости. Значаен живот. Ние западњаците имаме традиција да бараме значење на животот, бараме нешто повеќе од животот. И капитализмот како многу итар, пласира една огромна манипулација. Манипулација која со својата порака се пласира до сите. Сите вие, можете да станете богати, славни, моќни блаблабла. И тоа е доволно за простиот ум да се качи на возот. Денес сите се мотивирани да постанат уметници, глумци, пеачи, танчери итн. Сите тие луѓе се излажани бидејќи веруваат дека достигнување на нешто ќе им донесе среќа, и кога не достигнуваат ништо т.е. кога завршуваат на работно место во кое нема ништо за спиритуалниот вакум, тие се мизерни до работ на самоубиство. Сите тие луѓе се излажани да веруваат дека животот е со среќа само тогаш кога има значење, а не сфаќаме дека ЖИВОТОТ САМ ПО СЕБЕ Е ЗНАЧЕЊЕТО. Сиот живот со сите свои интриги, мистерии, страдања итн. Да ви дадам пример. Има индијски бодисатви кои живеат во пештери каде што спијат на стар душек и со едно парче облека, и се полни со среќа и љубов. 32

Амбициозноста, „пасијата“ и финансиската „посесија“ немаат допирна точка со љубовта и среќата. Како што вели Ален Ватс„Луѓето денес не се материјалисти. Материјалист за мене значи човек што го сака материјалното. Ние не го сакаме. Го мразиме“. Човекот што е материјалист го вреднува, го цени, го почитува, го љуби материјалното (дрвјата, океаните, реките, патеките, шумите итн). Денешниот човек не е материјалист. Денешниот човек го уништува материјалното. Денешниот човек е финансијалист. Човек опседнат со финансии кои се нереални. Не постојат. Илузија се. Парите се мерило. И само толку. Нив ги нема во реалноста. Не може да снема пари исто како што не може да снема метри или километри. Не дека парите се многу силен елемент од нас, па затоа не може да ги снема. Туку парите доколку еден ден ги снема, тоа ќе биде бидејќи тие не постоеле на прво место, а луѓето како и секогаш, играле игра која завршила. Елитата секогаш трга со среќа, љубов и мудрост, дури и да не изгради материјална посесија, таа ќе умре со среќа и спокој. Денес под елита подразбираме луѓе кои носат вратоврски, одело, кондура од нереална сума на пари. Под елита подразбираме политичари од секој ранг. 33

Под елита подразбираме бизнисмени кои возат скапи коли и не знаат каде да ги трошат парите. Под елита подразбираме луѓе кои ги „движат конците“. Но вистинскиот збор елита, не е ни блиску до извртениот денешен збор. Елитата не се тие што имаат материјална посесија. Елитата не се тие што се облекуваат во сако, панталони и кондури. Елитата не се тие што работат како советници или на високо општествени функции. Елитата не се тие што пијат вино по секое јадење на месо. Елитата не е тој што лета во облаци поради тоа што „он е некој и нешто“. Елитата не е тој што „постигнал нешто“. Елитата е човекот кој ти вика добар ден со насмевка и човекот кој кога го гледаш во очи, му ја гледаш душата, добрината и љубовта. Елита секогаш ќе бидат тие кои му даваат на светот љубов и го прават убаво место. Го цутат. Среќата не ја барај надвор. Нема да ја најдеш. Исто и мирот и сигурноста. Сигурноста и мирот ги нема во материјалните случувања. Кажано од теолошка призма, материјалното случување се случува поради тоа што на прво место има сигурност и мир во умот на универзумот/бог. Бог никогаш не би се случил ако би било несреќно сето. Основата на сите случувања во универзумот/животот/бог, е среќа и љубов. Универзумот постои на љубов. Можеби случувањата во универзумот постепено одат кон деструкција, 34

како што велат хиндусите„Со текот на времето сè се влошува“, но тоа е сепак поради одреден свет принцип. Не ти треба среќа од надвор. Како што велел Исус„Царството божјо е во тебе“. Среќа е да си сега и тука, со сите твои мали и големи убавини, со сите твои мали и големи проблеми и пак „целото сега“ да ти е фантастично. Ти како читател за пишаното си среќа. Пишаното како прочитано за тебе е среќа. Среќата кога се има внатре, се дели со другите. Таа не се чува себично. Што е среќа ако не ја покажуваш и манифестираш со сè останато? Нели сепак сè останато си и ти. Види онде горе, птица.

35

ТЕБЕ ТЕ ЉУБАМ Уште како дете се прашував и ми било нејасно како може само еден човек да љубиме. Браковите се лаги, измами, љубовта партнерска исто така. Единствена љубов си ми ти. Еден огромен куп глупости. Не постои нешто како единствена љубов. Љубовта доаѓа од внатре, а ако не е од внатре тогаш не е ни љубов. Вистинската љубов е спрема сите. Или во зборовите на Стојан Киселиновски„Кога љубиш, сè љубиш“. Да ти помогнам да го согледаш тоа што го викаат „единствена љубов“. Првично, не си единствена љубов некому. Може да добиваш вистинска љубов и да даваш вистинска љубов некому, но единствена љубов не си. Единствена љубов е уште една проекција на егоизмот во умот и душата на модерниот човекот. Уште една несигурност на умот, кој бара сигурност на погрешно место. Уште еден арогантен и игнорантен обид да се контролира. Има премногу голем број на луѓе и различности во секој од нив, а ние имаме селективен избор и селективни можности за вистинско запознавање. Прашањето „единствена љубов“ е исто како прашањето „зошто нашите мозоци се поспори од компјутерите?“ А одговорот е, 36

бидејќи нашите мозоци не се дизајнирани за огромна количина на податоци. Тоа што го викаме „единствена љубов“ е следново. Замисли ги луѓето дека се книги. Различни книги. Некои се романи, некои новели, некои поезија, некои мистерии. Сите книги имаат различна магија во нив. Сите книги на различен начин исполнуваат. Тоа е целата фантазија. Тие се различни. Но, ти нема да ги читаш сите различни книги. Ќе читаш книги кои твојот ум, поради комплексни психолошки причини, селективно ги избира. Исто е и со луѓето. Умот поради тие комплексни психолошки причини, избира одредени луѓе. Одредени луѓе избираш преку мирис, физички изглед, психолошка атракција, суптилна убавина итн. Ако имаш вистинска љубов во тебе, сите односи со луѓето се посебни на свој начин. Па дури и тие кои се непријатни и се негативни. Да, и во нив има суптилна убавина, која можеби не можеш да ја регистрираш и препознаеш, но таа суптилна убавина е таму. Иако секој си има некоја љубов која никогаш нема да ја заборави, сепак не можеш да кажеш која е вистинска или поголема. Исто како што не треба да ги делиш другарите. Или ти се другари или не ти се. Нема подобар или полош другар. Секако има другари кои сакаш да ги видиш во моментот, а другите не, 37

поради самиот принцип дека во еден калап не може да се стават две фигури. Секоја фигура си има свој калап. Така и со другарите. Но затоа не можеме да најдеме „вистинска љубов“ и „единствена љубов“ во смисла на друг човек. Ти можеш да се лажеш цел живот дека тој или таа ти е „единствена љубов“, ама на крајот сепак е тоа. Жената која е венчана со мажот никогаш нема да е единствена љубов, и обратно. Иако секој има некој што никогаш нема да го заборави. Во човечкиот свет, има нешто што е „големата тажна убавина“. Големата тажна убавина е нешто што човекот со својата самосвест може многу чисто да го согледа. Прво согледуваме дека сè се менува и ништо не е статично, ништо не е фиксно. А потоа согледуваме дека нашите умови се приврзуваат за променливите нешта во животот. Тажната убавина лежи во тоа што ние знаеме дека сè се менува, а сепак ние остануваме со траги од нешто што било. Сеќавања, спомени, знаења. Сите нешта во големото случување полека се разредуваат како таблета во вода. Така и тие сеќавања, знаења, спомени, луѓе и сè што знаеме за светот и сè што има во светот, вклучувајќи не и нас, полека ќе изчезне. Да се изразам преку еКсотеричното ниво, никогаш повеќе во вечноста нема да ги сретнеш твоите родители, пријатели, познаници, сеќавања, размислувања итн. Тие постојат само со овој ум и тело. Кога на твоето тело ќе 38

му дојде „крајот“, никогаш повеќе нема да се повтори истото. Или пак, во вечното повторување од Ниче, каде вечно се повторува истото, и вечно го доживуваш истото. И двете се дел од големата тажна убавина. Тагата која ја доживува човекот кога ги знае сите овие нешта, а сепак не може ништо да направи за да ги смени. И чекор повеќе, Знае дека и не треба да ги смени нештата, и знае дека тоа е принципот по кој се случува сето. Големата тажна убавина искажана преку еКсотеричен пример на играта на човекот би било следново. Уметници кои умираат млади и секогаш се паметени, текстови како „зајди, зајди“, смртта, разделба од саканата, помислата дека животот завршува и прашањето „тогаш што е поентата“, историја, археологија итн. Во сите овие нешта, има скриена големина и скриена тага. Секако, за еКсотеричниот човек, ова може да звучи и смешно, но за тој што навистина го доживува животот, сосема е јасно. Сите овие нешта, во себе имаат длабока мистерија, длабоко чувство кое не може да се идентификува, кое не може да се објасни. Едгар Алан По„All that we see or seem, is but a dream within a dream“ Лера Лин„The station pulls away from the train, the blue pulls away from the sky“. За ова пишуваат најголемите поети и текстописци. За големата тажна убавина, само кај нив понекогаш, по едноставно напишана. Таа човечко-умствена-его-романтична-љубов, е јапонскиот yugen. 39

„Да го гледаш сонцето како заоѓа позади рид полн со цвеќиња. Да гледаш бродови како исчезнуваат во далечината на океанот. Да луташ во огромна шума без помисла за враќање“. Нешто што го има, а никогаш нема да го доживееме. Барај ја единствената љубов. Но нема да ја најдеш. Се сакаат сите тие што се има шанса да се запознаат. Ако си присутен со нив и ги љубиш, голема правдина му правиш на животот. Почни денес и сега, љуби прво додека ме читаш, а потоа кога ќе ме затвориш продолжи со сиот свет околу тебе. Уживај во секоја книга. Иако таа една книга нема никогаш да ти излезе од душата и умот.

40

МИСЛА Што е мисла? Мислење? Размислување? Помислување? Мислата е просторна. Мислата е јазична. Мислата е категоризирање на светот. Ставање решетки врз убавиот испреплетен свет. Мислата во својата природа е компонирана од три фундаментални елементи во умот. Меморија, искуство и знаење. Таа е никаде, а сепак многу ни влијае и многу е силна кога ја има. Не можеш да кажеш „еве ја мислата, ја фатив“, не можеш да ја покажеш. Ама и тоа како знаеш кога ја искусуваш. И тоа како, бидејќи досадува. Изморува. Знаат сите луѓе што се будат среде ноќ со полна глава мисли, како да тие мисли се вистински и физички... Како да се присутни во собата! Се слушаат. Мислата не може да се потврди дека постои. Но таа постои. Мислата е историска. Мислата е природна. Но мислата е и деструктивна. Нови мисли има како одредени комбинации на знаења, искусувања и сеќавања. Тие комбинации не водат до таканаречени „нови мисли“. Нешто што не сме го помислиле до тогаш. 41

Но мислата е илузија. Некаде во нашата психа длабоко, мислата е закоренета како вистинитост. Но таа не е вистинита, лага е. Мислата е источната maya. „Ме фати мајата“. Преку мислата не можеш да го согледаш светот каков што е и неговата убавина, бидејќи проектираш веќе случени сеќавања и научени знаења. Иднината не може да биде спознаена преку мисла, преку мисла таа може да биде само проекција од минатото. Иднината може да се осознае само со набљудување на реалниот сегашен момент, но внимавај, кога ја осознаваш иднината таа станува минато. Планирањето кое го правиме за иднината, кога ќе дојде време да се искусува, ни е досадно. Кога планираш да одиш на одмор и планираш точно сѐ што ќе правиш и што ќе се случува, кога ќе дојде време да тоа навистина се случува, тебе ќе ти биде досадно. Бидејќи иднината која ја знаеме, е минато. Планирањето кое го правиме, станува минато кое треба да се случи… Затоа и кога сакаме нешто да се случи, не се случува. Самиот процес на сакање/мисла го менува патот на случувањето. Но пак од друга страна, доживувањето на таа мисла, мислиме дека го сменил патот на случувањето, но во големото случување всушност сѐ си тече како што си тече. Затоа кога неочекуваното се случува, тоа е едно од 42

најубавите нешта. Бидејќи е спонтано, а спонтаноста е живоста на животот. Не барај ја иднината, туку спознај го минатото. Преку спознавање на минатото се согледуваат илузиите кои ги држиме во нас т.е. мислите кои ги имаме. Кога се медитира, се набљудуваат тие мисли, да нема идентификување со нив и да нема категоризирање. Да не бидат движечка сила. Мислите се менливи, тие доаѓаат, си одат, се трансформираат. Кога се нема мисли се случува празнина, а празната чаша е најефикасна чаша бидејќи таа има потенцијал да има сѐ во неа. Не можеш да ставиш нешто во полна чаша. Паралелно на празната чаша е просторот во универзумот. Просторот во нашите соби, во нашите станови, куќи, просторот од нашиот дом до нашето училиште или работа, просторот помеѓу тебе и книгава. Замисли да не постоеше простор. Како би изгледало сето? Реално, не можеме ни да замислиме. Но обично замислуваме дека целиот универзумот ќе биде една голема шарена топка полна со риги, голема колку сонцето, но тоа не е точноста. Универзумот и животот не би бил возможен без просторот. Просторот е исто толку важен како самите објекти во него. Имено, објектите за да бидат објекти, мора да имаат простор. Во зборот објект, се имплицира просторот. 43

Просторот и празнотијата се природен принцип и елемент во универзумот, а он е дури незабележлив. Незабележлив исто како што и рибата не е свесна дека е во вода. Уште од деновите кога студирав, кај мојот драг тогашен професор, Владимир Давчев, кога дискутиравме за Рене Декард и „мислам значи постојам“, си го поставив прашањето„Што се случува кога не мислам? Дали тогаш не постојам? Но тоа не е можно, дури е и спротивно од вистинитоста на искуството, бидејќи кога не мислам дури и повеќе се чувствувам како да постојам“. Не можеш да ја согледаш реалноста ако постојано ја објаснуваш и категоризираш, ако постојано мислиш. Мислењето води во илузии кои се продлабочуваат. Штетење на убавината и реалноста со мисли. Штетење. Дрвото кога го нарекуваш дрво му одземаш огромна убавина. Само набљудувај го. Не викај„Ова е дрво“. Што ќе ти е да викаш дека е дрво? Оно едноставно е, дај му го целосното внимание. Гледај му ги ригите од блиску, почувствувај го со допир, со мирис, види дека има еден куп мравки на него. Кога викаш „дрво“ тоа е глас и звук. Гласот и звукот „дрво“ нема никаква врска со тоа што го гледаш пред тебе и сакаш да го објасниш. Зен изрека„Кажување „оган“ нема да ти ја изгори устата; Кажување „вода“ нема да те удави.“ Од различна природа се двете. 44

Што и да е тоа што го набљудуваш, тоа си е. Колку и да се трудиш да го категоризираш и објасниш правиш деструкција. За жал сѐ уште не сфаќаме дека објаснувањето и категоризирањето на реалноста, не става во кутија и во конфликт, бидејќи одделуваме сѐ од сѐ останато. Дури и оваа реченица е тотално апсурдна, бидејќи нема посебни „нешта“ во реалноста. Нема „сѐ“ од „сѐ останато“. Дури и да кажеме дека „има нешто во реалноста“ е тотално апсурдно. Нема одделувања во природата, сѐ е слеано. Нема одделувања, бидејќи сѐ е едно. Дури не можеме да кажеме и дека сѐ е едно. Бидејќи едно имплицира две, три итн. Вечната игра над сите игри. Јазикот кога се објаснува себеси. Самосвесноста кога се бара себеси. Јас кога се искусува себеси. Одделувања прави само умот кој објаснува и категоризира, со што се става во каша на страдање. Ален Ватс„Тие што премногу размислуваат, живеат во свет полн со илузии“.

45

ИМЕНКИ Што се именки? Фиксни нешта во јазикот. Неменливи нешта. Точак. Фиксно е. Тоа е точак. Нема сомнеж. Но дали постојат навистина фиксни и непроменливи нешта во природата? Големата заблуда во нашите животи доаѓа од јазикот. Јазикот го модификува умот, го одредува односот со реалноста, зависно од самиот јазик, но бидејќи сите денешни јазици во својата природа се со дуализам, јазикот не одделува од сѐ останато и се менуваме во несигурност и фрагментираност. Научениот јазикот е првото нешто кое ни гради идентитет. Сиот јазик е конструиран во дуализам. Кога се кажува „северно“, несвесно се имплицира на „јужно“. Кога ќе се каже „горе“, несвесно се имплицира и на „доле“, бидејќи како можеш да се движиш нагоре ако не си дошол од доле. Кога ќе се каже „јас“, по принцип во својата суштина на зборот стои и дека постои нешто како „ти“. И тоа „јас“ не е во никој случај „ти“. Тоа „јас“ може да е под влијание на „ти“, но „јас“ и „ти“ квалитетно се разликуваат и не се истото. Самиот дуализам во јазикот односно јазикот сам по себе, не става во најголемата илузија. Како може „јас“ да е фиксен/да сум фиксен? Јас сум огромна комплексност на случувања. Огромна комплексност која е активна во секој момент од 46

мојот живот на различен начин. Константно во телото има промени, ако срцето, мозокот и белите дробови нешто прават, тоа е. Се менуваат. Вдиши, издиши. Невроните во мозокот постојано комуницираат. Срцето отчукува. Ако самото тело се менува нон-стоп, како тогаш е тоа „тело“? Како е телото фиксно нешто? Како е „тело“ именка? Телото треба да се вика „телување“. Телото е активност. Сите именки се такви. Променливи. Дури и нешто како „зграда“ е променливо. Бидејќи зградата постојано се менува. Таа постепено, иако временски на нас ни делува споро или непроменливо, таа се менува на различни начини. Луѓето ги мијат своите тераси, ги отвораат прозорците, се движат по влезот, па дури и самата зграда во себе има потенцијал да се сруши некогаш што значи ќе се промени. „Вода“. Како е водата именка? Ако нешто во овој универзум е глагол, тоа е водата. Водата нон-стоп се менува. Можеби ќе кажеш „ама водата е иста од оваа чешма“. Тоа не е точност, бидејќи водата констатно е различна, можеби тече од „истата“ чешма, ама водата никогаш не е иста на истото место. Водата треба да е „водување“. „Водувањето од ова чешмување е исто“. 47

Како еден од најинтересните за мене лично, е „паѓа дожд“. Ова е убав пример за тоа како јазикот испреплетува и прави чворови и каши. Како може да „паѓа дожд“. Нели зборот „дожд“ сам по себе имплицира дека паѓаат капки од небото. Кога се вели „дожд“ не се мисли на океан ниту пак на реки. Последно кога проверив, не се мисли ниту на временски стопирани капки во просторот (во воздухот). Кога се вели „дожд“ се мисли дека нешто од горе капе т.е. дека има дожд кој паѓа од горе, и чим е тоа така, зошто тогаш додаваме уште еден збор кој е непотребен? Се надевам дека нема да го користите „паѓа дожд“. Истото ова, се однесува и за претходно споменатото „активно слушање“. НЕ ПОСТОИ НЕШТО КАКО АКТИВНО СЛУШАЊЕ. Тоа е еден прост обид на луѓе кои не разбираат, наместо да пробаат да разберат, уште толку да поматат. Постои нешто како слушање и неслушање! Но секако, јасно ми е... „Активно слушање“ го користиме поради тоа што ние во својата спонтана природа, повеќе не обрнуваме внимание на ништо т.е. сѐ правиме исто како да не правиме. Кога слушаме некого додека зборува, ние наместо да слушаме, мислиме на повратни одговори, божем сме на дебата за спасување на светот. Кога слушаме песна, ја пееме истата уште пред да ја слушнеме. Кога гледаме спорт, предвидуваме што ќе се случи уште пред да се случи. Кога гледаме филмови, ги раскажуваме уште пред да почнат. Всушност, попаметно би било можеби да прашаме „Што е 48

тоа што ние го правиме со душа?“ Јас се плашам дека одговорот е премногу краток, ако воопшто го има. Во природата нема фиксни и непроменливи нешта, и нема посебни и поединечни нешта со свој сопствен идентитет независен од другите. Тука лежи јазичната фалинка. Погоре беше напишано дека „јас“ не е во никој случај „ти“. Тоа е точност и неточност во исто време. „Јас“ секогаш се разликува со „ти“, но суштински, обете се дел од истото случување. По истиот принцип мажот и жената се поларитет. Поларитет бидејќи и двете се потребни за да постои нешто. Но нема поединечни нешта со свој сопствен идентитет независен од другите. Сите планети во нашиот соларен систем се вртат околу сонцето, сонцето се врти во галаксијата, галаксиите ротираат итн. Исто така, ако нешто од астрологијата е точност тоа е дека сите планети си влијаат една на друга. Сите планети во себе содржат енергија и магнетизација. И сите планети меѓусебе се различни, зависно од каква е планетата. Затоа доколку астрофизичарите сакаат да откријат живот во некој соларен систем, тие мора да знаат која планета е под совршеното влијание од другите планети, за да создаде живот. Ништо нема сопствена волја на дејствие. Со други зборови, нема слободна волја. За арогантни, игнорантни и насилни суштества, земаме голема гордост во чувството на слободна волја, 49

што е уште по арогантно, игнорантно и насилно постоење, или чекор понатаму, самото мислење и чувствување на слободна волја е проекција на ароганцијата, игноранцијата и насилството во нас како суштества. Се споредуваме со природата што е конфликтно само по себе бидејќи НИЕ СМЕ природата, и со самото тоа, ние ја отфрламе природата и се ставаме себеси над неа, што е Бог Комплекс и е исто така ароганција, игноранција и насилство. Велиме, јас не сум зависен од природата, јас имам слободна волја! ШТО Е АРОГАНЦИЈА, ИГНОРАНЦИЈА И НАСИЛСТВО! Но оваа ароганција, игноранција и насилство не се само кон природата, туку и кон самите себеси. Бидејќи ние сме природата, ние не сме нешто различно од природата. Но сега, авторот НЕ вели дека човекот е една играчка контролирана од надмоќни или независни сили. Авторот НЕ вели дека сè е детерминирано. Напротив, човекот е дел од целото случување. Тој е исто толку многу колку што е било што во универзумот. Човекот не е различен од универзумот за да биде контролиран од него. Човекот не е различен од универзумот за да биде детерминиран од него. Човекот не е различен од универзумот за да го контролира него. Но тој пристап што ние го имаме кон универзумот дека он е нешто различно од нас и дека треба да го освоиме, што е суштински капитализмот и природните инстинкти 50

закоренети во нашата психа поради природната селекција, е чиста ароганција, игноранција и насилство. Согледувањето на нештата дава моќ. Но не моќ во авторитетна и хиерархиска смисла, дека ти си сега мудар и најдобар од сите, бидејќи ако чувствуваш дека си најдобар од сите, ти не си мудар. Туку моќ во смисла на мир. Интересно е како моќта се гледа како спротивно од мирот. Но вистинската моќ, во себе нема деструктивна сила или гнев. Вистинската моќ има во себе љубов и мир со сè останато. Моќ не е кога шефот му дава наредби на потчинетиот или пак кога директорот е на повисоко ниво од чистачот, и со самото тоа кога си оди дома се чувстува горд дека успеал во животот. Моќ е кога ти со мир и љубов се разбираш со друг организам без никаква идеологија. Моќта не е во знаењето ако не знаеш да го согледаш знаењето. Затоа денес се прави катастрофална грешка во едукацијата. Ние ги учиме младите да критички размислуваат, по метод. Не ги оставаме НАВИСТИНА критички да размислуваат, туку критички да размислуваат со ограниченост. По шаблон. „Вака се размислува критички!“ што е исто толку многу некритичко колку и претходно. Знаење без согледување и без критика, е манипулација. Знаењето не е моќ само по себе. Сите ние знаеме по нешто, нели сепак живееме во добата на информации. 51

Македонците знаат за ова, албанците знаат за она, грците знаат за тоа. НО ПАК СМЕ ВО СТРАДАЊЕ И КОНФЛИКТ. ПАК СМЕ ВО АРОГАНЦИЈА, ИГНОРАНЦИЈА И НАСИЛСТВО. Физичарите имаат умствено знаење за како се прави атомска бомба, но немаат срцево знаење дека не треба да се направи истата. Психолозите имаат умствено знаење за како се манипулира со луѓето, но немаат срцево знаење дека не треба да се прави истото. Историчарите имаат умствено знаење за историјата, ама не знаат како срцево да живеат во сегашноста. Моќ не е кога сечеш дрво и се чувствуваш како Херкулес и си горд на твојата сила и мускули. Моќ е кога знаеш како и каде да ги искористиш мускулите. Мускулите не се користат во интеракција со луѓе, што денеска како болест, младите го прават. Младите постојано се манипулирани да се тепаат меѓусебе и да создаваат конфликт не само кај другите, туку и кај себе. Манипулирани од родителите, од политиката, од економијата, од интернетот. Од сите страни. Младите не разбираат дека со правење на конфликт на другите организми, они си прават конфликт себеси. Гневот не е само деструктивна сила спрема другите, таа е деструктивна сила спрема себеси. Кога си гневен ти „чури“ главата, ти се тресат рацете и нозете, гласот трепери, дури и се губи, срцето чука како да 52

ќе излезе итн. Кога си гневен, нема посебност од гневот. Ти си гневот. Затоа често, после гневот, велиме„Требаше да се контролирам“. Но во моментот на гнев, не постои идентитет посебен од гневот. Постои гнев. Тоа чувство на „требаше да се контролирам“, доаѓа отпосле, откога ќе заврши гневот и има сеќавање на ситуацијата. Затоа е важна дисциплината и согледувањето. Бидејќи кога се согледува љубовта, гневот ретко доаѓа. Најголемата илузија на субјективноста на нашето постоење и искусување е слободната волја и како таа влијае на умот, како ние да сме во контрола за сето случување. Ова секако, не оди рака под рака со ставот„Епа чим јас немам контрола врз ништо, лошите и злобните нешта кои ги правам се оправдани бидејќи навистина јас не ги правам нив. Тие сами по себе се случуваат“, бидејќи и самото твое дејствување и твоето субјективно сфаќање на ова што го пишувам е топче кое е чукнато од друго топче. Но и доколку тој што сака да дознае навистина за универзумот, во тајното учење ќе пронајде дека во универзумот има две третини на добро и една третина на зло. Зло кое постојано губи, и добро кое постојано победува, но никогаш нема губитник и победник. Вечниот убав и тажен танц на доброто и злото. 53

Нема нешта во универзумот кои се сами по себе. Сè е одраз на сè останато. Ние не се раѓаме сами, не одлучуваме како ќе изгледаме или какви особини ќе имаме, не одлучуваме како ќе реагираме на нештата, не одлучуваме дека срцето ќе чука или дека мозокот ќе работи. Сите нешта во универзумот и во себеси (овие две се истовремено едно и истовремено различни, поради јазикот) се случуваат сами од себе. Мал Декарт момент. Сите нешта во универзумот и во себеси се случуваат од себе. Сè во универзумот и во себеси се случува од себе. Универзмот се случува. Се случува. Случување. И следно, нема што да се каже, бидејќи самото кажување или пак ќутење, е случувањето само по себе. Со други зборови, согледување. Никој не ги придизвикал и никој не ги придизвикува. Бидејќи првично за да кажеме дека некој предизвикува нешто ние треба да знаеме што е тоа што е предизвикано. А како што велат хиндусите, големата илузија, големата магија т.е. Маyа е присутна во универзумот. Ништо не е како што изгледа. Ако нашите сетила се нешто, тоа се. Ограничен распон на инпут. Никогаш не можеме да знаеме што е било што, колку и да го класифицираме дека е нешто што мислиме дека го знаеме и дека е реално. Волт Витман54

„Дете ме праша - што е тревата? Носејќи ја накај мене. Како јас да му одговорам на детето? Јас не знам што е тревата ништо повеќе од него“. Реалното не може да се објасни. Тоа е големата илузија и смешната иронија на јазикот. Тој не може да објасни. Бидејќи јазикот е нереален, креира ментални слики кои ги нема во реалноста. Зборовите се симбол за внатрешниот импулс кој го имаме за искажување. Јазикот проектира. Проектира желби, стравови, потреби, и секакви егоумствени проекции. Ако сакаш да ја осознаеш реалноста тогаш отфрли ги сите концепти и категории кои ги имаш за било што. Заборави дека дрвјата ги викаме дрвја, дека водата ја викаме вода. Заборави на сè. Заборави на себеси. Само доколку се заборавиш себеси, само тогаш можеш реалноста да ја осознаеш каква што навистина е, и само тогаш можеш реалноста да ја искусиш. Не велам да ги заборавиш траумите, стравовите, потребите, желбите итн. Психолошкото заборавање на нештата и преправањето дека тие не постојат, создава уште поголем интензитет на истите. Доколку се правиш дека стравот што го чувствуваш не постои, и го негираш, стравот се повеќе расте. Тоа е како незавршена задача која мора да ја завршиш, а ти се преправаш дека не постои, и постепено ти ја одзема целата енергија. Исто и со траумите. 55

Но заборави се себеси во најшироката смисла. Заборави дека ти си посебно од сè. Заборави дека ти си твоето име и презиме. Твоите родители, другари итн. Заборави на сè што си научил од било кој. Само преку гледање и доживување без објаснување и категоризирање, можеме да осознаеме што е реалноста. Осознавање на реалноста е дар од случувањето. Дар на искусувањето. Не секој ќе ја осознае. „Од првата вода до последната вода, изговарав куп бесмислици“.

56

БЕСКОНЕЧНИ УНИВЕРЗУМИ Многу сиромашно капиталистичка идеја е идејата дека има само еден универзум. Дека имаме само еден живот. Монопол од идеја. Сум слушал академски професори кои велат дека имаме само еден живот. Како да провериле позади каучот дека е така. Таму позади каучот јас видов дека во вечноста, ќе живеам само еден живот! Кој сака може да отиде да види. Глупости. Човек како човек. Секогаш зборува ограничено. Јазикот е ограничен, знаењето е ограничено. Нормално дека има и ограничено сфаќање за животот и универзумот. Сѐ додека пробуваш да го сфатиш универзумот и животот преку јазик или знаење, нема да успееш. Информациите се секогаш бесконечни. На нив им нема крај. Ако пробуваш сите информации да ги собереш за да го сфатиш универзумот и животот, ќе ти треба цела вечност. А можеби и во вечноста стои сфаќањето на универзумот и животот. Вечноста не е една права линија која доаѓа од минатото преку сегашноста и кон иднината, без крај. Вечноста е секогаш сега. Сега е вечност. Сега не се менува. 57

Се менуваат случувањата во сега. Тоа е целиот парадокс со времето. Меморијата си зема за право да го лаже умот. Поради меморијата имаме фиксно сфаќање дека постои нешто како време. Но време, не постои. Ако нешто постои од времето, тогаш постои само сега. Секогаш постоело и секогаш ќе постои. Џорџ Карлин„There’s no now, there’s no now, everything is the near future or the recent past. But there’s no present. Welcome to the present, whoosh, gone again. It’s just so imprecise”. Карлин секако ја промашува поентата. Не согледува дека меморијата е задолжена за минатото, а очекувањата за иднината. Он на сегашноста гледа како ситната стрелка од часовникот, која постојано се менува. Но вистинитоста за сега е следна. „Сега“ е како огромен сад кој е невидлив. Во тој сад стојат различни видови на овошје, и овошките константно се јадат. Овошјето постојано се менува, но садот секогаш останува. Илузиите на менувањето во садот прават да мислиме дека постои линеарна оска на време, бидејќи велиме„Ама јаболкото беше ставено над праската и крушата а сега крушата ја нема и јаболкото е жолтеникаво и седи до праската“. Меморија. Се сеќаваме дека физичката реалност била во тој конкретен редослед. Самото нејзино менување кога се судрува со нашето сеќавање за физичката реалност, умот создава време. А всушност, не постои минато. 58

Обете се случуваат во „сега“. Кога јаболкото било над праската и крушата, било „сега“ и кога крушата ја нема и јаболкото жолтеникаво седи до праската, исто и тоа се случува „сега“. Назад на прашањето, за кое имаат одговор академските професори. Како може да имаме еден живот? На прво место кој е тој што вели дека има еден живот? Што беше ти пред да се родиш? Што ќе бидеш ти кога ќе умреш? Зарем во целата вечност постои само една мала трепка од светло и тоа е засекогаш? Многу тажно. Дури и помислувам дека тажни луѓе го довеле тоа „еден живот“ во тренд... Сигурно некој песимист... А видете. Колку оптимистички звучи идејата „еден живот“. „Ајде побрзај!!! Мора сѐ да направиме, бидејќи времето истекува а ние имаме само еден живот!“ Знаете, таа идеја „еден живот“ делува како да светот се руши, а ние се фаќаме за гранка од дрво за да не пропаднеме. Или пак како да мораме да побрзаме, бидејќи наскоро сѐ ќе заврши и пред да заврши, да гледаме што повеќе да направиме! Дури делува и капиталистички. Бидејќи капитализмот постојано е во брзање и во „развивање“ и одење нагоре. Но овој оптимизам е всушност длабок песимизам. Каква иронија. Во брзањето нема живеење, има одминување на животот. Тој што живее не брза никаде, бидејќи да живееш значи да си стигнат. Тој што го живее животот, е јас, а сите сме „јас“. 59

Животи има бесконечно. Види ја планетата. Ако бесконечни животи има на оваа планета, тогаш има и бесконечни планети како нашата во која има бесконечно различни или слични животи како на оваа. Сигурно во некој универзум од бесконечното, има Дејан Смоковски кој ги искусува сите фантазии и желби проектирани или посакани во овој универзум. И обратно, во тој универзум, тој Дејан Смоковски има различни фантазии и желби кои можеби се случуваат во овој универзум и јас ги искусувам. Можеби тој Дејан Смоковски сака да е философ но не е, па јас ја имам таа чест на страдање во овој универзум. Многу е забавна идејата „сите желби и фантазии кои ги имаме во овој живот, се проектирани во други универзуми“. Големата тажна убавина. Многу поетично. Доколку постои бесконечност, тогаш во таа бесконечност има и бесконечни верзии на случувањата. Така, барем во еден универзум, некој Дејан Смоковски го има најпозитивниот живот кој може да го има Дејан Смоковски. И сигурно барем во еден универзум обратното, некој Дејан Смоковски го има најнегативниот живот кој може да го има Дејан Смоковски. Што и да тоа значи... Немаме само еден живот. Имаме бесконечни животи кои ги искусуваме во бесконечноста. И не само како Дејан. Искусуваш на различни начини. 60

Некогаш како Бојан, некогаш како зајак, некогаш како делфин... Ако откриеш кој е тој што го искусува животот, ќе откриеш дека тој секогаш искусувал и секогаш ќе искусува. Милионите маски на бог. Бог и неговите искусувања. Бог вечно си игра. И секако, кој сака да игра една иста игра? Тој што го сфаќа ова, го облива боженствената љубов и спокој. Ќе знаеш дека секогаш е совршено, без разлика колку и да е убаво или грдо. Секогаш е соврешно во секоја игра. Бидејќи секоја игра, е игра на бог. А како може нешто од бог да не е совршено? Дури и самото „бесконечни универзуми“ има конотација на „бесконечни уни-верзии“ т.е. бесконечни верзии на едното. Бесконечноста е една од најмистериозните нешта за човекот. Просто, не можеме да ја сфатиме, и поради тоа често автоматски ја одбиваме. Ние на вечноста гледаме како на една колона со бројки во која постојано се менуваат бројките, односно постојано се додаваат бројки и така засекогаш. Но вечноста всушност, е нешто најфасцинантно. Вечноста не е време во ни еден случај. Вечноста можеби е физичка димензија, но тоа останува на луѓето кои си играат со тоа. Вечноста нема почеток и крај, затоа и нема додавање на бројки односно години. Затоа вечноста често се симболизира со кругот. 61

Одење околу и околу без престан и без почеток. Секако за нас тоа одење во круг е нешто несфатливо, бидејќи за нас секогаш нештата имаат почеток и крај. „Од каде почнало тоа одење во круг?“ Секој настан има почеток и крај во нашите умови. На пример, раѓањето. Ден на раѓање и ден на умирање. Но тоа не е вистинитост. Тоа е само илузија на умот. Нештата пред да се случат, им претходат настани, и откатко ќе се случат, самите нешта оставаат остатоци односно ефекти. Но се поставува прашањето, тогаш нештата кои им претходат на нештата, од каде доаѓаат они? Дали вечно така секогаш се враќаме назад во „времето“? Имено, тоа е и прашањето со христијанската верзија на бог. Ако бог го создал светот, тогаш кој го создал него? Но одговорот не лежи во времето, кое е илузија. Одговорот лежи во сегашноста, која е вистинитост. Нештата не доаѓаат од минатото. Нештата доаѓаат од сегашноста. Нештата доаѓаат од просторот. За да постои „нешто“, треба да постои и „ништо“. Грците„ex nihilo nihil fit“ – „Nothing comes from nothing”. Грците како западен ум, оваа фраза ја имаат кажано во психолошка и западна смисла т.е. не можеш да добиеш нешто, ако не правиш нешто. Секако, не можеш да добиеш храна доколку цел ден лежиш, не можеш да бидеш радосен ако од дома не излегуваш и постојано го правиш истото. Но, нештата всушност доаѓаат од ништо. Да согледаме вака. Од „објект А“ до „објект Б“ постои простор од 10m. 62

Доколку не постоеше просторот т.е. ништо, не ќе има објект А и објект Б. Овие два објекти постојат само доколку има „ништо“ помеѓу нив. Односно, за да постои нешто мора да постои ништо. И обратно, доколку не постојат објектите А и Б, не ќе постои ни просторот. За да постои ништо мора да постои нешто. Но сега се поставува прашањето„Дали ако постои само објектот А, и не постојат други објекти, ќе постои просторот?“ Одговорот е не. Прво, ние кога велиме „објект А“ секогаш ни паѓа на ум некој вид на форма која е совршена. Круг, коцка, триаголник. Не велам дека нештата во човечката реалност не се совршени. Во човечката реалност, не постои совршен „објект А“. Да го замислиме телото на човекот како „објект А“. Човечкото тело, без сомнеж е совршен објект. Комплицирана биологија и поврзаност со целиот свет. Дури и галаксиите завидуваат. Но човечкото тело како „објект А“ во себе содржи „објект А“ ; „објект Б“ итн. Поентата ми е, во човечката реалност, сите објекти не се совршени објекти како што ни паѓаат на ум кога помислуваме на прашањето„Дали може да постои само објект А?“ Во човечката реалност „објект А“ секогаш е составен од повеќе објекти. Биологијата и физиологијата се тоа, дека во човечкото тело има уште безброј други тела кои се различни организми од самата целина „човечко тело“. 63

Затоа кога се поставува прашањето„Дали ако постои само објектот А, и не постојат други објекти, ќе постои просторот?“ одговорот е не. А второ, како одговор на прашањето. Да замислиме дека постои совршен „објект А“ и не постојат други објекти во просторот. Тогаш „објект А“ со кого се споредува, односно, како знае „објект А“ сам за себе дека постои? Или пак, каде постои тој совршен „објект А“ доколку нема други објекти? Во просторот? Да речеме дека тоа е одговорот. Но тогаш, кој е контекстот на постоењето на совршениот „објект А“? Односно што е тој „објект А“? Сфаќате? Објектот А единствено има смисла доколку има контекст во кој тој постои. Доколку нема средина за совршениот „објект А“, тогаш немаме „објект А“ бидејќи без средина не можеме да го опишеме објектот А. Како може еден објект да прави совршена реалност и постоење? Еден објект може да е совршена реалност и да постои, но никогаш самостојно. Тоа е невозможно. Ако херметиците нешто велат, они го велат тоа! Дека поларитетот е свет принцип во универзумот. Дека потребни се две за да бидат едно. Дека тие две, кои се всушност едно, се надополнуваат, се објаснуваат, си даваат смисла и значење. Затоа нештата доаѓаат од просторот. Барем во човечката реалност. Затоа вечноста е сегашноста. Бидејќи универзумот постојано вибрира од непостоење во 64

постоење. Во нешто и во ништо. Затоа и нештата доаѓаат од сегашноста а не од минатото. Затоа бог нема креатор, и затоа ние не сме создадени од бог. Бидејќи самата реалност, самата дуалност е едното. Самиот ти, си едното.

65

САМИ СМЕ ВО УНИВЕРЗУМОТ xx xx хx xх хx xх xххххxxxx хx xх хx xх xx xx

ххх ххх ххх ххх ххх ххх ххх ххх ххх

хххх хх хх хх хх хх

хх

хх хххх

ххххххххх х х хххххх х х ххххххххх

хххх хх хх хх хх хх хх хх хх хх

хххх хх хх хх хх хх хх

ххххххххх х х хххххх х х ххххххххх

х ххх хххxx хх xх х х хx х х хx х хx х х хx хx ххххх хx хx х х хx хx х х хx хx И НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ! 66

х ххх х х х х х х х х х х х х х х х ххх х

„ЈАС“ „Јас“ е маска. „Јас“ е личност. „Јас“ е persona. „Јас“ е име и презиме. „Јас“ е идентитет. „Јас“ е концепт. „Јас“ е јазично нешто. „Јас“ е мисла. „Јас“ е дури и чувство. „Јас“ не е самостојно. „Јас“ е комбинација на влијанија. „Јас“ е дуалистично. „Јас“ е и внатрешно и надворешно. „Јас“ не е лично. „Јас“ делува приватно, но „јас“ не е приватно. „Јас“ не е посебно. Сите луѓе имаат „јас“. Ниедно „јас“ не е поважно од друго „јас“. Сите се подеднакво важни. Некои „јас“ си ги бранат своите видови на „јас“ и со тоа сметаат дека другите „јас“, кои не се од нивниот вид „јас“, не се важни. „Јас“ е илузија. „Јас“ постои толку колку што постои и зборот. „Јас“ е природно. „Јас“ е спонтано. „Јас“ е постанато само од себе. „Јас“ е постанато со самото случување. „Јас“ е историско. 67

„Јас“ е просторно. „Јас“ е неодделно од општеството! „Јас“ е секогаш дел од контекстот во кој е! „Јас“ делува одделено од сѐ останато. „Јас“ е неодделно од „ДРУГИТЕ“. „Јас“ е исто колку што е и сѐ останато. „Јас“ е љубоморно. „Јас“ завидува. „Јас“ посакува лошо. „Јас“ посакува добро. „Јас“ осудува. „Јас“ одделува едни нешта од други нешта. „Јас“ оговара. „Јас“ е оговарано. „Јас“ е предатор. „Јас“ е плен. „Јас“ е напаѓач. „Јас“ е жртва. „Јас“ е победник. „Јас“ е губитник. „Јас“ страда. „Јас“ е фрагментиранo. „Јас“ живее кратко. „Јас“ живее долго. На „Јас“ не му минува времето... На „Јас“ брзо му поминува времето... „Јас“ тажно. „Јас“ е радосно. „Јас“ е здодевно. „Јас“ е забавно. „Јас“ е деструктивно. „Јас“ е конфликтно. „Јас“ секогаш бара сигурност. 68

„Јас“ никогаш не е сигурно. „Јас“ секогаш бара безбедност. „Јас“ никогаш не е небезбедно. „Јас“ бара повеќе. „Јас“ никогаш не е задоволно. „Јас“ е амбициозно. „Јас“ има желби. „Јас“ никогаш не е присутно во сегашноста. „Јас“ секогаш зависи од минатото. „Јас“ секогаш се стреми кон иднината. Едно „јас“ се разликува од друго „јас“. Доколку едното „јас“ и другото „јас“ се во истиот контекст, тие се позадински исти а само детално различни. Исто како тагата, сите ја чувствуваме исто, само причините се различни за нејзиното постоење. Но запамтете, бог и ѓаволот се во деталите. „Јас“ не е финалното. „Јас“ не е најдлабокото, иако „јас“ е премногу длабоко. „Јас“ не е фундаментално. „Јас“ се гради со текот на времето. Бебето кое се раѓа нема „јас“, тоа во текот на самото живеење развива „јас“. „Јас“ не е вистинскиот ти. „Јас“ не е свеста. „Јас“ се искусува. Свеста искусува „јас“. „Јас“ нема слободна волја. „Јас“ не одлучува за ништо. „Јас“ во својата длабочина е поврзано со сѐ, но „јас“ само за себе е секогаш ограничено. „Јас“ само за себе не може да биде неограничено. Преку согледување на „јас“ може да се дојде до 69

неограниченост. Кога медитираш без цел, без исход, без било какви идентификации, без гордост, без желба, без потреба, кога медитираш поради самата медитација, само тогаш може да го согледаш „јас“. Медитирањето има неограничени форми, тоа може да е седечко, стоечко, движечко, лежечко... Медитирањето може да е и додека се има мисли. Медитирањето може да е и додека јадеш или додека се бањаш. Хакуин Екаку„Медитацијата во среде активност е билион пати супериорна од медитацијата во мирна состојба“. Медитирањето нема одредени чекори по кои се прави на вистински начин, иако за почетникот кој нема дисциплина во медитирање, или кој не искусил состојба на медитација, убаво е да му се објаснат некои основи техники за да не се изгуби. Многу луѓе денес практикуваат јога и медитирање со некаква цел. Здравје, љубов, нирвана, просветлување, „види ме многу сум кул“, поради тоа што јогата и медитацијата денес се модерни, медитираат како навика, медитираат во 6 часот во одредено студио итн. Медитацијата не може да биде планирана. Сите овие медитации не се вистински медитации. Од јога и медитација сѐ додека извлекуваш нешто, не доаѓаш до „празнотијата“. Медитацијата и јогата доколку не се случуваат сами од себе како што се случува било што - срцебиење, циркулација, дишење, мозочна активност и СÈ во универзумот, тогаш не е вистинска медитација и јога. Медитацијата и јогата треба да се спонтани. И ако не ги 70

правиш на тој начин, едноставно заборави на нив. Но види, овде се случува еден подол трик во умот. Ти сега читаш дека медитацијата и јогата се спонтани и непланирани и без никакви цели и мотиви, и си викаш „Така е! Сега ќе седнам не бидејќи сакам да извлечам нешто туку дека спонтано ми доаѓа!“ што е исто така една голема лага на „јас“. Бидејќи ти си сега исто толку многу мотивиран и инспириран од целото истражување на себеси, како кога медитираш и правиш јога со некаква цел. Исто би било, ако ти рече некој „пробај да не мислиш на розев слон“. Ти постојано ќе мислиш на тој розев слон. Тоа е целиот трик. Исто е и со тоа што сега го читаш. Ако јас те мотивирам или инспирирам да ти навлезеш во јогата и медитацијата, тогаш само себеси се лажеш. Сѐ додека некој те мотивира или следиш некаков вид на пат или пак практикуваш ритуали, тогаш не си го согледал „јас“. Сето тоа мотивирање, следење на одредени секти, религии, организации, философи, спиритуални учители итн., е само дел од „јас“. Медитацијата и јогата може да ти помогнат да го согледаш „јас“, но исто така и без дисциплина, се навлегува сѐ подлабоко во „јас“, сѐ повеќе се развива „јас“ и сѐ повеќе се храни „јас“. А пак од друга страна, ако си ставиш за цел дека ќе почнеш да бидеш дисциплиниран во философијата или во будизмот или во било што, за со цел да се откриеш себеси, тогаш исто така се лажеш. Често се забележува кај луѓе кои влегуваат во 71

„спиритуалните води“, посебно во источните, постепено почнуваат да носат накити со симболи, одредени фризури, одреден вид на облекување кое е поврзано со идеологиите на тие „спиритуални води“, постојано зборуваат за спиритуалност итн., со што, они повторно не го согледале „јас“ и го институционализираат духовното. Впрочем, тоа се религиите! Некој некогаш го согледал „јас“ и поради фантастичноста на согледувањето на „јас“, споделил со другите. Арно ама, другите не го согледале „јас“, и од тоа направиле восхитување. Кога бодисатвата споделува со другите за бесконечноста, за тоа што нема име, за животот, тој секогаш во себе знае дека тоа што се споделува е под огромна опасност. Тајните на животот и универзумот се секогаш од есотерична природа и секогаш се под опасност од маската. Затоа е многу важна дисциплината, бидејќи едно читање или едно конзумирање на сериозна психоактивна супстанца, е како пуштање 10,000 волти во мозокот. Целосно ќе го спржи. Тука лежи и целосната опасност со психоактивните супстанци и религијата. Во име на бог и религијата секогаш се пролева крв, но од друга страна, психоактивните супстанци исто толку многу можат да направат проблем. Не велам дека они носат до агресија и насилство, од што се плаши еКсотеричниот човек. Они носат до поголем ризик. Ризик на целосно лудило. Лудило во кое доколку стигнеш без дисциплина, можеш 72

целосно да се загубиш. Согледувањето на „тоа што нема име“ и самото негово споделување, западниот ум го прима и обработува западњачки. Тоа значи, доколку се нема дисциплина и претпазливост во согледувањето на овие есотерични води, тогаш „јас“ ќе расте сѐ повеќе и сѐ повеќе. Ако јас ти зборувам на тебе дека сѐ е бог и дека јас и ти сме бог, ти доколку не го доживееш тоа, и само умствено го обработиш како информација, тогаш ти правиш деструкција од убавината. Тоа е целата суштина и разлика помеѓу умот во главата и умот во срцето. Сето тоа сфаќање доколку не е преку умот во срцето, е погрешно сфаќање. Доколку сите убави поеми и сите убави цртежи се објаснети, тогаш нема искусување, туку умствена обработка, што не носи до убавината. Ти категоризираш нешто што не може да биде категоризирано, туку само искусено. Затоа тие што не го искусиле бог, често прашуваат прашања и не им е јасно за што станува збор. А сепак, искусувањето на бог е наједноставното нешто. Меч со две острици. Што и да направиш си во стапица. Што и да направиш, се развива „јас“. Сѐ додека во умот има зборење и дрдорење, не можеш да го согледаш „јас“. „Јас“ не се согледува со научени теории, научени лекции, следење на некој гуру, следење на философи и постојани информации. „Јас“ се согледува одеднаш, нема водење што ќе те доведе да го согледаш „јас“. 73

Кога „јас“ се согледува, тоа се согледува СЕГА. Не се согледува вчера или утре. Што и да те води и дисциплинира да го согледаш „јас“, те лаже. Ти прави еден куп манипулации и трикови со кои ти го одвлекува вниманието, и додека те краде а ти си во целата збрка, ти ја става вратоврската на рамо и часовникот кај него на рака. Затоа направи си услуга. Впрочем, што ќе ти се есотеричните води. Животот е постојано заборавање. Заборави на јога, заборави на медитирање, заборави на целото откривање на себеси. Заборави на сѐ.

74

ЈАС Е БОГ

Пред да почнеш со читање треба да напоменам дека има разлика помеѓу „јас“ и јас. „Јас“ значи тоа што беше горе споменато, додека јас (без наводници) е симбол и опис за свеста, субјектот, бог, „тоа што нема зборови“. Тоа трансцендентално чувство позади тебе и твоите мисли. Таа безбојна празнотија што знае дека е во животот. Тоа е јас. Јас секогаш се раѓа. „Јас“ секогаш се раѓа. Секое бебе постанува „јас“. Секое бебе е јас. Сите се „јас“. Бог е сите. Јас е секое бебе. Јас е бог. Бог е „јас“. Бог е јас. Секое бебе е инкарнација на бог. Секое бебе е бог. Јас бев бебе. Јас сум инкарнација на бог. Јас сум бог. Бог е сите што се „јас“. Јас е исто што и бог. Бог може себе да се искуси само преку „јас“. Бог може себе да се искуси само како јас. 75

„Јас“ може себе да се искуси само преку бог. Јас може себе да се искуси само како бог. Бог е сите. Бог е сѐ. Сите се бог. Бог е насекаде. Насекаде има „јас“. Ако не е бог, нема да е „јас“. Ако не е „јас“, нема да е бог. Бог и „јас“ се едно, иако се во исто време две. „Јас“ што не го осознал бог, е само „јас“, иако во исто време е и бог. Исус е и „јас“ и бог истовремено. Буда е и „јас“ и бог истовремено. Ако има осознавање на бог, а исчезне „јас“ засекогаш, ќе нема тело. Осознавањето на бог оди преку „јас“, стигнува до вистинското јас/бог, но потоа се враќа во „јас“. Осознавањето на бог се осознава со помош на „јас“. Бог кога е без „јас“ не се осознава себеси, бог е. Бог нема телесна форма. Бог е. Бог во „јас“ има телесна форма, но тоа не е формата на бог! Иако телото е бог, бог не изгледа така, но истовремено, тоа е бог. Телото е маската на бог. „Јас“ е маската на бог. Бог нема форма. Бог е просторен. А сепак е присутен. Јас пишувам сега за бог, но всушност пишувам за себеси. Јас се осознавам себеси преку телото во кое јас сум сега жив. 76

Кога умира „јас“, бог продолжува. Бог т.е. јас пак ќе се инкарнира, како и постојано што прави. Јас сега се раѓа во друга форма, додека „јас“ сум жив во оваа. Цело време јас се раѓа во различни форми. Како животно, човек, инсект и секаков вид на суштествување. Дури и се искусува себеси како топлина, како планина, како вода. Дури го пишувам ова, јас е и пишаното и писателот. Додека го читаш ова, јас е и читателот што сега го чита ова и воедно тој што го напишал ова. Човекот, кој е тело и ум, не може да го сврзе ова, но осознаено е. Човекот т.е. умот во телото, секогаш ќе се прашува и ќе му биде мистерија за како ова функционира исто како што не знае како ја отвора и затвора дланката. Осознавањето на бог/јас е возможно, но сфаќањето на бог во целост е голема комплексност за умот. Умот бара објаснувања. Објаснувањата за целосноста на бог не се возможни поради фрагментираноста на зборовите и јазикот. Умот, во телото, е премногу мал за да сврзе колку е бог комплексен а воедно едноставен. Затоа религиозните лидери и сите кои зборуваат за бог создаваат опасност, бидејќи изразувањето преку јазик се должи на културата и општеството во кое се живее. Исус има искажано дека е син на бог, но не дека бог е машка фигура која е вистински татко, туку општеството во кое Исус живеел т.е. во добата на римската култура која е патријархално општество, нуди таков вид на изразување. Тоа значи дека еден човек, маж, е лидерот на таа култура. 77

Секако дека и секој човек кој би го доживеал бог, во таа доба и култура, би го проектирал тој вид на јазично изразување врз „тоа што нема име“. Или пак во зборовите на Лао Тзу„Тие што знаат не зборуваат, тие што зборуваат не знаат“. Но сепак, Лао Тзу го има кажано тоа. Бог е премногу голем и затоа може преку умот да се осознае себеси. Умот не може да ја сврзе просторноста на бог бидејќи умот е во простор со помош на телесното. Умот сам по себе е мисловен/просторен, но тој е зависен од телото. Без тело нема ум. Иако природата на бог има ум. Бог е ум. Умот во телото не може да постои ако бог е безумен. Бог нема ум во телесната смисла на зборот, но бог сам по себе е големиот ум. Бог нема ум во аналитичка смисла на човечкиот ум. Телото има ум и телото е во ум. Тие што мислат дека човечкиот ум е случаен, грешат. Универзумот има своја интелегенција и ум. Умот кој е во телото се разликува од умот во кој има тело. Бог не повредува никого преку физичкото случување. „Јас“ страда, но „јас“ е бог. Позади „јас“ нема жртва или слуга на која бог и се исмејува или со која бог се изиграва. Бог е позади „јас“. Ако бог некого исмејува или жртвува, тоа е бог сам по себе. Затоа хуморот на своја сметка, е највисокиот вид на хумор. Затоа и секогаш после „согледувањето“ следи смеење. 78

Бог и „јас“ не би се случувале доколку бог не би бил сам на себе играчот и играното. Бог не зема жртви кои ќе страдаат во формата на „јас“. Бог станува „јас“ и бог ја игра играта. За „јас“ сета реалност е многу сериозна и загрозувачка, но бог ја гледа реалноста како игра и забава. Осознавањето на бог не те прави моќен и полн со контрола. Осознавањето на бог те прави да ги согледаш случувањата без категоризирања. Без објаснувања. Без обиди за контрола. Да видиш колку немаш контрола врз ништо. Ниту па бог има контрола врз нешто. Бог сам себе не може да се контролира. Зборот контрола доаѓа од умот во телото. Контрола нема во природата на бог. Бог влегува во играта без да знае што ќе игра. Затоа и не знаеме кои сме. Тоа сме го заборавиле. Јас чувствувам дека сум Дејан Смоковски со целиот комплекс на мојата телесност, но јас е бог кој игра/живее како Дејан Смоковски. Истовремено, јас сум исто така и Дејан Смоковски. Бог воедно може да се осознае и себеси и да продолжи да биде улогата која ја игра. Persona/Личност/Лик. Твоето „јас“ си е твое „јас“. Моето „јас“ си е мое „јас“. Едно „јас“ од друго „јас“ се разликува. Иако тие две различни „јас“ се истовремено бог, тие сепак сами по себе како „јас“ се разликуваат. „Јас“ - Дејан Смоковски се разликува од „јас“ - Христијан Смоковски. 79

Затоа Дејан не може да биде Христијан и обратно, Христијан не може да биде Дејан. Ти не можеш да го пишуваш ова, ниту пак јас можам да го читам ова како ти што го читаш. Но затоа пак, јас го чита ова, и јас го напишал ова. Две персони, еден бог. Две тела, еден бог. Безбројните маски на бог. Дејан Смоковски е маска, лик, личност, persona. Маска преку која бог искусува. Маска преку која бог се искусува себеси. Без таа маска бог не може да се искуси бидејќи бог без маска едноставно е. Искусувањето има две страни. Искусувачот и искусеното. Бог без маска нема контраст за да може да се искуси. Бог сам по себе не може да се искуси, му треба играта, му треба маската. Тоа е ова случување, овој свет. Една голема игра. Многупати „јас“ го откриле ова. Многупати јас го октрил ова. Многупати „јас“ пишувале за ова. Многупати јас пишувал за ова. За сето. За себе. За играта. За мене, за тебе. Бог сега го пишува истото за себеси. „Јас“ сега го пишува истото за бог. Бог сега го чита истото за себеси. „Јас“ сега го чита истото за бог. Секогаш било. 80

Секогаш е. Секогаш ќе биде. Секогаш бог е. Секогаш си. Секогаш сум. Сам си во себе и се искусуваш себеси. Сам сум во себе и се искусувам себеси. Сам е бог во себе и се искусува себеси.

81

ПАРАДОКС Умот на човекот во себе има парадокс. Парадокс е две сосема контрадикторни нешта кои се истовремено точни. Истовремено постои нешто како време, но исто така, времето не е вистинитост. Ти постоиш, факт е, ја читаш книгава, но и не постоиш. Без надворешниот свет како стимули на твоите сетила ти нема да постоиш. Ќе си никаде. Пробај, влези во тенк за изолација. Животот е во парадоксално постоење. За да има искусување на животот потребни се две страни. Надворешни и внатрешни. Исто како и за светлото на лустерот. За да има светло мора да има состојба на исклучено и состојба на вклучено. Целиот парадокс е, состојбата на исклучено во себе го содржи целиот потенцијал за да може светлото да биде вклучено. Ти постоиш како индивидуа, но истовремено не си посебно од другите. Ти се разликуиваш од другите и никој не може да биде како тебе, но истовремено ти не си ништо поразличен од другите. Ти си нешто со вредност, но не со поголема вредност од другите. Другите се нешто со вредност, но не со поголема вредност од тебе. 82

Сите сме дар од природата. Ако некој рече дека ти си нешто посебно, тоа ќе го нахрани „јас“. Ти си ништо посебно, и не го велам ова со цел да не ја хранам маската, туку навистина, ти си ништо посебно. Денес сите сакаме да сме нешто посебно, нешто што го нема. Што е уште една улога на бог. Сите сакаме да сме познати ликови, сите сакаме фотосесии како Џејмс Дин, сите сакаме да сме музичари. Ама не сме ништо посебно, дури и тие познати ликови, не се ништо посебно. Сите се исто толку колку што си и ти. Не постои нешто како грдо и убавина, а сепак има грди и убави нешта. Постојат и грди и убави луѓе, но и грдите и убавите се прекрасни. Парадоксот на богатството е во тоа што не може да има богати доколку нема сиромашни. Тие две одат заедно. Сѐ додека има богати, богатите ќе велат дека не треба да има сиромашни. Сиромашните не го велат тоа, они го чувствуваат. Омилена тема на богатите се сиромашните, а најболна тема на сиромашните се богатите. Сѐ е природно, а сепак технологијата оди против природата. Дали природата тогаш се врти сама против себе? Дали ако ние сме природни и правиме неприродни ракети и бомби, кои всушност се природни, бидејќи ние сме природни и сите знаеме дека врбата не раѓа грозје, дали тогаш природата кога се врти против себе е природен процес? Дали уништувањето на природата е природно? 83

Ние сме природни, но живееме неприродно. Постојано сме со технологијата. Конзумираме храни кои се вештачки. Имаме инпут на информации кои се со зборови и слики. Инпут на информации кои се нереални. Инпут на информации преку вештачки пат. Затоа професорот не треба да презентира powerpoint презентации. Остави му простор на ученикот да си направи своја слика во главата. Не му наметнувај слика. Парадоксално е како сите можат да завршат факултетско образование, и сите завршуваат, а никој нема вистинско знаење и пак има невработеност. Дали тогаш невработеноста е оправдана? Бидејќи не можат сите да влезат во еден ист автобус. Дали со тоа што сите завршуваат факултетско образование, што би рекле статистичарите, нормалната дистрибуција се поместува? Со други зборови, дали ако сите сме паметни, би постоеле паметни? Нели за паметни треба да има и глупави? Нели зен учителот не може да му биде учител на друг зен учител? Сме размислиле некогаш, што е целата суштина на едукацијата? Да сите бидеме „најпаметниот“? Ако не е така, тогаш суштината на едукацијата е да има луѓе во просекот, глупави луѓе под просекот и паметни луѓе над просекот. Со што, паметните, векови мачат за да објаснат како сето треба да се смени. Морбидно нели? Односот наш спрема светот е парадоксален. Се грижиме за светот, а подоцна ги возиме нашите авиони 84

и автомобили. Владите во светот едуцираат за грижење на природата преку рециклација, а они загадуваат најмногу. Благодарни сме за храната што ја јадеме, а ѓубрето го фрламе на земја. Колку ни е драго што дишеме воздух од дрвјата, а дрвјата ги сечеме. Колку е убаво да живееш на рид, а ридот го рушиме и градиме патишта. Колку е убаво да живееш на рид? Пропагираме љубов а никој никого не љуби. Можеби и затоа никој никого не љуби. Бидејќи ја пропагираме. Љубовта не може да биде пропагирана. Ниту пак, како што се вели во Америка„Preach!“ Љубовта треба да биде откриена, таа е скриена, во душата, во просторот, пред твоите очи. Пред твоите очи има сѐ, а сепак има ништо. Пред твоите очи има простор, а во просторот случување. Шириме љубов, а седиме на телефон кога сме искочени со најблиските. На телефонот го живееме животот што е пред нас, а не го забележуваме. Парадоксално е како светот ни делува фиксно, а сѐ е променливо. Ако нешто е фиксно, тоа е само промената. Интересен парадокс. Сета фиксност вибрира. Цел свет вибрира. Цел универзум вибрира. Универзумот е, како што вели Џорџ Карлин„Големиот ЕЛЕКТРОН, УУУУУУООООООООММММММ“. 85

Светот кој го гледаш пред тебе делува фиксно, но тој доаѓа од „никаде“/„просторот“, исто како што кога ќе ги затвориш очите, звукот доаѓа од тишината, од „никаде“/„просторот“. Само што очите се статични и потешко е да сфатат. Парадоксално е како сите држави имаат граници, а природата не ги поставила тие граници. Во природата нема граници, сѐ е слеано, како спектрумот на бои. Спектрумот на бои делува конфликтно само тогаш кога човекот што го гледа пробува да стави граница каде е зелената а каде е жолтата боја. Спектрумот нема граници, слеан е. И не само спектрумот, сѐ останато е слеано. Интересно е како само еден организам, човекот, на оваа планета земја поставува граници. Зошто на мувите не им текнало да стават граници? Дали можеби бидејќи немаат јазик? Или можеби бидејќи немаат самосвест? Парадоксално е како јазикот во својата природа пробува да објасни нешто, а исто така во својата природа он е фрагментиран и несовршен, со што тој не може да објасни ништо. Само може да искомплицира. Исто како што и оваа книга прави. Но ненамерно. Разликата помеѓу оваа книга „која ти прави добрина“ и луѓето кои денес прават добрина е во тоа што, оваа книга не е намерно направена. Оваа книга е исто толку многу колку што се птиците, водата, земјата, сонцето. Сите тие што прават добрина, прават зло. Бидејќи во добрината лежи потенцијалот за зло. 86

Затоа хуманирарните организации се зло. Бидејќи со самото постоење на хуманитарни организации, продолжува да постои и сиромаштијата. Тие што намерно и со цел прават добрина, прават зло. Затоа Ганди не бил амбициозен. Бидејќи не правел добрина намерно. Парадоксално е како 21-ви век сега за сега е векот на информациите, а сите сме игнорантни. Ален Ватс„...One of the announcers came up to me and said‘You know, if one can believe that this universe is in charge of an intelligent and beneficent God, don’t you think he would naturally have provided us with an infallible guide to behavior and to the truth about the universe?’ And of course I knew he meant the Bible. I said‘No, I think nothing of the kind. Because I think a loving God would not do something to his children that would rot their brains. Because if we had an infallible guide we would never think for ourselves, and therefore our minds would become atrophied. It is as if my grandfather had left me a million dollars. I’m glad he didn’t.’” Алатките и леснотијата на информациите ни ги прават умовите суви и сиромашни? Вистинското знаење не е во информациите. Вистинското знаење е срцевото знаење. Парадоксално е како денешното „вистинско“ знаење се базира на експерименти, каузални поврзаности, истражувања, теории итн., а сѐ што треба да знаеш е како да го сакаш светот. Сето тоа знаење е бесцелно, површно, тиња. Имаме психологија и научно спроведени истражувања за човечкото однесување и психа, а пак имаме воени и 87

национални конфликти, пак имаме депресии и агресии, страдања и самоубиства. Можеби парадоксот лежи во исказот дека сѐ додека има психолози, ќе има и психопати. Или пак во исказот дека сѐ додека има полиција ќе има и криминал. Или пак во исказот дека сѐ додека се чуваш, ќе бидеш нападнат. Или пак во исказот дека сѐ додека мислиш дека „некој те гледа“, ќе бидеш параноичен. Сето тоа знаење не ти треба. Научи како со срце, не со мозок. Срцевиот ум е супериорната интелегенција, во однос на умот во главата. Што ќе ти е целата опрема за скијање кога си во пустина. Што ќе ти се сите тие информации кога не знаеш што да правиш со нив. Исто како да си селанец и некој да дојде и да ти даде делови од авион и да ти рече „склопи го“. И еден од најголемите парадокси е етиката/моралот. Моралот како водилка во животот на денешниот човек е најниското ниво на функционирање. Човек кој постојано е потсетуван како да живее и што да прави и што да не прави е изгубен човек, плиток човек, прост човек. Функционираме по правила и закони. Сѐ додека има закони ќе има и некој што ќе ги крши. Сѐ додека се плашиш од кучето, кучето ќе те брка. „Ако има пламен пред тебе, влези директно во него и тој ќе исчезне“. Одраз на душата. Одраз на срцето. Одраз на како гледаш на љубовта. Тоа е моралот. 88

Што ќе ти е морал ако гледаш преку срце? Ниедно племе нема етички кодекс на однесување. Бидејќи етиката постои само во фундаментално болно општество. Или повторно во зборовите на Стојан Киселиновски„Со раѓањето на љубовта, моралот умира“.

89

ПОСЕСИЈА Што е посесија? Лесно но тешко прашање. Обичниот човек ќе го одговори импулсивно ова прашање без никакви дилеми и запрашувања. Обичниот човек од негова гледна точка, без двоумица го знае одговорот на ова прашање. „Сè што имам јас, мојата жена, мојата куќа, моите алишта, мојата работа итн...“ Секако да, за еден човек кој живее во капиталистичко време и време на двоење помеѓу луѓето и постоење на конфликти, секако дека сите овие „посесии“ се твои. Капиталистичкиот човек„Без тие посесии организмот не може да опстои, или ќе постои на ниво кое е сиромашно“. Овие нешта носат сигурност за себе, сигурност за идентитетот, сигурност за секојдневно живеење, сигурност како спротивно на опасност. Посесиите доаѓаат како движење кое се преобликувало од првичното движење т.е. сигурност. Историскиот човек како организам, или да се изразам поконкретно, гените, бараат сигурност за сопствен опстанок т.е. на животот. Гените се основата на животот и самите гени во себе имаат ум за преживување. Еволуционистите тоа го викаат природна селекција. Организмите секогаш преку природната селекција ќе опстануваат. Историскиот човек како организам, преку таа природна селекција т.е. неговите гени согледале дека најбезбедно е да развие таков вид на одбранбени механизми. 90

Механизми кои ќе бидат навидум трајни и обезбедуваат сигурност за опстанок, без да знае во кои каши и компликации влегува, но за тоа, да се изразам од романтичен аспект, само времето е сведок за какви игри почнуваат да се играат. Дали навистина има сигурност во посесијата? Обичниот денешен човек ќе рече секако дека да, како тоа да изгубам работа или да немам стан? Каде ќе спијам? Што ќе јадам? Одговорот е сосема разумен и прифатлив. Нема утка и нема замерка. Денешниот човек преку овие одговори со прашалник, ја искажува таа комплицираност до која сме дојдени. Само потребни се очи кои ќе го видат тоа. Толку многу сме навлезени во каша што не знаеме како колектив од каде попрво да почнеме да отплеткуваме. Или пак со други зборови да се изразам, со денешниот еКсотеричен обид за отплеткување, ние уште толку ги плеткаме работите. Како што велат некои блиски, сè почнува од себе. Затоа философот како човек е највисокиот стадиум на општеството. Секако не философот кој е шарлатан како денешните кои велат „сè е парадоксално, сè е релативно“ и слични глупости. Денешните философи не се прави философи. Они на прво место не се целосно посветени на тоа што е. Мрзеливи се да истражуваат. Познавам еден дипломиран „философ“ кој еднаш ми рече„Премногу се замараш и навлегуваш“. А на второ место, философијата ја гледаат како нешто што 91

се прави на одредени места и во одредено време. Денешниот збор философ е корумпиран. Дури и покорумпиран од зборот бог. Сигурно некој некогаш ви кажал„Ај бе не ми философирај многу...“ Тоа кажува сè, само што овој пат потребни се уши за да го слушнат тоа. Философот треба да оди над здраворазумието. The philosopher must go beyond the common sense. Секогаш. Секогаш мора да ги истражува здраворазумските фрази кои секојдневно ги кажуваме, здраворазумските акции и реакции кои постојано ги правиме, и здраворазумските мисли и чувства кои постојано ги доживуваме. Философот никогаш не зазема страни во конфликт, нема идеологија, тој истражува на секаков начин. Секако, слично на „активно слушање“ и овде морам да потенцирам нешто што треба да се подразбира под „секаков начин“. Под секаков начин се подразбира духовно, ментално и физички. Не велам дека овие се засебни едно од друго, тие се суштински едно, но чисто за читателот правам појаснување. Философот мора да ги руши тие здраворазумски значења на јазикот. Термини како „посесија, болка, јас, сакам итн“. Нема нешто во универзумот како мое или како „јас“, и ако веќе има нешто како „јас“, тоа не е во организмичка ниту пак во ментална форма! Да не звучам како денешните спиритуални преваранти, не 92

значи ни во спиритуална смисла. Тоа сфаќање за што е навистина „itself“ оди преку сите поими и концепти, преку сите форми на искажување, едноставно го има како начин на искусување. Можеш да искусиш кој си навистина, само ако треба тоа да се случи. За да јас кажам дека нешто е мое или е во моја посесија морам да кажам прво што значи да нешто е мое и што значи да е во моја посесија, т.е. кој сум јас? Ова прашање е фундаментално прашање. Преку ова прашање се доаѓа до тоа искусување на „itself“. Но секако, треба да се истражува многу внимателно. Доколку човекот не е внимателен во истражување на прашањето за кој сум јас, може да стане психолог, социолог, генетичар, еволуционист, биолог, хемичар, физичар итн. Сите овие дисциплини ги набројувам бидејќи сите тие се ограничени и фрагментирани. Нецелосни. Како можеме да објасниме што е сонцето? Дали како куп на атоми? Дали како тело во галаксијата? Дали како извор на живот? Дали како бог? Каде почнува сонцето и каде завршува? Дали ќе го мериме површински? Дали ќе го мериме преку тоа до каде стигнува неговата топлина или дали ќе го мериме до каде стигнуваат неговите зраци како светлина? Или пак ќе го мериме преку зраците кои стигнуваат во окото на еден човек кои потоа преку огромна комплексност на физиолошки процеси добива слика? Или пак ќе го мериме преку тоа дека сонцето му дава живот на телото а потоа телото прави еден огромен еко-физиолошки процес преку неговото движење, 93

дејствување, креирање, зборување, искусување итн.? Сите овие можат да бидат дефиниција за што е сонцето. Затоа и сите овие дисциплини постојат бидејќи сите овие дисциплини не се философски иако потекнуваат од философијата. Они се корумпирани од егоизмот на историскиот човек и гените. Корумпирани од стравот за сигурност на умот и задоволството дека он открил нешто. Философот не може да каже што е сонцето во целост бидејќи ќе треба цела вечност да го искаже преку зборови. Ако сакаш да дознаеш што е сонцето, излези надвор додека е ден, уживај во неговата топлина и гледај директно во сонцето кога заоѓа. Зборовите и јазикот се ригидни, фрагилни, фрагментирани, никогаш цели. Додека од друга страна самиот живот е целосен, неподелен, фантастичен. Самиот универзум, самото сонце, самиот човек, самата вода, планини итн. На истокот велат „Кога почнав да го истражувам светот, планините беа планини, водата беше вода, дрвјата беа дрвја. Потоа како што течеше моето учење, планините повеќе не беа планини, водата не беше вода и дрвјата не беа дрвја. Но на крајот од моето учење, планините повторно станаа планини, водата повторно стана вода и дрвјата повторно станаа дрвја“. Така и со зборувањето и објаснувањето на животот. Философот мора да се изрази преку зборовите кои се фрагментирани и ригидни за да ти посочи на случувањето. Може тоа да го направи и преку тишината во која сте заедно присутни, но тоа не е најдобрата алатка на човекот. Философот кога ги руши сите концепти креирани од 94

јазикот, тој не престанува да живее како човек, тој продолжува како што велат будистите, како bodhisattva. Како човек кој е тука за да посочи да се согледаат некои нешта кои се блокирани од човечката здраворазумска и удобна перцепција. Да се вратиме на „што е мое?“ Како јас ќе се дефинирам себеси за да знам дека нешто е мое? Првично моите физиолошки процеси не се контролирани од мојата волја, што и да тоа значи. Тие си се случуваат сами одсебе, of itself. Очите си гледаат и без да ги притискам мускулите околу очите за навидум да видам подобро, ушите ќе си слушаат колку и да го насочувам вниманието спрема звуците, носот ќе си мириса тоа што он си мириса, желудникот сам по себе си ја вари храната, срцето само по себе си чука и дишењето без да го контролираме си се случува. Пробај насочи го вниманието кон дишењето и пробај ти контролирај го. Ако тоа го направиш тогаш дишењето станува тешкотија, напор, замарање, страдање. Но доколку вниманието не го насочуваш натаму, сфаќаш дека ти не го контролираш тоа. Внатрешноста во телото е вон нашата контрола, колку и да го сакаме спротивното. Но доколку внатрешноста во нашето тело се случува без наша контрола и волја, а сите вени и коски се во внатрешноста, тогаш и самото движење и говорење не го контролираме ние. Ова секако е неприфатливо за историскиот човек во денешно време бидејќи он мора да е во контрола, мора да 95

е, како што велат македонците, сè под конец. „Како тоа јас немам контрола врз што зборувам и врз што правам? Еве види, раката јас сега своеволно ја кренав, ај објасни ми го тоа!“ Раката ако ја крена откако ги прочита зборовите од книгата или откако некој ти кажал дека немаш своја волја, тогаш кревањето на рака е исто толку многу случување како самиот чин на шутирање фудбал. Фудбалот лета бидејќи ногата го шутнала. Но вистината е дека немаме контрола врз ништо. Затоа погоре беше напишано дека може да се искуси itself само доколку сиот сплет на случувања доведе да тој „посебен органзам“ го искуси тоа.

96

СЛОБОДА Што е слобода? Дали воопшто има нешто како слобода? И ако има, што од што се ослободува? Луѓето секогаш чувствувале и секогаш ќе чувствуваат дека имаат слобода. Прашај кого сакаш, прашај се и себеси. Дали имаш слобода? Одговорот одма ќе биде „секако дека имам, види ме правам јас што ќе одлучам“. Тоа е поради доживувањето што го имаме на животот. Субјектот секогаш ќе чувствува реалност и контрола т.е. слобода врз неговото искусување, иако сè што искусува е секогаш надвор од негова контрола и слобода. Со модерно прости зборови, животот го доживуваме во First Person формат како на видео игрите. Само што животот е многу пореален и подобро дизајниран од видео игрите, од гледна точка на мозокот. Во игрите знаеш дека се игри, прво поради тоа што имаат полош квалитет од животот кој го искусуваме надвор од игрите, со што ти ги споредуваш игрите и животот, а второ бидејќи знаеш дека ги играш. Затоа технологијата доколку сака да „успее“ и да направи чекор напред, мора да дизајнира конзола која ќе ти го брише сеќавањето дека си во игра. Можеби тогаш, философијата ќе направи чекор напред во сфаќањето за смртта. Не дека до сега нема сфатено. Туку чисто за забава. Но за животот не можеме да кажеме дека е игра, бидејќи прво, нема со што да го споредиме, а второ не знаеме 97

дали го играме. Животот не знаеме дали е игра, ниту пак знаеме дали е можеби нешто сериозно. Секако општеството и луѓето секогаш кажуваат еКсотерични нешта, со што ќе кажат дека е сериозен. Мораш да јадеш, мораш да одиш во училиште, мораш да се ожениш, да се омажиш, да исчуваш деца, внуци, да прошеташ... Не велам, како што вели мојот другар Александар, станување во 8, пиење на кафе и џаболебарење по цел ден, но од друга страна, согледај ги нештата подлабоко, а не во твоја егоистична полза. Имено, не знаеме и дали не е игра т.е. дали е сериозен, но сепак ние го земаме за нешто многу сериозно. Кога ќе ми текне, и игрите ги земаме за сериозно нешто, додека ги играме. Впрочем, тоа е целата можеби суштина на игрите. Да се земат за сериозно. Никој не сака да игра игри кои се несериозни. Исто како што никој не сака да гледа филмови во кои не може да се внесе. Еден голем показател за ова се денешните историско-влијателни турски серии, во кои луѓето кои ги гледаат, се целосно обземени од нив. Македонската повозрасна генерација големото турскосериско влијание го има бидејќи животите на македонската повозрасна генерација се трули и досадни. Да не зборуваме за македонскиот колективен ум, кој сѐ уште е заразен од турските пет векови. Можеби и затоа наоѓаат огромен комфорт во турските 98

серии, бидејќи колективниот ум, е научен на нив. Можеби и причината поради која имаме катастрофални политики во нашата држава е поради тоа што колективниот ум не е независен, туку уште е зависен поради петте века. Јас го прашувам психологот кој навистина знае, а не модерниот шарлатан, каде е таа слобода? Дали овие луѓе имаат слобода? Или пак можеби имаат ограничена слобода? Што не е возможно, бидејќи слободата не може да е ограничена. Ако знаењето и информациите се неограничени, а човекот има секогаш ограничен распон на знаење и информации, дали тој има слобода? Ако спектрумот на искусување е секогаш неограничен, а човекот секогаш има ограничени искуства, дали тој има слобода? Ако мислите и комбинациите на гласови се секогаш неограничени, а човекот секогаш размислува ограничено и говори гласови/зборови кои се ограничени, дали тој има слобода? Ако човекот е тело, дали тој има слобода? Дали слободата можеби се постигнува со губење на телото? Дали можеби затоа христијаните, кои според Ален Ватс, пред да влезат во црква, ги оставаат своите тела пред прагот? За да постигнат слобода? Дали во тој случај, смртта е слободата која ја бараме? Но доколку смртта не е додека си жив, а ние сакаме слобода додека сме живи, тогаш ни смртта не е слобода. Но пак од друга страна, ако телата се создадени природно во течението на животот низ милијардите години во 99

универзумот, дали тогаш тие се слободни? Телото е обете ограничено и неограничено. Ограничено е доколку се земе сериозно нештото т.е. доколку ти е тешко дека не си бил никогаш на море или доколку ти е тешко дека нема да постанеш славен уметник и секогаш ќе носиш грутка поради тоа, но е неограничено, доколку сфатиш дека постојаноста додека очите ти се отворени се феноменално искусување, бидејќи очите се бисерот во универзумот, доколку сфатиш дека постојаноста на звукот е феноменална музика и дар, доколку сфатиш дека имаш можност да си во животот, во најшироката и целосната смисла. Зарем не гледаш каде е слободата? Не е во твојата контрола или пак во надмоќна/спиритуална контрола. Слободата е во тоа што, ти не треба да се напрегаш, обидуваш и контролираш сè околу тебе и сè што се нарекува живот. Слободата е во тоа што, ти немаш слобода. Со самото немање на слобода, ти ја имаш целосната слобода. Со самото немање на контрола, ти ја имаш целосната слобода. Слободата е во тоа да не го контролираш дишењето, срцебиењето, мозокот, луѓето, случувањата и сè останато. Слободата лежи во тоа да ти само го искусуваш животот и неговото течение. Слободата е во тоа што ти немаш никаква контрола врз било што. Ако имаш контрола, тогаш немаш слобода. Слободата не е како што модерниот човек ужива да мисли. 100

Слободата не е во тоа што ти велиш„Јас имам слобода и правам сè што јас всушност сакам“ „Јас имам право да го правам тоа“ „Јас го правам тоа бидејќи сум слободен да го правам тоа“. Сите овие активности не се слободни. Сета оваа „слобода“ е всушност себе-робување. Секој оној кој штети на другите поради лична корист, се себеробува. Тоа робство е друга форма на неслободноста на умот. Оваа „слобода“ е исто толку многу изразување на умот како што е и исказот „јас имам контрола врз нештото“. Зарем слобода е да постојано планираш што ќе се случува или постојано се напрегаш да џвакаш храна и да дишеш? Слобода сигурно не би било доколку ти го чукаш срцето и работиш мозокот, целата таа комплексна неограниченост не би те ставило во слобода, туку во заробеност. Слободата е во тоа што сè си тече без да ти контролираш било што, иако се лажеш дека контролираш. Слободата е ултимативната твоја неслободност. Сепак, целата забава во животот е доживувањето на животот т.е. лагата дека сè е под конец.

101

ОМРАЗА Да мразиш некого е да се мразиш себеси. Омразата спрема некого е омраза спрема себеси. Ако ти мразиш некого, во твојот ум има конфликт, со што ти самиот страдаш. Тој што му дава љубов на светот и го почитува, нема во себе омраза. Тој може да избувне од време на време, но срцето му е чисто. Мразење на нешто е одраз на умот и срцето кои ги имаш. Умот како четката, а срцето како платното. Обично омразата доаѓа од длабоки негативни емоции кои сме ги закопале со минатото. Омразата се развива и со нови прилики на покажување на тие длабоко закопани емоции. Нацистите лесно стануваат нацисти бидејќи тие на прво место имаат негативна закоренета емоција во себе, со што добиваат прилика да ја пополнат празнината во нивното срце. Со што, нацистите не се навистина нацисти, туки нивниот ум така се справува со страдањето. Само што лагата во која постојат е тоа што, празнината во нивното срце не се пополнува на тој начин, напротив, уште повеќе се продлабочува. Денес, глобално, луѓето се огорчени во колективниот ум, со што и штетат на природата преку секој вид на активности. Технологијата е таква што таа штети. Сечење на дрвја. 102

Убивање на животни. Јадење на животни. Уништување на полиња и ливади за патишта. Конзумирање дроги за бегство од реалноста. Конзумирање дроги за враќање во реалноста. Огорченост која се собирала со годините, со вековите. Огоречност од родители, од врсници. Луѓето кои штетат на природата, ја вадат огорченоста во нивните души. Но дали ја вадат? Огорченоста и омразата како чувство, е сосема природно. Но какви постапки и активности се прават поради неа, тоа е веќе знак прашалник. Омразата како чувство треба да се почитува. Но само доколку се истражи тоа чувство. Доколку ти се соочиш самиот со себе и со своето чувство, и дознаеш од каде тоа потекнува. Да не ти ја откривам забавата, но веќе е наведено од каде потекнува. Умот е како сунѓер. Тој впива без предрасуди. Умот сам по себе не знае кои нешта во него се добри, а кои лоши. За добра свиња нема лоша помија. Така и со него. Но доколку умот си дејствува без никакви согледувања, субјектот многу брзо ќе се најде во страдање и деструкција. И тоа е сосема природно и сосема спонтано. Исто така ќе биде природно и спонтано, доколку ја завршиме целата игра и целиот танц прерано. Замислете вака. Се наоѓате во еден голем објект кој е полн со соби. Заклучувате дека е полн со соби, 103

не бидејќи вие сте виделе дека има соби, туку дека вие се наоѓате во соба која има излезна врата. Кога излегувате од таа излезна врата, вие влегувате во друга соба, која има друга излезна врата, но соба која е сосема различна од претходната. Со самото тоа што собите се различни, во нив има и различни атмосфери и различни случувања. Во некои соби има само бели ѕидови, во некои соби има аквариуми, во некои соби има цели градини со животни. Но во собата во која сте вие моментално, во таа соба има еден огромен свет на суштествување. Во него има суштества кои се самосвесни, и имаат „високо развиени умови“. Тие суштества, поради нивниот „високо развиен ум“, со текот на времето создале комплексна технологија. Тие суштества со текот на времето исто така пробувале да ја дефинираат собата во која постојат. Давале различни дефиниции, теории, хипотези, ставале лупа врз цвеќињата, ги сечеле семките да дознаат што има во нив, пробувале да откријат преку зборовите итн. Значи, ти сега се наоѓаш во можеби најкомплексната соба од сите соби во кои претходно си бил. Арно ама, оваа соба го има најштетниот потенцијал во себе. Потенцијал да се сруши. Да престане да постои. Да заврши. И сега. Дали ти ќе го согледаш коренот на проблемот, или пак ќе речеш дека проблемот сам по себе е сосема природен и спонтан и дека не треба да се реши? Дали ќе речеш дека тој е исто толку многу колку што се и ѕвездите и дрвјата? 104

Ако речеш дека тој е природен и спонтан и дека не треба да се реши, тогаш собата наскоро ќе се сруши, и нема да имаш можност да влезеш во наредните, покомплексни соби. Тие засекогаш ќе останат мистерија за што има во нив. Но од друга страна, доколку речеш, во ред, јас вака се чувствувам, тогаш ти имаш можност да влезеш во другата соба, која нуди нова музика. Музика која не си ја слушнал претходно. Затоа, омразата и гневот се штетни. Тие се штетни не само за себе туку и за природата. Штетење на природата е преку секакви канали. Лути сме на тоа што ни се има случено, па компензираме со отпуштање на таа негативност во деструктивни дејствија. Постојано обвинуваме генерации. „Мене моите родители ме имаат вака направено“. „Јас немав родители“. „Ама порано како дете ме тепаа и ме закачаа сите“. Но како што вели Ален Ватс„Supposing there’s a neurotic difficult child. And one school of thought used to say ‘Well bang him about, beat him up and maybe he’ll change’. But then they said ‘Oh no, that’s not fair to the child to beat him up because it was his parents. They didn’t bring him up properly.’ and so then they say ‘Well punish the parents.’ well the parents say ‘Excuse me, but our parents were neurotic too, and they brought us up badly so we couldn’t help what we did’. And so, since the grandparents are dead we can’t get at them and in any case supposing we could, we would pass the whole blame back to Adam and Eve and the Garden of Eden. And they say ‘They started all this mess’. But then Eve would say ‘No, the serpent tempted me and I did eat 105

and it was the serpents fault’. Well you know, when God in the story of Genesis, asked Eve ‘Did thou eat the fruit of the tree where off I told thee thou shall not eat?’ she said ‘Oh, but the serpent tempted me and I did eat’. And God looked at the serpent, and the serpent didn’t make any excuse. He probably winked. Because the serpent being an angel, was wise enough to know where the present begins”. И сега, дали е решението да го обвинуваме минатото? До каде ќе стигнеме ако го правиме тоа? Не е тоа решението. Решението, ако некаде лежи, тоа лежи во согледување на омразата и гневот. Или пак повторно, Декарт момент, Решението е согледувањето. Луѓето кои штетат на прво место, со самиот деструктивен чин и омраза не се ослободуваат од огорченоста во нивното срце. Тие напротив, влегуваат во циклус на штетење кој гласи„Денес ќе го направам ова, следната недела друго“. Не е тоа начинот на ослободување од негативните случувања што те огорчуваат. Така всушност, ја галиш и зголемуваш огорченоста во твоето срце. Со самиот циклус на правење штета, си правиш и сам себе штета. Затоа тој циклус, ќе престане само доколку, се согледа. Тој циклус нема да престане ниту со подароци, скапи облеки, скапи коли, убави жени, убави мажи, мавање во ѕид, врискање, тепање. Тој циклус на страдање, престанува во моментот кога ќе го согледаш и во моментот кога ќе се соочиш со него. Незаобиколувај го огнот, влези право во него. 106

ДЕНОТ НА --Што е целиот циркуз со деновите на нешто? Ден на мажот, ден на жената, ден на планетата, ден на децата со аутизам, ден на ова, ден на она. Каков циркуз е целото нешто околу ова. Циркуз кој не се знае дека е циркуз. Како може да има денови за нешто? Кој мислиш дека си ти за да ти треба твој ден? Од каде доаѓа тоа да на било што му треба посебен ден? Се разбира дека понеделник како ден е посебен и различен од вторник, но суштински, ниту еден понеделник со било кој друг понеделник во годината или во било која точка во времето, не се исти. Секој понеделник е различен од секој друг понеделник. Истото е и со останатите денови. Понеделник на 23 март со понеделник на 23 декември немаат ништо заедничко во себе освен јазичниот елемент дека се викаат исто. Една седмица со друга седмица не е иста. Еден месец со друг месец не е ист. Една година со друга година не е иста. Тогаш како, било кој ден со било кој друг ден е ист? Како може секоја различна година, да има еден ист ден што се слави? Нели ако 2019 со 2020 година во нешто се разликуваат, ТОГАШ Е ВО САМОТО ТОА ШТО НЕ СЕ ИСТАТА ГОДИНА! Секако ова не е главниот аргумент за ова. Кога се кажува дека денес е денот на мајката, 107

тој конкретен ден се зема и се изолира од сè останато. На истиот начин што кога некој ќе каже дека е италијанец, автоматски тој се изолира од целиот свет. Со самото тоа што некој се идентификува со нација, религија или идеологија, тој суштински самиот себе се изолира од светот и се става себеси во конфликт со сè останато. Затоа ниедна идеологија или пак религија не може да донесе мир во светот. На истиот начин кога човек ќе каже „јас сум белец“, тој во себе имплицира дека е различно од црнец, и со самото тоа он тргнува од точка на конфликт и насилство. Затоа сè додека се викаме меѓусебе „американец, црнец, христијанин, муслиман, јапонец итн“, ќе има конфликт и насилство помеѓу луѓето. По истиот принцип, кога лидерите на „државите“ тргнуваат да го движат народот со некоја нивна идеjа, тие од почетокот поблаго а потоа и постепено кисело, завршуваат на истото место. Лидерите во иднината ќе бидат сосема различни од денешните. Лидерите во иднината на човештвото, нема да тргнуваат со идеја. Ќе тргнуваат со спознаеност на интерконективноста помеѓу „јас“ и „другите“. Ќе тргнуваат со освестена љубов на фундаментално ниво. Освестена психа за што е човекот и што е светот. Освестеност за природата и сè што постои и постоело. Но доколку подлабоко се согледа напишаното, ќе се согледа дека нема да има нешто како „лидер“. Ќе дојде момент во историјата на човештвото, каде луѓето нема да се двојат меѓусебе по бојата на кожата 108

ниту пак по корењата на нивните гени. Каде нема да постојат нации, и сите луѓе низ целата планета ќе зборуваат еден ист јазик. Ако го согледате англискиот јазик, тој е совршениот јазик за објаснување на нештата. И запомнете, објаснувањето на нештата, прави деструкција. И ништо случајно дека западниот ум, е доминантниот во овој контекст. Иако денес поради културата во САД, или да се изразам, некултурата, англискиот јазик звучи како изџвакана касета, англискиот јазик сепак ќе биде јазикот кој ќе го зборуваат сите луѓе на целата планета, доколку би се зборувало јазик. Исто така, важно да се потенцира, доколку англискиот јазик во иднината се зборува насекаде во светот, тогаш на него нема да се гледа како на „англиски јазик“. Туку на него ќе се гледа како зборување, бидејќи за да постои „англиски јазик“ треба да постои и различност од него, на пример „шпански јазик“. Англискиот јазик постепено како црв влегува насекаде. Он е доминантен во видеоигрите, во социјалните мрежи, се учи по школите итн. Постепено низ вековите јазиците кои ги говориме т.е. кои ни се мајчини јазици, ќе изумрат. Но доколку внимавате на тоа што го читате, ќе согледате дека луѓето денес насекаде се неосвестени. Идентификување со нациите, религиите, гените, јазикот и што уште не, прави поделба и страдање кај луѓето глобално. Денешната ароганција кај некои психолози е што они се идентификуваат со „психолог“. Они не можат да му побегнат на целиот аналитички ум на 109

психологот. Они и кога спијат се психолози. Затоа они се постојано заробени. Кога влегуваат во продавница претпочитаат да им се обраќаат со „психологу“. Со самото тоа што еден човек се идентификува со нешто, како во овој пример со „психолог“, тогаш тој се става над обичниот човек. Вистинскиот философ и психолог, не му е гајле што он е психолог или философ. Не бара статус во нештото. Го гледа како случување, како и сите останати случувања. Исто така денес има ароганција кај професорите и наставниците. Они се многу горделиви што се наставници и професори. Кога „нивен ученик“ ќе ги сретне во продавница, доколку им се обрати без „професоре“ тогаш тие ќе се налутат, па дури и може да го земат на пик. Они се „професори“ и „наставници“ и надвор од самите образовни објекти. Ова секако се однесува на западот. Учителите од истокот, се различни. И сега видете. На истиот начин, имаме посебни денови за посебни нешта. Денот на мајката имплицира во себе дека сите останати денови не се за мајката т.е. дека во сите останати денови не сме благодарни на и за мајката. Сè додека има денови за конкретно нешто, тоа конкретно нешто нема да се вреднува. Лесно е да вметнеш „ден на нешто“, но тешко е да го согледаш проблемот. Ден на македонците, ден на албанците, ден на ромите, ден на босанците. 110

НАЈГОЛЕМАТА ГЛУПОСТ ВО ЦЕЛИОТ УНИВЕРЗУМ! Волтер„Ако има живот на други планети, тогаш планетата земја е лудницата на универзумот“. И делумно е во право, бидејќи планетата ние ја делиме со други организми, а само ние сме лудите. Се надевам со цело срце дека некои суштества што ги нарекуваме вонземјани, прават лонгитудинално истражување и експеримент на нас. Имено, они се независната варијабла која се менува а ние сме зависната варијабла која се мери. Се надевам дека во текот на целото постоење на човекот, они се имаат како незвисна варијабла многупати вмешано во нашите животи, и се надевам дека мерат како ние тоа го разбираме. Јас да би бил вонземјанин со висока технологија и ум, тоа би го правел. Со високата технологија би се трансфомирал и во молекуларна или атомска големина, и со тоа, како што ние ги набљудуваме дивите животни во Африка, би ги набљудувал „луѓето“ пред нив без да ме забележат. Би одел на друга планета и во текот на вековите би правел долго истражување за како суштествата таму се менуваат. Како на тие суштества им влијаат во текот на вековите религијата, моралот, визиите за Бог итн. Како на тие суштества им влијае колективната орална фиксација и колективната анална фиксација. Кроз прсти прогледан е фактот што многу народи и нивната агресија, со што следи и тероризирање на светот, е резултат на колективна орална и анална фиксација. 40 векови и сѐ уште сме полни со агресија, полни со животински нагони, и најважно, празни во срцето. 40 векови и сѐ уште не можеме да искочиме од политиката 111

и економијата, а имаме философија, музика, уметност, поезија итн. Се надевам дека мерат колку ние како суштества се заглавуваме во лавиринтите на нашата психа. И колку ние како суштества не можеме да го согледаме тоа. Толку сме надвор од душата, надвор од љубовта, што не знаеме каде се наоѓа тоа „внатре“. Тоа „внатре“ го бараме надвор. Ако нешто сакам да кажам е следново. Тој човек со љубов во себе, не се идентификува себеси како нешто различно и повредно од другите, ниту пак го засегаат определби и идентификации. Не му требаат на него, денови на жената, за да ја цени жената, или пак денови на мајката, за да ја гледа мајка си како нешто чудесно. Тој човек што е со љубов во себе, секојдневно ги вреднува сите луѓе, без разлика дали е тоа неговата мајка, жена, дете, аутистично дете, ром, македонец, албанец, христијанин, муслиман и што уште не. Сакам да напоменам дека тој човек што е полн со љубов, не значи дека тој постојано е насмеан како да е хипнотизиран. Или пак постојано да се прегрнува со луѓе и да се бакнува со нив. Чувајте се од таквите. „I am only saying that I distrust people who show no sign of naughtiness or self-indulgence”. – Ален Ватс. Тој човек не прави вредносни поделби на нештата. Ги гледа сите нешта како едно. Пардон на јазичната фалинка. 112

Кога се кажува „нешта“ се имплицира дека светот е поделен. „Тоа нешто е различно од оноа нешто“. Но за жал, поради формата на изразување во нашите јазици и самото постоење на книгите, правам престап. Доколку философот кој објаснува одвреме на време, не направи престап, ќе треба да не изусти ниту еден збор. Погледни. „Од време – на време“. Како тоа? Нели... Секогаш е сега?

113

ПТИЦА Приклучи ми се на имагинативно патување. Замисли дека си птица. Бела птица со големи крилја. Но птица без свое јато. Сама птица. Немаш ни фамилија, ни блиски, ни некого кого сакаш. Сама птица на оваа планета. Има и други птици, ама тие не се од твојот род, тие замисли ги дека се други организми. Никој не те разбира. Ниту јазикот кој го говориш, ниту потребите кои ги имаш, ниту има некој кој би те сослушал и сфатил, ниту пак тебе целосно во било која смисла. Што ти останува тебе како оваа птица? Дали можеш да поразговараш со некого за нешто? Да споделиш како е да бидеш оваа птица? Нема ни психотерапевт на кој можеш да му се обратиш и отвориш. Длабоко во твојата срж на постоење знаеш дека си сама птица во овој свет. Знаеш дека можеш да леташ, ама нема кај да леташ. Што ќе ти е да одиш на југот кога никој нема да те разбере ниту пак ќе те почитува вистински. Што ќе ти е да леташ на острови со други организми кога тие не те разбираат. Тие не се како тебе. Но секако, како оваа птица прво ќе почнеш како било кој. Ќе си речеш, да се обидам. Ќе тргнеш со другите организми на југ, ќе леташ со нив но ќе сфатиш дека не летате исто. Они летаат во групи, а ти колку и да леташ во тие групи не 114

чувствуваш како да припаѓаш. Како да си на забава каде што никого не познаваш, а сите комуницираат со некого и се дојдени со некого. Едноставно на таа забава си се нашол поради причината што си сакал да се обидеш, да дадеш шанса, да видиш како е. Да видиш како е и дали воопшто нешто ќе се смени доколку се обидеш. Постепено ќе ги менуваш дестинациите на летање. Од југот ќе тргнеш да леташ преку океаните за да видиш што има таму, и дали таму некаде можеби припаѓаш. Ќе ги запознаеш делфините, китовите, ајкулите, рибите. Ќе видиш дека и они се дел од нешто, и тие припаѓаат во некоја група што е нивна. Делфините со делфините, ајкулите со ајкулите. Ќе видиш како делфините ловат риби на најинтересниот начин. Како китовите испуштаат вода како да се прскаат со сонцето. Но како и претходно, овој пат ќе речеш да видиме што има на копното. Ќе леташ по разни шуми, насекаде низ планетата. Ќе видиш дека во тие шуми има мечки, срни, зајаци, змии. Ќе видиш други птици со свои јата, со свој род, каде што не припаѓаш ти. Сите си имаат по нешто свое, некого. Како што шеташ низ планетата, ќе дојдеш до луѓето. Но кај нив ќе забележиш нешто интересно, нешто необично. Нешто што не си го забележал кај другите организми. Луѓето се чудни. Луѓето се чудесни. Луѓето се интересни. Телото им е како на никој друг организам. Немаат опашки, ниту пак перки за пливање. 115

Немаат големи уши, ниту пак се влакнести како мечката. Одат на две нозе и имаат две раце. Со двете раце можат да зграпчат нешто, и да го фрлат. Со двете раце можат да подигнат нешто, и да изградат. Да стават шајка, штраф и буквално од ништо да направат нешто. Тие се облекуваат. Како? Облекуваат? Што е тоа? Зошто да се облекуваат? Зарем не им е удобно во нивните тела? Зарем природата не им дала доволно нив? Дали се они како тебе? Дали природата ги направила да страдаат, исто како тебе? Но сфаќаш дека луѓето се тука оддамна. И со текот на времето тие самите направиле да не им се доволни нивните тела. Со самото тоа тие цртаат, градат, прават скулптури, прават музика, филмови, студираат, истражуваат, прават потомци од таа причина, од што нивните тела не им се доволни. Не им е доволен животот. Тие се како никој организам на планетата. Па дури ни како тебе. Како што ги набљудуваш луѓето, разбираш дека се заплеткани во умствени игри. Во просторни игри. Игри кои не можеш да ги покажеш но знаеш дека се таму. Игри од типот на војни, убиства, насилство, мазохизам, пцовки, дерење, удирање силно во објекти за да ја извадат нервозата, игри на неверство, тајни, мистерии, комплексни измами. Игри од типот на работење како сметководител, банкар, правник, научник, произведувач, превезувач. Ги гледаш дека една третина од денот посветуваат на нешта кои не се реални. 116

Но што да прават, и они се во каша. Можеби поголема од твојата. Но чудното кај нив е што тие имаат сè, а немаат ништо. Припаѓаат некаде, најкомплексен дар на природата се, имаат самосвест, желби, фантазии, искуства како никој друг организам. Можат да скијаат, да пливаат, да летаат, да се искачуваат, да возат брзи коли, да играат видеоигри, како никој друг организам. Во еден живот можат да живеат илјадници животи. Но сепак страдаат. Никогаш не им е доволно ништо. Секогаш сакаат повеќе, бараат повеќе. Сакаат да си ги сменат родителите, другарите, девојките, патиките, облеките. Но ги набљудуваш. Немаш мисли, немаш желби ниту пак одговор со кој би им вратил на нивните стрдања. Нема што да им кажеш, и да им кажеш нешто сфаќаш дека нема да го слушнат. Тие не го разбираат твојот јазик. Ќе речат„Што знаеш ти како е да сум јас?!“ Сфаќаш дека и самото тоа што им кажуваш нешто, тоа не носи мир, љубов, разбирање. Само ја отежнува работата, го отежнува страдањето. Се претвораш во очи и уши. Само гледаш и слушаш. Само ги разбираш. Бидејќи знаеш како е никој да не те разбере. Не сакаш да се чувствуваат така и они. Не сакаш да се чувствува така никој. Сфаќаш колку животот сам во себе има безброј мистерии, безброј игри, безброј страдања, авантури, желби, фантазии, исполнувања, каења, таги, љубови, среќи, 117

радости, стравови. Сфаќаш колку животот е совршен со сите несовршености во него. Но додека ги сфаќаш сите останати, се сфаќаш и себе. Колку и да си сама птица, без никого, ти си дел од едно големо случување. Сфаќаш дека ти си исто толку многу колку што се и луѓето и делфините и срните. Дека иако не можеш со никого да се разбереш, а сите ги разбираш, животот е убав. Колку и да си различен од другите, со самото тоа што си различен сфаќаш дека тоа е всушност џекпот од универзумот. Како и да го наречеш знаеш дека не можеш да му направиш правдина. Не можеш да го спакуваш во кутија со зборови, без разлика колку на кутијата ќе и ставаш финеси и детали. Колку и да ја украсуваш. Тоа е поголемо од зборовите. Имаш крилја, по сите видени, слушнати и суштински сфатени нешта, сфаќаш дека можеш да леташ. Дека си слободна птица. Дека една планета е малку, сакаш сè да видиш, сè да искусиш, сè да слушнеш. Дека овде никој не те чека, никој не те бара, никој не те познава, на никого не му значиш ништо. Тоа не те прави веќе тажна птица. Тоа ти дава моќ. Но не моќ како луѓето, со наредби, сила и „пополнување“ на празнотијата во срцето. Ниту пак моќ дека ти си „посилен од животот и треба да чекориш со исправена глава“. Спротивна моќ. 118

Моќ да го сфатиш животот, моќ да согледаш, да осознаеш, да разбереш. Нема поголема моќ од таа моќ. Летај слободно. Види онде горе, друга галаксија.

119

ДА ЖИВЕЕШ ЗНАЧИ ДА СЕ БОРИШ. РОБОТ ЗА СЛОБОДА, А СЛОБОДНИОТ – ЗА СОВРШЕНСТВО.

ЈАНЕ САНДАНСКИ

120